Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

5 ден.
media-librarypigv5f4ng3noddGM2WS

Мицкоски: На владина седница помина Колективниот договор, за две години вработените ќе имаат за 40% повисока плата

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор вработените во образованието исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и исто како што ќе го добијат сите од државната и јавна администрација коишто се со колективни договори потпишани од оваа влада“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така додаде и дека во вторникот на владина седница помина и предлог колективниот договор којшто државните институции ќе треба да го потпишуваат со вработените во администрацијата со што вработените за две години би имале за 40-тина проценти повисока плата од тоа што го имаат денес. „Вклучително ќе отпочне и процесот, бидејќи веќе помина текстот на предлог колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените во администрацијата, а кој што беше претходно договорен и усогласен со двата синдикати УПОЗ и САДУ. Помина во вторникот на седница на Владата, има некои детали коишто ќе треба да се доиспеглаат оваа недела, денес, утре, задутре и очекувам веќе од понеделник и тоа потпишување да се заврши и веќе во април да добијат плата согласно новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8%. Така ќе биде во април 2027-ма, така ќе биде во април 2028-ма. Значи дека за некаде отприлика две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40-тина проценти од тоа што го имаат денес. Овој договор преставува прв од таков вид којшто некогаш владата го потпишала со овие вработени“, рече Мицкоски и додаде:„Пошто се прошири малку списокот, тука влегоа и од обвинителската и од судската служба, некаде околу 10-тина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99% ние ги регулираме нашите односи со нашите колеги каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил.“

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryje4t70hc48pc3Jj6dl6

43-годишен маж се степал во казино

На 25.03.2026 во 12:30 часот во СВР Тетово се пријавил Б.С.(43) од с.Требош, кој бил пријавен од А.А.(68) од с.Доброште и 26- годишната Ј.Ш. од с.Џепчиште дека околу 11:30 часот во казино во Тетово физички ги нападнал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Вандализам во тетовско – оштетени две возила и куќа, сторителот во бегство

На 25.03.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, М.Т.(35) од с.Камењане, пријавил дека во семејна куќа во истото село, сопственост на И.Т.(37), едно лице со тврд предмет оштетило две паркирани возила: „мерцедес“, сопственост на И.Т. и „пежо“, сопственост на М.Т. Според пријавеното, лицето оштетило и пет прозорци и една балконска врата и побегнало.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
295750930_581384890106970_3403187720919250822_n

Возел без дозвола и превезувал дрва без документација - уапсен жител на Желино

На 25.03.2026 во 18:10 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода З.Џ.(52) од с.Желино.При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи галопер“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревно дрво. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека З.Џ. не поседува возачка дозвола и соодветна документација за дрвата, по што возилото и дрвата со потврда се одземени.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library63gjhdsgjcdndTxauMx

Додека готвела и експлодирала плинската боца - тетовчанка заврши во болница

На 25.03.2026 во СВР Тетово е пријавено дека во домот на Д.Р.(62) од село Брвеница, тетовско, екплодирала плинска боца додека неговата сестра Т.А.(68) готвела во кујната, при што се здобила со повреди,констатирани во Клинички центар Тетово.Увид бил извршен и се работи на утврдување на причините за настанување на екплозијата.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски: Очекувам јавниот обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител.„Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока или на дното од приоритетите. Често пати на седница на Влада имаме точка на која што ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи кои што ДЗР ги доставува до Владата и до сега јас лично, може стотина пати, имам прашано ако ова го констатирал Државниот завод за ревизија, дали ова е некаде процесуирано? Одговорот без исклучок е „да процесуирано е до Јавниот Обвинител“. Очекувам сите овие предмети да бидат извадени и да се работат и да се види дали таму има основано сомнение за сторен криминал од луѓето кои ги воделе тие институции или нема“, посочи премиерот Мицкоски. Тој истакна дека очекува од новиот јавен обвинител да направи детална анализа и да се постапи по овие веќе доставени предмети.„Лично очекувам најмалку уште две работи кои се многу важни во историска смисла на зборот за иднината на оваа држава. Ако не ја откриеме вистината за тие две работи, тогаш цело време ќе живееме во илузија. Првата работа е како магично тогаш затвореникот Катица Јанева, предметите кои беа дел од СЈО ги достави повторно во судската пракса. На ова прашање мора да најдеме одговор. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем и владеењето на правото. И второ, исто така според мене многу важно, ако сакаме вистинска иднина, а ова ќе го поделиме на две подгрупи, како се судеше група на луѓе за тероризам и врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од тогаш така наречен заштитени сведоци и втората подгрупа прашања за колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за така наречен специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите“, рече Мицкоски. Тој порача дека ако тоа не се направи тогаш ќе имаме ситуација кога една група на луѓе во државата ќе биде повластена, а најголемиот дел од нашите граѓани ќе бидат тие кои што ќе живеат во разочарување дека правдата не владее за сите. „Јавно упатувам апел до јавниот обвинител, без разлика за кого и да постои основано сомнение дека сторил криминал, вклучително и за актуелната влада, да отвори истрага и да ја истурка до крај, не смее да има повластени“, кажа премиерот Мицкоски и дополни: „Не постои поголема ахилова пета за една нација и држава, од луѓе кои носат одлуки во името на таа нација и држава, а се корумпирани. Затоа што тие веќе не се свои и стравувам дека одлуките што ги носат можат да бидат на штета на целата нација и држава. Затоа е подобро да се спречи, отколку потоа да се лечи.“

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarybulilffi6knd7h5mCTd

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ готови до 1 октомври – Јаневска најави реновирање на сите останати од септември

На новинарско прашање кога очекува да заврши реновирњето на студентските домови, министерката Весна Јаневска изјави дека домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ треба да бидат подготвени за прием на студенти од 1 октомври.„Очекувам двата студентски дома да бидат подготвени и студентите да можат да влезат во „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ веќе од 1 октомври. Очекувам и до септември да ги почнеме сите други студентски домови во Македонија и во исто време да ги реконструираме и реновираме“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryvdv8h00fdtp7aDD6sl6

Јаневска: Не зависи од мене тоа дали ќе ме сменат, секојдневно работам колку што е можно повеќе

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека нејзиниот ангажман во Владата зависи од одлуката на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека таа секојдневно работи посветено на развојот на државата.„Она во што сум сигурна е дека секојдневно работам колку што е можно повеќе, за да придонесам за развој на оваа држава. Многу пати сум кажала, премиерот ја предлага владата. Партијата дополнително има свои структури кои внимателно размислуваат во корист на државата и предлагаат одредени функции.Така да не зависи само од мене или воопшто од мене, дали ќе ме менуваат или не“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryv1vilfbvhqtj6spHOi9

АХВ ја затвори кујната во РЕК Битола по дојавата за труење со храна: Земени се мостри од храна и брисеви

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје - Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола.„Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната.Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.Инспекциската постапка продолжува“, известуваат од АХВ.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за влошувањето на животниот стандард на граѓаните, како резултат на недоволните економски политики на Владата.„Иако Владата се пофали со зголемување на платите за околу 1.600 денари, реалноста на терен покажува дека трошоците за живот во изминатата година се зголемени за најмалку 6.000 денари месечно по домаќинство. Ова значи дека граѓаните реално се соочуваат со пад на куповната моќ и секојдневно се борат да ги покријат основните потреби.Цените на храната, електричната енергија, горивата и основните услуги бележат континуиран раст, додека мерките на Владата остануваат задоцнети и недоволни. Наместо системски решение граѓаните добиваат зголемување со кои не можаат да ги покриваат ни трошоците за храна и пијалоци.ДУИ оценува дека е неопходно итно преземање на конкретни мерки за стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард. Во спротивно, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните и зголемување на социјалната нееднаквост.ДУИ останува посветена на предлагање реални и одржливи решенија кои ќе обезбедат економска стабилност и подобар живот за сите граѓани.Да почнеме со зголемување на минималната плата од 35.000 Ден“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.„Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот.Исто така, тој во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга. Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца. Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор“, информираат од обвинителство

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library2sl1etvv1or4azm7AKh

Возачот кој прегази пешак во Марино немал возачка и бил пијан, обвинителство бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за  – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

Мицкоски: Никој нема против да го користите албанскиот јазик, но официјален е македонскиот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.„Законот за правична застапеност очекувам набргу да се најде овде пред пратениците откако ги помина сите филтри вклучително и оној на Венецијанска комисија. Со препораките од Венецијанска комисија истиот ќе биде донесен во Парламент, поминат на Влада и се надевам дека ќе го поддржите. Но, уставен, а не неуставен како што вие односно коалицијата на која и припаѓате ги лажеше Албанците во Македонија повеќе од 20 години. Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и оваа коалиција и коалицијата која вие ја поддржувате“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи. Во врска со користењето и познавање на јазиците, премиерот Мицкоски нагласи дека македонскиот јазик според Уставот е официјален јазик на целата територија и му посочи на пратеникот Реџепи дека како што се гледа не му требаат слушалки со превод за да го разбере, но ако ги користи таму има превод и на албански. „Ниту еден јазик не ми пречи на светов и нема да ми пречи. Не знам зошто се вознемирувате, но според Уставот е дека официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Има таму дополнувања во следниот член, понатаму дополнување за единиците за локална самоуправа каде повеќе од 20% има етнички заедници над таа бројка го користат својот јазик, има турска заедница, српска бошњачка, не ми пречи мене, слободно да си го користите албанскиот јазик, дури и се трудам и да го учам и научам  Колку повеќе јазици знам, толку побогат сум“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски се осврна и на настанот во Тетово при што потенцираше дека таков однос од страна на новинар кон министерката за образование е непристоен без разлика дали е на македонски или на албански јазик. „Апсолутно никој нема против да го користите албанскиот јазик, ако сакате и на англиски зборувајте и на германски, француски. Никој нема против, но треба да се знае дека официјален јазик во оваа држава е македонскиот јазик и кирилското писмо и за меѓународна употреба е македонскиот јазик и кирилското писмо и така е според Уставот“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library7mjcbhf4m7rb4vacvyy

Спасовски до Дурмиши: Зошто владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија, Бесар Дурмиши, кое се однесуваше на состојбата со цените, нивниот раст и економската криза која се чувствува кај граѓаните. Тој посочи дека цените на основните прехранбени производи, вклучувајќи деривати, значително пораснале и дека тоа директно влијае врз секојдневната потрошувачка и семејните буџети, предизвикувајќи сериозни последици врз економската состојба на населението.Во продолжение претставуваме интегрален текст од прашањето:Во однос на првото прашање сакам да поставам и да кажам неколку збора во однос на состојбата која е моментална со цените, со растот на цените и економската криза која генерално веќе тропа на секоја врата во македонското општество.Сите сме сведоци дека ова е глобална криза која настапува и таа глобална криза сигурно ќе предизвикува негативни ефекти врз македонската економија, а на тој начин ќе предизвикува негативни ефекти и врз македонските семејства, македонските граѓани.Факт е дека во Македонија цените на нафтените деривати поскапеа, затоа се преземаа мерки за коишто сметам дека не се навремени и тоа го покажаа резултатите. Меѓутоа, сето тоа ќе ефектуира и врз растот на цените во маркетите, односно директната дневна потрошувачка за потребите на живеењето на сите граѓани.Еве, на пример, за една недела ќе прочитам неколку цени коишто биле променети и морам да кажам дека така тивко се менуваат:• Зејтинот 74 денари бил, сега од 93 до 118• Кафето било 104 денари мината недела, сега е 120 до 140 денари• Меленото месо било околу 638, сега е 730 до 849• Пилешкото месо 376, сега е 401 до 493• Млекото 56, сега е 67 до 78• Јајцата 103, сега се до148Сега, во моментот, имаме едно навистина сериозно, брутално поскапување на цените на прехранбените продукти, основните прехранбени продукти, пред сè зеленчукот и овошјето. На пример, денес на пазар пиперките се околу 300 денари, а доматите се околу 200 денари и малку повеќе од 200 денари.Моето прашање е: Дали вие како Министерство за економија предвидувате соодветни мерки коишто ќе значат подобрување или ублажување на оваа кризна состојба во кој било тип? А зошто тоа го кажувам? Бидејќи сето ова има дополнителна тежина, бидејќи вие во ваше соопштение кажувате дека Министерството за економија и труд во 2025 година преку ограничувањето на маржи на 102 групи производи и цени на осум групи основни прехранбени производи ја стабилизира инфлацијата.Основувајќи се на ова, прашањето е дали сега моментално преземате мерки. Мислам дека е крајно време тоа да го правите час поскоро, бидејќи ние можеме да правиме статистики, просечни статистики итн., меѓутоа секој ден, секој човек кој оди во маркетите може да ги види цените коишто растат, иако за тоа не се преземаат навремени мерки мислам дека понатаму ќе биде се задоцнето.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Чуварот на фотелјата Заев, Венко Филипче ја фрла СДС во бунар без дно, слушајќи ги советите на екс советникот на Заев во владата, Башановиќ и неговиот партнер Шчекиќ.Молкот за средбите на Филипче во Ниш и во Грција со Башановиќ и Шчекиќ е чист доказ дека Заев му ги средува и ден денес работите, само за да му ја чува фотелјата, и тој да управува со него.Без двоумење Филипче за да ја спаси својата политичка кариера, каква таква, безусловно ги слуша наредбите на Башановиќ и Шчекиќ и ги презентира во јавноста.Лажни вести, манипулации и клевети се трите основни постулати на кои се води ПР тимот на СДС предводен од Башановиќ.Од некогаш големата СДС, Заев со Ковачевски и Филипче успеа партијата и со нивните лоши политики да ја тоне без да може никој да ја спаси“, додава тој.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarybr0c6a2usaanf0Y9qGt

Жерновски: Пријателот на Орбан - Мицкоски е руски играч кој ја турка Македонија во изолација од ЕУ

Добар ден, претставници на медиумите. Благодарам за присуството и што денеска ќе ги пренесете ставовите на СДСМ за едно исклучително важно прашање, прашање коешто ние упорно го објаснувавме во јавноста, а деновиве добивме потврда и на меѓународни размери за тоа зошто го зборуваме тоа и дали сме во право, вели Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка на СДСМ.„Христијан Мицкоски не само што ја турка Македонија во изолација и, за жал, успеа во тоа, туку опасно ја турна државата во скутот на Виктор Орбан. Зошто? Секако поради бизнис интересите кои ги поврзуваат нив двајца.Зошто е ова битно за иднината на државата и зошто СДСМ упорно настојува да дискутира за ова, за на граѓаните да им биде јасно што се случува? Политичкиот проект на Мицкоски, којшто овозможи преку Орбан да имаме директно странско мешање во Македонија, да имаме дезинформации, да имаме нетранспарентни и крајно сомнителни финансиски текови и, се разбира, рушење на стратешката позиција која толку тешко ја стекнавме.Накратко, што се случува? Две поенти.Оддалечување на државата од Европската Унија и туркање на државата, на крајот на денот, во скутот на Русија.Дека сето ова е точно што го зборува СДСМ, добивме потврда и од реномираниот „Вашингтон пост“, којшто објави фрапантни податоци, потврдени од министерот за надворешни работи на Унгарија, Сијарто, а потоа потврдени и од самиот Сијарто, дека за клучните одлуки коишто се дискутираат во Европската Унија, Сијарто, Орбан и Унгарија се консултирале со Путин.Дали сега станува јасно за што цело време зборува СДСМ?Значи, да бидеме прецизни: Орбан е пријател на Путин и на Русија, а пријателот на пријателот на Русија, со име Христијан и презиме Мицкоски, е прокси играчот на Русија во овој регион.Ете зошто и на кого мислеше еврокомесарката за проширување кога зборуваше за тројански коњи и дека нема да дозволи такво влијание да влезе преку некоја земја кандидат.Сега јасно е на кого мислеше.Ова не е само стратешко прашање за нашата држава. Ова е безбедносно прашање и, се разбира, прашање во нашата борба против криминалот и корупцијата.Понатаму, да бидеме многу конкретни. Сè е поврзано – Орбан и Мицкоски, Мицкоски и Орбан. Блиско бизнис-пријателство.Една милијарда евра од Унгарија. Во исто време кога Унгарија дава кредитна линија за нашата држава, таа се задолжува од Кина за истата сума – 1 милијарда евра. Јасно ли е сега од каде е потеклото на парите?Потоа, унгарскиот телеком, кој го води човек близок до Орбан.Потоа, 40% од медиумите кои се под контрола на мрежата на Орбан.Да не заборавиме и на влезот во енергетиката во Македонија преку ќерка-фирма на унгарската „Статус Енерџи КФТ“.И на крајот, она што го гледаме деновиве – известителот на Европскиот парламент, Вајц, подава рака на оваа влада, подава рака да излеземе од оваа изолација, да не одиме во скутот на Орбан и на Путин.Меѓутоа, се разбира, Мицкоски не го прифаќа ова, затоа што не му одговара.За жал, имаме состојба во која Брисел повеќе сака да ја види Македонија во Европската Унија отколку нашата влада.Нормално ли е сето тоа да се случува?За жал, владата на Мицкоски нема ништо да направи и ние мораме да бидеме јасни во тоа и јасно како опозиција да го кажуваме.Заклучокот е: нема напредок по европскиот пат – има изолација.Да порачам на крајот, од име на СДСМ, јасно и гласно: Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го промени името, а сега лаже за сè. Меѓутоа, сега поради него Македонија е на колена.Ние мора да го промениме тоа“, вели Жерновски.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп ги известил соработниците: Војната со Иран ќе заврши за неколку недели

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да избегне долга војна со Иран и им соопштил на своите помошници дека очекува конфликтот да заврши во рок од неколку недели.Трамп верува дека судирот може да заврши во наредните недели и ги повикал своите соработници да се усогласат со тој временски рок, објави Волстрит журнал повикувајќи се на анонимни извори.Службеничките од администрацијата се надеваат дека ситуацијата ќе се реши пред очекуваниот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг во средината на мај. Конфликтот го оптоварува Трамп додека се обидува да ја балансира надворешната политика со домашните приоритети, вклучително и претстојните избори за Конгресот.Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, изјавила дека Трамп фаворизира мирно решение со Иран, но е подготвен за значително заострување „доколку Техеран не ја прифати реалноста на моменталната ситуација“.САД и Израел спроведуваат напади врз Иран од 28 февруари. Во судирите загинале повеќе од 1.300 лица, вклучително и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи, што предизвика ирански одмазднички напади низ регионот и сериозни нарушувања во глобалното снабдување со нафта.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryop7nfopl9ev71pJ1OSv

Потпишан Колективен договор во МЗШВ – етапно зголемување на платите за вработените

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со претставниците од синдикалните здруженија денес во просториите на министерството го потпиша Колективниот договор со кој се предвидува раст на платите на вработените како и доуредување на работниот статус.„Ова е важен чекор, имајќи во предвид дека неколку години немаше важечки Колективен договор, што претставуваше загриженост и неизвесност, како и ограничена можност за унапредување на правата и условите за работа на вработените во ресорот. Дополнително, освен значително зголемување на платите, во Колективниот договор се обезбедува и заштита на правата и унапредување на работните услови за сите вработени. Согласно Колективниот договор зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со овој чин ја потврдува својата заложба за градење стабилен, праведен и мотивирачки работен амбиент, во кој трудот на вработените соодветно ќе биде вреднуван, а нивните права заштитени“, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarycicajbia1s345ff8ZhN

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беа теми на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Република Македонија, кој за прв пат се одржува во Брисел.Во своето воведно обраќање, министерот за јавна администрација, Горан Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови на европската интеграција, но и на институционалното зајакнување на државата.„Реформата на јавната администрација останува клучен приоритет на Македонија, како во процесот на европската интеграција, така и во унапредувањето на функционирањето на институциите на национално ниво. Нашата определба е јасна: професионална администрација, ефикасни институции и услуги ориентирани кон граѓаните и бизнисите.“ - нагласи Минчев.Минчев се осврна и на последните наоди од извештаите на Европска комисија и оценките на SIGMA, нагласувајќи дека тие претставуваат важен инструмент за насочување на реформските активности.„Македонија се движи напред. Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ја потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот е конкретен и мерлив“ - потенцираше министерот.Едновремено истакна и дека европската перспектива на државата се гради врз основа на демократските вредности, но и со јасна почит кон националниот идентитет, јазикот, култура и историскиот континуитет на македонската држава.„Нашата европска перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на националниот идентитет, македонскиот јазик и културниот и историскиот континуитет на Македонија. Станува збор за вредности кои се длабоко втемелени во нашето демократско уредување и кои се дел од процесот на институционално јакнење и развој“ - заклучи министерот, нагласувајќи дека токму преку силни, професионални и отчетни институции се зајакнува и демократската основа на државата.Министерството за јавна администрација останува цврсто посветено на доследна имплементација на започнатите реформи и на испорачивање на конкретни резултати за во интерес на граѓаните и бизнис заедницата.Состанокот на Специјалната група за реформа на јавната администрација претставува важен механизам за следење на напредокот на Македонија во оваа област и за координација на реформските активности со институциите на Европската Унија.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Тоа што ДУИ го објави во однос на купувањето на електрична енергија, вчера го потврди и Државниот завод за статистика, со тоа што бруто-производството на електрична енергија од страна на термоелектраните е намалена за цели 22.5% споредено со истиот период од претходната година, велат од ДУИ.„Овој недостаток е целосно компензиран со купување на базна електрична енергија.За да бидат граѓаните во целост информирани, електричната енергија е купена од ТЕ-ТО и тоа е јавна достапна информација.За да се утврди, кој ја кажува вистинита, ја повикуваме ЕСМ да ги објави сите јавни повици и договори за купо-продажба на електрична енергија, за граѓаните да имаат увид во тоа како се менаџира со електро-енергетските капацотети на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

На 28 март 2026 година во Кочани ќе се одржи 39-тиот „Марш на ангелите“, во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Собирањето е закажано во 15:50 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, а почетокот на маршот ќе биде во 16:05 часот.„Додека светот го поместува часовникот напред, додека деновите стануваат подолги и светлината трае повеќе, за нас времето стои.За некого ова е почеток на пролет, на движење, на живот, на планови. За нас — продолжение на тишината што не поминува. Надвор има повеќе светлина. Во нас — истата темнина. Но веруваме… дека оваа светлина нема да биде само во денот, туку и во вистината. Дека пролетта нема да донесе само топлина, туку и правда.Дека конечно ќе се симне мракот што веќе цела година демнее над Кочани. И токму затоа чекориме. Не затоа што ни е лесно, туку затоа што мораме.Секој чекор е болка што не престанува. Секој чекор е љубов што не исчезнува. Секој чекор е глас за оние што ги нема — а засекогаш се со нас. Ова е борба. За вистината. За правдата. И за никогаш да не се повтори.Бараме целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти кои дозволиле дискотеката да работи спротивно на безбедносните прописи.Трагедијата во „Пулс“ Кочани останува силна порака за потребата од строга примена на безбедносните стандарди во јавните објекти и одговорно постапување на институциите. Додека денот се продолжува, ние ја продолжуваме борбата. Додека времето оди напред, ние не дозволуваме споменот да застане.Да донесеме светлина таму каде што има темнина. Да донесеме правда таму каде што има тишина.Ќе чекориме заедно. Со болка. Со љубов. Со сеќавање што никогаш нема да згасне“, стои во објавата.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Ја истепал жена му, па нападнал полицаец кој интервенирал

На 24.03.2026 во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив.Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarym3s0ituuib4s3eKHPId

СДСМ Битола до РЕК Битола: Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?

Во текот на вчерашниот ден објавивме дека во рудникот во РЕК Битола се случило масовно труење на вработени, предизвикано од дневниот оброк, велат од СДСМ Битола.„Наместо извинување и преземање одговорност, од РЕК Битола излегоа со соопштение дека станува збор за изолирани 5–6 случаи – тврдење кое е далеку од вистината.Денес излегуваме со нови информации и поставуваме конкретни прашања до раководството:Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?Дали кујната во РЕК Битола од вчера е затворена?Ако навистина немало труење, зошто тогаш кујната е затворена?Дали вработените денес ќе останат без оброк?И дали во иднина ќе треба сами да си носат храна од дома?Овие одговори им ги должите на вработените во рудникот и на нивните семејства. Тишината не е решение. Одговорноста е“, велат од СДСМ Битола.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
rek-bitola-1

Ако се потврди труење во РЕК Битола синдикатот ќе бара одговорност

81 вработен во РЕК Битола вчера побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура. Според пријавите на пациентите, причината за здравствените проблеми е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола.Од Независниот синдикат на АД ЕСМ велат дека ја следат состојбата, а доколку се потврди дека причина за труењето е храната или хигиената во кујната, ќе реагираат и ќе бараат одговорност.„Независниот Синдикат на АД ЕСМ, ја следи состојбата на работниците во РЕК - Битола, кои се пожалија на болки во стомакот, за што побараја лекарска помош во Битолската болница.Исто така јас како претседател на истиот, сакам да замолам за воздржаност околу коментарите за причината за настанувањето на овој проблем.Сакам јасно да го потенцирам следното :Ние како Независен Синдикат при АД ЕСМ, ќе почекаме Институциите да си ги завршат своите испитувања, и доколку навистина се потврди дека ова е настанато поради храната или хигиената во кујната за исхрана, жестоко ќе реагираме и ќе бараме одговорност, бидејќи никој неможе да си поигрува или да се однесува неодговорно, при тоа да го става во опасност здравјето и животот на вработените“, велат од Независниот синдикат при АД ЕСМ.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Денес и утре во Скопје се одржува регионална конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, чиј покровител е Министерството за образование и наука на Македонија, а коорганизатори се Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка. Дијалогот обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и студенти.Нагласувајќи го значењето на конференцијата, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска посочи дека во услови на крупни геополитички промени, расте свеста за образованието како најсигурната инвестиција, од која зависи иднината на економиите, нивната одржливост и отпорност.„Без силен придонес од високообразовната заедница преку истражувања, учење и настава, општествено влијание, иновации и трансфер на технологии, не можат да се решат главните предизвици на современите општества, вклучително и оние кои се однесуваат на целите на Обединетите нации за одржлив развој, опстанокот на нашата планета, прашањата за војната и мирот, демократијата и заедничкиот живот“, рече Јаневска, додавајќи дека клучна е интернационализацијата на високото образование.Болоњскиот процес ги отвори универзитетите за меѓународна соработка, а мобилноста носи нови знаења, искуства и иновации преку заеднички проекти и партнерства, како и пристап до технологии и финансирање. Интернационализацијата денес е неопходен механизам што им овозможува на студентите да стекнат дигитални и зелени вештини, ја придвижува државата кон иновации и отвора нови работни места, а регионот го прави поконкурентен на европскиот и глобалниот пазар.Говорејќи за предизвиците, министерката Јаневска ги наведе ограничените средства за мобилност, бирократски процедури, институционалниот капацитет, како и усогласеноста со европските стандарди.„Како држава, во последнава година и половина, направивме крупен исчекор. Ги зголемивме вложувањата во високото образование и науката, а цврсто сме решени буџетските средства за оваа намена и во следните години да растат“, рече Jаневска.„Одливот на мозоци“ сѐ уште предизвикува стравувања.„Најголема бариера останува можноста мобилноста да ни одземе од, и онака осиромашениот, академски и научен корпус и дека највредните студенти, најплодните професори и најпосветените истражувачи ќе заминат и нема да се вратат. Нашата умешност треба да ја покажеме во обезбедувањето механизми за претворање на ‘одливот на мозоци’ во ‘циркулација на мозоци’“, рече министерката.Интернационализацијата на високото образование мора да остане достапна за сите, насочена кон квалитет и размена на знаење, а не водена од финансиски интереси. Таа е средство за подобрување на високото образование и за инклузивна меѓународна соработка во регионот на Западен Балкан, што овозможува циркулација на таленти, гради конкурентност и ја зголемува иновативноста.

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања