Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

6 ден.
media-librarydtrjhlms2ihu2jUtShJ

Филипче: Денеска пред ЦО ја презентирам новата Платформа на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, посочи дека предлог-програмата што ја презентира на вечерашниот Централен одбор на партијата доаѓа ги содржи идните политики и мерки на СДСМ за граѓаните.„Основата за оваа предлог-програма доаѓа од стручните комисии на партијата и процесот на финализација на програмата ќе заврши на 7 јуни со програмски Конгрес, на којшто програмата треба да се усвои. Притоа, пред Конгресот, односно на 6 јуни, ќе се одржи меѓународен состанок со сестринските партии од регионот, на којшто ќе потпишеме заедничка декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими“, рече Филипче.Притоа, Филипче додаде дека Конгресот ќе биде посветен единствено на новата програма бидејќи станува збор за предизвици со коишто се соочуваат сите наши сестрински социјалдемократски партии од регионот.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа не го потврди „планот од 15 точки“ за крај на конфликтот со Иран

Говорничката на Белата куќа, Каролин Ливит, одби да потврди постоење на план од 15 точки за завршување на војната, кој според извештаите го предложил претседателот Доналд Трамп, а кој Иран го одбил.Ливит нагласи дека Белата куќа никогаш официјално не го потврдила таквиот план и ги предупреди новинарите да бидат внимателни при известување за непотврдени и шпекулативни информации. Таа додаде дека постојат „елементи на вистина“ во одредени извештаи, но дека дел од објавените информации „не се целосно точни“.Говорничката одби да изнесува детали од преговорите меѓу САД и Иран, посочувајќи дека разговорите се во тек и дека нема да открива конкретни информации.Претходно, Трамп изјави дека Иран добил рамка за завршување на конфликтот, а некои извештаи тврдат дека првите точки се однесуваат на иранско откажување од нуклеарната програма. Иранските официјални лица го оценија предлогот како „претеран“ и најавија дека нивниот одговор не бил позитивен, иако го разгледуваат понатаму.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
slavjanka-petrovska

Поранешната министерка го искритикува наследникот во Одбрана: Нема нови набавки, нема реформи во Армијата

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска информира дека денеска се промовирани 17 „Страјкери“, лесни оклопни возила кои се дел од договорот за набавка со Соединетите Американски Држави, склучен во 2021 година.Таа посочи дека овој договор е еден од вкупно седумте договори „влада со влада“ реализирани во периодот на владите предводени од СДСМ, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата.Сепак, Петровска изрази загриженост дека во изминатите две години, освен најави за „историски“ набавки и буџет за одбраната, не се забележува конкретен напредок. Според неа, во овој период не е склучен ниту еден нов договор за модернизација на Армијата.Таа оцени дека состојбите во одбранбениот сектор не се во согласност со изјавите на актуелниот министер Владо Мисајловски, наведувајќи дека нема нови набавки, нема зголемување на платите, нема нов колективен договор, ниту пак нови вработувања во критичните специјалности. Дополнително, според Петровска, изостануваат унапредувања по заслуги, реформи во системот за справување со кризи и несреќи, како и поширок напредок во секторот.Во својата реакција, Петровска упати и директна критика кон министерот Мисајловски, обвинувајќи дека избегнува јавен дуел, при што порача дека „на лагата ѝ се кратки нозете“.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library9mv16su5939u2nVu14p

Ова место е прогласено за најубаво во светот – се наоѓа во Европа

Еден помалку познат планински масив на северот на Шпанија е прогласен за најубаво место на планетата од страна на магазинот Time Out, со што ги надмина светски познатите Алпи, Анди и Хималаи.Станува збор за Picos de Europa, односно Врвовите на Европа – планински масив кој е дел од Кантабриското Горје и се протега низ Астурија, Кантабрија, Кастиља и Леон, на само дваесетина километри од морскиот брег на Шпанија.Неговиот највисок врв, Torre de Cerredo, достигнува 2.650 метри надморска височина и сега се најде на врвот на листата на најубави светски локации.„Picos de Europa е вистинско чудо на природата, со пејзаж со исклучителна убавина. Планините стрмно се издигнуваат над морето, па од видиковците не се отвораат само погледи кон длабоки клисури и остри врвови, туку и кон блескави појаси на плажи и разбрануваното Кантабриско Море“, напиша уредникот на Time Out, Ед Канингам.„Во рамките на националниот парк се наоѓаат и бројни други природни и културни знаменитости: впечатливиот врв Naranjo de Bulnes, старите планински села Сотрес и Каин, блескавите леднички езера Ковадонга, како и истоимено светилиште и место за поклонување сместено во карпа над водопадот“, додаде тој.За посетителите, Канингам ја препорачува познатата пешачка патека Ruta del Cares. Оваа патека долга 23 километри минува низ кањон со стрмни карпи и водопади и важи за една од најпознатите планинарски рути во регионот.На листата на десет најубави места според Time Out, по Picos de Europa, следуваат Националниот парк Комодо во Индонезија, библиотеката во Morgan Library and Museum во Њујорк и долината Доуро во Португалија.Листата ја заокружуваат крајбрежјето Биг Сур во САД, езерото Алсвотер во Англија, стариот град на Болоња во Италија, ртот Капо Теста, Викторините водопади и долината Пунакха во Бутан.

Магазин | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во општина Кичево, во преполна сала со земјоделци.На трибината се разговараше за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. Посебен акцент беше ставен на директната комуникација со земјоделците со цел креирање на политики кои ќе одговараат на нивните реални потреби.„Се наоѓаме во еден земјоделски крај каде што во нашиот регистар има евидентирано некаде околу 1.500 земјоделски стопанства. Најголема застапеност е во делот на пчеларството, сточарството и во делот на полјоделските култури“, истакна министерот Трипуновски.„Ние во идниот период продолжуваме со овие активности и во другите делови од нашата држава. Со цел да го опфатиме секој еден наш сограѓанин, секој земјоделец, секоја рурална општина и да разговараме за актуелните теми во делот на земјоделството“, посочи министерот.Тој додаде дека една од главните поенти на ваквите трибини е размена на дискусии со земјоделците, во делот на тоа во каква насока треба да се движат политиките на министерството, на Владата во целина.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Град Скопје со поддршка за онколошките пациенти: Како до еднократна парична помош?

Град Скопје продолжува со конкретни мерки за поддршка на најранливите граѓани, соопшти Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година, ќе се обезбедува еднократна парична помош за онколошки пациенти, како мал, но значаен чекор за олеснување на нивното секојдневие и борба со болеста.Право на помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, вклучувајќи ги општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.За да се оствари правото, потребно е да се достави барање за еднократна финансиска помош, копија од важечка лична карта, документ од надлежен орган што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа), копија од трансакциска сметка, потврда дека лицето е онколошки пациент, а документацијата да не е постара од шест месеци од поставувањето на дијагнозата. Барањето и целокупната документација се поднесуваат преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: „Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.Орце Ѓорѓиевски нагласува: „Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува. Заедно сме посилни.“Оваа мерка е дел од заложбата на Град Скопје за грижа кон граѓаните и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library870n3a760ptb6X5Nyv2

(Видео) Херој со големо срце: Јован ја доби најважната битка

Од Клиниката за детски болести пристигна радосна вест – уште едно дете ја доби својата најважна битка.„Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот суперхерој ЈОВАН храбро ја помина и ја освои тешката битка. На ЈОВАН му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“, соопштија од Клиниката.Победничкото ѕвонче, кое симболично се огласува по успешно завршено лекување, уште еднаш одекна како потврда за храброста на најмладите пациенти и посветеноста на медицинскиот персонал.Малиот Јован, како што велат од Клиниката, ја поминал тешката фаза од лекувањето и сега го очекува нов почеток, исполнет со здравје и безгрижни детски денови.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија ги зголемува туристичките такси во Каталонија: ноќевањето во Барселона ќе чини до 7 евра

Од 1 април 2026 година, Шпанија ќе ги зголеми туристичките такси во Каталонија, што ќе ја зголеми цената на ноќевањето во градови како Барселона, каде основната такса за луксузни хотели ќе изнесува најмногу 7 евра по ноќевање.Според новиот закон објавен во шпанскиот Службен весник, дополнителни локални надоместоци исто така се можни, што значи дека вкупните трошоци за туристите ќе зависат од конкретната дестинација. За хотелите со четири ѕвезди основната такса ќе изнесува 3,40 евра, а за туристички апартмани 4,50 евра по ноќевање. Локалните власти, на пример во Барселона, можат да наплатат и до дополнителни 8 евра по ноќевање.Целта на мерките е намалување на притисокот врз пазарот на домување и промовирање на поодржлив модел на туризам. Дел од собраните средства ќе биде насочен кон станбени политики, додека остатокот ќе се инвестира во развој на туризмот. Патниците кои планираат посета на Барселона и другите делови од Каталонија треба да сметаат на зголемени трошоци за сместување.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Околу 400 лица беа евакуирани по избувнување пожар во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија пожарникарските служби.Пожарот избувнал претпладне во подрумската кујна на хотелот Le Bristol Paris, при што двајца вработени се здобиле со полесни повреди додека се обидувале да го изгаснат.Станува збор за хотел лоциран во близина на Елисејската палата, кој често го користат светски лидери при официјални посети.Полицијата ја затвори улицата Фобур Сен Оноре, додека пожарот беше ставен под контрола, информираа надлежните служби.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Новинарот Адеми ги отфрла критиките: „Не користев агресивен тон“

Новинарот Невриј Адеми, кој предизвика бурни реакции во јавноста откако на министерката за образование Весна Јаневска ѝ се обрати со зборовите „ти кажавме да си земеш преведувач“, реагираше на изјавата на Советот на честа, изразувајќи незадоволство од начинот на кој бил третиран случајот.„Со сета почит кон вашата улога и ангажман во заштита на етичките стандарди во новинарството, сакам да го изразам моето сериозно незадоволство во врска со вашата последна изјава која се однесува на моето однесување за време на прес-конференцијата на министерката за образование и наука“, наведува Адеми.Тој смета дека не му била дадена можност да го изнесе својот став пред да биде донесен јавен заклучок.„Пред сè, сметам дека во овој случај не е земен предвид мојот став, ниту пак ми беше дадена можност да го дадам своето објаснување пред да се донесе ваков јавен заклучок. Ова, според мене, претставува отстапување од принципите на објективност и фер третман, кои треба да важат токму за органите што се грижат за етиката во медиумите“, посочува тој.Адеми ги отфрла обвинувањата дека неговото обраќање било несоодветно или агресивно.„Исто така, категорично ги отфрлам тврдењата дека мојата комуникација била несоодветна или дека сум користел агресивен тон. Моите прашања беа поставени во рамките на новинарската професија, со цел да се добијат одговори од јавен интерес, без никаква намера да се навреди или наруши достоинството на присутните“, вели Адеми.Тој додава дека Здружението на новинари на Македонија е запознаено со неговото познавање на македонскиот јазик, што, како што наведува, може да влијае на изразувањето, но не и на професионалниот пристап.„Сакам да нагласам дека Здружението на новинари на Македонија е добро информирано за моето познавање на македонскиот јазик, што во одредени случаи може да влијае на начинот на изразување, но не и на намерата или професионалниот пристап“, додава тој.Во реакцијата, Адеми истакнува дека останува отворен за дијалог.„Останувам отворен за конструктивен дијалог и подготвен сум да го појаснам мојот став во секој формат што ќе го сметате за соодветен, со цел случајот да се разгледа целосно и објективно“, наведува Адеми.Реакцијата доаѓа по низа осуди од новинарската фела и институции, кои го оценија неговото обраќање како непрофесионално и недолично, со што случајот дополнително ја отвори дебатата за етичките стандарди во новинарството.

Коментари | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryafrcegob4re0e1VQcfj

(Видео) Невреме во Обединетите Арапски Емирати: Град ја покри пустината со бел слој

Силно невреме погоди делови од Обединетите Арапски Емирати, каде дождот и градот ја покрија пустината и градовите со бел слој, а на некои места е забележан мраз висок и до 46 сантиметри.Снимките од погодените подрачја, меѓу кои Фуџаира, Ал Дафра и Рас ал Хајма, прикажуваат необични сцени – пустински предели и улици прекриени со бела покривка од град.Во Фуџаира, градот непрекинато паѓал врз песочниот терен, создавајќи тенок бел слој, додека над регионот се надвиснале темни облаци. Во Ал Дафра, мразот се наталожил покрај песочните дини, создавајќи редок контраст меѓу белото и портокаловото. Најдраматично било во Рас ал Хајма, каде градот формирал покривка висока до 46 сантиметри, а жителите биле забележани како се движат и играат во мразот.Метеоролозите објаснуваат дека ваквите појави не се толку ретки, особено во преодните годишни времиња. Во овој период, студен воздух во повисоките слоеви на атмосферата се судира со топол и влажен воздух при тлото, создавајќи услови за силни грмежливи бури со град.Планинските области како Рас ал Хајма и Фуџаира почесто бележат поинтензивен град поради релјефот, кој го поттикнува подигнувањето на воздухот и развојот на олујни облаци, но и рамните пустински предели може да бидат погодени од вакви временски системи.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иранскиот шеф на дипломатијата го пофали германскиот претседател: „Многумина молчат, но тој ги осуди нападите“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го пофали германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер за неговата отворена осуда на американско-израелските напади врз Иран.Арагчи на социјалната мрежа Икс истакна дека Штајнмајер ги опишал нападите како „агресија и кршење на меѓународното право“, додека, како што наведе, многу светски лидери молчат или остануваат неактивни, пренесе иранската државна телевизија „Прес ТВ“.Германскиот претседател претходно изјави дека војната на САД и Израел против Иран претставува кршење на меѓународното право и изрази сомнеж во тврдењата за „непосредна закана“ што биле користени како оправдување за нападите.Иранскиот министер посочи на, како што рече, двојните стандарди на Западот, додавајќи дека меѓународното право „во пракса е мртво“, но упати пофалба до Штајнмајер за осудата на, како што ги нарече, прекршувањата врз Иран.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Одлука што менува сѐ: Израел воведува смртна казна за Палестинци?

Контроверзен предлог-закон со кој се воведува смртна казна за Палестинци осудени за тероризам пристигна на финално гласање во Кнесетот, откако парламентарниот Одбор за национална безбедност ја одобри мерката, пренесува „Гардијан“.Законот е инициран од крајнодесничарската партија Оцма Јехудит, предводена од министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, и веќе предизвика остри реакции кај критичарите кои предупредуваат на сериозна ескалација на казнената политика на Израел.Пратеници од партијата носеле брошеви во форма на јамка како симболична поддршка за предлогот. Според предложените измени, осудените на смрт би биле сместени во изолирани објекти без право на посети, освен од овластен персонал, додека правната комуникација би се одвивала исклучиво преку видеоврска. Извршувањето на казната би следело во рок од 90 дена од пресудата.Предлогот предвидува судовите да можат да изречат смртна казна и без барање од обвинителството, како и без едногласна одлука – би било доволно обично мнозинство. Воените судови на Западниот Брег исто така би добиле овластување да изрекуваат вакви казни, со можност министерот за одбрана да даде свое мислење.За Палестинците под окупација, законот би ја укинал можноста за жалба или помилување, додека за осудениците во рамки на Израел казната би можела да се преиначи во доживотен затвор. Според извештаите, можно е егзекуциите да се извршуваат со бесење, иако се споменуваат и други методи.Предлогот предизвика сериозни предупредувања од воени и владини претставници, кои сметаат дека може да биде во спротивност со меѓународното право и да ги изложи израелските функционери на правни последици. Министерствата за правда и надворешни работи веќе изразија загриженост во изминатиот период.Критичарите, меѓу кои и пратеникот Гилад Карив, посочуваат дека краткиот рок за извршување на казната без можност за помилување отвора сериозни правни и морални дилеми и може да доведе до постапки пред меѓународни судови. И покрај тоа, предлог-законот продолжува да напредува низ парламентарната процедура.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
amerikanski-vojnici

САД испраќаат копнени сили на Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави потврдија дека ќе испратат копнени сили на Блискиот Исток, откако Иран го одби предлогот за мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Индипендент“.Пентагон соопшти дека во регионот ќе бидат распоредени делови од елитната 82 воздушно-десантна дивизија, како и логистички и поддржувачки единици и 1 борбена бригада.Потврдата доаѓа откако ирански претставници објавија дека го примиле американскиот предлог за ставање крај на војната, но го оцениле како неприфатлив.Еден ирански функционер изјавил за „Ројтерс“ дека првичните впечатоци „не се позитивни“, додавајќи дека почетниот одговор на Техеран бил испратен до Вашингтон преку посредници од Пакистан.Според пакистански извори вклучени во посредувањето, американскиот предлог предвидува олеснување на санкциите кон Иран, цивилна нуклеарна соработка, нови ограничувања на иранската нуклеарна програма, како и повторно отворање на Ормускиот теснец.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Над 80 лица затруени од лазањи во РЕК Битола

81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура.Според специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос, повеќето пациенти имаат лесна клиничка форма и се испратени на домашно лекување, додека едно лице е задржано за понатамошна терапија на Интерно одделение.„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна, лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма. На одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, изјави Сидиропулос.Причината за здравствените проблеми, според пријавите на пациентите, е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола. Надлежните институции започнаа истрага и анализа на инцидентот.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarygit09tmeur0ufG7uK4U

Зграда оштетена во близина на Тел Авив по ирански напад

Зграда во областа Бнеи Брак, источно од Тел Авив, е оштетена откако била погодена од остатоци од проектил по ирански напад врз Израел. Снимките од местото покажуваат сериозни структурни оштетувања и расфрлани остатоци околу точката на удар.Во меѓувреме, продолжуваат воздушните напади, при што САД и Израел од 28 февруари изведуваат удари врз Иран. Според извештаите, во нападите загинале повеќе од 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Техеран возвратил со напади со дронови и проектили насочени кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се распоредени американски воени сили. Нападите предизвикале жртви, материјална штета и нарушувања во глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
655-402-bebe

Тетка во британска градинка со нога притискала едногодишно дете за да го успие

Детска градинка ја призна вината за убиство од небрежност по смртта на 14-месечно момче, кое се задушило откако вработена се обидела насилно да го успие. Малиот Ноа Сибанда починал во градинката „Fairytales Day Nursery“ во Дадли во декември 2022 година.Според обвинителството, детето било поставено со лицето надолу на перница, завиткано во вреќа за спиење, со ќебе преку главата, додека вработената Кимберли Куксон го притискала со нога. Настаните биле снимени од надзорни камери, кои покажале дека детето било држено во положба што сериозно ја ограничувала неговата способност за дишење и движење, во обид да се натера да заспие.По кратко време било забележано дека детето не дише, по што биле повикани итните служби, но во болница било констатирано дека е починато.Приватната градинка, која во меѓувреме престанала со работа, пред Кралскиот суд во Вулверхемптон ја признала вината за убиство од небрежност како правно лице, како и за прекршување на Законот за здравје и безбедност при работа. Сопственичката и директорка Дебора Лејтвуд (55) исто така признала вина за пропусти во надзорот, прифаќајќи дека требало да знае за опасните практики. Вработената Куксон (23) претходно се изјаснила за виновна за убиство од небрежност поради груба небрежност.Вишиот обвинител Алекс Џонсон го оцени случајот како „длабоко вознемирувачки“ и „најлош кошмар за секој родител“, истакнувајќи дека детето требало да биде безбедно под грижа на професионалци.Тој нагласи дека доказите, вклучително и видео-снимките и медицинските наоди, покажале дека детето било ставено да спие на исклучително опасен начин, што создало средина во која не можело да се ослободи.Изрекувањето на пресудата за сите обвинети е закажано за 16 април.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска.На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното пријателство и споделените вредности што двете земји ги негуваат повеќе од три децении. Притоа нагласи дека тоа претставува солидна основа за континуиран раст и унапредување на севкупната соработка.Двајцата министри се согласија дека во претстојниот период значаен фокус ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување нови полски инвестиции во државата.Важен дел од разговорите беше посветен на евроинтегративниот процес, при што министерот Муцунски се заблагодари за континуираната полска поддршка. Тој нагласи дека Полска е еден од најдоследните и најгласни поддржувачи на политиката за проширување на Европската Унија, посочувајќи го нејзиниот активен ангажман во повеќе формати, вклучително и Вишеградската група, групата „Пријатели на проширувањето“ и Вајмарскиот триаголник.Соговорниците разговараа и за одличната соработка како земји-сојузнички во НАТО, како и за актуелни регионални, глобални и безбедносни прашања.Во рамки на заедничката прес-конференција, министерот Муцунски истакна дека партнерството меѓу двете земји е резултат на повеќе од три децении доверба, соработка и заедничка визија.„Денес го потврдивме тоа партнерство и поставивме основа за негово натамошно продлабочување – особено во економијата и трговијата, како клучни столбови на нашите односи“, изјави министерот Муцунски.Во рамки на посетата на Варшава, министерот Муцунски оствари средба и со претседателката на Комисијата за ЕУ во Сејмот, Агњешка Помаска, на која се разговараше за евроинтегративниот процес на државата, како и за значењето на парламентарната соработка во унапредувањето на билатералните односи.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб истакна дека во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Таа додаде дека ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски.Таа посочи дека историјата покажува дека земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го сменила своето име.Претседателката нагласи дека во дипломатските односи често се посочува дека договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот. Таа додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.„Членот 7 вели: Ако членка на ЕУ ги крши основните принципи и вредности, третина од членките, третина од европските пратеници или самата Европска комисија, може да покрене постапка за ограничување и забрана за право на одлучување. Ваков беше случајот со Унгарија и Полска ако се сеќавате. Нека се најде некој Ричард Лајон Хард, барем ова да го каже таму. Сега ние чекаме, затоа кажувам, чекајќи го Годо, не знам која е причината, но што е тоа што сега е најважно? Неизвесност во светот. Не зборуваме за проширување на ЕУ, зборуваме за безбедноста на ЕУ. Очекуваме можеби мигранти повторно, а портата е тука, Грција па ние. Зошто да не ни се дозволи нам. Се разбира имам емпатија према Украина и Молдавија, но зошто и на нас да не ни се овозможи технички да преговараме“, изјави Сиљановска и додаде:Ако ги читате заклучоците за Албанија, Црна Гора и за нас, ќе видите разлика. Заклучоците се обично општи, но кај нашиот пишува спроведување на Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Нема проблем за спроведувањето, но договорот е двостран документ, што е со другата страна. Но живееме во време кога силните го работат она што можат, а слабите она што мораат.Сиљановска Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа, додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.Поради ова, како што рече Сиљановска Давкова, експертите, вклучително и Венецијанската комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

10 пријави за семејно насилство во едно деноноќие, приведени седум лица

На 25.03.2026 во 08:40 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Г.(42) од Скопје по претходна пријава дека на 24.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг.На 24.03.2026 во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Ц.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19.06 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко насилство кон неговата сопруга и нивните деца. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата сопруга и нејзината мајка.На 24.03.2026 во 16:30 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со М.М.(37) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.На 24.03.2026 во 20:45 часот во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со И.И.(60) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 20:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга.На 24.03.2026 во 17:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, го привеле лицето Џ.Ш.(39) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга од Тетово дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и претходно ја вознемирувал во станот. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.На 24.03.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 29-годишен жител на Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.На 23.03.2026 во 00:00 часот во Полициското одделение Ропотово, жителка на прилепско село пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг М.М., кој употребил тврд предмет.На 24.03.2026 во 13:55 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 19-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати се заканувал на неговата поранешна малолетна девојка. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.На 24.03.2026 во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 57-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 54-годишна сопруга дека на 15.03.2026 физички ја нападнал во семејниот дом. Според пријавеното, тој подолг временски период психички и физички ја малтретирал нејзе, а агресивно се однесувал и кон нивните деца. Тој бил задржан во полициска станица, и известен бил јавен обвинител.На 24.03.2026 во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиja од слобода А.Ј.(50) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 58- годишен сопруг дека физички го нападнала во семејниот дом во кумановско.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library4ouuiksmrqnl4TJI5pf

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис - политичките структури

Од самото формирање на Регулаторната комисија за енергетика, па сè до денес, изборот на нејзините членови континуирано се одвива по партиски клуч, под превез на наводна независност и експертиза, велат од политичката партија Левица.„Наместо институција што ќе биде коректив на пазарот и заштитник на јавниот интерес, РКЕ се трансформираше во механизам преку кој се носат одлуки со директно влијание врз цената на струјата, горивата и услугите, но на штета на граѓаните, а во корист на тесен круг политички и бизнис интереси. Таа привидна мантра за ʼстручностʼ служи како параван за систем во кој регулацијата е подредена на енергетско-политичката олигархија и на интересите на крупниот капитал.Најавениот избор на Ацо Ристов за претседател на РКЕ е само продолжение на истиот модел. Станува збор за поранешен градоначалник од редовите на ДПМНЕ (2021–2025), со јасни политички врски и бизнис релации во енергетскиот сектор. Во вакви околности, прашањето не е дали поседува техничко знаење, туку дали воопшто може да делува како независен регулатор. Кога лице со директни политички и деловни врски седнува на позиција што треба да ја контролира токму таа сфера, границата меѓу јавниот интерес и приватниот профит се брише, а довербата во институцијата дополнително се еродира.Историјатот на РКЕ го потврдува овој континуитет. Марко Бислимоски, активен кадар на СДС, од позиција на раководител во Комисијата стигна до два мандати како претседател, при што неговата политичка и семејна поврзаност со структурите на СДС беше јавна и неспорна. Димитар Петров, претходно поврзан со ДПМНЕ, доаѓа од ЕВН, а по завршување на мандатот повторно се враќа на високи позиции во истата компанија, што отвора сериозни дилеми за судир на интереси и ротација меѓу регулатор и регулиран субјект. Слични обрасци се гледаат и кај актуелните членови: Елена Маркова Велинова, со директна партиска функција во ДПМНЕ, и Атанаско Туневски, кој во различни периоди се позиционираше во повеќе политички структури, од ДПМНЕ, преку СДС, до ЗНАМ, истовремено извршувајќи значајни функции во енергетскиот сектор.Сè додека РКЕ функционира како партиска испостава, граѓаните ќе продолжат да ја плаќаат цената на ваквиот модел преку повисоки сметки за струја, поскапи горива и отсуство на вистинска заштита од монополите во енергетиката. Во таков систем, регулаторот не е брана, туку канал преку кој одлуките се пренесуваат директно на товар на народот.Во тој контекст, Ацо Ристов е најновата потврда на истата пракса. Наместо прекин со партизацијата и враќање на кредибилитетот на институцијата, ДПМНЕ поставува кадар со длабоки политички и бизнис врски, во момент кога РКЕ има клучна улога во одредувањето на цените што директно го погодуваат секое домаќинство. Со ваков избор, не се враќа довербата туку се продлабочува недовербата.Прашањето повеќе не е дали РКЕ е независна, туку до кој степен ќе продолжи да биде инструмент во рацете на политичко-бизнис структури. А додека одговорот е очигледен, граѓаните остануваат тие што ја плаќаат секоја последица од таквото управување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски истакна дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона.Илиевски појасни дека дискотеката се наоѓала во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителска дејност од ваков тип не е дозволена.„Значи зоните не можат да се менуваат. Ме прашавте дали е направена пренамена, не е направена пренамена на тој објект, ниту пак може да се промени зоната и целиот тој локалитет е лесна и незагадувачка индустрија“ рече Илиевски.Сведокот посочи дека на 3 октомври 2012 година, Општина Кочани дала позитивно известување на барањето на Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ за користење на јавните паркиралишта во таа зона, но подоцна истото било повлечено откако дознале за вистинската намена на објектот.„По одредени сознанија дека ќе се отвора дискотека ние го имаме поништено ова известување. Таму наведуваме дека тие паркинзи се лесна и незагадувачка индустрија Г2, а не за дискотеки или барови што ќе се отвораат. Тоа е доставено до Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ - истакна сведокот.Дополнително, општинските власти се обраќале и до надлежните институции, вклучително до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, со цел да се спречи отворањето на клубот.Илиевски истакна дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и не знае дали други институции презеле мерки по отворањето на објектот. На прашања од одбраната, тој потврди дека објектот бил изграден како индустриски и дека дозволите ги издава Министерството за внатрешни работи, додека мислењата за користење јавни паркиралишта ги дава Општината.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarymn6mi28b79ef2zoJCUs

Македонија e значително поподготвена во сезоната на пожари: Три функционални ер-трактори и пет обучени пилоти до јуни

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека Македонија годинава влегува значително поподготвена во сезоната на пожари. Според неговите најави, до јуни државата ќе располага со три функционални „ер-трактори“ и пет обучени пилоти.„Во овој момент дирекцијата има пет пилоти на ер-трактори кои се подготвени за дејство во престрет на сезоната на шумски пожари. Трите ер-трактори во текот на мајќе бидат вратени од сервис. Еден авион е функционален, додека другите два се на сервис во Загреб и очекуваме да бидат вратени најдоцна во мај. Истовремено трагам и по дополнителен број на пилоти на ер-трактори. Исто така од минатата година на располагање на агенцијата се 43 специјални возила пренаменети, претходно воени и полициски возила и тоа 23 пинсгаури 15 БТР-80 со моќни водни топови со дометот околу 100 метри како и 5 хермелини кои што ги користиме и за влечење на цистерни од 4 до 8 тона во зависност од нашите потреби. Истовремено и од локалните капацитети во некои делови од државата се зајакнати со нови возила, а на неколку места се донесени и возила како донација можеби не нови, малку користени, но во одлична форма, во одлична кондиција. Исто така би спомнал дека и некои од доброволните противпожарни друштва како што е Доброволното друштво во Кочани се со значително зајакнати капацитети и можеме ова лето да сметаме и на нив односно нивните капацитети.“, изјави Ангелов пред почетокот на меѓународната конференција за проектот „Forest Fire Struga-FFS“.Тој нагласи дека земјата научила многу од минатите искуства и дека регионалната соработка со Грција, Албанија и Бугарија е клучна, бидејќи шумските пожари не познаваат граници.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryollq7v71tiue8AWI4rc

Рози Мицкоска на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“.Во својот говор, Рози Мицкоска посочи дека во Македонија веруваме дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“, истакна, меѓу другото, Мицкоска. Целта на работната сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.После работната сесија, учесниците на самитот, меѓу кои и Мицкоска, присуствуваа и на Tech Expo каде што најпознатите светски компании за напредна технологија ги презентираа дел од своите производи.Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција која има за цел да им помогне на децата ширум светот да стекнат вештини потребни за иднината.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarypqk10lh40i1i6zWGhdd

„Мицкоски е ироничен“, му вратија ДУИ на Мицкоски

Демократската унија за интеграција останува доследна на својот пристап – аргументирана дебата заснована на факти, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз економијата и стандардот на граѓаните, велат од ДУИ како реакција на изјавата на премиерот Хирстијан Мицкоски.„Во однос на изјавата на премиерот, сметаме дека теми од ваква важност бараат сериозен пристап и јасни одговори, а не обид за релативизирање преку иронија. Фактите се јасни.Од 1 јануари 2026 година, според достапните податоци, се реализирани набавки на електрична енергија во вредност од околу 25 милиони евра.Станува збор за набавка на базна енергија од 140 MWh, што значи купување и во ноќните часови, кога побарувачката е намалена.Притоа, неспорно е дека количините на увоз ја надминуваат продажбата. Ова не е прашање на политичка интерпретација. Ова е прашање на бројки, економска логика и одговорно управување со државните ресурси.Доколку Владата смета дека оваа политика е оправдана, тогаш треба тоа јасно да го образложи пред јавноста – со факти и аргументи.ДУИ не бега од бројки. Напротив, токму бројките покажуваат дека јавноста има право да бара објаснување.ДУИ ќе продолжи да настапува со конкретни предлози и конструктивен пристап, со единствена цел – заштита на интересите на граѓаните и обезбедување стабилен и одржлив енергетски систем.Јавната дебата мора да се води со факти, затоа што граѓаните заслужуваат одговори, а не досетки“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања