Промени тема
Контакт

Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана за цела Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx
Х

Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа, додавајќи дека поморската база Суда не се наоѓа во непосредна опасност од ирански напади.

Говорејќи за грчкото воено присуство на Кипар, Герапетритис во интервју за телевизијата SKAI истакна дека мисијата на фрегатите Kimon и Psaras, како и на ловците F‑16 Viper, претставува „историска одговорност“, нагласувајќи дека распоредувањето на силите е исклучиво одбранбена мерка.

Секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа и наметнува обврска за солидарност со Кипар“, изјави Герапетритис.

Одговарајќи на прашање дали поморската база Суда се наоѓа во дострел на иранските ракети, тој нагласи дека базата е заштитена со одбранбен договор меѓу САД и Грција и дека се преземени сите мерки за безбедност на објектите, вклучително и на американските инсталации на територијата на базата.

— реклама —

Режимот на базата Суда е регулиран со одбранбениот договор меѓу САД и Грција. Она што може да се прави во рамките на базата е многу строго дефинирано, пред сè обезбедување на објектите на САД, така што тие не се наменети за офанзивни дејствија. Сакам да ве уверам дека се преземени сите неопходни мерки и од американска и од грчка страна. Сите разбираме дека кризата во поширокиот регион на Блискиот Исток има последици и врз безбедноста“, рече тој.

— реклама —

Герапетритис додаде дека продолжува евакуацијата на грчките државјани од Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и други региони, нагласувајќи дека репатријацијата е „најсложената задача“ на грчкото Министерство за надворешни работи во последните неколку децении.

Тој посочи дека воздушниот простор во тие региони се отвора само делумно и повремено, што дополнително ги отежнува операциите.

— реклама —

Грчкиот министер ги отфрли и критиките од Турција во врска со распоредувањето на системот MIM‑104 Patriot на островот Карпатос, оценувајќи ги како „целосно неосновани“.

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар ќе поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, изјави дека земјата ќе поднесе барање за членство во НАТО.Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот пре

Свет | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран до САД постави седум услови за преговори: „Подготвени сме за одлучувачка војна“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран егзекутира маж: Го обвинија дека на Мосад му давал информации за ракетни позиции

Свет | пред 1 ден

nafta-mazut

САД бараат заплена на 61 милион долари: Иран наводно „испрал“ 1,5 милијарди преку криптовалути

Свет | пред 4 дена

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран заплени имот на 240 дисиденти и новинари, уапсени повеќе од 6.000 луѓе

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања