Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 ден
media-librarykj6n1m3depk8bloFG3Y

(Видео) „Христијанско братство“ застана зад осомничениот за убиство во Охрид: Не судете пред време

Од организацијата Христијанско братство, чиј член е Жарко Гроздановски, осомничен за убиство на охриѓанецот Климе Митрески поради користољубие, излегоа со јавна поддршка за него.Во кратко обраќање објавено на социјалните мрежи, член на организацијата порача дека тие „цврсто стојат зад братот Жаре“ и апелираше до јавноста да не носи заклучоци пред да се утврди вистината во постапката.„Ние како членови на Христијанско братство цврсто стоиме зад братот Жаре и ве молиме не го осудувајте човекот пред време, се додека не се докаже спротивното“, се наведува во објавата.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryofr1hrhf7or27XFDU7F

ЗНМ и ССНМ: Повикот на Обвинителството може да се сфати како притисок врз медиумите

Здружение на новинари на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници реагираа на соопштението на Основно јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации да „гарантираат“ почитување на етичките стандарди.Реакцијата доаѓа откако во јавноста се отворија прашања за неизборот на обвинителката која го водеше процесот против полицајците за случајот „Пулс“, односно дали оваа промена може да влијае врз текот и времетраењето на постапката.Од ЗНМ и ССНМ посочуваат дека ваквиот повик, без прецизно наведување на конкретни случаи на неетичко известување, може негативно да се протолкува во јавноста и да остави впечаток на обид за стишување на критичките гласови и ограничување на јавната дебата за прашања од висок јавен интерес.Како што информираат, ова било посочено и во директна комуникација со претставници на обвинителството, со цел да се надминат недоразбирањата.Тие нагласуваат дека професионалното и етичко известување е обврска на новинарите и медиумите, додека новинарските организации имаат улога да ги промовираат стандардите и да реагираат при нивно прекршување, но не можат и не треба да гарантираат за секоја објава или уредувачка одлука.Воедно потсетуваат дека постојат механизми за постапување при сомнеж за неетичко известување, меѓу кои претставки до Советот на честа при ЗНМ и до Советот за етика во медиумите во Македонија.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library0ooag7vkjlt75zK8v7l

(Видео) Балистички напад предизвика пожар во Неот Ховав

Голем пожар избувна во индустриската зона Неот Ховав, јужно од Бер Шева, по последниот ирански балистички напад, соопштија спасувачките служби. Засега во тој регион нема пријавено повредени.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarypb0hu429g7rt6jxqTRZ

Ирачката влада во тешка позиција помеѓу САД и Иран

Ирак, кој досега успеваше да ја одржува рамнотежата за да ги зачува своите сојузи со Вашингтон и Техеран, поради војната на Блискиот Исток сѐ потешко успева да избегне смртоносна ескалација, објавува France Presse.По нападите кои им се припишуваат на САД, Багдад го заостри тонот и го одобри „правото на одговор и одбрана“ на поранешните паравоени формации Хашд ал-Шаби, познати како Сили за народна мобилизација. Овие формации се дел од државните сили, но обединуваат и проирански вооружени фракции кои се бореле против Исламската држава и редовно преземаат одговорност за напади со беспилотни летала и ракети врз американските цели. Од почетокот на американско-израелската офанзива против Иран на 28 февруари, тие повеќепати ја нападнале американската амбасада во Багдад.И покрај војната, Ирак се обидува да одржи одредена рамнотежа меѓу својот американски партнер и иранскиот сојузник. Владата повика на разговор американски службеник по смртоносниот напад врз Хашд ал-Шаби, како и иранскиот амбасадор по нападите со балистички проектили во кои загинаа шест војници од автономниот Курдистан.Експертите предупредуваат дека владата се наоѓа во тешка позиција: не може да влезе во отворен конфликт со САД, но не може ниту да ги спречи проиранските групи да вршат напади во земјата и надвор од неа. Со појачаните воздушни напади врз овие формации, ризикот од ескалација и можен граѓански конфликт расте секојдневно.Силите Хашд ал-Шаби, кои бројат околу шеесет фракции, се концентрирани во провинциите Ал-Анбар, Нинива, Киркук и Џурф ал-Сахар, каде што делуваат заедно со редовната војска. Целта на американските напади е да се ослабат лидерите и командните центри на овие групи, но тие сепак задржуваат можност за штета со ракети и беспилотни летала.Експертите истакнуваат дека без политичка стратегија, овие напади ќе доведат само до фрагментација и хаос, а ирачката влада сѐ уште нема средства да ги принуди групите да се разоружаат без ризик од граѓанска војна.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryc0259ossq4c51yizE9s

Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба

Започнуваме со сериозен проект за реконструкција, надградба и модернизација на охрискиот аеродорм Св. Апостол Павле, што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор што е за 2.500 квадратни повеќе од постојниот простор. Ова е прва реконструкција и надградба од овој обем по изградбата на овој аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи.Вицепремиерот во својот говор истакна дека ова е значајна инвестиција во време кога Владата со своите политики сериозно го развива авиосообраќајот преку воведување на 24 нови авиолинии, превезени преку 3, 3 милиони патници и крупни инфраструктурни проекти околу аеродромот.“Ова е навистина еден посебен ден, затоа што можете сите да видите дека започнуваме so сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Ова практично се случува во оваа големина и на овој начин прв пат откако аеродромот е изграден. После добивањето на концесијата со ТАВ се прошири и се модернизираше аеродромската писта, а сега еве прв пат имаме сериозно проширување, надградување и реконструкција на аеродромот што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор, што е некаде зголемување за 2.500 квадратни од постојниот простор.Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, за патници кои што пријатно ќе се чувствуваат кога се летуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ќе значи многу повеќе можност за туризам, за бизнис и за поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е оваа што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции кои што сакам да ги спомнам.Прво, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат.  Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс” – се обрати вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Министерство за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Н.А.Л. (43) од Скопје.Од страна на лекар била констатирана смрт, по што бил извршен увид на местото на настанот.По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-library80jetpgm7du01vy95rD

Астрономите открија ѕвезда со тајни за првата светлина во универзумот

Астрономите открија исклучително ретка ѕвезда која носи хемиски траги од првата генерација ѕвезди во универзумот, давајќи уникатен увид во космичката зора. Ѕвездата, наречена PicII-503, е толку сиромашна со тешки елементи што морала да се формира веднаш по првите ѕвезди што го осветлиле раниот универзум, објавува ScienceAlert.PicII-503 е најсиромашна со железо ѕвезда пронајдена надвор од Млечниот Пат и се наоѓа во старата џуџеста галаксија Пиктор II, стара повеќе од 10 милијарди години. Оваа галаксија се смета за „фосилна“ бидејќи во неа не се формирале нови ѕвезди со милијарди години, што ја прави идеално место за пронаоѓање ѕвезди од втора генерација формирани од остатоците на првите ѕвезди.Астрономите користеле податоци од истражувањето MAGIC за да ја идентификуваат ѕвездата PicII-503, која веднаш се истакнала по својот необичен спектар. Таа има околу 43.000 пати помалку железо и 160.000 пати помалку калциум од Сонцето, додека количината на јаглерод е огромна – околу 3.000 пати поголема во однос на овие елементи. Оваа нерамнотежа укажува дека ѕвездата потекнува од остатоците на слаба супернова, каде тешките елементи како железото и калциумот се враќале во јадрото, додека полесните елементи како јаглеродот се распрскувале во вселената.Откритието дава и можен увид во древните ѕвезди во халото на Млечниот Пат, бидејќи нашата галаксија во текот на својата историја апсорбирала многу помали галаксии, и Пиктор II би можела на крајот да ја доживее истата судбина. Истражувањето е објавено во списанието Nature Astronomy.

Магазин | пред 1 ден

1 ден
media-librarymd7157lmn8j21StAFPa

Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати: Иран мора да плати отштета

Анвар Гаргаш, дипломатски советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, во објава на X истакна дека секое политичко решение во врска со иранската агресија против арапските земји од Персискиот Залив мора да вклучува јасни гаранции за спречување на идни прекршувања, зачувување на принципот на ненапаѓање и обврска на Иран за компензација за напади врз цивили и клучна инфраструктура.Гаргаш додаде дека Иран пред војната ги излажал своите соседи за своите намери и покажал претходно планирана агресија, поради што овие два пристапи се неопходни во справувањето со режим кој се претвори во главна закана за безбедноста на арапскиот Персиски Залив.

Свет | пред 1 ден

1 ден
krv-karpos-3

Лицата со крвна група Б имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2

Лицата со крвна група Б би требало да обрнат малку поголемо внимание на животните навики што се поврзани со ризикот од дијабетес. Според сеопфатен преглед објавен во 2024 година, лицата со крвна група Б, без разлика на Rh факторот, имаат малку поголем ризик од развој на дијабетес тип 2 во споредба со лицата што ја немаат оваа крвна група, објавува Science Alert.Ризикот е во просек поголем за околу 28 проценти. Иако не станува збор за голем процент, тоа може да биде значајно, особено ако постојат и други фактори на ризик. Тимот предводен од епидемиологот Фанг-Хуа Лиу од болницата Шенгџинг при Кинескиот медицински универзитет истакнува дека ова е единствена убедлива поврзаност пронајдена меѓу стотици анализирани податоци за крвните групи и здравствените исходи.Лиу и нејзините колеги ги прегледале 51 систематски преглед со мета-анализи, покривајќи вкупно 270 различни поврзаности. По детална анализа, само поврзаноста помеѓу крвната група Б и ризикот од дијабетес тип 2 ги задоволила највисоките критериуми за докази.Лиу објаснува дека иако ризикот од 28 проценти е релативно мал во споредба со влијанието на исхраната, телесната тежина или начинот на живот, сепак е нешто што луѓето можат да го земат предвид при проценка на личниот ризик. На пример, внесот на само 50 грама преработено месо дневно го зголемува ризикот за 37 проценти, додека седечкиот начин на живот може да го зголеми ризикот за дури 112 проценти.Истражувачите не се занимавале со причините за оваа поврзаност, но една студија од 2025 година сугерира дека цревниот микробиом може да игра улога, што ќе бара дополнителни истражувања.Студијата ја нагласува потребата од поцелосни и посериозни истражувања за разбирање на врската меѓу крвната група и различни болести. Истражувањето е објавено во списанието BMC Medicine.

Магазин | пред 1 ден

1 ден
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Долно Седларце, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во 70-годишниот пешак З.С. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник нападнат на автобуска станица во Карпош

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година околу 23:00 часот, на автобуска постојка на подрачјето на општина Карпош во Скопје, малолетник од село Волково, скопско, бил физички нападнат од група малолетници.Од МВР велат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: повредени малолетничка и пешак

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле на 28 март 2026 година на подрачјето на Скопје, во кои се повредени малолетничка и повозрасна жена.Првата незгода била пријавена околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“, каде што патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И. (55) од Штип, удрило во детски тротинет управуван од малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка, која се превезувала на тротинетот. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Втората незгода се случила околу 09:15 часот на крстосница од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“, каде што патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К. (68) од Скопје, удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје. Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди, исто така констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Увид на двете места на настаните извршиле екипи од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Велес

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 07:00 часот на улицата „Сараевска“ во селото Горно Оризари, велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.Според информациите од МВР, во незгодата учествувале патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (51) од селото Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Ј.А. од истото село.Во несреќата, Ј.Х. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ј.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Приведени две лица во Свети Николе, пронајдена прашкаста материја

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишиле од слобода две лица, А.П. (25) од селото Горобинци и Д.Т. (30) од Свети Николе.Како што соопштува МВР, по претходно издадена судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени прашкаста материја, шише со течност и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. При тоа, кај А.П., која била затекната во домот, исто така била пронајдена и одземена прашкаста материја.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на Аеродромот Свети Апостол Павле, оценувајќи дека станува збор за значаен момент за развојот на охридското крајбрежје и регионот.Тој истакна дека со реконструкцијата ќе се зголемат капацитетот и квалитетот на аеродромот, со очекување проектот да биде завршен во предвидениот рок.Мицкоски информираше дека во првите два месеци од годинава е забележан значителен раст на бројот на патници, при што на Меѓународен аеродром Скопје има зголемување од 30 проценти, а на охридскиот аеродром околу 20 проценти. Според него, очекувањата се годинава да заврши со двоцифрен раст на двата аеродроми.Премиерот најави и интензивни активности со странски туроператори за привлекување туристи, при што со еден од нив преговорите се во завршна фаза. Станува збор за договор што би донел околу половина милион ноќевања надвор од летната сезона.„Анализите покажуваат дека овие гости трошат просечно околу 170 евра дневно, што значи дека само надвор од сезоната ќе се остварат околу 85 милиони евра во туризмот и угостителството на охридското крајбрежје“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека ваквите инвестиции ќе овозможат задржување на работниците во туристичкиот сектор и во периодот надвор од главната сезона, како и зголемување на бројот на туристи од земји како Скандинавија, Обединетото Кралство, Германија и Франција.Мицкоски порача дека реконструкцијата на аеродромот е значаен чекор кон развој на туризмот и економијата во регионот, изразувајќи очекување придобивките наскоро да ги почувствуваат граѓаните и бизнисите.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се занимава со нас

Од СДСМ денеска ја критикуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, секојдневни напади и „црна кампања“ против партијата и нејзиниот претседател, министерот за здравство Венко Филипче. Според партијата, опозицијата шири измислени афери, лажни анкети и негативни објави во дел од медиумите.„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да не дискредитира од сите страни – преку јавен линч, небулозни прес-конференции, совети за реформи и платформи за рушење на СДСМ од внатре“, се вели во соопштението на партијата.Од СДСМ додаваат дека, и покрај овие напади, граѓаните ги препознаваат резултатите на партијата, која, според нив, ги исполнила ветувањата, вклучувајќи ја и смената на името на државата.Партијата исто така укажува на потребата за внимателно работење со анкетите и медиумските трошоци, со цел да се одржи довербата на граѓаните.„Македонија повторно горда“, завршува соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран тврди дека има целосна контрола врз клучните води во близина на Ормускиот теснец

Командантот на иранската морнарица упати предупредување за можна одмазда кон американските сили во регионот, пренесуваат иранските медиуми.Како што известува агенцијата Тасним, командантот изјавил дека Иран ќе чека американските сили да се приближат на дострел, предупредувајќи дека тие би можеле да бидат гаѓани со брегови ракетни системи.Тој тврди дека носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ бил принуден да се повлече стотици милји од иранските територијални води поради иранските ракетни операции и маневри.Дополнително, командантот истакнал дека источниот дел на Ормускиот теснец и Оманското Море сега се под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република Иран.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-library9i6k2llcnt7m6xiBumf

Алкохол и без дозвола: Приведени возачи низ Македонија

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие полициските службеници лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со возило.Според Министерство за внатрешни работи, двајца од приведените управувале возило без возачка дозвола, едно лице управувало мотоцикл без положен возачки испит, додека тројца возеле под дејство на алкохол.Во Гевгелија е затекнат возач кој управувал мотоцикл без дозвола, а слични прекршоци се евидентирани и во општина Чашка и во Скопје.Во однос на возењето под дејство на алкохол, случаи се регистрирани во Битола, Скопје и Охрид, при што кај возач во Охрид биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Воедно, упатен е апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Премиерот Христијан Мицкоски со ироничен тон одговори на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека се распаѓа коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.„Понекогаш во поинаква рубрика треба да се коментираат неговите изјави – имаше порано хумор и сатира, можеби таму е местото за тие изјави“, изјави Мицкоски.На директното прашање дали има вистина во тврдењата за распад на коалицијата, премиерот кратко одговори: „Апсолутно не“.Со ова, Мицкоски ги отфрли шпекулациите за нарушени односи во владејачкото мнозинство, оценувајќи ги како неосновани политички конструкции.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет без јасна предвидливост и конечен исход на процесот.Говорејќи за позициите на Европска Унија, која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, Мицкоски истакна дека нема намера „по било која цена“ да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.„Ако тоа е единствениот услов, а во сè друго да бидеме најдобри – жалам, нема тука добар соговорник без да бидат исполнети и другите детали“, изјави премиерот.Тој додаде дека процесот не може да продолжи без јасни гаранции за правата на македонската заедница во Бугарија, како и без конкретни заклучоци од Европскиот совет кои би ја дефинирале крајната цел.Во своето обраќање, Мицкоски направи и историска паралела, посочувајќи дека за одредени политики во регионот се чекало со децении, нагласувајќи дека Македонија е подготвена да чека доколку условите не се јасни и праведни.„Нема да влегуваме во процес кој ќе нè одведе во ново политичко мочуриште“, рече тој, додавајќи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата.Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е во напредна фаза на разговори со тур-оператори за значително зголемување на бројот на туристи на охридското крајбрежје, особено надвор од главната туристичка сезона.Според него, се работи на договор кој треба да донесе околу половина милион ноќевања во вонсезонскиот период, што би значело просечно околу 2.000 гости дневно.Анализите, како што посочи, покажуваат дека овие туристи трошат во просек по 170 евра дневно, вклучително и за сместување, што би генерирало приближно 85 милиони евра приходи надвор од сезоната.„Ова е сериозен економски импакт, но и можност за хотелиерите да го задржат персоналот во текот на целата година, наместо да се соочуваат со сезонски отпуштања“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека во наредниот период ќе се работи и на унапредување на сместувачките капацитети, со цел да се одговори на очекуваниот раст на побарувачката.Најавите доаѓаат паралелно со инвестициите во Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, што треба дополнително да ја зајакне туристичката понуда и поврзаноста на регионот.

Настани | пред 1 ден

1 ден
media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски најави сериозна надградба и реконструкција на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон зголемување на туристичкиот и транспортниот капацитет на земјата.Тој посочи дека по претходната модернизација на пистата по доделувањето на концесијата на ТАВ Македонија, сега следува нова фаза на развој со проширување од околу 2.500 квадратни метри.„Ова ќе значи повеќе патници, подобра поврзаност и директен поттик за туризмот“, истакна Николоски, додавајќи дека паралелно се реализираат и други инфраструктурни и безбедносни проекти.Во таа насока, ги посочи активностите на М-НАВ во делот на воздушната безбедност, како и изградбата на патниот правец Охрид–Кичево, со што се подобрува пристапноста до аеродромот.Според него, целта е веќе следната година двата македонски аеродроми да достигнат над 4 милиони патници, што би претставувало значителен раст на воздушниот сообраќај.Николоски најави дека реконструкцијата треба да заврши во текот на летото, со очекување во јули да биде организирано и свечено отворање, по што охридскиот аеродром ќе функционира со „комплетно нова приказна“.

Настани | пред 1 ден

1 ден
media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, со цел зголемување на капацитетите и подобрување на условите за патниците и вработените.Како што соопшти генералниот директор Неџат Курт на ТАВ Македонија, проектот предвидува проширување на патничкиот капацитет, зголемување на просторот за безбедносна контрола на патници и багаж, како и проширување на административната зграда.Во рамки на инвестицијата ќе бидат изградени нови канцеларии за граничната полиција, паркинг за вработените и кафетерија, со што значително ќе се подобрат условите за работа и престој на аеродромот.„Оперативноста на аеродромот ќе продолжи додека се изведуваат градежните работи, а се очекува тие да завршат кон крајот на мај. Овој проект ќе му даде сосема нов лик на охридскиот аеродром и ќе овозможи подобро секојдневие за сите што се дел од воздушниот сообраќај“, изјави Курт.Дополнително, беше најавено дека Визер започнува со нова авиолинија од Охрид до Милано, што го означува почетокот на летната сезона. Со ова се надополнуваат постојните линии кон европските дестинации, меѓу кои и Братислава и Виена.Инвестицијата доаѓа во период кога се очекува зголемен број патници во текот на летната туристичка сезона, при што модернизацијата на инфраструктурата треба да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај.

Настани | пред 1 ден

1 ден
media-library8s3daj0ifm8md4KQtk4

Илјадници обиди за шверц: Царината открила 6.994 случаи во 2025

Царинарница Куманово, во рамки на Царинска управа, во текот на 2025 година наплатила вкупно 8,4 милијарди денари приходи, што претставува раст од 6 проценти, односно за 503,7 милиони денари повеќе во споредба со претходната година.Во истиот период, откриени се вкупно 6.994 обиди за нелегални дејствија, по што се изготвени соодветни записници и дополнително се пресметани 560,1 милион денари, односно околу 9,1 милион евра по основ на избегнати давачки.Меѓу позначајните случаи, на граничниот премин Табановце бил спречен обид за криумчарење на 134 килограми марихуана.На Деве Баир е пресечен обид за нелегален пренос на златен накит со вредност од 3,5 милиони денари.Додека, на преминот Пелинце бил спречен шверц на 15 златни монети и индустриско злато, како и осум сребрени монети и индустриско сребро, со вкупна вредност од 2,4 милиони денари.Податоците укажуваат на зголемена ефикасност на царинските служби, но и на континуиран притисок од обиди за шверц и избегнување на давачки, што останува сериозен предизвик за институциите.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryts2ckgnkn7lu4uFLH2c

Советник од Гевгелија алармира: Црн исцедок од депонија се влева кон браната Топлик

Членот на Советот на Општина Гевгелија, Борче Нечевски, алармира за сериозно загадување поврзано со депонијата управувана од ЈПКД Комуналец, тврдејќи дека од неа се излева исцедок кој завршува во водотек што се влева во браната Топлик.На осмата седница на Советот, на која според него, се разгледувале извештаите за работата на инспекциските служби, Нечевски јавно поставил прашања дали е извршен надзор врз депонијата и дали е констатирано истекување на загадена течност. Тој предупредил дека станува збор за сериозен еколошки проблем и побарал проверка дали управувањето е согласно Б-интегрираната еколошка дозвола.Според него, одговорот од надлежните бил дека ќе се направи дополнителна проверка. На истата седница, во присуство на директорот на претпријатието, темата повторно била отворена, при што било посочено дека „нема шанси да има исцедок“, со образложение дека депонијата располага со соодветна заштитна инфраструктура.Нечевски, сепак, тврди дека лично излегол на терен и ја проверил состојбата. Како што наведува, по пешачење од околу 12 километри долж водотекот, стигнал до локацијата и ја документирал состојбата со фотографии и видеа.„Она што го видов е загрижувачко. Исцедок постои, а водата е загадена“, наведува Нечевски, додавајќи дека станува збор за потенцијална еколошка катастрофа.Тој бара итна инспекциска контрола, јавно објавување на наодите, утврдување одговорност и преземање мерки за заштита на животната средина.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања