Промени тема
Контакт

Грција издаде над 32 илјади „златни визи“, речиси половина се за кинески државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-librarynto4oka2v40k6J0up9B
фото: unsplash

Речиси половина од активните дозволи за престој во Грција издадени преку програмата „Златна виза“ им припаѓаат на кинески државјани, покажуваат официјалните податоци на грчкото Министерство за миграција и азил.

— реклама —

Заклучно со јуни 2026 година, активни се 32.702 дозволи за престој добиени преку инвестиции во недвижности, без да бидат вклучени членовите на семејствата на инвеститорите. Од нив, 11.921 дозвола или 47,7 отсто се издадени на кинески државјани.

— реклама —

На второ место се Турците со 4.543 дозволи, а следуваат инвеститори од Либан, Иран, Велика Британија, Израел, Египет и САД. На последните две места меѓу десетте најбројни инвеститори се Ерменија со 258 дозволи и Србија со 224.

Од јануари 2022 до јуни 2026 година биле поднесени 41.039 барања за прво издавање или обновување на дозволите. Од нив, 77 отсто биле одобрени, 22 отсто сè уште се во постапка, а еден процент биле одбиени.

— реклама —

Најголем број барања биле поднесени во 2024 година – 9.373, додека во првата половина од 2026 година биле доставени 2.551 барање.

— реклама —

Грција ја воведе програмата „Златна виза“ во 2014 година, овозможувајќи петгодишна дозвола за престој за странски државјани кои инвестираат во недвижности. Почетниот минимален праг беше 250.000 евра, но со законските измени во 2024 година е зголемен на 400.000 евра во одредени региони, а до 800.000 евра во најатрактивните градови и острови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

police_457542992-1-1021x580

23-годишен државјанин на Србија е уапсен во Солун, осомничен е дека предводел група за кражба на луксузни автомобили.

Балкан | пред 11 минута

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Во Грција 35-годишен маж ѝ одгризал дел од увото на таксистка бидејќи немала ПОС-терминал

Балкан | пред 1 ден

media-libraryccbvsdjasemia8W2AvY

Важно за Македонците кои патуваат кон Грција: Вечерва се затвора дел од обиколницата кај Солун

Свет | пред 4 дена

media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Голем пожар во кафуле во Атина, евакуирани станарите од зградата

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања