Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

4 ден.
media-library78kjj1ohnded4EedS2k

Уапсени двајца возачи во Битола – возеле без возачка дозвола

Двајца битолчани биле лишени од слобода во одделни случаи при сообраќајни контроли спроведени од полициски службеници на СВР Битола, поради управување возила без важечка возачка дозвола.На 26 март 2026 година околу 15:00 часот, на патот Битола – село Новаци, полицијата го лишила од слобода 23-годишниот Д.М. од Битола. При контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, а по извршените проверки било утврдено дека не поседува важечка возачка дозвола.Претходно истиот ден, околу 14:00 часот, на патот кон село Братиндол, бил лишен од слобода и 39-годишниот И.И. од Битола. Тој управувал патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, исто така без да поседува возачка дозвола.По целосно документирање на двата случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryf5s0vviajggee65zqhg

Девојка од Шпанија, жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Страдањето што ја следело низ животот, како и двегодишната правна битка со која се соочуваше 25-годишната Ноелија Кастиљо Рамос од Шпанија, завршуваат овој четврток, денот што е судски предвиден за да ѝ биде извршена евтаназија, пишува „Би-би-си“.За тоа, таа мораше да чека дури пет судски инстанци, од кои последната беше Европскиот суд за човекови права, да се изјаснат за нејзиниот случај. Сите пресуди беа во нејзина корист.Иако надлежните органи беа доследни во секоја постапка, противењето на нејзиниот татко, советуван од ултракатоличка група, доведе до постојано одложување на ситуацијата.Конечно, во вторникот европскиот суд стави крај на правната битка: евтаназијата може да биде спроведена.Зад неа останува тешко детство во нефункционално семејство, поради што извесно време била под старателство на државата, повеќе напади и злоупотреби, групно силување и неколку обиди за самоубиство. Еден од тие обиди ја оставил параплегична и со страшни болки, откако се фрлила од петти кат.Овој долг спор, кој го продолжи физичкото и психолошкото страдање што Ноелија го трпела, го направи нејзиниот случај преседан во Шпанија и прв што стигнал до судовите откако во 2021 година стапи во сила законот за евтаназија.Тој, исто така, ги стави на тест слабостите на законот и едно можеби уште подлабоко прашање: кој е легитимен да спречи возрасен човек да стави крај на сопствениот живот.„Да видиме дали конечно ќе се одморам“„Успеав и ајде да видиме дали конечно ќе можам да се одморам, затоа што веќе не можам. Не можам повеќе со ова семејство, не можам повеќе со болките, не можам повеќе со сè што ме измачува во главата“, признала младата жена од Барселона во емисија оваа недела.Приказната на Ноелија предизвика контроверзии во Шпанија поради нејзината младост и бидејќи не се наоѓа во состојба што општеството вообичаено ја доживува како терминална.Сепак, нејзиното барање за евтаназија доби едногласна научна поддршка од Комисијата за гаранции и евалуација на Каталонија, независно тело составено од професионалци задолжени да ги оценуваат овие случаи во регионот.Законот бара барателот да страда од тешка и неизлечива болест или од хронично, неподносливо страдање, а според комисијата на експерти, младата жена ги исполнувала условите, бидејќи имала „клиничка состојба од која нема закрепнување“.Тоа, според комисијата составена од лекари и правници, ѝ предизвикувало „тешка зависност, болка и хронично, онеспособувачко страдање“, што влијаело врз нејзината автономија и секојдневните активности.Покрај тоа, сите судски одлуки низ кои поминал нејзиниот случај утврдиле дека Ноелија ги задржала своите ментални способности, што е неопходно за одлуката да се побара евтаназија да биде „слободна, свесна и информирана“, како што бара законот.И самата јасно ја искажа својата волја во телевизиската емисија, нејзиното прво и последно појавување во медиумите откако случајот стигна до суд, каде што објасни дека трпи длабоко психичко страдање.„Живеев во состојба на психичка темнина“Ноелија во своето телевизиско обраќање раскажала дека уште пред да побара евтаназија живеела во состојба на длабока психичка темнина, без надеж, цели и волја за нормален живот. Таа сведочела дека со години се соочувала со тешки трауми, злоупотреби и сериозни психофизички последици, а по еден тежок настан во 2022 година останала параплегична и со постојани болки.Поради состојбата во која живеела, во април 2024 година поднела барање за евтаназија до Комисијата за гаранции и евалуација на Каталонија, која неколку месеци подоцна едногласно го одобрила.Сепак, спроведувањето на постапката било запрено по жалба од нејзиниот татко, кој тврдеше дека таа не е во состојба слободно да одлучува. Следувала долга правна битка, во која Ноелија и пред суд повторила дека сака достоинствено да стави крај на своето страдање.На крајот, каталонските судови, како и Врховниот, Уставниот и Европскиот суд за човекови права, не ја прифатиле иницијативата за запирање на евтаназијата. Иако нејзиниот случај во Шпанија се претворил во симбол на дебатата за достоинствената смрт, самата Ноелија порачала дека не сака да биде ничиј пример, туку само да најде мир и да престане да страда.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryvhj2ur8r3q856ivVECd

(Видео) Снежно невреме парализира дел од Балканот: Затворени училишта и патишта во Словенија, Хрватска и Црна Гора

Во Словенија, Хрватска и Црна Гора, снегот што паѓаше во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта предизвика сериозни проблеми. Затворени се училишта и градинки, додека силните налети на ветер носат сè пред себе. Исто така, затворени се и бројни патни правци.Во Црна Гора снег синоќа наврна во околината на Никшиќ и Цетиње, во Плужине, Шавник, а поинтензивни врнежи имаше на Жабљак, во Колашин и на планините на северот, додека во останатите делови од земјата врнеше повремено силен дожд проследен со налети на ветер.Поради невремето, делови од Цетиње и Никшиќ со часови беа без електрична енергија, додека снабдувањето беше повторно воспоставено во Бар и Херцег Нови, каде исто така имаше прекини во напојувањето.Поради снежните врнежи, сообраќајот бил во прекин на патниот правец Никшиќ – Вилуси околу три часа, бидејќи кај Вилуси заглавиле повеќе камиони, а снег има и на автопатот „Принцеза Ксенија“.Силно невреме, проследено со ветер со брзина поголема од 100 километри на час, синоќа зафати поголем дел од Словенија, уривајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без струја, додека надлежните служби апелираа граѓаните да не излегуваат од домовите.Најпогодени се регионите Приморска и Горенска, а поради исклучително неповолните временски услови, во повеќе општини е донесена одлука за затворање на училиштата и градинките.Силната бура зафати и делови од Горица и Ајдовшчина, при што ветерот однел делови од покриви на повеќе училишта низ земјата.Во одредени моменти, илјадници корисници низ Словенија останале без електрична енергија, вклучително и во подрачјата на Марибор и Љубљана, додека дефектите на далекуводите предизвикале прекини и во други делови од земјата. Според податоците, најсилните налети на ветер достигнале брзина од 103 километри на час.Поради опасноста, надлежните служби ги повикаа граѓаните да останат во затворени простории и да не излегуваат без неопходна потреба.Во хрватската престолнина Загреб, семафорите не работат, ветерот однел покрив од една зграда и урнал дрвја.Поради опасните временски услови, наставата денеска е прекината во основните и средните училишта во Загреб, одлука донесена од градските власти и Министерството за образование.Силни ветрови дуваат и во крајбрежните подрачја, каде важат забрани за одредени категории возила. Поради снег и зимски услови за возење во Горски Котар и Лика, воведени се ограничувања за камиони со приколки и влечни возила.Поради урагански ветрови, автопатот А1 меѓу јазлите Свети Рок и Поседарје е затворен за сите категории возила.Исто така, нема слободен патен правец за камиони со приколки и влечни возила од внатрешноста кон хрватското приморје и Далмација и обратно, поради зимските услови на автопатот А6, државните патишта и делници низ Горски Котар и Лика.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library4sfmdnb9n2f62vaSO01

Снегот го блокираше патот кон Галичник – се чека целосно расчистување

Поради врнежите од снег во текот на ноќта, патот кон Галичник во моментов не се препорачува за користење.„Надлежните служби се на терен и се работи на расчистување. Ве замолуваме да не се упатувате кон Галичник сè додека патот целосно не се расчисти и обезбеди за безбедно движење.За сите понатамошни информации, ќе следува навремено известување“, велат од МЗ Галичник.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryid2nkn9987eib45jnNi

Меланија Трамп сакала да го употреби името Македонија, но Грците ја коригирале

Kaко што пренесуваат грчките медиуми, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија планирала да го употреби името Македонија, по што Грција реагирала.Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, грчкиот амбасадор во САД, Антонис Александридис, бил информиран однапред за говорот и презел соодветни дипломатски чекори за да не се случи тоа, пренесува Greek reporter.„Бидејќи терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историскиот и географски грчки регион, неговата употреба како име за странска држава претставува чувствително дипломатско прекршување. Според принципот erga omnes од Преспанскиот договор, соседната држава мора да се именува како „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти“, пишува порталот.Како одговор, грчките дипломати стапиле во контакт со надлежните институции за да обезбедат официјалните записи и идните комуникации да ја користат точната терминологија.„Амбасадата појасни дека користењето на името „Македонија“ за суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет. Оваа решителна дипломатска интервенција покажува дека Атина внимателно ги следи случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека додавката „Северна“ во името на државата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не изборна, и има цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија“, објави грчкиот портал.На самитот во Вашингтон што го организира првата дама на САД, Меланија Трамп, учествува и сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска. Како што соопштија од владината прес-служба, сопругата на премиерот остварила краток разговор и разменла мислења и со Меланија Трамп и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
market-pari

СДСМ: „Историско“ зголемување на платите работниците го дочекаа со историско зголемување на цените

Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, велат од СДСМ.„Единствената мерка на Мицкоски - намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната.Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари,  меленото месо е поскапено и сега е од 730 до 840 денари, пилешкото месо над 400 денари,  јајцата над 110 денари.  Во исто време, цените на зеленчукот и овошјето се исто така покачени, пиперките достигнуваат и до 300 денари, доматите над 200 денари.Ова е секојдневие на илјадници македонски семејства кои се борат како да обезбедат храна, како да го наполнат фрижидерот.Кога носиш часовник од 65.000 евра, овие цени не се високи. Но, за работниците на кои не им е зголемена минималната плата, па дури и за административците на кои им се нуди само 7% зголемување, затоа што, како што вели Мицко „колку работат, доволно и имаат“ – нема да издржат ни до 15-ти во месецот.Граѓаните осиромашуваат а платите не растат. Власта одби да ја покачи минималната плата и сега ниту 600 евра плата не се доволни да се живее достоинствено.„Историско“ зголемување на платите работниците ќе го дочекаат со историско зголемување на цените и ќе остане запаметена историски најлошата Влада.Наместо да ги штити бизнис интересите Владата на Мицкоски веднаш да ги прифати мерките на СДСМ за  0% ДДВ за храната, намалување на акцизите  на горивата за 4 денари, намалување на ДДВ за горива на 5%и преполовување на патарините“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library4cuvkd1bde8u1rHQLyN

(Видео) Трагедија на Филозофскиот факултет во Србија: 25-годишна девојка загина по пожар предизвикан од пиротехника

Полициски службеници од полициската станица „Стари Град“ синоќа во 22:40 часот добиле пријава дека на платото пред Филозофскиот факултет во Србија се наоѓа женско лице на возраст од околу 25 години, без знаци на живот.По пристигнувањето на местото на настанот, од очевидци било посочено дека на петтиот кат од факултетот дошло до активирање и палење пиротехнички средства, по што младата жена, најверојатно студентка, скокнала од прозор.Според информациите, во просторијата биле пронајдени петарди, факели и спрејови, поставени во близина на радијатор, што најверојатно предизвикало пожар и паника во објектот.Надлежните институции најавуваат истрага за утврдување на сите околности и одговорноста за трагичниот настан.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи предупредува: Постојат нови мети

Иран преку новинската агенција „Фарс“ и изјава на министерот за надворешни работи Абас Арагчи упати предупредување до хотелските оператори на Блискиот Исток дека објектите во кои престојува американско воено лице би можеле да бидат третирани како легитимни одбранбени цели доколку ваквата практика продолжи.Во пораката до хотелите и угостителските објекти, се наведува дека цивилни згради што се користат за сместување на американски војници може да бидат сметани за потенцијални цели, доколку не се прекине нивната употреба за таа намена.Ваквиот став го пренесе иранската полузванична агенција „Фарс“, повикувајќи се на извори блиски до Револуционерната гарда. Според нив, локациите што ги користи американското воено присуство не се ограничени само на Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.Се тврди дека алтернативни сместувачки капацитети за странските сили веќе се идентификувани и во други делови од регионот, вклучително Сирија, Либан и Џибути.Изворите наведуваат дека предупредувањето на Иран е „сеопфатно и конечно“, нагласувајќи дека секој објект кој прифаќа странски воен персонал, без разлика на неговата географска локација, може да биде третиран како легитимна цел доколку не се прекине, како што велат, спорната практика.Претходно, министерот Арагчи објави порака на платформата X во која тврди дека американските војници ги напуштиле воените бази во земјите од Персискиот Залив и престојуваат во хотели и деловни објекти.„Од почетокот на овој конфликт, американските војници се повлекоа од базите и се сместуваат во хотели и канцеларии“, напиша Арагчи, обвинувајќи дека на тој начин се користат цивилите како „жив штит“.Тој упати апел до хотелите во земјите од Заливот да одбиваат резервации од американски воен персонал.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Кој стои зад прислушувањата во Грција? Шефот на компанијата за шпионски софтвер: Нема да бидам жртвено јагне

Основачот на компанијата „Интелекса“, која се занимава со развој на шпионски софтвер, изјави дека планира да поднесе жалба на пресудата на грчкиот суд. Тој и уште тројца раководители се осудени по обвиненија дека незаконски прибавувале лични податоци во рамки на кампања за масовно прислушување во земјата.Скандалот со шпионирањето, често нарекуван „грчки Вотергејт“, опфаќа хакирање на десетици телефони на високи владини функционери, лидери на опозицијата, воени лица и новинари со помош на софтверот „Предатор“ на „Интелекса“. Овој алат има способност да пробие во уреди од типот iPhone и Android, со цел да ги преземе листите на повици, текстуалните пораки, електронската пошта и податоците за локација, најчесто преку наведување на метата да кликне на злонамерна врска.Неколку високи функционери на грчката влада, меѓу кои и шефот на националната разузнавачка служба и висок советник на премиерот Кирјакос Мицотакис, поднесоа оставки откако беше откриено дека телефоните на повеќе новинари биле хакирани. Сепак, ниту еден владин претставник не е осуден во врска со овој случај, а критичарите ја обвинија владата за прикривање.Основачот на „Интелекса“, Тал Дилијан, во февруари беше осуден на осум години затвор. Во изјава што првично ја пренесе „Ројтерс“, тој порача дека нема да биде „жртвено јагне“.„Верувам дека осуда без докази не е правда; тоа може да биде дел од прикривање, па дури и злосторство“, изјави Дилијан, додавајќи дека е подготвен да сподели докази со националните и меѓународните регулаторни тела.Тој посочи дека технологиите за надзор како „Предатор“ најчесто се продаваат исклучиво на влади, кои се одговорни за нивната законска употреба.Владата на САД во 2024 година воведе санкции против Дилијан, откако беше утврдено дека „Предатор“ бил користен и против телефони на американски функционери и новинари. Со овие санкции практично се забрануваат какви било деловни трансакции со него и неговите соработници опфатени со мерките.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Снег на повеќе планински премини – возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено, по влажни коловози, информираат надлежните служби. Врнежи од снег се бележат на повеќе планински премини, меѓу кои Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и Попова Шапка, каде по интервенција на дежурните екипи на коловозите има само мали остатоци од кашеста маса.Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, не се евидентирани подолги задржувања за влез и излез од државата.Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryrjmm7v0to4p56pmdkHZ

„Во моите два мандати како советник, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не гласаше ЗА отпочнување на БРТ“: Трајановски вели „сега е негов реализатор“

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости.Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на граѓаните.„Отпочнувањето на БРТ проектот во 2026, наместо во 2021 година е уште еден доказ колку политиката кај нас не е во интерес на граѓаните и општеството. Дополнителна поткрепа на ова е што токму „душманот“ на БРТ сега е негов реализатор.Дали сте слушнале или прочитале еден добар збор за овој проект од ВМРО-ДПМНЕ? Јас не!И не само тоа, во моите два мандати како советник во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш нема гласано ЗА отпочнување на овој проект. Ниту еднаш!Сега, најголемиот проблем и „душман “за отпочнување на БРТ-то е реализатор на истот. Значи, не бил проблем проектот. Проблем било кој го предложил или уште потрагично, во чие време на власт ќе се тендерира. Овие пет години кои ВМРО-ДПМНЕ ги потроши во блокирање на БРТ, не беа само инат. Овие пет години, инатот на ВМРО-ДПМНЕ скопјани ги чинеше пари за нешто што не го добиле, ниту го користат, а мора да плаќаат.Инаку ниту Владата, ниту Мицкоски го одврале ќесето за да ги „частат“ скопјани брз автобуски превоз. Тоа се пари од кредит од Европската банка за обнова и развој кои стојат на наменска сметка пет години затоа што некој водел инат со Град Скопје.За кредитот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој е земен 2021 година, се плаќа годишна камата од околу 330.000 евра. За пет години тоа се 1.650.000 евра. Во автобуси тоа се 6 нови електрични или 9 обични.Ете толку ги чини скопјани „само“ овој пет годишен инат на ВМРО-ДПМНЕ за БРТ“ наведува Трајановски.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз на гостувањето во Копенхаген, откако Данска славеше убедливо со 4:0, решавајќи го натпреварот во второто полувреме.Иако нашата селекција отпатува со амбиција за позитивен резултат, на теренот тоа не се реализираше. Натпреварот донесе разочарување и за селекторот Гоце Седлоски, кој имаше неуспешно деби на клупата.Во првиот дел Македонија главно се бранеше, додека домаќините доминираа во поседот и шансите. Сепак, благодарение на неколку сигурни интервенции на Столе Димитриевски, мрежата остана мирна до паузата.Сликата целосно се промени по одморот. Данска поведе само четири минути по стартот на второто полувреме, кога по лоша реакција во одбраната, Дамсгард ја искористи ситуацијата и ја смести топката во голот.Набргу потоа следеше и втор удар. Дамсгард асистираше, а Исаксен прецизно реализираше за 2:0. Македонија не успеа да се консолидира, па истиот играч уште еднаш се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на 3:0.Конечните 4:0 беа поставени по корнер на Ериксен, кога Норгард најдобро се снајде во мешаницата пред голот и ја испрати топката зад грбот на Димитриевски.Со овој убедлив пораз, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство. Следниот натпревар против Република Ирска ќе биде без резултатско значење, но ќе претставува можност за поправка на впечатокот.

Спорт | пред 4 дена

4 ден.
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Во сабота ќе има услови за изолирана појава на ретки грмежи, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Иран е речиси уништен, останатиот 1% е сериозна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на владина седница во Вашингтон дека американските сили речиси целосно ги уништиле иранските воени капацитети, но дека дури и минимална закана од Ормускиот теснец може да има сериозни последици. „Војно ги разбиваме. Немаат воздушни сили, немаат морнарица, останаа многу малку проектили. Тешко е да се произведат. Исто важи и за дроновите. Раководството им е елиминирано“, рече Трамп.Тој додаде дека дури и уништување од 99% не е доволно: „Тој 1% е неприфатлив, бидејќи е проектил кој може да погоди брод вреден милијарда долари. Значи, 99% не е доволно.“Претседателот истакна дека Иран сака да постигне договор. „Имам чувство дека ќе се реши брзо. Тие сакаат договор. Можеби со овие зборови го влошивме процесот, но вчера тврдеа дека не преговараме, а сега признаваат дека преговараме. Причината е што го убивме бога во нив“, заклучи Трамп.Конфликтот започна на 28 февруари со заеднички американско-израелски воздушни напади врз ирански воени и нуклеарни цели, при што беше убиено и високо иранско раководство, вклучувајќи го врховниот лидер Али Хамнеи. Иран возврати со напади со проектили и дронови врз американски бази и сојузници во регионот, вклучувајќи цели во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Ирак, со штета на енергетски објекти и воена инфраструктура.По почетокот на конфликтот, Иран практично го ограничи поминувањето низ Ормускиот теснец, една од клучните морски рути за глобалната трговија со нафта, низ која минува околу петтина од светските резерви. Иако Техеран тврди дека теснецот не е целосно затворен, воведени се строги услови и ограничувања за бродовите, особено оние поврзани со САД и сојузниците, што предизвика нарушувања на енергетските пазари и раст на цените на нафтата.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп размислува за копнена офанзива врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп е сѐ поблиску до одлука за покренување голема копнена операција против Иран, уверен дека таков воен притисок би можел да го натера Техеран на капитулација, јавува Times of Israel.Според извори блиски до преговорите помеѓу Вашингтон и Техеран, САД веќе испратиле илјадници војници во регионот со цел да го заземат и контролираат островот Харг, клучен за извозот на иранската нафта. Островот има стратешка важност бидејќи преку него се одвива поголемиот дел од нафтениот извоз на Иран, што би ѝ дало значајна полуга на САД во понатамошниот притисок врз иранскиот режим.Сепак, експертите предупредуваат дека иако заземањето на Харг може да се изврши брзо, неговата долгорочна окупација би барала значително поголем број војници и подолг период на борби, далеку надминувајќи го првично предвидениот рок од четири до шест недели.И покрај тоа, изворите се согласуваат дека Иран веројатно нема да прифати капитулација дури и во случај на копнена инвазија, ниту пак ќе се согласи на условите кои ги одбиваше пред започнувањето на конфликтот.Во меѓувреме, Трамп го продолжи рокот за Иран до петок за прифаќање на американскиот предлог, предупредувајќи дека во спротивно ќе следи нова фаза на воздушни напади, вклучително и удари врз иранската енергетска инфраструктура. Дополнително, се очекува пристигнување на уште илјадници американски маринци во регионот, што укажува на можно интензивирање на конфликтот во следните денови.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryqf0q0i22vcvj4MP9u1u

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ во врска со случајот на масовно труење на работници во РЕК Битола. Николова побара детално да се испита причината за инцидентот и да се утврди одговорноста за настанатата состојба.Во своето излагање, Николова посочи дека, според јавни информации, поголем број работници се жртви на труење што се случило во кујната на РЕК Битола. Надлежните инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и други институции, излегле на терен, наредено било вонредно чистење на кујната и спроведени се вонредни санитарни прегледи на вработените.Таа нагласи дека бројките на заболени работници постојано се менуваат – првично се зборувало за пет до шест случаи, потоа бројот се искачил на околу 80, а сега се споменува и троцифрена бројка. Николова го праша заменик-министерот кој е одговорен за инцидентот и дали ќе бидат преземени сите законски мерки за казнување на оние што ја довеле ситуацијата до ваков сериозен степен.Овој случај ја отвори дебатата за безбедноста и здравствените стандарди на работниците во РЕК Битола, како и за контролата на работните процеси во енергетскиот сектор.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryd31u2bmn6vvq6PoxYYh

Николова до Јаневска: Системот за унапредување на наставниците е административен лавиринт за партиски подобните

Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната седница за пратенички прашања го постави прашањето до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за процесот на стекнување на звањата наставник ментор и наставник советник во основното и средното образование, оценувајќи го како административен лавиринт дизајниран за партиски награди или елиминација и системско понижување на македонскиот наставник.Николова во своето излагање објасни дека Министерството за образование на 30 јуни 2025 година донело правилник за следење и вреднување на работата на наставниците, врз основа на кој во летото 2025 година беше објавен јавен повик за аплицирање. Наставниците почнале да ги подготвуваат своите досиеја и сертификати, но на 26 декември 2025 година правилникот бил изменет, со што рокот за комисиите бил дуплиран од 30 на 60 дена, а наставниците можеле да бидат оценувани и во други училишта.Пратеничката критикуваше што во комисиите се вклучуваат и претставници на локалните самоуправи и синдикати, кои, според неа, не можат професионално да ги оценуваат наставниците, а дел од синдикалните претставници дури се откажале поради притисоци. Николова истакна и примери на апсурди, како што се неприфаќањето на сертификати од обуки и меѓународни натпревари што наставниците ги добиле, и дискриминаторско оценување на наставниците, со тоа што дел од нив можеле да ги видат бодовите на сајтот, а други не.Таа го праша министерката дали ќе изврши ревизија на целиот процес на оценување, за сите наставници да имаат еднакви права и навистина да биде ценет нивниот труд.Ова прашање ја отвори дебатата за транспарентноста и професионалноста во системот за напредување на наставниците во земјата.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Детали од повтореното судење во Србија: Коста Кецмановиќ го обвини таткото за оружјето

Во повторениот казнен процес против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кој изврши масакр во Основното училиште „Владислав Рибникар“, вчера пред Посебниот суд во Белград се одржа петчасовно сослушување на малолетниот сторител.Момчето, кој во моментот на злосторството имал помалку од 14 години и нема кривична одговорност, под строги мерки на обезбедување го изнесе својот исказ зад затворени врати. Тој директно го обвини таткото за достапноста на оружјето, наведувајќи дека без острите пушки на таткото, немало да го изврши злосторството.Во текот на исказот, момчето откри дека идејата ја добил гледајќи документарен филм за масовно убиство во американско училиште, а своето ладнокрвно однесување го објасни како „вродена вредност – да се биде без емоции“.Спротивно на претходните изјави, тој сега се обиде да ја ослободи мајката од одговорност, наведувајќи дека нејзините барања не влијаеле на одлуката за злосторството.Адвокатката на оштетените семејства, Зора Добричанин Никодиновиќ, изјави дека исказот обезбедил „бетонски докази“ кои ја потврдуваат обвинителната линија.Повтореното судење следува по укинувањето на дел од пресудата од Апелацискиот суд, при што таткото се товари за тешко дело против општата безбедност и неадекватно чување оружје, а мајката за занемарување и злоставување на детето.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешното однесување на СДС, посочувајќи дека нивниот претседател, Венко Филипче, ја напуштил седницата на која се поставуваа пратенички прашања, додека партијата објавувала соопштенија со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „клеветнички содржини“ за тоа што се зборувало на седницата и за изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес покажаа дека се кукавици – Филипче бега од седница, а од партијата објавуваат соопштенија“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата истакнува дека СДС има тенденција да напаѓа сè што се прави за граѓаните, а во однос на правосудството, порачуваат дека наредбите од минатото не ја одредуваат сегашната работа на институциите. „Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, кога станува збор за оваа трета самостојна власт, сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите. Ако вие контролиравте сѐ, немојте да мислите дека и другите се како вас“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Денешниот настан, според партијата, само ја покажал „кукавичлукот“ на СДС.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.„Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Владата на Хрватска го одобри пристигнувањето на американски воен брод во Јадранско Море

Владата на Хрватска денеска на затворена седница донела одлука за дозвола за премин на американски нуклеарен воен брод во внатрешните морски води и негов престој во хрватско пристаниште. Детали за точното пловило, датумот на пристигнување и траењето на престојот сè уште не се објавени.Пристигнувањето на бродот бара посебни безбедносни протоколи, вклучувајќи контрола на нуклеарниот погон, надзор за време на престојот и обезбедување на пристаништето и околниот акваториум во соработка со домашните безбедносни служби.Американски воени бродови и претходно ја посетувале Хрватска, што се гледа како знак на блиско партнерство со САД и соработка во рамките на НАТО. Најпознат е нуклеарниот носач на авиони USS Gerald R. Ford, кој го посети Сплит во јуни 2023 и повторно во октомври 2023 година, како дел од редовни воени операции и вежби, но и како симбол на билатералната и безбедносна соработка меѓу Хрватска и САД.Владата засега не соопшти дали овој престој е поврзан со тековните глобални безбедносни предизвици, особено со војната во Украина.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве започна со поставување камери на главните улици во Велес. Во тек е монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и самите камери, како дел од проектот „Безбеден град“.Според првичните информации од претставник на СВР Велес, стартот на проектот се очекува кон крајот на јули годинава. Приоритетот за поставување на камерите ќе се одредува според прецизни критериуми за безбедност, со фокус на главните сообраќајни артерии, клучните крстосници и „црните точки“ каде што се случуваат најмногу сообраќајни незгоди. Точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршувањето на техничкото планирање.Граѓаните на Велес имаат различни очекувања од проектот. Дел од нив сметаат дека „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема дисциплина во сообраќајот, почитување на пешачките премини и намалување на брзината на возилата, додека друг дел предупредува дека камерите можат да ја забават фреквенцијата на сообраќајот, особено во утринските и попладневните часови, кога се создаваат колони низ централното градско подрачје.Целта на проектот е да се овозможи целосна и ефикасна покриеност на критичните зони со камери, со што се очекува да се зголеми општата безбедност на граѓаните и сообраќајот во Велес.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 95-та седница на Собранието на Република Македонија, во одговор на пратеничко прашање даде пошироко објаснување за еДМС, систем кој подразбира целосно електронско управување со документи.„Овој систем е единствениот што гарантира дека преку електронската архива не може да имате загубени предмети, ниту, пак, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, а со подобрувањата што ги направивме имате целосна контрола на тој предмет, односно во секој момент знаете дали е во фаза на изработка, контрола или потпишување“, изјави Андоновски во своето обраќање.Во делот на сајбер-безбедноста на системот, министерот одговори дека кога го наследиле, постоеле безбедносни слабости, но преку конкретен акциски план истите биле отстранети, така што денес неговата безбедност е загарантирана.„Во првите два месеци направивме сериозни и темелни тестирања на безбедноста на системот и сите недостатоци, преку акциски план, беа надминати, за денес да бидам сигурен и да зборувам пред вас дека системот не може да биде пробиен во состојбата во која се наоѓа. Податоците што ги имам во моментов се дека е удвоена бројката на документи што се чуваат во системот, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веќе има околу 20 илјади заведени предмети, за краткиот период од користењето на системот“, додаде министерот Андоновски.Во Реформската агенда, во делот на целосното архивско работење на државата, предвидени се три чекори кои, доколку се исполнат, ќе ѝ донесат на државата повеќе од 8 милиони евра, а половина од задачата е веќе завршена.„Владата имаше обврска да донесе предлог за измена и дополнување на Законот за архивско работење во 2025 година. Во јуни ние доставивме измени кои вие во Собранието ги изгласавте и со тоа ја обезбедивме првата транша достапни средства за Македонија, во износ од 4,2 милиони евра, во делот на Реформската агенда што се однесува на архивското работење“, заврши Андоновски.Министерот изрази жалење што одредени пратеници од опозицијата не дале поддршка на законите за дигитализација што се однесуваат на Реформската агенда, иако дале ветување дека ќе ги поддржат.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarym8uil049h8gj8DcweIs

Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација. Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Василевска посочи и дека со воведување на електронска архива и дигитално управување со предметите, според неа, се најавува суштинска промена во работењето на институциите и крај на практиките на чување на предмети во фиока.,,Колку институции досега се вклучени во системот за електронско управување со документи ЕДМС и кој е конкретниот план и рок за неговото проширување на ниво на целата јавна администрација. Како е обезбедена безбедноста на системот, особено во контекст на сајбер заканите, заштитата на чувствителни податоци и континуитетот на работењето, имајќи ги предвид претходните предизвици со ИКТ системите во институциите“,  праша Василевска.Василевска потсети дека Европската комисија предложи отворање на преговори за воведување роаминг ,,како дома“ меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, што како што вели таа, претставува значаен чекор кон намалувањето на трошоците за граѓаните и стопанството.,,Во која фаза се наоѓа процесот на отворање и водење на преговорите за роаминг ,,како дома“, и кои се следните институционални чекори на ниво на ЕУ и на национално ниво. Кои законски и регулаторни усогласувања се веќе направени, особено во рамки на измените на Законот за електронски комуникации и дали тие се целосно усогласени со Европскиот кодекс за електронски комуникации и која е реалната временска рамка во која граѓаните на Македонија би можеле да ги почувствуваат придобивките од ромаинг како дома во односите со земјите членки на ЕУ“, прецизираше Василевска.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarynlcp6psb5dq26wEHbSn

Новинарот Адеми: Премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со заканувачки или навредлив тон ѝ се обратил на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на настан во Тетово, кога ѝ упати зборовите: „Ти кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“.Во објава на Фејсбук, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, Адеми нагласува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од суштинскиот проблем – непочитувањето на правото на комуникација на мајчиниот јазик. „Неприфатливо е јавна функција, избрана со гласови и платена од даноците на граѓаните, да ја избегнува одговорноста да комуницира на јазикот на секој граѓанин на оваа земја“, пишува Адеми.Тој додава дека неговото барање е едноставно и фер – почитување на албанскиот јазик, и дека обидите да биде дискредитиран само покажуваат недостаток на волја за еднаквост и институционално почитување. „Нема да замолчам пред неправдата и нема да се повлечам од своето барање за еднакви права“, истакнува Адеми.Новинарот дополнително го повикува премиерот Мицкоски да преземе одговорност, наведувајќи дека заканите што ги добива преку СМС-пораки од македонски граѓани се последица на институционалниот однос.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања