Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-library17k1l8r2vbf11i06obd

Македонец осомничен за силување на Британка во Дубровник: таму живее со семејството, го сомничат дека делото го направил во хотелот каде работи

Македонец од Ѓорче Петров е осомничен за силување на Британка во Дубровник. Настанот, според тамошните власти се случил во хотел островот Коложеп (Каламота). Станува збор за 37-годишен маж, кој претходно работел угостителство во Македонија.Според „Дубровачки дневник“, Македонецот барал, но Жупанискиот суд во Дубровник ја одбил жалбата на 37-годишен државјанин на Македонија од Скопје, за да излезе од притвор. Со тоа, осомничениот останува во истражен притвор до завршување на постапката, пренесуваат тамошните медиумиСпоред информациите од портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, судијата за истраги му одредил ваква мерка бидејќи оценил дека постојат основано сомнение и релевантни докази дека осомничениот го сторил делото за кое се товари.Одбраната на осомничениот, кој е вработен во хотелот каде што се случил настанот, поднела жалба, наведувајќи дека нема опасност од бегство бидејќи тој е професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.Сепак, Судот веќе оцени дека жалбата е неоснована, потврдувајќи го решението за притвор. Во образложението се наведува дека постојат доволно елементи кои укажуваат на сериозно основано сомнение дека 37-годишниот Македонец го извршил делото, како и реална опасност тој да побегне или да влијае врз сведоци ако биде пуштен на слобода.Судот исто така нагласува дека во текот на истражната постапка треба да биде сослушан сведокот кој бил во друштво на осомничениот, жртвата и нејзината пријателка во спорната вечер.Според Кривичниот закон на Република Хрватска, за силување без согласност на жртвата е предвидена затворска казна од три до осум години.

Свет | пред 5 месеци

272362688_2229821540501382_809533397131494080_n-1

Почнува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Стартува зимскиот распоред на летање.Од Меѓународниот Аеродром во Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации.Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации.Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона.На 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид и со Ларнака, а од 15 декември со Прага и со Келн.Наредната година се најзвуваат и нови дестинации.

Македонија | пред 5 месеци

239337800_1056710465068121_7588688874021469063_n

Во Македонија регистрирани 188 болни и двајца починати од грип

Здравствените власти во Европа се подготвуваат за нова сезона на грип, која според експертите би можела да биде потешка од вообичаеното. Причини за загриженост се ниските стапки на вакцинација и зголемениот број случаи во други делови на светот, како Јапонија и Австралија.Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести покажуваат дека бројот на заболени постепено расте, што е типично за овој период од годината.Во Македонија ид Од почетокот на сезоната регистрирани се вкупно 188 случаи на заболени од грип, што е 77% повеќе од истиот период минатата година и 36% повеќе од просекот на последните 14 сезони. Најмногу заболени има во Гостивар (79 случаи), а највисока инциденца е во Македонски Брод. Во досегашниот тек на сезоната пријавени се и две починати лица поврзани со грип.Од ИЈЗ препорачуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најсигурниот начин на заштита. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација за сите, особено за ризичните групи: лица над 65 години, деца од 6 месеци до 5 години, хронично болни, бремени жени и здравствени работници.За заштита, граѓаните се советуваат да ги почитуваат основните мерки: избегнување на гужви и контакт со болни лица, често миење на рацете, редовно проветрување и загревање на просториите, топло облекување и консумирање на храна богата со витамини, особено витамин Ц, доволно сон и физичка активност за јакнење на имунитетот.Доколку се појават симптоми како температура, кашлица и болки во телото, се препорачува одмор дома, повеќе течности и избегнување контакт со други лица, а во случаи на потешки симптоми – итно да се побара лекарска помош, особено кај постари и хронично болни лица.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Нема средба Трамп-Путин: Американскиот претседател не сака да губи време

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака да губи време и нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина.Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ситуацијата е разочарувачка.Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, претходно за Си-Ен-Ен во Вашингтон изјави дека верува оти неговата земја, САД и Украина се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Свет | пред 5 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Војнески и Пивковски се откажаа, но имиња им остануваат гласачките ливчиња како противкандидати на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески кои во првиот круг освоија доволно гласовви да се тркаат за градоначалничката фотелја, се повлекоа во корист на кандидидатите на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепљк, според Законот, нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноемри.Законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи. Ова значи дека гласање сепак ќе има и тие и покрај декларираното откажување, ќе останат на гласачкото ливче, Пивковски со Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Војнески со Жарко Ристески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.Пивковски која влезе во изборната трка како независен кандидат, напиша дека ја донел одлуката по внимателно размислување и бројни разговори во интерес на заедништвото, наместо поделбите.„ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член, секогаш сум се водел од идејата за чест, за работа и за почит кон луѓето. Така било и ќе остане“, напиша тој.Од лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ, како негова матична партија, претходно се откажа и Војнески.„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.“ напиша Војнески.

Македонија | пред 5 месеци

ohis-golema-mala-deponija

Државата уверува: Не истекува линдан во Охис

Министерството за животна средина и просторно планирање јa уверува јавноста дека нема истекување ма линданот во ОХИС и дека континуирано го спроведува процесот на чистење на линданот во ОХИСМинистерството континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на опасниот линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС.На 22 октомври 2025 година, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.„Министерството веќе неколку година активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати. Паралелно се работи на изнаоѓање на најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот, кој претставува следна приоритетна фаза во процесот.МЖСПП останува целосно посветено на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности, со единствена цел,  создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани” , велат од МЖСПП.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи со услови за грмежи ќе има , во западните делови на земјата.Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.Во Скопје, се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, информира УХМР.

Македонија | пред 5 месеци

media-library7n3jh7q76f4jdqiQeON

Бараме судница што ќе биде храм, а не циркус, судија што ќе мери со срце и закон, а не со нарачка, прака од „Маршот на ангелите“

Родителите, блиските и пријателите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, на 16 март, излегоа на на 28. „Марш на ангелите’’ на кој побараа вистината да излезе на виделина.Од надлежните бараат да имаат совест, а не да преовлада интересот.„Само вистината може да им донесе мир на нашите ангели.Застанете сега, кога катастрофалната штета веќе е направена. Барем со грам жал и сочувство за нашите ангели одговорно признајте ја вината. Не се кријте зад прес-конференции, трибини, митинзи и лажни насмевки. Наведнте ја главата и кажете -Да, згрешивме.Бараме правда, не за утеха, туку за вистината. Бараме тишина во која совеста ќе проговори, судница што ќе биде храм, а не циркус, судија што ќе мери со срце и закон, а не со нарачка. Бараме држава што нема да ја штити вината, туку вистината и бараме инситуции што ќе имаат совест, а не интерес“, порачаа учесниците на собирот.Почетокот на судскиот процес за пожарот во „Пулс“ каде згаснаа 63 млади животи и во кој беа повредени повеќе од 200 лица. е закажан за 19 ноември годинава.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryvmvac9e35oik82RRyRR

(Видео) Боки 13 објави делови од филмот „Рекет“ – сниман во Идризово, со обвинувања кон политичари

Бојан Јовановски-Боки 13 почна со објавување на делови од филмот „Рекет“, именуван по предметот во кој тој беше осуден на девет години затвор. Истиот е сниман во просториите каде Јовановски ги поминувал своите затворски денови – Идризово. Во објавените делови изнесува обвинувања на сметка на политичари од СДСМ, а се појавува и неговата мајка Јасминка Јовановска со сведоштва за тоа што се случувало за време на претресите.„Лага е дека човек може да заборави тоа што било, може да заборави детали.. но некои работи остануваат додека е човек жив“, вели Јовановски во филмот, а неговата мајка Јасминка посочува: „Не е само негова, туку и моја грешка, и јас слепо сум верувала во нив, но се учи на грешките“.Во вториот објавен дел се слуша и женски глас кој наликува на гласот на експратеничката Фросина Ременски која беше обвинета но ослободена од вина во случајот „Меѓународен сојуз“.„Штом се фрливме на инвестиции во дроги, си ебавме мамата“, вели женскиот глас кој наликува на Ременски, а мајката на Боки 13 продолжува со нарација и вели: „почна да ми се јавува Фросина Ременски „се до изрекување на пресудата беше во контакт со мене, мислам дека ме држеше во една позиција, да не биде Бојан против нејзе, да не каже нешто“. Потоа женскиот глас и Боки 13 разговараат за Кирацовски.„Уште оној кога излезе .... од Битола, кога рече ‘Ти си побарал он да се слика со тебе само еднаш’, срамота бе“, вели женскиот глас, за по неколку секунди да се слуша гласот на Јовановски каде сведочи дека Кирацоски земал пари од Силјан Мицески во кеш, а гласот кој е или наликува на вашиот да додава „не ми кажувај, он и ден денеска зима“.„Скопје1“ ја контактираше Ременски со прашања, на кои не добивме одговор. Ја прашавме дали се сеќава на мубаетот кој сега е еемитуван јавно, дали се плашела од Јовановски дека може да се сврти против неа како што вели Јовановска, дали била сведок кога биле земани пари во кеш од покојниот бизнисмен, но и ако е таа на снимките – кога и од кого е снимана. До овој момент, не добивме никаков одговор.Последно објавениот дел зборува за испраќањето на Јовановски во затвор, откако Апелација ја потврдила казната, личната приказна на семејството, но и обвинување на сметка на водителката Лила Филиповска дека одела кај нив по отворањето на случајот „Рекет“ само за да прибира информации.„Доаѓала само да прибира некои податоци, а немала што да прибере, но сепак ќе дошла да праша што се случи, како се случи, Сергеј го распрашувала“, вели Јасминка Јовановска, на што Јовановски додава: „Сергеј доаѓал кај моите родители, тоа не можам да го избегнам, бил тука и се нашол во многу ситуации и се понел човечки. Во тие важни моменти бил тука“.На крајот Јовановски и Јовановска посочуваат дека животниот тек е практично стигната карма од дедото на Боки 13 кој бил управник на затворот „Шутка“ во време кога затвореници биле малтретирани за што настанала и паролата „не е битно дали ве тепаат, битно е да останете со здрав дух“.На прес-конференција, Јовановски кажа дека филмот ќе биде на големите филмски платна и ќе доживее своја голема премиера.

Магазин | пред 5 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Сообраќајна несреќа во Скопје – пешак завршил во болница

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 10:30 часот во Скопје се случила сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Народни херои“ и „Вера Јоциќ“.Според пријавеното, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишната С.М. од Скопје, удрило во 76-годишната пешачка Ш.П., исто така од Скопје.Во несреќата Ш.П. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

strast

19-годишник осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје поднело кривична пријава против 19-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка.Според полицијата, делото било сторено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година на подрачјето на Скопје.Од МВР додаваат дека против осомничениот ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежното обвинителство.

Скопје | пред 5 месеци

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Малолетник нападнал полицајци во Шутка

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле две лица во општина Шуто Оризари – К.С. (43) и неговиот 16-годишен син, двајцата од Скопје.Според информациите, полицијата преземала мерки за приведување на К.С. по телеграма од Полициската станица Кисела Вода, но при интервенцијата малолетникот со тврд предмет ги нападнал полициските службеници.Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави против таткото и синот.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Напади во Карпош, Аеродром и Центар: натепани две жени, еден од случаите е семејно насилство

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани неколку случаи на физички напади во Скопје.Во Чаир, 47-годишен државјанин на Република Турција, У.С., со престој во Скопје, пријавил дека околу 17:30 часот бил нападнат на влезот од стадионот од лица со иницијали Љ.Ќ. и И.Ф., при што бил употребен и тврд предмет. Полицијата ги истражува околностите, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.Во друг инцидент, 49-годишна скопјанка пријавила дека во својот дом во Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.П.. И овој случај е пријавен во СВР Скопје, а се подготвува поднесок до надлежните органи.Исто така, во Карпош, 26-годишната Е.Р. од Скопје пријавила дека околу 13:55 часот таа и нејзината пријателка С.Т. (22) биле нападнати од едно машко лице, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Пронајдени коски налик на човечки во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Работник од Пехчево при извршување на ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во општина Гази Баба пронашол коски за кои постои сомнеж дека се човечки, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 24 октомври 2025 година во 11:55 часот, лицето Г.Ј. (39) од Пехчево пријавило дека при изведување работни задачи во близина на старите гробишта забележал коскени остатоци.По насоки на јавен обвинител, коските биле подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло и дали станува збор за човечки остатоци.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Жена почината во својот дом во Кисела Вода

Жена на возраст од 77 години е пронајдена почината во својот дом во скопската населба Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, настанот бил пријавен вчера, 24 октомври 2025 година, околу 12:50 часот, од лице со иницијали И.С.Т., кое изјавило дека ја пронашло својата баба Д.С. (77) почината во семејната куќа.Според пријавата, на жената ѝ се слошило и паднала во куќата. Лекар од Итната медицинска помош излегол на терен и констатирал смрт без знаци на насилство.Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Двајца независни кандидати се повлекоа од вториот изборен круг – во знак на лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ

Во рок од само два дена, двајца независни кандидати за градоначалници се откажаа од учество во вториот круг на локалните избори, и тоа во корист на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ.Станува збор за Сашо Пивковски – кандидат на група избирачи во Општина Могила, и Милосим Војнески – независен кандидат во Македонски Брод, кои иако успеаја да влезат во вториот круг, решија да се повлечат и да не им конкурираат на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.Од Државната изборна комисија (ДИК) појаснија дека законот не предвидува откажување по потврдена кандидатура, па затоа нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња, а во двете општини ќе се одржи редовен втор круг.Пивковски, кој од независна позиција освои 37,07 % од гласовите и се пласираше втор во Могила, објави дека одлуката ја носи од морални причини:„Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Понекогаш, вистинското лидерство е да знаеш кога достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш,“ напиша тој на Фејсбук на 24 октомври.Ден претходно, на 23 октомври, Милосим Војнески од Македонски Брод, кој доби 705 гласа (20,38 %) и со тоа за три гласа го остави зад себе кандидатот на СДСМ, исто така објави дека се повлекува:„ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот. Не би сакал дополнително да создадам поделби меѓу луѓето и семејствата,“ напиша Војнески.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryqndj764m5bbo32sO3pu

(Видео) Морничави снимки: Русија повторно го нападна Киев со балистички ракети – има загинати и повредени

Русија синоќа изведе нов силен напад врз Киев, во кој загинаа најмалку две лица, а деветмина се повредени, јавува The Kyiv Independent. Главниот град на Украина повторно беше цел на балистички ракети и дронови, што предизвика силни експлозии и пожари во неколку делови од градот.Според првични информации, меѓу целите на руските напади биле и термоелектрани во Киев и неговата околина.Експлозиите одекнале околу четири часот утринава по локално време, а началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко, потврди дека нападот има тешки последици и голема материјална штета.„По ударите избувнаа неколку пожари на левиот брег од реката Дњепар“, изјави Ткаченко, додавајќи дека пожарникарите веднаш интервенирале.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека екипите за спасување биле испратени во округите Дарницки и Десњански, каде што се запалиле неколку индустриски објекти. Во Дњипровскиот округ се пријавени оштетени згради, возила и детска градинка, а во дворот на една стамбена зграда останал длабок кратер од ракетен удар.Според украинското воено воздухопловство, Русија лансирала девет балистички ракети „Искандер-М“ од регионите Ростов и Курск, како и 62 борбени дрона „Шахед“. Противвоздушната одбрана успеала да пресретне 50 дрона и четири ракети, но пет ракети и 12 дрона ги погодиле своите цели на четири различни локации.Овој напад доаѓа само три дена по претходниот масовен руски удар врз украинските градови, кога загинаа шест, а беа повредени 44 лица.Русија последните недели ги засили нападите врз енергетската инфраструктура, подготвувајќи се за зимата. Украина, пак, беше принудена да воведе рестрикции на електричната енергија, додека градоначалникот Кличко предупреди дека престојната зима ќе биде најтешка од почетокот на руската инвазија.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryc84gdnu8qtna9sVne3q

Осум месеци мистерија: „Мики, те чекаме брате наш“ – емотивна порака за роденденот на Тодоров

Осум месеци по исчезнувањето на 28-годишниот Милe Тодоров од Неготино, неговата судбина и понатаму останува непозната.Тој исчезнал на 30 јануари 2025 година, а последен пат бил виден во селото Марена, во близина на Кавадарци. Според сведоци, бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.Исчезнувањето на младиот маж предизвика огромна загриженост во јавноста. Семејството и полицијата презедоа интензивни мерки и потрага, во која беа вклучени нуркачи, дронови и волонтери.Во февруари беше пронајден неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара, на потегот меѓу селата Глишик и Марена — наод што дополнително ја зголеми тревогата кај семејството.Според неговата сестра, Марија Атанасиевиќ, постоеле наводни забележувања на лице со сличен опис во пределот на планината Серта – видно ослабено, со подолга коса и брада. Таа апелираше до граѓаните доколку забележат лице со вакви карактеристики веднаш да пријават во полиција.Вчера, неговата навивачка група „Винари“ упати емотивна порака по повод роденденот на исчезнатиот пријател:„Среќен роденден на нашиот брат Скeчо, кој сè уште е исчезнат и за кого нема никаква информација до денес.МИКИ, ТЕ ЧЕКАМЕ, БРАТЕ НАШ ❤️“И покрај изминатото време, потрагата не е запрена. Полицијата продолжува со истрагата, а семејството не губи надеж дека Милe ќе биде пронајден жив и здрав.„Се надеваме дека ќе го прегрнеме повторно. Го молиме секој што има било каква информација – нека се јави. Секоја минута е важна,“ порачува семејството.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-02-210504

Саша Богдановиќ: „Горан ги предаде сите што гласаа за него – од машинерија направи моторкултиватор“

Поранешниот градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, а сега поддржувач на движењето ЗНАМ, Саша Богдановиќ, остро реагираше по резултатите од првиот изборен круг во Скопје.„Чекам денес да се јават сите душегрижници кои коси кубеа за Горан како голем сдсмовец. Истите ги пушти низ вода – особено поддржувачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во Центар. Ги предаде сите кои од СДСМ гласаа за него во прв круг“, напиша Богдановиќ на социјалните мрежи.Тој додава дека од силната партиска машинерија останал само ‘моторкултиватор’, обвинувајќи дека целата стратегија на кандидатот била водена исклучиво од личен интерес.„Не е ни чудо – и претходно менуваше партии. А тоа најдобро го покажуваат бројките за листата за Град Скопје и за кандидатот Каја Шукова“, нагласи Богдановиќ, алудирајќи на изборниот пораз на СДСМ во главниот град.БОНУС ВИДЕО:

Коментари | пред 5 месеци

media-library1r2hkesn52bj3fh2IST

(Видео) Итна истрага по масакрот во Кичево: „Општината молчи, како да е нормално да се живее меѓу отров и оружје“

Активистите од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат итна реакција од институциите по ужасниот случај во Кичево, каде што во само еден ден биле убиени повеќе од 40 кучиња – дел отруени, а дел застрелани.Телата на животните биле пронајдени на повеќе локации низ градот, вклучувајќи и во близина на основното училиште „Санде Штерјоски“, што дополнително ја зголемува загриженоста на граѓаните.„Два дена молчевме. Сакавме да видиме дали некоја институција ќе реагира – градоначалникот Фатмир Дехари, општината, полицијата. Два дена – ништо. Како да е сè нормално. Како да е прифатливо да живееш во град опколен со отров и оружје“, се наведува во соопштението на здружението.Од „Анима мунди“ предупредуваат дека животните биле убиени со екстремно токсични супстанции, кои можат да бидат смртоносни и за луѓе, а дел од нив имале траги од огнено оружје.„Да се проверат камерите, да се идентификуваат сторителите и да има индивидуална и институционална одговорност за оваа ликвидација“, бараат активистите.Здружението го прашува градоначалникот Фатмир Дехари:„Дали е нормално во вашиот град да се убиваат животни со отрови што за пет минути можат да усмртат дете? Дали е нормално некој вооружен да шета и да пука по животни додека граѓаните спијат? Кој нареди ‘Кичевски комуналец’ за половина час да ги собере и исфрли 40 трупа – без увид, без полиција, без истрага? И каде се сега тие тела?“Од здружението велат дека ова не е изолиран инцидент, туку повторување на мрачна пракса што била присутна пред петнаесет години.„Такво нешто не може да направи поединец. Тоа го прави институција што организира ликвидација – никој не убива цел град животни сам“, реагираат тие.Активистите потсетуваат дека Кичево со години има проблем со прекубројност на бездомни животни, но дека убивањето не е решение.„Општината годишно издвојува околу 20.000 евра за управување со оваа проблематика, а 115.000 евра плаќа за обесштетувања по пријави за каснувања – реални и лажирани. Тоа не е планско управување, туку злоупотреба на јавни пари“, наведува „Анима мунди“.

Македонија | пред 5 месеци

nafta-mazut

Американските санкции против руската нафта веќе го потресуваат пазарот – цените растат, експертите предупредуваат на нов бран поскапувања

Со најновите санкции против руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“, Вашингтон го следи примерот на Обединетото Кралство, кое минатата недела воведе речиси идентичен пакет мерки.Според податоците на британската влада, овие две компании дневно извезуваат над 3,1 милион барели нафта. Само „Росњефт“ произведува речиси половина од целокупната руска нафта, што претставува околу 6% од светското производство. Претходно годинава, и САД и Велика Британија веќе санкционираа други руски енергетски гиганти, меѓу кои „Гаспром њефт“ и „Сургутњефтегас“.Нафтата од типот Brent се зголеми за 5,4%, достигнувајќи цена од 65,99 долари за барел, додека американската WTI порасна за 5,6%, на 61,79 долари за барел – највисоко дневно зголемување од јуни наваму.Намалениот извоз на руска нафта значи помала понуда на глобалниот пазар, што, според основниот економски принцип на понуда и побарувачка, неминовно ќе доведе до нов раст на цените на горивата.Енергетскиот експерт Ивица Јакиќ за „Индекс“ изјави дека растот на цените е очекуван, но верува дека ќе биде краткорочен.„Можно е горивата да поскапат поради ограниченото производство, но не очекувам драматичен удар. САД ќе настојуваат да ја стабилизираат цената на пазарот, а со новите испораки од Нигерија, Иран и Ирак, пазарот ќе се балансира“, рече тој.Поранешниот министер за економија и нафтен експерт Давор Штерн пак, смета дека поскапувањето е неизбежно.„Кога има помалку нафта на пазарот, цената расте. Прашањето е колку долго ќе трае ова и колку ќе поскапи. Ако санкциите потраат, може да има и долгорочни последици, бидејќи престанувањето со црпење нафта ги оштетува бушотините – ќе треба време за повторно активирање“, предупреди Штерн.Според Reuters, ефектот на санкциите ќе зависи од тоа дали Трамп ќе воведе секундарни санкции и дали ќе биде подготвен да ризикува нов раст на цените.„Клучот е во реакцијата на Кина, Индија и Турција – најголемите купувачи на руска нафта“, наведува колумнистот Рон Бусо.Веќе има конкретни резултати: кинеските државни нафтени компании ја стопираа набавката на руска нафта преку море, а и индиските рафинерии најавија намалување на увозот за да се усогласат со американските мерки.Со тоа, Москва се соочува со пад на приходите, а светските пазари – со нова енергетска неизвесност.

Свет | пред 5 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан под удар: Пропадна самитот Путин–Трамп, новите санкции ја тресат Унгарија

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан доживеа сериозен политички и економски удар, откако падна во вода планот за одржување на самит меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта, кој требаше да претставува дипломатски успех и обид за посредување меѓу Истокот и Западот.Само неколку дена по најавата, Трамповата администрација воведе санкции кон двете најголеми руски нафтени компании, ЛУКОИЛ и Росњефт, со цел да го ослаби рускиот воен буџет – потег што, според CNN, предизвика потрес не само во Москва, туку и во Будимпешта.Иако санкциите се насочени кон Русија, тие би можеле да имаат сериозни последици за унгарската економија, која е силно зависна од руска енергија. За разлика од повеќето земји од ЕУ, кои по инвазијата на Украина ја намалија зависноста од руските енергенси, Унгарија и Словачка ја зголемија, па денес речиси целосно се потпираат на руска нафта.Според извештајот на Центарот за проучување на демократијата (CSD) и Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA), во Унгарија уделот на руската нафта пораснал од 61% пред војната на 86% во 2024 година, а во Словачка зависноста е „речиси стопроцентна“.Орбан, кој со години промовира „суверенистичка енергетска политика“ и се спротивставува на барањата на Брисел за диверзификација, сега се соочува со последици од ваквиот курс. ЕУ најави дека до 2027 година ќе го забрани увозот на руски течен природен гас (LNG), што дополнително ќе го отежни положбата на Будимпешта.Покрај тоа, во земјата расте внатрешниот притисок од опозицијата, предводена од поранешниот соработник на Орбан – Петер Магјар, која го обвинува премиерот за економска изолација и корупција.„Орбановата стратегија да стане посредник меѓу Истокот и Западот пропадна. Наместо самит со Путин и Трамп, доби економска криза и санкции“, оценува политичкиот аналитичар Елина Рибакова од Питерсон институтот за меѓународна економија.Според неа, обидот на Унгарија да ги заобиколи американските санкции ќе биде првиот тест за сериозноста на Трамповата администрација, која засега испраќа мешани пораки – министерот за финансии Скот Бесент предупредува на „строга примена“, додека самиот Трамп вели дека „се надева санкциите нема долго да траат“.Во меѓувреме, унгарскиот премиер изјави за државното радио дека неговата влада „работи на тоа како да ги заобиколи санкциите“, додека експертите предупредуваат дека таквиот потег би можел дополнително да ја изолира земјата во рамки на Европската унија.

Свет | пред 5 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДС е петта партија во Скопје – граѓаните ја избраа промената, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека резултатите од првиот круг на локалните избори во Скопје претставуваат „убедлива победа и јасна порака за промени“.Според партијата, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски освоил 91.663 гласа, со што, како што велат, „граѓаните го заокружија бројот 9 и избраа работа, а не флоскули“.„Оваа бројка е доказ дека скопјани сакаат проекти и резултати. Нашиот директен опонент, СДС, освои 26.737 гласови, со што нивната кандидатка Каја Шукова е дури четврти избор на граѓаните во главниот град“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во Советот на Град Скопје, партијата исто така прогласува апсолутна победа со 81.735 гласа и 18 советници, додека СДСМ, според нив, освоила само 5 советници и 24.612 гласа, со што станува петта политичка сила во Скопје.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат и на победите во повеќе скопски општини:во Кисела Вода – разлика од над 10.000 гласа,во Бутел – околу 7.500 гласа,во Гази Баба – над 10.000,во Ѓорче Петров – околу 7.500,во Карпош – 6.500,во Аеродром – 9.500 гласа,а во Шуто Оризари, победа со 1.400 гласа разлика.„ВМРО-ДПМНЕ ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања. На овие избори имаме програма која ќе ја спроведеме во сите скопски општини и во градот Скопје. Ние ветуваме работа и дела – наспроти криминалот и неспособноста на СДС“, порачуваат од партијата, повикувајќи на единство и поддршка во вториот круг на 2 ноември, „за вистинскиот избор и бројот 9“.

Скопје | пред 5 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Ако обвинителот калкулира со истрага за загрозување на јавното здравје – тогаш клуч на државава, вели Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ остро реагираше на социјалните мрежи во врска со, како што вели, молкот и калкулирањето на јавните обвинители околу истрагите поврзани со загрозување на јавното здравје во главниот град.„Јавен обвинител кој калкулира со истрага за загрозување на јавно здравје, чека прв, втор, трет круг, приговори и конечни листи од избори за да ги приведе одговорните, престанал да биде Јавен обвинител. Самиот си го урива угледот за кој согласно законот е во обврска да се грижи, како за себе така и за јавнообвинителската организација“, напиша Туфегџиќ.Тој посочи дека поради ваквото неделување на институциите, граѓаните сведочат на ситуација во која „најодговорните што требало веднаш да бидат приведени, денес на социјалните мрежи си делат правда меѓу себе“, без чувство на вина или страв од одговорност.„Ако јавен обвинител се плаши и тактизира со истрага за обична градска булумента која вршља по градов, со што го загрозува здравјето на луѓето и придонесува за ширење зараза, а никој ништо не им може – тогаш да ставиме клуч на државава“, порача Туфегџиќ.

Коментари | пред 5 месеци

rute-zelenski

Руте: На Путин му недостигаат пари, војници и идеи – време е за засилен притисок врз Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин останува без ресурси за продолжување на војната против Украина и дека е време меѓународната заедница да изврши уште поголем притисок врз Москва за да се постигне „праведен мир“.Изјавата Руте ја даде на прес-конференција во Лондон, по состанокот на „Коалицијата на подготвените“, на која учествуваа неколку западни лидери и министри за одбрана.„Путин во Украина освои многу малку нова територија, а таму каде што има мали придобивки, тие се постигнати со огромна цена. Стотици илјади Руси умираат за неговата безумна агресија, а Украина храбро се брани. Нашата поддршка ѝ помага. Вистината е дека Путину му недостигаат пари, војници и идеи“, изјави Руте.Тој нагласи дека сега е клучен моментот за зголемување на воениот и економскиот притисок врз Русија, поздравувајќи ги најавите од европските сојузници и Канада за дополнителна воена помош за Украина, како и неодамна одобрениот 19. пакет санкции.„Развојот на ситуацијата на боиштето покажува дека нашата поддршка функционира и мора да продолжи. Поддршката мора да биде проследена со санкции и економски притисок врз Русија“, рече тој.Руте изрази оптимизам во однос на западното единство, истакнувајќи дека разговорите во Вашингтон, Брисел и Лондон укажуваат на „движење во вистинска насока за завршување на војната“.Да потсетиме, Руте и претходно се осврна на слабеењето на руската воена моќ – на 13 октомври тој иронично забележа дека руската морнарица речиси исчезнала од Медитеранот, што според него е уште еден знак за исцрпеноста на Москва.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања