Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

3 ден.
w_55664211

Ирачки Курдистан: САД не ги вооружува иранските Курди во егзил

Заменик-премиерот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Кубад Талабани, изјави дека САД не ги вооружуваат иранските курдски опозициски групи кои се наоѓаат во егзил во регионот.Во изјава за AFP, Талабани нагласил дека не се забележани никакви обиди од страна на САД или нивни структури за снабдување со оружје на овие групи во Ирачки Курдистан.Тој истовремено повторил дека властите во регионот се против било какво вклучување на иранските курдски опозициски групи во пошироките конфликти на Блискиот Исток, потенцирајќи дека таквото сценарио би можело дополнително да ја дестабилизира ситуацијата во регионот.Изјавата доаѓа во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток и шпекулациите за можни индиректни вмешувања на странски актери преку локални групи.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Министерот за здравство Азир Алиу откри сериозни разлики во продуктивноста на докторите во државните клиники за 2025 година. Според неговите податоци, некои лекари имаат двојно повеќе упати и операции од своите колеги, дури и во иста специјалност и институција, што отвора прашања за управување, системски недостатоци и распределба на работата.„Имаме и друга информација за доктори кои имаат најмногу реализирани упати за 2025 година, за шест месеци. Видете каква е разликата. Имаме доктор во една институција со 16.526 упати, и доктор во друга клиника со 7.352 упати. Се работи за различни специјалности, иако, имаме аутлајери кои мора да ги следиме за да разбереме како е можно, бидејќи платите и варијабилите и дополнителните исплати се важни. Има бројки кои се нелогични за системот и ќе видиме дали е недостаток на законски решенија или менаџирање.На пример за 2025, имаме доктор кој имал 1.134 операции и доктор кој што има 470. Се работи за иста специјалност тука. Овие двајца се во иста институција, но има и за различни институции каде што правиме компарација. Во секоја институција имате ваков тип на доктори кои што имаат операции и другите кои што немаат операции. Има во внатрешноста исто така и доктори кои што имаат нула операции направени“, изјави Алиу.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Пет лица од Скопје, Tетово, Охрид, Kичево и Велес уапсени за семејно насилство

На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети. На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, при што им се заканил и со остар предмет.На 26.03.2026 во 15:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 20-годишен син.На 26.03.2026 во 16:20 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишија од слобода В.В. (51) од селото. Преходно, во семејниот дом, по кратка расправија, таа била физички нападната од нејзиниот 65-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет, а потоа таа му возвратила со истиот предмет и му нанела повреди.На 26.03.2026 во 19:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишен велешанец и неговиот 58-годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес физички се пресметале. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили алкохол во крвта, а кај неговиот татко биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта.Тие биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library6odcd3b3703idPduakV

Предметите за полицајците од „Пулс“ без обвинител: Трајчева, која гонеше високи функционери од повеќе партии - не доби нов мандат

Гонеше функционери, застапуваше високо-профилни случаи пред суд, покрена обвинителни предлози и акт против полицајците за случајот „Пулс“, а членовите на Советот на јавни обвинители решија да не ѝ дадат нов мандат за гонење организиран криминал. Ивана Трајчева, обвинителката позната по гонењето на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, Исмет Гури од ДУИ, застапувањето на предметот „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, не доби можност да гони организиран криминал.Нејзиниот неизбор доаѓа откако таа ја заврши истрагата и покрена постапки против полицајците и началниците од МВР кои ги смета за одговорни во случајот „Пулс“. Со ова, еден од предметите, по одложувањата на две судења, ќе припадне во рацете на друг обвинител кој прво ќе треба да се запознае со теоријата на случај и доказите, па да даде воведни зборови.Изборот се случи денеска оти се чекаше новиот државен обвинител Ненад Савески да даде заклетва и да ја преземе функцијата. Тој пак, кажа дека за сите осум кандидати има високо мислење, но дека предност ќе добијат тие кои што не биле дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.„Ме разочарува што за 5 места има 8 кандидати. Порака до сите е да се мотивираат за да може изборот да биде поквалитетен. Да ги мотивираме сите да веруваат дека на секому треба да се даде шанса, а и предложените измени се во таа насока, подолг мандат но без продолжување. Прилика е на секој обвинител да се најде на таа позиција, да напредува во кариерата, а искуството од таму е тој да се гледа и во највисокото обвинителство. И јас ќе гласам за новите тројца кандидати“, рече Савески.Од Советот посочија дека предметите, како и во сите слични случаи, ќе продолжат со работа преку друг обвинител.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
drva-1

Украле 852,5 кубни метри дрва и го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над 3 милиони денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и протв Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Лопушник - Кичево, а потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница во која внел невистинити содржини и како таква третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „ман“ без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852.5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 3.191.760 денари.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески: На функцијата сум само неколку денови, ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Државниот јавен обвинител, Ненад Савески, на денешната седница на Советот на јавни обвинители истакна дека откако имал средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство, и дека планира средби и со јавните обвинители во подрачјата на вишите јавни обвинителства, а потоа и со основните.На прашање за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески нагласи дека нема да коментира ничија изјава. Исто така, тој потенцира дека е на функцијата само неколку дена и дека за сите предмети, вклучително и за гласините за „предмети што се чуваат во фиока“, јавноста ќе биде навремено известена.„Приоритет во овој момент е учеството на седниците, пополнување на испразнетите места и создавање на услови за работа таму каде што има недостаток на персонал. Секое постапување на Јавното обвинителство произлегува од законските регулативи“, нагласи Савески.Во однос на барањата за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, како и на информациите во врска со гувернерот Трајко Славески, Савески потенцира дека за сите постапки ќе се следат законските процедури и дека јавноста ќе биде информирана преку официјални соопштенија.„Имајте во предвид, само неколку денови сум на функција. Сè што ќе дојде по редослед на одлучување, ќе биде известено на јавноста преку медиумите“ заклучи Савески.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Недозволиво е премиер од собраниска говорница да нарачува што треба да работи јавниот обвинител, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со медиуми посочи дека однесувањето на власта претставува сериозно отстапување од демократските принципи и ја покажува концентрацијата на моќ во рацете на еден човек.„Единствена партија која што има вистински автократски манири е ВМРО-ДПМНЕ, единствена партија што нема потпретседатели и тоа е сериозен проблем. Не може сè да зависи од еден човек, не може еден човек да кажува и да нарачува што јавниот обвинител треба да работи и тоа да го прави од партиска говорница. Тоа е недозволиво во една демократија. Јасни се автократските манири и тенденции, а ние ги најавивме одамна, има повеќе од година дена кога најавивме како ќе се движи оваа држава“, рече Филипче.Тој додаде дека владината коалиција со недемократското владеење ја води државата во погрешна насока.„Сега ја води државата една целосно недемократска власт, една коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ чии што лидери имаат многу слични карактеристики, едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицковски ја предаде државата“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Уапсени 10 возачи за возење без дозвола и под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи и со двајца се извршени службени разговори за безобѕирно управување возило.Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Битола, Скопје и Свети Николе возеле без возачка дозвола, по еден во Тетово, Кичево, Дебар и еден во Крива Паланка. Возачот во Крива Паланка при лишувањето физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Едно лице од Дебар управувал возило и покрај што имал активна забрана, а едно лице во Скопје управувало возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryq8tfpn84v0p70UK3gLV

(Фото) Куршумите ги криеле во вентилацијата на автобусот на „Дурмо турс“ меѓу пакувања кафе, уапсени две лица

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце.„Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата.Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.Делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните“, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Премиерот Христијан Мицкоски, на вчерашните пратенички прашања во Собранието, рече дека има одредени здравствени работници кои преку сомнителни практики си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.Министерот за здравство Азир Алиу рече дека има лекари кои земале и повеќе од 10 илјади евра плата, т.е. околу 12.000 евра (700.000 денари), и дека и како Министерство за здавство и како Влада ги знаат институциите, која како делува.„Значи имаме, и повеќе од 10.000 евра, имаме 700.000 денари плата, тоа е 12.000 евра и повеќе. Дозволете административно да го завршиме процесот, ние веќе имаме информации, веќе ги знаеме институциите, која институција како делува. Дозволете тоа да не биде на прес-конференција, туку институционално да го решиме, бидејќи тука повлекува и други административни и законски процедури коишто не би смеел јас како министер денеска да ги кажам, бидејќи ќе го загрозам процесот кој треба да се одвива. Идејата не е да направиме спектакл од здравството, туку да го спречиме тоа и да креираме систем кој ќе биде во кондиција да може да опслужи во реално време и без злоупотреби на нашите граѓани“, вели Алиу.Алиу рече дека за секоја институција има податоци колку вработени имаат, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат и дали се во согласност со законските предвидени ограничувања.„Анализите покажаа дека во некои институции, вкупно 7 клиники има вработени кои работат и до 41% дополнителна дејност, иако законскиот лимит е 20 отсто и додаде:Ќе бараме од приватните здравствени институции да видиме таму колку нашите вработени во државните здравствени институции трошат време. Тоа е процес којшто мора да се компарира, процес којшто трае и, морам да бидам искрен, процес којшто има препреки во процесот бидејќи со тешки маки и енергија доаѓаме до податоци. Ви кажав, еве за жал, ако влезете сега во листа на чекање ќе видите институции коишто не ажурираат податоци, а законски мора да го направат тоа. Тоа е тоа, мора да се смени менталитетот и затоа ќе работиме паралелно и на законски решенија и на терен со нашите органи коишто имаат надлежност за тоа“, кажа министерот.Правиме и друга анализа, дали ќе дозволиме, колку ќе дозволиме, ќе зависи од потребата. Значи ако листата на чекање во една институција е голема, нема да може да работите во приватна институција додека листата не се намали. Правиме таква компарација и ако треба, ќе направиме и друг протокол за измена“, рече Алиу.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Жичницата на Водно не работи поради дожд и силен ветер

Жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.„Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.Апелираме до граѓаните за разбирање“, информираат од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
granata

Во недела стари експлозиви ќе бидат безбедно уништени во Желино „Еребино“

Министерството за внатрешни работи информира дека во недела, на 29.03.2026, со почеток во 09:00 часот, во кругот на касарната „Еребино“ во с. Желино, ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства.„Акцијата ќе ја спроведат екипи од МВР и Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). Минско-експлозивните средства се во лоша состојба и не можат да бидат транспортирани до полигонот Криволак за уништување, поради што ќе бидат безбедно неутрализирани на самата локација.Граѓаните се известуваат да ги почитуваат упатствата на полицијата и да се држат на безбедно растојание за време на активностите“, информираат од МВР.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryha2bjpa1htq94iS8kgd

Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, предупреди дека новиот оглас за избор на директор на Македонската радио телевизија отвора сериозен ризик од партизација на јавниот сервис, доколку на функцијата биде избрано лице без соодветни професионални квалификации, но близок до власта. Филипче посочи дека тоа би претставувало нов удар врз демократијата и независното информирање.„Во тек е оглас за избор на нов директор на МРТВ. Имајќи предвид дека се погласни се шпекулациите дека за тоа место власта планира да поддржи човек кој што нема професионални квалификации, туку е само близок лично до премиерот и до некои други центри на моќ на владејачката партија, сметам дека е огромен ризик да после бруталната партизација на судството и прилично млитавата Државна комисија спречување на корупција, еден од столбовите на демократијата тоа е националниот сервис кој што треба да биде гаранција за независно објективно информирање на граѓаните,  биде препуштен на партиски кадар или човек близок до луѓето на власта“, рече Филипче.На брифингот Филипче упати апел до сите релевантните домашни и меѓународни чинители внимателно да го следат процесот на избор на нов директор на Македонската радио телевизија.„Апелирам до професионалните здруженија синдикатите на новинари, ЗНМ, будно да го пратат овој процес. Не смееме да дозволиме партизација на овој столб на демократијата во државата. Апелирам до меѓународните организации, канцеларијата на Европската Унија, исто така будно да го пратат овој процес“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

19, 18 и 15-годишник добија кривични пријави – нападнале такси возач во Прилеп и му ги одзеле парите!

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(19), С.А.(18) и 15-годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.На 24.03.2026 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, пријавените физички нападнале такси возач и му одзеле пари.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Мицкоски и Максим димитриевски имаат исти карактеристики и дека граѓаните веќе јасно ги препознаваат.„Ние тоа го најавивме одамна, има повеќе од една година кога укажувавме како ќе се движи оваа држава. Сега ја води една целосно недемократска власт, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, чиишто лидери имаат многу слични карактеристики. Едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицкоски ја предаде државата. И двајцата не живееле од плата, и двајцата обожаваат тендери, и двајцата ме напаѓаат и мене и СДСМ – едниот преку некаква платформа, другиот преку Српска листа. А тоа што е заедничко за двајцата е лагата – двајцата лажат и ништо друго“, порача Филипче.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ имаше јасна цел: да ја постави академската соработка како стратешки приоритет за регионот и да ги позиционира шесте држави повисоко во европските и глобалните мрежи на високото образование, зголемувајќи ја нивната видливост и влијание. Тоа е важно затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици кои бараат нови модели за привлекување и задржување студенти и кадри. Недостатокот на вештини и иселувањето на талентите не можат да се решаваат изолирано, туку преку мобилност, циркулација на идеи и, пред сè, преку заеднички решенија.Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на затворањето на конференцијата, на која во изминатите два дена беа презентирани бројни идеи, искуства и насоки за унапредување на интернационализацијата и засилување на регионалната соработка во делот на високото образование.Беше потенцирана важноста на инвестирањето во знаење, иновации и врски со индустријата, како и усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд, како основа за создавање конкурентен и иновативен систем на високо образование.„Ние сме мали држави во регион со огромен потенцијал. Зголемените вложувања во високото образование, засновани на регионална соработка и размена на искуства во рамки на европските мрежи и иницијативи, но и пошироко, ќе ни помогнат да споделуваме ресурси, да креираме заеднички проекти и да изградиме хабови за иновации кои ќе го забрзаат економскиот и општествениот развој на сите нас“, рече Јаневска.Во следниот период претстои сумирање на сугестиите и предлозите, како и нивно преточување во приоритети и конкретни мерки кои ќе го придвижатрегионот кон поголема мобилност, соработка и иновации.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
kokain-2

Во пратка за осуденик од Идризово пронајдени марихуана и кокаин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 15.03.2026 во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, при претрес на пакет наменет за пријавениот, осуденик во установата, затворската полиција пронајде и одзеде марихуана и кокаин.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

Превезувал патници без лиценца: кривична пријава за стружанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.С.(62) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.Во Струга, полициски службеници извршиле контрола на возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, кој вршел превоз на патници, при што било констатирано дека не поседувал лиценца за превоз на патници.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryn4kb7dgqlp0m36NxJQE

Претреси во Скопје: Пронајдени марихуана, дигитална вага и семки од канабис

На 27.03.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршија претреси на неколку локации во с.Арнакија, с.Буковиќ и с.Сарај, скопско.При претрес во домот на Х.А. (37) во с.Арнакија пронајдени се марихуана, дигитална вага, 18 семки од канабис и други предмети. Од слобода се лишени Х.А. и Г.С., а по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
policija-policaec

Не застанал на знак од полицијата, а со ретровизорот удрил во еден од полицајците

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ч.(29) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 14.01.2026, полициски службеници дале знак за запирање возило кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и со ретровизорот удрил полициски службеник и побегнал, а откако бил стигнат физички нападнал полициски службеник.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

Ѓорѓиевски се сретна со проектантите на БРТ: трасата ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски одржа средба со проектантите на новиот БРТ систем, при што беше потенцирано дека трасата ќе се движи по крајните ленти на улиците, со цел да се зачува средишното зеленило и да се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу коридорот и останатиот сообраќај.„Скопје, како главен град со повеќе од половина милион жители, конечно го прави исчекорот што одамна го заслужува кон современ, високо-капацитивен и одржлив јавен превоз. БРТ е нова визија за тоа како треба да се движи градот, побрзо, поефикасно и почисто.Имав исклучително продуктивна средба со проектантите на БРТ, каде детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на системот. Она што е особено важно да се нагласи е дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што целосно се заштитува водоснабдувањето на Скопје. Напротив, системот ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот и останатиот сообраќај.Овој концепт носи вистинска трансформација. БРТ функционира како метро на тркала со посебни, одвоени ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето.Ова е клучен чекор кон поодржливо, поеколошко и поуредено Скопје. За разлика од минатото, денес разликата е суштинска. Денес не зборуваме за идеја, туку за сериозно поставен и институционално заокружен проект.Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ.Тоа значи финансиска стабилност, јасна контрола и одговорно управување со секое евро вложено во иднината на градот.Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, набавка на современи CNG/хибридни нископодни возила, воведување на паметни станици и патнички информативен систем, како и целосна интеграција со системот за управување со сообраќајот.Сето ова значи ново ниво на квалитет, достапност и удобност за граѓаните. БРТ е стратешка инвестиција во иднината. Тоа е систем што ќе го редефинира секојдневието на граѓаните, ќе го намали сообраќајниот хаос и ќе внесе ред, дисциплина и ефикасност во движењето низ градот. Со БРТ, Скопје прави чекор напред кон европски стандарди и современо урбано живеење.Упатувам искрена благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка, како и за процесот за набавка на 100 нови целосно еколошки автобуси.Со ова, се поставуваат темелите за суштинска и долгорочна промена во јавниот превоз и квалитетот на услугата за граѓаните.Продолжуваме силно. Со визија, со работа и со јасна цел. Заедно ќе го направиме Скопје повторно горд град“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
avtobus

Автобус додека движел во рикверц удрил во ученичка: девојчето со тешки повреди пренесено во болница

На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarycpn9g3mq12ae3u5VslC

19-годишник тешко повреден, со автомобил удрил во канделабра

На 26.03.2026 во 15:35 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари.Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон планско сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
zena-na-elektricen-trotinet

Скопјанец со автомобил удрил во тротинет и избегал

На 26.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мицубиши“ и електричен тротинет, управуван од М.Д.(37) од Скопје, по што возачот со возилото „мицубиши“ го напуштил местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања