Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

droga12

Кумановската полиција поднесе пријави за дрога и фалсификување исправа

СВР Куманово поднела две одвоени кривични пријави за различни кривични дела – едната поврзана со дрога, а другата со фалсификување исправа.Кривична пријава е поднесена против М.Д. (26) и А.Т. (29), двајцата од Куманово, поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. Според полицијата, на 31 октомври 2025 година при преглед кај второпријавениот била пронајдена марихуана, која претходно ја набавил заедно со првопријавениот и ја препакувале за продажба.Одделно, кривична пријава е поднесена и против Т.Д. (54) од Куманово за „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полицијата сопрела „фолксваген голф“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од пријавениот, при што било утврдено дека табличките биле издадени за друго возило во Република Словенија.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Девојката што падна од балкон во Тетово била малтретирана од таткото, тврди полицијата

Во истрагата за случајот со 19-годишната девојка од Тетово, која на 14 март падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и со повреди беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полицијата дошла до сознанија дека таа подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко.Како што соопшти МВР, на 16 март во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А. (47) од Тетово, по што со него бил извршен службен разговор.По насока на јавен обвинител, тој е пуштен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Новиот врховен лидер на Иран одбива деескалација: „Нема мир додека не признаат пораз“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолах Мојтаба Хамнеи, ги отфрли предлозите за деескалација на конфликтот, порачувајќи дека нема да има мир сѐ додека Соединетите Американски Држави и Израел не признаат пораз или не платат отштета, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на висок ирански функционер.Според истиот извор, Хамнеи го одржал првиот состанок за надворешна политика откако беше избран за врховен лидер, при што донел одлука за „многу сериозен“ одговор кон САД и Израел. Не е прецизирано дали на состанокот присуствувал лично или преку видео-врска.Во меѓувреме, две земји посредници предложиле намалување на тензиите или прекин на огнот, но без да бидат обелоденети детали за предлозите или за државите што посредуваат.Хамнеи, според изворот, порачал дека „не е време за мир“ додека, како што рекол, „САД и Израел не се фрлат на колена, не признаат пораз или не платат отштета“.Како врховен лидер, тој ја има конечната одлука за сите клучни прашања во Исламската Република.Од неговото именување пред повеќе од една недела, по смртта на неговиот татко, ајатолах Али Хамнеи, не е објавена нова фотографија од него. Дел од иранските извори тврдат дека бил полесно повреден во нападите во кои загинал неговиот татко, додека американски претставници наведуваат дека повредите биле потешки.Конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга трае повеќе од две недели, со најмалку 2.000 жртви, а крајот засега не се наѕира.Ормутскиот теснец останува во голема мера затворен, што предизвикува раст на цените на енергенсите и глобални економски стравувања, додека американските сојузници не го прифатија повикот за повторно отворање на овој клучен поморски коридор.Во својата прва јавна порака, прочитана на државната телевизија, Хамнеи изјави дека затворањето на Ормутскиот теснец треба да се користи како средство за притисок врз „непријателите на Иран“.Според извори на „Ројтерс“, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрлила и иницијативите на блискоисточните сојузници за започнување дипломатски преговори за прекин на војната.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI

Катар: Пресретнат втор бран ракетни напади, ситуацијата стабилизирана

Властите во Катар соопштија дека безбедносната закана е отстранета и дека состојбата во земјата е вратена во нормала, по пресретнувањето на вториот бран ракетни напади.Претходно беше издадено предупредување за зголемено ниво на безбедносна закана, по што биле активирани одбранбените механизми.Од катарското Министерство за одбрана информираат дека вооружените сили успешно го пресретнале вториот бран проектили насочени кон територијата на државата.Надлежните институции посочуваат дека ситуацијата е под контрола, а граѓаните можат да продолжат со секојдневните активности.

Свет | пред 2 седмици

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ паѓа во анкетите, СДСМ расте

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека последните анкети укажуваат на значителен пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, додека, како што рече, СДСМ бележи раст.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче оцени дека граѓаните веќе ги препознаваат политиките на власта и се разочарани од нив.„Нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт која не може да го спречи падот на анкетите. Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст. Единственото што можат да го прават е да се обидуваат да ја делат партијата одвнатре за да продолжат да владеат“, изјави Филипче.Тој додаде дека, според него, граѓаните повеќе нема да бидат подложни на, како што ги нарече, националистички и коруптивни наративи.„Убеден сум дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ нема да може повторно да ги доведе во заблуда граѓаните, ниту да ги прикаже национализмот и корупцијата како патриотизам. Тоа веќе не поминува, граѓаните јасно гледаат што се случува“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

Израел под напад: нови проектили испукани од Иран

Израелската армија соопшти дека се детектирани нови проектили испукани од Иран кон територијата на Израел.Според информациите, системите за противвоздушна одбрана се активирани и работат на нивно пресретнување, со цел да се спречат евентуални последици врз цивилното население и инфраструктурата.Од израелската војска наведуваат дека жителите на погодените подрачја ќе добијат навремени предупредувања преку мобилни уреди, како дел од системот за рано известување.Ситуацијата останува напната, со зголемен ризик од понатамошна ескалација на конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

gaza-glad

До 45 милиони луѓе може да западнат во акутен глад поради конфликтот на Блискиот Исток

До 45 милиони луѓе би можеле да се соочат со акутен глад доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи до јуни, предупреди Светската програма за храна (ВФП) во најновата анализа.Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, изјави во Женева дека ескалацијата на конфликтот веќе влијае врз глобалните пазари, предизвикувајќи раст на цените на храната, нафтата и транспортот, што директно го зголемува ризикот од глад во најранливите региони.„Десетици милиони луѓе би можеле да западнат во акутен глад поради овие економски притисоци“, истакна Скау.Според проценките на ВФП, доколку кризата продолжи, вкупниот број луѓе погодени од акутен глад може да ја надмине сегашната рекордна бројка од 319 милиони.Организацијата предупредува дека најпогодени ќе бидат земјите кои веќе се соочуваат со нестабилност, сиромаштија и зависност од увоз на храна и енергенси.

Свет | пред 2 седмици

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење, исполнети со успеси, посветеност и континуиран развој.Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, низ кое поминале бројни генерации ученици што таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства.Градоначалникот потсети дека во периодот кога ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода биле реализирани значајни инвестиции во ова училиште, како и во сите училишта на територијата на општината. Во тој период биле реконструирани и модернизирани училници, доградени нови простории, поставени фотоволтаични системи, како и обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор за секое прваче. Дополнително, биле воведени паметни уреди и прочистувачи на воздух, со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.Тој нагласи дека со истата посветеност продолжува и во својата сегашна функција како градоначалник на Град Скопје, најавувајќи нов инвестициски циклус насочен кон средните училишта, со цел обезбедување современи услови за образование преку воведување дигитална опрема и одржливи енергетски решенија.На крајот, беа упатени честитки до учениците, наставниците и вработените, како и до сите кои се дел од историјата на училиштето, со порака дека тие се неговата најголема вредност и двигател на идниот развој.

Скопје | пред 2 седмици

misajlovski-1

Министерството за одбрана: Рекордни инвестиции во касарните, обвинувањата се извртување на фактите

Министерството за одбрана реагираше на написите и обвинувањата за несоодветни услови во Армијата, посочувајќи дека јавноста редовно се информира транспарентно и врз основа на факти, а не преку, како што наведуваат, ПР кампањи.Од Министерството истакнуваат дека сите активности се отворени за медиумите и дека граѓаните имаат право да знаат како се трошат средствата во одбраната. Воедно, изразуваат зачуденост од, како што наведуваат, навредливите квалификации упатени од Александар Насковски кон медиумите кои присуствуваат на овие настани.Во реакцијата се признава дека дел од армиската инфраструктура не е на посакуваното ниво, но се нагласува дека станува збор за објекти во кои не било инвестирано со децении, во некои случаи и повеќе од 50 години. Министерството посочува дека во моментов се вложуваат, како што велат, рекордни средства за нивна реконструкција.Се наведува дека во тек се континуирани активности за подобрување на условите во касарните, кои вклучуваат изработка на проектна документација, изградба, реновирање и адаптација на објекти за сместување и работа, како и објекти за складирање и одржување на опремата.Дополнително, се реализираат зафати за подобрување на енергетската ефикасност, целосна замена на водоводната и електричната мрежа, грејните системи, кровните конструкции и системите за противпожарна заштита, со цел објектите да бидат функционални и безбедни.За 2026 и 2027 година се предвидени околу 12 милиони евра за вакви градежни активности низ касарните во државата.Од Министерството оценуваат дека и покрај тоа што овие податоци се јавно достапни, се пласираат, како што велат, нецелосни информации со кои се искривува сликата за состојбата и вложувањата во Армијата.Во реакцијата се наведува и дека против лицето кое ги изнесува овие обвинувања се поднесени кривични пријави за повеќе кривични дела до надлежните институции.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Шилегов работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и ја дели партијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и придонесува за внатрешни поделби во партијата.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека не станува збор за различно мислење, туку за, како што рече, координирано дејствување.„Овде не станува збор за туѓо мислење, затоа што и тоа мислење беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите проверки на информациите, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор ја донесе одлуката со консензус, никој не гласаше против“, изјави Филипче.Тој нагласи дека зачувувањето на единството во СДСМ е клучно во, како што рече, борбата против корупцијата и криминалот, за кои ја обвини актуелната власт.„Нема да дозволам понатамошни поделби во СДСМ, особено во услови кога се соочуваме со криминална и корумпирана власт. Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е евидентен, додека ние бележиме раст. Единственото што можат да го направат е да се обидат да ја делат партијата одвнатре. Тоа нема да го дозволиме“, рече Филипче.Според него, обидите за, како што ги оцени, внатрешни раздорни процеси преку поединци, се насочени кон ослабување на СДСМ, но, како што потенцираше, партијата ќе остане обединета.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Туфегџиќ до СДСМ: „На ден на годишнина од трагедијата се занимавате со Шилегов – станавте партија за жалење“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ остро реагираше кон СДСМ по одлуката за исклучување на Петре Шилегов, посочувајќи дека ваквиот потег е несоодветен, особено што доаѓа на денот на одбележување на трагедијата во „Пулс“.Тој во јавна објава оцени дека наместо фокус на жртвите и почитување на денот, партијата се занимавала со внатрепартиски прашања.„Денеска, на денот на најстрашната и најголемата трагедија во Македонија, СДСМ немале попаметна работа освен да свикаат итен состанок за да се занимаваат со Петре Шилегов. Станавте партија за жалење, не сте веќе ни шега ни комедија“, наведе Туфегџиќ.Реакцијата доаѓа по партиските случувања во СДСМ поврзани со статусот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryhnr41q6nd3635gMJa0e

Гази Баба го решава пристапот до гробиштата Камник, започна реконструкција на патот

Општина Гази Баба започна со реконструкција на пристапниот пат кон гробиштата Камник, проект што со години беше барање на граѓаните, информираше градоначалникот Бобан Стефановски.Тој посочи дека во првата фаза се инвестираат 8.164.884 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик на Владата, а дополнително општината ќе вложи уште 7.000.000 денари за целосна реализација на улицата.Со проектот се предвидува воспоставување ново сообраќајно решение, кое ќе вклучува кружен тек со влез од улицата „Јужноморавски бригади“ и излез кон Сингелиќ кај населбата Клакер, со цел да се зголеми проточноста и да се намали метежот.„Ова е исполнување на едно децениско барање на граѓаните. Со овој зафат пристапот до гробиштата конечно ќе биде функционален и безбеден за сите учесници во сообраќајот“, истакна Стефановски.Паралелно со инфраструктурните активности, општината е во комуникација со АД Бутел за подготовка на урбанистичко-планска документација, со која се предвидува проширување на гробиштата и изградба на капела.Од општината нагласуваат дека проектот има за цел да стави крај на долгогодишниот сообраќаен метеж, особено во периоди на празници, и да обезбеди достоинствен и мирен пристап за граѓаните кои доаѓаат да им оддадат почит на своите блиски.

Скопје | пред 2 седмици

media-library8hq3j8pg4vqe8YoVd7f

Филипче: Пораката од Брисел е јасна – Европа не сака „тројански коњи“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос, според која Европа не сака „тројански коњи“, претставува сериозно предупредување за земјава и за нејзиниот евроинтегративен процес.На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека ваквите пораки укажуваат на загриженост во Европската Унија во однос на влијанијата од трети земји.„Имаме сериозна изјава и предупредување од еврокомесарката Марта Кос дека нема место за нови членки врз кои Русија и други држави имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. Тоа е многу сериозна и силна порака. По предупредувањето дека овде владее ‘српски свет’ во извештајот на Европскиот парламент, ова е уште една ваква порака“, рече Филипче.Тој се осврна и на последниот извештај на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, посочувајќи дека во него се констатира недостаток на напредок во клучните области.„Во извештајот нема напредок во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата и криминалот. Слободата на говор е сериозно доведена во прашање. Оваа власт носи резолуции со кои ѝ се ограничува просторот на опозицијата да говори за одредени теми“, изјави Филипче.Тој додаде дека не може да се зборува за медиумска слобода кога, како што рече, значителен дел од медиумите се поврзуваат со интереси блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан.„Не може да има слободни медиуми кога однапред се најавува кој ќе биде нов директор на МРТ. Се поставува прашањето дали тоа ќе биде човек близок до премиерот Христијан Мицкоски, со што ќе се воспостави целосна контрола. Во меѓувреме, со кредит од една милијарда евра, чија намена не е доволно транспарентна, се отвораат сериозни дилеми“, посочи Филипче.Тој истакна дека сличен модел, според него, се применува и во енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите, каде, како што тврди, проектите се поврзуваат со компании блиски до кругови околу Орбан.„Ова е уште еден показател во каква насока се движи државата под водство на ВМРО-ДПМНЕ – кон систем кој е подложен на корупција и криминал“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt413d0i0klbmbVcSRqk

Возач удрил во 11-годишно девојче во Капиштец и избегал

Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена малолетничката со тешки телесни повреди.Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица што води кон „Народен Фронт“, каде патничко возило удрило во девојчето и потоа избегало.На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денеска е планирано реализирање на третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонски државјани од погодените земји од Блискиот Исток.Претходно беа реализирани евакуациски летови од Шарм ел Шеик и Ријад, како дел од координираните активности за враќање на граѓаните во земјава.Според најавите, авионот треба да полета во 16 часот по локално време, а пристигнувањето на Меѓународниот аеродром во Скопје е предвидено во 20:10 часот. За летот се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.Од Министерството потенцираат дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет, нагласувајќи дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразиле интерес за враќање е целосно завршена.Воедно, информираат дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат достапни за македонските граѓани.

Македонија | пред 2 седмици

soobrakajka-5001

Робија од пет години доби Викторија, која во сообраќајка го усмрти Марјан возејќи во спротивен правец, па избега во Германија

Пет години робија доби Викторија З., која во 2025 година предизвика сообраќајка со тешки последици на патот Кавадарци-Неготино, каде загина Марјан Петровски од Велес. Таа од ноември минатата година е избегана во Германија, каде е уапсена и ќе биде екстрадирана.Таа несреќата ја стори на 18 години, а пресудата е правосилна бидејќи адвокатот кој и е поставен по службена должност не поднел жалба до Апелација. Според истата, таа не возела внимателно и возела во спротивен правец. Испитувањата не покажале дека била алкохолизирана ил под дејство на опијати.Во несреќата животот го загуби 40-годишниот Марјан, кој во автомобилот беше со две лица.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Кабинетот на Нетанјаху објави фотографија: „Ова е моментот кога се наредени ликвидациите“

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографија за која тврди дека го прикажува премиерот во моментот кога наредува ликвидација на високи ирански функционери.Според израелските власти, во нападот врз Техеран изведен претходната вечер била таргетирана и ликвидирана клучна фигура во иранскиот безбедносен апарат. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека во нападот е убиен Али Лариџани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Израелски воен претставник потврди за Би-Би-Си дека Израелските одбранбени сили го имале Лариџани како конкретна цел на операцијата.Кратко по објавувањето на овие информации, на канал на платформата Телеграм што се поврзува со Лариџани беше објавена рачно напишана порака по повод погребот на загинати припадници на иранската морнарица.Во истиот напад е убиен и Голам Реза Солeјмани, кој шест години беше на чело на иранската паравоена формација Басиж. Оваа формација со години е обвинувана за задушување на протести, прогон на опозициски активисти и употреба на сила против цивили.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни сили, вклучително објекти на Министерството за разузнавање и бази на милицијата Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана. Според израелската армија, во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 2 седмици

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

Лажна несреќа, вистинска измама: Се претставил како инспектор и измамил жена за илјадници евра

Полициската станица од општа надлежност Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп, одземајќи 2.000 евра и 1.000 американски долари. Тој лажно се претставил како инспектор во странство и ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.Со цел да ја доведе во заблуда, побарал пари за наводно да издејствува ослободување на нејзиниот внук од кривична одговорност и избегнување затворска казна. Жената, верувајќи во изнесеното, ги оставила парите на претходно договорена локација.По преземени оперативни мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот е лишен од слобода, а од надлежен судија му е определена мерка притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuplk2n188a6j0zQBtCh

(Видео) Пожртвуваноста не се заборава: По 40 часа спасување животи – Делчево со траен белег за Иле Гоцевски, херојот од Кочани

Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој почина по повеќечасовна исцрпувачка работа при спасување на повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Истовремено, веќе е поставена и спомен-плоча во негова чест, информираше градоначалникот Иван Гоцевски.Тој посочи дека Иле Гоцевски бил меѓу првите на теренот утрото на 16 март, кога се одвивала драматичната борба за спас на младите повредени. По 40 часа непрекината, напорна и трауматична работа, Гоцевски починал на 17 март во својот дом.„Со длабока почит се сеќаваме на нашиот сограѓанин, кој беше на првата линија во спасувањето животи. Во негова чест поставивме спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во Делчево – место што ќе нè потсетува на неговото тивко херојство“, наведува градоначалникот.Според него, Гоцевски во текот на интервенциите дури 11 пати возел до Клиничкиот центар во Скопје, помагајќи не само во транспортот, туку и во пронаоѓањето и идентификацијата на повредените деца.„Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска е да го чуваме споменот на неговото дело. Тој ќе остане запаметен како ‘херојот од нашето маало’ – човек кој спасувал животи“, истакнува Гоцевски.Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево ќе се уреди парк што ќе го носи неговото име, како траен белег за идните генерации и сведоштво за пожртвуваноста и професионалноста во спасувањето човечки животи.

Настани | пред 2 седмици

kili-intervju-02-602x3201

Театарската сцена се простува од Кили: последна почит во МНТ

Утре во 11 часот во просториите на Македонскиот народен театар во Скопје ќе се одржи комеморативен собир во чест на актерот Кирил Поп Христов – Кили. На настанот, неговите најблиски, колеги и почитувачи на театарската уметност ќе имаат можност достоинствено да се простат и да му оддадат последна почит.Од театарот посочуваат дека Поп Христов зад себе остава значајно уметничко наследство, обележано со силна сценска енергија, препознатлив актерски израз и посебна топлина што ја носеше во секоја своја улога. Неговата непосредност, духовитост и човечност, наведуваат од МНТ, го направија не само впечатлив уметник, туку и ценет колега кој со искрена посветеност ја споделуваше љубовта кон театарот.Кирил Поп Христов – Кили почина на 11 март во Еквадор на 58-годишна возраст. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, а дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.Својот професионален пат најмногу го врза за сцената на Македонскиот народен театар, каде работеше од 1993 до 2014 година. По неколкугодишна пауза, во 2018 година повторно се врати на истата сцена. Со својот талент, харизма и сценско присуство, Поп Христов остави длабока и трајна трага во македонската театарска и филмска уметност.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

(Видео) Систем што испукува 4.500 куршуми во минута – одбраната на амбасадата во Багдад

Небото над Багдад ноќе повремено се осветлува од густите траги на светлечки куршуми, дел од одбранбениот систем што го штити комплексот на американската амбасада од ракетни и минофрлачки напади.Во центарот на овој систем, познат како Ц-РАМ, се наоѓа 20-милиметарски топ од типот „Гатлинг“, способен да испука до 4.500 куршуми во минута. Системот претставува интегрирана платформа која комбинира радарски уреди, сензори и комуникациски модули за брзо откривање и неутрализирање на заканите.Ц-РАМ, што значи систем за противракетна, противартилериска и противминофрлачка одбрана, е поставен на мобилна платформа тешка околу 35 тони, што овозможува негово релативно брзо преместување и оперативна флексибилност на терен.Според производителот „Џенерал Дајнамикс“, муницијата што ја користи овој систем е комбинирана – пробојна и високоексплозивна, што овозможува дејствување против воздушни и копнени цели на растојание до 2.000 метри. Куршумите имаат и механизам за самоуништување во случај да не ја погодат целта, со цел да се намали ризикот од несакана штета.Копнената верзија на системот е изведена од морнаричкиот систем „Фаланкс“, кој се користи како последна линија на одбрана на воените бродови од крстосувачки ракети и други закани. Овој систем привлече внимание и во 2024 година, кога беше искористен за соборување на проектил во Црвеното Море.Според податоците, копнената варијанта на Ц-РАМ е употребена илјадници пати за заштита на американските бази во Ирак и Авганистан, а првпат била распоредена во Ирак во 2004 година.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Шефот на Меѓународната поморска организација повика: Бродовите да не пловат низ Ормутскиот теснец

Челникот на Меѓународната поморска организација, Арсенио Домингез, ги повика бродските компании да се воздржат од испраќање пловни објекти низ Ормутскиот теснец, предупредувајќи дека ниту воената придружба не може целосно да ја гарантира нивната безбедност.Во изјава за „Фајненшл тајмс“, Домингез посочи дека воената заштита не претставува долгорочно и одржливо решение за нормализирање на пловидбата низ овој стратешки важен морски коридор.Ормутскиот теснец, низ кој поминуваат околу 20 проценти од светските количини на нафта и течен природен гас, останува во голема мера затворен, што веќе влијае врз растот на цените на енергенсите и ги засилува стравувањата од инфлација на глобално ниво.Затворањето на теснецот предизвикува и сериозни нарушувања во синџирите на снабдување, принудувајќи компаниите на скапи и итни алтернативи, како пренасочување на товарот, копнен транспорт и спречување на расипување на лесно расипливи производи.Домингез предупреди дека бродскиот сектор станува „колатерална штета“ на конфликтот, нагласувајќи дека причините за кризата немаат директна врска со поморството. Тој изрази загриженост и за бродовите заглавени во Персискиот Залив, каде на екипажите им недостигаат храна и основни залихи.Советот на Меѓународната поморска организација ќе одржи вонредна седница во Лондон, на која ќе се разгледуваат последиците од конфликтот на Блискиот Исток врз поморството и безбедноста на морнарите.„Апелирам до операторите да не пловат и да не ги изложуваат на ризик ниту екипажите, ниту бродовите“, порача Домингез.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран: Ормутскиот теснец никогаш повеќе нема да биде ист

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Ормутскиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта, влегува во нова фаза на нестабилност и дека безбедносната состојба повеќе не може да се врати на претходното ниво.Во телевизиско интервју, Калибаф нагласи дека американските бомбардери и борбени авиони не се способни да ги уништат иранските капацитети за производство на оружје, и покрај честите напади врз воени цели од почетокот на конфликтот.„Ормутскиот теснец повеќе не може да биде како порано, ниту да се врати во поранешната состојба. Безбедност повеќе нема“, изјави Калибаф, додавајќи дека причината за тоа е, како што рече, американското и израелското присуство во регионот на Персискиот Залив.Тој посочи дека Иран извлекол поуки од минатогодишниот дванаесетдневен конфликт и значително ги изменил своите воени системи и дизајнот на ракетните лансери.„Тие мислат дека можат да ги уништат нашите постројки со бомбардери, но не знаат дека целосно го сменивме нивниот дизајн“, рече Калибаф.Иран, според него, нема да попушти под притисок и нема да се предаде, а крајот на конфликтот ќе донесе промени во регионот кои нема да бидат во согласност со интересите на Соединетите Американски Држави.„Кога војната ќе заврши, лицето и поредокот на Блискиот Исток ќе се променат, но нема да се случи ништо што Америка го посакува“, изјави Калибаф, додавајќи дека исламските земји ќе воспостават сопствен регионален поредок и безбедносен систем.Тој исто така оцени дека единственото што го постигнале САД и Израел е убиството на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, но, како што рече, системот не се распаднал и бил наследен од ново раководство.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuqumnfftt5cq4MSIpcu

(Видео) Иранската Револуционерна гарда му се потсмева на Трамп: „Војната не се добива со твитови“

Портпаролот на иранската Револуционерна гарда, Ебрахим Золфагари, испрати порака на англиски јазик упатена до американскиот претседател Доналд Трамп, во која отворено ги исмева неговите јавни настапи на социјалните мрежи.„Исходот на војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму каде што вие и вашите сили не се осмелувате ни да се приближите, а за тоа можете само да зборувате на социјалните мрежи“, порача Золфагари. Тој додаде дека конфликтот повеќе прилега да се нарече „епски страв“ отколку „епски гнев“.Иранската Револуционерна гарда претставува елитна гранка на вооружените сили на Иран, формирана по исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура покрај редовната армија. Првично нејзината улога била заштита на револуционерната власт, но со текот на времето израсна во влијателен систем со силно присуство во безбедносниот сектор, политиката и економијата.Командантот на гардата директно одговара пред врховниот верски лидер на Иран, а организацијата има значително влијание во повеќе сектори, вклучително градежништво, телекомуникации, автомобилска индустрија и енергетика. Во нејзин состав делува и формацијата Басиж, која беше ангажирана во задушување на антивладините протести во 2009 година.Во 2019 година, администрацијата на Трамп ја прогласи Револуционерната гарда за терористичка организација. Како одговор, Иран ги означи САД како „државен спонзор на тероризмот“, а американските сили во регионот како терористички групи.Револуционерната гарда и понатаму се смета за сериозна безбедносна закана од страна на американските сојузници на Блискиот Исток. Бахреин и Саудиска Арабија ја ставија на листата на терористички организации во 2018 година, додека Европската Унија го направи тоа оваа година, по насилното задушување на протестите во Иран.

Свет | пред 2 седмици

media-library9j0sjc808gv13jOtLM8

Запален џипот на градоначалникот Курто Дудуш од Шутка

Автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил запален во текот на ноќта, дознава „Скопје1“.Според нашите информации, ова се случило околу 3 часот по полноќ, а постои и снимка од подметнувањето на пожарот.Неофицијално, сигурносни камери го забележале маскираното лице кое истурило течност на возилото, по што се запалило. Ова го забележале сопствениците на возилото.Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Увид направила полицијата.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања