Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

dolari_2_337166270

Инвеститорите бегаат во „сигурни валути“: Доларот расте втора недела по ред

На светските финансиски пазари американскиот долар зајакна втора недела по ред, бидејќи ескалацијата на кризата на Блискиот Исток ги натера инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за капиталот.Доларскиот индекс, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 1,6 проценти и достигна 100,49 поени.Во однос на евро, американската валута зајакна за 1,7 проценти, па курсот се спушти на 1,1415 долари за евро. Доларот се засили и во однос на јапонскиот јен за 1,2 проценти, достигнувајќи ниво од 159,70 јени за долар.Аналитичарите посочуваат дека инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, особено откако цените на нафтата пораснаа за повеќе од 35 проценти во последните две недели, по нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран.И покрај изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и Израел победиле, кризата во регионот продолжува. Иран и натаму изведува ракетни напади врз Израел и соседните држави, а истовремено го ограничува преминот на танкерите низ Ормускиот теснец, што дополнително го потресе светскиот пазар на нафта.Силен и подолготраен раст на цените на нафтата би можел сериозно да влијае врз економиите на Еврозоната и Јапонија, кои во голема мера зависат од увоз на енергенси. Спротивно на тоа, економијата на Соединетите Американски Држави би можела полесно да се справи со ваквиот шок бидејќи земјата е нето-извозник на нафта.„Инвеститорите ја намалуваат прекуграничната изложеност и го пренасочуваат капиталот кон побезбедни засолништа, додека под притисок се валутите на земјите кои се нето-увозници на енергенси“, изјави стратегот во компанијата Корпеј, Карл Шамота.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Први реакции откако Трамп повика земјите да праќаат бродови преку Ормускиот теснец

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги повика сојузничките држави да испратат воени бродови во Ормускиот теснец со цел да се обезбеди непречена пловидба низ овој клучен поморски коридор за извоз на нафта.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изрази надеж дека во операцијата ќе се приклучат Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.По неговата изјава, реакциите од овие држави засега се претпазливи.Од британското Министерство за одбрана соопштија дека Лондон разговара со сојузниците за можните чекори.„Во моментов со сојузниците и партнерите разгледуваме повеќе опции за да се обезбеди безбедноста на пловидбата во регионот“, изјави портпарол на министерството.Од Кина порачаа дека приоритет треба да биде прекин на непријателствата. Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон за Си-Ен-Ен изјави дека сите страни имаат одговорност да обезбедат стабилно и непречено снабдување со енергија.Во Јапонија засега нема официјална одлука. Јапонски претставници изјавија дека Токио ќе донесе одлука врз основа на сопствена проценка и дека нема автоматски да испрати воени бродови само затоа што тоа го побарал Вашингтон.Од Франција демантираа дека испраќаат бродови во Ормускиот теснец, наведувајќи дека нивниот носач на авиони и придружната флота остануваат распоредени во источниот дел на Средоземното Море во рамки на одбранбена мисија.Од Јужна Кореја, пак, соопштија дека ќе го разгледаат американскиот повик и ќе донесат одлука по дополнителна анализа и координација со Вашингтон.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Иранската војска се закани: Ќе го убиеме Нетанјаху

Иран упати закана дека ќе го ликвидира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми.Полуофицијалната новинска агенција Мехр пренесе дека Исламската револуционерна гарда соопштила оти ќе продолжи да го „прогонува и ќе го убие со сила“.Во истото соопштение, Револуционерната гарда тврди дека во 52-риот бран напади погодила цели во Израел, како и три американски воени бази во регионот.Тврдењата засега не се независно потврдени, а тензиите меѓу Иран и Израел продолжуваат да растат по серијата меѓусебни напади во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryriq05fipthrm1L2Tm7V

(Видео) Газда Деко правел црн капитал уште многу пред „Пулс“, ме згрозува што не чувствува вина, вели ексначалникот Ѓурчевски

Ексначалникот во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски, во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за одговорноста за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој рече дека газдата Дејан Јованов-Деко бил предмет на опсервација уште во случајот „Детонатор“.„Газда Деко значи во некои работи се спомнуваше уште во акцијата детонатор 2012/2013 година со оние фамозни апарати за игра на среќа, таму се правеше огромни профити од тие материјали коцкарници, диви коцкарници“, рече Ѓурчевски.Прашан дали сака да каже дека Деко не е само обичен газда, тој рече: „Тој е човек што правел црн капитал уште многу многу многу пред ова. па откаде му се парите, тој имаше и кафич, имаше и ова, имаше и она. Значи некои треба малку посериозно да се позанимава. Како се праени пренамените, зошто е даван рушвет, се зборува тамо за поткуп од седум илјади евра за нелегална лиценца. Управа за јавни приходи никојпат не му дошла да наплати одредени даноци кои што требало да ги наплати, и така натаму. Некои министри се јавувале во управата за приходи. Зошто би некого јас би го корумпирал ако работам чесно? сега некој да ме убеди мене сака дека не чувствува вина?“.Ѓурчевски доаѓа: „Господине Дејан абе објектов ти го направи од шупа, го направи златен и сега ти да не чувствуваш вина, зошто немаш посебни излези, немаш посебни влезови, немаш вентилација, немаш соодветна противпожарна заштита. Материјалите се погрешни. Материјалите, немаш огноотпорни материјали, немаш ова, немаш она, и сега ти да не чувствуваш вина, а си остваруваш профит дваесет години, тоа мене ме згрозува“.Цел поткаст на многу теми поврзани со криминалните случувања во Македонија:

Македонија | пред 2 седмици

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Минусни температури наутро, до 19 степени во текот на денот

Утрово најниска температура од минус 5 степени е измерена во Берово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Според податоците на синоптичарите, минус 2 степени се измерени во Маврови Анови, додека минус 1 степен е регистриран во Битола, Струмица, Крива Паланка и на Попова Шапка.Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово и Претор, додека 1 степен е измерен во Велес, Крушево, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип.Два степени се измерени на Скопје-Зајчев Рид, како и во Кавадарци и Охрид, а 3 степени во Виница.Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 54 сантиметри.Според прогнозата, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, би можел да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток како дел од мерките за зајакнување на одбраната во регионот, објави Телеграф.Според извештајот, британските воени претставници разгледуваат дали системот за пресретнување беспилотни летала „Октопус“, кој се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во одбраната од Русија, може да се искористи и против иранските дронови „Шахед“.Овој систем би можел да се употреби за зајакнување на британската одбрана од можни напади со беспилотни летала во регионот, особено по ескалацијата на тензиите со Иран.Агенцијата Ројтерс наведува дека засега не можела независно да ја потврди информацијата објавена од британскиот весник.

Свет | пред 2 седмици

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Трамп: Не знам дали новиот врховен лидер на Иран е воопшто жив

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема потврда дали новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, е жив по американско-израелските напади.Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека досега никој јавно не го видел Хамнеи и дека постојат различни информации за неговата состојба.„Не знам дали воопшто е жив. Засега никој не го покажал. Слушам дека не е жив, а ако е, треба да направи нешто многу паметно за својата земја – да се предаде. Некои мислат дека е жив, но тешко ранет“, изјави Трамп.Еден ден претходно, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека врховниот лидер на Иран веројатно е сериозно повреден во нападите на САД и Израел.Во истото интервју, Трамп зборуваше и за ситуацијата во Ормускиот теснец, клучен поморски коридор за извоз на нафта, изразувајќи очекување дека и други држави ќе се приклучат во операцијата за обезбедување на пловидбата.Тој посочи дека не сака да ги именува сите држави што би можеле да се вклучат, но претходно изрази надеж дека во операцијата ќе учествуваат Обединетото Кралство, Кина, Франција, Јапонија и Јужна Кореја.

Свет | пред 2 седмици

media-librarycd42ulm2t9o653QnFnH

Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме чекции за посилен систем, вели претседателката

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата во Кочани, која се одржа во Скопје во организација на Владата.Таа истакна дека трагедијата во Кочани останува длабока рана за државата и силен потсетник за потребата од одговорност, подготвеност и солидарност во справувањето со кризни ситуации.„Трагедијата во Кочани беше момент на национален шок, длабока човечка болка, ерупција на сочувство и солидарност, но и момент на политичка и општествена катарза. Пред огледалото на совеста и одговорноста се најдовме сите и сè уште сме“, истакна претседателката.Сиљановска-Давкова потсети на драматичните моменти по несреќата, кога родителите и блиските на повредените чекале пред болниците, додека лекарите се бореле за спасување на младите животи.Таа оцени дека одлуката најтешко повредените пациенти да бидат испратени на лекување во странство била исправна и дека токму брзата координација меѓу институциите, здравствениот систем и меѓународните партнери овозможила спасување на голем број животи.Претседателката посочи дека трагедијата покажала оти справувањето со вакви катастрофи не е само медицинско, туку и политичко, етичко и институционално прашање, кое бара силна координација и подготвеност на системот.Според неа, оваа конференција е важен чекор за експертска евалуација на преземените мерки и за систематизирање на научените лекции, со цел подобра подготовка на државата за идни кризни ситуации.Таа го потенцираше значењето на новите системски мерки, меѓу кои се усвојувањето на национален план за справување со масовни жртви, воспоставување нови медицински протоколи и зајакнување на институционалната координација.„Кочанската трагедија не останува само болен спомен, туку и постојано предупредување дека без стандарди, без правила и без одговорност ниту една дејност не може безбедно да функционира и дека ништо не смее да биде поважно од правото на живот“, порача Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп бара сојузници за Ормускиот теснец – реакциите на светските сили претпазливи

Повикот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повеќе држави да испратат воени бродови во Ормускиот теснец засега наидува на претпазливи реакции од меѓународната заедница.Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека очекува држави како Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство да испратат воени бродови за да се обезбеди слободна пловидба низ теснецот, кој е клучен поморски коридор за извоз на нафта.Од Обединетото Кралство соопштија дека моментално разговараат со сојузниците за можните чекори.„Во моментов со сојузниците и партнерите разгледуваме повеќе опции за да се обезбеди безбедна пловидба во регионот“, изјави портпарол на британското Министерство за одбрана.Од Кина порачаа дека приоритет треба да биде прекин на непријателствата. Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон изјави дека сите страни имаат одговорност да обезбедат стабилно и непречено снабдување со енергија, без директно да одговори дали Пекинг ќе испрати воени бродови.И Јапонија засега не дала официјален одговор. Јапонски претставници изјавиле дека Токио самостојно ќе донесе одлука врз основа на сопствена проценка и дека нема автоматски да испрати воени бродови по барање на Вашингтон.Од Франција, пак, демантираа дека испраќаат воени бродови во регионот, наведувајќи дека нивната флота останува распоредена во источниот дел на Средоземното Море во рамки на одбранбена мисија.Од Јужна Кореја засега нема официјална реакција на повикот на Трамп.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Каде е Мојтаба Хамнеи? Аналитичарите велат дека војната ја води Револуционерната гарда

Една недела откако Мојтаба Хамнеи беше именуван за нов врховен лидер на Иран, јавноста сè уште не го видела во јавноста, што отвора прашања кој всушност ја води воената стратегија на земјата.Според анализите што ги пренесува Си-Ен-Ен, неговото јавно присуство можеби и не е клучно, бидејќи вистинската оперативна моќ се наоѓа во институциите под врховниот лидер.Аналитичарите сметаат дека значајна улога во военото планирање има Исламската револуционерна гарда, елитна структура на иранските вооружени сили, која со децении има огромно влијание врз безбедноста, политиката и економијата на државата.Оваа организација е формирана по Иранската револуција во 1979 година, со цел да го заштити новиот револуционерен режим. Со текот на времето, Револуционерната гарда изгради силна паралелна структура покрај редовната армија и стана еден од најмоќните центри на влијание во земјата.Командантот на гарда директно одговара пред врховниот лидер, а организацијата има силно присуство и во економијата – од градежништво и телекомуникации до енергетика и автомобилска индустрија.Во 2019 година, администрацијата на Доналд Трамп ја прогласи Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, по што иранските власти возвратија прогласувајќи ги Соединетите Американски Држави за „државен спонзор на тероризмот“.И неколку американски сојузници во регионот, меѓу кои Бахреин и Саудиска Арабија, ја ставија Револуционерната гарда на своите листи на терористички организации, додека Европската Унија годинава ја донесе истата одлука по насилното задушување на антивладините протести во Иран.

Свет | пред 2 седмици

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Концерти, марш и спортски настани во спомен на жртвите од „Пулс“

Во Кочани денеска продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади лица.Според програмата, денешниот ден започнува во 9 часот со релацијата Штип – Кочани, каде што ќе се вози во чест на загинатите 63 „ангели“.Во 9 часот е предвидена и релацијата Полениково – Ново Балгур – Осогово, каде ќе се одржи првиот меморијален планинарски марш „Ивана Антова и 63 ангели“.Во спортскиот дел од програмата, во 10 часот ќе се игра турнир во кошарка за помладите категории.Во рамки на културната програма, во 13:30 часот во НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи настан „Кочани ни благодари“ со музички и балетски перформанс.Во 17 часот е закажан концерт на Марко Видоевиќ и ИБЕМ, додека во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.Настаните се дел од повеќедневната програма со која Кочани се сеќава на жртвите и испраќа порака дека трагедијата никогаш нема да биде заборавена.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп: Испраќаме воени бродови во Ормускиот теснец, се очекува и Кина и европските држави

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави дека Вашингтон ќе испрати воени бродови во Ормускиот теснец со цел да се обезбеди непречено поморско движење и да се спречи обидот на Иран да го затвори овој клучен енергетски коридор.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп посочи дека повеќе држави погодени од можноста Иран да го блокира теснецот ќе се приклучат на операцијата за обезбедување на пловидбата.„Многу земји, особено оние кои би биле погодени од обидот на Иран да го затвори Ормускиот теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД за теснецот да остане отворен и безбеден“, напиша Трамп.Тој изрази очекување дека во операцијата би можеле да се вклучат и големи сили како Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.Американскиот претседател во објавата тврди и дека американските сили веќе ги уништиле „100 проценти од иранските воени капацитети“, но предупреди дека Техеран и натаму може да се обиде да испрати беспилотни летала, мини или ракети во регионот.Трамп најави и продолжување на воените операции, додавајќи дека американските сили ќе продолжат со напади врз иранските пловни објекти доколку е потребно.„На овој или на оној начин, Ормускиот теснец наскоро ќе биде отворен, безбеден и слободен“, порача Трамп.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран: Ормускиот теснец е затворен само за нашите непријатели

Иран соопшти дека Ормускиот теснец не е целосно затворен, туку дека ограничувањето важи само за танкери и бродови што припаѓаат на непријателите на Техеран и нивните сојузници.Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесуваат иранските државни медиуми.Арагчи предупреди дека Иран ќе нападне објекти на американски компании во регионот доколку иранската енергетска инфраструктура стане цел на нови напади.„Ормускиот теснец е затворен само за танкери и бродови што им припаѓаат на непријателите на Иран и на нивните сојузници“, изјави Арагчи.Тој додаде дека Техеран ќе постапува внимателно и ќе се обидува да избегне напади врз населени подрачја, иако, како што нагласи, Иран е подготвен да возврати ако неговите енергетски капацитети бидат нападнати.

Свет | пред 2 седмици

media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

Итно предупредување од Вашингтон: Американците да заминат од Ирак

Соединетите Американски Држави ги повикаа своите државјани веднаш да го напуштат Ирак, откако во текот на ноќта беше извршен напад врз зградата на американската амбасада во Багдад.Од Амбасадата на САД во Багдад соопштија дека американските државјани кои сепак ќе одлучат да останат во Ирак треба сериозно да ја преиспитаат својата одлука поради зголемената безбедносна закана.„Американските државјани кои ќе одлучат да останат во Ирак треба повторно да ја разгледаат својата одлука, со оглед на значајната закана од терористички милиции поврзани со Иран“, се наведува во соопштението.Од амбасадата информираа дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и дека ќе продолжат редовно да објавуваат информации за да им помогнат на граѓаните да донесат одлуки поврзани со нивната безбедност.Воедно, САД порачаа дека се подготвени да им помогнат на своите државјани кои сакаат да ја напуштат земјата, обезбедувајќи им најнови информации за достапните можности за заминување од Ирак.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf6hgvcg1pukf2gFrnPT

(Видео) „Мислев дека го губам животот“: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, првпат за трагедијата во „Пулс“

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, првпат јавно проговори за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настапувал со бендот во ноќта кога избувна пожарот.Тонев, кој има 25 години, раскажа дека во моментот на несреќата се здобил со тешки повреди и мислел дека го губи животот.„Јас сум Горан Тонев. Имам 25 години. Четири години се занимавам со музика. На кобната вечер настапував со ДНК како нивен гитарист. Се случи тоа што се случи – некако излегов со многу повреди и мислев дека го губам мојот живот“, раскажува Тонев.Тој вели дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината мајка го пренела до болницата во Кочани со приватно возило.„Една девојка, која подоцна дознав дека се вика Моли, со нејзината мајка ме однесоа во болницата во Кочани“, вели Тонев.По првичната медицинска помош во Кочани, тој бил префрлен на лекување во Скопје, каде ја изгубил свеста и бил ставен во вештачка кома речиси еден месец.„Потоа сум пренесен во клиника во Скопје и таму ја губам свеста и сум во вештачка кома скоро еден месец“, сведочи Тонев.Подоцна бил транспортиран на лекување во болницата „Папа Николаос“ во Солун, каде, како што вели, медицинскиот персонал и неговото семејство му дале огромна поддршка во борбата за закрепнување.„Можам да кажам дека тие се грижеа за мене не како пациент, туку како за нивно дете“, додава Тонев.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

100 нови возила за Итна помош и нов протокол за изгореници – Алиу кажува за мерките по трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Азир Алиу во завршното обраќање на Меѓународната конференција посветена на трагедијата во Кочани истакна дека државата веќе ги преточува научените лекции од пожарот во конкретни системски решенија за подобра подготвеност при масовни несреќи.Тој нагласи дека конференцијата покажала колку е важна интерсекторската соработка при справување со вакви трагедии и дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција, туку и однапред подготвен и институционално усогласен систем на постапување.„Трагедијата во Кочани уште еднаш потврди дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција. Потребен е однапред подготвен, прецизно структуриран и институционално усогласен систем на постапување“, изјави Алиу.Министерот информираше дека на последната владина седница е усвоен првиот национален план за справување со масовни жртви во државата. Планот е подготвен согласно препораките на Светската здравствена организација, европскиот механизам за цивилна заштита, стандардите на НАТО и меѓународните здравствени регулативи.Со неговата примена се очекува подобра координација меѓу институциите, поефикасно користење на ресурсите и побрз одговор при масовни инциденти, со цел намалување на смртноста и зголемување на преживувањето.Во рамки на мерките е подготвен и првиот национален протокол за третман на пациенти со изгореници, кој треба да воспостави јасни стандарди за проценка, тријажа, транспорт, интензивно лекување, хируршки третман и рехабилитација на сите нивоа на здравствениот систем.„Благодарение на работната група составена од експерти од различни области, денес имаме протокол кој обезбедува современ и структуриран алгоритам за постапување кај пациенти со изгореници“, посочи министерот.Алиу информираше дека паралелно се работи и на пошироко јакнење на системот за здравствен одговор во кризни ситуации. Дел од мерките се модернизација на службата за итна медицинска помош, воведување на профилот парамедик и лиценцирање на EMT Type 1 тимови според меѓународни стандарди.Дополнително, Владата донела одлука во текот на оваа година да се обезбедат 100 нови возила за Итната медицинска помош, со вкупна вредност од околу 7,5 милиони евра, со што значително ќе се зајакнат капацитетите на оваа служба.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhnnnadeg5gvlbQO9mWw

(Видео) Исповед на преживеана од „Пулс“: По комата започна борбата за живот, а денес сфаќам дека ништо не вреди ако не си здрав

Преживеаната од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Надалина Грозданова, првпат јавно проговори за ноќта на пожарот и за тешката борба за живот што следувала по несреќата.Грозданова, која во моментот на трагедијата имала 19 години, беше една од повредените во пожарот. Таа раскажа дека нејзините сеќавања од моментот кога избувнал пламенот се избришани, но дека вистинската борба започнала по будењето од кома.„Јас сум Надалина Грозданова, имав деветнаесет години и бев меѓу луѓето кои беа повредени во пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани. Сеќавањата од моментот кога избувна пламенот ми се избришани и не памтам точно што се случи, но од моментот кога се разбудив од кома во Грција знам дека во секој момент сум имала некој до мене и дека докторите и целиот медицински тим ми го спасиле животот“, раскажа таа.Таа нагласи дека секоја секунда во тие моменти значела живот и дека искуството целосно ја променило како човек.„Од многу аспекти се сменив како човек. Порано се грижев за многу работи во животот, но денес сфаќам дека ништо нема вредност кога не си здрав“, вели Грозданова.Додека се лекувала на интензивна нега, таа ја добила и титулата ученик на генерацијата, но признава дека во тој момент тоа не ѝ значело ништо.„Титулата ученик на генерација ми ја доделија додека бев на интензивна нега. Во тој момент тоа ништо не ми значеше. Животот го гледам на сосема поинаков начин“, раскажа таа.Нејзината порака по трагедијата е дека здравјето е најважно.„Добриот и здрав човек има милион желби, а болниот има само една – да оздрави. Тоа го почувствував на своја кожа“, вели таа.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryic350l0emo3fcoupbO6

Војната со Иран го урна пазарот на недвижности во Дубаи за 30 проценти

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад по ескалацијата на војната со Иран, откако ракетните напади во регионот на Персискиот Залив создадоа силна економска неизвесност.Според податоците што ги пренесува Анадолу, индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи паднал за околу 30 проценти од 28 февруари.Индексот на Финансискиот пазар во Дубаи, кој на 28 февруари изнесувал 16.140 поени, се намалил на околу 11.500 поени до затворањето на тргувањето во петокот, што е најниско ниво од април 2025 година.Ескалацијата на конфликтот започна на 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа заеднички напади врз Иран. Во нападите, според извештаите, загинале околу 1.200 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети кон цели во Израел, Јордан, Ирак и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази.Во меѓувреме, американската банка Ситибанк одлучи привремено да ги затвори своите филијали во Обединетите Арапски Емирати поради безбедносната ситуација во регионот.

Свет | пред 2 седмици

IMG_4867

Mлад тетовец нападнал пешак, па го удрил со автомобил, објави МВР

Според информацијата објавена од МВР, на 13 април 2026 година во 23:00 часот во селото Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б. (18) од истото село.Претходно, според пријавата од М.С. (22), по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото, Б.Б. физички го нападнал, а потоа, додека М.С. пеш се движел, бил удрен од патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот.Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5thgl0grhjsv1wnfs5f

Трагедија во Кисела Вода: Работник загина по пад од висина на градилиште во Скопје

На 13 март 2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, во објект во изградба, Ж.С. (59) од селото Герман, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи, паднал од висина.Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 17:40 часот починал. Смртта ја констатирал лекар, а на местото бил извршен увид. За случајот бил известен и трудов инспектор.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Полицијата лоцираше лица барани со судски наредби: тројца приведени за издржување затвор и притвор

Во одвоени полициски акции во Гостивар, Кавадарци и Велес биле приведени три лица по судски наредби за издржување затворски казни и мерка притвор.Во селото Долна Бањица, гостиварско, бил приведен Е.Н. (26), кој се барал за издржување затворска казна од две години, седум месеци и 16 дена во КПУ Затвор Штип, поради бегство.Во Кавадарци бил приведен Т.Т. (78), врз основа на наредба од Основниот суд Кавадарци, за издржување затворска казна од осум месеци за кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Гевгелија.Во Велес, пак, полицијата го лишила од слобода Т.И. (25), по издадена потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Кривична пријава за виничанец што ги прекршил забраните и ѝ се заканувал на поранешната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Б.Т. (59) од Виница поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „непочитување на судска одлука“.Според пријавата, на 7 и 8 март 2026 година во виничко село, тој постапил спротивно на судска одлука со која му било забрането да се приближува на помалку од 100 метри и да одржува контакт со неговата поранешна 65-годишна партнерка. Притоа, ѝ упатувал и закани.Случајот е процесиран со кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

policija-policaec-35-450x270-1

Инциденти низ Скопје: тепачки, напад во автобус и агресија кон полицијата

Во текот на 13 и 14 март во Скопје биле регистрирани повеќе одвоени случаи на физички напади, нарушување на јавниот ред и агресивно однесување кон полициски службеници.Во автобус на подрачјето на Центар, В.Р. (19) пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. На подрачјето на Гази Баба, полицијата регистрирала физичка пресметка помеѓу И.П. (43) и Ч.Д. (41), двајцата од Скопје. Во Кисела Вода, И.С.О. (33) пријавила дека била физички нападната од И.Д. (60), исто така од Скопје.Одделно, на подрачјето на Кисела Вода била лишена од слобода К.Б.С. (31), затоа што спречувала полициски службеници во вршење службени дејствија, додека во Центар бил приведен Д.Г. (30), поради агресивно однесување кон полицајци додека извршувале службени задачи.За сите случаи се преземаат мерки, а по документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

uchenici-vrsnichko-nasilstvo-tepachka

Бран насилство меѓу малолетници: напади во Скопје, Кочани и Пробиштип

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на насилство меѓу малолетници и врз деца во Скопје, Кочани и Пробиштип, а за дел од нив веќе се поднесени и кривични пријави.Во Скопје, В.Ј. (53) пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Во друг случај, В.С. (47) пријавил дека во Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички, кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив го снимала настанот со мобилен телефон. Следниот ден, С.В. (52) пријавил дека В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, која претходно ја нападнала ќерката на В.С. Уште еден случај бил пријавен и во Ѓорче Петров, каде Б.А. (42) навел дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик во основно училиште.Во Кочани, Е.И. (31) пријавила дека во соблекувална на спортска сала во основно училиште нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.Во Пробиштип, пак, Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднела кривична пријава против А.П. (19) од селото Калниште поради сомнение за кривично дело „насилство врз дете“, откако на 28 декември 2025 година, по претходна расправија, физички нападнал 17-годишник од Пробиштип.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Серија тешки сообраќајки во Скопје и Битола: загина 18-годишен мотоциклист

Во три одвоени сообраќајни несреќи што се случиле на 13 март во Скопје и Битола, едно лице загинало, а повеќе други се здобиле со тешки телесни повреди.На улицата „Адем Демачи“ во Скопје, околу 15:20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ управувано од А.Б. (35), сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал 18-годишниот мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.Неколку часа подоцна, во 19:01 часот, во Битола на улицата „Крушевска Република“ патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М. (61) од Битола, удрило во пешакот Н.И. (41) од Прилеп. Повредениот пешак бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Истата вечер, во 21:12 часот, на крстосница составена од патот А3 се случила уште една сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувана од Ј.П. (33) од Битола, и „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (22) од селото Кукуречани. Во несреќата Д.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека Ј.П. поминал со телесни повреди.Во сите случаи бил извршен увид од полициски екипи и јавен обвинител таму каде што било потребно.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања