Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Четири градежни маркици се избришани, наместо градби во Аеродром ќе има парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Советот на Град Скопје на денешната седница ја потврди иницијативата поднесена од страна на Општина Аеродром, а која се однесува на новиот Регулациски план за Реонски центар и населба Лисиче.

— реклама —

Со оваа одлука, се потврдува нашата иницијатива за бришење на вкупно 4 градежни маркици на посочените локации. Две од маркиците на кои претходно беа планирани згради сега се претворени во земјиште на кое ќе има парк од 6.000 м2, додека другите две од станбено-деловен простор стануваат објекти за образование.

— реклама —

Дополнително, одлуката на Советот за потврдување на нашата иницијатива, конечно ги создава правните предуслови за отпочнување на процесот за изградба на Спортскиот центар „Пирин“ во Населба Лисиче.

— реклама —

Промените во начинот на владеење во Аеродром се случуваат. Ја исполнуваме нашата заложба да продолжиме со хуманата урбанизација и да го оправдаме епитетот на прва општина што пренаменува маркици од згради во паркови и објекти од корист за сите граѓани!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

parking-1

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Скопје | пред 13 часа

parking

Селективното зонско паркирање во Аеродром носи најави за блокади, жителите гневни: Ќе има хаос ако зонското важи само за Реонски центар

Скопје | пред 1 ден

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Настани | пред 1 ден

media-libraryp364elttt356fnwRykB

Ристески: Општина Аеродром незаконски ги скрати за 50% надоместоците за избирачките одбори

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања