Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Фото) Нов ценовен шок на грчките плажи: Лежалка до море чини 20 евра по лице, ако сте четиричлено семејство ќе платите 80 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
plaza-lezaljke-grcka
Илустрација

Цените на плажите во Грција повторно предизвикаа реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена фотографија од ценовник на една плажа каде лежалките се наплаќаат по лице, а не по сет.

Според објавениот ценовник, местото во прв и втор ред до морето чини по 20 евра од лице. За третиот и четвртиот ред цената е 15 евра по лице, додека за петтиот ред и понатаму се плаќа по 10 евра. Иста цена од 15 евра е предвидена и за местата под дрвјата.

— реклама —

Дополнително, на таблата е наведено дека цената се однесува исклучиво за користење на лежалките, додека храната и пијалаците се наплаќаат посебно.

Фотографијата беше споделена на група посветена на летување во Грција и брзо предизвика бројни коментари. Дел од туристите сметаат дека станува збор за превисоки цени, особено ако се земе предвид дека во многу туристички места лежалките се добиваат со минимална консумација или без консумација.

— реклама —

Според пресметките, четиричлено семејство кое би избрало место во првиот ред до морето би платило 80 евра само за лежалки, без дополнителните трошоци за пијалаци и храна.

— реклама —

Последните години сѐ повеќе плажи во Грција воведуваат различни модели на наплата, а цените најчесто зависат од локацијата, периодот на сезоната и близината до морето.

media-library85aa5s2i9duidrVYEsH

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Аларм во популарно летувалиште во Грција: Водата од чешма небезбедна за пиење

Балкан | пред 1 час

media-libraryh2jlo5d173ks55ZxQia

(Видео) Големите пожари во Грција беснеат петти ден, воздухот е сериозно загаден

Настани | пред 4 часа

koza

Во Грција убиле заштитено животно и го испекле среде национален парк

Балкан | пред 7 часа

media-library53b3df214ta5dMFvp79

32-годишник доживеал срцев застој по скок во ледена вода во Грција

Балкан | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања