Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Балкан
bura-696x391
Илустрација

Девет области во Грција се под црвен метеоролошки аларм до 29 октомври поради најавени обилни врнежи и силни бури. Надлежните служби се ставени во состојба на зголемена подготвеност, а цивилната заштита ги повика граѓаните да ги почитуваат безбедносните препораки, објави грчката јавна радиотелевизија ЕРТ.

Предупредувањето ги опфаќа областите Евбеја, Фтиотида и Беотија во Централна Грција, Спорадските Острови, Магнезија и Лариса во Тесалија, регионот Атика, Додеканските Острови во Јужниот Егеј и Северниот Егеј. За Атика и Северниот Егеј црвениот аларм е прогласен од претпазливост, земајќи ги предвид претходните врнежи.

— реклама —

Денеска се очекуваат дождови и локални бури во источните и јужните делови на Грција, особено на Евбеја, во Магнезија и на Северните Спорадски Острови. За утре се најавува ново влошување на времето, со обилни врнежи и бури во источна Тесалија, Северните Спорадски Острови, источна Централна Грција, Фтиотида, Беотија, Евбеја и Скирос.

— реклама —

Поради најавеното невреме, активиран е оперативниот план на противпожарната служба за справување со поплави, а единиците во загрозените подрачја се во зголемена готовност. Во подготвеност се и вооружените сили, полицијата, крајбрежната стража и другите надлежни служби.

Цивилната заштита ги повика граѓаните да ги обезбедат предметите што би можеле да ги однесе ветерот, да ги проверат олуците и одводните цевки и да не поминуваат низ надојдени потоци и порои за време на дождот, но и неколку часа по неговото завршување.

— реклама —

Се препорачува избегнување активности на отворено, особено во крајбрежните подрачја за време на бурите, како и престој под дрвја, висечки сообраќајни знаци и балкони. При грмежи, граѓаните треба да побараат засолниште во зграда или автомобил и да се оддалечат од реки, езера, морето и далноводите.

На возачите им се советува да застанат на безбедно место и да не се обидуваат да минуваат низ поплавени патишта.

Црвениот аларм подразбира целосна мобилизација на Националниот механизам за цивилна заштита, со ангажирање на потребниот персонал и опрема за справување со вонредни ситуации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9d89q3t0mfujbtKeKQ9

Првиот човек на грчката кошарка поднесе оставка поради скандал

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
media-library16digmv7jnng54Rl5rE

Голема заплена во Солун: Уништени над 22.000 фалсификувани играчки со ознаки на познати брендови

Свет | пред 2 дена

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 3 дена

media-library59hptidl3jcr7AKEZSa

(Видео) Солун ќе биде наш и овој продолжен викенд

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања