Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

5 ден.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран одговори на планот на Трамп и ги објави своите услови

Иран соопшти дека има „природно и законско право“ да управува со Ормускиот теснец, како дел од одговорот на наводниот американски мировен план, пренесуваат иранските државни медиуми.Според новинската агенција Tasnim News Agency, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, Техеран веќе доставил одговор на американскиот предлог од 15 точки и сега ја очекува реакцијата од Вашингтон.Повикувајќи се на „информиран претставник“, агенцијата ги наведува клучните услови на Иран за евентуално смирување на конфликтот. Меѓу нив се прекин на, како што се наведува, „агресијата и атентатите“ од страна на непријателите, воспоставување гаранции дека војната нема да се повтори, како и јасно дефинирана воена отштета и компензација.Иран, исто така, бара целосен прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и од страна на сојузниците и поврзаните групи во регионот.Истиот извор нагласува дека Техеран смета оти правото да го спроведува својот суверенитет над Ормускиот теснец е „природно и засновано на меѓународното право“.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

АД ЕСМ со детали за труењето со храна: Конзумирале и други вработени кои се без симптоми

Испитувањата кои ги прават екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство, и Центарот за јавно здравје треба да ја утврдат причината за здравствените проблеми кои ги мачат вработените во РЕК Битола.Од компанијата АД ЕСМ денеска посочуваат дека истата храна ја конзумирале и вработени во делот „Термо“ во РЕК Битола, но кај нив не се појавиле никакви симптоми.- Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење  биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола.Паралелно, раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презело превентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините, се истакнува во соопштението испратено до медиумите од АД ЕСМ.Од компанијата истакнуваат дека според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81 лице, при што најголемиот дел се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување. Ова укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност.- Дополнително, важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми.Во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.Имено, Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната - потенцираат од компанијата.Потоа додаваат дека согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка  и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.- Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди.Политичките партии да се воздржат  од шпекулации со кои се обидуваат да добијат ситни дневнополитички поени  додека е во тек анализата од надлежните институции кои треба да ги утврдат причините - нагласуваат од АД ЕСМ во соопштението испратено до медиумите.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryje76a5dvvikfbNreVwg

Уапсени 12 возачи: Осум возеле без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно лице во тетовско Желино, Тетово, Демир Капија (малолетник), прилепско и Дебар возеле без возачка дозвола.Возачот во Желино управувал возило без дозвола и превезувал огревно дрво без документација, а возачот во Дебар управувал трактор без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со друго возило Двајца возачи во Штип и по еден возач во општина Старо Нагоричане и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Струга со возилото предизвикал и сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
lekari-715x420

„Доктори со помош на еликсир работеле секој ден 24 часа, без одмор, без пауза, зимале над 10.000 евра плата“ вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека потребно е и јавно да се укаже на злоупотреби и неетичко работење од страна на одредени здравствени работници. Тој посочи примери на лица кои, преку сомнителни практики, си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.„Е сега кога станува збор за здравството треба понекогаш не само да зборуваме убави работи. Треба да зборуваме и малку со доза на критика кон одредени здравствени работници коишто наоѓаат начин преку чуден еден нов изум или еликсир, којшто јас го нареков еликсир на континуирана работа да книжејќи си дежурства да добиваат месечни примања коишто честопати знаат да бидат и над 10.000 евра. Чудно но вистинито. Има и такви здравствени работници коишто со помош на овој еликсир успеале да работат 31 ден во месец кога има 30 дена или помалку 28 и ни помалку ни повеќе туку 24 часа. 31 ден, 24 часа, без одмор, без пауза, цело време посветени на работа. Има и такви случаи. И сега треба ние да се самите преслушаме каде одиме. Затоа што ова со системско решение не се решава. Ова е личен момент. И секој треба својата лична одговорност да ја да ја пренесе на останатите“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието одговараше на прашања од пратеничката Арбана Пашоли, при што ја повика пратеничката да се посвети и да си ја заработи платата за која како што вели седи во „таа убава фотелја“.„Многу ми е жал што не можете да излезете од оној вакум на етнички предзнак кога говориме за професионалност, кога говориме за системски реформи, кога говориме за сејф сити, па велите само Албанците ги фаќала камерата. Кај ви текнуваат овие работи? Стварно не ми е јасно. Камерата на сејф сити фаќала само Албанци. Ја не знам, тој што ви ги дава идеите, што ги смислува приказните ,значи, стварно, ако го плаќате, престанете да го плаќате, смислете нешто сами, верувајте ми дека поефикасни ќе сте.Се намалувал процентот на менаџерски кадар во Министерството за внатрешни работи, Албанците ќе останале без менаџерски позиции. Па кој ви ги кажува овие работи? Стварно не ми е јасно. Како ви идат, како ви текнуваат, се будите од сабајле и оп, камерата, само Албанците ги фаќа. Е, како бе така? Значи, ве замолувам, за општото добро на сите, посветете се да си ја заработите платата за која што сте седнати во таа убава фотелја.И ве замолувам, еднаш станете на оваа говорница и еднаш поставете прашање, еве не мора за Македонците, еве прашајте за Грците. Може за Грците да прашате? Ева за Грците прашајте како се третирани од Министерството за внатрешни работи“, изјави ТошковскиТој на крајот додека дека граѓаните на општина Липково и на Желено (1:44) и на Сарај имаа по-добри услови за остворување на своите права од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт„А вас може да биде и криво за тоа, ама, здравје, има време ќе докажeте во иднина“, изјави Тошковски

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarysjsn4sa3c77e1iPPEID

Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст оддадоа признание на посветени крводарители и хумани граѓани

По повод 17 Март - Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Црвениот крст, денес беа доделени благодарници и признанија на крводарители и поддржувачи на хуманитарните активности.Станува збор за граѓани кои не бараат внимание, но секогаш се тука кога е најпотребно - луѓе кои со својата хуманост директно спасуваат човечки животи.Признанија им беа доделени на: Анита Велкова, Горан Јанев, Стефан Георгиевски, Моника Палоска и Марко Дабески.Посебна благодарница му беше доделена на Владимир Блажески за значајниот јубилеј - 50 дарувања крв, како редок и вреден пример за посветеност и хуманост. Во рамки на настанот, признание за поддршка на хуманитарните активности беше доделено на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, како и на Драган Трпески, вработен во Општината.Градоначалникот Стојкоски во своето обраќање посочи:„Хуманоста не се докажува со зборови, туку со дела. Денес оддаваме признание на луѓе кои без двоумење даваат дел од себе за некој друг да има утре. Тоа е вредност што не може да се измери, но може да се почувствува во секој спасен живот. Нашата обврска како институција е да ги поддржиме и да создадеме услови оваа хуманост да продолжи да живее и да се пренесува.“Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи што го зајакнуваат чувството на заедништво и солидарност во општеството.

Скопје | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryih09eoi0bpl16Clw8uE

Нема веќе „Го знам премиерот“, Мицкоски најави реакција за функционерите кои се повикуваат во негово име

„Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една нација од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите без разлика на кое ниво, а се нечии заложници, односно би рекол затруени, инфицирани од криминал и корупција“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија на денешната седница за пратенички прашања. Премиерот Мицкоски апелираше до граѓаните да пријават секаков вид на злоупотреба, потенцирајќи дека на тој начин може да се фатат на лице место оние кои ги злоупотребуваат позициите.„Ова е резултат на пријава на жртва. После тоа се случуваат откривања и на други жртви кои што велат и јас бев и јас бев, но тоа претпоставувам ќе биде дел од истрагата понатаму за сите овие случаи. Јас затоа замолувам, доколку има граѓани, сопственици на компании кои што се жртва на било каква уцена, слободно мојот број е тој, непроменет, слободно можат да пријават ако сметаат дека можеме да помогнеме. Но, мора да учествуваат во процесот, за да можеме да дојдеме до фаќањето на лице место“, вели тој.Премиерот Мицкоски ги коментираше и шпекулациите дека се апсат само лица од власта, а не од опозицијата, и рече дека очекува новиот јавен обвинител да се позанимава со ревизорските извештаи за работењето на функционерите од претходната власт, бидејќи како што рече таму постојат сериозни сомнежи за сторен криминал и злоупотреби на позициите. „Некои ќе рече, добро а што е претходните, ние не можеме од претходните да ги фатиме на лице место, бидејќи се опозиција, но затоа како што реков имаме ревизорски извештаи за кои што очекувам новиот јавен обвинител да се позанимава со нив, таму има основани сомневања за сторен криминал и злоупотреби. Но, сегашните можеме да ги фатиме“, рече тој. Мицкоски изјави дека има и такви лица кои се повикуваат во негово име, но како што рече се следи состојбата и соодветно ќе реагираат, бидејќи како што рече секоја акција има и реакција. „Има и посредници кои што велат „го знам јас премиерот, сега заедно ручавме, вечеравме, за да ти ја завршам оваа работа ќе треба ова и ова“, има и такви. И кога тие ќе се фатат, тие ќе кажат дали тоа го прават своеволно или имаат некој кој што им рекол тоа да го прави. Има такви посредници кои што ги мониторираме во овој момент, за различни институции. Ги мониторираме во моментот и чекаме да се случи потегот, а потоа и наш потег. Секоја акција има и реакција. Тоа е закон на физика“, дециден е Мицкоски. Претседател на Владата Мицкоски вели дека само доколку граѓаните пријавуваат криминал и корупција и институциите реагираат навремено, може да се врати довербата кај граѓаните и да се врати правната држава.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Уапсени четири лица за семејно насилство во Скопје, Гостивар и Неготино

На 26.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) затоа што физички ја нападнал неговата 53-годишна партнерка. Според пријавеното, таа и претходно била психички и физички малтретирана од него.На 25.03.2026 во 23:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.М.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко и кршел дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно бил психички вознемируван од синот.На 25.03.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка и фрлил остар предмет кон неа, но не ја погодил.На 25.03.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода 44-годишната А.Ј. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 67-годишна мајка.На 25.03.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со 60-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 59-годишна сопруга. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library451sk9hne7g04z0sVPx

Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за институционалните пропусти и за изгубените животи од семејно насилство?

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има:Во продолжение е интегралното обраќање на Лукаревска:По трагичниот настан во Тавталиџе, по ужасниот крај на животот на Ивана и на нејзината ќеркичка, присуствувавте на средбата на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство. На истата, заедно со граѓанските организации, договорени се измени во осум закони: Закон за полициски овластувања, за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, за социјална заштита, за правда за децата, за бесплатна правна помош, за кривична постапка, за парнична постапка и за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.Овие измени, за жал, се задоцнети за многу жртви на семејното насилство, кои воедно беа и жртви на институционални слабости. Но, измените мора да бидат направени, имајќи го предвид и фактот дека семејното насилство станува сè поголем дел од содржината на дневните билтени на МВР. И покрај тоа, останува прашањето за кобниот 2 март, што со одговорноста на оние кои не реагирале врз основа на принципот на должно внимание, кој, како држава, сме го презеле согласно Истанбулската конвенција.Како да не опоменуваа кривичните пријави за таткото на Катја, поднесени за имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога.И не е само Стојанче – што ги „поттурна“ Ивана и Катја, Усеин кој 40 пати ја избоде Танкица од Кочани, Илија кој ја избоде Росица во Велес, го уби и нејзиниот татко, па се самоуби, Н.А. кој пред очите на 5-годишната ќерка ја уби Рамајана во Шуто Оризари, вчерашниот грозоморен случај во Куманово, навистина е долга листата.Имено, и барањата на граѓанските организации беа целосна и транспарентна истрага за постапувањето на сите институции во случајот во Тавталиџе, вклучително и проверка дали постоеле пријави, сознанија и какви мерки биле или не биле преземени.Суспензија на сите службени лица вклучени во постапувањето сè до завршување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност за секое службено лице кое не постапило согласно законските обврски, соодветни санкции, вклучително и кривична одговорност, и затворски казни за службени лица од МВР и сите други надлежни институции каде што ќе се утврди дека морале, а не преземале мерки.Моето прашање до вас е докаде е постапувањето во однос на утврдување на одговорност на службените лица во Министерството за внатрешни работи. Без постапување на надлежните институции, законите сами по себе не значат автоматска заштита.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Полицаец од Кичево тепал граѓанин иако не давал отпор - МВР го испрати на психијатар

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата“ предвидено и казниво по член 143 од Кривичниот законик.Пријавениот М.А. на работно место „полицаец“ во ПС Кичево при СВР Охрид, на 12.02.2026 на кружниот тек помеѓу бул. „Ослободување“ и ул. „Рудничка“ во Кичево, додека извршувал работни задачи во содејство со уште еден полициски службеник извршил малтретирање на лице, така што откако забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на две групи лица, во еден момент кога истите престанале со нарушување на јавниот ред и мир и не давале отпор кон пријавениот, М.А. неовластено употребил физичка сила кон едно од лицата.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата, упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
boy-726021_960_720-620x350

Татко го тепал 13-годишниот син среде паркинг во Кочани

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.М.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.На 24.02.2026 на паркинг простор во Кочани, пријавениот физички го нападнал неговиот 13-годишен син.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

19-годишник од Радовиш пријавен за вонбрачна заедница со малолетничка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(19) од Радовиш поради постоење основи за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.Пријавениот, во неговата семејна куќа во Радовиш живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од пехчевско село.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
person-motorcycle-countryside

Возел мотор без таблички и направил сообраќајка - тетовчанец заврши во болница со тешки повреди

На 25.03.2026 во 15:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од с.Челопек, тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Д.Т.(27) од с.Брвеница, тетовско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
motor

Два мопеди се удрија на крстосница во Гевгелија, едниот возач бил малолетен и избегал

На 25.03.2026 околу 13:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека околу 12:55 часот на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ и ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.Ч.(52) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, по што малолетникот со мотоциклот го напуштил местото, но набргу е пронајден и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ч., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-48-9220PM

Болничари се тепале среде Клинички

 На 25.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, Ј.И.(27) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде извршувал работни задачи како болничар, бил физички нападнат од негов колега болничар Ф.И..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 дена

5 ден.
300906766_5554581604588006_2137906982980117008_n

Разбојништво во Аеродром: Додека возела велосипед ја ограбиле

На 25.03.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, В.Г.(57) од Скопје пријави дека околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека се движела со велосипед, едно лице кое управувало мопед ѝ го одзело ранецот со паричник, лични документи и други предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 дена

5 ден.
Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Се запали кровот на амбулантното одделение во затворот Идризово

 На 26.03.2026 во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затвореното одделение-амбуланта.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.Извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Скопје | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryfdfqhe7rlp7p2MXdlwD

Трипуновски до Лукаревска: Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Собранието одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Во своето обраќање, министерот истакна дека протестите организирани од опозицијата се обид за политичка манипулација, нагласувајќи дека токму тие кои денес критикуваат, во минатото оставиле сериозни проблеми во земјоделството. Тој посочи дека оризопроизводителите во сабота истакнаа дека имаат залихи на ориз од пред пет години, период кога, како што рече, на власт била СДСМ. „За разлика од минатото, кога оризот не беше третиран како стратешка култура, оваа Влада презеде конкретни чекори. Оризовата арпа ја дефиниравме како стратешка култура и обезбедивме откуп за потребите на државните стоковни резерви“, нагласи тој. Министерот информираше дека во 2024 година била реализирана мерка за кофинансирање, набавка на комбајни и сушари за ориз, со вкупна поддршка од над 35 милиони денари, имало 57 апликанти и сите биле одобрени. „Во производната 2025 година во вашето заминување, недомаќински, нефер, ја испразнивте браната Калиманци со цел да имаме тешка производна година. Со домаќинско управување, со сите заложби што ги направи Владата и Министерството, со санирање на онаа катастрофална состојба во системите за наводнување успеавме да ја покриеме секоја земјоделска површина со доволна количина на вода и да се посее оваа важна култура за нас“, појасни министерот Трипуновски. Владата реализираше откуп на околу 2.400 тони оризова арпа за стоковните резерви, како и дополнителна мерка од 6 денари по килограм предадена арпа, за што биле издвоени над 90 милиони денари. „Во делот на зелената нафта јас бев еден од критичарите кој што ја критикуваше таа мерка затоа што поделивте зелена нафта за паркирање на тракторите, не за обработка, не за да биде дополнителна додадена вредност и компензација на трошоците во делот на земјоделското производство. Истата мерка, минатата година е зголемена за 100% и сега земјоделците добиваат сериозна количина на нафта и претставува сериозен инпут во делот на олеснување на прозводните трошоци“, посочи тој. Министерот ги отфрли тврдењата дека субвенциите се намалени, потенцирајќи дека годишните програми најчесто изнесуваат околу 100 милиони евра. „Во 2024 година со преземањето на власта наследивме сериозна финансиска дупка во овој сегмент. Со ребаланс во 2024 година и со пренамената на средства во декември месец се обезбедија дополнителни 40 милиони евра со кои што се исплатија заостанатите обврски кон македонските земјоделци“, истакна министерот Трипуновски. Дополнително, тој информираше дека од Програмата за 2026 година досега се исплатени над 30 милиони евра субвенции. „Ние правиме санација на онаа состојба која што сме ја наследиле. Ние сме вистински партнери на земјоделците. Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС“, порача министерот.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryvs26km6lphk54PgbV3o

Рози Мицкоска разговараше со Меланија Трамп и Брижит Макрон на глобалниот самит

Сопругата на претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествуваа претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.Во рамките на самитот, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.Настанот беше насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакна во своето обраќање првата дама на САД.Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Левица предлага измени: Фриленсерите и хонорарците да добијат здравствено осигурување

На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на приходи остануваат без здравствено осигурување.„Во Македонија има една голема група на граѓани кои не се опфатени со здравствена заштита. Тоа се луѓе на договор на дело, хонорарци, луѓе со паушални примања, фриленсери, слободни уметници. Ако сте невработен и вашиот брачен партнер има примања над мизерниот праг од 24.000 денари месечно, вие повторно нема да имате здравствено осигурување. Дури и ако човек изгуби работа и ја продаде својата кола за да обезбеди сигурност за семејството, ќе го изгуби здравственото осигурување. Значи, наместо државата да ве заштити кога сте најранливи, таа се однесува како предатор.Имаме ситуација каде што обичните граѓани плаќаат околу 33% давачки на своите приходи, додека оние со милионски заработки плаќаат само до одреден праг од околу 1,1 милион денари годишно, а над тоа не плаќаат ништо. Имаме случаи каде што луѓе пријавиле 19 милиони денари приходи, а платиле давачки само до тој праг. Зошто тие се привилегирани, а сите други плаќаат? Со овие две измени ќе направиме рез на оваа дискриминаторска политика ќе го избришеме прагот за здравствено осигурување и ќе обезбедиме фер систем на давачки”, вели Мециновиќ.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarypigv5f4ng3noddGM2WS

Мицкоски: На владина седница помина Колективниот договор, за две години вработените ќе имаат за 40% повисока плата

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор вработените во образованието исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и исто како што ќе го добијат сите од државната и јавна администрација коишто се со колективни договори потпишани од оваа влада“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така додаде и дека во вторникот на владина седница помина и предлог колективниот договор којшто државните институции ќе треба да го потпишуваат со вработените во администрацијата со што вработените за две години би имале за 40-тина проценти повисока плата од тоа што го имаат денес. „Вклучително ќе отпочне и процесот, бидејќи веќе помина текстот на предлог колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените во администрацијата, а кој што беше претходно договорен и усогласен со двата синдикати УПОЗ и САДУ. Помина во вторникот на седница на Владата, има некои детали коишто ќе треба да се доиспеглаат оваа недела, денес, утре, задутре и очекувам веќе од понеделник и тоа потпишување да се заврши и веќе во април да добијат плата согласно новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8%. Така ќе биде во април 2027-ма, така ќе биде во април 2028-ма. Значи дека за некаде отприлика две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40-тина проценти од тоа што го имаат денес. Овој договор преставува прв од таков вид којшто некогаш владата го потпишала со овие вработени“, рече Мицкоски и додаде:„Пошто се прошири малку списокот, тука влегоа и од обвинителската и од судската служба, некаде околу 10-тина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99% ние ги регулираме нашите односи со нашите колеги каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил.“

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryje4t70hc48pc3Jj6dl6

43-годишен маж се степал во казино

На 25.03.2026 во 12:30 часот во СВР Тетово се пријавил Б.С.(43) од с.Требош, кој бил пријавен од А.А.(68) од с.Доброште и 26- годишната Ј.Ш. од с.Џепчиште дека околу 11:30 часот во казино во Тетово физички ги нападнал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Вандализам во тетовско – оштетени две возила и куќа, сторителот во бегство

На 25.03.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, М.Т.(35) од с.Камењане, пријавил дека во семејна куќа во истото село, сопственост на И.Т.(37), едно лице со тврд предмет оштетило две паркирани возила: „мерцедес“, сопственост на И.Т. и „пежо“, сопственост на М.Т. Според пријавеното, лицето оштетило и пет прозорци и една балконска врата и побегнало.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
295750930_581384890106970_3403187720919250822_n

Возел без дозвола и превезувал дрва без документација - уапсен жител на Желино

На 25.03.2026 во 18:10 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода З.Џ.(52) од с.Желино.При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи галопер“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревно дрво. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека З.Џ. не поседува возачка дозвола и соодветна документација за дрвата, по што возилото и дрвата со потврда се одземени.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library63gjhdsgjcdndTxauMx

Додека готвела и експлодирала плинската боца - тетовчанка заврши во болница

На 25.03.2026 во СВР Тетово е пријавено дека во домот на Д.Р.(62) од село Брвеница, тетовско, екплодирала плинска боца додека неговата сестра Т.А.(68) готвела во кујната, при што се здобила со повреди,констатирани во Клинички центар Тетово.Увид бил извршен и се работи на утврдување на причините за настанување на екплозијата.

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања