Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

6 ден.
Screenshot-2024-04-26-at-18.32.17

Прилепчанец возел без возачка и се удрил со полициско „пежо“

На 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп. Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски“ со ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп, тој со возилото „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР „пежо“, управувано од В.И.(31) од прилепско, во која била причинета материјална штета.По преземени мерки е констатирано дека Е.Ш. го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
sela-vo-pretres-3

„Албански сојуз“ со црвено-црни бои – нова партија на Села

Зијадин Села најави формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“.Како што нагласува Села во интервју за „Лајм“, луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали, се вистинити и ќе продолжат заедно да градат една цврста политичка структура. Прашан дали ова значи дека ќе формира нова партија, Села вели:„Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не сум оставил на случајноста, сум ја создал таа нова политичка партија, таа е Албански сојуз, има црвено-црни бои. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзините каузи имаат свое продолжение.“Најавата за формирање нова партија од Села следи откако Основниот суд во Тетово на 18 март донесе одлука партиските печати да му припаднат на крилото на АА предводено од Арбен Таравари.Од крилото предводено од Села тогаш најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката до Апелацискиот суд.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryail7uimv1bf48F2shUE

Филков оствари средба со директорот на АВМУ за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес

Министерот за правда, Игор Филков, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, во рамки на консултациите за реформите во изборното законодавство. На средбата се дискутираше за унапредување на медиумската регулатива за време на изборниот процес, како и за обезбедување повисоко ниво на транспарентност и фер медиумско претставување.„Разговаравме за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес, како и за обезбедување повисоко ниво на транспарентност и фер медиумско претставување.АВМУ ќе подготви конкретни предлози кои ќе бидат доставени до членовите на Работната група за реформи во изборното законодавство.Оваа активност следи по веќе одржаната средба со Државната изборна комисија, на која отворивме прашања поврзани со унапредување на законската рамка и јакнење на ефикасноста на изборниот процес.Во наредниот период ќе продолжиме со консултации и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, како и со претставници на граѓанскиот сектор, со цел да обезбедиме инклузивен и сеопфатен пристап во подготовката на реформите“, вели Филков.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Пронајден починат 66-годишник во Сопотница

На 24.03.2026 во 16:10 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека во куќа во с.Сопотница, демирхисарско, е пронајден починат Ѓ.В.(66) од с.Журче.Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Маж од Берово се заканувал на граѓани и вработени во центар за социјални работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“.На 25.02.2026 на ул.„Партизанска“ во Берово, пријавениот упатил закани кон З.П. и неговата сопруга, двајцата од Берово, а потоа физички го нападнал З.П..Додека, пак, на 26.02.2026 на ул.„23 Август“ во Берово, пријавениот упатувал закани кон две вработени во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи во Берово.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
licna-karta

Сликал туѓа лична карта и си подигнал кредит

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“.На 30.09.2025 во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност во негово име аплицирал и му бил одобрен кредит од финансиско друштво, по што подигнал 149.000 денари.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
IMG_3879

Украл возило од нива, па направил сообраќајка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(22) од с.Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.Во текот на јули 2025 година, пријавениот од нива во атар на с.Пирок, тетовско, одзел патничко возило „фиат уно“ без регистарски ознаки, сопственост на А.„Н“. и на 14.08.2025 на ул.„Илинденска“ во Тетово предизвикал сообраќајна незгода.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
dedo_mi_so_edna_plata-678x381-1

Маж од Македонска Каменица нелегално си изградил ресторан, па си доградил и тераса

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Н.(61) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Пријавениот, во 2008 година, зафаќајќи две негови парцели и две парцели во сопственост на државата во Македонска Каменица, противправно и без соодветно одобрение изградил објект од втора категорија, кој го опремил и ставил во функција како угостителски објект.После тоа, во периодот од октомври 2018 до септември 2019 доградил и отворена тераса со настрешница и кровна конструкција.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
pesak

Сообраќајка во Арачиново: 13-годишник возел „форд фокус“ и удрил 14-годишник

На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 6 дена

6 ден.
uciliste

Директор на училиште во Муртино си именувал „ментори“ без соодветен статус

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавениот, како директор на основно училиште во с.Муртино, на новопримените наставници како приправници им доделувал наставници ментори кои немале статус на ментор.На тој начин во 2024 година им овозможил остварување на противправна имотна корист во висина од околу 83.500 денари на наставниците кои немаат статус на ментор.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

19-годишник паднал од балкон на зграда во Карпош, пренесен на Клиникa

На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 дена

6 ден.
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Трагедија во Кисела Вода: Му се слошило на работно место и починал

На 24.03.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д.(40) од Скопје, додека бил на работно место, му се слошило и починал.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 6 дена

6 ден.
media-library7kb44v98v31c6sXa7uE

Кумановец возел со 3,67 промили алкохол, полицијата го уапси

На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Ја клоцал и ја мавал со боксови по тело и и скршил три ребра: Кумановец брутално ја малтретирал сопругата

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката“, известуваат од ОЈО.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library3bge506v8tb0eROgupr

(Видео) „Ф*к ју Србија“: Објавено видео од Албанците кои позираа со симболи на „Голема Албанија“

Во јавноста се појави видео на кое се гледаат четворицата албански државјани како се снимаат додека возат по автопат низ Србија, при што упатуваат навреди кон државата.На снимката, која првично била споделена на социјалните мрежи, во еден момент се слуша како едно од лицата извикува „f*ck you Србија“, додека останатите се смеат и снимаат. На видеото се забечежува дека едниот од нив носи црвена маица со картата на „Голема Албанија“.Во продолжение на истото видео се прикажани и моменти од полициската интервенција, при што припадници на српското Министерство за внатрешни работи ги запираат и приведуваат осомничените лица.Според официјалните информации, станува збор за А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите државјани на Албанија, кои се сомничат за сторено кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“.Ним им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, активност која се реализира во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија 2021–2026.Настанот беше посветен на претставување на стратешките приоритети, институционалните обврски и конкретните мерки утврдени во новиот План, чија цел е унапредување на интегритетот, транспарентноста и одговорноста во работењето на полицијата.Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека интегритетот претставува темел на современата и професионална полициска служба, нагласувајќи дека вредности како чесност, доверба, праведност и одговорност се суштински за зајакнување на владеењето на правото и довербата на граѓаните.„Планот за професионален интегритет 2026–2028 претставува значаен инструмент во борбата против корупцијата, со кој се предвидува јакнење на капацитетите во областа на етиката и професионалните стандарди. Нашата цел е јасна – нула корупција во полицијата. Само со доследна примена на законите, транспарентност и одговорност можеме да изградиме институција во која граѓаните ќе имаат целосна доверба“, нагласи министерот Тошковски.Тој потенцираше дека Министерството за внатрешни работи, во координација со Владата, континуирано работи на унапредување на механизмите за превенција, детекција и санкционирање на корупцијата, како и на зајакнување на професионалните компетенции на полициските службеници преку обуки и развој на етичките стандарди.Министерот истакна дека Планот, заедно со Акцискиот план, претставува цврста основа за понатамошен развој на демократска, транспарентна и одговорна полиција, усогласена со европските стандарди и принципите на заштита на човековите права.Воедно, Тошковски изрази благодарност до Европската Унија, како и до Швајцарија, Шведска и Холандија, како и до ДЦАФ и проектниот тим за нивната континуирана поддршка во спроведувањето на реформите во безбедносниот сектор.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост во врска со најавите за реорганизација на раководната структура во Министерството за внатрешни работи, која вклучува укинување на значителен број раководни позиции. Намалувањето на повеќе од една третина од раководната структура, во една од најчувствителните институции на државата, не е само организациско прашање. Тоа има директни последици врз правичната застапеност и врз меѓуетничката рамнотежа во безбедносните институции, велат од ДУИ.„Тврдењата дека овие позиции не треба да се поврзуваат со етничка припадност, туку исклучиво со професионални критериуми, занемаруваат еден од темелните принципи врз кои е изграден институционалниот баланс во државата – правичната и соодветна застапеност.Овој принцип не е политички компромис, туку уставен стандард и клучен елемент за довербата на граѓаните во безбедносните институции.Во сегашните околности, кога значителен дел од овие позиции ги држат Албанци, нивното укинување без јасни механизми за гарантирање на застапеноста создава реален ризик од нарушување на постигнатата рамнотежа.Општите изјави за „нема потреба од загриженост“ не се доволни.Потребна е целосна транспарентност за новата систематизација, критериумите за избор и конкретниот начин на кој ќе се обезбеди правичната застапеност во раководните структури на Министерството за внатрешни работи.Безбедносните институции не смеат да се третираат како простор за организациски експерименти без проценка на нивното политичко и општествено влијание.ДУИ смета дека секоја реформа во овој сектор треба да го зајакне професионализмот, но истовремено да ја зачува меѓуетничката рамнотежа и институционалната доверба.Секое отстапување од овие принципи ќе има долгорочни последици врз демократското функционирање и врз општествената кохезија во државата“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да одговорат зошто ја зголемуваа акцизата три пати во нивно владеење за сега да бараат да се намали?

Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него било што друго, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.„Поголеми дилетанти како СДС, Заев и Филипче во историјата на Македонија немало. Три пати додека беа на власт ја зголемуваа акцизата, а да се потсетиме и дека сакаа да воведат и еколошка такса со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Дополнително, лицемерно е тоа што како власт тие го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи за денес да бараат намалување.Исто така, оваа година да ја потсетиме јавноста, дека враќаме долгови кои се наталожени од власта на СДС, Заев и Филипче во висина од 2.5 милијарди евра.За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и чесно. Цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library02n6cehjvva36f1gveq

Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашното интервју каде најави дека ќе се поведе регионална иницијатива во енергетиката, за што станува збор и дали се работи за некоја нова странска инвестиција, изјави: „Да, веќе неколку пати имам најавено дека во тек се, во завршна фаза, во почетна или во некоја фаза на реализација се некаде околу седумнаесетина инвестиции коишто треба да креираат до кај пет илјади нови работни места.А што се однесува до инвестициите во енергетиката и регионалното поврзување, цениме дека тоа е иднината практично за регионот. Бидејќи ако сами настапуваме, се плашам дека нема да бидеме препознаени од инвеститорите. Би рекол сумата којашто ја имаме на располагање во следниве 10 години, е огромна. И ако целиме на 0,01% од таа сума, тоа се отприлика четири трилиони американски долари. Тоа е отприлика четири илјади милијарди во следниве 10 години, коишто регионот ако се обедини може да понуди проекти за да бидат реализирани, ако добро се организираме, се разбира. Тоа е некаде отприлика по четири стотини милијарди годишно, замислете каква трансформација на општествата ќе настане.Ако имаме предвид дека сите 6 земји од Западен Балкан, коишто се во групата, вкупниот номинален бруто домашен производ им е околу двесте педесет милијарди долари. Значи ова е многу над тоа што претставува вкупен номинален бруто домашен производ, а зборуваме само за 0,01%. Замислете што значи тоа за нашите економии и за нашите граѓани. Мислам дека треба да сме умни како регион, да се поврземе и да покажеме и докажеме дека можеме да соработуваме и дека знаеме да соработуваме и да понудиме заеднички проекти.Ние се подготвуваме многу озбилно. Дел од тие подготовки се и дел од овие тековни проекти кои веќе се реализираат. Само за напомена, иако дел од опозицијата сакаше проектот на „Алказар“, Ветерниот парк во делот на општините Штип, Радовиш и Карбинци да не успее. Инвестиција вредна од половина милијарда долари, сепак инвеститорот веќе доби градежни дозволи и очекуваме истиот да почне со теренските работи некаде во месец април, после Велигден. Но не само што ќе го работат тој, туку појавуваат интерес и за нов проект, односно продолжување и надградување на истиот. Не случајно во Давос ги споменав Чебрен и Галиште и повторно ги враќаме во игра. Не случајно го спомнав Бошков Мост, се разбира веднаш од дел од невладините организации бев нападнат жестоко. Бидејќи тие поинаку го размислуваат тој проект и начинот на којшто државата треба да се развива.Но како е да е, сите овие проекти претставуваат дел од можностите коишто ние ги имаме за инвестиција. Тука се и оние гасни електрани коишто ги најавивме претходно со турскиот холдинг „Акса“. Тука е оној гасен интерконектор којшто го градиме со Грција и гасниот интерконектор којшто ќе почнеме да го градиме со Србија. Тука е далноводот 400 кило волтен на висок напон којшто започнуваме, односно го рестартираме, којшто треба да се поврзе Битола со Елбасан, односно со Албанија. И со тоа го заокружуваме генерално нашиот преносен систем на висок напон.Така што имаме многу проекти коишто се дел од овој план, но јас сум убеден дека, доколку регионално сите се организираме ќе бидеме полесно препознаени од страна на инвеститорите. Ако денеска светот зборува само за вештачка интелигенција, таа вештачка интелигенција не може да функционира без дата центри, а дата центри не може да функционираат без електрична енергија. Така што сите заедно мислам дека треба да целиме кон тоа дел од ова инвестициско портфолио да го привлечеме овдека во регионот.“На прашањето дали има фидбек од лидерите на другите земји во регионот за оваа идеја, премиерот Мицкоски рече:„Па од некои да. Но мислам дека сега во Подгорица кога ќе се собереме, кога ќе има Самит, подетално ќе влезам во објаснување на идејата. И мислам дека е добро да се разработи подетално и мислам дека ќе биде атрактивна. И потоа треба да се спушти на оперативно ниво за да можеме да се претставиме пред потенцијалните инвеститори, а верувајте ми има многу. Неколку такви компании запознав на Светскиот бизнис форум во Давос.“

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден 11-годишен пешак во Тетово, откако во него удри автомобил

На 24.03.2026 во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library59pnidr2ak188CNpr7I

ЗНМ реагира за комуникацијата со Јаневска со „ти рековме”: Прекршени се етичките стандарди во случајот со новинарот во Тетово

Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија реагираше за случајот со новинарот Невриј Адеми, оценувајќи дека начинот на комуникација на прес-конференцијата со министерката за образование и наука Весна Јаневска не соодветствува со професионалните стандарди.„Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, што не беше случај со последниот настан поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово, случај што Советот на честа при ЗНМ внимателно го следеше и кој истиот отвори јавна дебата во медиумскиот простор“, се наведува во реакцијата.Од Советот потсетуваат дека улогата на новинарите како носители на јавниот интерес подразбира одговорност и почитување на етичките норми.„Имајќи ја предвид улогата на новинарите како носители на јавниот интерес и чувари на демократските вредности, Советот потсетува дека ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди“, посочуваат од таму.Според нив, конкретниот настап не бил во согласност со Кодексот на новинарите.„Во конкретниот случај, Советот цени дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс. Конкретно, членот 15 од Кодексот на новинарите, вели дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката, а непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија“, стои во соопштението.Советот нагласува дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во медиумите и јавниот дијалог.„Советот на честа нагласува дека ваквите случаи не придонесуваат за унапредување на довербата во медиумите, ниту за квалитетен јавен дијалог. Оттука, упатуваме апел до сите новинари и медиумски работници да се придржуваат кон највисоките професионални стандарди, да ја негуваат културата на комуникација и да придонесуваат кон градење на взаемна почит во јавниот простор“, додаваат.Воедно, се посочува дека почитта мора да биде двонасочна, а институциите имаат обврска да обезбедат услови за работа на новинарите.„Воедно, Советот потсетува дека почитта во односите меѓу носителите на јавни функции и медиумите треба да биде двонасочна, при што институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена и професионална работа на новинарите. Во таа насока, советот укажува и дека овој случај не смее да се користи за дневнополитички цели, ниту за создавање дополнителни тензии и погрешни интерпретации во етнички контекст“, се наведува.Советот најавува дека ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и да реагира во насока на заштита на етичките стандарди.„Советот на честа ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и, согласно своите надлежности, да реагира во насока на заштита и унапредување на етичките стандарди во новинарството“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryb0f5a0ljor1o44ogxb8

Раководители во ЈП „Национални Шуми“ го оштетиле буџетот на претпријатието за околу 1,5 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без притоа на денот на склучувањето да обезбеди депонирање на соодветни банкарски гаранции од 20% од фирмата купувач, од кои првата во износ од 176.577 денари, а втората во износ од 370.850 денари.Исто така, постапувајќи спротивно на наведените договори и Правилникот за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми “ - Скопје, овозможил правното лице континуирано да подига дрвна маса без да се изврши авансна уплата, со што до датумот на негово разрешување овозможил да се формира долг по основ на испорачано огревно дрво од 982.387 денари.Пријавениот Г.Ц., во својство на раководител на Подружница шумско стопанство „Беласица “ Струмица, по преземање на должноста раководител, не го земал во предвид фактот дека не била уплатена гаранција од 20%, како и дека не се вршела авансна уплата за подигнатото огревно дрво, не презел навремени мерки за наплата на долгот и прекин на испораката, туку дозволил подигнување на преостанатата дрвна маса предвидена во договорите и со тоа овозможил долгот да се зголеми за дополнителни 463.723 денари на штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“.Со ваквите дејствија била предизвикана вкупна штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од 1.446.110 денари.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
dokumenti

Со фалсификувани документи присвоил имот, па го продал

На 24.03.2026 во ОВР Гостивар, А.И.(58) од с.Врапчиште пријавила кривично дело „фалсификување исправа“.Според пријавеното, лицето Т.А. во текот на 2018 година со фалсификувана документација присвоил и префрлил на свое име имот од 1.500 метри квадратни во сопственост на нејзината починатата мајка, кој подоцна го препродал на трети лица.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со анализа за Куба: Инвестира во фотоволтаици додека се соочува со санкции

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку јавна објава ја посочи Куба како пример за држава што, и покрај тешките економски и енергетски услови, се обидува да најде излез преку обновливи извори на енергија.„КУБА е островска земја, на Карибите. Има 10 милиони жители. Нема руди. Електраните им работат на нафта. САД им прави илегално ембарго на увозот на се, не само на енергенси (поморска блокада). Поради тоа одложени се преку 100.000 операции во болниците, иако имаат најдобро здравство во светот. И секоја вечер умираат по десетици лица ставени на кислородна поддршка“, напиша Апасиев.Тој додава дека земјата ја насочува својата иднина кон зелена енергија, со поддршка од Кина.„Иднината ја гледаат во "зелената транзиција" потпомогната од инсталирање фотоволтаици од Кина на секој стратешки објект. Производството на струја од сонце порасна од 5%, на 20%“, наведува тој.Во објавата, Апасиев прави и поширок политички осврт, оценувајќи дека Куба се соочува со притисоци од САД, но дека има решеност да издржи.„Како и сиот цивилизиран свет, цела нација чека да заврши мандатот на лудиот Џинџер Калигула, за да се спасат од империјалистичката тиранија. И решени се да издржат“, додава Апасиев.

Коментари | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

„Не ја владеат материјата“, им врати Мицкоски на кадрите на Ахмети откако го обвинија дека лаже

По објавата на ДУИ дека за само два месеци се потрошени над 24 милиони евра за увоз на електрична енергија, што според партијата укажува на недоволен производствен капацитет на ЕСМ и зголемен притисок врз цената за граѓаните, премиерот Хистијан Мицкоски ја поздрави новата реторика на ДУИ, нагласувајќи дека партијата конечно се фокусира на реалните проблеми што ги засегаат граѓаните, како што е моменталната енергетска криза„Сакам да го поздравам ова ново однесување од страна на ДУИ бидејќи излезе од оние ретро политики коишто беа политики на политичарите од пред неколку децении, кон крајот на минатиот век, и што конечно почнаа да се интересираат за реалните теми коишто, коишто граѓаните вистински ги интересираат. меѓу кои е и овој предизвик којшто денеска се случува, историски предизвик, а тоа е војната во заливот.Тоа е добро што излегоа од оние пранги на национализам, на етно политика, на фолклор и така натаму, и што конечно ги интересираат реалните проблеми на граѓаните. Но лошото е што не баратаат добро, не ја владеат материјата и тоа што го кажуваат е спротивно на вистината. Затоа што денеска ЕСМ, односно поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќните часови извезува, односно продава на берзите околу 850 мегават-часови, што дневно на компанијата ѝ носи додадена вредност меѓу 100 и 150 илјади евра. Инаку, да, постојат периоди од годината кога се увезува струја, постојат периоди кога ќе се извезува, еве да речеме, сега е отприлика 12 часот, и ако ја погледнете берзата, ќе видите дека цената на струјата е нула или минус. И би било, лошо како компанија ако сега не превземаат електрична енергија од берзата кога е нула или, или минус, и да речеме произведуваме електрична енергија од акумулациите.Јас сум на дневна комуникација со раководството на АДСМ, односно поранешно АД ЕЛЕМ, и, ааа, оние долгови коишто беа својствени на владата СДСМ и ДУИ, оние трансфери од буџетот 150-200 милиони евра коишто завршуваа во фирми со сомнителни бизнис делки во набавката на мазут, инстант компании коишто носеа јаглен од соседството и така натаму, по цена којашто беше 30 до 50% поскапа, се во минатото. Така што, да бидат спокојни, АД ЕСМ не е таа веќе АД ЕСМ кога беше владата на, на СДСМ и ДУИ. Ова е компанија којашто денеска продава на берза и заработува на дневна основа помеѓу 100 и 150 илјади евра“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања