Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

4 ден.
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче објави нова мерка на СДСМ: Скратена работа недела

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за новинари, објави нова мерка која што е вклучена во новата предлог програма на СДСМ, а се однесува на кратење на работната недела од сегашните пет работни дена на четири работни дена. Филипче порача дека со овој модел човекот се става пред профитот, а целта е достоинствен живот за работниците.„Станавме нација со најдолг работен циклус.Нација која е најпреработена, најисцрпена и соочена со масовен „burn out“. Луѓе работат преку авторски договори или со т.н лажно самовработување. Затоа е потребна гарантирана сигурност и извесност на работните места. По една година, трајна работа, ставаме крај на договорите на месец дена. По најмногу 12 месеци секој привремен ангажман станува траен. Еднакви права имаат сите. Секој ден се брои во стаж, крај за агенциски вработувања и синдикатот е твој штит“, рече Филипче. Столбот за „Скратена работна недела“ предвидува и други мерки како скратено работно време за повозорасните работници, лицата со попреченост и оние во процес на закрепнување, субвенции за сите компании кои ќе тестираат скратена работна недела и друго.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
benziska-guzva-goriva

Ако продолжи растот на цените на горивата, ќе се намалат акцизите и трошоците за транспорт

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата на светските берзи и дека веќе се преземени мерки за нивно намалување, додека во наредниот период се можни и дополнителни интервенции доколку трендот на раст продолжи.„Треба да се затвори денеска тргувањето, така да во втората половина на денот ќе имаме повеќе информации, затоа што пресметките се прават врз основа на тргувањето од понеделник до петок. Инаку ние имаме мерка за следните две недели, а тоа е, како ниту една држава во Европа директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18% на 10%, така што ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот којшто следи ќе интервенираме.Следна мерка доколку продолжи растот на цените на берзите ќе биде намалување на акцизите и намалување на маржата, односно цената на складиштење, транспортните рошоци“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

Филипче: Правдата е заробена, потребен е системски „имунолошки одговор“ против корупцијата

„Правдата во Македонија е заробена од корумпираните центри на моќ кои преку системска ерозија на институциите го приватизираат јавното добро. Наместо владеење на правото, на сцена имаме институционална несигурност која ги дестимулира стратешките инвестиции и создава економски амбиент со висок ризик“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите каде промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.Во новата програма на партијата, посочи Филипче, предвидуваме нова архитектура на институционална отпорност, каде борбата против корупцијата не зависи од нечија  добра волја, туку од системски поставен „имунолошки одговор“ на државата.„Нашата визија е премин од пасивна контрола кон автоматизиран интегритет, каде дигиталните протоколи го оневозможуваат дискреционото право како извор на мито. Со врзување на напредокот во Преговорите со ЕУ со реална испорака на правдата, создаваме систем кој ја наградува чесноста, а ја дигитализира одговорноста. Од тука, фронт со Европското обвинителство за нула корупција“, потенцираше Филипче.Програмата предвидува оперативен фронт со Европското обвинителство, предвремено затворање на „фундаментите“, смарт-протоколи во администрацијата, алгоритамска проверка на тековите на капитал и институционален гарант за интегритет.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
mickoski-taravari-1

Мицкоски: Таравари тагува по Ѓока бизнисот којшто не му успеа, односите со него беа вовлекувачки

Арбен Таравари вчера во телевизиско гостување го обвини премиерот Христијан Мицкоски за свесно слабеење на албанскиот политички фактор, а Влен ги нарече декор во владата без реален импакт.Според Мицкоски ова се неосновани тврдења и политички маневри. Тој посочи дека Таравари„Јас сè уште не можам да се изначудам зошто господинот Таравари тагува по Ѓока, бизнисот којшто не му успеа, и во јавноста измислува работи коишто немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку јас многу пати сум ги коментирал односите во Владата и односите со нашиот партнер ВЛЕН, и можам да кажам дека се исклучително принципиелни за разлика од односите коишто ги имавме со господинот Таравари, којшто беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што претпоставувам тој принцип на вовлекување којшто го применувал кон мене сега го применува кон нивниот нов коалициски партнер, а тоа е Демократската унија за интеграција. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети ме критикува мене“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library7kpr0omvi7a2e7pvDRA

Мицкоски за интервенцијата во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е, некои дипломати само сакаат да бидат интересни

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и претставува обид за медиумска манипулација.„Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед, претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш Соединетите Американски Држави имаат озбилен безбедносен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам, некои од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како, не знам каков дипломатски успех или нешто слично, тоа е друга тема. Но, верувајте, од моето искуство, многу тешко да не речам невозможно е да некој надворешен дојде до говор на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го соопшти на јавноста. Така што, тие што ова го смислиле, мислам дека направиле неуспешна игра на себе“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку fingerprint и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.„Знаеме во секоја институција колку имаме вработени, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат, и дали се во согласност тие институции со законските предвидени ограничувања. Имаме институции коишто веќе се дефинирани дека тоа не е постапено.Во тој процес исто така, нели, имавме прес-конференција за листа на чекање за која веќе порталот функционира, е достапна. За жал не се ажурира на време, и барав од сите здравствени институции да мора дневно да се ажурира, и најверојатно ќе најдеме и законско решение за да може и да ги казниме институциите и директорите ако тоа не се постапува. Ние за џабе креираме дигитални решенија ако тие решенија не се хранат.Исто така тука мора да бидеме построги, затоа го тестиравме едно од решенијата коешто со закон е овозможено, а тоа е fingerprint-от за да може здравствените работници check-in и check-out да направат според тој систем. Веќе во две клиники тестиран беше системот, ќе го воведеме прво во Скопје и после низ целата држава за да може да ги следиме законски.За жал ситуацијата е таква како што вие кажавте, имаме ситуации каде што доктори прегледуваат само еден пациент неделно, и имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно, и едниот и другиот се аутлајери. Така да мора да ги следиме и да направиме систем којшто прво реално ќе го следиме ние како министерство, второ ќе реагираме навреме“, изјави Алиу.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library9djm2ng29eandFoxdyt

Пијан стружанец се обидел да подметне пожар, полицијата го уапси

На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки.При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија презема мерки поради енергетската криза: Цените на горивата значително пораснаа

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, изјави денес дека снабдувањето со гориво во Австралија е „сигурно“ и покрај растечките цени предизвикани од војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец.Албанезе истакна дека владата презема мерки за да ги заштити Австралијците од „најлошите последици од кризната ситуација“, пренесе BBC.Министерот за енергетика на Австралија, Крис Боуен, додаде дека понудата на бензин, дизел и нафта во наредните недели ќе биде иста или поголема од онаа пред почетокот на конфликтот.Цените на горивата значително пораснале: просечната малопродажна цена на бензинот достигна 238 австралиски центи по литар, што е околу 1,64 американски долари, додека цената на дизелот во Сиднеј порасна на 314,5 центи по литар, што е највисоко ниво забележано досега.Недостигот на гориво е резултат на зголемената побарувачка и промените во куповните навики на граѓаните, вклучувајќи полнење канистери и складирање гориво дома, додека независните бензински станици имаат потешкотии со набавка поради недостаток на долгорочни договори.Владата на Австралија планира итна седница на националниот кабинет во понеделник за да го разгледа одговорот на кризата, додека претходно веќе интервенирала со ослободување на нафта од националните резерви и со намалување на стандардите за гориво.Ситуацијата дополнително се влоши поради прекини во двете најголеми постројки за течен природен гас (LNG) во Западна Австралија, Горгон и Витстон, кои снабдуваат околу пет отсто од глобалниот пазар.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол и удрил во две паркирани возила

На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-library3jo007gnkfemeKUNMZi

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал

Александар Марковски е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како дел од изборот на нови обвинители, на кој беа избрани вкупно четворица кандидати.Во постапката за избор, првично конкурирале десет кандидати, но двајца – Пеливанов и Ајро – се повлекле, по што во трката останале осум кандидати. Од нив, четворица добиле доверба и ќе бидат дел од ОЈО ГОКК.Едногласна поддршка добиле Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитровска.Марија Ѓоргева не добила ниту еден глас, а Валентина Бислимовска освоила еден глас. Ивана Алексова Трајчева не го добила потребното мнозинство.Во текот на расправата, членовите на Советот посочиле дека станува збор за искусни и професионални кандидати, при што дел од нив се залагале за давање шанса и на обвинители кои досега не работеле во ОЈО ГОКК. Беше истакнато и дека предложените законски измени предвидуваат мандат од седум години без право на повторен избор, што, според дел од учесниците, ќе придонесе за поголема независност и развој на кариерата.Во дискусијата беа отворени и прашања за правичната застапеност на заедниците, како и потребата од поголема мотивација за кандидирање на идни конкурси.Одлуката за избор на обвинителите ќе стапи во сила од 1 април.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library709e57jm5bg61w0R0ae

Управител од Струмица за да избегне плаќање на ДДВ, го оштетил државниот буџет за речиси 3 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица во стечај и против М.М.(48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик.Пријавениот правен субјект и М.М., во времето на сторување на кривичното дело во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегнат плаќање на Данок на додадена вредност постапиле спротивно на одредбите од Законот за ДДВ така што во поднесена даночна пријава за деловната 2025 година не пријавиле излезен ДДВ по општа даночна стапка на износ од 2.792.438 денари и излезен ДДВ по повластена даночна стапка од 5% на износ од 91.325 денари.Дополнително, во текот на 2025 година, за приход по фактура на износ од 101.716 денари не пресметале ДДВ на износ од 13.308 денари по општа даночна стапка, а за приход по фактура на износ од 97.552 денари не пресметале ДДВ на износ од 4.873 денари по повластена даночна стапка.Со таквите дејствија, пријавените во текот на 2025 година се стекнале со противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 2.909.944 денари.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
durmo-1

Во автобус на „Дурмо турс“ на граница пронајдени 600 куршуми

Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција.Според информацијата мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони.При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје.Неофицијално според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место.Од Обвинителство потврдија дека има истрага.ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица, соопштија од ЈОРМ.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Пожар зафати стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“ во центарот на Куманово.Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштија дека пожарот бил пријавен околу 11 часот часот, а бил гаснат речиси два часа.„ТППЕ Куманово вчера интервенираше од 10:55 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари, на пожар во стан на улицата „Димитрие Туцовиќ“, зад ЦКБ банка. Пожарот беше успешно локализиран во 12:45 часот. Кај едно повозрасно лице интервенирала Итната медицинска помош поради претрпен стрес, без констатирани повреди, по што лицето е пуштено дома“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
aerodrom-skopje-1

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид – Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.„Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и во Охрид оваа година, претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници возаминување, места кои беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано – Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, во понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродроми“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.На 29 март, недела, Виз eр ја воведува новата линија Милано – Охрид, додека на 30 март авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до Неапол, како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија – Будимпешта. Од 2 и 3 јуни, Анадолија џет ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, додека од 15 и 18 јули, Виз ер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).Во рамките на летниот распоред на летови за 2026 година, кој почнува кон крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании ќе летаат до 54 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, додека истовремено 7 авиокомпании ќе летаат до 24 чартер дестинации, што е вкупно 78 дестинации од главниот град на земјава.Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во летниот распоред на летови, 8 авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.По воведувањето на новата авиолинија од Охрид до Милано, во јуни Виз ер ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Од 17 мај, Аустриан ерлајнс ќе почне со летови од Охрид до Виена. Претходно овој месец, на 17 март, Виз ер веќе започна да лета од Охрид до Братислава.ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги заврши првите два месеци од 2026 година со 539.474 патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Ова е зголемување од 31% на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14%.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library45jpch49gh5qcOnH45M

Почина режисерот Оливер Мицевски

Театарската сцена во Македонија остана без еден од своите современи режисери – на 46-годишна возраст почина Оливер Мицевски, соопшти Народниот театар Битола.Мицевски, кој подолг период живееше и работеше во Лондон, во јуни 2025 година се врати на македонската сцена по пауза од 14 години, кога во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“.Тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2009 година добил стипендија од норвешката влада за специјализација посветена на делото на Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен при Универзитетот во Осло.Во текот на својата кариера, Мицевски живеел и работел во повеќе европски градови. Во Будимпешта го основал „Театар на покривот“, театар со англиски репертоар, преку кој реализирал дел од своите идеи за современ театар.Неговата работа беше насочена кон минималистичкиот пристап и истражувањето на новите перспективи во театарската уметност, оставајќи значаен белег на сцените каде што твореше.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

На денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, даде изјава за медиуми членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, кој изрази задоволство што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на ваков настан од големи размери и потенцираше дека на овој начин ќе се усвојат нови политики во делот на младинското и студентско организирање.„Драго ми е што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемиот настан којшто во текот на годината го организираат европските демократски студенти, студентската организација на Европската народна партија, најголемата партија во Европа и со тоа најголемата студентска организација во Европа. Ова е организација од којашто излегле голем број на европски политичари, јас се  сеќавам во времето кога јас бев претседател на УМС, во периодот помеѓу 2004-2008 година, дел од тие луѓе со кои тогаш комунициравме, држевме, се гледавме, сега се во врвот на европската политика. Така што сум убеден дека и оваа генерација којшто овие денови е во Скопје е следната генерација на европскиот континент, секако предизвиците сега се различни, пред се во делот на мирот и стабилноста од една страна во Европа и во светот, а од друга страна технолошкиот напредок којшто треба да го следиме и сум убеден дека овие три дена во Скопје ќе бидат доста интензивни, со цел да можат да се усвојат нови политики кои ќе ги применува Европската народна партија во делот на младинското и студентското организирање“, вели Николоски.Николоски во своето обраќање се заблагодари на фондацијата Конрад Аденауер за континуираната поддршка и истакна дека да се биде домаќин на најголемиот настан кој го прави студентската организација на ЕПП претставува огромно признание за ВМРО-ДПМНЕ и државата.„Би сакал да се заблагодарам на фондацијата Конрад Аденауер од Германија за континуираната поддршка, и за поддршката и на овој настан, да честитам на Сергеј Попов и на Унијата на млади сили затоа што да се добие најголемиот настан кој што Европската народна партија во делот на студентско организирање го прави во текот на годината е огромно признание и за Македонија и за УМС и за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Николоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryahau1fjvdenr5s47dtm

(Фото) Ски сезоната на Попова Шапка продолжува

Ски центарот Попова Шапка известува дека скијачката сезона продолжува.„Ски центарот е во одлична состојба и работи секој ден, нудејќи идеални услови за скијање. Ве покануваме да уживате во секој момент на нашите патеки и да ја доживеете магијата на зимата. Добредојдовте“, велат од ски центарот.Променливото време на планините донесе врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка создавајќи услови за продолжување на ски сезоната. На Попова Шапка висината на снежната покривка достигна 74 cm.Снежни врнежи на планините се најавени и за претстојниот викенд.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Советот на јавните обвинители денеска ќе носи клучни кадровски одлуки во правосудниот систем. Ќе се избира шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, а ќе се пополнуваат и испразнети места во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).„На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје“, стои во најавата за седницата.Оваа седница првично беше закажана за 18 март, но се одложи бидејќи истиот ден се бираше новиот државен јавен обвинител.Голем е интересот кој ќе го наследи Мустафа Хајрулахи. Пријавени се седум обвинители, од кои тројца се од поранешното СЈО. Пријавени се: Фатиме Фетаи, Владимир Милошоски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, двајца обвинители од скопското обвинителство, Александар Маркоски и Јасмина Костеска Здравеска, како и Џелал Бајрами, кој доаѓа од републичкото јавно обвинителство.Десет пријавени обвинители има за ОЈО-ГОКК, пет од кандидатките се обвинителки кои се дел од ова обвинителство, но нивниот мандат истекува. Тоа се обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу- Леши, Ивана Алексова -Трајчева и Сузана Мирческа -Кузмановска.Двајца конкурираат и за шеф на Вишото обвинителство, тоа се Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од СЈО. Тие пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство, дојдоа токму од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Тројца обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство. Тоа се Александар Маркоски, кој конкурира и за Вишо, Ана Гоговска -Јакимовска и Ана Стојановиќ- Димитровска.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
metju-peri-960x639-1

Дилерката на Метју Пери се соочува со казна до 65 години затвор: „Избрала профит наместо човечки животи“

Американските федерални обвинители побараа казна од 15 години затвор за Џасвин Санга, позната како „Кралица на кетаминот“, поради нејзината улога во смртта на актерот Метју Пери, јавува ABC News.Санга, која беше уапсена во август 2024 година, призна дека го снабдувала Пери со кетамин во неделите пред неговата смрт во октомври 2023 година. Според судските документи, учествувала во дистрибуција на големи количини дрога, вклучувајќи ја и онаа која беше фатална за актерот.Обвинителите истакнуваат дека таа водела разгранета илегална активност од својот дом во Лос Анџелес, каде складирала и продавала дроги како кетамин и метамфетамин. Особено се нагласува дека продолжила со продажбата и по сознанието дека нејзините супстанции се поврзани со повеќе смртни случаи.„Избрала профит наместо човечки животи“, се наведува во поднесокот на обвинителството, истакнувајќи дека нејзините постапки покажуваат целосна рамнодушност кон човечките животи.Одбраната, пак, бара пониска казна, истакнувајќи дека Санга покажала знаци на рехабилитација, одржувала апстиненција и учествувала во програми за опоравување за време на притворот.Во случајот на смртта на Метју Пери обвинети се вкупно пет лица, вклучувајќи го и неговиот асистент и лекари кои учествувале во набавката и дистрибуцијата на кетаминот. Според обвинителите, актерот пред смртта примил повеќе инјекции од оваа супстанца.Максималната казна за Санга е 65 години затвор, а изрекувањето на пресудата е закажано за април во Лос Анџелес.

Магазин | пред 4 дена

4 ден.
media-library8v59epic5ods6tEj6vY

По две децении ќе се прочистува граничниот шумски пат на Јабланица

На барање на Граничната полиција на Македонија, РЦ Запад, со решение од ДИШЛ, започнати се активности за прочистување и просветлување на граничниот шумски пат на планината Јабланица, на границата со Албанија.„Овој пат кој започнува од ГП Ќафасан не е прочистуван цели две децении, а со самото тоа, зараснатоста на вегетацијата во огромна мера го отежнувало движењето и сите останати активности на пограничните служби.Ветивме дека соработката и координацијата со сите институции ќе биде на највисоко ниво, а со тоа и грижата кон исполнување на потребите и барањата на граѓаните би биле исполнети најекспедитивно и најдобро.Продолжуваме со сите потребни активности на територијата на цела Македонија“, вели заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој.„Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, Министерството за здравство континуирано вложува напори во унапредување на педијатриската здравствена заштита. Во таа насока, фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација преку набавка на нова медицинска опрема, како и јакнење на човечките ресурси. Свесни сме дека без стручен и мотивиран кадар, нема одржлив здравствен систем. Како дел од овие заложби, преку програмата за специјализации и супспецијализации, во изминатиот период преземаме конкретни чекори за надополнување на кадарот. Изминатата година се одобрени 17 специјализации по педијатрија за јавните здравствени установи, а дополнително се преземени и вработени 15 приватни специјализанти, од кои дел се ангажирани на Универзитетската клиника за педијатрија. Со тоа директно придонесуваме кон намалување на дефицитот и зајакнување на системот“, истакна министерот Алиу во обраќањето.Тој посочи дека оваа школа е од исклучително значење бидејќи овозможува размена на искуства и знаења меѓу домашни и меѓународни експерти, а присуството на еминентни предавачи од земјава и од светски рамки дава дополнителна вредност и потврдува дека сме дел од современите текови во медицината.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarygpr92pi2mkr84MNIj8U

СДСМ: Се распаѓа ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО-ОКГ

Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ, велат од СДСМ.„Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.Тие се „тендер коалиција“ – и едните и другите сакаат тендери.Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата.И едниот и другиот имаат ист газда.Нема политика, само приватен бизнис.Едниот ја издаде партијата, другиот државата.И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“.Имаат свои играчи – едниот Богдановиќ, другиот Шилегов.Што најмногу ги поврзува – ЛАГА!Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarynrukf8nbe4th3TrFRW9

(Видео) Фрлени молотови коктели врз Рускиот дом во Прага

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз Рускиот дом во Прага, соопштија утрово официјални лица.Чешката полиција утрово објави на мрежата Икс дека непознат сторител во четвртокот навечер фрлил неколку молотови коктели врз зградата на Рускиот центар за наука и култура (RSVK), пренесува чешката агенција ČTK.Три од шесте фрлени коктели не експлодирале, што спречило поголемиот последици, изјави директорот на центарот Игор Гиренко, пренесе агенцијата RIA Novosti.Нападот бил насочен кон прозорците на библиотеката, а завршниот настан за Денот на руската култура бил планиран за денеска, што според зборовите на Гиренко покажува дека времето на нападот не било случајно.„Само нечовечки суштества можат да целат кон културата", оцени директорот.Рускиот центар за наука и култура, познат како Руски дом, од 1971 година го води руската државна агенција Рошотрудничество, а на незадоволство на Москва, Чешката Република не го признава дипломатскиот статус на зградата во која се наоѓа центарот, наведува ČTK.Заменик шефот на Рошотрудничество Павел Шевцов, изјавил дека напаѓачите имале намера да предизвикаат голем пожар.Полицијата соопштила дека трага по сторителот и дека против него се води истрага за оштетување туѓ имот.Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го нарекла нападот „варварски чин“, додека нападот во медиумите бил опишан како обид за загрозување на културниот центар и предизвикување пожар, пренесе Тасс.Русија во минатото се жалела на ставот на Чешката Република кон овој центар, па така поранешниот руски амбасадор во Прага, Александар Змејевски, во интервју за весникот Известија минатиот мај изјавил дека околу Рускиот дом владее нездрава атмосфера, наведува агенцијата ČTK.Змејевски тогаш изјавил дека повиците за затворање на Рускиот дом редовно се појавуваат во чешките медиуми, а тој бил и мета на хулигански напади на разни организации, меѓу другото и во врска со руската војна во Украина.Кон средината на април минатата година, десетици луѓе предводени од иницијативата Глас Украина, протестирале пред Рускиот дом против ширењето на руската култура, додава чешката агенција.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library0i5o08rbic8v8k4bQtT

Александар Пендароски и Мартина Михајлова се зет и невеста на Галичка свадба годинава

По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова.„Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка.Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар.За нив, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник.Им честитаме и им посакуваме многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција“, велат организаторите.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryr1dpv8osugiocoicpIZ

Четири ученички тепале 13-годишно девојче во Тетово

На 26.03.2026 во 17:30 часот во СВР Тетово, У.С.(40) од Тетово пријавил дека околу 12:50 часот на фудбалско игралиште во основно училиште во Тетово, за време на спортски турнир, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири повозрасни ученички.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања