Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Не можела поинаку! Институциите реагираат дури по трагедија“, вели психологот Ивановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
media-library0e0g9nieuodh6OK8K96

Психологот и гешталт психотерапевт м-р Тиана Ивановска, по трагедијата во која животот го загубија Ивана и нејзината ќерка Катја по пад од балкон, остро реагираше за, како што вели, системските пропусти во институциите кои треба да ги штитат жртвите на семејно насилство.

— реклама —

Ивановска посочува дека две години работела како психолог во анонимен шелтер за жени жртви на семејно насилство и дека во тој период сведочела на, како што наведува, бројни случаи на „институционална глувост, некадарност и партиски вработувања“ во системот за социјална заштита.

— реклама —

Според неа, постојат сериозни пропусти во начинот на кој институциите постапуваат со жртвите. Таа наведува пример кога жена жртва на насилство била транспортирана во анонимен шелтер со службено обележано возило на Центарот за социјална работа, што, според неа, ја довело во дополнителна опасност.

— реклама —

Ивановска посочува и дека често се случува насилниците да продолжат со закани и притисоци, додека институциите бавно реагираат, а во некои случаи се завршува само со „консултативни разговори“ наместо со конкретни заштитни мерки.

„Тоа што ние го гледаме однапред, вие го гледате отпосле, откако ќе се случи трагедија“, наведува таа, додавајќи дека жртвите често живеат под постојан страв и закани.

Таа повика сите институционални пропусти во случајот детално да се испитаат и одговорните лица да бидат санкционирани.

„Земете ги сите досиеја и проверете ги до последната точка. Сите пропусти да се најдат и да се казнат“, порача Ивановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 2 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 3 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 4 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања