Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryenah8pifcung8SUS8Ot

Трамп, Иран и Европа: војната ја враќа старата лекција дека сојузниците не се „опција“

По една година во која ја градел реториката врз притисок, закани и потценување на европските лидери, американскиот претседател Доналд Трамп, според напис на „Политико“, сега се соочува со непријатна вистина: во војна против Иран, Европа не е спореден актер, туку клучна алка – особено кога станува збор за бази, логистика и воена инфраструктура.Според текстот, првите денови од американско-израелската операција би биле „значително полесни“ доколку Лондон дозволел американските бомбардери да полетув

Свет | пред 8 месеци

policija-policaec

Во еден ден се приведени 23 возачи, меѓу нив малолетник – фатени без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана, велат од МВР

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 23 возачи, поради сериозни прекршоци во сообраќајот, соопшти МВР.Како што информираат од Министерството, 11 возачи биле приведени затоа што управувале возило без возачка дозвола, при што е евидентиран и еден малолетник. Девет лица биле лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол, а едно лице било приведено затоа што возело и покрај изречена активна забрана за управува

Македонија | пред 8 месеци

Svajcarija

Неутралната Швајцарија се огласи: Американско-израелските напади врз Иран се кршење на меѓународното право

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер оцени дека нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставуваат кршење на меѓународното право, пренесува Алџезира.Во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагсцајтунг“, Пфистер изјави дека швајцарската влада смета дека нападот врз Иран ја прекршува забраната за употреба на сила, што е основен принцип на меѓународното право.„Федералниот совет смета дека нападот врз Иран претставува кршење на меѓународното право. Според нашето мис

Свет | пред 8 месеци

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иранскиот министер: Никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер, во услови на извештаи дека телото одговорно за изборот веќе избрало замена за ајатолах Али Хамнеи.Во емисијата на NBC „Meet The Press“ во неделата, Аракчи рече: „Се шират многу гласини, но мораме да почекаме Советот на експертите да се состане и да гласа за новиот врховен лидер.“Советот е тело составено од 88 високи клирици кои го бираат врховниот лидер на Иран, а членовите се избира

Свет | пред 8 месеци

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрување од САД

Иран денеска објави дека избрал нов врховен лидер, а иако неговото име сè уште не е познато, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новиот лидер „не ќе потрае долго“ ако претходно не добие негово одобрување, јавува ABC News. „Ќе мора да добие наше одобрување“, рече претседателот за ABC News. „Ако не го добие нашето согласување, нема долго да се задржи. Сакам да бидеме сигурни дека нема да мораме да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е под

Свет | пред 8 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Ирански шеф на дипломатијата до Трамп: Извинете се за убиствата и разорувањата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран ќе го избере иранскиот народ, а не американскиот претседател Доналд Трамп. Тој воедно побара Трамп да се извини за „убиствата и разорувањата“ кои, според него, Соединетите Американски Држави ги предизвикале во Иран и поширокиот регион, пренесува NBC.Арагчи реагираше на изјавата на Трамп од минатиот четврток, во која американскиот претседател посочил дека би требало да учествува во изборот на следниот врх

Свет | пред 8 месеци

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Што ако избие нуклеарна војна: Пет милијарди жртви, 10 години без храна, само две земји можат да преживеат

Растечките геополитички тензии повторно ја враќаат една од најмрачните теми на современиот свет: што навистина би значело нуклеарна војна – дури и ако се води меѓу ограничен број држави. Во анализите што се темелат на научни модели, клучната опасност не е само моменталното уништување од детонациите, туку долготрајниот удар врз климата и храната, кој би го променил секојдневието на планетата со години.Според такво сценарио, првите часови и денови би донеле масовни жртви во зоните на директните уд

Свет | пред 8 месеци

Liban

Најмалку 15 загинати во израелски воздушни напади во јужен Либан

Најмалку 15 лица загинаа утрово во серија израелски воздушни напади во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.Безбедносни извори наведуваат дека жртвите се од градот Сир ал-Гарбија, во округот Набатија, каде што во нападот била погодена трикатна зграда. Според истите извори, израелските напади сè повеќе се насочуваат кон подрачјата јужно од реката Литани, каде што Израел смета дека меѓу цивилното население дејствуваат борци на Хезболах.Портпарол на израелската армија

Свет | пред 8 месеци

media-library89lcaqvsrfbb1FNm12j

(Видео) Путин го прекина говорот поради кашлица, Кремљ се огласи по шпекулациите за неговото здравје

Во јавноста се појави кратка видеоснимка која повторно ги поттикна шпекулациите за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин. Видеото, чија автентичност сè уште не е независно потврдена, наводно го прикажува Путин за време на состанок како добива силен напад на кашлица. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ги оживеа долгогодишните гласини за неговото здравје, објави британскиот весник The Telegraph.На видеото се гледа рускиот претседател како среде состанок

Свет | пред 8 месеци

media-libraryvi6698p37bjn89jtAXE

Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен - потребни се итни мерки против семејното насилство

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, Движењето ЗНАМ за НашаМакедонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ:Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваапратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции одредовите на движењето.Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна исодржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики,нивното активно учество во политичките процеси и нивниот придонес воносењет

Македонија | пред 8 месеци

brza-pomos-nokje-3

Пациентка почина во возило на Итна помош

На 7 март 2026 година во 12:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на место викано „Света Петка“ во општина Старо Нагоричане, во возило на Итната медицинска помош, починала пациентката М.Т. (78) од Крива Паланка.Жената била пренесувана кон Општата болница во Куманово.Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Македонија | пред 8 месеци

sutka-zatvor

Почина млад осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка

На 7 март 2026 година од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р. (23) од Скопје, осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. По насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукцијаа јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Поради агресија кон полицијата во Волково – приведен 47-годишник

На 7 март 2026 година во 22:50 часот во дворно место од куќа во селото Волково, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.П. (47) од истото село.Тој се однесувал агресивно кон полицајците додека тие извршувале службени дејствија.

Скопје | пред 8 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Тепачка во Центар – приведени две лица

На 8 март 2026 година во 00:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле З.В. (42) и Р.М. (23), двајцата од Скопје.Тие биле приведени по пријава дека на подрачјето на Центар го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Скопје | пред 8 месеци

pistol-kursumi-zaplena

Полицијата пронајде пиштол, карабин и муниција при претрес во Брвеница

По наредба на Основниот суд Тетово, на 7 март 2026 година во периодот од 08:30 до 10:30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории кај П.Б. (43) од селото Брвеница.При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ со две празни рамки, карабин „бенели“ калибар 30-06, рамка од автоматска пушка со 28 куршуми калибар 7,62 милиметри, кутија со 126 куршуми различен калибар, две празни рамки за карабин и дополнителна м

Македонија | пред 8 месеци

kokain

Претрес во дом во Скопје: пронајдени кокаин и дигитална вага

СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.Ф. (20) од Скопје поради сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.При претрес извршен во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага и други предмети.

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Моторџија тешко повреден на „Партизански одреди“

На 7 март 2026 година во 07:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, Ф.А. (38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонија организира четири чартер летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, слободните седишта се за соседните држави

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска започнува евакуацијата на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, при што првата група граѓани се враќа од Дубаи во Скопје.Тој посочи дека покрај летот од Обединетите Арапски Емирати, Владата организира и дополнителни чартер летови за евакуација на граѓани од други земји во регионот.„Првата група која ја евакуираме од Дубаи за Скопје е денеска. Имаме организирани чартери од Саудиска Арабија кои треба да ги прифатат граѓаните од Ка

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryqt7ql19uaue99HYItsK

(Видео) „Трпи си, пријави си, умри си“, „Здраво, колку букети ви е животот?“, револт на маршот за Денот на жената

Со гласни пораки дека „нема слобода без слободни жени“, се одбележа годинешниов Ден на жената. Тие порачаа „нема да нѐ снема“, а преку говори се зборуваше за проблемите со кои се соочува понежниот пол низ годините.Се осврнаа и на насилството врз жените кое изминатиов период доживеа експанзија, особено по трагедијата во Карпош. Преку транспаренти порачаа „Спот за насилството, љубовта не убива, љубовта сака“. Реагираа за жените кои бараа спас во институциите, прашувајќи „пријавија и што дека?“, а

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Скопјанец уапсен во Карпош по пријава дека ја нападнал сопругата

Шеесет и едногодишен жител на Скопје е лишен од слобода по пријава за семејно насилство на подрачјето на Карпош.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 21:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Д.(61) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Жена од Скопје пријавена за навреди и насилство врз снаата

Педесет и четиригодишна жена од Скопје била повикана на службен разговор во Полициското одделение Шуто Оризари по поплака од нејзината снаа за долгогодишно вознемирување и навреди.Според информациите од полицијата, на 7 март 2026 година во 16:00 часот полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.Како што е наведено во пријавата, во текот на изминатите две години пријавената постојано ја навредувала снаата, а

Скопје | пред 8 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Маж уапсен во Центар откако ја нападнал партнерката, таа во самоодбрана го удрила со стаклено шише

Триесет и осумгодишен жител на Скопје е лишен од слобода по пријава за семејно насилство на подрачјето на Центар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 07:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.А.(38) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.Како што е наведено во пријавата, жената во самоодбрана го удрила со стаклено шише.По целосно до

Скопје | пред 8 месеци

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Скопјанец уапсен во Шуто Оризари: Физички ја нападнал и силувал сопругата со која не живеел заедно

Четириесет и тригодишен жител на Скопје е лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ја нападнал и извршил обљуба врз својата сопруга.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 март 2026 година во 20:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(43) од Скопје. Тој бил уапсен по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга.Од полицијата информир

Скопје | пред 8 месеци

media-library791innqblcehbE1GKoF

НАТО ќе одржи заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе организира заедничка вежба со српската армија, објави Командата на здружените сили на НАТО во Наполи, Италија. Вежбата ќе се одржи на покана на Србија на полигон Боровац, кој српските вооружени сили го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под окрилието на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се спроведе со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.Адмирал Џорџ Вик

Свет | пред 8 месеци

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

(Видео) Темно небо над Техеран по израелските напади врз нафтени складишта

Небото над делови од Техеран се затемни откако Израел изврши бомбардирање на нафтени складишта, при што густ чад се надвисна над главниот град. „Иако денес во Техеран имаме облачност, моменталното темно небо не е природно и е резултат на комбинација од чад и облаци“, изјави Садег Зејаејан за државната новинска агенција IRNA.Новинската агенција Tasnim предупреди на здравствени ризици од сулфурни и азотни оксиди во атмосферата, кои можат да станат опасни ако се комбинираат со дожд. Граѓаните се со

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања