Промени тема
Контакт

Белата куќа објави слика: „По кој пат, гренландски човеку“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarysrqdsjlbl57j27jO1sw

Белата куќа вчера објави контроверзна слика од која произлегува дека на Гренланд му се нудат само две опции: американско или руско-кинеско влијание.

На сликата се прикажани две санки со кучиња со гренландско знаме, кои стојат пред патокази. Едниот пат води кон Белата куќа под ведро сино небо, додека другиот е прикажан со темни олујни облаци, молњи и знамиња на Русија и Кина.

— реклама —

Сликата е придружена со пораката: „По кој пат, гренландски човеку?“

— реклама —

Трамп: Гренланд е клучен за Златната купола што ја градиме

— реклама —

Оваа објава следува по повеќекратните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека арктичкиот остров е од клучно значење за безбедноста на САД, при што порача дека Соединетите Американски Држави ќе го „добијат на овој или на оној начин“. Данска и Гренланд, сепак, ја отфрлија таа идеја, нагласувајќи дека огромниот, стратешки важен и ретко населен остров не е на продажба.

Белата куќа повторно ја сподели и изјавата на Трамп во која тој дополнително ја истакнува намерата за преземање на Гренланд, прикажувајќи ја како неопходен предуслов за националната безбедност.

— реклама —

„На Соединетите Американски Држави им е потребен Гренланд поради националната безбедност. Тој е клучен за Златната купола што ја градиме“, порача Трамп. Тој додаде дека НАТО би бил поефикасен доколку Гренланд биде под американска контрола и предупреди дека, доколку САД тоа не го направат, островот би можеле да го преземат Русија или Кина.

„НАТО станува далеку посилен и поефикасен со Гренланд во рацете на СООДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ. Сè помалку од тоа е неприфатливо. АКО НИЕ ТОА НЕ ГО НАПРАВИМЕ, ЌЕ ГО НАПРАВАТ РУСИЈА ИЛИ КИНА, А ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ“, изјави Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 4 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања