Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГРЕНЛАНД

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Данска и Гренланд разговараат за можно распоредување на НАТО на Арктикот

Данска и Гренланд разговарале за можноста за распоредување на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, во Брисел.Поулсен нагласи дека иницијативата била предложена од данска страна и дека генералниот секретар на НАТО ја примил на знаење. Според него, постои надеж дека во наредниот период ќе може да се воспостави јасна рамка за тоа како ваква мисија би можела да се реализира на терен.Тој додаде дека разговорите се целосно усогласени со ставовите и позициите на владата на Гренланд, истакнувајќи дека сите чекори се координираат со локалните власти.Разговорите се одвиваат во чувствителен момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите поврзани со прашањето за суверенитетот над Гренланд, кој припаѓа на Данска. Таквите потези предизвикаа реакции и во Европската унија, каде што, според медиумските извештаи, се разгледува можноста за воведување сопствени мерки како одговор на зголемените притисоци.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybn98mqsl2pda3bfjsIo

Норвешкиот премиер: Му објаснив на Трамп дека Нобеловата награда не ја доделува нашата влада

Американскиот претседател Доналд Трамп го поврза својот заострен став кон Гренланд со минатогодишната одлука да не му биде доделена Нобеловата награда за мир. Во порака испратена до норвешкиот премиер Јонас Гар Стере, Трамп напишал дека повеќе не чувствува обврска да размислува „исклучиво за мир“, алудирајќи на одлуката на Нобеловиот комитет.Оваа порака дополнително ги заостри односите меѓу Вашингтон и неговите најблиски европски сојузници, во контекст на заканите на Трамп за преземање на Гренланд, самоуправна територија во рамки на Кралството Данска. Во саботата, Трамп најави воведување царина од 10 проценти на увозот на стоки од осум земји кои застанале на страната на Данска и Гренланд, мерка што треба да стапи во сила во февруари.Земјите на кои се однесува мерката упатија остри реакции, додека британскиот премиер Кир Стармер се обиде да ја смири ситуацијата. Иако Белата куќа не ја исклучи можноста за употреба на сила за преземање на стратешки важниот арктички регион, Стармер изјави дека не верува оти ќе дојде до воена акција и нагласи дека проблемот треба да се реши преку мирен дијалог.Сепак, пораката на Трамп до норвешкиот премиер може дополнително да ги наруши веќе оптоварените односи меѓу САД и Европа, кои со месеци се соочуваат со несогласувања околу војната во Украина, трговските царини, воените трошоци и миграциската политика.Во изминатите денови, тензиите дополнително пораснаа. За време на викендот, илјадници жители на Гренланд излегоа на протести против какви било обиди за преземање на островот. Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, порача дека заканите со царини нема да го променат нивниот став и истакна дека нема да подлегнат на притисоци.Во исто време, министерката за економија, минерали, енергија, правда и еднаквост на Гренланд, Нааја Натаниелсен, за Асошиејтед прес изјави дека брзата реакција на сојузниците ја охрабрува и дека покажува оти станува збор за прашање „поголемо од самиот Гренланд“.Во пораката што Трамп ја испратил до Стере, а која ја објави норвешката влада, меѓу другото стои дека, поради тоа што не му била доделена Нобеловата награда за мир за, како што тврди, запирање на повеќе војни, повеќе не чувствува обврска да се води само од идејата за мир, туку да размислува за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Пораката завршува со тврдење дека светот нема да биде безбеден доколку САД немаат целосна контрола врз Гренланд.Норвешкиот премиер потврди дека пораката била одговор на претходна порака што тој и финскиот претседател Александер Стуб ја испратиле до Трамп, во која се спротивставиле на најавените царини и повикале на смирување на тензиите. Стере нагласи дека ставот на Норвешка е јасен, дека Гренланд е дел од Кралството Данска и дека неговата земја целосно ја поддржува Данска. Тој појасни и дека Нобеловата награда за мир ја доделува независен комитет, а не норвешката влада.Стере изјави дека не одговорил на пораката на Трамп, но дека и понатаму смета оти е мудро да се разговара и изрази надеж дека ќе има можност за разговор со американскиот претседател оваа недела во Давос.Американскиот министер за финансии Скот Бесент, пак, го бранеше пристапот на Трамп кон Гренланд за време на Светскиот економски форум во Давос. Тој оцени дека е бесмислено да се тврди оти ставот на претседателот е поврзан со Нобеловата награда и нагласи дека Трамп го гледа Гренланд како стратешки ресурс за САД, додавајќи дека безбедноста на американската хемисфера нема да му биде препуштена на никој друг.Трамп и претходно јавно ја изразуваше желбата да ја добие Нобеловата награда за мир, која минатата година му беше доделена на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. Минатата недела, таа му ја врачи својата Нобелова медала на Трамп, кој изјави дека планира да ја задржи, иако Нобеловиот комитет соопшти дека наградата не може да се поништи, пренесе или сподели со друго лице.

Свет | пред 2 месеци

grenlan

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд со нови трупи и воена вежба

Поголем број дански борбени војници, кој од страна на армијата се оценува како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигне во Кангерлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за телевизијата ТВ 2, наведувајќи дека станува збор за дополнително зајакнување на веќе распоредениот воен контингент.Според извештајот на ТВ 2, заедно со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, генерал-потполковник Питер Бојсен. Неговото присуство се толкува како сигнал за сериозноста со која Копенхаген ја третира актуелната безбедносна состојба на островот.На Гренланд и во овој момент веќе се распоредени стотици дански војници. Претходно, командантот на Арктичката команда, Сорен Андерсен, соопшти дека околу 100 војници веќе пристигнале во главниот град Нуук, додека сличен број бил распореден и во Кангерлусак. Токму таму е планирано одржување на воената вежба „Арктичка издржливост“, која е забрзана и проширена во обем по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во повеќе наврати јавно изјави дека Соединетите Американски Држави имаат интерес да го преземат Гренланд, што предизвика остра реакција во Данска и пошироко во Европа. Како одговор на тие изјави, данските власти одлучија да го зајакнат военото присуство на островот и да ја подигнат подготвеноста на своите сили во арктички услови.Со засиленото распоредување и најавената воена вежба, Копенхаген испраќа порака дека суверенитетот и безбедноста на Гренланд се стратешки приоритет за Данска, особено во контекст на зголемените геополитички тензии околу Арктикот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarytd27760ljl7e1xesfMb

Данска одлучи: „Испраќаме значителен број војници на Гренланд“

Поголем број дански борбени војници, опишани како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигнат во Кангeрлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за националната телевизија ТВ 2.Според известувањето, со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен. Пристигнатите сили ќе учествуваат во натамошното зајакнување на данскиот воен контингент, кој веќе е распоредуван на островот.Претходно, командантот на Арктичката команда, Сорен Андерсен, изјави дека во главниот град Нук веќе пристигнале околу 100 дански војници, додека сличен број бил распореден и во Кангeрлусак. Токму таму треба да започне воената вежба „Арктичка издржливост“, која е забрзана и проширена по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во повеќе наврати јавно изрази желба Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави, што предизвика загриженост и дополнително засилување на безбедносните активности на Данска во арктичкиот регион.

Свет | пред 2 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Ескалација околу Гренланд: Трамп ја обвинува Данска и најавува решителни чекори

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Данска не презела никакви конкретни чекори за, како што рече, отстранување на „руската закана“ од Гренланд, нагласувајќи дека „сега е време и тоа ќе биде направено“.„НАТО веќе 20 години ѝ зборува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не направи ништо по тоа прашање“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушал, која е во негова сопственост.Белата куќа, данското претседателство со Европската унија и данското Министерство за надворешни работи засега не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.Трамп во повеќе наврати истакна дека нема да прифати ништо помалку од американско сопствеништво над Гренланд, автономна територија на Данска. Данските и гренландските власти, пак, повторуваат дека островот не е на продажба и дека не сака да стане дел од Соединетите Американски Држави.Во саботата, Трамп се закани со воведување нов бран повисоки царини за европските сојузници, доколку на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд. Според него, зголеменото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од клучно значење за безбедносните интереси на САД.Од Данска и од други европски земји посочуваат дека Гренланд веќе е опфатен со НАТО-договорот за колективна безбедност, нагласувајќи дека безбедноста на островот е заедничка одговорност на Алијансата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjts5lir5mbbtdskv23z

Трансатлантските односи на раб на пукање поради Гренланд и новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да воведе царини за земјите кои го поддржаа Гренланд ги доведе трансатлантските односи до точка на сериозна ескалација, а лидерите на Европската Унија разгледуваат досега незамисливи форми на одмазда против Вашингтон, објави Politico.Односите меѓу САД и ЕУ веќе со месеци се нарушени поради американското двоумење околу поддршката за Украина, притисоците врз земјите членки на ЕУ да прифатат неповолен трговски договор и барањата сојузниците во НАТО драстично да ги зголемат трошоците за одбрана.Тензиите дополнително ескалираа откако Трамп ги засили претензиите кон Гренланд, што за време на викендот предизвика протести на улиците на Нук и Копенхаген. Европските лидери сега се соочуваат со сѐ погласни повици да го напуштат досегашниот умерен пристап и да се подготват за директен судир со САД.Во Брисел сѐ почесто се споменува можноста Европа да го активира т.н. Инструмент против присила – трговската „базука“ на ЕУ. Станува збор за моќен механизам за трговска одмазда, првично осмислен како средство за одвраќање на Кина, кој ѝ овозможува на Унијата да воведе царини и ограничувања за инвестиции кон држави што вршат економски притисок.„ЕУ треба да биде подготвена да примени целни и пропорционални контрамерки“, порача Валери Хајер, лидерка на центристичката група Renew Europe во Европскиот парламент.Таа истакна дека активирањето на Инструментот против присила мора сериозно да се разгледа, бидејќи токму за вакви случаи на економска закана е создаден.Францускиот претседател Емануел Макрон не даде директна поддршка за ваков чекор, но јасно навести можен одговор, изјавувајќи дека Европа ќе реагира „обединето и координирано“ доколку царините на Трамп навистина стапат на сила.Европскиот парламент веќе најави подготвеност да дејствува, вклучително и преку блокирање на ратификацијата на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД. Лидерот на европските конзервативци Манфред Вебер изјави дека „во оваа фаза не е можно“ договорот да добие зелено светло.Сепак, активирањето на Инструментот против присила би претставувало значително порадикален чекор, бидејќи тоа би значело примена на алатка наменета за ривалски држави против најголемиот сојузник на ЕУ.„Убеден сум дека не смееме да попуштиме. Спротивставувањето на нов обид за понижување и вазализација е единствениот начин Европа конечно да се афирмира како геополитички актер“, изјави поранешниот француски дипломат Жереми Галон.И покрај повиците за остар одговор, извозно ориентираните европски економии стравуваат од целосна трговска војна со САД, особено ако се земе предвид дека спорот се води околу Гренланд – остров со околу 57.000 жители, кој уште во 1985 година гласаше за излез од тогашната Европска заедница.Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович оцени дека во актуелните услови би било „многу комплицирано“ да се одобри трговски договор со САД, предупредувајќи дека новите американски царини можат да предизвикаат „многу опасна надолна спирала“ која Европа треба по секоја цена да ја избегне.Според извори во Брисел, подготвеноста за конфронтација е значително помала во главните градови на земјите членки отколку во Европскиот парламент.„Амбасадорите имаат сосема поинаков пристап. Ретко Европскиот парламент и Советот се целосно усогласени, особено за прашања како ова“, изјави висок функционер на ЕУ за Politico.Во меѓувреме, европската стратегија за одговор на заканите од Трамп интензивно се обликува. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта се враќаа од Латинска Америка токму во момент кога прашањето за односите со САД стана централна тема.Се очекува европските лидери да се водат од долгорочните економски и безбедносни интереси на Унијата – зачувување на НАТО, но и паралелно јакнење на европската самостојност во одбраната. Во таа насока, фон дер Лајен минатата недела најави нова безбедносна стратегија за ЕУ, а во наредните денови се очекува и презентирање на планови за зајакнување на кибер-безбедноста.

Свет | пред 2 месеци

media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Поранешниот шеф на НАТО предупредува: Америчко преземање на Гренланд ќе го разниша светот, тоа ќе е крај на светскиот поредок каков што го познаваме

Поранешниот генерален секретар на НАТО и екс-премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека евентуално насилно преземање на Гренланд од страна на САД би претставувало „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“.Во изјава за Фајненшл тајмс, Расмусен оцени дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд е загрижувачка и ја спореди со јазикот што го користат, како што рече, „гангстери во Русија и Кина“, држави кои, според него, САД треба да се обидуваат да ги контролираат, а не да им наликуваат.„За мене ова е болен процес. Од детството ги гледав Соединетите Држави како природен лидер на слободниот свет. Дури зборував и за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, потсетувајќи дека токму тој, како дански премиер, испраќал војници да се борат рамо до рамо со Американците во Авганистан.Тој додаде дека денес САД користат реторика која е „премногу блиска до гангстерите во Москва и Пекинг“, предупредувајќи дека ваквите тензии и поделби во рамките на Западот директно ѝ одат во прилог на Русија.„Сигурен сум дека Москва се надева дека Гренланд ќе стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, истакна Расмусен, нагласувајќи дека прашањето далеку ги надминува рамките на Данска и Гренланд.„Ова не е само данско или гренландско прашање. Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, заклучи поранешниот генерален секретар на НАТО.

Свет | пред 2 месеци

pedro-sances

Санчез: Американска инвазија на Гренланд би била подарок за Путин

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека евентуална американска воена интервенција на Гренланд би имала сериозни геополитички последици и директно би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин.Во интервју за шпанскиот весник La Vanguardia, Санчез оцени дека американска инвазија врз Гренланд, кој е автономна територија во рамки на Кралството Данска, би го направила Путин „најсреќниот човек на светот“.„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би се легитимирал неговиот обид за инвазија врз Украина“, изјави Санчез.Според него, употребата на сила од страна на Соединетите Американски Држави би имала разорен ефект врз Северноатлантската алијанса.„Доколку Соединетите Држави употребат сила, тоа би бил смртоносен удар за НАТО. Путин во таков случај би бил двојно среќен“, додаде шпанскиот премиер.Санчез предупреди дека вакво сценарио би ја поткопало меѓународната правна рамка и би испратило опасна порака, со која би се релативизирале принципите на територијален интегритет и суверенитет, врз кои, како што истакна, почива европската и глобалната безбедност.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за европските сојузници додека САД не добијат дозвола за купување на Гренланд. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп соопшти дека од 1 февруари царините од 10% ќе стапат на сила за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Од 1 јуни, тие ќе се зголемат на 25% и ќе останат на сила додека не се постигне договор за американското купување на островот.Трамп ги обвини неколку европски земји дека играат „многу опасна игра“ на Гренланд и истакна дека „во прашање е светскиот мир“. Тој посочи дека овие држави патувале на Гренланд со непозната цел, преземајќи неприфатлив ризик за безбедноста на регионот и глобалната стабилност.Претседателот истакна дека САД, под негово водство, се единствената земја која може успешно да „игра“ на ова поле и да го заштити овој „свет“ дел на Земјата, особено поради националната безбедност на Соединетите држави и безбедноста на светот во целина.Според Трамп, мерката за воведување царини е неопходна за заштита на глобалниот мир и безбедност, а од 1 февруари 2026 година сите наведени земји ќе плаќаат царина од 10% на сите производи испратени во САД. Од 1 јуни 2026 година царината ќе се зголеми на 25%, а ќе остане на сила додека не се постигне конечна продажба на Гренланд.Трамп истакнува дека САД се обидуваат да ја реализираат оваа трансакција веќе повеќе од 150 години, но досега Данска секогаш ја одбивала продажбата. Сега, според него, поради современите одбранбени и офанзивни системи, како и „Златната купола“, потребата за стекнување на Гренланд станува особено важна за максимална ефикасност и заштита.САД се подготвени веднаш да започнат преговори со Данска или со која било од другите наведени земји за да се реши ова прашање.

Свет | пред 2 месеци

media-librarys9i82mh0i2tt9Q7xzpZ

Белгискиот министер: Не одиме на Гренланд за судир со САД, тоа не е наша цел

Белгија не се приклучила на арктичката мисија под водство на Данска со цел да се спротивстави на Соединетите Американски Држави, изјави белгискиот министер за одбрана Тео Франкен, отфрлајќи ги тврдењата дека засиленото европско воено присуство на Гренланд претставува демонстрација на сила кон Вашингтон.Франкен во телевизиско интервју оцени дека создавањето впечаток оти Европа оди на островот за да се конфронтира со САД е целосно погрешно. Тој нагласи дека таква намера воопшто не постои и дека белгиското учество е строго ограничено и од неборбен карактер.Министерот појасни дека Белгија ќе испрати еден офицер во рамки на извидувачка мисија на Гренланд, која ја предводи Данска, со задача да ги процени логистичките можности, оперативните опции и условите на терен. Според него, станува збор исклучиво за извидувачка мисија, без планови за трајно распоредување или воспоставување борбени позиции.Овој потег доаѓа во период кога Данска, заедно со сè поголем број европски сојузници, на нејзино барање ги засилува воените активности на Гренланд и во неговата околина. Копенхаген соопшти дека целта е зајакнување на безбедноста на Арктикот и подобрување на способностите на сојузниците за дејствување во екстремни услови, а офицери и помали воени одреди од неколку европски земји веќе пристигнале на островот.Распоредувањето се одвива во чувствителна политичка клима, откако американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати ја спомена можноста САД да преземат контрола над Гренланд. Тој неодамна изјави дека заземањето на островот би можело да биде опција за Вашингтон, дури и во контекст на односите во рамки на НАТО, при што ги минимизираше и ограничувањата на меѓународното право.Франкен истакна дека европскиот одговор треба да се сфати како порака за уверување, а не за одвраќање. Според него, пораката до Вашингтон е дека европските држави се подготвени да преземат одговорност за безбедноста на Гренланд, поради загриженоста од зголемените руски и кинески активности на Арктикот, и дека тоа сакаат да го сторат во рамки на НАТО, во кој членуваат и САД.Тој заклучи дека целта на распоредувањето не е испраќање порака за воена конфронтација со Американците, нагласувајќи дека никој во Европа не размислува за судир, туку за соработка и стабилност.

Свет | пред 2 месеци

media-library17ha8utr4t2h1en6IQQ

Протести на Гренланд и во Данска против плановите на Трамп за преземање на островот

Илјадници граѓани преку социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат на протести на Гренланд и во Данска, како реакција на најавите и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола врз арктичкиот остров. Протестите се планирани во Копенхаген, Орхус, Олборг, Оденсе, како и во главниот град на Гренланд, Нук, на иницијатива на повеќе гренландски организации.„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права на Гренланд“, соопшти организацијата Уагут, национално здружение на гренландски граѓани во Данска, преку својата интернет-страница.Заедно со граѓанското движење „Рацете подалеку од Гренланд“ и коалицијата на локални гренландски здруженија Инуити, организаторите најавуваат дека ќе го искористат присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген за нивните пораки да добијат поголема меѓународна видливост.Од враќањето на власт пред една година, Трамп редовно ја споменува можноста за преземање контрола врз огромниот, стратешки важен, но слабо населен арктички остров кој е дел од Кралството Данска. Тој тврди дека Гренланд мора да биде „обезбеден на овој или оној начин“ со цел да се спротивстави на, како што ги нарекува, руските и кинеските интереси на Арктикот.Во петокот вечерта, неговиот близок советник Стивен Милер ја потврди позицијата на САД во интервју за „Фокс њуз“, истакнувајќи дека Данска, и покрај почитта, е мала држава со ограничени економски и воени капацитети и дека, според него, не е во состојба самостојно да го брани Гренланд. Тој додаде дека САД не планираат „да трошат милијарди долари за одбрана“ на територијата, доколку суверенитетот остане во рацете на Данска.Протестите, закажани за сабота, доаѓаат само неколку дена по состанокот во Вашингтон, на кој данските власти признале дека во моментов не постои реална можност за договор со американската администрација за иднината на автономната територија. Иако повеќе европски лидери јавно ѝ изразија поддршка на Данска, како една од основачките членки на НАТО, американскиот претседател во петокот се закани со воведување царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план за преземање на Гренланд.Повикот за протести е упатен и до жителите на Нук, со цел спротивставување на, како што наведуваат организаторите, „незаконските планови на Соединетите Американски Држави за преземање контрола над Гренланд“. Во исто време, Франција, Шведска, Германија и Норвешка, со поддршка и од Холандија, Финска и Обединетото Кралство, најавија распоредување воен персонал за извидничка мисија на Гренланд, во рамки на данската вежба „Арктичка издржливост“, која се реализира во координација со сојузниците од НАТО.

Свет | пред 2 месеци

media-library093onvuapom94fkfjSt

Зошто Гренланд стана глобална жаришна точка: геополитиката зад амбициите на Трамп

За само неколку недели, Гренланд од маргинална тема се претвори во едно од најжешките прашања на светската геополитика. Клучната улога во тоа ја има актуелниот американски претседател Доналд Трамп, чија отворена желба Соединетите Американски Држави да го преземат островот го постави Гренланд во центарот на глобалните тензии.Климатските промени, новите поморски рути, пристапот до критични суровини и безбедносната архитектура на НАТО одамна го прават најголемиот остров во светот простор каде што се преклопуваат интересите на големите сили, регионалните актери и локалното население. Но, со најавите од Вашингтон, Гренланд прерасна во потенцијална кризна точка што може сериозно да го наруши трансатлантското сојузништво.Трамп неодамна отворено им се закани на сите држави што се противат на идејата за американско преземање на Гренланд, доведувајќи го во прашање и суверенитетот на Данска. Тој изјави дека фактот што Данците пристигнале на островот пред 500 години не им дава право на сопственост, оценка што предизвика силни реакции во Европа.Правниот и историскиот контекст, сепак, оди во корист на Копенхаген. Данскиот суверенитет над Гренланд не е резултат на класична колонијална доминација, туку на долг континуитет на дипломатски и правни одлуки. По распадот на данско-норвешката круна во 1814 година, Данска ја задржала контролата над островот, а во 1933 година Постојаниот суд во Хаг ги отфрлил норвешките барања за источен Гренланд. Денес, островот е дел од Кралството Данска, но со широка автономија, сопствен парламент, официјален јазик и контрола врз природните ресурси.Жителите на Гренланд на референдуми одлучиле да ја задржат врската со Данска, но со зголемена самоуправа, што претставува геополитички компромис: Данска обезбедува безбедност и меѓународен статус, а Гренланд ѝ носи арктичко влијание и пристап до глобалните форуми. Како што истакнува норвешкиот експерт за одбрана Пал Сигурд Хилде, правниот легитимитет на Данска е исклучително цврст и редок во арктичкиот простор, поради што островот со векови не бил предмет на сериозен спор.Паралелно со американските амбиции, расте и отпорот на Гренланѓаните и Данците. Во неколку дански градови, како и во главниот град Нуук, се најавени протести против идејата за преземање на островот, со порака за почитување на демократијата и основните човекови права.За Данска, Гренланд претставува клучна геостратешка полуга. Со островот, земјата учествува во арктичките безбедносни планови на НАТО и во глобалните климатски дебати, што ѝ дава „стратешка длабочина“ каква што ретко ја имаат малите држави. Иако годишната субвенција за Гренланд изнесува околу 500 милиони евра, во Копенхаген таа сѐ почесто се гледа како цена за геополитичка релевантност, а не како социјален товар.И Европската Унија сѐ поинтензивно го гледа Гренланд како стратешки партнер, особено поради потенцијалот за ретки метали неопходни за зелената транзиција и намалување на зависноста од Кина. Дополнително, топењето на мразот на Гренланд игра клучна улога во диктирањето на климатските промени во Европа, што го прави островот своевидна климатска предстража.Од американска перспектива, Гренланд е незаменлива точка за одбраната на северниот Атлантик и континенталните САД. Контролата врз т.н. GIUK-празнина – просторот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство – е од суштинско значење за поморскиот и воздушниот сообраќај и за радарската и противракетната одбрана.За самите Гренланѓани, растечката геостратешка важност на островот носи и можности и ризици. Потенцијалниот американски протекторат би можел да донесе инвестиции и економска самостојност, но отвора дилеми за долгорочната политичка контрола. Како што предупредуваат аналитичарите, жителите на островот сакаат независност, а не замена на една метропола со друга.Во услови на зголемени глобални тензии, Гренланд денес се појавува како лабораторија на идната геополитика, место каде што истовремено се судираат климатските, безбедносните и ресурсните интереси на големите сили. Големото прашање што останува е каква цена ќе плати трансатлантското сојузништво доколку борбата за Арктикот дополнително се заостри.

Свет | пред 2 месеци

media-library093onvuapom94fkfjSt

„Рацете подалеку од Гренланд“: Масовни протести денеска во Данска и Нуук

Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во Данска, како и во главниот град на Гренланд, Нуук.Според најавите на социјалните мрежи, неколку илјади граѓани изразиле намера да учествуваат на протестите што ќе се одржат на Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Архус, Олборг и Оденсе, по иницијатива на повеќе гренландски организации.„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака за почитување на демократијата и темелните човекови права на Гренланд“, соопшти националната организација на граѓани на Гренланд во Данска – Уагут, на својата интернет-страница.Организаторите, меѓу кои се Уагут, граѓанското движење „Рацете подалеку од Гренланд“ и коалицијата на локални гренландски здруженија Инуити, имаат намера да ја искористат посетата на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген за нивниот глас да биде слушнат на меѓународно ниво.Откако повторно се врати на власт пред една година, Трамп редовно ја споменува можноста за преземање контрола врз огромниот, стратешки важен, но слабо населен арктички остров кој е под суверенитет на Данска. Тој тврди дека Гренланд ќе го преземе „на овој или на оној начин“, со цел, како што вели, да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот.Во петокот навечер, неговиот близок советник Стивен Милер ги потврди американските ставови во врска со територијата.„Гренланд е голем колку една четвртина од САД. Данска, со сета почит, е мала земја со мало стопанство и мала војска и не може да го брани Гренланд“, изјави Милер за телевизијата „Фокс њуз“.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави не планираат да „трошат милијарди долари за одбрана“ на територијата, додека суверенитетот би останал во рацете на Данска.Протестите најавени за сабота доаѓаат три дена по состанокот во Вашингтон, на кој данските власти признаа дека во моментов не постои можност за договор со американското раководство за иднината на автономната територија.Иако повеќе европски лидери изразија поддршка за Данска, една од основачките членки на НАТО, американскиот претседател во петокот се закани со воведување царини за земјите што нема да го поддржат неговиот план за стекнување на Гренланд.Повик за протест е упатен и во Нуук, со цел спротивставување на, како што се наведува, „незаконските планови на Соединетите Американски Држави за преземање контрола над Гренланд“.Во меѓувреме, Франција, Шведска, Германија и Норвешка, на кои им се приклучија Холандија, Финска и Обединетото Кралство, оваа недела најавија распоредување воен персонал за извидувачка мисија на Гренланд, во рамки на данската воена вежба „Arctic Endurance“, организирана со сојузниците од НАТО.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп им се закани со царини на сите земји што се против планот за Гренланд

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се закани дека би можел да воведе царини за земјите кои нема да го поддржат неговиот план САД да преземат контрола над Гренланд, наведувајќи дека островот е од клучно значење за американската национална безбедност.„Би можел да воведам царини за земјите ако не застанат на страната на Гренланд, затоа што Гренланд ни е потребен поради националната безбедност“, изјави Трамп за време на тркалезна маса посветена на здравството во руралните средини, одржана во Белата куќа.Трамп во повеќе наврати нагласи дека САД „апсолутно мора“ да го преземат Гренланд, со што дополнително го засили притисокот врз Данска, на која ѝ припаѓа островот. Неговите изјави доаѓаат по средбата одржана во средата во Белата куќа, на која присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелдт, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.Истовремено, американскиот Врховен суд соопшти дека во вторник се очекува да донесе долго најавувана одлука за законитоста на царините воведени од Трамп. Прашањето е дали претседателот има право самостојно да воведува царини или за тоа е потребна согласност од Конгресот.Иако состанокот на кој говореше Трамп формално беше посветен на инвестиции во руралните области, американскиот претседател, како и обично, се осврна и на други политички теми, меѓу кои и Гренланд.Интересот на Трамп за Гренланд датира уште од неговиот претходен мандат, кога јавно ја спомена можноста Соединетите Држави да го купат островот. Данска тогаш остро ја отфрли таа идеја, нагласувајќи дека Гренланд не е на продажба. Островот е автономна територија во рамки на Кралството Данска, со сопствена влада и парламент, а и данските и гренландските власти во повеќе наврати истакнаа дека одлуките за иднината на Гренланд можат да ги носат исклучиво неговите жители.Прашањето за Гренланд последниве години е постојано присутно во односите меѓу Вашингтон и Копенхаген, а дополнително беше актуелизирано и на последната средба во Белата куќа. Американската страна повторно ја нагласи стратешката важност на Гренланд за националната безбедност, военото присуство на САД на Арктикот и поширокиот геополитички контекст во односите со Русија и Кина, додека Данска и Гренланд продолжуваат да ја отфрлаат секоја можност за промена на суверенитетот.Во меѓувреме, Германија, Франција, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство во последните денови испратија војници на Гренланд со цел да го зајакнат присуството во арктичкиот регион, а Данска дополнително ги засили сопствените сили и опрема на островот. Европските влади нагласуваат дека станува збор за одбранбени мерки во рамки на сојузничките обврски и дека политичкиот статус на Гренланд не може да се менува преку еднострани притисоци.Трамп, во исто време, изјави дека не ја исклучува можноста САД да излезат од НАТО во контекст на спорот околу Гренланд, што предизвика дополнителна загриженост кај американските сојузници во Европа.

Свет | пред 2 месеци

media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Норвешки институт: Трамп ќе го анектира Гренланд, мора да се подготвиме за најлошото

Норвешкиот институт Фритјоф Нансен, кој се занимава со меѓународна политика во областите на животната средина, климата и енергетиката и биодиверзитетот на Арктикот, во четвртокот свика конференција за тоа што Данска и Европа можат да направат за да го запрат Трамп и колку е веројатна воена инвазија на Гренланд.Учесниците на конференцијата не беа премногу оптимистични. Директорот на институтот Ивер Нојман верува дека Трамп ќе го анектира Гренланд: „Трамп нема ни трошка дипломатска вештина. Размислува како магнат за недвижности и постојано бара нови луѓе што ќе ги искористи.“Нојман смета и дека Трамп не може да си дозволи губење на образот откако од Гренланд направи огромен проблем: „Движењето МАГА бара и очекува насилник и силен маж како водач. Трамп нема излез. Треба да се подготвиме за најлошото.“Ниту раководителот на истражувања во Институтот Фритјоф Нансен, Андреас Остхаген, не верува дека Трамп е заинтересиран за Свалбард, но е загрижен дека Путин би можел да го насочи вниманието кон норвешките арктички острови.„Свалбард е темпирана бомба која нема нужно веднаш да експлодира, но може да експлодира ако ситуацијата на Гренланд ескалира. Ако трансатлантската безбедносна гаранција дополнително се влоши, односно ако се покаже дека САД нема да ни притекнат во помош, Европа нема да има доволно капацитет да се одбрани“, изјави Остхаген за норвешкиот весник Дагбладет.Додека во Норвешка засега само се дискутира за заканите кон суверенитетот на Арктикот, во Данска постои сериозен страв од американска анексија на Гренланд. Средбата на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и на гренландската министерка за надворешни работи Вивијан Моцфелд со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во средата во Вашингтон донесе нови тензии.Договорено е формирање заедничка работна група која треба да најде решение за американските „безбедносни грижи“, а истовремено да го зачува данскиот суверенитет над најголемиот остров во светот. Меѓутоа, портпаролката на Белата куќа Каролин Левит изјави на прес-конференција дека задачата на работната група е технички да дискутира за „американското преземање на Гренланд“.„Не договоривме никаква техничка работна група која ќе разгледува како САД може да го заземат Гренланд. Работната група мора да испита дали воопшто е можно да се излезе во пресрет на американските барања без нарушување на данскиот суверенитет“, изјави Расмусен за данскиот телевизиски канал ТВ2.Покрај дипломатските активности, данската страна се обидува барем симболично да пружи отпор на претензиите на Трамп, па така во четвртокот на палатата Кристијансборг во Копенхаген, седиштето на данскиот парламент, владата и врховниот суд, беше истакнато гренландското знаме.Данските медиуми објавуваат емотивни пораки од граѓани кои бараат заштита на суверенитетот и изразуваат презир кон администрацијата на Трамп. Се јавуваат и разочарани дански војници кои рамо до рамо со американските сојузници, со значителни жртви, учествувале во интервенциите во Ирак и Авганистан, а имаше и повици Данска да се повлече од квалификациите за Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД.Ааја Кемниц, една од двете гренландски пратенички во данскиот парламент, избрана од листата на социјалдемократската партија Инуит Атаqatigiit, за данските медиуми зборуваше за загриженоста и неизвесноста во својата татковина.„Луѓето доаѓаат на работа плачејќи, децата во училиштата зборуваат за анексија, постарите лица не можат да спијат. Гледаме знаци на дестабилизација на гренландското општество. Тоа создава огромна количина неизвесност. И деловната заедница на Гренланд е погодена и делумно парализирана од несигурната иднина. Тешко е да се започнуваат нови работи кога не знаеш што те очекува“, изјави Кемниц.

Свет | пред 2 месеци

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

НАТО се распоредува на Гренланд, Трамп не се откажува од сопствената желба да го има островот

Европските престолнини влегоа во фаза на дискретна мобилизација откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно навести дека не ја исклучува употребата на воена сила за преземање на Гренланд. Според пишувањата на „Политико“ (Politico), во Брисел, Париз и Берлин веќе се водат неформални консултации за тоа како да се реагира доколку Вашингтон тргне во отворена конфронтација со Данска – членка на НАТО и на Европската Унија.Иако никој во Европа не верува дека утре ќе избие директна војна меѓу сојузниците, дипломати признаваат дека сценариото повеќе не се третира како научна фантастика. На маса се ставени мерки што до вчера се сметаа за незамисливи: ограничување на пристапот на САД до европските воени бази, преиспитување на разузнавачката соработка и намалување на купувањето американско оружје.Европски претставници приватно поставуваат едноставно прашање – зошто Соединетите Држави би продолжиле да уживаат целосна воена и логистичка поддршка на континентот ако се обидат да одземат суверена територија на сојузничка држава. Американските бази во Европа се клучни за операциите во Африка и на Блискиот Исток, што на Брисел му дава значајна преговарачка моќ.Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека какво било загрозување на европскиот суверенитет ќе има последици без преседан и најави целосна солидарност со Данска. Во исто време, Копенхаген и властите во Гренланд водат разговори со администрацијата на Трамп, но данскиот министер за надворешни работи призна дека постои длабоко и фундаментално несогласување, бидејќи американскиот претседател отворено ја повторил желбата САД да го преземат островот.Дел од дипломатите сметаат дека кризата веќе нанела тешка штета на НАТО и дека довербата меѓу двете страни на Атлантикот е сериозно разнишана. Сепак, многумина стравуваат дека радикалните мерки би можеле да доведат до целосен распад на трансатлантското партнерство, во момент кога Европа зависи од американската поддршка за безбедносните гаранции за Украина и за одвраќање на Русија.Еден висок европски функционер мрачно заклучува: трансатлантските односи влегуваат во нова ера и стариот модел на безусловно сојузништво веќе не постои. Европа, сакала или не, ќе мора да научи да се брани сама.

Свет | пред 2 месеци

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа потврди дека САД се насочуваат кон Гренланд: „Нема врска што таму има европски војници“

Гласноговорничката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно истакнал дека сака Соединетите Американски Држави да ја „преземат“ контролата над Гренланд, додавајќи дека присуството на европски сили на оваа територија нема да влијае врз неговата одлука.Левит изјави дека разговорите помеѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марк Рубио биле „продуктивни“.„Беше добар состанок. Двете страни се согласија да формираат работна група која ќе продолжи со техничките разговори за преземањето на Гренланд“, изјави Левит. Таа додаде дека овие разговори треба да се одржуваат на секои две до три недели.„Ова е дијалог кој администрацијата има намера да го продолжи со Данците и со делегацијата од Гренланд“, рече Левит.Таа нагласи дека претседателот многу јасно го поставил својот приоритет: „Тој сака Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд, бидејќи смета дека тоа е најдоброто решение за националната безбедност.“Левит посочи дека испраќањето европски сили на Гренланд нема да го промени ставот на Трамп за преземање на оваа територија.Претходно беше објавено дека сили од Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Норвешка и Шведска се упатиле кон Гренланд. Данска соопшти дека операцијата „ќе ја зајакне нашата способност за делување во регионот“, додека Трамп претходно тврдел дека само американската контрола може да го заштити арктичкиот регион од Русија и Кина.Неколку часа пред изјавите на Левит, министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска одржаа разговори со Венс и Рубио, но по состанокот посочија дека и понатаму постои „темелна несогласност“ околу иднината на оваа данска територија.

Свет | пред 2 месеци

grenland

Шведскиот министер Пал Јонсон: Трамп ја преувеличува заканата на Путин кон Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп ја преувеличува заканата што, според него, руските и кинеските бродови ја претставуваат за Гренланд, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Иако потврди дека големите сили имаат намера да го прошират своето присуство во арктичкиот регион, Јонсон ги отфрли тврдењата на Трамп дека островот е опкружен со голем број руски и кинески бродови, пишува Телеграф.Трамп во повеќе наврати го користеше овој аргумент за да ги оправда своите планови за анексија на островот, богат со ретки метали, во наредните недели или месеци.Прва директна критика од НАТОЕвропските лидери досега беа претпазливи во отвореното критикување на тврдењата и стратегијата на Трамп за преземање на островот од Данска. Јонсон е првиот висок функционер на НАТО кој, во знак на поддршка за соседна Данска, јавно изрази сомнеж во изјавите на американскиот претседател дека Гренланд е „насекаде опкружен со руски и кинески бродови“.На прашањето дали Трамп го претерува бројот на непријателски бродови околу Гренланд, Јонсон одговори дека таквите тврдења не се совпаѓаат со проценките што ги прават за регионот. Тој наведе дека, иако има зголемување на бројот на кинески истражувачки бродови во Арктикот, обемот на тоа присуство е „ограничен“.„Не мислам дека со тоа треба да се претерува, во најголем дел станува збор за истражувачки бродови“, додаде Јонсон. Неодамнешните податоци од системите за следење на бродови не покажале присуство на кинески или руски бродови во близина на Гренланд. Дански безбедносни експерти, исто така, остро ги отфрлија тврдењата на Трамп, оценувајќи дека бродовите за кои зборува се „плод на неговата фантазија“.Воен одговор на АрктикотЈонсон изјави дека нордиските земји се свесни дека Русија има „намера повторно да воспостави присуство во неколку воени капацитети што Москва порано ги имаше на Арктикот“. Сепак, тој нагласи дека Шведска, заедно со сојузниците од НАТО, е подготвена да распореди специјални единици и воени сателити.„Имаме арктички и субарктички капацитети. Едно е да се преживее во таква средина, а друго е да се води борба, а нашите војници – како и норвешките и финските – ги поседуваат тие способности“, рече Јонсон. Тој додаде дека Шведска инвестира во набавка на до 10 воени сателити за подобар увид во состојбата на терен.Како одговор на потенцијалните закани, Данска во средата испрати војници на Гренланд на воена вежба и најави проширување на военото присуство со поддршка од сојузниците. Германија, Франција, Шведска и Норвешка ќе ѝ помогнат на Данска во зајакнувањето на безбедноста на Гренланд. Обединетото Кралство испрати еден воен офицер, додека Германија најави испраќање на 13 воени лица.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysrqdsjlbl57j27jO1sw

Белата куќа објави слика: „По кој пат, гренландски човеку“

Белата куќа вчера објави контроверзна слика од која произлегува дека на Гренланд му се нудат само две опции: американско или руско-кинеско влијание.На сликата се прикажани две санки со кучиња со гренландско знаме, кои стојат пред патокази. Едниот пат води кон Белата куќа под ведро сино небо, додека другиот е прикажан со темни олујни облаци, молњи и знамиња на Русија и Кина.Сликата е придружена со пораката: „По кој пат, гренландски човеку?“Трамп: Гренланд е клучен за Златната купола што ја градимеОваа објава следува по повеќекратните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека арктичкиот остров е од клучно значење за безбедноста на САД, при што порача дека Соединетите Американски Држави ќе го „добијат на овој или на оној начин“. Данска и Гренланд, сепак, ја отфрлија таа идеја, нагласувајќи дека огромниот, стратешки важен и ретко населен остров не е на продажба.Белата куќа повторно ја сподели и изјавата на Трамп во која тој дополнително ја истакнува намерата за преземање на Гренланд, прикажувајќи ја како неопходен предуслов за националната безбедност.„На Соединетите Американски Држави им е потребен Гренланд поради националната безбедност. Тој е клучен за Златната купола што ја градиме“, порача Трамп. Тој додаде дека НАТО би бил поефикасен доколку Гренланд биде под американска контрола и предупреди дека, доколку САД тоа не го направат, островот би можеле да го преземат Русија или Кина.„НАТО станува далеку посилен и поефикасен со Гренланд во рацете на СООДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ. Сè помалку од тоа е неприфатливо. АКО НИЕ ТОА НЕ ГО НАПРАВИМЕ, ЌЕ ГО НАПРАВАТ РУСИЈА ИЛИ КИНА, А ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ“, изјави Трамп.

Свет | пред 2 месеци

media-library1ohkeph0adifcQtAmvL

Данска по состанокот со САД: „Не се согласуваме“ – земјите од ЕУ испраќаат војници во Гренланд

Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд ниту по денешниот состанок во Вашингтон не се приближија до договор за иднината на Гренланд. Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека и натаму постои, како што рече, „темелно несогласување“ со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која се залага за американска контрола врз овој автономен териториј во состав на Кралството Данска.Состанокот беше одржан со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, откако Трамп изјави дека „сè помалку од американска контрола над Гренланд е неприфатливо“.По разговорите, Расмусен рече дека тој и претставниците на Гренланд со Венс и Рубио воделе „искрена, но конструктивна расправа“, но дека ставовите и понатаму суштински се разликуваат.„Претседателот јасно го изнесе својот став, а ние имаме поинаква позиција“, изјави Расмусен на прес-конференција во Вашингтон. Тој нагласи дека Данска смета оти долгорочната безбедност на Гренланд може да се обезбеди во рамки на постојниот политички и уставен поредок.„Идеите што не би го почитувале територијалниот интегритет на Кралството Данска и правото на гренландскиот народ на самоопределување се целосно неприфатливи“, порача тој.Расмусен додаде дека е договорено формирање работна група на високо ниво, која треба да се обиде да најде заеднички пат напред, иако, како што истакна, „темелното несогласување останува“. Првиот состанок на оваа група се очекува во наредните недели.Шведска и Германија испраќаат војнициПаралелно со дипломатските разговори, Данска и нејзините сојузници го зајакнуваат военото присуство на Гренланд поради, како што наведуваат, влошените безбедносни услови на Арктикот.Шведска денеска, на барање на Данска, испрати неодреден број војници на Гренланд. Шведскиот премиер Улф Кристерсон соопшти дека шведските офицери ќе бидат дел од поширока група сојузнички сили кои ќе учествуваат во подготовките за претстојната воена вежба „Operation Arctic Endurance“.Германското Министерство за одбрана објави дека Германија во четврток испраќа извиднички тим од 13 припадници на Бундесверот во Нук. Станува збор за тридневна мисија, од 15 до 17 јануари, чија цел е проценка на условите за можни идни воени придонеси за безбедноста на регионот, вклучително и надзорот на поморскиот простор. Германските војници доаѓаат на покана на Данска и во соработка со други европски земји.Данското Министерство за одбрана претходно потврди дека го зголемува военото присуство на Гренланд поради „безбедносни тензии“, додека расправата со САД за иднината на територијата продолжува без приближување на ставовите.„Се согласуваме дека не се согласуваме, но ќе продолжиме да разговараме“, заклучи Расмусен, истакнувајќи дека Данска нема да отстапи од црвените линии кои вклучуваат почитување на територијалниот интегритет и правото на гренландскиот народ на самоопределување.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf0sbov5iolvu2vYo96Q

Нема друго решение - „Златната купола“ на Гренланд е клучна за моќта на САД и зајакнувањето на НАТО, порача Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја актуализираше идејата за американска контрола врз Гренланд, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за националната безбедност на САД и за зајакнување на воената моќ на НАТО.Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп порача дека секое решение што не вклучува американска контрола врз островот е, како што напиша, „неприфатливо“. Според него, вклучувањето на Гренланд во американската безбедносна архитектура би ја направило Алијансата посилна и поефикасна.Трамп тврди дека Гренланд има клучна улога во новиот систем за ракетна одбрана што го развива Пентагон, познат како „Златна купола“, и дека без таа територија безбедносните капацитети на САД би биле значително ослабени. Тој отиде чекор понатаму, оценувајќи дека НАТО треба активно да се заложи за такво сценарио, во спротивно, според него, празнината би можеле да ја искористат Русија или Кина.Американскиот претседател истакна дека воената моќ на САД е клучниот столб на Алијансата и дека без американското присуство и капацитети, НАТО не би можел да функционира како сериозен одвраќачки фактор. Во таа насока, тој потсети дека воениот потенцијал бил значително зајакнат за време на неговиот прв мандат и дека сега се подигнува на уште повисоко ниво.Изјавите на Трамп доаѓаат во момент кога американскиот потпретседател Џ.Д. Венс треба да одржи средба со данскиот министер за надворешни работи и претставници на Гренланд, на која ќе присуствува и државниот секретар Марко Рубио. Гренланд, кој има широка автономија, формално е дел од Кралството Данска.Само еден ден претходно, Трамп остро реагираше на изјавата на премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, кој јавно порача дека островот нема намера да стане дел од Соединетите Американски Држави и дека сака да остане во рамки на Данска. Американскиот претседател ја отфрли таа позиција, оценувајќи дека несогласувањето со неговите ставови ќе создаде, како што рече, „голем проблем“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

Односите меѓу Копенхаген и Нук се распаѓаат: „Неслогата им оди во прилог на Американците“

Утре во Вашингтон, министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ќе се сретнат со американскиот државен секретар Марко Рубио во обид да се најде решение за гренландската криза. Сепак, се чини дека данската и гренландската страна сè помалку настапуваат единствено во однос на американските претензии.Ниту во рамки на гренландското политичко раководство и парламентарните партии нема единство околу тоа како да се одговори на заканите на Доналд Трамп, повторно изразени во ноќта кон вторникот преку објава на Белата куќа на мрежата Икс, на која американскиот претседател е прикажан како низ прозорец гледа во карта на Гренланд.Денеска во Копенхаген пристигнува американска делегација составена од осум сенатори и членови на Претставничкиот дом на Конгресот, најмногу од редовите на Демократската партија. Тие ќе се сретнат со претставници на данската и гренландската влада, како и со бизнис-лидери.Кабинетот на демократскиот сенатор Крис Кунс во кратко соопштение наведува дека тој ќе ја предводи конгресната делегација во Копенхаген со цел да се истакнат повеќе од 200 години пријателство меѓу САД и Данска.Зошто сенаторите доаѓаат во Данска, а не на Гренланд?Претседателката на Комитетот за надворешна и безбедносна политика на гренландскиот парламент, Пипалук Линге, која очигледно не била поканета, веднаш побарала да присуствува на средбата со американските сенатори. Таа изјави дека за Гренланд не може да се разговара без присуство на негови претставници и оцени дека е чудно што сенаторите се поканети во Данска, а не на Гренланд.Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен исто така пристигнал во Копенхаген и ќе остане во главниот град на Данска цела недела, очигледно со цел да биде што поблиску до данските лидери додека се водат разговори за иднината на неговата земја.Во меѓувреме, дел од данските политичари го загубија трпението. Поранешниот лидер на националистичката и популистичка Данска народна партија, Кристијан Тулесен Дал, за весникот Јиландс-Постен изјави дека е неодржлива сегашната ситуација во која гренландските лидери можат без никаква одговорност и последици да зборуваат што сакаат за Данска.Сите гренландски партии сакаат независностТулесен Дал оцени дека можеби е време односите меѓу Данска и Гренланд да бидат целосно отворени. Тој потсети дека Гренланд повеќепати јасно ставил до знаење дека сака да се отцепи и дека тоа е само прашање на време и начин. Според него, долгорочната цел на речиси сите партии на Гренланд е независност.Тој додаде дека сега на сите мора да им биде јасно дека САД нема да прифатат независен Гренланд и постави прашање дали Гренланѓаните ја гледаат својата иднина со Данска или нивната желба за отцепување ќе ги однесе во американска прегратка. Според него, Гренланѓаните треба директно да разговараат со САД и врз таа основа да ја изберат својата иднина.Инеќи Килсен, потпретседател на левичарската партија Сиумут, исто така смета дека Гренланд треба самостојно и директно да разговара со САД и дека данскиот министер за надворешни работи нема што да бара на такви средби. Тој потсети дека данската влада повеќепати изјавила оти Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и дека сега треба да се држи до тој став.Страв од ескалација и американска интервенцијаОд друга страна, данската левичарска партија Единствената листа апелираше над палатата Кристијансборг во Копенхаген, седиштето на парламентот, владата и Врховниот суд, да се истакне гренландското знаме. Пратеникот Педер Хвелплунд изјави дека парламентот треба да дејствува во знак на солидарност и сочувство со гренландскиот народ и нивното право самостојно да одлучуваат за иднината на Гренланд.Гренландската пратеничка во данскиот парламент и поддржувачка на независноста на Гренланд, Аки-Матилда Хег-Дам, песимистички оцени дека Доналд Трамп тешко може да се одврати од намерата да го преземе Гренланд. Таа смета дека не е нужно проблематично да се склучи договор со САД доколку тоа може да им обезбеди поголема независност на Гренланѓаните.Според неа, САД и онака доаѓаат на Гренланд, па затоа треба да се обидат да извлечат нешто од тоа. Таа изјави дека изборот е меѓу тоа земјата да биде преземена со сила или преку преговори да се извлече најдоброто за гренландскиот народ, оценувајќи дека трета опција не постои.Во тој контекст, данската премиерка Мете Фредериксен пред два дена беше директно прашана што би се случило доколку САД тргнат со сила кон Гренланд. Таа одби јасно да одговори, наведувајќи дека постојат работи кои не може да ги сподели со јавноста и дека се наоѓаат во судбоносен момент.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf0sbov5iolvu2vYo96Q

Американски конгресмен предлага Гренланд да стане сојузна држава на САД

Републиканскиот конгресмен на САД Ренди Фајн поднесе предлог-закон кој предвидува анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава во рамки на Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.Фајн денеска го претстави Законот за анексија и државност на Гренланд, кој, според него, има за цел да ги обезбеди стратешките интереси на националната безбедност на САД на Арктикот и да се спротивстави на растечките закани од Кина и Русија.Во соопштението се наведува дека, со заострувањето на глобалната конкуренција на Арктикот, Соединетите Држави не можат да си дозволат да им остават простор на ривалските сили да стекнат влијание во еден од стратешки најважните региони во светот.„Гренланд е витален елемент на нашата национална безбедност. Кој го контролира Гренланд, ги контролира клучните арктички поморски патишта и безбедносната архитектура што ги штити Соединетите Американски Држави. Америка не може да ја остави таа иднина во рацете на режими кои ги презираат нашите вредности и сакаат да ја поткопаат нашата безбедност.“, изјави конгресменот Фајн.Како што се наведува на официјалната веб-страница на неговата канцеларија, претседателот на САД Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио јасно укажале дека Арктикот брзо се појавува како главна арена на глобалното натпреварување меѓу големите сили. Во соопштението се тврди дека Кина и Русија агресивно го шират своето присуство во регионот, додека, според Фајн, „години на слаба политика“ довеле до нарушување на стратешката позиција на Америка.Според предложениот закон, претседателот на САД би имал овластување да ги преземе сите неопходни чекори за анексија или стекнување на Гренланд како американска територија. Исто така, се предвидува поднесување детален извештај до Конгресот со измените на федералните закони потребни за Гренланд да стане официјална сојузна држава на САД.„Предолго американското раководство стоеше настрана додека нашите противници ја поткопуваа нашата геополитичка доминација. Мојот закон ќе ја заштити нашата татковина, ќе ја обезбеди нашата економска иднина и ќе гарантира дека Америка – а не Кина или Русија – ќе ги поставува правилата на Арктикот. Така изгледа американското лидерство и сила“, изјави Фајн.

Свет | пред 2 месеци

grenland

„Не сакаме ниту да сме Данци, ниту да сме Американци“ - Судбоносен момент за Гренланд!

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Данска се наоѓа во „судбоносен момент“ поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат дејствија за Гренланд, дури и без согласност на Копенхаген и гренландските власти, пренесува Гардијан.Фредериксен, обраќајќи се на политички собир во неделата, изјави дека земјата е на раскрсница и дека во прашање е суштината на сојузништвото во НАТО. Според неа, проблемот не е само Гренланд, туку и пораката што ја испраќаат САД ако му се закануваат на сојузник.Таа оцени дека доколку ваквото однесување значи свртување грб на западната алијанса, тогаш тоа би имало далекусежни последици за целата безбедносна архитектура во Европа.Изјавите доаѓаат во пресрет на средбите на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се очекува да бидат клучни за понатамошните односи.Во петокот, Трамп изјави дека САД ќе преземат чекори во врска со Гренланд „без разлика дали тоа им се допаѓа или не“, додавајќи дека постојат „добар и потежок начин“ за решавање на прашањето. Американската администрација досега не ја исклучи можноста за употреба на сила, иако Данска и Гренланд се дел од НАТО.Како реакција, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен, заедно со лидерите на сите парламентарни партии, објави заедничка изјава во која порачаа дека иднината на Гренланд не е предмет на надворешни одлуки.Во изјавата се наведува дека Гренландците не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци, туку дека сакаат сами да одлучуваат за својата иднина.Фредериксен истакна дека Данска ќе продолжи да ја брани својата позиција и дека по прашањето на Гренланд нема простор за отстапки. Таа додаде дека Копенхаген добил поддршка од повеќе земји-членки на НАТО.Поддршка за Данска изрази и шведскиот премиер Улф Кристерсон, кој оцени дека заканувачката реторика кон сојузници е неприфатлива. Во исто време, Шведска најави дополнителни инвестиции во воздушната одбрана, оценувајќи дека безбедносната состојба во Европа се влошува.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

„Дејли мејл“: Трамп наводно побарал план за инвазија на Гренланд, генерали остро се спротивставиле

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно им наредил на командантите на американските специјални сили да изработат план за можна инвазија на Гренланд, но ваквата идеја наишла на остро противење од највисоките структури во воениот врв, објави британскиот таблоид Daily Mail.Според написот, станува збор за исклучително чувствителен и контроверзен предлог кој, доколку би бил реализиран, би можел да доведе до сериозно нарушување на односите во НАТО и до длабока геополитичка криза. Извори блиски до британската дипломатија тврдат дека ваквите идеи доаѓаат во период на зголемени глобални тензии и растечка конкуренција меѓу големите сили за контрола на стратешки важни региони.Истите извори наведуваат дека дел од политичкиот круг околу Трамп, меѓу кои и неговиот советник Стивен Милер, биле охрабрени од неодамнешната американска операција за приведување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по што сметале дека САД треба брзо да дејствуваат и да го зацврстат своето влијание врз Гренланд, пред тоа да го сторат Русија или Кина.Во написот се посочува и дека Трамп можеби бил мотивиран од внатрешно-политички причини, односно од обид да го пренасочи вниманието на американската јавност од економските проблеми во земјата, во пресрет на претстојните меѓуизбори, на кои неговата партија би можела да ја загуби контролата врз Конгресот.Наводно, претседателот побарал од Заедничката команда за специјални операции да подготви конкретен оперативен план, но Здружениот штаб на американската војска го одбил тоа барање, оценувајќи дека станува збор за потег без законска основа и без поддршка од Конгресот. Според дипломатски извори, воените лидери сметале дека таков план би бил и политички и правно неодржлив, поради што се обидувале да го одвратат Трамп нудејќи други, помалку контроверзни опции.Меѓу нив, наводно, биле идеи за засилени акции против руската „флота во сенка“, која Москва ја користи за заобиколување на западните санкции, како и други безбедносни операции на Блискиот Исток. Еден извор за „Дејли мејл“ изјавил дека генералот врв го сметал планот за Гренланд за „луд и незаконски“, опишувајќи ја комуникацијата со претседателот како исклучително тешка и напната.Иако станува збор за тврдења на таблоид и за информации кои официјално не се потврдени, објавата предизвика бурни реакции и отвори сериозни прашања за насоката на американската надворешна и безбедносна политика во услови на зголемена глобална нестабилност.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања