Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

5 ден.
media-librarym3s0ituuib4s3eKHPId

СДСМ Битола до РЕК Битола: Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?

Во текот на вчерашниот ден објавивме дека во рудникот во РЕК Битола се случило масовно труење на вработени, предизвикано од дневниот оброк, велат од СДСМ Битола.„Наместо извинување и преземање одговорност, од РЕК Битола излегоа со соопштение дека станува збор за изолирани 5–6 случаи – тврдење кое е далеку од вистината.Денес излегуваме со нови информации и поставуваме конкретни прашања до раководството:Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?Дали кујната во РЕК Битола од вчера е затворена?Ако навистина немало труење, зошто тогаш кујната е затворена?Дали вработените денес ќе останат без оброк?И дали во иднина ќе треба сами да си носат храна од дома?Овие одговори им ги должите на вработените во рудникот и на нивните семејства. Тишината не е решение. Одговорноста е“, велат од СДСМ Битола.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
rek-bitola-1

Ако се потврди труење во РЕК Битола синдикатот ќе бара одговорност

81 вработен во РЕК Битола вчера побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура. Според пријавите на пациентите, причината за здравствените проблеми е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола.Од Независниот синдикат на АД ЕСМ велат дека ја следат состојбата, а доколку се потврди дека причина за труењето е храната или хигиената во кујната, ќе реагираат и ќе бараат одговорност.„Независниот Синдикат на АД ЕСМ, ја следи состојбата на работниците во РЕК - Битола, кои се пожалија на болки во стомакот, за што побараја лекарска помош во Битолската болница.Исто така јас како претседател на истиот, сакам да замолам за воздржаност околу коментарите за причината за настанувањето на овој проблем.Сакам јасно да го потенцирам следното :Ние како Независен Синдикат при АД ЕСМ, ќе почекаме Институциите да си ги завршат своите испитувања, и доколку навистина се потврди дека ова е настанато поради храната или хигиената во кујната за исхрана, жестоко ќе реагираме и ќе бараме одговорност, бидејќи никој неможе да си поигрува или да се однесува неодговорно, при тоа да го става во опасност здравјето и животот на вработените“, велат од Независниот синдикат при АД ЕСМ.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Најголема пречка е ризикот од заминување на најталентираните студенти и истражувачи

Денес и утре во Скопје се одржува регионална конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, чиј покровител е Министерството за образование и наука на Македонија, а коорганизатори се Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка. Дијалогот обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и студенти.Нагласувајќи го значењето на конференцијата, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска посочи дека во услови на крупни геополитички промени, расте свеста за образованието како најсигурната инвестиција, од која зависи иднината на економиите, нивната одржливост и отпорност.„Без силен придонес од високообразовната заедница преку истражувања, учење и настава, општествено влијание, иновации и трансфер на технологии, не можат да се решат главните предизвици на современите општества, вклучително и оние кои се однесуваат на целите на Обединетите нации за одржлив развој, опстанокот на нашата планета, прашањата за војната и мирот, демократијата и заедничкиот живот“, рече Јаневска, додавајќи дека клучна е интернационализацијата на високото образование.Болоњскиот процес ги отвори универзитетите за меѓународна соработка, а мобилноста носи нови знаења, искуства и иновации преку заеднички проекти и партнерства, како и пристап до технологии и финансирање. Интернационализацијата денес е неопходен механизам што им овозможува на студентите да стекнат дигитални и зелени вештини, ја придвижува државата кон иновации и отвора нови работни места, а регионот го прави поконкурентен на европскиот и глобалниот пазар.Говорејќи за предизвиците, министерката Јаневска ги наведе ограничените средства за мобилност, бирократски процедури, институционалниот капацитет, како и усогласеноста со европските стандарди.„Како држава, во последнава година и половина, направивме крупен исчекор. Ги зголемивме вложувањата во високото образование и науката, а цврсто сме решени буџетските средства за оваа намена и во следните години да растат“, рече Jаневска.„Одливот на мозоци“ сѐ уште предизвикува стравувања.„Најголема бариера останува можноста мобилноста да ни одземе од, и онака осиромашениот, академски и научен корпус и дека највредните студенти, најплодните професори и најпосветените истражувачи ќе заминат и нема да се вратат. Нашата умешност треба да ја покажеме во обезбедувањето механизми за претворање на ‘одливот на мозоци’ во ‘циркулација на мозоци’“, рече министерката.Интернационализацијата на високото образование мора да остане достапна за сите, насочена кон квалитет и размена на знаење, а не водена од финансиски интереси. Таа е средство за подобрување на високото образование и за инклузивна меѓународна соработка во регионот на Западен Балкан, што овозможува циркулација на таленти, гради конкурентност и ја зголемува иновативноста.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Десетици грчки бродови заглавени во Персискиот залив

Триесет и три бродови под грчко знаме, како и неколку бродови од грчки интерес кои пловат под странски знамиња, беа во средата наутро во пошироката морска област која ги вклучува Персискиот залив, Арапското море, Црвеното море и Заливот Оман, пишува Екатимерини.Ова се морски зони кои, како целина, сега се сметаат за војна зона.Персискиот залив искусува пренатрупаност со бродови, со вкупно 1.100 бродови што пловат во областа, според Стивен Гордон од Clarksons Research, вклучувајќи 134 бродови во грчка сопственост.Исто така, кружат интензивни гласини дека Техеран вовел „такса“ од 2 милиони долари за секој танкер кој сака да мине низ Ормускиот теснец.Вкупно, флотата во грчка сопственост моментално брои 5.691 брод.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
denari

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.„По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, посочи гувернерот.Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19%, обезбедувајќи значителен заштитен слој во услови на неизвесност.Осврнувајќи се на инфлацијата, гувернерот истакна дека тековните случувања во светот носат одредени ризици, пред сè преку цените на енергентите и нарушувањата во светските синџири на снабдување. Сепак, Народната банка внимателно ги следи состојбите и е подготвена да реагира со сите расположливи инструменти.Како дополнителен столб на стабилноста беа посочени девизните резерви, коишто на крајот на февруари изнесуваа над 5,5 милијарди евра, што е значително повисоко ниво од 70% во однос на периодот пред пандемијата, обезбедувајќи сигурна поддршка за стабилноста на девизниот курс.Во однос на изборот на вицегувернери, гувернерот истакна дека постапката се одвива согласно законските процедури. Предложени се двајца високо искусни професионалци од Народната банка – госпоѓата Ана Митреска, досегашен вицегувернер со искуство во монетарна политика и истражување, и господинот Игор Величковски, експерт за платни системи и интеграција во регионални и европски платежни структури. Овие предлози обезбедуваат континуитет во работењето и дополнителна стабилност на институцијата.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryssc37mvf5b4a2mnJGBf

Ајкулите на Бахамите позитивни на кокаин, кофеин и лекови против болки

Ајкулите во водите на Бахамите прв пат биле тестирани позитивно на кокаин, кофеин и лекови против болки, покажува новото истражување.Нови податоци укажуваат дека проблемот повеќе не е ограничен само на пластика и хемикалии, туку вклучува траги на лекови и дрога кои завршуваат во подводниот екосистем.Студијата, која ја спровел Универзитетот во Парана, а чиј резултат е објавен во списанието Environmental Pollution, ја анализира морската флора и фауна во овој регион.Истражувачите утврдиле дека отпадот поврзан со „туризам и нуркање“ доведува до тоа ајкулите да внесуваат супстанци кои завршиле во океанот.Во овој контекст, лековите и дрогата се сметаат за таканаречени CEC супстанции (Contaminants of Emerging Concern), односно загадувачи кои претставуваат нов вид закана поради потенцијалниот ефект врз живиот свет.Водителот на истражувањето, Наташа Восник, наведува дека резултатите се добиени со анализа на примероци крв од 85 ајкули во близина на островот Елјутера, при што кај третина биле пронајдени траги на фармацевтски супстанции.Студијата, за која авторите тврдат дека е прва ваква од ваков тип, предупредува дека разбирањето на влијанието на хемикалиите врз ајкулите е од клучно значење, како од биолошки, така и од економски причини.Како што наведуваат, разбирањето на начинот на кој загадувачите влијаат врз физиологијата на ајкулите и долгорочното здравје на нивните популации станува од пресудно значење – не само заради зачувување на клучните компоненти на крајбрежните екосистеми, туку и поради зачувување на социјалните и економските придобивки што тие ги носат.

Магазин | пред 5 дена

5 ден.
media-library3n51p4qog2dobF2w4CD

Раст на доктори на науки во 2025 година: 245 лица стекнале највисок академски степен

Во 2025 година во Македонија, звањето доктор на науки го стекнале 245 лица, што претставува раст од 14% во споредба со претходната година.Најмногу докторирања биле регистрирани во областите здравство и социјална заштита (25,3%), следуваат бизнис, администрација и право (14,7%), инженерство, производство и градежништво (12,7%) и уметност и хуманистички науки (12,2%). Во 2025 година, 147 жени или 60% од сите доктори на науки, одбраниле дисертација.Во истата година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.855 лица, од кои 1.558 се магистри, а 297 специјалисти.Бројот на магистри и специјалисти бележи благо зголемување од 0,5% во споредба со 2024 година. Жените учествуваат со 61,2% од вкупниот број магистрирани лица. Најголем број магистерски трудови се од областа на бизнис, администрација и право (31,9%), следуваат инженерството, производството и градежништвото (16,4%) и општествените науки (15,3%).

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонецот Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти полицијата во Лесковац.Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежниот обвинител со кривична пријава.Возачот е обвинет за сторени кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на повредено лице во сообраќајна несреќа.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library4kdob50t0jel0kLhxOm

(Видео) Силен земјотрес на Света Гора: Моментот на потресот и силниот татнеж фатен на камера

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран на Света Гора вчераСпоред грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри.Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.Земјотресот бил почувствствуван и во Софија и во делови од Македонија.Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба на Великиот канон, а и светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор.Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера во катизмата на Свети Трифон, која се наоѓа на 400 метри од заземениот манастир Есфигмен.„Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност“, изјавиле монасите за Вориа.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library4l1e2krd3031aTciSDU

Нов циркус во Реал: Повторно на играч му прегледале погрешна нога?!

Се уште не се смири бурата околу повредата на Мбапе и неговото погрешно лекување, а сега изби нов скандал во Реал.Имено, неодамна се појави информација пласирана од француското РМС дека лекарите на мадридскиот клуб го прегледале погрешното колено на Мбапе, поради што тој не започнал веднаш со вистинска терапија и лекување.И додека тој го демантираше тоа, сега Л’Екип објави дека истото се случило и со Камавинга.Камавинга бил прегледан и скениран со магнетна резонанца на глуждот на погрешната нога. Тоа се случило по натпреварот во Билбао, на 3 декември.Неколку дена подоцна се нашол на клупата против Селта, а потоа се утврдило што направиле и Камавинга морал да паузира две недели.

Спорт | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryh1md66k7895e6BBFKvy

Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност и навремена реакција во услови на криза

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10%.„Нашата Влада и нашата држава овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаме начин и се однесуваме соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност за реакција. Донесовме мерки во коишто директно граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките со конкретните мерки и со конкретната предвидливост којашто ја направивме, најпрво во прва мера во којашто се свика Советот на безбедност од аспект на безбедносната, состојба во којашто утврдивме дека се наоѓаме на стабилно ниво, а потоа и кога се работи од економски аспект го намаливме ДДВ-то на горивата од 18 на 10%, со што директно всушност се влијае на добробитот на граѓаните во ефект на држењето на ценовната стабилност на горивата“, рече Бојковска.Бојковска исто така посочи дека СДС создава ситуација на расфрлање пердуви кога нешто нудат, а по неколку дена од истото се одрекуваат и истакна дека во 2022 година инфлацијата била енормно висока, со што ДДВ-то на 2.000 прехранбени производи било покачено од 5 на 10%.„Мене една работа ми е чудна и нејасна,  можеби и на самите граѓани а тоа е она состојба во којашто многу често веќе СДС  ја презентира и ја истакнува пред македонската јавност, а тоа е кога нешто нуди и после неколку дена од истото се одрекува или создава една ситуација на расфрлање на пердуви. Непосредно пред да се донесе самата мерка за намалување на ДДВ-то на горивата, неколку дена претходно лидерот на СДС излезе на прес-конференција бараше намалување на ДДВ-то на горивата, излеговме еве со меркава за намалување, истото беше и со ситуацијата за мигрантите, истото беше и со предложување на Резолуцијата за црвените линии па не ја видовме“, рече Бојковска и додаде:„Во 2022 година беше инфлацијата двоцифрена и се донесе тогаш намалување на ДДВ-то, а потоа истите тие го покачија на 2.000 прехранбени производи од 5 на 10%. Ние сме пример за регионот по тоа што имаме најниско и најстабилно ниво на цената на нафтата“.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryra540ugtli8701x0s5O

СКРМ алармира за притисок врз вработените во Театар Гостивар: Се заплашуваат дека театарот може да биде затворен поради судските трошоци

Синдикатот на културата преку објава на социјалните мрежи алармира дека вработените во Театар Гостивар се соочуваат со сериозен притисок и страв по донесувањето на осум правосилни судски пресуди, кои ги засегаат нивните финансиски права. Според СКРМ, лицата што вршат притисок се одговорни за последиците, а непочитувањето на судските одлуки може да претставува кривично дело.„Денес, СКРМ дојде до сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар по донесените осум правосилни судски пресуди.Вработените во институцијата се изложени на силни притисоци и им се наметнува чувство на вина, како тие да се одговорни за финансиските обврски што произлегуваат од судските постапки. Дополнително, се заплашуваат дека поради нив, театарот може да биде затворен, а тие да останат без работа.Воедно, на вработените не им се доставува програмата за работа, со образложение дека средствата од програмата ќе се пренаменат за покривање на судските трошоци.СКРМ веќе цела година јавно укажува на последиците кои ќе настанат доколку министерот за култура не ја признае грешката во пресметката на платите во културата.Сите последици што произлегуваат од оваа состојба се директен резултат на таквите незаконски насоки и неодговорниот однос.Вработените во културата не прават ништо повеќе од тоа што го користат своето Уставно загарантирано право – преку судски постапки да го остварат она што им следува, а им било ускратено со незаконски акти и упатства донесени од надлежните.Одговорноста за последиците мора да ја сноси оној што ги донел тие одлуки.Доколку продолжи притисокот врз вработените, СКРМ ќе ги преземе сите законски мерки за нивна заштита. Лицето кое врши притисок ќе биде јавно посочено, а против него ќе бидат покренати соодветни постапки.На крај, упатуваме јасна порака до в.д. директорот на Театар Гостивар:Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат и спроведуваат.Платите на вработените треба да се пресметуваат согласно законите и колективните договори, во целост како што е утврдено во судските одлуки.Непочитувањето на судска пресуда претставува кривично дело“, велат од СКРМ.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-1290PM

Жена сведочи за здравствена голгота: Мајка со мозочен удар враќана од оддел на оддел, три дена агонија по клиниките

Лидија Спиреска јавно сведочи за, како што вели, три дена институционален хаос и голгота низ здравствениот систем, низ кои поминала нејзината 75-годишна мајка, која на крајот била дијагностицирана со мозочен инфаркт.Според нејзиното сведоштво, сè започнало на 17 март годинава, кога нејзината мајка, добила покачен крвен притисок. Таа, заедно со ќерките, се упатила кај матичен лекар, каде што, како што наведува Спиреска, била примена од заменски доктор кој ѝ дал дијазепам.„Вторник 17.03.2026 навидум обичен ден скоро па како и сите останати денови..сосема несвесна дека ми претстои таква ГОЛГОТА!Подготвувајќи се за секојдневните обврски, кога мојата мајка, која со години се бори со хипертензија, повторно доби висок притисок. Сосема свесна, на нозе, заедно со сестра ми замина кај матичен лекар – да добие терапија и совет.Но наместо соодветна помош, беше примена од заменски лекар, кој единствено што направил дал дијазепам ампула од 10 mg.Во меѓувреме пристигна нејзината матична докторка, побаравме упат бидејќи состојбата не беше добра – започнаа да ѝ трнат раката и ногата. Добивме упат за кардиологија.На кардиологија – ЕКГ, нова терапија за притисок и заклучок: „сè е во ред“. Потоа нè препратија на неврологија.На неврологија – краток преглед и реченица која ќе ја паметам цел живот:„Вие госпоѓо не сте за овде. Одете си дома и примајте терапија.“ Со документација, со симптоми, со јасни знаци – нè вратија дома.Следниот ден – состојбата се влошува. Одиме на Ургентен центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Мојата мајка веќе не можеше да оди. Ни дадоа количка – да ја туркаме сами од оддел до оддел.Кардиологија повторно – „не е за кај нас“.Одете на Ендокринологија..Ветер дува носи ние женава ја шетаме од еден оддел до друг небаре екскурзија тераме!Ендокринологија – луѓето се чудат зошто сме таму.Очигледно не сме за таму,од незнаење каде следно да не испратат и земаат крв за испитување на хормоните на жена од 75 години божем ќе раѓа..и не препраќаат на Ревматологија!Ревматологија – исто.Докторката во ШОК! Ама кој ве испратил овде вели и зошто?? Под итно на Неврологија!!!Повторно неврологија – „немате упат, не сте за тука“.Буквално бевме истерани.Во меѓувреме, ние гледаме како жената ја губи левата страна од телото – рака, нога, стабилност… живот. Наместо помош – добивавме одбивање.На крај, пред сите пациенти, доктор ѝ поставува дијагноза – дијабетична невропатија. И така – ја враќаме дома.Истата вечер – состојбата драматично се влошува. Почнува да паѓа на лево, едвај ја внесуваме во автомобил и ја носиме во болницата „8 Септември“.Таму – 3 часа чекање за доктор.Кога конечно се смилува и дојде докторка ја однесоа на снимање на глава.Но снимањето доцнеше 30 минути, затоа што персоналот бараше мачка низ одделот и низ ходниците снимателот имал уплав од мачки.Во тие моменти, мојата мајка веќе беше во безсознание.Дијагнозата конечно беше поставена – МОЗОЧЕН ИНФАРКТ(УДАР).И тогаш – најстрашното.Ни беше кажано:Има едно слободно место, но пациентите се со тешки, резистентни инфекции.И буквално добивме „избор“:или да ја оставиме таму – да почине,или да си ја однесеме дома – да почине.После три дена агонија, борба и институционален хаос – немавме избор.Повикавме Брза помош и ја транспортиравме во приватната болница „Аџибадем Систина“.Денес, благодарение на нивната грижа, професионалност и навремена реакција –мојата мајка е жива. Стабилизирана. И се бори.Но ова што го поминавме… Ова не е само лична приказна. Ова е пораз на системот. Ова е срам за здравството. Ова е реалност во која човечки живот зависи од случајност.За сето ова што го изнесувам, поседуваме целосна медицинска документација – упати, извештаи и докази од сите институции низ кои поминавме.Документацијата веќе е доставена до адвокати, и овој случај ќе биде покренат пред сите надлежни институции – полиција, Обвинителство и сите релевантни органи.Ова нема да остане вака. Ќе се зборува со име и презиме. И ќе се бара одговорност – без разлика на сè. Ќе ги известам и сите медиуми, за вистината да излезе на виделина и никогаш повеќе никој да не помине низ ова што ние го поминавме“, стои во објавата.

Коментари | пред 5 дена

5 ден.
Inverter-klima-ured-696x522-1

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати, велат од Министерство за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен.Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална работа, заклучно со 25 март 2026 година до 18:00 часот, вкупно се подигнати 2.084 ваучери, при што дневната динамика покажува континуиран интерес и зголемена активност кај граѓаните во сите општини низ државата. Овие податоци потврдуваат дека процесот се реализира ефикасно, без застои и во согласност со предвидената динамика.Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството:https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisociГраѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката.По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.Министерството продолжува со интензивна реализација на мерките за поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Филипче: Членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, укажа на економската и стратешката корист од членството во Европската Унија, потенцирајќи дека членството во ЕУ носи пристап до европски фондови и до 40 милијарди евра.„Во кој сектор, во која сфера има прогрес кај нас? Има ли раст на платите, се гради ли инфраструктура, зајакнува ли правосудството, образованието, здравството, социјалниот систем? Земјите што се членки, како Шпанија и Романија, се трансформирале со европските фондови. Романија, од почетокот на преговорите, добила неповратни грантови од 100 милиони евра, а ние можеме да добиеме и до 40 милијарди евра со членството,“ рече Филипче на гостувањето во емисијата „Топ тема“  на Телма.Тој посочи дека од 2013 до 2024 година, помошта за западниот Балкан била приближно 6 милијарди евра, додека Бугарија и Хрватска обезбедиле по 40 милијарди неповратни средства за инфраструктурни и реформски проекти.„Тоа е бенефитот. Кај сакаат нашите луѓе да живеат , сигурно не сакаат да живеат во земја којашто е на периферија на Европа слепо црево на Балканот под влијание на Унгарија и на Србија. Не сакаат луѓето  и треба на престане, премиерот и власта да ја замајуваат јавноста со овие чекори коишто се на маса загрозен е националниот идентитет. Тоа не е вистина. Ние може да стравуваме дека со таков ризик ќе се соочиме во иднина од страна на Бугарија, ама ако седиме сите на маса. ако ги правиме реформите како што треба тогаш никој никогаш нема да може да не запре за ништо, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

(Видео) Трамп: Иран ми понуди да бидам врховен лидер, но одбив

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран силно сака да постигне договор со САД, но дека тоа не може јавно да го признае поради страв од реакцијата на сопствениот режим и од американската страна.Говорејќи за состојбите на Блискиот Исток, Трамп рече дека Техеран преговара и „многу сака договор“, но се плаши тоа да го каже јавно.„Преговараат и многу сакаат да постигнат договор, но се плашат да го кажат тоа бидејќи мислат дека ќе ги убијат нивните луѓе. Се плашат и дека ние ќе ги убиеме“, изјави Трамп.Тој додаде дека никогаш не видел лидер на некоја држава кој толку малку сака да ја извршува функцијата како актуелниот ирански лидер.„Никогаш не постоел лидер кој помалку ја сака таа работа од оној што го води Иран. Не го сакам тоа. Слушаме што зборуваат многу јасно. Велат: „Не го сакам тоа. Би сакале вие да бидете следниот врховен лидер.“ Не, благодарам, не го сакам тоа“, рече Трамп.Неговите изјави доаѓаат во време на продолжени тензии и војна во регионот, како и зголемени шпекулации за можен договор меѓу Вашингтон и Техеран.Иранската страна во последните денови јавно ги отфрла тврдењата дека води преговори со САД, додека Трамп тврди дека има напредок и дека договор е возможен.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Израел соопшти: Убиен човекот одговорен за блокадата на Ормускиот теснец

Неименуван израелски службеник изјави за Times of Israel дека во напад во иранскиот град Бандар Абас е убиен командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.Според ова тврдење, Тангсири бил одговорен за затворањето на Ормускиот теснец, еден од клучните светски коридори за транспорт на нафта.До сега нема официјална потврда од Иран ниту коментар од израелската војска за наводниот напад.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryab201v25qu9931sp6Jm

(Видео) Пукање во средно училиште во Русија: Ученик ранил соученик, па скокнал низ прозорец

Во средното училиште во Чељабинск ученик од деветто одделение ранил соученик од одделението, користејќи пластичен самострел и сигнален пиштол, соопшти прес-службата на регионалната влада.Напаѓачот пукал со сигнален пиштол, а потоа се обидел да избега низ прозорец и самиот се повредил, пренесува РИА Новости.Двата ученика се хоспитализирани, но нивниот живот и здравје не се загрозени.Наставата во училиштето е привремено прекината, а обвинителството ќе изврши инспекција на безбедносните мерки и контрола на пристапот во образовната институција.Покренати се кривични постапки за обид за убиство.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Нетанјаху нареди интензивирање на воздушните напади врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја интензивира воздушната кампања против Иран во следните 48 часа со цел да уништи што е можно поголем дел од иранската воена индустрија, а сето тоа од страв дека Вашингтон би можел да иницира процес на прекин на огнот.Директивата дојде откако владата на Нетанјаху доби копија од американскиот нацрт-план од 15 точки за завршување на војната, заклучувајќи дека со планот не се решаваат соодветно прашањата за нуклеарната програма и балистичките ракети на Иран. Израелските власти наводно стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го објави почетокот на мировните преговори во секое време, пренесува Анадолу.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во меѓувреме повика на претпазливост во врска со наводниот план.Таа рече дека го видела планот кој се цитира во медиумите, но дека Белата куќа никогаш не го потврдила.„Има елемент на вистина во тоа, но некои од приказните што ги прочитав не беа целосно фактички точни“, додаде таа.Нетанјаху ја издаде наредбата во вторник за време на состанокот во воениот штаб откако високи команданти го информираа за преостанатите достапни цели. Брзањето, според петмина израелски претставници за национална безбедност, одразува клучно ограничување со кое се соочува Израел во конфликтот.Одлуката за завршување на војната е целосно во рацете на претседателот Трамп, оставајќи му на Нетанјаху малку простор да влијае на исходот. Сепак, меѓу израелските претставници не постои консензус. Додека некои бараат барем уште една недела за да се нападнат поширок список на цели во Иран, други повикуваат на брз крај на конфликтот.Тројцата функционери рекоа дека најзначајните воени успеси се постигнати во првата недела од војната и изразија загриженост за меѓународното јавно мислење, финансиските трошоци од војната и растечкиот психолошки и физички данок врз израелското население.САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, а во конфликтот загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Иран возврати со напади низ целиот регион, нарушувајќи ги глобалните испораки на нафта и воздушниот сообраќај.  На почетокот од оваа седмица, Трамп ги откажа нападите врз иранската енергетска инфраструктура, а индиректните контакти меѓу САД и Иран преку посредници наводно продолжуваат.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Пакистан ги предупреди САД: „Ако ги убиете, нема со кого да преговарате“

Пакистан ги предупреди САД дека убиството на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибафи ќе го остави Техеран без претставници во преговорите, изјави пакистански функционер за Ројтерс.Израел потоа се откажа од плановите за нивно елиминирање, објасни официјалниот извор.„Им рековме на САД дека ако и нив ги елиминираат, нема да има со кого да разговараат. Затоа САД ги замолија Израелците да се откажат“, изјави функционерот.Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека САД преговараат за прекин на огнот со Иран, тврдење што Техеран го негира, а двете страни наводно објавиле одделни предлози за прекин на огнот.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library33nv7dukfiudb7DxFR1

(Видео) „Ме земавте од аеродром и одевме некаде до наутро, беше многу забавно“, Каролина се присети на заедничките моменти со Фламингоси

Најновата епизода на Амиџи шоу беше посветена на прерано починатиот Маринко Маџгаљ, кој заедно со водителот Огњен Амиџиќ беше дел од популарното дуо „Фламингоси“. Во емисијата гостуваше и нашата Каролина Гочева, која заедно со Фламингоси ја испеа песната „Ти и ја“.На прашањето по што ја памети соработката и дружбата со Маринко Маџгаљ, Каролина одговори дека сите сеќавања со него се поврзани и со Огњен, бидејќи секогаш биле заедно.„Сите мои сеќавања за него се поврзани и со тебе, затоа што вие двајца секогаш бевте заедно. И секогаш беше некоја забава. Паметам дека ме земавте од аеродром и одевме некаде до наутро. Секогаш беше забавно, многу се глупиравме. Навистина многу се глупиравме“, рече Каролина, а по ова Амиџиќ одговори:„Јас мислев дека Каролина кога дојде беше некако сериозна, ама таа беше во фаза ‘Ајде, весело, одиме, браво, Каролина!’,“ рече водителот.„Како што велиш, јас бев сериозна, ама вие двајца го извлекувавте најлошото од мене. Баш се забавувавме. Се сеќавам, вие доаѓавте и во Скопје. Знам дека јас ве возев, тогаш бев тазе шофер и ве возев низ град. Ми бевте гости на концерт“, се присети пејачката.Амиџиќ потоа рече дека таа ги воодушевила.„Таква енергија, такво ‘зезање’, си велевме ‘браво, Каролина!’. Навистина многу се дружевме и подоцна, кога и да одевме таму. И навистина, таа е еден од најдобрите вокали што искрено сме ги слушнале и сме имале можност да соработуваме. Навистина, тоа си ти“, рече Огњен Амиџиќ.

Магазин | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со Башановиќ, за кого работи СДС и какви агенди спроведува?  

Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со пријателот на Зоран Заев, Башановиќ под целосна насока на Зоран Заев. Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционира во СДС, како што во минатото го постави Димитар  Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче.Башановиќ е човек со контроверзно минато, поврзан со сомнителни зделки во енергетиката и директно или индиректно вмешан во промената на името на државата Македонија.Сега Башановиќ го советува СДС и Филипче за секој јавен настап.Односот на СДС и Филипче кон јавноста, преку соопштенија и прес-конференции, е директно под диктатот на Башановиќ и Шчекиќ, луѓе ангажирани од Заев да ја водат партијата.СДС е партија во ерозија, Филипче е лидер без кредибилитет, под диктат на Заев додека довербата кај граѓаните секој дeн им се намалува.СДС не работи за граѓаните и членството, интересите на Заев и контроверзните Башановиќ и Шчекиќ диктираат сè“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryq8ebs8fd91rv5HIIJlh

(Видео) Десет години од смртта на Маринко Маџгалј: објавена песна во негова чест

Денес се навршуваат десет години од смртта на познатиот актер и пејач Маринко Маџгалј. По тој повод, неговиот пријател и колега Огњен Амиџиќ објави нова песна на групата „Фламингоси“ под назив „Због нје“, во која, благодарение на современата технологија, се слуша и гласот на покојниот Маџгалј.Музиката и текстот ги потпишува Амиџиќ, додека аранжманот го направи Марко Кон. „За нашиот Маринко“, напиша АмиџиќПокрај песната, Амиџиќ последната емисија „Амиџи шоу“ ја посвети на Маџгалј, истакнувајќи дека сè уште не се помирува со неговото заминување.„Утре се навршуваат десет години од денот кога нè напушти Маринко Маџгалј. Тој нè напушти во овој земен облик, а пред десет години излезе и последната песна на „Фламингоси“. Оваа вечерна емисија е мојата желба да му се посвети на Маринко“, рече Амиџиќ.Во текот на кариерата, групата „Фламингоси“ оствари бројни хитови, меѓу кои се издвојуваат „Obala“ и „"Ludi letnji ples“, како и дуети со Емина Јаховиќ („La gitana“) и Каролина Гочев („Ти и јас“).Маринко Маџгалј почина во 2016 година по борба со тешка болест, а неговото уметничко наследство и понатаму живее преку музиката и сеќавањата на пријателите и фановите.

Магазин | пред 5 дена

5 ден.
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Со поскапувањата ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата

Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории на граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства.„Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ниска минимална плата, не можеа крај со крај да врзат граѓаните и пред кризата да почне и пред да се зголеми за 34% литар гориво, а не па сега, сега ни 600 евра не се доволно да се надмине кризата. Граѓаните сакаат да видат дека владата води грижа за нив, чекаат мерки, а не измислување на изговори“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека уште кога  СДСМ го даде предлогот за 600 евра минимална плата, јасно кажа од каде треба да се обезбедат средствата, од кои буџетски ставки да се крати.„Кога го дадовме предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, кажавме од каде треба да се земат пари. Точно кажавме од кои ставки треба да се скрати, тоа се две ставки кои што се однесуваат само на луксузирање на оваа влада за да се зголеми платата и ја направивме пресметката. Има две ставки во буџетот од кои што може да се намалат пари за да се зголеми минималната плата“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
SeKXr-

Нападнат турски танкер во Црното Море

Турски танкер натоварен со сурова нафта беше мета на напад со дронови во Црното Море, близу Истанбул, јави телевизијата NTV.Нападот се случил на 15 наутички милји од Босфорскиот теснец. Танкерот „Алтура“ бил целосно натоварен со околу еден милион барели сурова нафта. Иако „Алтура“ е санкционирана од Велика Британија и ЕУ, САД не вовеле санкции.Дошло до експлозија на палубата на танкерот, а машинската просторија била наполнета со вода, според турскиот поморски портал HaberDenizde.На бродот имало 27 членови на екипажот, сите турски државјани, и нивната здравствена состојба е стабилна. Во акцијата учествувал бродот „Нене Хатун“, кој претставува најсовремена единица за итни интервенции во турските води и има можности за спасување, влечење, гасење пожари, борба против загадување, болнички капацитети со 20 кревети, подводни операции до 100 метри и хеликоптерска платформа за евакуација и транспорт.Интервенцијата на оштетениот танкер е во тек.

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања