Промени тема
Контакт

Ескалација околу Гренланд: Трамп ја обвинува Данска и најавува решителни чекори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Данска не презела никакви конкретни чекори за, како што рече, отстранување на „руската закана“ од Гренланд, нагласувајќи дека „сега е време и тоа ќе биде направено“.

— реклама —

„НАТО веќе 20 години ѝ зборува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не направи ништо по тоа прашање“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушал, која е во негова сопственост.

— реклама —

Белата куќа, данското претседателство со Европската унија и данското Министерство за надворешни работи засега не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.

Трамп во повеќе наврати истакна дека нема да прифати ништо помалку од американско сопствеништво над Гренланд, автономна територија на Данска. Данските и гренландските власти, пак, повторуваат дека островот не е на продажба и дека не сака да стане дел од Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Во саботата, Трамп се закани со воведување нов бран повисоки царини за европските сојузници, доколку на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд. Според него, зголеменото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од клучно значење за безбедносните интереси на САД.

— реклама —

Од Данска и од други европски земји посочуваат дека Гренланд веќе е опфатен со НАТО-договорот за колективна безбедност, нагласувајќи дека безбедноста на островот е заедничка одговорност на Алијансата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 4 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања