Промени тема
Контакт

Црни мајки, бели споменици: „Нема вода што ќе ви ја измие вината“ - повик преку пораки за Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
media-library0d0s4fhds6olcvhYAf2

Неколку дена пред најавениот марш за правда што ќе се одржи во сабота, на 15 ноември, во Скопје, иницијативата „Кој е следен“ спроведе герила акција со моќни пораки насочени кон јавноста и институциите.

На повеќе локации низ центарот на градот, меѓу кои и кај спомениците во близина на „Ибни Пајко“, утринава беа поставени транспаренти и пораки:

„Нема вода што ќе ви ја измие вината“,

— реклама —

„Правда за Кочани“,

„Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“,

— реклама —

„Мајките завиени во црно се огледало на нашата тишина“.

Со оваа симболична акција, иницијативата уште еднаш повика на масовна поддршка за родителите на 63-та млади животи изгубени во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

„Плачат мајки в црно преврзани,

— реклама —

бели градој лежат ограбени,

чадат села в оган запалени...“

— реклама —

— цитираше иницијативата стихови од поетот Ванчо Николески во својата објава, додавајќи дека молкот е најголем соучесник во неправдата.

Маршот, кој ќе започне во 12:05 часот од Плоштад Македонија, ќе продолжи покрај Собранието до Основниот кривичен суд, четири дена пред почетокот на судскиот процес за пожарот во Кочани.

Родителите на загинатите деца повторно ќе побараат одговорност, транспарентност и правда, а граѓаните преку иницијативата „Кој е следен“ се повикуваат да им се придружат во борбата „за совеста на целата држава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања