Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

4 ден.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешното однесување на СДС, посочувајќи дека нивниот претседател, Венко Филипче, ја напуштил седницата на која се поставуваа пратенички прашања, додека партијата објавувала соопштенија со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „клеветнички содржини“ за тоа што се зборувало на седницата и за изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес покажаа дека се кукавици – Филипче бега од седница, а од партијата објавуваат соопштенија“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата истакнува дека СДС има тенденција да напаѓа сè што се прави за граѓаните, а во однос на правосудството, порачуваат дека наредбите од минатото не ја одредуваат сегашната работа на институциите. „Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, кога станува збор за оваа трета самостојна власт, сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите. Ако вие контролиравте сѐ, немојте да мислите дека и другите се како вас“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Денешниот настан, според партијата, само ја покажал „кукавичлукот“ на СДС.

Македонија | пред 4 дена

5 ден.
media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.„Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Владата на Хрватска го одобри пристигнувањето на американски воен брод во Јадранско Море

Владата на Хрватска денеска на затворена седница донела одлука за дозвола за премин на американски нуклеарен воен брод во внатрешните морски води и негов престој во хрватско пристаниште. Детали за точното пловило, датумот на пристигнување и траењето на престојот сè уште не се објавени.Пристигнувањето на бродот бара посебни безбедносни протоколи, вклучувајќи контрола на нуклеарниот погон, надзор за време на престојот и обезбедување на пристаништето и околниот акваториум во соработка со домашните безбедносни служби.Американски воени бродови и претходно ја посетувале Хрватска, што се гледа како знак на блиско партнерство со САД и соработка во рамките на НАТО. Најпознат е нуклеарниот носач на авиони USS Gerald R. Ford, кој го посети Сплит во јуни 2023 и повторно во октомври 2023 година, како дел од редовни воени операции и вежби, но и како симбол на билатералната и безбедносна соработка меѓу Хрватска и САД.Владата засега не соопшти дали овој престој е поврзан со тековните глобални безбедносни предизвици, особено со војната во Украина.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве започна со поставување камери на главните улици во Велес. Во тек е монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и самите камери, како дел од проектот „Безбеден град“.Според првичните информации од претставник на СВР Велес, стартот на проектот се очекува кон крајот на јули годинава. Приоритетот за поставување на камерите ќе се одредува според прецизни критериуми за безбедност, со фокус на главните сообраќајни артерии, клучните крстосници и „црните точки“ каде што се случуваат најмногу сообраќајни незгоди. Точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршувањето на техничкото планирање.Граѓаните на Велес имаат различни очекувања од проектот. Дел од нив сметаат дека „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема дисциплина во сообраќајот, почитување на пешачките премини и намалување на брзината на возилата, додека друг дел предупредува дека камерите можат да ја забават фреквенцијата на сообраќајот, особено во утринските и попладневните часови, кога се создаваат колони низ централното градско подрачје.Целта на проектот е да се овозможи целосна и ефикасна покриеност на критичните зони со камери, со што се очекува да се зголеми општата безбедност на граѓаните и сообраќајот во Велес.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 95-та седница на Собранието на Република Македонија, во одговор на пратеничко прашање даде пошироко објаснување за еДМС, систем кој подразбира целосно електронско управување со документи.„Овој систем е единствениот што гарантира дека преку електронската архива не може да имате загубени предмети, ниту, пак, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, а со подобрувањата што ги направивме имате целосна контрола на тој предмет, односно во секој момент знаете дали е во фаза на изработка, контрола или потпишување“, изјави Андоновски во своето обраќање.Во делот на сајбер-безбедноста на системот, министерот одговори дека кога го наследиле, постоеле безбедносни слабости, но преку конкретен акциски план истите биле отстранети, така што денес неговата безбедност е загарантирана.„Во првите два месеци направивме сериозни и темелни тестирања на безбедноста на системот и сите недостатоци, преку акциски план, беа надминати, за денес да бидам сигурен и да зборувам пред вас дека системот не може да биде пробиен во состојбата во која се наоѓа. Податоците што ги имам во моментов се дека е удвоена бројката на документи што се чуваат во системот, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веќе има околу 20 илјади заведени предмети, за краткиот период од користењето на системот“, додаде министерот Андоновски.Во Реформската агенда, во делот на целосното архивско работење на државата, предвидени се три чекори кои, доколку се исполнат, ќе ѝ донесат на државата повеќе од 8 милиони евра, а половина од задачата е веќе завршена.„Владата имаше обврска да донесе предлог за измена и дополнување на Законот за архивско работење во 2025 година. Во јуни ние доставивме измени кои вие во Собранието ги изгласавте и со тоа ја обезбедивме првата транша достапни средства за Македонија, во износ од 4,2 милиони евра, во делот на Реформската агенда што се однесува на архивското работење“, заврши Андоновски.Министерот изрази жалење што одредени пратеници од опозицијата не дале поддршка на законите за дигитализација што се однесуваат на Реформската агенда, иако дале ветување дека ќе ги поддржат.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarym8uil049h8gj8DcweIs

Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација. Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Василевска посочи и дека со воведување на електронска архива и дигитално управување со предметите, според неа, се најавува суштинска промена во работењето на институциите и крај на практиките на чување на предмети во фиока.,,Колку институции досега се вклучени во системот за електронско управување со документи ЕДМС и кој е конкретниот план и рок за неговото проширување на ниво на целата јавна администрација. Како е обезбедена безбедноста на системот, особено во контекст на сајбер заканите, заштитата на чувствителни податоци и континуитетот на работењето, имајќи ги предвид претходните предизвици со ИКТ системите во институциите“,  праша Василевска.Василевска потсети дека Европската комисија предложи отворање на преговори за воведување роаминг ,,како дома“ меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, што како што вели таа, претставува значаен чекор кон намалувањето на трошоците за граѓаните и стопанството.,,Во која фаза се наоѓа процесот на отворање и водење на преговорите за роаминг ,,како дома“, и кои се следните институционални чекори на ниво на ЕУ и на национално ниво. Кои законски и регулаторни усогласувања се веќе направени, особено во рамки на измените на Законот за електронски комуникации и дали тие се целосно усогласени со Европскиот кодекс за електронски комуникации и која е реалната временска рамка во која граѓаните на Македонија би можеле да ги почувствуваат придобивките од ромаинг како дома во односите со земјите членки на ЕУ“, прецизираше Василевска.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarynlcp6psb5dq26wEHbSn

Новинарот Адеми: Премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со заканувачки или навредлив тон ѝ се обратил на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на настан во Тетово, кога ѝ упати зборовите: „Ти кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“.Во објава на Фејсбук, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, Адеми нагласува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од суштинскиот проблем – непочитувањето на правото на комуникација на мајчиниот јазик. „Неприфатливо е јавна функција, избрана со гласови и платена од даноците на граѓаните, да ја избегнува одговорноста да комуницира на јазикот на секој граѓанин на оваа земја“, пишува Адеми.Тој додава дека неговото барање е едноставно и фер – почитување на албанскиот јазик, и дека обидите да биде дискредитиран само покажуваат недостаток на волја за еднаквост и институционално почитување. „Нема да замолчам пред неправдата и нема да се повлечам од своето барање за еднакви права“, истакнува Адеми.Новинарот дополнително го повикува премиерот Мицкоски да преземе одговорност, наведувајќи дека заканите што ги добива преку СМС-пораки од македонски граѓани се последица на институционалниот однос.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши!Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?!”

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryt5slp5sar911decs7Vm

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики кон министерот за култура, Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Таа истакна дека нејзините три прашања се однесуваат на нетранспарентност во работењето на министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како и односот кон вработените и клучните културни политики.Костадиновска-Стојчевска посочи дека, и покрај присуството на Љутков на седницата, одговорите на нејзините прашања беа добиени дури по повеќе од десет месеци, а во нив се наведува дека министерството во тој период немало именувано државен секретар. Таа ја критикуваше и управата за културно наследство за доцнење во издавање дозволи и ја истакна нетранспарентноста при објавување резултати од националните програми и конкурси.Пратеничката упати конкретни прашања до министерот: како ќе се заштити културното наследство, конкретно Курбиново; што е направено со клучните закони и стратегии во културата во изминатите две години; и дали вработените во култура ќе ја добијат мартовската плата согласно закон и колективен договор.Костадиновска-Стојчевска нагласи дека, и покрај нејзините напори, многу национални институции морале самостојно да ги објавуваат резултатите од програмите, бидејќи Министерството за култура не ги спроведува законските обврски.Оваа реакција следува во контекст на долготрајни критики за недоволна транспарентност и непочитување на роковите од страна на министерството.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Според хидролошката информација добиена од УХМР, за време на вечерните часови и ноќта започнувајќи најпрво од западните делови се очекуваат врнежи од дожд кои за време на раните утрински часови се очекува да се прошират и во источните делови и да ја зафатат целата територија на земјата.„Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави.Единствено, доколку на места врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на суводолиците и помалите реки (со помали сливни површини), а исто така поради можноста од појава на невреме можни се и локални проблеми во дел населените урбани места.На планините особено во западните делови врнежите се очекува да бидат од снег и да се зголеми снежната покривка што позитивно ќе влијае на хидролошката состојба во наредниот период.Поради очекуваниот повремено силен ветер од јужен правец можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро во Охрид каде водостојот на езерото е прилично висок.На места каде врнежите локално ќе бидат поројни и интензивни предупредуваме на внимателно движење покрај суводолиците и помалите реки.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп откри што му “подари” Иран

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Иран дозволил поминување на дел од нафтените танкери низ стратегискиот Ормуски теснец како знак на добра волја во контекст на преговорите за завршување на војната.„Поминаа десет танкери“, рече Трамп, објаснувајќи дека Иран првично најавил премин на осум големи танкери, кои потоа се упатиле кон север, а подоцна биле додадени уште два. „Прво помислив дека се сериозни и реални. Мислам дека беа под пакистанско знаме. На крајот, поминаа десет бродови“, додаде тој.Според Трамп, овој потег покажува дека Иран е подготвен да се вклучи во дипломатски преговори и да ја олесни ситуацијата во регионот.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library2g5da6mubmurapoOJdX

Меѓународниот олимписки комитет забрани учество на трансродови лица на Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека трансродовите лица нема да можат да учествуваат на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. Оваа одлука беше потврдена од претседателката на МОК, Кристи Ковентри, по состанокот на Извршниот комитет.Новата „Политика за заштита на женската категорија во олимпискиот спорт“ ќе стапи на сила од 2028 година и нема да има ретроактивно дејство. Според неа, спортистките ќе мора да се подложат на тестирање за присуство на SRY генот, а само оние со негативен резултат ќе можат трајно да се натпреваруваат во женска категорија.Исклучоци се предвидени за ретки случаи, како спортистки со комплетен синдром на андрогена несензитивност (CAS) или други пореметувања на развојот на половите органи (DSD), кои немаат предност од анболички ефекти или тестостерон што го подобрува перформансот.„Апсолутно е јасно дека не би било фер биолошки мажи да се натпреваруваат во женска категорија, а во некои спортови тоа едноставно не би било безбедно“, истакна Ковентри, потенцирајќи дека новата политика е развиена врз основа на наука и медицински експерти и ја штити праведноста на олимписките натпревари.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница

Според СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од собраниската говорница му делел задачи на новиот јавен обвинител – како да постапува, кого да гони и кои предмети да ги отвора. Партијата тврди дека ова е „погребување на правдата“ и воспоставување тотална контрола на власта врз обвинителството и судството.„Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има колку сака – и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО“, се вели во соопштението од СДСМ.Партијата го поврзува денешниот настан со претходни случаи, како Дубаи, нападите на СЈО, како и со пуштањето од затвор на Боки 13 и Катица Јанева, предупредувајќи дека се подготвува „нова кампања за замолчување на опозицијата преку медиумите под контрола на Орбан“.СДСМ исто така обвинува дека крајната цел е „укинување на пресудите на Никола Груевски и подготовка за негово враќање во Македонија“. Партијата заклучува дека народот повеќе не може да биде измамен од лагите на Мицкоски и ВМРО.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryvtnunf7iv14v9HZ3UeV

Американски претставник: Иран има доволно ураниум за 11 атомски бомби

По воведното обраќање на претседателот Доналд Трамп на седница на американската влада, збор зедоа потпретседателот Џ.Д. Ванс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот претставник за Блискиот Исток Стив Виткоф.Ванс ги повтори тврдењата на Трамп дека иранската војска е уништена и додаде дека тоа им дава на САД „опција“ да осигураат дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје, што, според него, била клучната причина за започнување на воената операција.Рубио порача дека земјите ширум светот, дури и оние кои изразуваат критики, треба да бидат благодарни на САД за нивното дејствување насочено кон спречување на развој на нуклеарно оружје од страна на Иран, оценувајќи го тоа како придонес за глобалната безбедност.Виткоф изјави дека веќе во раната фаза на преговорите било јасно дека Иран не е подготвен да ги прифати американските услови. Тој потврди дека иранските преговарачи рекле дека располагаат со доволно обогатен ураниум за изработка на „11 атомски бомби“.Тој исто така потврди дека САД презентирале план од 15 точки како рамка за можно мировно решение и упати предупредување до Техеран дека „повеќе не смее погрешно да ја проценува ситуацијата“.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Шефот на Пентагон: Ова е материјал за историските книги

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави на седница на владата дека иранската војска во многу краток рок била речиси целосно неутрализирана.„Пред 27 дена Иран имаше модерна војска. Никогаш во забележаната историја воената сила на една држава не била толку брзо и ефикасно неутрализирана“, рече Хегсет.Тој нагласи дека операцијата „Епски бес“, како што САД го нарекуваат конфликтот со Иран, „не е бесконечна војна“, туку одлучна кампања со јасно дефинирани цели.„Ова е материјал за историските книги. Ова е прашање на наследство“, додаде тој.Говорејќи за иранскиот напад врз воената база на островот Диего Гарсија, Хегсет изјави дека Техеран испалил две неуспешни ракети кон цел оддалечена околу 4.000 километри, нагласувајќи дека Иран претставува поширока безбедносна закана.„Му порачувам на светот: Лондон е оддалечен 4.000 километри од Иран. И сакате да кажете дека Иран не е закана за светот или за САД? Претседателот Доналд Трамп знае подобро“, изјави Хегсет.Тој додаде дека САД ќе продолжат со притисокот врз Иран „со преговори под бомби“ сѐ додека не дојде до конкретни разговори, но потенцираше дека Вашингтон сепак се залага за дипломатско решение.„Се молиме за договор и ја поздравуваме можноста за постигнување спогодба“, заклучи Хегсет.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп не можеше да се сети на името на островот Диего Гарсија, го нарече „Славна Ирска“

Американскиот претседател Доналд Трамп на седница на владата го коментираше неодамнешното иранско лансирање ракета кон американската воена база на островот Диего Гарсија, но притоа накратко не можеше да се сети на името на островот и го нарече „Славна Ирска“, по што веднаш се коригираше.„Знаете, испалија една ракета, помина 2.500 милји. Наводно немаа таква ракета. Но, пукаа кон таа сега веќе славна Ирска... остров што Обединетото Кралство не сакаше да го даде, бидејќи не сакаше да биде вовлечено. А ни ние не сакаме да бидеме вовлечени во нивните војни. Морам да кажам јавно, многу сме разочарани од НАТО“, изјави Трамп.Островот Диего Гарсија има исклучително стратешко значење и претставува една од најважните американски воени бази надвор од САД. Лоциран во Индискиот Океан, тој служи како логистички и оперативен центар за воздушни и поморски мисии на САД на Блискиот Исток и во Азија.Иако станува збор за британска територија, САД ја користат базата врз основа на долгорочен договор со Обединетото Кралство, што со години предизвикува политички и правни дебати, вклучително и прашања за суверенитетот и критики за присилното раселување на локалното население во минатото.Во меѓувреме, Иран неодамна тестираше ракети со долг дострел, лансирајќи ги кон подрачјето околу Диего Гарсија како дел од ескалацијата на конфликтот со САД и Израел. Иако нема потврда дека базата била директно погодена, западни претставници оценуваат дека станува збор за демонстрација на способноста на Техеран да погодува цели на илјадници километри оддалеченост.Овој потег дополнително ја зголеми загриженоста кај западните сојузници, бидејќи укажува на напредок во иранската балистичка програма и потенцијална ранливост на клучни воени инсталации. Во тој контекст, изјавата на Трамп, проследена со очигледната грешка во името на островот, дополнително го насочи вниманието кон важноста на оваа стратешка точка и растечките тензии меѓу САД, Иран и нивните сојузници.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција,  еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар  веќе се тука.  А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше.  Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле!   И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција.  И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја,  надвор од заштитата од УНЕСКО.  Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција  кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме,  5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп: Иранците се одлични преговарачи

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанок на владата се осврна на војната против Иран, која Вашингтон ја нарекува операција „Епски бес“, нагласувајќи дека САД остваруваат убедлива предност на теренот.Трамп изјави дека американските сили веќе со недели нанесуваат сериозни удари врз иранските воени капацитети, „на ниво какво што ретко се гледа“. Тој повторно тврдеше дека Техеран сака да постигне договор, велејќи: „Тие молат за спогодба, а не јас“, додавајќи дека Иранците се „лоши војници, но одлични преговарачи“.Според него, Иран имал план да воспостави контрола врз Блискиот Исток, а како клучна причина за воените напади ја посочи заканата од развој на нуклеарно оружје. Овие ставови, како што истакнува, се дел од пошироката позиција на Вашингтон дека американско-израелските операции се успешни и дека САД имаат силна преговарачка позиција.Во обраќањето, Трамп упати критики и кон сојузниците, особено кон Обединетото Кралство и НАТО. Осврнувајќи се на иранскиот ракетен напад врз воената база Диего Гарсија, тој изјави дека бил употребен проектил со долг дострел, иако претходно се сметало дека Техеран нема такви способности.Трамп изрази незадоволство од улогата на дел од сојузниците, посочувајќи дека некои земји најавиле вклучување дури по завршувањето на конфликтот. „Треба да се вклучите на почетокот, или дури и пред да започне војната“, порача тој.Посебно го критикуваше Обединетото Кралство, наведувајќи дека Лондон понудил испраќање носач на авиони, но истовремено ги омаловажи британските воени бродови, оценувајќи ги како „играчки“ во споредба со американските.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library75id1ib15omh5zdTe2Y

Уапсени пет лица од кои четири малолетници за лажните дојави за бомби во тетовските училишта

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор.Ќе се иницираат педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarydbnd01sar1qf6sBuDIN

Светското првенство во лов на крап ќе се одржи на Мавровското езеро – официјално потпишан меморандум за соработка

Со особена чест и гордост Ве известуваме дека Македонија и Мавровското езеро оваа година, од 2-ри до 6-ти септември се домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво.По тој повод, денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонската Риболовна Федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово, со што се означи почетокот на бројни активности поврзани со овој голем спортски настан.Претседателот на Македонската Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ изјави:„Со овој меморандум правиме важен чекор кон организација на Светското крапско првенство во Маврово, настан од големо значење за спортскиот риболов и за целиот регион.  Ова партнерство ќе овозможи координирана подготовка и врвна организација на првенството. Посебно ни е важно што на овој начин ја промовираме Македонија како атрактивна дестинација за риболов и спортски туризам. Очекуваме екипи од целиот свет, што ќе придонесе за дополнителна промоција на регионот. Веруваме дека ова првенство ќе биде пример за успешно поврзување на спортот, туризмот и заштитата на природата. Благодарност до сите партнери за поддршката и довербата во овој проект“.Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски изјави:“Овој настан е од витално значење за нас. Очекуваме значителен прилив на туристи, што директно ќе ја поддржи локалната економија – од угостителските објекти и сместувачките капацитети, до малите локални бизниси во сите наши населени места. Како општина која се гордее со своите природни богатства, преку овој настан го промовираме одговорниот однос кон природата и мавровското езеро како одржлив природен ресурс. Општина Маврово и Ростуше поседува огромен потенцијал да биде елитна европска дестинација. Организацијата на натпревар од ваков ранг е потврда за нашите капацитети и нашата посветеност да создаваме вредности кои ќе значат напредок за сите наши сограѓани“.Директорот на Националниот парк Маврово, Харис Ибраими изјави:“Овој значаен меѓународен настан претставува големо признание, но и обврска за сите нас – како институции и како домаќини. Во соработка со Општина Маврово и Ростуше и Риболовната федерација, активно работиме на создавање услови за успешна организација на ова светско првенство. Како институција која управува со едно од највредните природни подрачја во државата, наш приоритет е зачувување на природата и одржлив развој“Светското крапско првенство во Маврово претставува историски момент за Македонија бидејќи никогаш претходно во делот на спортскиот риболов државата не била домаќин на спортски настан од ваков обем и на вакво ниво. На првенството ќе земат учество екипи од околу 30 држави од светот. Неколку месеци пред одржувањето на истото, на мавровското езеро ќе се организираат и неколку други настани кои се поврзани со светското првенство, како што се државно натпреварување во риболов на крап, балканско првенство во риболов на крап и светски куп во истата дисциплина.Пред нас е предизвикот и императивот да обезбедиме достојна организација на светски натпревар од највисок ранг, како и да ја претставиме Македонија во најдобро светло пред меѓународната јавност. Од тие причини, ги повикуваме сите компании и општествени чинители кои сакаат да ги помогнат и спонзорираат овие настани да стапат во контакт со нашата федерација и заедно да создадеме успешна приказна за нашата држава и за сите учесници кои ќе дојдат од цел свет.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран одговори на планот на Трамп и ги објави своите услови

Иран соопшти дека има „природно и законско право“ да управува со Ормускиот теснец, како дел од одговорот на наводниот американски мировен план, пренесуваат иранските државни медиуми.Според новинската агенција Tasnim News Agency, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, Техеран веќе доставил одговор на американскиот предлог од 15 точки и сега ја очекува реакцијата од Вашингтон.Повикувајќи се на „информиран претставник“, агенцијата ги наведува клучните услови на Иран за евентуално смирување на конфликтот. Меѓу нив се прекин на, како што се наведува, „агресијата и атентатите“ од страна на непријателите, воспоставување гаранции дека војната нема да се повтори, како и јасно дефинирана воена отштета и компензација.Иран, исто така, бара целосен прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и од страна на сојузниците и поврзаните групи во регионот.Истиот извор нагласува дека Техеран смета оти правото да го спроведува својот суверенитет над Ормускиот теснец е „природно и засновано на меѓународното право“.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

АД ЕСМ со детали за труењето со храна: Конзумирале и други вработени кои се без симптоми

Испитувањата кои ги прават екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство, и Центарот за јавно здравје треба да ја утврдат причината за здравствените проблеми кои ги мачат вработените во РЕК Битола.Од компанијата АД ЕСМ денеска посочуваат дека истата храна ја конзумирале и вработени во делот „Термо“ во РЕК Битола, но кај нив не се појавиле никакви симптоми.- Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење  биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола.Паралелно, раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презело превентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините, се истакнува во соопштението испратено до медиумите од АД ЕСМ.Од компанијата истакнуваат дека според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81 лице, при што најголемиот дел се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување. Ова укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност.- Дополнително, важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми.Во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.Имено, Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната - потенцираат од компанијата.Потоа додаваат дека согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка  и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.- Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди.Политичките партии да се воздржат  од шпекулации со кои се обидуваат да добијат ситни дневнополитички поени  додека е во тек анализата од надлежните институции кои треба да ги утврдат причините - нагласуваат од АД ЕСМ во соопштението испратено до медиумите.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryje76a5dvvikfbNreVwg

Уапсени 12 возачи: Осум возеле без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно лице во тетовско Желино, Тетово, Демир Капија (малолетник), прилепско и Дебар возеле без возачка дозвола.Возачот во Желино управувал возило без дозвола и превезувал огревно дрво без документација, а возачот во Дебар управувал трактор без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со друго возило Двајца возачи во Штип и по еден возач во општина Старо Нагоричане и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Струга со возилото предизвикал и сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
lekari-715x420

„Доктори со помош на еликсир работеле секој ден 24 часа, без одмор, без пауза, зимале над 10.000 евра плата“ вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека потребно е и јавно да се укаже на злоупотреби и неетичко работење од страна на одредени здравствени работници. Тој посочи примери на лица кои, преку сомнителни практики, си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.„Е сега кога станува збор за здравството треба понекогаш не само да зборуваме убави работи. Треба да зборуваме и малку со доза на критика кон одредени здравствени работници коишто наоѓаат начин преку чуден еден нов изум или еликсир, којшто јас го нареков еликсир на континуирана работа да книжејќи си дежурства да добиваат месечни примања коишто честопати знаат да бидат и над 10.000 евра. Чудно но вистинито. Има и такви здравствени работници коишто со помош на овој еликсир успеале да работат 31 ден во месец кога има 30 дена или помалку 28 и ни помалку ни повеќе туку 24 часа. 31 ден, 24 часа, без одмор, без пауза, цело време посветени на работа. Има и такви случаи. И сега треба ние да се самите преслушаме каде одиме. Затоа што ова со системско решение не се решава. Ова е личен момент. И секој треба својата лична одговорност да ја да ја пренесе на останатите“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието одговараше на прашања од пратеничката Арбана Пашоли, при што ја повика пратеничката да се посвети и да си ја заработи платата за која како што вели седи во „таа убава фотелја“.„Многу ми е жал што не можете да излезете од оној вакум на етнички предзнак кога говориме за професионалност, кога говориме за системски реформи, кога говориме за сејф сити, па велите само Албанците ги фаќала камерата. Кај ви текнуваат овие работи? Стварно не ми е јасно. Камерата на сејф сити фаќала само Албанци. Ја не знам, тој што ви ги дава идеите, што ги смислува приказните ,значи, стварно, ако го плаќате, престанете да го плаќате, смислете нешто сами, верувајте ми дека поефикасни ќе сте.Се намалувал процентот на менаџерски кадар во Министерството за внатрешни работи, Албанците ќе останале без менаџерски позиции. Па кој ви ги кажува овие работи? Стварно не ми е јасно. Како ви идат, како ви текнуваат, се будите од сабајле и оп, камерата, само Албанците ги фаќа. Е, како бе така? Значи, ве замолувам, за општото добро на сите, посветете се да си ја заработите платата за која што сте седнати во таа убава фотелја.И ве замолувам, еднаш станете на оваа говорница и еднаш поставете прашање, еве не мора за Македонците, еве прашајте за Грците. Може за Грците да прашате? Ева за Грците прашајте како се третирани од Министерството за внатрешни работи“, изјави ТошковскиТој на крајот додека дека граѓаните на општина Липково и на Желено (1:44) и на Сарај имаа по-добри услови за остворување на своите права од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт„А вас може да биде и криво за тоа, ама, здравје, има време ќе докажeте во иднина“, изјави Тошковски

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања