Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

4 ден.
media-librarymonvddctngbddjDrX6s

Николоски: УМС е домаќин на најголемиот европски настан на кој се усвојуваат нови политики во делот на младинското и студентското организирање

На денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, даде изјава за медиуми членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, кој изрази задоволство што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на ваков настан од големи размери и потенцираше дека на овој начин ќе се усвојат нови политики во делот на младинското и студентско организирање.„Драго ми е што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемиот настан којшто во текот на годината го организираат европските демократски студенти, студентската организација на Европската народна партија, најголемата партија во Европа и со тоа најголемата студентска организација во Европа. Ова е организација од којашто излегле голем број на европски политичари, јас се  сеќавам во времето кога јас бев претседател на УМС, во периодот помеѓу 2004-2008 година, дел од тие луѓе со кои тогаш комунициравме, држевме, се гледавме, сега се во врвот на европската политика. Така што сум убеден дека и оваа генерација којшто овие денови е во Скопје е следната генерација на европскиот континент, секако предизвиците сега се различни, пред се во делот на мирот и стабилноста од една страна во Европа и во светот, а од друга страна технолошкиот напредок којшто треба да го следиме и сум убеден дека овие три дена во Скопје ќе бидат доста интензивни, со цел да можат да се усвојат нови политики кои ќе ги применува Европската народна партија во делот на младинското и студентското организирање“, вели Николоски.Николоски во своето обраќање се заблагодари на фондацијата Конрад Аденауер за континуираната поддршка и истакна дека да се биде домаќин на најголемиот настан кој го прави студентската организација на ЕПП претставува огромно признание за ВМРО-ДПМНЕ и државата.„Би сакал да се заблагодарам на фондацијата Конрад Аденауер од Германија за континуираната поддршка, и за поддршката и на овој настан, да честитам на Сергеј Попов и на Унијата на млади сили затоа што да се добие најголемиот настан кој што Европската народна партија во делот на студентско организирање го прави во текот на годината е огромно признание и за Македонија и за УМС и за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Николоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryahau1fjvdenr5s47dtm

(Фото) Ски сезоната на Попова Шапка продолжува

Ски центарот Попова Шапка известува дека скијачката сезона продолжува.„Ски центарот е во одлична состојба и работи секој ден, нудејќи идеални услови за скијање. Ве покануваме да уживате во секој момент на нашите патеки и да ја доживеете магијата на зимата. Добредојдовте“, велат од ски центарот.Променливото време на планините донесе врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка создавајќи услови за продолжување на ски сезоната. На Попова Шапка висината на снежната покривка достигна 74 cm.Снежни врнежи на планините се најавени и за претстојниот викенд.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Советот на јавните обвинители денеска ќе носи клучни кадровски одлуки во правосудниот систем. Ќе се избира шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, а ќе се пополнуваат и испразнети места во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).„На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје“, стои во најавата за седницата.Оваа седница првично беше закажана за 18 март, но се одложи бидејќи истиот ден се бираше новиот државен јавен обвинител.Голем е интересот кој ќе го наследи Мустафа Хајрулахи. Пријавени се седум обвинители, од кои тројца се од поранешното СЈО. Пријавени се: Фатиме Фетаи, Владимир Милошоски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, двајца обвинители од скопското обвинителство, Александар Маркоски и Јасмина Костеска Здравеска, како и Џелал Бајрами, кој доаѓа од републичкото јавно обвинителство.Десет пријавени обвинители има за ОЈО-ГОКК, пет од кандидатките се обвинителки кои се дел од ова обвинителство, но нивниот мандат истекува. Тоа се обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу- Леши, Ивана Алексова -Трајчева и Сузана Мирческа -Кузмановска.Двајца конкурираат и за шеф на Вишото обвинителство, тоа се Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од СЈО. Тие пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство, дојдоа токму од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Тројца обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство. Тоа се Александар Маркоски, кој конкурира и за Вишо, Ана Гоговска -Јакимовска и Ана Стојановиќ- Димитровска.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
metju-peri-960x639-1

Дилерката на Метју Пери се соочува со казна до 65 години затвор: „Избрала профит наместо човечки животи“

Американските федерални обвинители побараа казна од 15 години затвор за Џасвин Санга, позната како „Кралица на кетаминот“, поради нејзината улога во смртта на актерот Метју Пери, јавува ABC News.Санга, која беше уапсена во август 2024 година, призна дека го снабдувала Пери со кетамин во неделите пред неговата смрт во октомври 2023 година. Според судските документи, учествувала во дистрибуција на големи количини дрога, вклучувајќи ја и онаа која беше фатална за актерот.Обвинителите истакнуваат дека таа водела разгранета илегална активност од својот дом во Лос Анџелес, каде складирала и продавала дроги како кетамин и метамфетамин. Особено се нагласува дека продолжила со продажбата и по сознанието дека нејзините супстанции се поврзани со повеќе смртни случаи.„Избрала профит наместо човечки животи“, се наведува во поднесокот на обвинителството, истакнувајќи дека нејзините постапки покажуваат целосна рамнодушност кон човечките животи.Одбраната, пак, бара пониска казна, истакнувајќи дека Санга покажала знаци на рехабилитација, одржувала апстиненција и учествувала во програми за опоравување за време на притворот.Во случајот на смртта на Метју Пери обвинети се вкупно пет лица, вклучувајќи го и неговиот асистент и лекари кои учествувале во набавката и дистрибуцијата на кетаминот. Според обвинителите, актерот пред смртта примил повеќе инјекции од оваа супстанца.Максималната казна за Санга е 65 години затвор, а изрекувањето на пресудата е закажано за април во Лос Анџелес.

Магазин | пред 4 дена

4 ден.
media-library8v59epic5ods6tEj6vY

По две децении ќе се прочистува граничниот шумски пат на Јабланица

На барање на Граничната полиција на Македонија, РЦ Запад, со решение од ДИШЛ, започнати се активности за прочистување и просветлување на граничниот шумски пат на планината Јабланица, на границата со Албанија.„Овој пат кој започнува од ГП Ќафасан не е прочистуван цели две децении, а со самото тоа, зараснатоста на вегетацијата во огромна мера го отежнувало движењето и сите останати активности на пограничните служби.Ветивме дека соработката и координацијата со сите институции ќе биде на највисоко ниво, а со тоа и грижата кон исполнување на потребите и барањата на граѓаните би биле исполнети најекспедитивно и најдобро.Продолжуваме со сите потребни активности на територијата на цела Македонија“, вели заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој.„Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, Министерството за здравство континуирано вложува напори во унапредување на педијатриската здравствена заштита. Во таа насока, фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација преку набавка на нова медицинска опрема, како и јакнење на човечките ресурси. Свесни сме дека без стручен и мотивиран кадар, нема одржлив здравствен систем. Како дел од овие заложби, преку програмата за специјализации и супспецијализации, во изминатиот период преземаме конкретни чекори за надополнување на кадарот. Изминатата година се одобрени 17 специјализации по педијатрија за јавните здравствени установи, а дополнително се преземени и вработени 15 приватни специјализанти, од кои дел се ангажирани на Универзитетската клиника за педијатрија. Со тоа директно придонесуваме кон намалување на дефицитот и зајакнување на системот“, истакна министерот Алиу во обраќањето.Тој посочи дека оваа школа е од исклучително значење бидејќи овозможува размена на искуства и знаења меѓу домашни и меѓународни експерти, а присуството на еминентни предавачи од земјава и од светски рамки дава дополнителна вредност и потврдува дека сме дел од современите текови во медицината.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarygpr92pi2mkr84MNIj8U

СДСМ: Се распаѓа ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО-ОКГ

Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ, велат од СДСМ.„Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.Тие се „тендер коалиција“ – и едните и другите сакаат тендери.Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата.И едниот и другиот имаат ист газда.Нема политика, само приватен бизнис.Едниот ја издаде партијата, другиот државата.И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“.Имаат свои играчи – едниот Богдановиќ, другиот Шилегов.Што најмногу ги поврзува – ЛАГА!Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarynrukf8nbe4th3TrFRW9

(Видео) Фрлени молотови коктели врз Рускиот дом во Прага

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз Рускиот дом во Прага, соопштија утрово официјални лица.Чешката полиција утрово објави на мрежата Икс дека непознат сторител во четвртокот навечер фрлил неколку молотови коктели врз зградата на Рускиот центар за наука и култура (RSVK), пренесува чешката агенција ČTK.Три од шесте фрлени коктели не експлодирале, што спречило поголемиот последици, изјави директорот на центарот Игор Гиренко, пренесе агенцијата RIA Novosti.Нападот бил насочен кон прозорците на библиотеката, а завршниот настан за Денот на руската култура бил планиран за денеска, што според зборовите на Гиренко покажува дека времето на нападот не било случајно.„Само нечовечки суштества можат да целат кон културата", оцени директорот.Рускиот центар за наука и култура, познат како Руски дом, од 1971 година го води руската државна агенција Рошотрудничество, а на незадоволство на Москва, Чешката Република не го признава дипломатскиот статус на зградата во која се наоѓа центарот, наведува ČTK.Заменик шефот на Рошотрудничество Павел Шевцов, изјавил дека напаѓачите имале намера да предизвикаат голем пожар.Полицијата соопштила дека трага по сторителот и дека против него се води истрага за оштетување туѓ имот.Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го нарекла нападот „варварски чин“, додека нападот во медиумите бил опишан како обид за загрозување на културниот центар и предизвикување пожар, пренесе Тасс.Русија во минатото се жалела на ставот на Чешката Република кон овој центар, па така поранешниот руски амбасадор во Прага, Александар Змејевски, во интервју за весникот Известија минатиот мај изјавил дека околу Рускиот дом владее нездрава атмосфера, наведува агенцијата ČTK.Змејевски тогаш изјавил дека повиците за затворање на Рускиот дом редовно се појавуваат во чешките медиуми, а тој бил и мета на хулигански напади на разни организации, меѓу другото и во врска со руската војна во Украина.Кон средината на април минатата година, десетици луѓе предводени од иницијативата Глас Украина, протестирале пред Рускиот дом против ширењето на руската култура, додава чешката агенција.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library0i5o08rbic8v8k4bQtT

Александар Пендароски и Мартина Михајлова се зет и невеста на Галичка свадба годинава

По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова.„Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка.Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар.За нив, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник.Им честитаме и им посакуваме многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција“, велат организаторите.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryr1dpv8osugiocoicpIZ

Четири ученички тепале 13-годишно девојче во Тетово

На 26.03.2026 во 17:30 часот во СВР Тетово, У.С.(40) од Тетово пријавил дека околу 12:50 часот на фудбалско игралиште во основно училиште во Тетово, за време на спортски турнир, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири повозрасни ученички.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
dzamija

Нова кражба во џамија: Со тврд предмет отворена касата и украдени пари

На 26.03.2026 во 15:30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека во периодот од 12:00 до 15.00 часот било влезено во џамијата во село Слатино, тетовско и со употреба на сила и тврд предмет била отворена касата со доброволни прилози и биле одземени пари.Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Семејна расправија во тетовско: Ја нападнал мајка си, па со нож се заканувал на нејзиниот сопруг

На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, пришто им се заканил и со остар предмет.Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarygu20n2h3ksvf5tY7lOy

(Видео) Манекенка стана хит на интернет: ѝ испаднаа навлаки за заби на сцената

Манекенката Камолван Чанагo доживеала вистинска непријатност за време на натпреварот за Мис Гранд Тајланд, а видео-снимката за кратко време стана вирална.Имено, за време на претставувањето ѝ испаднале навлаките за заби, а видео-снимката од тој момент стана вирална.Како што се гледа, Камолван се свртела накратко за да ги отстрани навлаките, а потоа продолжила да оди кон публиката. Овој момент предизвика лавина коментари на мрежите, а некои дури ја пофалија за снаодливоста.„Ова е начин како треба да се справите со проблемот“, „За мене таа е победничка без оглед на резултатите од натпреварот“, „Заслужи круна“ – се само некои од коментарите.Во продолжение погледнете ја видео-снимката која го обиколи светот.

Магазин | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryjictv5rveb2mcRgl7F6

Филипче: 6 години Македонија во НАТО, потврда на државничките политики на СДСМ

Пред точно шест години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата. Овој чекор, исполнет со национален интерес и државен успех, според лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обезбеди трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и сите нејзини граѓани.„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност.Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна.Денеска, зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот — НАТО!Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех“, вели Филипче.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryrr1611plvc2g3IXwNld

Стоилковски: Изборот на новиот ЈО е најдемократскиот чекор од страна на една власт

ВМРО-ДПМНЕ како носител на власта останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата и токму во тој правец прави се што треба за независност на институциите, кои со целосен кредибилитет ќе ги спроведат постапките до крај, нешто што може да се види и од изборот на новиот јавен обвинител, што претставува една од најдемократските чекори до сега во државата, посочува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.Тој во своето гостување на „Клик плус“ во телевизија Тв21, истакна дека на позицијата државен јавен обвинител избран е човек со чисто и професионално досие, со кредибилитет, почитуван од колегите и фелата.„Изборот на Ненад Савески за нов републички јавен обвинител е најдемократскиот чекор до сега покажан од страна на една власт во Македонија кон Јавното обвинителство. Избран е човек со чисто досие, со професионално досие, почитуван од колегите, предлогот дојде од нивна страна, кандидатурата е негова, има волја, има желба, не е политичка фигура или замешан во политиката“, рече Стоилковски.Во однос на негласањето на пратениците од македонската опозиција, Стоилковски потенцираше дека тие се навикнати на ликови како Коцевски, кој не презел ниеден чекор во борбата против криминалот и корупцијата и за кој грчевите до последен момент се бореа да остане на функцијата.„Претходно, претходникот на Ненад Савески, но и за неговиот претходник, СДС грчевито се бореше да останат таму каде што беа. Зборам и за Коцевски, зборам и за молчаливиот Јовески, како што самите го нарекуваа. Сакате да зборуваме за коруптивни скандали, за криминали изнесени пари од Македонија, сакате да зборуваме за наркомафија, сакате да зборуваме за криминал во енергетиката. Сакате да зборуваме за увоз на енергенси, сакате да зборуваме за крадење на струја од европската мрежа, за што бевме опоменувани. Одлично што сакате сега за зборувате, меѓутоа не зборувавте, туку молчевте цело време. Вие се боревте за ликови и застанавте во одбрана на Коцевски да остане јавен обвинител иако велите дека до сега немало никаков чекор направен во борбата против криминалот и корупцијата“, рече Стоилковски.Во однос на темата за предвремени избори, Стоилковски истакна дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека тие ги има само во главите на Венко Филипче и на останатите неколку ликови во неговата партија.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
mmf-1

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на  стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година. Стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од други земји ќе се применуваат во согласност со висината на стапката којашто е утврдена од надлежниот орган на другата земја. Врз основа на движењата во банкарскиот систем и во окружувањето, вклучително и домашното, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 2% соодветствува на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот систем. Банкарскиот систем ја задржа стабилноста и сигурноста во работењето и е добро капитализиран и ликвиден, со ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во декември 2025 година стапија во сила макропрудентните мерки со построги критериуми за квалитетот на кредитната побарувачка, чии ефекти се очекуваат во следниот период. Се очекува дека овие пакет-мерки, заедно со досегашните измени кај задолжителната резерва, ќе придонесат за намалување на системските ризици и ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Притоа, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика заради натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата, во услови на силна кредитна активност, динамичен пазар на недвижностите и ризици од надворешното окружување, како и од домашните фактори што влијаат врз побарувачката. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Царинарница Битола во 2025 година наплати приходи од вкупно 9,2 милијарди денари или за 359,5 милиони денари повеќе од 2024 година.„Изготвени се 9.179 записници за царинска вредност при што дополнително се 5,8 милиони евра или за 2,2 милиони евра повеќе од 2024 година кога по 6.803 записници биле наплатени 3,6 милиони евра. Дополнително изречени се записници по проверка на фактури, контрола на тарифна ознака и потекло на стока и дополнително се пресметани 3,2 милион денари или 52 илјади евра по основ на избегнати давачки.Едни од позначајните заплени во 2025 година на ниво на царинарница Битола:60 литри течен пестицид и 11 килограми прашкаст пестицид во вредност од 987 илјади денариЗлатен накит во вкупна вредност од 152 илјади денари153 литри маслиново масло Службата за надзор на иматели на одобренија под ингеренции на царинарница Битола во 2025 спроведе 55 теренски контроли на одобренија за постапки со економски ефект и на одобренија за поедноставени постапки за локално царинење при увоз или извоз, при што кај 11 правни лица се утврдени неправилности и изречени се 44 прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 28 илјади евра“, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
dolari-

Америка ќе печати банкноти со потписот на Трамп

Американското Министерство за финансии официјално објави дека потписот на претседателот Доналд Трамп ќе се појавува на идните американски хартиени пари, заедно со потписот на министерот за финансии Скот Бесент. Одлуката е претставена како дел од одбележувањето на 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави.Со овој потег, Трамп станува првиот актуелен американски претседател чие име и потпис ќе бидат ставени на хартиена валута додека е на функција. Американските банкноти традиционално ги носат потписите на високи претставници од Министерството за финансии, а не на претседателот, па затоа одлуката веќе предизвикува силно политичко внимание во САД.Според извештаи на Reuters и други американски медиуми, првите нови банкноти со потписот на Трамп се очекуваат во текот на летото 2026 година, при што најпрво треба да се појават на банкнотите од 100 долари. Засега нема официјално објаснување колку долго ќе трае оваа промена ниту на кое точно место на банкнотите ќе биде додаден потписот.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryovict9bns66o0Wh4wIs

(Видео) Хеликоптер падна на плажа на Хаваи: Три лица загинаа

Три лица загинаа, а две се повредени при пад на хеликоптер на плажата Калалау, на северниот брег на хавајскиот остров Кауаи, соопштија властите.Хеликоптерот на компанијата „Airborne Aviation“ превезувал пилот и четворица патници кога се урнал на популарна дестинација за хеликоптерски обиколки кои овозможуваат поглед кон карпи, водопади и плажи долж обалата На Пали, достапни претежно пеш или со чамец, пренесе АП.Двете повредени лица се префрлени во Медицинскиот центар Вилкокс за лекување, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна, СДС е под целосна контрола на Заев преку Башановиќ и Шчекиќ

Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно ја става СДС во функција на туѓи интереси и ја претвора во обична прокси структура под диригентската палка на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДС, сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче.Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство напротив јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче не покажа самостојност тука целосна зависност и потчинетост.Филипче не само што нема капацитет да води, туку свесно ја жртвува партијата за да остане на позиција, спроведувајќи агенди што не произлегуваат од членството, ниту од граѓаните а се под водство на Башановиќ и Шчекиќ.Сомнителните средби на Филипче надвор од државата во Ниш и Грција по насока на Заев и упорниот молк околу нив се директен показател дека клучните одлуки не се носат транспарентно, туку во затворени кругови, далеку од очите на јавноста. Ова претставува сериозен удар врз политичката транспарентност и довербата.ПР машинеријата на СДС се сведува на ширење дезинформации, манипулации и оркестрирани клевети, што јасно покажува дека партијата нема реални политики, туку се потпира на валкани кампањи за да опстане на политичката сцена.Некогаш сериозна политичка партија, СДС денес е симбол на погрешно раководење, изгубен правец и целосно отуѓување од граѓаните. Заев, заедно со своите наследници, ја доведе партијата до работ на политичка безначајност.Ова не е само политичка криза во СДС туку и јасен доказ за заробена партија, управувана од сенка, без легитимитет и без иднина.Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
Screenshot-2024-04-07-at-13.20.14

Потврдено обвинението против осомничените за убиството на двегодишната Дaнка Илиќ

Вишиот суд во Негостино, Србија го потврди обвинението што го поднесе Вишото јавно обвинителство во Зајечар против Д.Д. и С.Ј., поради сомневање дека на 26 март 2024 година, во Банјско поле кај Бор, ја убиле двегодишната Дaнка Илиќ.Обвинителниот акт, кој беше поднесен по дополнување на истрагата, ги товари Д.Д. и С.Ј. за тешко убиство во соизвршителство, додека Р.Д. е обвинет за непријавување на кривично дело и за помагање на извршителот по извршување на кривичното дело.Дополнувањето на истрагата беше спроведено по налог на Апелациониот суд во Ниш, откако двапати беше враќано решението за потврдување на обвинението на Вишиот суд во Зајечар.Веднаш по исчезнувањето на Дaнка Илиќ пред точно две години, беа преземени обемни активности за пронаоѓање, но телото на девојчето никогаш не беше пронајдено.Според обвинението, Д.Д. и С.Ј. на 26 март 2024 година во Банјско поле кај Бор, најпрво со возило на ЈКП „Водовод“, каде што биле вработени, удриле во девојчето, а потоа ја ставиле во возилото. Телото на девојчето било фрлено на депонија, од каде подоцна било преместено.Р.Д. се сомничи дека му помогнал на синот на Д.Д. да го премести телото на девојчето.Во обвинението се предлага Д.Д. и С.Ј. да бидат осудени на доживотен затвор.За време на истрагата, братот на Д.Д., Д.Д., починал на 7 април 2024 година во просториите на Полициската управа во Бор за време на задржувањето.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Снег и најниски температури на Попова Шапка – 74 см снежна покривка

Во изминатото утро, најниската температура во државата беше измерена на Попова Шапка со -4°C, додека Лазарополе регистрираше -1°C, а Крушево и Маврови Анови околу 0°C. На повеќето ниски места минималните температури се движеле меѓу 1 и 7 степени, додека во Гевгелија било 11°C.Во текот на вчерашното деноноќие, најголема количина на врнежи беше забележана во Пожар со 18 л/м², следат Маврови Анови со 13 л/м² и Пожаране со 12 л/м². Попова Шапка доби 11 л/м² дожд, а на повеќе планински места врнежите преминаа во снег, формирајќи нова снежна покривка – на Попова Шапка висината на снежната покривка достигна 74 cm.Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни (над 20 л/м²), а ќе има и услови за ретки грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег со формирање на нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а во Скопје до 13°C со слаб до умерен променлив ветер.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Не можам да бидам кукла во една влада

Одлуката за напуштање на владината коалиција не била изненадна, туку резултат на подолг период на незадоволство и чувство на исклученост од клучните процеси, изјави Арбен Таравари во емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија.„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјавиТаравари, потсетувајќи дека коалицијата Влен успеала да освои 107.000 гласови и да ја исполни својата главна цел – испраќање на ДУИ во опозиција.Сепак, според него, по само десет месеци владеење, очекувањата биле заменети со разочарување. Таравари тврди дека нивните кадри биле маргинализирани, а институционалното влијание сведено на минимум.„Влен е само декор во владата, без вистинско влијание“, изјави тој, додавајќи дека ваквата позиција е неприфатлива за неговата партија.Тој остро критикуваше дека е подобро да се биде во опозиција отколку дел од, како што рече, нефункционален систем.„Не можам да бидам кукла во една влада“, нагласи Таравари.Во однос на внатрепартиските состојби, тој изрази уверување дека разделбата со Зијадин Села не претставува загуба, туку процес кој веќе бил завршен.Таравари предупреди и за пошироките политички предизвици, истакнувајќи дека застојот во евроинтеграциите и оддалечувањето од реформите претставуваат сериозна опасност за државата. Според него, земјата веќе заостанува зад Албанија и Црна Гора, додека се наоѓа во група со Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
sergej-lavrov

Лавров: Украина и Иран не се исто

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот изјави дека ситуациите во Иран и Украина се разликуваат, бидејќи, според него, „Киев, заедно со своите западни спонзори, ги прекршил сите меѓународни норми што можело да се прекршат“.Од друга страна, како што рече, Иран „не прекршил никакви меѓународни обврски“.„Која е разликата меѓу ситуацијата во Иран и Украина? Разликата е во тоа што Исламската Република Иран не прекршила никакви меѓународни обврски, вклучително и оние што се однесуваат на иранската нуклеарна програма... Украина, заедно со своите западни спонзори, прекршила сè што можело да се прекрши“, изјави Лавров во интервју за телевизијата „Франс“.Според неговите зборови, во случајот со Украина, Русија предупредувала дека Франција, Германија и други западни земји ја водат ситуацијата кон криза, а исто така предложила склучување договор за безбедносни гаранции со САД и НАТО во декември 2021 година.„Ни беше кажано дека тоа не нè засега и дека Украина ќе влезе во НАТО“, нагласи Лавров.Тој додаде дека за време на преговорите за Украина, лидерите на Европската унија и НАТО се обидувале да ја одвратат американската делегација од договорите постигнати меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Енкориџ, Алјаска.„Сите наредни преговори по Енкориџ беа отежнати од фактот што ЕУ и раководството на НАТО, пред сè Урсула фон дер Лајен и Марк Руте, на секој начин се обидуваа да ги поткопаат тие разбирања и да ја одвратат американската администрација од договорите што ги поддржавме“, изјави Лавров.Тој додаде дека САД се обидуваат да обезбедат Киев да се согласи со договорите постигнати на самитот во Енкориџ.„Гледам дека американската страна настојува да направи сè за да обезбеди Киев да го прифати договорот што го постигнаа претседателите на Русија и САД на Алјаска“, изјави Лавров.Според него, по реализацијата на тие договори ќе останат уште низа прашања што треба да се решат меѓу Москва и Киев, бидејќи тие не биле сеопфатни.Тој посебно ги спомена прашањата за рускиот јазик и канонската Украинска православна црква, оценувајќи дека без притисок од ЕУ и НАТО не треба да се очекуваат чекори од Киев.Лавров го коментираше и предлогот за распоредување стабилизациски сили во Украина по евентуално примирје, оценувајќи дека тоа би претставувало „отворена окупација на земјата“.„Сега зборуваат дека Западот ѝ ветува на Украина ‘безбедносни гаранции’. Францускиот претседател Макрон повеќепати тврдеше дека тие гаранции, вклучително и распоредување ‘стабилизациски сили’, се решение, што на крај би значело чиста окупација“, заклучи шефот на руската дипломатија.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library78kjj1ohnded4EedS2k

Уапсени двајца возачи во Битола – возеле без возачка дозвола

Двајца битолчани биле лишени од слобода во одделни случаи при сообраќајни контроли спроведени од полициски службеници на СВР Битола, поради управување возила без важечка возачка дозвола.На 26 март 2026 година околу 15:00 часот, на патот Битола – село Новаци, полицијата го лишила од слобода 23-годишниот Д.М. од Битола. При контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, а по извршените проверки било утврдено дека не поседува важечка возачка дозвола.Претходно истиот ден, околу 14:00 часот, на патот кон село Братиндол, бил лишен од слобода и 39-годишниот И.И. од Битола. Тој управувал патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, исто така без да поседува возачка дозвола.По целосно документирање на двата случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања