Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охрид добива нови авиолинии: директни летови до Братислава и Милано

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Братислава, а од 29 март ќе биде воспоставена и нова линија до Милано. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку објава на социјалните мрежи.Тој нагласи дека развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт, при што преку конкретни политики и мерки се работи на унапредување на цивилниот авиосообраќај и проширување на мрежата на дестинации.„Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот, со цел развој и подобро поврзување на Македонија со големите европски центри“, посочи вицепремиерот.

Охрид | пред 2 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје во евентуален конфликт со Иран, и покрај тоа што оваа држава никогаш официјално не признала дека поседува таков арсенал.Во изјава за новинарите, Трамп беше запрашан за ставовите на неговиот советник Дејвид Сакс, кој во еден подкаст изнел претпоставка дека Израел би можел да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје. Трамп на тоа одговори дека такво сценарио е малку веројатно.„Израел тоа не би го направил. Израел никогаш не би го направил“, изјави Трамп.Израел со години води политика на намерна нејасност кога станува збор за неговата нуклеарна програма, избегнувајќи директна потврда или негирање на постоењето на нуклеарно оружје. Високи израелски претставници во повеќе наврати истакнале дека земјата нема да биде првата на Блискиот Исток што ќе употреби нуклеарно оружје.Според проценките на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Израел располага со околу 90 нуклеарни боеви глави.

Свет | пред 2 седмици

media-library1n74ta7gag2r6xMwa6Q

Израел удри во срцето на иранските безбедносни сили, убиен Голам Реза Солeјмани

Израел ликвидирал командант на Басиж во Техеран, погодени и безбедносни центри и воени капацитетиКомандант на иранските сили Басиж, Голам Реза Солeјмани, е убиен во прецизен воздушен напад извршен од израелските сили во Техеран. Тој шест години се наоѓал на чело на оваа паравоена формација која делува во рамки на иранскиот безбедносен систем.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади изведени врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Според нивните информации, во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни структури, вклучително и објекти на Министерството за разузнавање и бази на Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана.Израелската армија наведе дека во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 2 седмици

islam-abazi-2

Кои се кандидатите: Двајца од СЈО, тројца од Скопско и пет бараат реизбор за да гонат организиран криминал кај Абази

Двајца обвинители кои беа во згаснатото СЈО, а сега се во Вишото скопско обвинителство, и тројца обвинители од скопското Обвинителство, заедно со пет актуелни обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се борат за мандат во ова обвинителство. За пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе се направи утре (среда), бидејќи истиот ден треба да се избере новиот републички обвинител, Ненад Савески. Во спротивно, ќе треба на седницата да присуствува и да бира в.д. обвинителката.Во трката за нов мандат во Обвинителството за гонење организиран криминал влегува Марија Ѓоргева, позната како внука на пензионираниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев. Таа го презема и го водеше случајот „Ликвидација“ против новинарот Томислав Кежаровски. Во кариерата ѝ се впишува искуството како стручен соработник во Кривичниот суд, па виш соработник во друг суд.Нов мандат бара и Валентина Беслимовска, која од приправник во Граѓанскиот суд станала обвинител во скопското Обвинителство. Во 2022 година беше негативно оценета од Русковска, па потоа реоценета и избрана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа во 2018 година го смени обвинението за „Поткуп“ против Заев. Беслимовска подолго време е на боледување, а на нејзино место предметите ги застапува друг обвинител.Енѓелуше Кадриу-Леши е позната по тоа што се кандидираше за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што ја повлече кандидатурата, а функцијата ја доби актуелниот шеф Ислам Абази. Таа во декември 2024 година беше избрана за заменик-член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.Ивана Алексова-Трајчева ги работеше предметите против Драги Рашковски, кој беше генерален секретар во Владата на Заев, а го гонеше и Исмет Гури од ДУИ, кој беше заменик-управник во УЈП. Пред суд ги застапуваше предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Моментално е шефица на полициското одделение во Обвинителството и покрена три обвиненија против полицајци и началници за трагедијата во кочански „Пулс“.Сузана Мирческа-Кузмановска е исто така меѓу кандидатите. Таа ја гонеше ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција има од прилика 4 мандати. Во јавните архиви со нејзинот име нема известувања за предметите кои ги водела, а може да се најде само коментар за тоа дека корупцијата најтешко се докажува.Меѓу кандидатите се и двајцата виши обвинители Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство дојдоа токму од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Овие обвинители беа дел и од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).Тројцата останати обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство.Александар Маркоски, познат како Брада, го застапуваше предметот против Васил Јовановски, кој ја усмрти Фросина на пешачки премин кај Универзална. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.Обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска го води случајот „Онкологија“, каде обвинети се доктори заедно со ексдиректорот на установата. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.И обвинителката Ана Стојановиќ-Димитровска сака да гони организиран криминал. Таа беше една од двете обвинителки кои го водеа случајот за малата Вања, истрага која беше мета на многу критики од страна на правници.Мандатот на обвинителите во ова обвинителство е четири години, а со него раководи обвинителот Ислам Абази.Пред половина година мандат во ова обвинителство добија и обвинителките Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Македонија | пред 2 седмици

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Серија напади низ Скопје – малолетници, соседи и сообраќајни расправии

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на физички напади и нарушување на јавниот ред и мир на различни локации во Скопје.И.Б. (42) пријавил дека бил физички нападнат од лице со иницијали Н.Н. на подрачјето на Центар.Во Аеродром, М.Б. (22) од Битола, Б.Ќ. (23) од Струмица и Б.С. (20) од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати од група малолетници кои ги гаѓале и со јајца.На подрачјето на Чаир, Р.С. (56) пријавил дека неговиот 16-годишен син бил нападнат со остар и тврд предмет од друг малолетник.Во селото Црешево, пак, по претходно недоразбирање дошло до физичка пресметка помеѓу И.Ц. (35), А.Ц. (40) и Б.Ц. (71), при што биле употребени и тврди предмети.Дополнително, во Кисела Вода Б.В. (38) пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од неговиот сосед Е.Н. (50), додека на подрачјето на Ѓорче Петров Б.С. (46) пријавила дека била физички нападната од Е.Т. (38) по недоразбирање во сообраќајот.По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Закани со пиштол во Штип

На 14 март 2026 година во 20:15 часот во СВР Штип, В.Х. (42) од Штип пријавил дека на 11 март, по претходно недоразбирање, лицето С.П. од Штип му упатило закани со огнено оружје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Кривична пријава за маж од Крива Паланка кој ѝ се заканувал на партнерката

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против И.М. (50) од Крива Паланка поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, на 21 февруари 2026 година во стан во Крива Паланка, тој се обидел физички да ја нападне својата вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет.При обид да се одбрани, жената се повредила.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешка сообраќајна несреќа на патот кон граничниот премин „Дојран“

На 15 март 2026 година во 03:48 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат 1105, пред граничниот премин „Дојран“, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот.Возилото го управувал Г.А. (55) од Нов Дојран, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 2 седмици

apsenje

Полицијата уапси четири лица со наркотични супстанци во главниот град

Во текот на ноќта меѓу 14 и 15 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица на различни локации во главниот град поради поседување наркотични супстанци.Приведени се Е.И. (20), В.Н. (26) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, како и А.Р. (27) од Штип. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, како и грутчеста и прашкаста материја.По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryrghkitqrlkr5ebIrDx5

(Видео) Хари Стајлс им одговори бакна маж во живо

Поп-ѕвездата Хари Стајлс во најновото издание на „Saturday Night Live“ се осврна на обвинувањата за т.н. „queerbaiting“ и тоа на начин што веднаш го крена студиото на нозе – со бакнеж со маж пред публика, во живо.Во монологот Стајлс со иронична дистанца зборуваше за периодот во кој дел од фановите, следејќи го неговиот сценски стил и јавен имиџ, го обвинуваат дека намерно остава нејаснотии околу сопствената сексуалност за да привлече внимание. Тој, пак, ја сврте целата тема во комедија – потсетувајќи дека никој не може да знае „сè“ за него само од она што го гледа однадвор.Кулминацијата дојде во скеч поврзан со неговиот нов албум, при што на сцената му се придружи комичарот и актер Бен Маршал. По кратка размена на реплики, Стајлс му пријде и го бакна Маршал, а потоа целата сцена ја „запечати“ со поента на сопствена сметка – дека токму тоа, во рамки на шегата, е „queerbaiting“.Во истата епизода беше споменато и дека Стајлс неодамна го објави својот четврти соло-албум „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“, а во изјава за медиуми зборуваше за поголема отвореност и подготвеност да им каже „да“ на нови искуства – пристап што, барем на сцената на „SNL“, го претвори во централна порака и во главна шега на вечерта.

Магазин | пред 2 седмици

kazni-policija-policaec

Алкохол, возење без дозвола и забрана: 13 возачи приведени во еден ден

Полициски службеници на Министерство за внатрешни работи на Македонија вчера на подрачјето на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.Според МВР, четворица возачи од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци управувале возила под дејство на алкохол. Шест возачи од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга возеле без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.Во еден случај во Скопје бил запрен возач кој управувал такси возило без да поседува возачка дозвола, при што вршел превоз на патници.Полицијата соопшти дека во два од случаите возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни незгоди. Лице од Свети Николе со измерени 1,96 промили алкохол во крвта удрило во бетонски ѕид, додека возач од Богданци со 1,99 промили алкохол излетал од патот.Од МВР информираат дека биле одземени шест возила, а по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Министерството апелира дека безобѕирното управување со возило, особено под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана, претставува сериозно прекршување на законите и директна закана за безбедноста во сообраќајот. Полицијата најави дека ќе продолжи со засилени контроли и доследна примена на законските мерки.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Пентагон демантира: „Авраам Линколн“ е оперативен, тврдењата на иранската Револуционерна гарда – „рециклирани лаги“

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека ударната група на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ продолжува да дејствува во регионот и ги оцени како невистинити тврдењата на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) дека бродот бил „онеспособен“.Во реакција објавена на платформата Икс, од CENTCOM наведуваат дека станува збор за повторување на претходни, веќе пласирани тврдења, оценувајќи дека IRGC „рециклира лаги“ и дека со новите наводи си противречи со други сопствени изјави.Според американската страна, ударната група на „USS Abraham Lincoln“ останува ангажирана во актуелното распоредување, во време кога Вашингтон го засилува военото присуство на Блискиот Исток поради ескалацијата на регионалните тензии.Покрај „Линколн“, во поширокиот регион дејствува и носачот на авиони „Џералд Форд“, а американските медиуми известуваат и за испраќање дополнителни сили во Персискиот Залив.Во таа рамка се споменува и можноста за пристигнување на амфибиска група со неколку илјади маринци и морнари, како и приклучување на амфибискиот јуришен брод „Tripoli“ кон веќе распоредениот контингент.

Свет | пред 2 седмици

media-library2abvppvc32k80wxTyrs

Анкета во Унгарија: мнозинството се против влез на Украина во ЕУ и имаат недоверба кон Зеленски

Мнозинството возрасни граѓани во Унгарија се против приклучување на Украина кон Европската унија и имаат изразено негативен став кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, покажуваат резултати од најнова анкета објавена на 15 март 2026 година.Истражувањето е спроведено на почетокот на март од Институтот „Незопонт“ во соработка со јавната медиумска компанија МТВА. Според презентираните наоди, 64% од испитаниците изразиле негативно мислење за Зеленски.Во истиот контекст, 79% од анкетираните негативно ја оцениле наводната „закана“ што Зеленски ја упатил кон унгарскиот премиер Виктор Орбан. Одделно, податоците укажуваат дека 35% се противеле на истрага за тоа како Украина располагала со средствата добиени како помош.Анализата наведува и значајни разлики во перцепцијата зависно од партиската припадност. Кај гласачите на владејачката партија „Фидес“ и кај поддржувачите на „Ми Хазанк“ доминира отфрлање на споменатата „закана“, додека кај гласачите на опозициската „Тиса“ ставовите биле поделени, со наведување дека мнозинството од нив гледале позитивно на потегот.Во изјавата што ја пренесуваат унгарските медиуми, се посочува и дека меѓу гласачите на „Тиса“ има пошироко позитивно расположение кон Украина, поради што партиското раководство настапува внимателно во прашањата што, според оценките, може да имаат долгорочно влијание врз внатрешнополитичките приоритети и надворешната позиција на земјата.Анкетата дополнително нотира дека значителен дел од испитаниците сметаат оти унгарската држава треба да преземе конкретни мерки и да инсистира на проверка на начините на кои се користат средствата што Украина ги добива како помош.

Свет | пред 2 седмици

media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Политички препукувања го блокирале правосудниот испит, тврди Левица

Од Левица обвинија дека стотици млади правници се оставени во неизвесност поради, како што велат, неодговорност на Министерството за правда на Северна Македонија и министерот Игор Филков.Според партијата, иако постојат јасни законски процедури за организирање на правосудниот испит, кандидатите кои навремено се пријавиле и ги уплатиле потребните средства не добиле можност да полагаат во февруарската испитна сесија, која требало да се одржи од 2 до 20 февруари 2026 година.Од Левица велат дека до денес нема официјално образложение зошто Министерството не ја формирало Комисијата за полагање на правосудниот испит, без која, како што посочуваат, самата постапка не може ни да започне.Партијата тврди дека наместо институционална одговорност, јавноста сведочи на меѓупартиски препукувања во рамки на Владата, додека младите правници остануваат, како што наведуваат, заложници на политичките калкулации.Дополнително, според нив, под знак прашање е доведена и априлската испитна сесија. Пријавувањето за неа требало да започне на 1 март и да трае до 15 март, но тоа, како што тврдат, не се случило.Од Левица оценуваат дека ваквата состојба отвора сериозни дилеми за функционирањето на системот за влез во правосудните професии и бараат Министерството за правда и Владата итно да дадат одговор зошто не е формирана комисијата, кога ќе се организира пропуштената испитна сесија и како ќе се надомести штетата за младите правници.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9rplptrj4qqvcnucTHI

Ирански функционер: Постои заговор Иран да биде обвинет за напад како 9/11

Секретарот на Врховен совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека постојат информации оти преостанатите членови на „групата на Џефри Епстин“ наводно подготвуваат заговор за создавање инцидент сличен на Нападите од 11 септември 2001, за кој потоа би бил обвинет Иран.„Слушнав дека преостанатите членови на групата на Епстин осмислиле заговор да создадат инцидент сличен на 11 септември и вината да ја префрлат врз Иран“, изјави Лариџани.Тој додаде дека Иран принципиелно се спротивставува на вакви терористички сценарија и нагласи дека Техеран „нема војна со американскиот народ“.Овие изјави доаѓаат во момент кога, во контекст на војната против Иран, во јавноста се објавуваат големи количини документи од американската влада поврзани со контактите на покојниот финансиски посредник Џефри Епстин со влијателни личности од политичките, бизнис и општествените кругови во Соединетите Американски Држави.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во минатото го нарече Епстин „одвратен тип“, во јавноста бил фотографиран повеќе пати со него. Епстин беше обвинет дека со години злоупотребувал десетици млади жени и девојки.Според аналитичари, Техеран се обидува да ги истакне врските на Епстин со дел од американската политичка и бизнис елита, со цел да ги прикаже своите противници во Вашингтон како морално компромитирани.

Свет | пред 2 седмици

media-librarypu0nbtm84vftfDQiVMt

Фрчкоски: Постои бизнис мрежа на Мицкоски во енергетиката

Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Јон Фрчкоски, денеска презентираше, како што рече, бизнис мрежа во енергетиката поврзана со премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека станува збор за „октопод“ од политички и деловни врски.Според Фрчкоски, мрежата започнува од името на Душан Адамовиќ, кого Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија. Тој тврди дека преку Адамовиќ, кој е поврзан со Српска напредна странка, се доаѓа до офшор компанија на Кипар од која, како што рече, започнува „одмотувањето“ на мрежата.Како дел од таа структура, според СДСМ, се споменува кипарската компанија „Алтариа рисрч лимитед“, која, како што тврдат, води до енергетскиот холдинг Руднап груп, сопственост на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ.Фрчкоски наведе дека врската со владата, според нивните тврдења, оди и преку министерката за енергетика Сања Божиновска, која претходно била извршен директор во „Руднап груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“.Во обвинувањата се споменува и назначувањето на Ефимија Димовска во Развојна банка на Северна Македонија, како и поставувањето на Иван Куковски за директор на РЕК Битола, кој според СДСМ е близок до семејството на Мицкоски.Од партијата тврдат дека РЕК Битола е клучна алка во оваа мрежа, бидејќи намаленото домашно производство на електрична енергија доведува до увоз на поскапа струја од странство.Фрчкоски најави дека антикорупцискиот тим на СДСМ ќе продолжи со објавување нови информации за, како што рече, врските на оваа мрежа во Србија, Чешка и Австрија. Од партијата порачуваат дека, според нив, токму во овие деловни и политички релации треба да се бараат причините за високите сметки за струја.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Еден час по полноќ имало пријава за семејно насилство во кичевско село

На 15 март 2026 година во 01:47 часот во ОВР Кичево било пријавено дека З.Р. од едно кичевско село физички ја нападнал неговата сопруга.По целосно расветлување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0macachlreevcFQIboH

Игнорирале забрана за возење – завршија во полициска станица

Во две одвоени сообраќајни контроли на 14 март 2026 година во Кичево, полицијата лишила од слобода двајца возачи кои управувале автомобили иако претходно им била изречена забрана за управување со моторно возило.Во 14:45 часот на булеварот „Ослободување“ бил приведен Н.К. (47) од Кичево, кој управувал патничко возило „пежо“ и покрај тоа што против него била изречена забрана за управување со возило од „Б“ категорија.Само петнаесет минути подоцна, на истиот булевар, бил приведен и Н.Ц. (31) од Кичево, кој управувал автомобил „БМВ“ и покрај изречената забрана.По налог на јавен обвинител, во двата случаи возилата биле одземени, а по документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

pozarna-

Провалник влегол во куќа во Струга и запалил мебел

На 14 март 2026 година во 15:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека непознат сторител со обивање на приземен прозорец насилно влегол во куќа во населбата „Езерски лозја“.Според пријавата, сторителот опожарил дел од мебелот и покуќнината. Повредени лица нема, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица.Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Малолетник претепан од врсници во Охрид

На 14 март 2026 година во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник.Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Охрид.Во врска со настанот, во СВР Охрид биле повикани неколку малолетници од градот, со кои во присуство на нивните родители биле извршени службени разговори. По целосно расветлување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 2 седмици

ohrid-turisticka-1

Контроли на полицијата во Охрид: малолетници во кафеана по 24 часот

На 15 март 2026 година во 00:25 часот, при контроли во угостителски објекти во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во објект на кеј „Македонија“ затекнале малолетни лица.Согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против правниот субјект и одговорното лице ќе биде поднесена пријава поради овозможување присуство на малолетници во угостителски објект по полноќ.

Охрид | пред 2 седмици

galicica-pozar-3

Поради зачестени пожари, полицијата во Охрид ја засилува превенцијата

Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид најави интензивирање на превентивните активности и контактите со граѓаните и институциите, со цел подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување пожари.На 14 март 2026 година полициски службеници оствариле средби со претставници на месната заедница во селото Издеглавје, како и со жители на општината Дебрца. Преку кратки разговори тие биле информирани за општите и посебните превентивни мерки за заштита од пожари, за правилата при движење низ шумски појаси, како и за казнените одредби поврзани со предизвикување пожари.Полицијата особено ја нагласила потребата од итно пријавување на евентуални пожари, со цел надлежните служби навремено да реагираат и да ги локализираат и изгаснат.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Иран се закани: Американските банки во регионот може да станат цели

Иранската војска предупреди дека подружниците на американски банки во регионот би можеле да станат легитимни цели доколку продолжат нападите врз иранската нафтена и енергетска инфраструктура.Како што пренесуваат иранските медиуми, бригадниот генерал на Иранска револуционерна гарда, Али Мохамад Наеини, изјавил дека секоја нафтена, економска или енергетска инфраструктура во која има американски удел ќе биде „веднаш уништена и претворена во куп пепел“.Според неговите зборови, ваквите објекти би можеле да станат директни цели во случај на понатамошни удари врз иранската инфраструктура.Слични закани Техеран упатува уште од почетокот на војната меѓу Иран и Израел, во која се вклучени и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 седмици

hrvatska

Полемика во Србија: Министерството предупредува да не се патува за Хрватска, а „Ер Србија“ воведува нови летови

Додека Министерството за надворешни работи на Србија им препорачува на граѓаните да патуваат во Хрватска само во случај на неопходност, националниот авиопревозник Ер Србија најави проширување на летната понуда токму кон таа земја.Министерството неодамна го ажурираше својот систем за проценка на безбедносниот ризик, познат како „семафор за патувања“, во кој Хрватска е ставена во портокалова зона. Тоа значи препорака граѓаните на Србија да не патуваат таму доколку не постои итна потреба.Според соопштението, оваа препорака е донесена поради, како што се наведува, зачестени инциденти, зголемени тензии и неповолни безбедносни околности.Посебно се предупредува на организирани патувања, како спортски и културни делегации, за кои се препорачува претходна координација со надлежните институции за проценка на безбедносните ризици.Сепак, речиси истовремено со ова предупредување, Ер Србија најави нови летови кон хрватските туристички дестинации. Генералниот директор Јири Марек соопшти дека ова лето ќе бидат воведени две неделни линии кон островот Брач.Со ова, авиокомпанијата планира да има до 38 неделни летови кон Хрватска, вклучително 13 летови за Загреб, секојдневни летови за Дубровник, шест неделно за Сплит, пет за Пула, три за Задар и два за Ријека.Најавата за новите линии предизвика критики во Србија. Членката на претседателството на Странка на слободата и правдата, Валентина Рековиќ, оцени дека ваквите пораки покажуваат недоследност во државната политика.Според неа, ситуацијата отвора дилема дали безбедносните предупредувања биле политичка порака или доказ за неусогласеност меѓу државните институции.

Свет | пред 2 седмици

media-librarye6hbabv14ier6XJziZA

Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата здравствена состојба постепено се подобрува.„Како се чувствувам... Животот продолжува понатаму. Имам некои повреди, тоа е. Имам изгореници, имав и внатрешни повреди. Одиме во Скопје на ласерски третмани, а пулмолози доаѓаат во Кочани и нѐ прегледуваат во болницата“, изјави Давитковски.Тој посочува дека првите денови по несреќата биле најтешки, но дека сега се чувствува подобро.„Првите денови беше потешко, понатаму не е. Сега за сега сум подобро“, додава тој.Давитковски вели дека повредените меѓусебно се поддржуваат .„Ние повредените се знаеме, летото бевме на Пониква. Ова ни е прво спортско дружење. Јас на сите сакам да им посакам побрзо оздравување“, рече тој.Прашан дали животот ќе продолжи понатаму, Давитковски одговори дека и покрај тешкотиите, мора да се продолжи напред.„Малку тешко, ама мора да продолжи“, вели тој.Тој раскажа и дека во дискотеката дошол околу 1:30 часот по полноќ, заедно со сопругата и пријатели, кога се случила трагедијата.„Бев на концерт, отидов околу 1:30 часот и за еден и пол час се случи тоа што се случи. Бев со сопругата и со другари. Од нашата маса има двајца починати“, сведочи Давитковски.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања