Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Крвав напад во Иран: седум загинати и 56 повредени во Доруд

Најмалку седум лица загинаа, а 56 се повредени во американско-израелски напад врз станбени области во градот Доруд, во иранската покраина Лорестан, јавија иранските медиуми.Според заменик-гувернерот задолжен за безбедност, мета на нападот биле цивилни и густо населени делови од градот, што предизвикало значителни човечки загуби и повреди.Новинската агенција Тасним претходно информираше и за уште еден напад во истата покраина, при што четири лица биле убиени во руралните подрачја на регионот Чегени.Информациите доаѓаат во услови на продолжена ескалација на конфликтот, со зголемен број напади врз различни делови од Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library0klg808enbjk7gcgnc7

(Видео) „Исламската Република е стабилна, системот е посилен од поединците“ – порака по ликвидацијата на Лариџани

Убиството на високиот безбедносен функционер Али Лариџани нема да предизвика дестабилизација на Иран, изјави шефот на дипломатијата Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира.Тој нагласи дека политичкиот систем на Иран е стабилен и не зависи од поединци, туку од институции кои функционираат континуирано.„Не ми е јасно зошто Американците и Израелците сè уште не го разбираат тоа: Исламската Република Иран има цврста политичка структура со воспоставени политички, економски и општествени институции. Таквата структура не зависи од присуството или отсуството на било кој поединец“, изјави Аракчи.Тој додаде дека иако поединците имаат влијание, клучно е што системот останува стабилен и отпорен.„Секој има своја улога – некој поголема, некој помала – но суштината е дека политичкиот систем е многу постојан“, посочи иранскиот министер.Како пример за стабилноста на системот, Аракчи го наведе убиството на претходниот врховен лидер Али Хамнеи, по што, како што рече, државата продолжила да функционира без прекин.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Иран: Ги гаѓаме урбаните зони бидејќи САД ги префрлија војниците во хотели

Иран ги оправдува нападите во близина на урбани средини во земјите од Персискиот Залив со тврдењето дека американските сили се префрлени од воени бази во хотели и објекти во градовите, изјави шефот на дипломатијата Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира.„Каде и да се наоѓаат американските сили или објекти што им припаѓаат, тие се легитимна цел. Можно е некои од тие локации да се во близина на урбани области“, изјави Аракчи.Тој призна дека нападите предизвикале загриженост и последици за населението во регионот, но вината за почетокот на војната ја префрли целосно на САД.Според податоците што ги пренесуваат медиумите, земјите од Заливот се соочиле со повеќе од 2.000 напади со ракети и дронови, насочени кон американски бази, дипломатски мисии, но и кон нафтена инфраструктура, пристаништа, аеродроми и урбани објекти, при што најпогодени биле Обединетите Арапски Емирати.Во меѓувреме, нападите продолжуваат. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија активираа противвоздушна одбрана, а сведоци пријавуваат експлозии во Дубаи.Аракчи се осврна и на нуклеарната политика на Иран, истакнувајќи дека официјалниот став против развој на нуклеарно оружје засега останува непроменет, иако новиот врховен лидер сè уште нема јавно изнесено позиција по тоа прашање.Тој нагласи дека Исламската Република не зависи од поединци и дека смртта на високи функционери нема да влијае врз функционирањето на државата.

Свет | пред 1 седмица

media-library9mjf2slv8iq41uGgQx7

(Видео) Коњите на Фрчко од МВР завршија на кланица, тој си играше играчки додека бројот на наркомани растеше по сто на ден, вели Ѓурчевски

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостување во „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, посочувајќи дека набавката на коњи била „катастрофа“ и симбол на погрешни приоритети, а кога Министерството за внатрешни работи го раководеше Љубомир Фрчковски.На прашањето на водителот за т.н. „коњи на Фрчко“, Ѓурчевски одговори дека тие завршиле „на кланица и во ладилник“, оценувајќи дека проектот за коњица бил целосно промашување.„Тоа беше смрт за полицијата. Во 1994 или 1995 година Фрчковски набави коњи за да прави коњица, затоа што видел такво нешто во Англија. Тоа беше најголемата глупост“, изјави Ѓурчевски.Тој додаде дека во тој период полицијата немала основна опрема, па дури ни борбени возила за специјалните единици, додека паралелно се трошеле средства за, како што рече, „коњи, овни, уметнички слики и очила“.„Тогаш бројот на наркомани растеше по сто на ден, а системот се занимаваше со вакви работи. Тој си играше игрички“, рече Ѓурчевски.Во емисијата, тој се осврна и на, како што тврди, контроверзна изјава поврзана со односот кон полицијата.„Полицајците се аморфна маса и можам да ги обликувам како сакам. Ако немам полицајци, ќе направам полицајци“, ја пренесе Ѓурчевски изјавата, нагласувајќи дека зборува, „најсериозно“.„Од криминолошки аспект на психијатрија“, додаде тој.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

СДСМ: Наместо поевтинување – горивата поскапеа за 7 денари

СДСМ обвини дека наместо најавеното намалување на цените на горивата, граѓаните се соочуваат со ново поскапување од 7 денари по литар, што, според партијата, претставува сериозен удар врз животниот стандард.Од партијата велат дека станува збор за „уште една неисполнета најава“ на премиерот Христијан Мицкоски и обвинуваат дека, како што наведуваат, „тендер коалицијата ВМРО/ЗНАМ“ носи политики што директно ги погодуваат граѓаните.„Наместо намалување од 2,5 денари – граѓаните добија поскапување од 7 денари. Ова е второ сериозно покачување, а владата не презема никакви мерки за заштита на животниот стандард“, соопштија од СДСМ.Според нив, зголемувањето на цените на горивата ќе предизвика нов бран поскапувања и кај храната, основните производи, па дури и кај струјата, со што, како што велат, ќе се задржат високи цените во маркетите дури и ако горивата подоцна се стабилизираат.Од СДСМ тврдат дека граѓаните само за една недела платиле дополнителни 3 милиони евра, а со новото покачување таа сума би достигнала 4,5 милиони евра неделно.Партијата најави дека ќе достави пакет законски решенија до Собранието, меѓу кои:– намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%– намалување на акцизата за 4 денари– 0% ДДВ за основните прехранбени производи– преполовување на цените на патарините„Владата мора веднаш да реагира и да ги прифати овие мерки. Граѓаните не можат повеќе да чекаат“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека ова е втор пат да предлагаат вакви решенија.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

57.000 патници заглавени: целосен прекин на летови во Берлин

Воздушниот сообраќај на аеродромот Берлин Бранденбург е целосно парализиран поради штрајк на синдикатот Верди, при што ниту еден патнички авион не полетал ниту слетал.Откажани се вкупно 445 полетувања и слетувања, а последиците ги чувствуваат околу 57.000 патници, објави германски „Шпигел“. Од аеродромот апелираат патниците да стапат во контакт со своите авиокомпании за да добијат информации за алтернативни опции за патување.Штрајкот е дел од тековните преговори меѓу синдикатот Верди и управата на аеродромот околу условите за работа и платите. Синдикатот бара зголемување на платите за шест отсто за околу 2.000 вработени, минимално покачување од 250 евра месечно, како и дополнителен слободен ден за членовите.Покрај Берлин, нарушувања има и во Минхен, каде јавниот превоз функционира со ограничен режим. Метроата, трамваите и автобусите од утринските часови сообраќаат редуцирано, а од 11 часот преминуваат на итен режим. Приградските возови и регионалните автобуси засега не се засегнати.Синдикатот Верди најави дека штрајковите ќе продолжат и утре, при што ќе бидат опфатени и други големи градови, вклучително и во Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Хамбург.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Тирана го крена влогот: Албанскиот парламент го прогласи Иран за „државен спонзор на тероризам“

Албанскиот парламент денеска (18 март 2026) усвои резолуција со која Иран се прогласува за држава што спонзорира тероризам, а Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) се означува како терористичка организација.Документот бил предложен од Социјалистичката партија на Албанија и поминал на пленарна седница, во услови кога пратениците на Демократската партија не присуствувале на гласањето.Претседателот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, повикал резолуцијата да биде поддржана со образложение дека е поврзана со клучни прашања на меѓународната безбедност и со обврската државите да се спротивстават на тероризмот и на оние што, како што навел, го поддржуваат или толерираат.Во своето обраќање, Бала посочил дека борбата против тероризмот денес се гледа и како заштита на демократијата и владеењето на правото, како и како обид за зачувување на меѓународниот мир и стабилност. Тој нагласил дека Албанија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, има обврска да придонесува во колективната безбедност.Како дополнителен аргумент, било потсетено дека Албанија во 2022 година била цел на сериозен сајбер-напад врз државни институции, како и дека парламентот неодамна повторно бил изложен на нов сајбер-напад. Според изнесените ставови, целта на резолуцијата е јасна осуда на секоја форма на државна поддршка на тероризмот.

Свет | пред 1 седмица

MO-Sekerinska-Brisel_3

Шекеринска: НАТО целосно го поддржува дијалогот Белград–Приштина

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан има клучно стратешко значење за Алијансата и дека НАТО дава целосна поддршка на процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ.Шекеринска нагласи дека партнерството меѓу НАТО и Европската Унија е од суштинско значење за одржување на мирот и стабилноста во Косово и поширокиот регион.„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да го заштити мирот, во корист на сите луѓе што живеат во Косово. Но, конечното решение за трајна регионална стабилност е политичко. За таа цел, НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, изјави Шекеринска.Во соопштението на Алијансата се наведува дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво, а континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на дијалогот.Според Шекеринска, сојузниците се согласиле да ја засилат поддршката за напорите насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, како предуслов за долгорочна стабилност на регионот.

Македонија | пред 1 седмица

popova-shapka-sneg

Студено утро: Попова Шапка под нулата

Најниската температура утринава е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спушти до -3 степени. На нула степени се Маврови Анови, Крушево и Лазарополе, додека 1 степен е измерен во Берово.Температура од 3 степени е регистрирана во Крива Паланка и Претор, 4 степени во Битола, Прилеп и Виница, а 5 степени во Охрид, Тетово и Штип. Во Куманово и Велес се измерени 6 степени, 7 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Кавадарци, додека најтопло утрово со 8 степени е во Демир Капија и Гевгелија.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени на Попова Шапка – 10 литри на метар квадратен, додека по 3 литри има во Битола, Тетово и Куманово.На Попова Шапка има највисока снежна покривка од 58 сантиметри, додека во Крушево е измерен 1 сантиметар снег.

Македонија | пред 1 седмица

francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Француски министер со идеја: Канада еден ден би можела да влезе во ЕУ

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изнесе идеја дека Канада еден ден би можела да се приклучи кон Европската унија, наведувајќи ја земјата како пример за тоа колку блокот станува привлечен и надвор од своите географски граници. Изјавата ја даде на конференцијата „Европа 2026“ во Берлин, во разговор со германскиот колега Јохан Вадефул.Баро нагласи дека ЕУ, во услови на растечки геополитички тензии, се профилира како „трет центар на моќ“ што може да воспостави рамнотежа меѓу Соединетите Држави и Кина. Во тој контекст посочи дека денес девет држави имаат официјален кандидатски статус за членство, а додаде дека во наредни недели или месеци можел да се активира и Исланд – по што, полушеговито, ја спомена и Канада како потенцијален „идни“ кандидат.Според него, европскиот модел – со економска тежина, демократски вредности и регулаторна моќ – станува сѐ посилен магнет за држави што бараат потесно врзување со Унијата. Во истата линија тој упати и на сигнали за обновување на соработката со Обединетото Кралство, како и на продлабочување на односите со партнери како Индија и Швајцарија.Идејата за „канадски поглед преку Атлантикот“ се засили во период кога односите меѓу Отава и Вашингтон се усложнија. Во јавноста сѐ почесто се појавуваат и коментари што ја третираат можноста за поблиско приближување на Канада до Европа како политичко и економско „осигурување“ во новата меѓународна клима.Сепак, од институциите на ЕУ и од самата Канада пристигнуваат пораки дека членството не е реална опција во догледен рок. Иако имаше позитивна реакција на податоци од анкета од 2025 година според која 44% од Канаѓаните сметаат дека нивната земја треба да се приклучи кон ЕУ, ставот од Брисел останува дека таквата идеја е тешко спроведлива. Канадскиот премиер Марк Карни, пак, јавно изјави дека нема планови за пристапување, одговарајќи со „не“ на прашањата за такво сценарио.Наместо тоа, Канада се насочува кон зајакнување на практичната соработка со ЕУ преку поблиски економски и безбедносни врски, вклучително и ново стратешко партнерство во доменот на одбраната и сигурноста. Иако членството звучи како политичка провокација или мисловен експеримент, самото отворање на темата е сигнал дека меѓународните сојузништва влегуваат во нова фаза – во која Унијата се обидува да ја зголеми својата тежина на светската сцена.

Свет | пред 1 седмица

miteva-pres-3

Митева: Трагедијата во Кочани ја разбуди државата од долгогодишниот институционален застој

Трагедијата во Кочани претставува тешка лекција и сериозен аларм за државата, оцени портпаролката на Владата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма, посочувајќи дека системот предолго време функционирал во состојба на институционален застој.Таа нагласи дека суштината не е само во „разбудувањето“ на системот, туку во неговото стабилно и континуирано функционирање, независно од политичките промени.„Кочани беше една тешка лекција за сите и силен аларм за државата, затоа што системот предолго време беше во длабок сон. Но, поважно е кога ќе го изградите системот, тој да продолжи да функционира и да не се руши со секоја промена на власта, туку да работи врз принципи кои ќе се почитуваат доследно“, изјави Митева.Според неа, по трагедијата биле спроведени засилени инспекциски контроли и направена сеопфатна анализа на институционалните слабости, со цел да се намали ризикот од злоупотреби.Митева посочи дека во текот на 2025 година биле реализирани околу 4.000 инспекциски надзори, издадени повеќе од 1.700 прекршочни платни налози и донесени 162 решенија за привремена забрана за вршење дејност, додека бројот на активни лиценци бил сведен на седум.„Контролата е реална кога бројките го потврдуваат тоа. Колку повеќе надзори и контроли има, толку е помала веројатноста за злоупотреби“, истакна таа.Дополнително, нагласи дека институциите воспоставиле меѓуресорска координација, особено во делот на утврдување на надлежностите, што, како што рече, било едно од клучните прашања отворени по трагедијата.„Не станува збор за реакција само по трагедијата, туку за континуиран пристап во изминатите 365 дена, кој ќе продолжи и понатаму“, додаде Митева.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Заливот ја менува позицијата: од против војна до поддршка за удар врз Иран

Арапските земји од Персискиот Залив не го поддржаа почетокот на војната против Иран, но нивниот став значително се менува како што конфликтот ескалира. Според извори од регионот за Ројтерс, сè повеќе држави сега сметаат дека САД не треба да запрат додека Иран не ја изгуби способноста да ги загрозува клучните нафтени рути и економиите што зависат од нив.Во исто време, дипломатски извори посочуваат дека Вашингтон врши притисок врз заливските земји да се вклучат поактивно во американско-израелската воена операција, со цел да се обезбеди поширока регионална поддршка и легитимитет.„Постои силно чувство дека Иран ги премина сите црвени линии“, изјавил Абдулазиз Сагер, претседател на Саудискиот истражувачки центар за Заливот.Иран во изминатиот период извршил напади врз аеродроми, нафтени постројки, пристаништа и економски центри во сите шест заливски држави, користејќи ракети и дронови. Дополнително, блокадата и контролата врз Хормушкиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта, предизвика сериозна загриженост во регионот.Како што војната влегува во третата недела, расте стравот дека доколку Иран не биде значително ослабен, ќе продолжи да ја користи својата воена моќ како средство за притисок врз соседите.Сепак, и покрај заострувањето на реториката, земјите од Заливот се соочуваат со сериозна стратешка дилема. Од една страна, сакаат да се заштитат од иранските напади, а од друга – се обидуваат да избегнат директно вклучување во конфликт што не го контролираат.Во моментов нема јасен консензус за заедничка воена акција, а регионалните лидери претежно се одлучуваат за внимателен пристап – засилена одбрана и дипломатски притисок, без директна ескалација.Аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата во Хормушкиот теснец претставува ново ниво на ризик за глобалната економија, бидејќи Иран практично одлучува кои бродови можат да поминат, што се смета за неприфатливо од страна на повеќето држави во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Пратеник од власта поддржа минималец и најави дека би гласал за уставни измени

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, на Комисијата за финансирање и буџет го поддржа предлог-законот за зголемување на минималната плата, иако останатите пратеници од владејачкото мнозинство гласаа против. Одлуката ја образложи како лична доследност на ветувањата дадени во изборната кампања.Цеков денеска во емисијата „Студио 10“ на телевизијата „24“ изјави и дека лично нема ништо против внесувањето на Бугарите во Уставот и дека би гласал за уставните измени.„Немам ништо против да гласам за уставните промени. Не губиме ништо ако бугарскиот етникум се внесе во Уставот. Треба дијалог со соседите, а не реторика“, рече Цеков.Неговиот став се разликува од позицијата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој во кампањата бараше уставните измени да имаат одложено дејство, односно да важат по влезот на Македонија во ЕУ.Цеков се залага за „попрагматичен пристап“, посочувајќи дека евентуалните ризици може да се блокираат со 81 пратеник, но и дека останува отворено прашањето која е алтернативата ако не се направи чекор напред во евроинтеграциите.

Македонија | пред 2 седмици

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата закажана за во среда, кога требаше да се одржи изборот на нови пет обвинители кои ќе работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со ова, стави кочница во работата на ова Обвинителство, бидејќи пет обвинители од утре немаат мандат за да работат на предметите кои им се доделени.„Седницата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија закажана за ден 18.03.2026 година, се одлага.  За терминот за одржување на 40-тата седница со предложениот дневен ред, јавноста ќе биде дополнително информирана со соопштение на веб страницата“, велат од Советот.Ова пак, го донесе првиот „нус“ ефект, се одложи рочиштето за полицајците каде обвинителка е Ивана Алексова-Трајчева.„Предметот за тројцата полицајци за Кочани, закажан за утре по барање на ОЈО-ГОКК се одлага. Новиот датум ќе биде соопштен утре“, соопштија од Кривичен судДоколку во текот на утрешниот ден, не биде направен избор на обвинители за гонење организиран криминал, обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ивана Алексова-Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска нема да смеат да преземаат никакви дејствија. Обвинителството наместо со 12, ќе работи со седум обивнители.Ова не е првпат ненавремено да се направи избор на обвинители, туку истото прерасна во пракса изминативе години. Се паметат и случаи со поништување на огласи, со што постапката се одолговлекува. Одложувањето на изборот закажан за утре е веројатно поради тоа што се чека изборот на новиот државен обвинител, Ненад Савески, кој истовремено, согласно функцијата, ќе биде и член на Советот.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

Израел: „Практично победивме во војната со Иран, но операциите продолжуваат“

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Израел практично ја добил војната со Иран, но нагласи дека не може да се предвиди кога ќе заврши конфликтот.На прес-конференција, Саар истакна дека воената кампања ќе продолжи сѐ додека не се исполнат поставените цели.„Потребно е трпение. Веќе победивме, но ќе продолжиме додека мисијата не биде завршена“, изјави Саар, додавајќи дека Иран е „драматично ослабен“ и дека ситуацијата во регионот веќе не е иста како пред почетокот на конфликтот.Тој нагласи дека главната цел на Израел е отстранување на, како што рече, „егзистенцијалните закани“, без да прецизира како ќе се утврди дека тие цели се постигнати.Според израелските власти, операциите вклучуваат воздушни напади врз лансери на балистички ракети, складишта и производствени капацитети, како и цели поврзани со иранската нуклеарна програма и безбедносните структури.И покрај ваквите тврдења, Иран и натаму изведува ракетни напади врз Израел, што укажува дека неговите воени капацитети не се целосно неутрализирани.Конфликтот трае повеќе од две недели и однесе над 2.000 животи, најмногу во Иран и Либан, но и во Израел, Ирак и други делови од регионот.Во меѓувреме, кризата се продлабочува и на регионално ниво. Израел е вклучен и во судири со Хезболах во Либан, додека Иран изведува напади врз земји од Заливот. Дополнително, блокадата на Ормутскиот теснец предизвикува сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси.Саар ја оцени блокадата како „современо пиратство“ и глобален проблем, додека дел од сојузниците на САД одбија да се вклучат во воени мисии за обезбедување на пловниот пат, барајќи појаснување на стратегијата и целите.

Свет | пред 2 седмици

liban1

Хезболах со ракетен напад врз израелски војници во јужен Либан

Хезболах соопшти дека испукал салва ракети кон група израелски војници во градот Киам, во јужен Либан.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека израелските сили се наоѓале во близина на општинска зграда кога бил извршен нападот.Претходно во текот на денот, Хезболах информираше дека таргетирал друга група израелски војници, кои се наоѓале во шатор во пограничниот град Марун ал Рас, во областа Бинт Џбеил.Нападите доаѓаат во услови на зголемени тензии долж израелско-либанската граница, со ризик од понатамошна ескалација на конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryvio7t8ddl6fs4JxK6ic

Иран дозволи транзит низ Ормут: дел од бродовите веќе поминаа

Иран одобри транзит на бродови од неколку земји низ Ормутскиот теснец, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, нагласувајќи дека премините се реализираат во координација со Техеран.Според достапните податоци за поморскиот сообраќај, низ теснецот веќе поминале бродови поврзани со Иран, Индија, Кина и Грција, со што делумно се нормализира протокот во овој клучен енергетски коридор.„Земјите во координација со Исламската Република Иран ги спроведоа своите бродови со поддршка на пилоти низ Ормутскиот теснец. Ова го покажува одговорниот пристап на Иран“, изјави Багаеи.Техеран ја презеде контролата врз теснецот по американско-израелските напади на 28 февруари, воведувајќи ограничувања за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.Поради кризата, транзитот на нафта низ теснецот е намален од околу 20 милиони барели дневно пред конфликтот, на помалку од два милиона барели дневно, според Меѓународната агенција за енергија.Меѓу бродовите што успешно поминале е и пакистански танкер со нафта, како и индиски танкери за течен нафтен гас, кои пловеле по одобрени рути и под надзор на индиската морнарица. Индиските власти посочуваат дека безбедниот премин е резултат на дипломатски активности.Во Персискиот Залив, според податоците, се наоѓаат уште десетици бродови кои чекаат дозвола за транзит, додека ситуацијата ја следат и воените сили во регионот.Ирак исто така води разговори со Иран за обезбедување дозвола за премин на свои танкери, што укажува на продолжена дипломатска активност околу користењето на теснецот.Во меѓувреме, податоците покажуваат драстичен пад на поморскиот сообраќај – во периодот од 1 до 11 март низ теснецот поминале само 77 бродови, наспроти над 1.200 во истиот период минатата година.Американските власти засега немаат приговор за транзитот на одредени бродови, оценувајќи дека делумното отворање е важно за глобалното снабдување со енергенси.

Свет | пред 2 седмици

filipce-51

Филипче: Нема договор со власта, единствениот е со членовите на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека нема никаков договор со власта, туку единствениот договор што го има е со членовите на партијата – за, како што рече, борба против криминалната власт и за европска иднина на државата.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека е изложен на, како што наведе, секојдневни медиумски напади и дискредитации.„Ме прашувате за некаков договор. Гледате што ми прават секој ден – ме напаѓаат медиумски, ме споредуваат со убиец на деца, тврдат дека сум бил наркоман, ме поврзуваат со златни визи во Дубаи. Така ли изгледа договор? Нема апсолутно никаков договор“, изјави Филипче.Тој нагласи дека неговиот единствен договор е со членовите на СДСМ.„Имам договор со членовите на СДСМ дека ќе се бориме за европска и просперитетна Македонија и дека ќе се пресметаме со оваа криминална власт. Само тој договор постои и сите што се сега на власт ќе одговараат за тоа што го прават“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Филипче: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја дели СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека нема да дозволи, како што рече, обиди за внатрешно разнебитување на партијата преку поединци поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Филипче оцени дека СДСМ се соочува со, како што рече, организирани обиди за внатрешна поделба.„Нема да дозволам да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт која не може да го спречи падот на анкетите. Таков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние бележиме раст. Единственото што можат да го прават е да се обидуваат да ја делат партијата одвнатре за да владеат како што сакаат. Тоа нема да го дозволиме“, изјави Филипче.Тој додаде дека, според него, вакви обиди биле присутни и во минатото, посочувајќи на политичките случувања во изминатите изборни циклуси.„Такви процеси имаше и во 2021 година, во 2024 имавме силна националистичка и, како што ја оценувам, лажна кампања, а во 2025 година самиот Шилегов посочи дека не работел за СДСМ. Има и други луѓе кои не работеле за партијата на изборите. Тоа влијаеше на резултатите, но јас тоа повеќе нема да го дозволам“, рече Филипче.Тој истакна дека пред СДСМ стои, како што наведе, сериозна задача поврзана со европската перспектива на државата, поради што, според него, е неопходно зачувување на единството во партијата.„Се бориме за опстанокот и европската иднина на државата и нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја дели оваа партија“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

pari

Се претставил како претставник на фирма за мебел, земал капар и исчезнал

Четириесет и седумгодишна жена од тетовско пријавила во полиција дека била измамена за 550 евра од лице кое се претставило како претставник на фирма за мебел.Според пријавата, на 16 март во 13:00 часот во СВР Тетово таа навела дека во текот на февруари преку социјална мрежа стапила во контакт со С.С. од скопското село Арачиново, со кого се договорила за нарачка на мебел.Откако се сретнале, му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а лицето подоцна станало недостапно на телефон. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4297bcvin470383QDzr

Закани кон бивша девојка, натепани лица во Карпош и Центар, на штипјанец му се заканувале со пиштол... низа инциденти пријавени во МВР

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на закани и физички напади во Скопје, Гостивар и Штип, а за дел од нив веќе се водат постапки.Во Скопје, на 16 март во 22:20 часот, полициски службеници во Кисела Вода го лишиле од слобода И.Ј. (47), постапувајќи по пријава од неговата поранешна 35-годишна вонбрачна партнерка дека ѝ упатувал закани.Истовремено, на 16 март во 12:50 часот, Д.О. (46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Во друг случај, на 17 март во 02:30 часот, во Карпош бил приведен М.А. (59) затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Во СВР Штип, пак, В.Х. (42) од Штип пријавил дека по претходно недоразбирање од лицето С.П. му биле упатени закани со огнено оружје.Во Гостивар, полициски службеници извршиле службен разговор со И.Ф. (49) поради сомнение дека сторил тешка кражба од домот на С.С., при што украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.Дополнително, во Скопје било пријавено и дека во периодот од февруари годинава до пријавувањето од црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир бил одземен бакарен лим од кровот, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари.Во сите случаи се преземаат мерки за расчистување и документирање.

Македонија | пред 2 седмици

policija-ohrid

Семејна куќа изградена без дозвола во Трпејца, ловец фатен без дневна дозвола

Полицијата поднела две одвоени кривични пријави во охридско-кичевскиот регион – едната за бесправно градење, а другата за незаконит лов.СВР Охрид поднела кривична пријава против С.Т. (50) од Струга поради сомнение за „бесправно градење“. Според полицијата, таа како инвеститор на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа. Врз основа на утврдената состојба, донесено е решение за отстранување на градбата.Одделно, ОВР Кичево поднело кривична пријава против А.З. (61) од Крушево поради сомнение за „незаконит лов“. На ловен терен во атарот на кичевското село Староец, тој ловел и пукал од лично огнено оружје – ловечки карабин „маусер“ калибар 7,9 милиметри, без да поседува дневна дозвола од концесионерот.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Четворица државјани на Судан илегално ја преминале границата кај Стење

На 16 март 2026 година околу 16:30 часот во селото Стење, ресенско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стење затекнале четворица државјани на Судан.Станува збор за Б.И. (26), Х.М. (22), Ф.А. (23) и К.М. (22), за кои по извршените проверки било утврдено дека илегално ја преминале албанско-македонската државна граница.Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Трагедија на патот Кочани – Виница: загина возач

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на 16 март околу 13:40 часот на патот Кочани – Виница, во атарот на Виница, загинал 65-годишниот З.П. од селото Истибања.Според полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т. (59) од Штип, и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П..Од здобиените повреди З.П. починал на местото, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „мазда“, Ж.П. (58) од селото Истибања, а со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д. (65) од Штип. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 2 седмици

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Тетовец пријавен за насилство по напад по судско рочиште

СВР Тетово поднела кривична пријава против М.З. (46) поради сомнение за кривично дело „насилство“.Според информациите, на 11 март 2026 година на улицата „Илинденска“ во Тетово, по завршување на судско рочиште во Основниот суд во Тетово, на кое присуствувал заедно со Б.Џ., пријавениот физички го нападнал Б.Џ..

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања