Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-library8g8r7rmpg2274TgQ2X0

Петрушевски: Синдикалниот протест беше политички инструмент на СДС

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека протестот организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија бил поддржан и организиран со помош на СДСМ.Според Петрушевски, на протестот имало лица со партиски обележја на СДСМ, што, како што рече, претставува доказ дека синдикалниот протест не бил исклучиво работнички.„Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДС. Тоа е доказ дека синдикалците не се организирале сами и дека во организацијата им помагале локални штабови на СДС од повеќе градови“, изјави Петрушевски.Тој оцени дека настанот покажал дека ССМ и СДСМ, според него, делуваат заеднички и ги злоупотребуваат работниците за политичка видливост.Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ја поддржуваат слободата на работниците да протестираат и да ги бараат своите права, вклучително и повисоки плати, но сметаат дека протестот не бил исклучиво насочен кон работничките барања.Петрушевски додаде дека, според него, целта на протестот била политичка промоција на СДСМ и на синдикалното раководство, а не исклучиво борба за работнички права.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Приведени двајца млади возачи во Гостивар, им ги одзедоа возилата оти немале возачки

Во две одвоени сообраќајни контроли во Гостивар на 14 март 2026 година, полициски службеници привеле двајца млади возачи кои управувале автомобили без возачка дозвола.Во 17:40 часот на улицата „Илинденска“ била запрена М.М. (19) од селото Чајле, која управувала патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки. По проверката било утврдено дека нема возачка дозвола, по што возилото било одземено.Два часа подоцна, во 19:40 часот на улицата „ЈНА“, полицијата го лишила од слобода Т.М. (21) од селото Равен, кој управувал „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки. И во овој случај било утврдено дека возел без возачка дозвола, а возилото било одземено.По целосно документирање на случаите против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Претреси во Тетово: уапсени четири лица, пронајдени предмети од кривични дела

Полициски службеници од СВР Тетово на 14 март 2026 година извршиле два одвоени претреса со судска наредба, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а приведени се вкупно четири лица.Во 11:45 часот бил извршен претрес во автомобилска работилница на Б.И. (35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што биле лишени од слобода Б.И., Д.А. (27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште. Како што информира МВР, на овој случај му претходела пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.Подоцна, во 15:55 часот, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово. И таму биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода. На овој случај му претходела пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Закани со нож во автобус и вооружен напад на пат во тетовско: интервенирано при два сериозни инциденти

Во текот на 14 март 2026 година во СВР Тетово биле пријавени два одвоени инциденти со елементи на закани и насилство.Во 20:00 часот, И.У. (66) од селото Желино пријавила дека во автобус Н.Ќ. од истото село ѝ се заканувал со остар предмет.Половина час подоцна, во 20:30 часот, Џ.В. (26) од Тетово пријавил дека додека управувал патничко возило „голф“ на локалниот пат од Тетово кон селото Брвеница, бил престигнат од друго возило кое му го блокирало патот. Според пријавата, од возилото излегле неколку лица кои со тврд предмет му го оштетиле автомобилот, а кај себе имале и оружје.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvonrua1ublb25HrS3zH

Дел од повредените од трагедијата во „Пулс“ ги чекаат сложени операции: Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите и лицето

Повеќе специјалисти од различни медицински области се вклучени во третманот на повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели докторката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска.Таа посочи дека во третманот се вклучени психијатри, дерматолози, пулмолози и хирурзи, кои работат со пациентите и ја следат нивната здравствена состојба.„Организирани се повеќе специјалисти од повеќе специјалности. Психијатрите, дерматолозите, пулмолозите и хирурзите работат со повредените. Вчера имавме повеќе хирурзи од Европа и Балканот на конференцијата и ја искористивме можноста да ги консултираме за понатамошни посложени интервенции“, изјави Паниќ-Мирчовска.Таа додаде дека во блиска иднина кај дел од пациентите ќе започнат хируршките интервенции, но нагласи дека станува збор за сложени повреди и лузни по изгореници, поради што мора да се постапува внимателно.„Тоа се сложени лузни и сложени повреди и не треба да се брза. Секоја избрзана одлука може да значи нова лузна. Треба да бидеме особено внимателни со лузните на прстите, рацете и лицето“, истакна таа.Паниќ-Мирчовска посочи дека и физичката активност може да помогне во рехабилитацијата, па така спортот претставува и еден вид физикална терапија за повредените, особено за оние кои имаат изгореници на рацете.Изјавата е дадена по повод хуманитарен кошаркарски натпревар организиран во спомен на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

Ескалација на конфликтот – Израел гаѓа воена инфраструктура во Иран

Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади врз инфраструктурата на режимот во Иран.Според соопштението, нападите се насочени кон воени цели во западниот дел на земјата.„Пред извесно време започнавме бран напади од широки размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот режим во западен Иран“, се наведува во соопштението на израелската војска.Во текот на ноќта и утрото, израелските власти пријавиле и повеќе ракетни напади од Иран врз Израел.Од 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа голема воена офанзива против Иран, израелската армија соопштува дека уништила ракетни лансери и друга воена инфраструктура во западниот дел на Иран.

Свет | пред 2 седмици

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Земјите од Заливот бараат помош од Украина за одбрана од ирански дронови

Украина бара финансиска и технолошка поддршка во замена за експертска помош за одбрана од ирански беспилотни летала во земјите од Персискиот Залив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според него, Киев испратил неколку експертски тимови на Блискиот Исток кои треба да направат проценка на системите за одбрана од дронови и да демонстрираат како може да се спротивстави на нападите со беспилотни летала.Секој од тимовите се состои од неколку десетици експерти кои ќе работат на анализа на одбранбените капацитети на земјите во регионот.Зеленски посочи дека државите од Персискиот Залив веќе потрошиле значителни количини противвоздушни ракети во одбрана од иранските дронови „Шахед“ и затоа побарале експертиза од Украина, која има големо искуство во нивно пресретнување поради војната со Русија.Украинските сили секоја ноќ пресретнуваат руски дронови користејќи различни системи, вклучително и поевтини беспилотни летала и опрема за електронско попречување.Украински тимови веќе биле испратени во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а експерти работеле и во американска воена база во Јордан.„Ние не сме во војна со Иран. Ова не е учество во операции, туку проценка како да се заштитиме од дроновите“, изјави Зеленски.Тој додаде дека разговорите за тоа каква помош ќе добие Украина за возврат сè уште траат, но нагласи дека за Киев во моментов се клучни и технологијата и финансиската поддршка.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп: Санкциите кон Русија ќе се вратат по завршувањето на кризата со Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека санкциите за руската нафта, кои привремено беа ублажени, повторно ќе бидат воведени веднаш по завршувањето на кризата со Иран.Во телефонско интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп објасни дека одлуката за привремено олеснување на санкциите кон Русија била донесена со цел да се стабилизира глобалното снабдување со нафта во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Сакам светот да има нафта. Сакам нафта“, изјави Трамп, посочувајќи дека мерката е поврзана со обидите на Иран да го ограничи преминот на нафтени танкери низ Ормускиот теснец.Американското Министерство за финансии неодамна издаде привремена дозвола со која на одредени држави им се дозволува да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на танкери, со цел да се намалат потресите на глобалниот енергетски пазар. Мерката, меѓу другото, ѝ овозможи и на Индија да продолжи со купување руска сурова нафта.Одлуката предизвика критики, особено од Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалното укинување на санкциите би било „сериозен удар“ за Украина и за меѓународните напори за притисок врз Москва поради војната.Трамп, пак, изјави дека е изненаден што Зеленски не е подготвен за договор со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Москва е подготвена за мировен договор.Одлуката беше поздравена од руските власти. Економскиот преговарач на Кремљ Кирил Дмитриев изјави дека руската енергија е неопходна за ублажување на глобалната енергетска криза и дека европските земји наскоро ќе мора да ја признаат таа реалност.Според податоците на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух, Русија во првите две недели од конфликтот со Иран остварила дополнителни приходи од околу шест милијарди евра од извоз на енергенси.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryeqroegr0q76tbkSg3L0

Се повеќе љубоморни партнери ставаат тракери во автомобили за да видат кај одат, тоа не е бондовски туку кривично дело, алармира Ина Многуфина

Инфлуенсерката и критичарка која пишува под псевдонимот Ина Многуфина предупредува за појава која, според неа, сè почесто се случува во токсични партнерски односи – тајно поставување тракери во автомобилите на партнерите.Во објава на социјалните мрежи таа наведува дека некои партнери, најчесто од љубомора и недоверба, нарачуваат уреди за следење и ги поставуваат во возилата за да проверат каде се движи нивниот партнер.„Има сега една појава што има земено сериозен замав, а тоа е партнери, најчесто во некој токсичен однос, нарачуваат тракери и им ставаат на партнерите по колите да видат кај одат. Колку и да им делува тоа бондовски во нивните несигурни глави кои сакаат да докажуваат дека се попаметни од партнерот во кој се сомневаат, вистината е дека се сериозно глупи, несигурни и немаат контрола врз себе. Да не беа глупи ќе знаеја дека тоа е кривично дело за кое се добива и до три години и колку и да мислат дека можат да се скријат, на компјутерски криминал им треба многу малце време да најдат со кој уред е поврзан тракерот. Тракерите ги ставаат најчесто во резервната гума или по места кои не често ги проверувате во колата. Доколку најдете нешто такво нема никаква потреба да ги прашувате зошто или како, одете и пријавете во полиција. Колку побрзо се тргнете од таков токсичен лик толку подобро за вас“, напиша Ина.

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryorjahdqd0hr98Nks2Md

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола е дел од бизнис мрежата на Мицкоски

СДСМ обвини дека назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола претставува дел од, како што велат, бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор.Од партијата наведуваат дека Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.Според СДСМ, поставувањето луѓе блиски до власта на клучни позиции во енергетиката директно влијае врз производството на електрична енергија и врз трошоците што ги плаќаат граѓаните.„Кога се произведува помалку струја, државата е принудена да увезува поскапа електрична енергија, а таа цена на крајот ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ.Партијата тврди дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра, а производството на струја било значително под планираното, односно наместо предвидените околу 5.000 гигават-часови произведени биле околу 3.000.Во соопштението СДСМ наведува дека постои поврзаност меѓу, како што тврдат, офшор компании на Кипар, бизнисменот Адамовиќ и компанијата Руднап груп, како и други институции, кои според нив се дел од иста бизнис мрежа.Од СДСМ додаваат дека граѓаните ќе ја почувствуваат цената на овие политики преку повисоки сметки за електрична енергија.

Македонија | пред 2 седмици

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Иран: Врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата.Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, шефот на иранската дипломатија изјави дека поморскиот премин е отворен за пловидба, н

Свет | пред 2 седмици

jane-cento

(Видео) Ченто за годишнината од пресудата за „27 април“: „Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи, бараме правда“

Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив, а правдата со однапред напишана пресуда“, напиша Ченто.Тој во објавата тврди дека сите учесници во процесот подоцна биле наградени со функции и унапредувања, што, според него, говори за природата на судскиот процес.Ченто наведува дека случајот „27 април“ ќе остане запишан како едно од најмрачните поглавја во независна Македонија, обвинувајќи дека власта се пресметувала со политички неистомисленици преку притисоци, тортура и злоупотреба на институциите.Во објавата тој истакнува дека, според него, пресудата резултирала со повеќе од 200 години затворски казни за обвинетите.„Вие нѐ осудивте. Историјата ќе нѐ ослободи. Бараме правда“, напиша Ченто, додавајќи дека борбата за вистината ќе продолжи.

Коментари | пред 2 седмици

puls-38

Во Виница денеска ќе има комеморација за Ана и Моника, жртви од „Пулс“

Општина Виница организира комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Настанот ќе се одржи на денеска, 15 март, во 19 часот во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница.Комеморацијата е посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника.Од општината информираат дека настанот ќе биде можност граѓаните заеднички да оддадат почит и да се потсетат на трагедијата што ја потресе јавноста.„Со заедничко присуство и сеќавање ќе им оддадеме достојна почит и ќе ја споделиме тишината што зборува повеќе од зборови“, се наведува во поканата за настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иранските напади врз нашите сојузници беа најголемото изненадување, ќе удриме врз нафтениот терминал

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон би можел повторно да изведе напади врз клучниот ирански нафтен извозен центар на островот Харг, истовремено намалувајќи ги очекувањата за брзо постигнување мировен договор со Иран.Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп изјави дека американските напади „целосно го десеткувале“ поголемиот дел од островот Харг, додавајќи дека американската војска би можела повторно да ја погоди локацијата.„Потполно го уништивме. Единствено што не ги погодивме енергетските водови, бидејќи нивната обнова би траела со години“, рече Трамп.Американскиот претседател оцени дека иранските власти се заинтересирани за договор, но нагласи дека условите за тоа „сè уште не се доволно добри“. Тој воедно изрази сомнеж дали новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, воопшто е жив, поради шпекулациите за неговата здравствена состојба.Трамп истакна дека најголемото изненадување за него биле нападите на Иран врз американските сојузници во регионот на Персискиот Залив.„Тие земји беа непотребно нападнати. Тоа е најголемото изненадување што го доживеав во целата оваа приказна“, изјави тој.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, Трамп рече дека не е јасно дали Иран поставил мини во овој стратешки поморски премин, кој е речиси целосно блокиран од почетокот на конфликтот пред две недели.Ормускиот теснец претставува еден од најважните светски транспортни коридори за нафта, низ кој во нормални услови минува околу една петтина од глобалната трговија со сурова нафта.Трамп најави дека американските сили „одлучно ќе го расчистуваат теснецот“, додавајќи дека очекува во операцијата да се приклучат и други земји чии бродови се погодени од блокадата, но не прецизираше кои држави би се вклучиле ниту колку долго би траела таквата операција.

Свет | пред 2 седмици

media-library8l81oju9nolf7ueuaxz

Од неспособни до дебили – така пропаѓаат институциите, а глупоста во општеството нема граници туку се усовршува, критикува професорката Алексиќ

Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ во објава на социјалните мрежи остро ја критикува состојбата во институциите, предупредувајќи дека институционалната деградација почнува тивко и постепено, но со текот на времето станува нормализирана појава.Таа ја опишува оваа појава со метафората „гускизам“, според која неспособноста и глупоста се шират постепено, создавајќи систем во кој секој поставува покрај себе уште понекомпетентни луѓе за да ја задржи сопствената позиција.„Институционалната деградација почнува неприметно лесно. Се движи вертикално лефтерно, како откинат пердув од гуска дур се шепури“, наведува Алексиќ.Таа објаснува дека, за разлика од граматичкото степенување кое е ограничено на позитив, компаратив и суперлатив, глупоста во општеството е неограничена и може бескрајно да се „усовршува“.Според неа, постепеното прифаќање на нови глупости доведува до состојба во која луѓето се навикнуваат на деградацијата и ја прифаќаат како нешто нормално.„Неспособните ќе ставаат крај себе глупави за да изгледаат попаметни; глупавиот ќе става идиоти за да не го оттурнат од позиција; идиотите ќе ставаат дебили за да се заштитат од народот, кој оглупавен станува соучесник во институционалната деградација“, наведува професорката.Во својата порака таа предупредува дека ваквиот модел на владеење води кон општество во кое деградацијата станува системска, а „гуски во магла“, како што вели, се појавуваат насекаде низ светот.

Коментари | пред 2 седмици

IMG_7814

Иран гаѓаше кон Емиратите, Саудиска Арабија и Израел – пресретнати стотици дронови

Обединетите Арапски Емирати повторно беа цел на ракетни и беспилотни напади од Иран, соопшти Министерството за одбрана на Емиратите, наведувајќи дека противвоздушната одбрана ги пресретнала проектилите и дроновите.Советникот на претседателот на Емиратите, Анвар Гаргаш, изјави дека земјата има целосно право да се брани од, како што ја нарече, „терористичката агресија“, но додаде дека Емиратите ќе продолжат да постапуваат разумно и воздржано, барајќи дипломатски излез од кризата.Напади биле пријавени и во други држави од Персискиот Залив, меѓу кои Саудиска Арабија, Кувајт и Катар. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени шест ирански балистички ракети во регионот Ал Харџ, каде се наоѓа воздушна база што ја користи американската војска.Во Кувајт, пак, меѓународниот аеродром бил цел на повеќе напади со дронови, при што бил оштетен радарски систем. Според Министерството за одбрана, два дрона биле насочени и кон воена база во која се наоѓа американски воен персонал.Експлозии биле пријавени и над главниот град на Бахреин, Манама. Според властите, од почетокот на нападите биле пресретнати 125 ракети и 203 дрона, а во нападите загинале две лица.Иран ги продолжи нападите и врз Израел. Израелските одбранбени сили соопштија дека Иран утрово извел седми ракетен напад врз Ерусалим и јужниот дел на земјата. Сирени за воздушна опасност се огласиле во повеќе области, а ракетите биле пресретнати.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во текот на ноќта ги повика „братските соседни земји“ да ги протераат странските воени сили од нивна територија, тврдејќи дека тие се користат за водење војна против Иран.Во меѓувреме, новоименуваниот врховен лидер на Иран Моџтаба Хамнеи претходно ги повика државите од Заливот да ги затворат американските воени бази на своја територија, иако во исто време нагласи дека Техеран сака да одржи добри односи со арапските соседи.

Свет | пред 2 седмици

media-librarypfvce7turrbofFZ0tGa

Тинејџерска сензација: Антонели триумфира во Кина пред Расел и Хамилтон

Младиот италијански возач Андреа Кими Антонели победи на трката во Кина во рамки на шампионатот во Формула 1, оставајќи ги зад себе Џорџ Расел и Луис Хамилтон.Со овој триумф Антонели влезе во историјата како еден од најмладите победници во Формула 1. Заедно со Макс Ферстапен, тој е меѓу ретките возачи кои победиле во шампионатот додека сè уште биле тинејџери.По трката, неговиот тим му упати искрени честитки, додека Антонели победата ја прослави емотивно, свесен за значењето на овој успех во неговата кариера.

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryfmd4ajghjhm8fkM0vXR

Трамп: Иран сака договор, но Вашингтон „сѐ уште не е подготвен“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака да постигне договор со САД, но дека Вашингтон во овој момент не е подготвен да прифати спогодба. Изјавата ја даде во телефонско интервју за американска телевизија, нагласувајќи дека условите што се на маса, според него, „сѐ уште не се доволно добри“.Трамп одби да навлезе во детали за тоа што точно би значело „доволно добри“ услови, но посочи дека една од клучните точки во евентуален договор би била јасна обврска на Иран да се откаже од какви било нуклеарни амбиции. Со тоа тој ја зацврсти позицијата дека без конкретни гаранции околу нуклеарната програма не може да има напредок во разговорите.Во истиот разговор, Трамп наведе и дека неколку држави се обврзале да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец – една од најважните поморски артерии за глобалната трговија со енергенси – но одби да ги именува земјите што би учествувале во таква коалиција.Реториката дополнително се заостри со неговата изјава дека САД „целосно го уништиле“ островот Харк, кој важи за клучна точка за извоз на иранска нафта. Трамп додаде дека целта би можеле повторно да ја погодат уште неколку пати, што во јавноста предизвика нови реакции и дополнителни тензии во веќе чувствителниот регионален контекст.Изјавите доаѓаат во период на засилени регионални тензии и растечки стравувања дека секое ново заострување околу Ормускиот Теснец може да има директни последици врз енергетските пазари и безбедноста на поморските рути. Во вакви околности, сигналите дека Техеран бара договор, а Вашингтон го одложува, ја отвораат дилемата дали следи дипломатска пауза или нова фаза на притисоци.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Млада девојка паднала од балкон во Тетово, со тешки повреди е пренесена на лекување во Скопје, а полицијата отвори истрага

Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител врши истрага како дошло до несреќата.Според официјалните информации од СВР Тетово, настанот се случил синоќа околу 18:40 минути. Случајот бил пријавен од Итната медицинска помош, кои интервенирале. Тие им кажале на полицајците дека „женско лице паднало од балкон“.Поради сериозноста на повредите, девојката е пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Увидот бил завршен уште во текот на вчерашниот ден. Засега нема други детали од страна на полицијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Иран го обвини Израел за нападите врз цивили во арапските земји

Иран го обвини Израел дека стои зад нападите врз цивили во неколку арапски земји, јави иранската државна агенција Фарс њуз.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека Иран не гаѓал цивилни или станбени подрачја, додавајќи дека во нападите можеби биле употребени беспилотни летала од американско производство.Како што наведува агенцијата, Арагчи не презентирал докази за ова тврдење.Тој додал дека Техеран е подготвен да формира заедничка истражна комисија со соседните држави за да се утврдат околностите околу нападите врз цивилни цели во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-librarymti8lnu9i8nlcRuVfOH

Шок во Шангај: Ред Бул го повлекува Ферстапен среде трка, Мерцедес маршира кон двојна победа

Втората трка во сезоната 2026 на Формула 1, возена на патеката во Шангај, доби драматичен пресврт поради неочекуваното повлекување на Макс Ферстапен. Од тимот на Ред Бул беше донесена одлука болидот да се тргне од трката, потег што веднаш ја смени динамиката на борбата за поени и ги отвори картите за ривалите.Во моментите кога пристигна веста за повлекувањето, Мерцедес изгледаше како најстабилната сила на патеката и се наметна како главен кандидат за двојна победа. Темпото на нивните возачи им овозможи контрола на трката, а конкуренцијата се обидуваше да одговори со различни стратегии и со ризици кои не секогаш носеа резултат.Зад водечките позиции, трката понуди и силни дуели и инциденти. По излегувањето од бокс, дојде до судир меѓу Естебан Окон и Франко Колапинто, откако двојката влезе во контакт во борба за позиција, што дополнително ја „разби“ средината на поредокот и ја зголеми неизвесноста за тимовите кои ловат бодови.Ферари, пак, се најде во сложена ситуација: борбата меѓу Луис Хамилтон и Шарл Леклер донесе спектакуларни моменти и размена на позиции, но цената беше тактичка дилема и ризик кој, според развојот на настаните, им го отежна нападот врз доминантниот Мерцедес. Со секој круг, стануваше појасно дека трката ќе се решава не само со брзина, туку и со ладна пресметка во одлучувачките фази.Со повлекувањето на Ферстапен и со растечката предност на Мерцедес, Шангај доби приказна што ќе се памети: комбинација од техничка драма, тактички шах и директни дуели на граница на контакт.

Спорт | пред 2 седмици

media-library1mcocmm86gps0xNOW3C

Форбс ја објави листата за 2025: Адам Сендлер најплатен актер, Том Круз веднаш зад него

Форбс ја објави најновата листа на најплатени холивудски актери за 2025 година, а на врвот се најде американскиот актер и комичар Адам Сендлер, со проценета заработка од околу 48 милиони долари.Според објавените податоци, рангирањето опфаќа 20 актери, чии вкупни приходи за изминатата година достигнале 590 милиони долари, што уште еднаш ја потврдува доминацијата на големите студиски продукции и платформите за стриминг во современата филмска индустрија.Сендлер, кој во последните години повторно ја зацврсти својата позиција преку соработки со големи продукции и проекти на Нетфликс, во 2025 година работеше како продуцент и актер на „Happy Gilmore 2“, продолжение на култната спортска комедија од 1996 година. Воедно, тој се појави и во филмот „Џеј Кели“ заедно со Џорџ Клуни, каде што ја толкува улогата на лојален менаџер на филмска ѕвезда, улога што му донела и номинација за „Златен глобус“ за споредна машка улога.На второто место се најде Том Круз со 46 милиони долари, најмногу благодарение на филмот „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, осмото продолжение од популарниот акциски серијал. Трет е Марк Волберг со 44 милиони долари, додека четвртата позиција ја држи Скарлет Јохансон со 43 милиони. Во топ-пет влегува и Бред Пит со 41 милион долари.Меѓу првите десет, според листата, се најдоа и Дензел Вашингтон (38 милиони долари), Џек Блек (28 милиони), Џејсон Момоа (28 милиони), Даниел Крег (27 милиони) и Мили Боби Браун (26 милиони). Дополнително, Мили Боби Браун е посочена како најмладата личност што некогаш влегла на оваа листа, на 22-годишна возраст.Во текстот се нагласува дека проценките за заработка се изработени врз основа на индустриски податоци и интервјуа, а наведените суми се пресметани по одземање на трошоци како хонорари за агенти, менаџери и адвокати.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

Повеќе од 150 здравствени установи оштетени во Иран по американско-израелските напади

Најмалку 153 здравствени установи низ Иран се оштетени во нападите што ги извршиле Соединетите Американски Држави и Израел, објави иранската новинска агенција Тасним.Според извештајот, меѓу оштетените објекти се и 56 сеопфатни центри за здравствени услуги, кои претставуваат најголем дел од погодените установи во здравствената мрежа на земјата.Погодени се и неколку медицински универзитети. Најголема штета е регистрирана на Универзитетот Керманшах, каде се оштетени 42 објекти, додека на Исфахан се пријавени 19 оштетени единици.Керманшах се наоѓа во западниот дел на Иран.Според податоците објавени од агенцијата, во нападите загинале десет лица, додека 248 повредени биле згрижени во болниците и подоцна пуштени на домашно лекување.

Свет | пред 2 седмици

meta

Meta најавува дека може да отпушти 20% од вработените: скапата трка по вештачка интелигенција ја турка компанијата кон ново „стегање на каишот“

Американската технолошка компанија Meta разгледува план за отпуштање на 20% или повеќе од својата работна сила, во обид да ги надомести високите трошоци за развој на вештачка интелигенција и да се подготви за „поефикасен“ модел на работа потпомогнат од AI, наведуваат извори запознаени со разговорите во компанијата.Според истите информации, во овој момент не е утврден конкретен датум за евентуалните отпуштања, ниту точната бројка на вработени што би биле опфатени. Дел од раководството, како што се посочува, веќе добило сигнал да почне да планира намалување на бројот на вработени како дел од поширок процес на рационализација.Meta засега официјално не се огласи по повод наводите. Доколку компанијата навистина се реши за кратење од околу една петтина од персоналот, тоа би било најголемото намалување по реструктурирањата на крајот на 2022 и почетокот на 2023 година.Последните достапни податоци покажуваат дека на крајот на декември 2025 година Meta имала речиси 79.000 вработени. Во ноември 2022 компанијата отпушти околу 11.000 луѓе, а четири месеци подоцна најави укинување на уште 10.000 работни места, во период кога целата технолошка индустрија минуваше низ бран на „затегнување“ по постпандемиската експанзија.Во меѓувреме, фокусот на Meta сè повеќе се префрла кон генеративна вештачка интелигенција. Компанијата, според достапните информации, нуди и исклучително високи компензациски пакети за да привлече врвни истражувачи во нови AI тимови, а во исто време најавува и масивни капитални вложувања за инфраструктура – особено за центри за податоци.Сигналите за „ефикасност преку AI“ се вклопуваат во поширокиот тренд меѓу големите американски компании, каде автоматизацијата и напредните модели се сè почесто наведувани како причина за промени во организацијата и бројот на вработени. Во тој контекст, наводите за Meta се читаат како продолжение на индустриската логика: повеќе инвестиции во пресметковна моќ и талент, помалку „тежина“ во традиционални тимски структури.

Свет | пред 2 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Граѓаните платиле 3 милиони евра повеќе поради поскапувањето на дизелот, Владата една недела без мерки за цените на горивата, вели СДСМ

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски цела недела не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата, и покрај, како што велат, растечкиот притисок врз животниот стандард на граѓаните.Од партијата предупредуваат дека поскапувањето на горивата директно ќе се одрази и врз цените на другите производи. Според нив, во маркетите веќе се чувствува притисокот врз цените, а цената на маслото за јадење надминала 100 денари.„Дали Владата на Мицкоски намерно дозволува ваква состојба за да профитира од високите даноци или станува збор за неспособност?“, прашуваат од СДСМ.Од опозициската партија велат дека веќе предложиле пакет мерки, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за четири денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.Според нив, овие мерки долгорочно би придонеле за намалување на цените и олеснување на трошоците за граѓаните.Од СДСМ тврдат дека само со последното покачување на цената на дизелот за 14 денари, граѓаните оваа недела платиле околу три милиони евра повеќе.Партијата предупредува и на можен дополнителен раст на цените на нафтата, доколку конфликтот во Иран потрае подолг период. Според нивните проценки, доколку кризата трае три месеци, цената на нафтата би можела да достигне 150 до 160 долари за барел.Од СДСМ оценуваат дека доколку Владата не преземе мерки за ограничување на растот, цените ќе продолжат да растат и подоцна ќе биде тешко да се вратат на пониско ниво, дури и ако дојде до стабилизација на светските пазари.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања