Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

3 ден.
media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.-Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Воведени се и електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката, посочи министерот Алиу.Дополнително, се зајакнува контролата на квалитетот и безбедноста, се унапредува фармаковигиланцата и се подобрува координацијата меѓу институциите. Законoт предвидува и построги правила за клинички испитувања, како и нов систем за управување со фармацевтски отпад од домаќинствата.Целта на новото законско решение е да се обезбеди подобра регулација на цените, поголема достапност на терапијата и долгорочна одржливост на здравствениот систем.Предлог-законот ќе биде достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од понеделник, наредната недела, каде јавноста ќе може да достави свои забелешки и предлози.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarydi2n4ku80ob43BrEnRC

(Фото) Бик продаден за 143.000 евра

Бик под името Granite Ridge Velocity V42 е продаден за дури 235.000 австралиски долари (околу 143.000 евра), со што станува еден од најскапите Ангус бикови некогаш продадени во таа австралиска сојузна држава.Според зборовите на купувачот, бикот ги убедил со многу цврста градба, изразени телесни карактеристики и мирен темперамент. Важна улога во одлуката за купување имале и квалитетот на крзното и кожата, како и многу добрите генетски показатели.Во сточарството, врвните репродуктивни бикови се сметаат за долгорочна инвестиција. Еден бик може во текот на повеќе години значително да влијае на генетиката на целото стадо, било преку природно парење или користење на семе во вештачко оплодување.Стручњаците од сточарската индустрија нагласуваат дека ваквата висока цена ја потврдува трајно силната побарувачка за квалитетна Ангус генетика.Ангус расата веќе со години ужива голема популарност во светското сточарство, пред сè поради квалитетното месо, добрата конверзија на храна и прилагодливоста на различни производствени услови.Токму поради овие својства, врвните репродуктивни примероци често достигнуваат многу високи цени на аукции ширум светот, пренесува Capital.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygit09tmeur0ufG7uK4U

Седум земји бараат прекин на нападите врз цивили во војната во Иран, меѓу кои и САД

Министрите за надворешни работи на земјите од Групата на седумте (G7) денеска повикаа на итен прекин на нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во конфликтот во Иран.Во заедничката изјава објавена на вториот ден од состанокот во Франција, годинашниот домаќин на самитот, министрите го нагласиле значењето на минимизирање на влијанието на конфликтот врз регионалните партнери, цивилното население и критичната инфраструктура. „Ние се фокусиравме на вредноста на различни партнерства, координации и иницијативи за поддршка, вклучувајќи ги и мерките за ублажување на глобалните економски шокови како нарушувањата во комерцијалните синџири на снабдување што опфаќаат економски, енергетски и комерцијален сектор, кои директно влијаат на нашите граѓани“, се наведува во соопштението, до кое имал увид и Reuters.Министрите повторија и дека е потребно враќање на безбедно и слободно пловење низ Ормускиот теснец.Членки на Г7 се САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а постојан член е и Европската Унија, која учествува на сите состаноци, но не претседава ниту е домаќин на самитот.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави.На седницата на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија „никогаш не го одбила развојот на тие односи, ниту нивното обновување“, според транскриптот објавен од Кремљ. Како причина за раздорот, тој повторно го наведе соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, по масовните протести во 2014 година.„Треба да се разгледа состојбата на односите со европските држави, особено со Европската унија“, рече Путин, пренесува dpa.Според него, тоа означило почеток на „серија трагични настани кои се случуваат во Украина и денес“.На истата седница проценки за овие односи изнесе и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но Кремљ не објави детали од неговото обраќање.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library00uvrthssn0n91SjxZW

(Видео) Израелската армија: Во училиште во Либан пронајдено оружје на Хезболах

Израелската армија (IDF) соопшти дека во едно училиште на југот на Либан пронашла стотици парчиња оружје, кои припаѓаат на Хезболах.Според соопштението на IDF, складиштето било откриено по насочена рација на израелските сили во селото Ал-Хијам. На социјалните мрежи е објавено видео на кое, според тврдењата на армијата, се гледаат ракети, минофрлачки гранати, огнено оружје и експлозив пронајдени во училиштето.„Хезболах систематски ја вградува својата терористичка инфраструктура во цивилни простории, продолжувајќи да ги загрозува жителите на Либан“, се наведува во извештајот на IDF за рацијата.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
germanija-zname

Германски министер за надворешни работи: Русија му дава информации на Иран за потенцијални цели за напади

Германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул денеска ја обвини Русија дека му помага на Иран во идентификување на потенцијални цели за напади, нагласувајќи дека нема несогласување меѓу Вашингтон и Берлин околу конфликтот со Иран.На прес-конференција за време на состанокот на форматот Г7 во Франција, Вадефул рече дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, кому му го изнел ставот на Берлин – Германија е подготвена да учествува во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако ќе завршат непријателствата. Тој го оцени рускиот претседател Владимир Путин како „цинично надевајќи се дека ескалацијата на Блискиот Исток ќе го одвлече вниманието од неговите злосторства во Украина“.„Неговата сметка не смее да успее. Јасно гледаме колку овие два конфликти се испреплетени. Русија очигледно го поддржува Иран со информации за потенцијални цели“, рече Вадефул.Тој исто така потенцираше дека Берлин и Вашингтон се согласни околу Иран, додавајќи дека таа земја не смее да дојде до нуклеарно оружје ниту да претставува регионална закана, пренесува Reuters.Министерот предупреди дека поддршката за Украина не смее да забави поради конфликтите на Блискиот Исток и дека мора да се одржат нејзините одбранбени капацитети.Вадефул истакна дека притисокот врз Русија мора да остане силен, преку санкции, акции против „сенковната флота“ и притисок врз рускиот енергетски сектор.Во врска со војните во Украина и Иран, тој додаде дека „целосно е јасно“ дека во иднина клучна ќе биде противвоздушната одбрана, па германските вооружени сили планираат набавка на соодветно оружје, а одбранбената индустрија на Германија и Европа ќе треба да разгледа како да стане поефикасна во таа област.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Орце Ѓорѓиевски, информира дека е означен почетокот на нова зона за паркирање и воведување дигитални услуги за корисниците на ЈП „Градски паркинг“ во Општина Аеродром.Како што објави Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и директорот на претпријатието, Владимир Кроневски, бил означен стартот на зоната Д12, која се наоѓа во Реонскиот центар во Аеродром.„Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. По добивањето на сообраќајното решение, пристапивме кон целосно уредување на јавната површина со поставување вертикална и хоризонтална сигнализација“, наведува Ѓорѓиевски.Во рамки на зоната се обезбедени 1.302 паркинг-места, од кои 32 се наменети за лица со попреченост, односно вкупно 1.334 уредени позиции. Зоната ги опфаќа улиците 1612 и 1613, односно целиот Реонски центар.Од 1 април, станарите и правните и физичките лица со дозвола ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата. Станарите ќе имаат можност за две бесплатни дозволи за возила, додека за останатите корисници цената ќе изнесува 25 денари за час.Канцеларијата за аплицирање ќе се наоѓа во зградата на Рударскиот институт на булеварот „Јане Сандански“.Паралелно, како што посочува Ѓорѓиевски, се воведуваат и нови дигитални услуги. Од 1 април 2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, како и да вршат онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи.Дополнително, во тек е подготовка и на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, која ќе обезбеди 2.719 нови паркинг-места.„Посветено работиме на воведување ред во паркирањето, намалување на сообраќајниот хаос и создавање фер и функционален систем кој ќе им служи на граѓаните“, истакнува Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryaeec4oug58ejdU82Khd

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје.Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот.Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ.Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија.Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, претседателката укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки коишто не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет.За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпциониот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа.Исто така, според претседателката, иако во моментов е тешко да се зборува за реформи на ЕУ, тие се неопходни.Претседателката очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.За неа, војните се плодна почва за авторитаризам, републикански монархизам, од типот на бонапартизам, но и опасност од нови мигрантски бранови.Сепак, Сиљановска-Давкова, сè уште верува во шансите за преговори за враќање на мирот, безбедноста и демократијата.Во панел-дискусијата, европските демократски студенти се вклучија со низа прашања и коментари, меѓу кои и следниве: „Како прва жена претседателка, како би нè советувала, нас, критички настроените млади да влијаеме врз зголемувањето на бројот и учеството на жените во креирањето на политики на сите нивоа? Кои се македонските приоритети во безбедносната политика и како ќе ги остварите? Колку е тешко да се промовира и одржи граѓанското единство во мултиетничко општество, како македонското?“.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето во земјава е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, поизразени во источните делови, додека во Повардарјето е забележана и појава на грмежи. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој на места повремено се засилува.Во текот на денот највисоката температура е измерена во Гевгелија и Кавадарци со 16 степени, додека најстудено било на Попова Шапка со само 2 степени. Во Скопје се измерени 14 степени на Зајчев Рид и 15 степени во Петровец.Во изминатите девет часа најмногу врнежи се регистрирани во Виница (21 литар на метар квадратен) и Берово (19), а значителни количества има и во Струмица, Крива Паланка и Лазарополе. На Попова Шапка снежната покривка достигнува 62 сантиметри.До крајот на денот се очекува да продолжи променливото облачно време со локални врнежи од дожд, особено во источните делови, проследено со умерен јужен ветер, кој долж Повардарието ќе биде засилен.Утре времето ќе биде променливо облачно со послаби врнежи од дожд и услови за изолирани грмежи. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температури од -1 до 5 степени наутро и од 8 до 16 степени во текот на денот.Во Скопје утре се очекува слично време – променливо облачно со повремен дожд и можност за ретки грмежи, со температура од 3 до 12 степени.Според УХМР, за време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи со слаб интензитет, додека пообилни врнежи повторно се најавуваат од ноќта кон среда и во среда. Во недела и среда се очекува и засилен северен ветер долж Повардарието.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

СДСМ обвинува: „Савески предлага обвинителка од ‘тевтерчето’, правосудството повторно под партиска контрола“

Опозициската СДСМ обвини за, како што наведуваат, нов скандал во правосудството, откако јавниот обвинител Ненад Савески ја предложил Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство.Според партијата, станува збор за „уште еден доказ дека власта системски се обидува да го партизира правосудството со свои инсталации“.„Одлуката на новиот јавен обвинител Ненад Савески да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство е уште еден доказ дека власта системски се обидува да го партизира правосудството со свои инсталации. По теркот на Груевски, со договорени судии и обвинители од ‘тевтерчето’ кои граѓаните многу добро го знаат“, наведуваат од СДСМ.Партијата потсетува дека името на Костеска-Здравеска се споменувало во прислушуваните разговори, познати како „бомбите“, поврзани со Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.„Името на Костеска-Здравеска се споменуваше во разговорите од бомбите, меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска во кои се договараше нејзиниот избор. ‘Таа што сме ја договарале’, ‘Ја квалификувавме како наша’, ‘Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот’“, посочуваат од СДСМ.Во соопштението се наведува и дека таа е сопруга на Вецко Здравески, кој бил член на Комисијата за лустрација.СДСМ поставува прашање дали оваа одлука е дел од поширока политичка координација.„Вака ли Савески ќе спроведува ‘реформи’ со партиските кадри на ВМРО? Савески треба да одговори дали ова му била дадена како задача лично од Христијан Мицкоски?“, прашуваат од партијата.Во продолжение, СДСМ наведува серија обвинувања за, како што велат, „враќање на стари практики“, вклучително и избор на судии блиски до власта, напади врз СЈО и подготовка на нови политички кампањи.„Се враќаме во 2016 година!“, порачуваат од СДСМ.Од Обвинителството засега нема одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Здружението на Украинците во Република Македонија „Лесја Украинка“ информира дека девојката со мало дете, која се претставува како украинска државјанка и бара милостина во центарот на Скопје, ги одбила сите понудени форми на помош.Од здружението соопштија дека по добиените информации за нејзиното присуство пред маркетите од синџирите КАМ и Тинекс, нивни претставници стапиле во директен контакт со неа и ѝ понудиле сеопфатна поддршка.Во разговорот, како што наведуваат, ѝ биле објаснети можностите за законски престој во земјава, вклучително и добивање дозвола за привремен престој од хуманитарни причини, азил или туристички престој. Понудени ѝ биле и услуги од преведувач, како и помош при подготовка на потребната документација.Дополнително, ѝ било препорачано да стапи во контакт со конзуларниот оддел на Амбасадата на Украина во државата, а ѝ било понудено и посредување за обезбедување сместување, вработување и материјална помош во вид на храна, облека и основни потреби. Од здружението биле подготвени да ѝ обезбедат и СИМ-картичка, бидејќи, како што посочила, немала телефонски број.Во меѓувреме, истиот ден, како што информираат, и други организации понудиле поддршка, меѓу кои хуманитарната организација „Св. Спас“, Црвен крст на град Скопје, како и „Легис“ и „Екрауд“ фондацијата.„Како резултат на тоа, оваа државјанка ги одби сите видови понудена помош. Таа изрази незадоволство што нејзината приказна доби јавност, изјавувајќи дека тоа „ѝ пречи да собира пари“. И покрај ветувањето дека сама ќе купи телефонска картичка и ќе стапи во контакт со претставниците на Здружението, во текот на изминатите два дена таа не се јави“, напишаа од Здружението на Украинци во Македонија.Од „Лесја Украинка“ посочуваат дека ги презеле сите можни чекори за помош и се оградуваат од понатамошната одговорност за нејзината состојба и легалноста на нејзиниот престој, нагласувајќи дека натамошното постапување е во надлежност на институциите.Воедно, упатуваат благодарност до граѓаните за нивната внимателност и апелираат до јавноста да ги информира доколку девојката повторно биде забележана.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Владимир Путин не барал донации од бизнисмени за војната во Украина

Кремљ денеска ги демантираше информациите дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат средства за стабилизација на руските финансии додека продолжува војната во Украина.Наводите првично ги објавија The Bell и Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори, по затворениот состанок што Путин го одржал со деловни лидери. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „не е точно“ оти претседателот упатил такво барање.Сепак, Песков посочи дека еден од присутните бизнисмени сам понудил да донира „многу голема сума“ на државата. Според него, станува збор за лична иницијатива, а не за барање од страна на претседателот, иако, како што додаде, Путин ја поздравил таквата намера.Рускиот милијардер Сулејман Керимов, според извештаите, на состанокот ветил донација од 100 милијарди рубљи. Оваа информација засега не е официјално потврдена.Песков истакна и дека не е точно оти средствата би биле наменети за финансирање на војната. Сепак, The Bell објави дека на состанокот се разговарало и за воени трошоци, како и за продолжување на операциите во источниот дел од Украина.Русија се соочува со буџетски дефицит и економска стагнација во услови на долготрајниот конфликт, но властите се надеваат дека растот на цените на нафтата ќе помогне во стабилизирање на финансиската состојба.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
haker-724x406

Ирански хакери ја пробија е-поштата на шефот на Федералното истражно биро

Хакерска група поврзана со Иран објави дека успеала да упадне во приватната електронска пошта на директорот на ФБИ, Каш Пател, при што на интернет биле споделени негови фотографии и други документи.Претставник на американското Министерство за правда потврди дека електронската пошта на Пател била компромитирана и дека објавениот материјал делува автентично, пренесува Ројтерс.Хакерската група „Handala Hack Team“ на својата веб-страница наведе дека Пател „сега ќе го најде своето име на списокот на успешно хакирани жртви“. Од ФБИ засега нема официјален одговор, а хакерите исто така не одговориле на новинарските прашања.Групата „Handala“, која се претставува како пропалестинска хактивистичка организација, според западни истражители е една од неколкуте структури зад кои стојат единици на иранската влада за кибернетичко разузнавање.Таа неодамна, на 11 март, презеде одговорност за напад врз компанијата Stryker, добавувач на медицинска опрема и услуги од Мичиген, тврдејќи дека избришала голема количина податоци.Автентичноста на објавените материјали сè уште не е целосно потврдена. Ројтерс наведува дека не можел независно да ги верификува електронските пораки. Сепак, приватната Gmail-адреса што наводно била хакирана се совпаѓа со адреса која претходно била поврзувана со Пател во други протекувања на податоци, евидентирани од компанијата District 4 Labs. Прегледаниот дел од објавениот материјал покажува комбинација од лична и службена кореспонденција од периодот меѓу 2010 и 2019 година.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Докторот Ненад Лазаров остро реагираше на најавата на министерот за здравство Азир Алиу за воведување систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници.Според Лазаров, ваквата мерка нема да донесе суштински подобрувања во системот, туку ќе предизвика револт кај медицинскиот кадар, особено во услови кога, како што посочува, платите на специјалистите во земјава се пониски од оние во регионот, вклучително и во Косово.„Само револт ќе добиете како фидбек во ситуација кога платите на специјалисти во земјава се помали од плати на специјалисти во Косово. Ни треба ефектива кога е некој на работа а не точен број минути присутност во болницата. Нема помали плати во здравство во Европа“, напиша Лазаров.Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку фингерпринт и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

Коментари | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryq6bfbsi9e9p0fT71wbM

Израел предупреди на евакуација во иранскиот град Арак пред нови напади

Израелски одбранбени сили издадоа итно предупредување за евакуација на делови од иранскиот град Арак, во пресрет на планирани воздушни напади.Предупредувањето, објавено на персиски јазик на официјалниот профил на армијата на платформата X, се однесува на жителите на северозападниот дел од градот, како и на индустриската зона Хејрабад во регионот на Арак.„Во наредните часови ќе дејствуваме во ова подрачје, како што тоа го правевме во изминатите денови низ Иран, со цел да погодиме воена инфраструктура на иранскиот режим“, се наведува во пораката.Од израелската војска апелираат до населението веднаш да го напушти означеното подрачје, нагласувајќи дека мерката е во интерес на нивната безбедност.Предупредувањето доаѓа во контекст на ескалација на тензиите и засилени воени активности меѓу Израел и Иран.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

Разузнавачки проценки: Иран изгубил дел од арсеналот, но задржува значителен капацитет

САД можат со сигурност да потврдат дека уништиле околу една третина од ракетниот арсенал на Иран, изјавиле пет извори запознаени со американските разузнавачки податоци за Ројтерс.Според четворица од изворите, статусот на уште една третина од ракетите останува нејасен, но се претпоставува дека тие се оштетени, уништени или затрупани во подземни тунели и бункери како резултат на бомбардирањата.Еден од изворите навел дека слични проценки важат и за иранските беспилотни летала, при што постои одредено ниво на сигурност дека околу една третина од нивниот капацитет е уништен.Овие проценки, кои досега не биле јавно објавени, укажуваат дека и покрај значителните загуби, Техеран сè уште располага со значителен број ракети и би можел да обнови дел од оштетените или затрупаните системи по завршувањето на конфликтот.Информациите се разликуваат од неодамнешната изјава на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека Иран има „многу мал број преостанати ракети“.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
w_55664211

Ирачки Курдистан: САД не ги вооружува иранските Курди во егзил

Заменик-премиерот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Кубад Талабани, изјави дека САД не ги вооружуваат иранските курдски опозициски групи кои се наоѓаат во егзил во регионот.Во изјава за AFP, Талабани нагласил дека не се забележани никакви обиди од страна на САД или нивни структури за снабдување со оружје на овие групи во Ирачки Курдистан.Тој истовремено повторил дека властите во регионот се против било какво вклучување на иранските курдски опозициски групи во пошироките конфликти на Блискиот Исток, потенцирајќи дека таквото сценарио би можело дополнително да ја дестабилизира ситуацијата во регионот.Изјавата доаѓа во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток и шпекулациите за можни индиректни вмешувања на странски актери преку локални групи.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Министерот за здравство Азир Алиу откри сериозни разлики во продуктивноста на докторите во државните клиники за 2025 година. Според неговите податоци, некои лекари имаат двојно повеќе упати и операции од своите колеги, дури и во иста специјалност и институција, што отвора прашања за управување, системски недостатоци и распределба на работата.„Имаме и друга информација за доктори кои имаат најмногу реализирани упати за 2025 година, за шест месеци. Видете каква е разликата. Имаме доктор во една институција со 16.526 упати, и доктор во друга клиника со 7.352 упати. Се работи за различни специјалности, иако, имаме аутлајери кои мора да ги следиме за да разбереме како е можно, бидејќи платите и варијабилите и дополнителните исплати се важни. Има бројки кои се нелогични за системот и ќе видиме дали е недостаток на законски решенија или менаџирање.На пример за 2025, имаме доктор кој имал 1.134 операции и доктор кој што има 470. Се работи за иста специјалност тука. Овие двајца се во иста институција, но има и за различни институции каде што правиме компарација. Во секоја институција имате ваков тип на доктори кои што имаат операции и другите кои што немаат операции. Има во внатрешноста исто така и доктори кои што имаат нула операции направени“, изјави Алиу.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Пет лица од Скопје, Tетово, Охрид, Kичево и Велес уапсени за семејно насилство

На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети. На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, при што им се заканил и со остар предмет.На 26.03.2026 во 15:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 20-годишен син.На 26.03.2026 во 16:20 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишија од слобода В.В. (51) од селото. Преходно, во семејниот дом, по кратка расправија, таа била физички нападната од нејзиниот 65-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет, а потоа таа му возвратила со истиот предмет и му нанела повреди.На 26.03.2026 во 19:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишен велешанец и неговиот 58-годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес физички се пресметале. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили алкохол во крвта, а кај неговиот татко биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта.Тие биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library6odcd3b3703idPduakV

Предметите за полицајците од „Пулс“ без обвинител: Трајчева, која гонеше високи функционери од повеќе партии - не доби нов мандат

Гонеше функционери, застапуваше високо-профилни случаи пред суд, покрена обвинителни предлози и акт против полицајците за случајот „Пулс“, а членовите на Советот на јавни обвинители решија да не ѝ дадат нов мандат за гонење организиран криминал. Ивана Трајчева, обвинителката позната по гонењето на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, Исмет Гури од ДУИ, застапувањето на предметот „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, не доби можност да гони организиран криминал.Нејзиниот неизбор доаѓа откако таа ја заврши истрагата и покрена постапки против полицајците и началниците од МВР кои ги смета за одговорни во случајот „Пулс“. Со ова, еден од предметите, по одложувањата на две судења, ќе припадне во рацете на друг обвинител кој прво ќе треба да се запознае со теоријата на случај и доказите, па да даде воведни зборови.Изборот се случи денеска оти се чекаше новиот државен обвинител Ненад Савески да даде заклетва и да ја преземе функцијата. Тој пак, кажа дека за сите осум кандидати има високо мислење, но дека предност ќе добијат тие кои што не биле дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.„Ме разочарува што за 5 места има 8 кандидати. Порака до сите е да се мотивираат за да може изборот да биде поквалитетен. Да ги мотивираме сите да веруваат дека на секому треба да се даде шанса, а и предложените измени се во таа насока, подолг мандат но без продолжување. Прилика е на секој обвинител да се најде на таа позиција, да напредува во кариерата, а искуството од таму е тој да се гледа и во највисокото обвинителство. И јас ќе гласам за новите тројца кандидати“, рече Савески.Од Советот посочија дека предметите, како и во сите слични случаи, ќе продолжат со работа преку друг обвинител.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
drva-1

Украле 852,5 кубни метри дрва и го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над 3 милиони денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и протв Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Лопушник - Кичево, а потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница во која внел невистинити содржини и како таква третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „ман“ без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852.5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 3.191.760 денари.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески: На функцијата сум само неколку денови, ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Државниот јавен обвинител, Ненад Савески, на денешната седница на Советот на јавни обвинители истакна дека откако имал средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство, и дека планира средби и со јавните обвинители во подрачјата на вишите јавни обвинителства, а потоа и со основните.На прашање за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески нагласи дека нема да коментира ничија изјава. Исто така, тој потенцира дека е на функцијата само неколку дена и дека за сите предмети, вклучително и за гласините за „предмети што се чуваат во фиока“, јавноста ќе биде навремено известена.„Приоритет во овој момент е учеството на седниците, пополнување на испразнетите места и создавање на услови за работа таму каде што има недостаток на персонал. Секое постапување на Јавното обвинителство произлегува од законските регулативи“, нагласи Савески.Во однос на барањата за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, како и на информациите во врска со гувернерот Трајко Славески, Савески потенцира дека за сите постапки ќе се следат законските процедури и дека јавноста ќе биде информирана преку официјални соопштенија.„Имајте во предвид, само неколку денови сум на функција. Сè што ќе дојде по редослед на одлучување, ќе биде известено на јавноста преку медиумите“ заклучи Савески.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Недозволиво е премиер од собраниска говорница да нарачува што треба да работи јавниот обвинител, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со медиуми посочи дека однесувањето на власта претставува сериозно отстапување од демократските принципи и ја покажува концентрацијата на моќ во рацете на еден човек.„Единствена партија која што има вистински автократски манири е ВМРО-ДПМНЕ, единствена партија што нема потпретседатели и тоа е сериозен проблем. Не може сè да зависи од еден човек, не може еден човек да кажува и да нарачува што јавниот обвинител треба да работи и тоа да го прави од партиска говорница. Тоа е недозволиво во една демократија. Јасни се автократските манири и тенденции, а ние ги најавивме одамна, има повеќе од година дена кога најавивме како ќе се движи оваа држава“, рече Филипче.Тој додаде дека владината коалиција со недемократското владеење ја води државата во погрешна насока.„Сега ја води државата една целосно недемократска власт, една коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ чии што лидери имаат многу слични карактеристики, едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицковски ја предаде државата“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Уапсени 10 возачи за возење без дозвола и под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи и со двајца се извршени службени разговори за безобѕирно управување возило.Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Битола, Скопје и Свети Николе возеле без возачка дозвола, по еден во Тетово, Кичево, Дебар и еден во Крива Паланка. Возачот во Крива Паланка при лишувањето физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Едно лице од Дебар управувал возило и покрај што имал активна забрана, а едно лице во Скопје управувало возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryq8tfpn84v0p70UK3gLV

(Фото) Куршумите ги криеле во вентилацијата на автобусот на „Дурмо турс“ меѓу пакувања кафе, уапсени две лица

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце.„Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата.Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.Делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните“, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања