Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

5 ден.
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Со поскапувањата ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата

Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории на граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства.„Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ниска минимална плата, не можеа крај со крај да врзат граѓаните и пред кризата да почне и пред да се зголеми за 34% литар гориво, а не па сега, сега ни 600 евра не се доволно да се надмине кризата. Граѓаните сакаат да видат дека владата води грижа за нив, чекаат мерки, а не измислување на изговори“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека уште кога  СДСМ го даде предлогот за 600 евра минимална плата, јасно кажа од каде треба да се обезбедат средствата, од кои буџетски ставки да се крати.„Кога го дадовме предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, кажавме од каде треба да се земат пари. Точно кажавме од кои ставки треба да се скрати, тоа се две ставки кои што се однесуваат само на луксузирање на оваа влада за да се зголеми платата и ја направивме пресметката. Има две ставки во буџетот од кои што може да се намалат пари за да се зголеми минималната плата“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
SeKXr-

Нападнат турски танкер во Црното Море

Турски танкер натоварен со сурова нафта беше мета на напад со дронови во Црното Море, близу Истанбул, јави телевизијата NTV.Нападот се случил на 15 наутички милји од Босфорскиот теснец. Танкерот „Алтура“ бил целосно натоварен со околу еден милион барели сурова нафта. Иако „Алтура“ е санкционирана од Велика Британија и ЕУ, САД не вовеле санкции.Дошло до експлозија на палубата на танкерот, а машинската просторија била наполнета со вода, според турскиот поморски портал HaberDenizde.На бродот имало 27 членови на екипажот, сите турски државјани, и нивната здравствена состојба е стабилна. Во акцијата учествувал бродот „Нене Хатун“, кој претставува најсовремена единица за итни интервенции во турските води и има можности за спасување, влечење, гасење пожари, борба против загадување, болнички капацитети со 20 кревети, подводни операции до 100 метри и хеликоптерска платформа за евакуација и транспорт.Интервенцијата на оштетениот танкер е во тек.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Денеска времето во земјата ќе биде променливо облачно и релативно топло, со сончеви периоди, но ќе дува умерен до засилен, а локално и повремено силен ветер од јужен правец со брзини над 60 km/h. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.Максималната температура ќе се движи од 14 до 21 степен, додека во Скопје се очекува до 20 степени.Според утринските мерења, најладно во земјата е на Попова Шапка со -3°C. Најниски температури се забележани и во Берово (-1°C), Битола и Крушево (0°C), додека во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Маврови Анови се измерени 1°C.На Попова Шапка снежната покривка достигнува 53 cm, што е највисоко измерена во земјата.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево и предизвикале проблем кај тамошните власти.Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда кои шетаат слободно во областа на Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
nbrm-narodna-banka

Народна банка: Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)  со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема.Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања за граѓаните и за компаниите.Со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и компаниите, како и зголемена конкуренција и понуда на платежни услуги на домашниот пазар. Ова општо придонесува за намалување на надоместоците и подобрување на транспарентноста при извршувањето на прекуграничните плаќања, особено за компаниите коишто активно тргуваат со земјите од Европската Унија и со другите земји членки на СЕПА.Народната банка, во соработка со банките и со другите учесници на пазарот, и натаму активно ќе работи на унапредување на платежната инфраструктура и на понатамошно усогласување со европските платежни стандарди. Во наредниот период ќе продолжат активностите насочени кон натамошно проширување на учеството на домашните институции во останатите шеми на СЕПА, заради обезбедување сигурни, ефикасни и современи платежни услуги за граѓаните и за компаниите.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Царинарницата во Гевгелија во 2025 година наплатила околу 26,5 милијарди денари (430 милиони евра), при што 24% од вкупните увозни приходи во државата се реализираат преку неа.„Во текот на годината бea спречени повеќе обиди за криумчарење, меѓу кои 188,3 кг марихуана, 28 кг сребрен накит и шипки, над 1.450 штеки цигари во 73 случаи и 100 мигранти во 11 случаи.Вкупно беа изготвени 8.598 записници за нелегални дејствија, врз основа на кои се донесени решенија за дополнителна наплата од околу 2,6 милиони евра“, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarydncfapubutfj8iXSya0

(Видео) Пристигнуваат најочекуваните филмови: Април носи хитови од сите жанрови

Април носи исклучително разновиден филмски репертоар, па публиката во кината ќе може да избира меѓу продолженија на култни хитови, драми, хорори и големи биографски приказни.Меѓу насловите кои веќе привлекоа големо внимание, а чии премиери се очекуваат токму во април, се издвојуваат неколку филмови.Ѓаволот носи Прада 2По речиси две децении, повторно се враќаме во светот на високата мода и немилосрдната медиумска индустрија. Продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ ја следи Миранда Пристли, која се соочува со предизвиците на современото дигитално време и падот на традиционалните магазини, обидувајќи се да го задржи своето влијание и репутација.Во исто време, повторно се вкрстуваат патиштата на старите познаници, што отвора простор за нови конфликти и неочекувани сојузи.Улогите повторно ги толкуваат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи, додека режијата е на Дејвид Франкел.ДрамаОвој филм носи необична комбинација на романса и црн хумор. Приказната се фокусира на млад пар пред венчавка, чиј однос почнува да се распаѓа кога на површина излегуваат тајни кои долго време биле криени. Како што вистината се открива, границата меѓу љубовта и манипулацијата станува сè потенка.Главните улоги ги толкуваат Зендаја и Роберт Патинсон, додека режијата е на Кристофер Боргли.МумијаНовата верзија на познатата приказна за мумијата овојпат носи значително помрачен и пострашен пристап. Наместо авантура, фокусот е ставен на чист хорор — семејство кое ја пронаоѓа исчезнатата ќерка наскоро сфаќа дека со неа се вратило древно зло што им се заканува на сите околу нив.Во филмот играат Џек Рејнор, Лаја Коста и Меј Каламав, а режисер е Ли Кронин, познат по модерните хорор остварувања.МајклЕден од најочекуваните филмови годинава ја носи приказната за животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон. Филмот го следи неговиот подем од детството во групата „Jackson 5“ до светската слава, но и предизвиците и контроверзите што го одбележаа неговиот живот.Главната улога ја толкува Џафар Џексон, додека режијата е на Антоан Фукуа. Филмот ветува поинтимен поглед кон уметникот чиј влијание врз музиката и поп-културата е немерливо.Тоскана, ти и јасЗа љубителите на романтиката пристигнува приказна сместена во прекрасните пејсажи на Италија. Филмот го следи животот на млада жена која заминува во Тоскана за да започне нов живот, но таму ја наоѓа љубовта што ѝ ги менува плановите и ја тера да ги преиспита своите одлуки.Во главните улоги се Хејли Стeинфилд и ѕвездата од „Бриџертон“, Реџе-Жан Пејџ, а филмот нуди спој на романтика, личен развој и медитеранска атмосфера.

Магазин | пред 5 дена

5 ден.
media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи отстранет од листата за ликвидација

САД и Израел привремено ги отстраниле од листата за ликвидации иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф, пренесуваат американски медиуми.Како што наведува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, оваа одлука е донесена во рамки на напорите за покренување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран.Изворите посочуваат дека двајцата ирански функционери биле отстранети од листата на неколку дена, како сигнал дека администрацијата на Доналд Трамп е отворена за дипломатски разговори.Сепак, официјални лица запознаени со ситуацијата оценуваат дека шансите за успех на евентуалните разговори се мали, поради значајните разлики во преговарачките позиции на САД и Иран.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Иран сака да преговара, но се плашат тоа да го кажат, вели Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS).Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа отворено да го признаат.„Тие преговараат и толку многу сакаат да постигнат договор. Но, се плашат тоа да го кажат, бидејќи мислат дека ќе бидат убиени од сопствениот народ“ изјави Трамп пред присутните конгресмени.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library2usa516otu319IXcNE8

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
sneg-2

Снег го затрупа автопатот во Горски котар во Хрватска, испратено предупредување до граѓаните

Хрватска е зафатена од голема промена на времето, при што во Горски котар и дел од северозападниот дел на земјата паѓа снег, додека на крајбрежјето дува силен ветер.Автопатот во Горски котар е затрупан со снег, поради што на терен интервенира зимската служба, а Хрватскиот авто-клуб (ХАК) објави посебни предупредувања за возачите.На граѓаните утринава во шест часот им е испратена порака од Цивилната заштита со повик на претпазливост поради обилните снежни врнежи и линк за следење на состојбата, пренесува порталот Индекс.Зимски услови владеат на дел од патиштата во Горски котар и Лика. На крајбрежјето дува силен ветер, поради што се воведени забрани за одредени категории возила. Целосно е запрен сообраќајот за камиони со приколки и шлепери.Чистењето и посипувањето на коловозите е во тек на повеќе делници, а на некои патишта сообраќајот се одвива забавено поради присуство на возила на зимската служба.Возачите се предупредуваат да возат внимателно, да одржуваат безбедно растојание и да не тргнуваат на пат без зимска опрема.Според прогнозите, денес во Хрватска се очекува нестабилно, ветровито и значително постудено време, особено во внатрешноста. Ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и поројни дождови со грмежи, додека на Јадранот локално се очекуваат обилни врнежи.Во внатрешноста дождот на места ќе преминува во лапавица, а во планинските предели во снег.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин воведе нови забрани: Ограничено изнесување кеш во овие држави

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ со кој од 1 април се забранува физичките лица да изнесуваат готовина во државите членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) во износ поголем од 100.000 долари.„Се воведува забрана за извоз во државите членки на Евроазиската економска унија на готовински пари на Руската Федерација од страна на физички лица во износ што го надминува еквивалентот од 100 илјади американски долари и е пресметан според официјалниот курс на Централната банка“, се наведува во документот објавен на официјалниот портал на правни акти, пренесува РИА Новости.Исклучоци се предвидени кога валутата се пренесува преку воздушни гранични премини на меѓународните аеродроми во Русија што ќе ги одреди Владата, со задолжително поседување заверени банкарски извештаи кои го потврдуваат подигањето на средствата од сметки на физички и правни лица, како и други документи што ќе ги пропишат надлежните органи.Во моментов не постојат ограничувања за извоз на готовина во руска валута за компаниите, но тие мора да пријават износи што го надминуваат еквивалентот од 10.000 долари.Исто така, од 1 мај ќе биде воведена забрана за извоз на златни прачки со тежина поголема од 100 грама, за физички и правни лица и индивидуални претприемачи.Исклучоци се случаите кога златото се извезува во земјите на ЕАЕУ преку воздушни контролни пунктови на руската граница на московските аеродроми Внуково, Домодедово и Шереметјево, како и на аеродромот Кневичи (Владивосток), со дозвола од Федералниот завод за анализа на злато.Претходно беше објавено дека Банката на Русија ги продолжила ограничувањата за подигање готовина во странска валута за уште шест месеци. Новите мерки ќе останат на сила до 9 септември.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

Марта Кос на сослушување пред европратениците по обвинувањата за врски и соработки со УДБА

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, ќе се појави пред европратениците на крајот на април за да одговори на прашања поврзани со наводите за соработка со поранешните југословенски безбедносни служби, поточно УДБА. Сослушувањето е закажано за 20 април на состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET).Барањето за вонредно сослушување го поднесе Европската народна партија, но наместо посебна сесија, темата ќе биде вклучена на редовниот состанок на комитетот. Планираниот состанок на 16 март беше откажан од Кос поради зафатен распоред, а одлуката се совпадна со појавата на нови информации за нејзината биографија. Новиот бран обвинувања беше предизвикан од презентацијата на книгата во Европскиот парламент на 10 март, насловена „Комесарот“, напишана од словенечкиот автор Игор Омерза.Таа содржи документи за кои авторот тврди дека ги докажуваат врските на Кос со југословенската тајна полиција. Таа продолжува да ги негира овие наводи. „Европскиот парламент го одобри нејзиното назначување на ист начин како и сите други комесари. Комитетот за правни прашања не идентификуваше никаков судир на интереси. Немаме дополнителни коментари“, рече Гијом Мерсие, портпарол на институцијата, цитиран од РСЕ/РЛ.Управата за државна безбедност е создадена во Југославија во 1946 година, а подоцна е преименувана во Служба за државна безбедност. Организацијата е позната по прогонот на политичките противници и активностите против имигрантските заедници кои се сметаат за закана за државата. Тврдењата против Кос првпат се појавија во 2024 година за време на постапката за одобрување на нејзината кандидатура за европски комесар. Таа постојано ги негираше, а претстојното сослушување ќе биде нејзина прва можност да одговори откако беа објавени новите обвинувања. Темата предизвика интензивен политички интерес во Европскиот парламент и веројатно ќе биде предмет на жива дебата.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени.Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Македонија | пред 5 дена

6 ден.
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Новите ликови во ЦО на СДС очигледно се од некое затурено ливче од патувањата по Белото Море со јахтата на Заев и Филипче

Стари, истрошени и докажани лојалисти на дуото Заев-Филипче се новите членови на ЦО на СДС, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Да им честитаме на новите членови на одборот на СДС, се трудевме навистина но не можевме да забележиме ниту еден нов лик.Очигледно овие ликови се од некое затурено ливче од патувањата по Белото Море со јахтата на Заев и Филипче. Честито СДС, не можевте да го пробиеме дното посилно од ова што го правите сега“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Зоран Трифуновски е нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски вечерва на седница на ЦО е избран за нов организациски секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Тој доаѓа на местото на Мартин Костовски, кој беше кандидат на опозициската партија за градоначалник на Куманово, но не успеа да се пласира во вториот круг на локалните избори.Трифуновски ќе биде втор организациски секретар на СДСМ заедно со Љупчо Фармаковски. На партискиот конгрес за генерaлен секретар е реизбран Саша Димитријевиќ.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarypjgde581o1t96pDR9qg

(Во живо) Жерновски: Бараме ветинг на стекнатиот имот од политичари и судии

Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ и нов меѓународен партиски секретар, е гостин во „Претрес со Ландов”.„Не лажам во политиката, немам потреба. Верувам дека политиката е професија во која треба да се учествува. Сме се изнагледале примери на неказнување, но битката треба да продолжи. Што сѐ не успеале да ми најдат политичките противници, но немало ништо, тука сум”, рече Жерновски.Жерновски кажа дека на седница на ЦО на СДСМ, вечерва се избрани нови луѓе и е направена комбинација меѓу искусни и млади луѓе.„Предлагаме ветинг на сѐ што е стекнато финансиски од политичари и судии години наназад”, рече Жерновски.

Скопје | пред 6 дена

6 ден.
media-librarygri0cbg4njpr6JvYuAw

(🔴Во живо) „Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во новото издание на „Претрес“ гостува Андреј Жерновски, член на Извршниот комитет на СДСМ и политичар кој има поминато низ речиси сите нивоа на власта – од локално до централно. Разговорот започнува од реалноста што ја чувствуваат граѓаните – континуираното поскапување на горивата, храната и основните производи, и одговорот на политиката на тие удари врз стандардот.Жерновски ќе одговара на прашањата за состојбата во СДСМ, позицијата и авторитетот на Венко Филипче, како и за внатрепартиските превирања и односите во опозицијата. Ќе се отвори и прашањето за политичката конзистентност – дали партиите зборуваат едно кога се на власт, а друго кога се во опозиција.Во емисијата ќе се анализира и надворешната политика, односите со регионалните лидери и позиционирањето на Македонија во актуелниот геополитички контекст. Ќе стане збор и за најавите за предвремени избори кои не се реализираа, како и за тоа дали станува збор за погрешни проценки или политички спин.Емисијата „Претрес“ со Андреј Жерновски, следете ја во живо:

Студио | пред 6 дена

6 ден.
media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 48 мерки, две лица се лишени од слобода и одземени се три возила

Според информации од МВР, денеска, на 25.03.2026, во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на градот Тетово, со акцент на општа контрола на возила и возачи во јавниот сообраќај.При контролата изречени се вкупно 49 мерки за различни прекршоци, меѓу кои пет за јавен превоз на патници без лекарско уверение, една за технички неисправно возило, три за измината важност на сообраќајната дозвола, три за управување моторно возило со несоодветна категорија, три за возачи почетници, шест за непоседување на пропишана опрема, десет за претовар и необезбеден товар, четири за користење мобилен телефон за време на возење и четири за други прекршоци.Поднесени се девет барања за поведување прекршочна постапка за правни и одговорни лица. Две лица се лишени од слобода и две возила се времено одземени поради кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик, додека едно возило е одземено поради измината важност на сообраќајната дозвола над шест месеци.Од МВР најавуваат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија

„Што направи Христијан Мицкоски и нашата влада? Не ставија во скут на Орбан, на таа земја , на тие луѓе, директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата Топ Тема на Телма.„Видовме во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сјарто, бил тој којшто ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин“, рече Филипче.Филипче посочи дека се повеќе излегува на виделина дека премиерот Мицкоски е прокси руски играч во регионот и во Македонија.Toj посочи на економските и инфраструктурните последици од ваквите политики.„Која е  причината и зошто тогаш сме задолжени една милијарда евра преку владата на Орбан со самото доаѓање на таа влада? Понатаму, како дадоа приоритет на Коридорот 10 над Коридорот 8, со што земјава изгуби 140 милиони евра грантови од Европската унија. Која е причината за доаѓање на унгарскиот телеком ‘Фор Ај Џи’ тука кај нас, кој го води човек близок до премиерот Орбан? И што е причината приоритетите на министерството за енергетика за инвестиции во енергетскиот сектор наеднаш да ги добијат унгарски компании, повторно ќерки фирми на луѓе од Унгарија блиски до премиерот Орбан? Значи, не станува тука збор за традиционална близина меѓу двете земји.“, појасни претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека целосното блокирање на европскиот пат има сериозни причини:„Како го тогаш објаснуваме целосното блокирање на европскиот пат и зошто тоа се прави? Затоа што јасно, Унгарија ги поткопува сите механизми на делување на стратегиите на Европската унија. Тие сеуште ги блокираат 90 милијарди помош за Украина, што е еден од приоритетите на Европската унија.“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library3ejbir0j0eltdYcu37F

Филипче: Храната поскапува, нов ценовен шок по џебот на граѓаните

Една единствена мерка не е доволна за да има ограничување на растот на цените на горивата и храната,  не поскапе само литар гориво и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.Филипче нагласи дека СДСМ континуирано предупредуваше дека се потребни навремени мерки за да не дојде до сегашното енормно зголемување на цените на горивата и нафтените деривати и на храната, што  е сериозен удар за граѓаните.„Не поскапе само литар гориво безоловен и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти. Видете што се случува во маркетите, основните прехранбени производи, месни, млечни, овошје, зеленчук, зејтин, јајца се е поскапено. Овие мерки кои што ги донесе Владата, односно една единствена мерка практично не е доволна за да има некое ограничување на растот на цените и граѓаните не ја чувствуваат. Дополнително, поскапената храна и да се намали цената горивата веќе нема да се врати назад“, рече Филипче.Тој додаде дека Македонија е единствената земја во регионот во која со владина мерка наместо намалување на цените, има зголемување на цената на горивата.„Изминатите три дена цената на нафтата паѓа, а кај нас се уште е висока. Сметам дека сме единствена земја во регионот која што со некаква мерка што ќе се донесе придонесува и прави цената на литар гориво да порасне. Тоа се случи откако се најави предлог мерката на премиерот со ДДВ-то за неколку денари, скокна цената на дизелот“, рече Филипче.Во интервјуото Филипче посочи дека несоодветни се споредбите што ги прави премиерот Мицкоски со држави како Словенија и Хрватска кои имаат далеку повисок стандард од Македонија.„Сиромаштијата е огромна,  нема никаков раст на платите изминатите две години. Ја слушаме од премиерот реториката, ние имаме најевтина гориво во регионот ги споредуваме цените, ние имаме слично цена нешто поевтино од Словенија од Хрватска, ама таму минималната плата е 1.500 евра, неразумна споредба со земји кои што имаат повеќекратно поголем стандард од македонскиот животен стандард“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

Кузевска, Земон, Чокревски, Стаменковска, нови членови на ЦО на СДСМ

Во тек е седница на ЦО на СДСМ, на која ќе бидат коптирани нови членови на предлог на лидерот Венко Филипче.Според информации на Скопје1, нови членови ќе бидат партиската портпаролка Богданка Кузевска, потоаРубин Земон експратеник и лидер на ПОЕН, Слободан Чокревски ексдиректор на АХВ и Соња Стаменковска градоначалничката на Македонска Каменица.Партиски кругови брифираа дека во ЦО ќе влезе и Иван Анастасовски, универзитетски професор и поранешен пратеник и потпретседател на Собранието од редовите на НСДП која во тој период беше дел од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДПА, но нема потврда за оваа информација.Андреј Жерновски на предлог на Филипче ќе биде избран за меѓународен секретар на СДСМ, а Александар Давчевски за претседател на Градската организација на СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
zimsko-letno-smetanje-na-vremeto-960x639-1

Викендов започнува летното сметање на времето

Викендов започнува летното сметање на времето, што значи дека граѓаните ќе „изгубат“ еден час сон. Во недела, на 29 март, во 02:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред, односно на 03:00 часот.Со оваа промена официјално започнува периодот на подолги денови, при што светлиот дел од денот се продолжува во попладневните и вечерните часови. Летното сметање на времето ќе трае до крајот на октомври, кога часовниците повторно ќе се вратат еден час назад.Иако промената има за цел подобро искористување на дневната светлина и потенцијално намалување на потрошувачката на електрична енергија, кај дел од граѓаните може да предизвика краткотрајни нарушувања на биоритамот, како замор, намалена концентрација и проблеми со спиењето.Експертите препорачуваат постепено прилагодување на дневните навики, особено во однос на времето на легнување и будење, со цел полесно адаптирање на новиот режим.Промената на времето е практика што се применува во повеќе европски земји, иако веќе подолг период се водат дебати за нејзино евентуално укинување. Сепак, до донесување конечна одлука на ниво на Европската Унија, оваа практика останува на сила.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Единствен што коленичеше е Мицкоски кога молеше за власт и лажеше дека ќе го врати името

Единствен што коленичи беше Христијан Мицкоски, кога молеше за власт и ветуваше враќање на името, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.Филипче посочи дека тој е дел од лажна реторика на Мицкоски додека свесно ја изолира државата од Европската Унија.„Целосно сме изолирани, слепо црево. Ќе се сменат приоритетите во Европска Унија веќе нема да биде така широко отворена вратата, какви кој знае услови ќе дојдат доколку Албанија стане земја членка пред нас. И што ќе правиме ние? Што оваа влада ќе прави, кој ќе понесе одговорност?“, рече Филипче.Тој додаде дека ВМРО како влада и после две години покажа дека нема ниту план ниту визија за напредокот на државата и обезбедување подобра иднина за граѓаните. „Политиката се сведува на тоа дека оваа влада нема апсолутно никаков план, ниту  визија, ниту пак нешто прави добро за граѓаните и за државата во изминатите две години. Пола мандат е поминат граѓаните не видоа никаков бенефит нема ниту еден голем значаен проект, освен тие што се завршуваат, почнати во времето на владите на СДСМ“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО

Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта.„Сакам јасно да кажам, нема да дозволам втор ЗНАМ. Јас нема да дозволам повторно отцепување во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме и разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека актуелните иницијативи кои излегуваат во јавноста засега немаат сериозна основа и не нудат конкретни аргументи.„Тие иницијативи засега се кафански муабети, тие иницијативи засега се сведуваат на некакви непотпишани писма до медиумите во коишто никој не кажува кои се проблемите, кои се причините, затоа што мене ме повикуваат да бидам сменет и ме повикуваат на одговорност. Јас сум спремен да дебатирам на секоја тема, меѓутоа оваа партија и во минатото видела поделби. Еве видовме како се отцепи една група и отиде во движење ЗНАМ, којшто најавуваа дека ќе бидат коректор на власта, најавуваа дека некако поинаку ќе се однесуваат од СДСМ и што се случи - едно мало движење, подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. И само неколку луѓе имаат финансиски ќар од таа приказна“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања