Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Целта на Законот за пушење со забраните и казните е исправна, но пристапот е погрешен?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu
unsplash

Влатко Васиљ, познат по своите јавни настапи и пораки на социјалните мрежи, јавно се вклучи во дебатата за новиот закон за заштита од пушење, изнесувајќи став кој комбинира поддршка за целта, но сериозна резерва кон начинот на нејзино спроведување.

Васиљ, посочува дека пушењето не претставува граѓанско право, ниту уставно загарантирана слобода и дека не може да се говори за дискриминација кога државата го ограничува во јавен простор. Според него, станува збор за навика и зависност со сериозни здравствени последици, не само за пушачите, туку и за сите околу нив.

— реклама —

Сепак, како што нагласува, поддршката за целта на законот не значи автоматска поддршка за начинот на негово спроведување. Тој предупредува дека законското решение оди премногу нагло и ригорозно, без соодветен транзициски период, што наместо постепена промена на навиките може да произведе отпор кај граѓаните и деловната заедница.

Според Васиљ, директното воведување строги забрани, високи казни и можност за затворање објекти носи ризик законот да се доживее како репресивен, наместо како инструмент за подобрување на јавното здравје. Тој смета дека се неопходни јасно дефинирани и човечки решенија, со контролирани надворешни зони за пушење, фазна имплементација и вистинска поддршка за откажување од цигари.

— реклама —

Во својот став, Васиљ истакнува дека законот треба да има воспитна и насочувачка улога, а не да се сведува исклучиво на казнување. Тој нагласува дека е за чисти и здрави јавни простори, за заштита на децата и непушачите и за системско намалување на пушењето како општествен проблем, но и за политики што признаваат дека навиките не се менуваат преку ноќ.

— реклама —

Пред воведување строги забрани и санкции, според него, државата и Министерството за здравство треба да понудат реални и достапни програми, стручни советувалишта и системска поддршка за откажување од пушење, со цел граѓаните да имаат вистинска помош во преминот кон поздрав начин на живот.

На крајот, со доза на иронија, Васиљ додава дека му причинува посебно задоволство помислата дека ќе исчезне сцената со пури на неформалните деловни забави, саркастично додавајќи дека би поддржал и идна „забрана“ за тесни фармерки, како симбол на претенциозна урбана поза.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања