Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

3 ден.
avtobus

Автобус додека движел во рикверц удрил во ученичка: девојчето со тешки повреди пренесено во болница

На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarycpn9g3mq12ae3u5VslC

19-годишник тешко повреден, со автомобил удрил во канделабра

На 26.03.2026 во 15:35 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари.Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон планско сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
zena-na-elektricen-trotinet

Скопјанец со автомобил удрил во тротинет и избегал

На 26.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мицубиши“ и електричен тротинет, управуван од М.Д.(37) од Скопје, по што возачот со возилото „мицубиши“ го напуштил местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 дена

4 ден.
pukanje-5151

Се снимал со телефон додека пукал во воздух, па се објавил на Фејсбук да се пофали

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Советот на јавни обвинители не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови за наследник на Мустафа Хајрулахи.Претседателот на Советот на јавни обвинители. Башким Селими, рече дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок, но дека негов фаворит е Јасмина Костеска-Здравеска.„Таа е обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција”, рече Савески.Членот на Советот, Марија Илиевска рече дека се согласува со ставот на Савески нагласувајќи дека тоа ѝ се потврдило и од интервјуто со кандидатите.Здравевска се споменуваше во „бомбите“ на Зоран Заев.Костеска доби недоволни четири гласа.Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи нагласувајќи дека е кандидатка со најмногу искуство и, според него, најсоодветна. Фетаи доби најмногу воздржани гласови.Светлана Стојковиќ рече дека за шеф на Вишото обвинителство според неа требало да биде кандидат кој се повлекол, мислејќи на обвинителот Трајче Пеливанов, па од останатите се одлучи за обвинителот кој го затвори случајот со сомнежите за фалсификат на сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, Владимир Милошевски, кој доби само еден глас.На седницата на Советот не се разгледа кандидатурата на Александар Марковски кој претходно веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Поради недоразбирање во сообраќај со „БМВ“ удрил во тротинет, па го натепал

На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
bomba-1

Работник од Велес нашол бомба на улица

На 26.03.2026 во 12:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Милан Војницалија“ во Велес, при вршење работни задачи, вработен во Јавно комунално претпријатие „Дервен“ од Велес пронашол експлозивна направа.Извршен е увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
celik

Работник во фабрика во Кисела Вода со тешки повреди заврши во болница, реагираше трудов инспектор

 На 26.03.2026 во 06:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Ѓ.(50) од Скопје.Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Кисела Вода.Извршен е увид и известен е трудов инспектор.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
klinikimajka-tereza

Инцидент на Клинички: Пациент два пати се обидел да прегази вработена со автомобил

На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-library31l07vf1pj94c7E83Li

Отворена „ТЦ Централа“ во Скопје – симбол на енергетска трансформација

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:„Навистина ми е драго  што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата.Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден Сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своелто лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата” се обрати вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarygqd786ps1fdo9TmRHjh

„По две децении го враќаме средното полициско училиште“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност - Скопје.„Често зборуваме за опрема, закони и реформи, но суштината на системот се луѓето. Ако тие не се подготвени, ниту една стратегија нема да даде целосен резултат.Полициската професија денес значи работа во динамични, непредвидливи и стресни услови, каде одлуките се носат брзо и имаат директно влијание врз безбедноста на граѓаните. Затоа, психофизичката подготвеност не е дополнителна вредност, туку основа на професионалноста.Како Министерство, работиме на системски пристап, од селекција, преку обука, до континуирана поддршка во текот на кариерата. После повеќе од 20 години, го враќаме средното полициско училиште, како темел за создавање нови генерации професионални, подготвени и посветени полицајци.Верувам дека поврзувањето на науката и практиката е клучно за креирање подобри политики и услови за работа на полициските службеници. Инвестирањето во нивната подготвеност значи инвестирање во безбедноста на сите граѓани“, вели Тошковски

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче објави нова мерка на СДСМ: Скратена работа недела

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за новинари, објави нова мерка која што е вклучена во новата предлог програма на СДСМ, а се однесува на кратење на работната недела од сегашните пет работни дена на четири работни дена. Филипче порача дека со овој модел човекот се става пред профитот, а целта е достоинствен живот за работниците.„Станавме нација со најдолг работен циклус.Нација која е најпреработена, најисцрпена и соочена со масовен „burn out“. Луѓе работат преку авторски договори или со т.н лажно самовработување. Затоа е потребна гарантирана сигурност и извесност на работните места. По една година, трајна работа, ставаме крај на договорите на месец дена. По најмногу 12 месеци секој привремен ангажман станува траен. Еднакви права имаат сите. Секој ден се брои во стаж, крај за агенциски вработувања и синдикатот е твој штит“, рече Филипче. Столбот за „Скратена работна недела“ предвидува и други мерки како скратено работно време за повозорасните работници, лицата со попреченост и оние во процес на закрепнување, субвенции за сите компании кои ќе тестираат скратена работна недела и друго.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
benziska-guzva-goriva

Ако продолжи растот на цените на горивата, ќе се намалат акцизите и трошоците за транспорт

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата на светските берзи и дека веќе се преземени мерки за нивно намалување, додека во наредниот период се можни и дополнителни интервенции доколку трендот на раст продолжи.„Треба да се затвори денеска тргувањето, така да во втората половина на денот ќе имаме повеќе информации, затоа што пресметките се прават врз основа на тргувањето од понеделник до петок. Инаку ние имаме мерка за следните две недели, а тоа е, како ниту една држава во Европа директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18% на 10%, така што ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот којшто следи ќе интервенираме.Следна мерка доколку продолжи растот на цените на берзите ќе биде намалување на акцизите и намалување на маржата, односно цената на складиштење, транспортните рошоци“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

Филипче: Правдата е заробена, потребен е системски „имунолошки одговор“ против корупцијата

„Правдата во Македонија е заробена од корумпираните центри на моќ кои преку системска ерозија на институциите го приватизираат јавното добро. Наместо владеење на правото, на сцена имаме институционална несигурност која ги дестимулира стратешките инвестиции и создава економски амбиент со висок ризик“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите каде промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.Во новата програма на партијата, посочи Филипче, предвидуваме нова архитектура на институционална отпорност, каде борбата против корупцијата не зависи од нечија  добра волја, туку од системски поставен „имунолошки одговор“ на државата.„Нашата визија е премин од пасивна контрола кон автоматизиран интегритет, каде дигиталните протоколи го оневозможуваат дискреционото право како извор на мито. Со врзување на напредокот во Преговорите со ЕУ со реална испорака на правдата, создаваме систем кој ја наградува чесноста, а ја дигитализира одговорноста. Од тука, фронт со Европското обвинителство за нула корупција“, потенцираше Филипче.Програмата предвидува оперативен фронт со Европското обвинителство, предвремено затворање на „фундаментите“, смарт-протоколи во администрацијата, алгоритамска проверка на тековите на капитал и институционален гарант за интегритет.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
mickoski-taravari-1

Мицкоски: Таравари тагува по Ѓока бизнисот којшто не му успеа, односите со него беа вовлекувачки

Арбен Таравари вчера во телевизиско гостување го обвини премиерот Христијан Мицкоски за свесно слабеење на албанскиот политички фактор, а Влен ги нарече декор во владата без реален импакт.Според Мицкоски ова се неосновани тврдења и политички маневри. Тој посочи дека Таравари„Јас сè уште не можам да се изначудам зошто господинот Таравари тагува по Ѓока, бизнисот којшто не му успеа, и во јавноста измислува работи коишто немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку јас многу пати сум ги коментирал односите во Владата и односите со нашиот партнер ВЛЕН, и можам да кажам дека се исклучително принципиелни за разлика од односите коишто ги имавме со господинот Таравари, којшто беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што претпоставувам тој принцип на вовлекување којшто го применувал кон мене сега го применува кон нивниот нов коалициски партнер, а тоа е Демократската унија за интеграција. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети ме критикува мене“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library7kpr0omvi7a2e7pvDRA

Мицкоски за интервенцијата во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е, некои дипломати само сакаат да бидат интересни

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и претставува обид за медиумска манипулација.„Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед, претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш Соединетите Американски Држави имаат озбилен безбедносен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам, некои од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како, не знам каков дипломатски успех или нешто слично, тоа е друга тема. Но, верувајте, од моето искуство, многу тешко да не речам невозможно е да некој надворешен дојде до говор на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го соопшти на јавноста. Така што, тие што ова го смислиле, мислам дека направиле неуспешна игра на себе“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку fingerprint и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.„Знаеме во секоја институција колку имаме вработени, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат, и дали се во согласност тие институции со законските предвидени ограничувања. Имаме институции коишто веќе се дефинирани дека тоа не е постапено.Во тој процес исто така, нели, имавме прес-конференција за листа на чекање за која веќе порталот функционира, е достапна. За жал не се ажурира на време, и барав од сите здравствени институции да мора дневно да се ажурира, и најверојатно ќе најдеме и законско решение за да може и да ги казниме институциите и директорите ако тоа не се постапува. Ние за џабе креираме дигитални решенија ако тие решенија не се хранат.Исто така тука мора да бидеме построги, затоа го тестиравме едно од решенијата коешто со закон е овозможено, а тоа е fingerprint-от за да може здравствените работници check-in и check-out да направат според тој систем. Веќе во две клиники тестиран беше системот, ќе го воведеме прво во Скопје и после низ целата држава за да може да ги следиме законски.За жал ситуацијата е таква како што вие кажавте, имаме ситуации каде што доктори прегледуваат само еден пациент неделно, и имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно, и едниот и другиот се аутлајери. Така да мора да ги следиме и да направиме систем којшто прво реално ќе го следиме ние како министерство, второ ќе реагираме навреме“, изјави Алиу.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library9djm2ng29eandFoxdyt

Пијан стружанец се обидел да подметне пожар, полицијата го уапси

На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки.При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија презема мерки поради енергетската криза: Цените на горивата значително пораснаа

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, изјави денес дека снабдувањето со гориво во Австралија е „сигурно“ и покрај растечките цени предизвикани од војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец.Албанезе истакна дека владата презема мерки за да ги заштити Австралијците од „најлошите последици од кризната ситуација“, пренесе BBC.Министерот за енергетика на Австралија, Крис Боуен, додаде дека понудата на бензин, дизел и нафта во наредните недели ќе биде иста или поголема од онаа пред почетокот на конфликтот.Цените на горивата значително пораснале: просечната малопродажна цена на бензинот достигна 238 австралиски центи по литар, што е околу 1,64 американски долари, додека цената на дизелот во Сиднеј порасна на 314,5 центи по литар, што е највисоко ниво забележано досега.Недостигот на гориво е резултат на зголемената побарувачка и промените во куповните навики на граѓаните, вклучувајќи полнење канистери и складирање гориво дома, додека независните бензински станици имаат потешкотии со набавка поради недостаток на долгорочни договори.Владата на Австралија планира итна седница на националниот кабинет во понеделник за да го разгледа одговорот на кризата, додека претходно веќе интервенирала со ослободување на нафта од националните резерви и со намалување на стандардите за гориво.Ситуацијата дополнително се влоши поради прекини во двете најголеми постројки за течен природен гас (LNG) во Западна Австралија, Горгон и Витстон, кои снабдуваат околу пет отсто од глобалниот пазар.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол и удрил во две паркирани возила

На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-library3jo007gnkfemeKUNMZi

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал

Александар Марковски е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како дел од изборот на нови обвинители, на кој беа избрани вкупно четворица кандидати.Во постапката за избор, првично конкурирале десет кандидати, но двајца – Пеливанов и Ајро – се повлекле, по што во трката останале осум кандидати. Од нив, четворица добиле доверба и ќе бидат дел од ОЈО ГОКК.Едногласна поддршка добиле Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитровска.Марија Ѓоргева не добила ниту еден глас, а Валентина Бислимовска освоила еден глас. Ивана Алексова Трајчева не го добила потребното мнозинство.Во текот на расправата, членовите на Советот посочиле дека станува збор за искусни и професионални кандидати, при што дел од нив се залагале за давање шанса и на обвинители кои досега не работеле во ОЈО ГОКК. Беше истакнато и дека предложените законски измени предвидуваат мандат од седум години без право на повторен избор, што, според дел од учесниците, ќе придонесе за поголема независност и развој на кариерата.Во дискусијата беа отворени и прашања за правичната застапеност на заедниците, како и потребата од поголема мотивација за кандидирање на идни конкурси.Одлуката за избор на обвинителите ќе стапи во сила од 1 април.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library709e57jm5bg61w0R0ae

Управител од Струмица за да избегне плаќање на ДДВ, го оштетил државниот буџет за речиси 3 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица во стечај и против М.М.(48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик.Пријавениот правен субјект и М.М., во времето на сторување на кривичното дело во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегнат плаќање на Данок на додадена вредност постапиле спротивно на одредбите од Законот за ДДВ така што во поднесена даночна пријава за деловната 2025 година не пријавиле излезен ДДВ по општа даночна стапка на износ од 2.792.438 денари и излезен ДДВ по повластена даночна стапка од 5% на износ од 91.325 денари.Дополнително, во текот на 2025 година, за приход по фактура на износ од 101.716 денари не пресметале ДДВ на износ од 13.308 денари по општа даночна стапка, а за приход по фактура на износ од 97.552 денари не пресметале ДДВ на износ од 4.873 денари по повластена даночна стапка.Со таквите дејствија, пријавените во текот на 2025 година се стекнале со противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 2.909.944 денари.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
durmo-1

Во автобус на „Дурмо турс“ на граница пронајдени 600 куршуми

Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција.Според информацијата мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони.При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје.Неофицијално според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место.Од Обвинителство потврдија дека има истрага.ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица, соопштија од ЈОРМ.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Пожар зафати стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“ во центарот на Куманово.Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека пожарот бил пријавен околу 11 часот часот, а бил гаснат речиси два часа.„ТППЕ Куманово вчера интервенираше од 10:55 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари, на пожар во стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“, зад ЦКБ банка. Пожарот беше успешно локализиран во 12:45 часот. Кај едно повозрасно лице интервенирала Итната медицинска помош поради претрпен стрес, без констатирани повреди, по што лицето е пуштено дома“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања