Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-libraryf759ml8b5avscHw98pW

Финале на евакуацијата: последен лет со 147 патници слета во Скопје

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски државјани од погодените земји на Блискиот Исток, кои изразиле подготвеност да се вратат во државата.Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани.Станува збор за организирани чартер-летови, при што сите трошоци биле покриени од државата.Со ова, вкупниот број на евакуирани македонски државјани достигна 605, со што, според Министерството, е завршен процесот на враќање на сите граѓани кои побарале евакуација.Од МНР потенцираат дека со оваа акција државата покажала навремена реакција во кризни услови, обезбедувајќи заштита на своите граѓани, но и солидарност кон странски државјани од регионот и пошироко.Министерството нагласува дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет, а СОС телефонската линија и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и натаму се активни и достапни.

Свет | пред 1 седмица

media-library6fgllhtl59868DvXCiQ

Трамп под притисок: Војната со Иран ги удира американските џебови

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозен политички и економски предизвик, откако војната со Иран почна директно да влијае врз животниот стандард на граѓаните, токму спротивно од неговите изборни ветувања за пониски трошоци за живот.Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток доведе до нагло зголемување на цените на нафтата, кои повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел. Како последица, цените на горивата во САД бележат силен раст, при што бензинот достигна просек од 3,79 долари по галон, што е зголемување од речиси еден долар за само еден месец.Дизелот, кој е клучен за транспортот и индустријата, поскапе уште повеќе, што дополнително ги зголемува цените на производите и услугите. Паралелно, поскапува и авионското гориво, што се очекува да се прелее врз цените на авионските билети и туристичката индустрија.Клучен фактор во целата ситуација е и блокадата на Ормускиот теснец, преку кој минува околу една петтина од светската нафта. Намалениот транспорт и нападите врз енергетската инфраструктура создадоа сериозни нарушувања на глобалниот пазар.Ова ја става Федералната резерва во незавидна позиција. Иако Трамп бара намалување на каматните стапки за да се олесни задолжувањето и да се поттикне економијата, растечката инфлација, поттикната од скапите енергенси, го отежнува таквиот потег.Високите камати веќе ги зголемуваат ратите за станбени кредити, автомобилски заеми и кредитни картички, што дополнително ги оптоварува американските домаќинства.Трамп отворено влезе во конфликт со првиот човек на Федералните резерви, Џером Пауел, барајќи итно намалување на каматите. Но, од централната банка порачуваат дека нема да преземат таков чекор без јасни сигнали за намалување на инфлацијата.Во меѓувреме, претседателот се обидува да ја минимизира загриженоста, оценувајќи дека економските потреси се „мала цена за националната безбедност“ и уверувајќи дека цените на енергенсите ќе паднат по завршувањето на конфликтот.Сепак, реалноста на терен е поинаква – војната веќе ги покачува трошоците за живот, ја комплицира економската политика и го става Трамп во една од најтешките ситуации во неговиот мандат.

Свет | пред 1 седмица

media-library37drocf5e63q52UFxGD

Погодена нуклеарната централа Бушехр

Иранската нуклеарна електрана Бушехр била погодена од проектил, потврди руската државна корпорација за атомска енергија „Росатом“.Според првичните информации, проектилот паднал во непосредна близина на оперативниот реактор, во делот наменет за метрологија. Засега нема извештаи за жртви ниту за истекување на радијација.Во објектот сè уште се наоѓаат околу 480 руски експерти, а во тек се подготовки за трет бран на нивна евакуација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Трамп под притисок поради Иран: нема јасна стратегија, расте незадоволството кај сојузниците

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозен политички притисок поради конфликтот со Иран, откако не успеа јасно да дефинира цел и стратегија за излез од војната, оценува француската новинска агенција АФП.Според анализата, клучен проблем е погрешната проценка на капацитетите на Иран за одмазда, што доведе до продолжување и ескалација на конфликтот, само неколку недели по неговиот почеток.Дополнителен удар за администрацијата е оставката на висок американски функционер за борба против тероризмот, кој јавно изјави дека Иран не претставува непосредна закана и дека не може да го поддржи тековниот конфликт.Иако Трамп повеќепати изјави дека Иран е „десеткуван“ од американско-израелските напади, нема прогласено победа, а Техеран не покажува намера да капитулира.Во меѓувреме, растат и економските последици. Цените на нафтата се зголемуваат, додека конфликтот се шири низ регионот – од Либан до земјите од Персискиот Залив. Истовремено, дел од американските сојузници одбиваат да се вклучат во воените активности, особено во обезбедувањето на Хормушкиот теснец.Европските земји, вклучително и Германија, јасно порачаа дека конфликтот не е прашање на НАТО и дека нема да учествуваат во него, ниту ќе помогнат во воени мисии поврзани со него.Аналитичарите предупредуваат дека САД се соочуваат со дипломатски ќор-сокак, бидејќи завршувањето на војната бара согласност и од Иран и од Израел.„Во моментов нема добри опции, туку само помалку лоши“, оценуваат експертите, додавајќи дека најреален излез е преговарачка деескалација која би им овозможила на сите страни да избегнат целосен пораз.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

По иранските напади: 192 лица хоспитализирани во Израел

Вкупно 192 лица се примени во израелските болници во последните 24 часа по иранските напади, соопшти израелското Министерство за здравство.Според официјалните податоци, четири лица се во средно тешка состојба, додека 177 имаат полесни повреди. За состојбата на уште 11 лица засега нема прецизни информации.Министерството додава дека од почетокот на конфликтот досега во болниците се згрижени вкупно 3.727 лица.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq6bfbsi9e9p0fT71wbM

Инцидент во Либан: Израелската армија призна дека по грешка погодила мировници на ОН во Либан, ранети војници од Гана

Израелската армија призна дека пред околу две недели нејзина тенковска палба погодила позиција на Обединетите нации во јужен Либан, при што биле ранети мировници од Гана, дел од мисијата УНИФИЛ.Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека истрагата утврдила оти нападот бил „изведен по грешка“, откако силите на ОН биле погрешно идентификувани како извор на претходен противтенковски напад.ИДФ изрази жалење за инцидентот и упати извинување до Гана и до Обединетите нации.Мисијата УНИФИЛ има задача да го надгледува примирјето и безбедносната состојба долж разграничувачката линија меѓу Израел и Либан, регион кој е во центарот на тековните судири меѓу израелските сили и борците на Хезболах, поддржани од Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl32resb5omvp1sur7Ef

Геополитичка игра: Москва сака подолг конфликт и повисоки цени на нафтата

Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки, како и напредна технологија и оперативно знаење за беспилотни летала, стекнато на бојното поле во Украина, со цел да му помогне во нападите врз американските сили на Блискиот Исток, објави „Волстрит журнал“.Според извештајот, помошта вклучува компоненти за модифицирани дронови „Шахед“, со кои се подобруваат комуникацијата, навигацијата и прецизноста на таргетирањето. Русија, исто така, го советува Иран за оптималната големина на ројеви дронови и најсоодветните висини за изведување напади, врз основа на искуствата од војната во Украина.Сателитските податоци што ги користи Иран потекнуваат од системите на руските воздушно-космички сили, истиот систем што се применува во воените операции во Украина.Според анализата, Москва има интерес да го продолжи конфликтот на Блискиот Исток, со што би влијаела врз растот на цените на нафтата на глобалниот пазар. Истовремено, се проценува дека целта е да се зголеми потрошувачката на американско вооружување, како што се крстосувачките ракети „Томахавк“ и системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со што би се намалиле резервите што би можеле да бидат испорачани за Украина.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryofgo6famjggo8xn1yn9

(Видео) Драматични сцени од Бејрут: повеќекатница срамнета со земја

Повеќекатна зграда во централниот дел на Бејрут е целосно урната во израелски воздушен напад, јавуваат медиумите.Снимките од настанот покажуваат драматичен момент на уривање на зградата во квартот Ал-Башура, по директен удар од воздух.Според извештаите, жителите претходно добиле предупредување од Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нападот.Овој напад е дел од поширока серија воени операции насочени кон инфраструктура поврзана со Хезболах во главниот град на Либан.

Свет | пред 1 седмица

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Крвав напад во Иран: седум загинати и 56 повредени во Доруд

Најмалку седум лица загинаа, а 56 се повредени во американско-израелски напад врз станбени области во градот Доруд, во иранската покраина Лорестан, јавија иранските медиуми.Според заменик-гувернерот задолжен за безбедност, мета на нападот биле цивилни и густо населени делови од градот, што предизвикало значителни човечки загуби и повреди.Новинската агенција Тасним претходно информираше и за уште еден напад во истата покраина, при што четири лица биле убиени во руралните подрачја на регионот Чегени.Информациите доаѓаат во услови на продолжена ескалација на конфликтот, со зголемен број напади врз различни делови од Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library0klg808enbjk7gcgnc7

(Видео) „Исламската Република е стабилна, системот е посилен од поединците“ – порака по ликвидацијата на Лариџани

Убиството на високиот безбедносен функционер Али Лариџани нема да предизвика дестабилизација на Иран, изјави шефот на дипломатијата Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира.Тој нагласи дека политичкиот систем на Иран е стабилен и не зависи од поединци, туку од институции кои функционираат континуирано.„Не ми е јасно зошто Американците и Израелците сè уште не го разбираат тоа: Исламската Република Иран има цврста политичка структура со воспоставени политички, економски и општествени институции. Таквата структура не зависи од присуството или отсуството на било кој поединец“, изјави Аракчи.Тој додаде дека иако поединците имаат влијание, клучно е што системот останува стабилен и отпорен.„Секој има своја улога – некој поголема, некој помала – но суштината е дека политичкиот систем е многу постојан“, посочи иранскиот министер.Како пример за стабилноста на системот, Аракчи го наведе убиството на претходниот врховен лидер Али Хамнеи, по што, како што рече, државата продолжила да функционира без прекин.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Иран: Ги гаѓаме урбаните зони бидејќи САД ги префрлија војниците во хотели

Иран ги оправдува нападите во близина на урбани средини во земјите од Персискиот Залив со тврдењето дека американските сили се префрлени од воени бази во хотели и објекти во градовите, изјави шефот на дипломатијата Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира.„Каде и да се наоѓаат американските сили или објекти што им припаѓаат, тие се легитимна цел. Можно е некои од тие локации да се во близина на урбани области“, изјави Аракчи.Тој призна дека нападите предизвикале загриженост и последици за населението во регионот, но вината за почетокот на војната ја префрли целосно на САД.Според податоците што ги пренесуваат медиумите, земјите од Заливот се соочиле со повеќе од 2.000 напади со ракети и дронови, насочени кон американски бази, дипломатски мисии, но и кон нафтена инфраструктура, пристаништа, аеродроми и урбани објекти, при што најпогодени биле Обединетите Арапски Емирати.Во меѓувреме, нападите продолжуваат. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија активираа противвоздушна одбрана, а сведоци пријавуваат експлозии во Дубаи.Аракчи се осврна и на нуклеарната политика на Иран, истакнувајќи дека официјалниот став против развој на нуклеарно оружје засега останува непроменет, иако новиот врховен лидер сè уште нема јавно изнесено позиција по тоа прашање.Тој нагласи дека Исламската Република не зависи од поединци и дека смртта на високи функционери нема да влијае врз функционирањето на државата.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Тирана го крена влогот: Албанскиот парламент го прогласи Иран за „државен спонзор на тероризам“

Албанскиот парламент денеска (18 март 2026) усвои резолуција со која Иран се прогласува за држава што спонзорира тероризам, а Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) се означува како терористичка организација.Документот бил предложен од Социјалистичката партија на Албанија и поминал на пленарна седница, во услови кога пратениците на Демократската партија не присуствувале на гласањето.Претседателот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, повикал резолуцијата да биде поддржана со образложение дека е поврзана со клучни прашања на меѓународната безбедност и со обврската државите да се спротивстават на тероризмот и на оние што, како што навел, го поддржуваат или толерираат.Во своето обраќање, Бала посочил дека борбата против тероризмот денес се гледа и како заштита на демократијата и владеењето на правото, како и како обид за зачувување на меѓународниот мир и стабилност. Тој нагласил дека Албанија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, има обврска да придонесува во колективната безбедност.Како дополнителен аргумент, било потсетено дека Албанија во 2022 година била цел на сериозен сајбер-напад врз државни институции, како и дека парламентот неодамна повторно бил изложен на нов сајбер-напад. Според изнесените ставови, целта на резолуцијата е јасна осуда на секоја форма на државна поддршка на тероризмот.

Свет | пред 1 седмица

11-izrael

Израелски министер: Веќе победивме

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека таа земја ефективно ја добила војната со Иран, но дека кампањата на воздушни напади ќе продолжи сè додека не се постигнат сите цели.Сар, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Естонија Маргус Цакна, рече дека Израел настојува да ги отстрани „егзистенцијалните закани“, пренесува Ројтерс.„Веќе победивме. Ова е јасно за нас и за нашите соседи, но ќе продолжиме додека мисијата не заврши“, изјави Сар.Тој додаде дека Иран е „драматично ослабен“ и дека повеќе не е земјата каква што била пред почетокот на војната на 28 февруари, по заедничките американско-израелски напади.Сар истакна дека режимот во Иран може да биде соборен само од иранскиот народ.Говорејќи за иранската блокада на Ормускиот теснец, Сар оцени дека блокирањето на овој пловен пат, низ кој поминува околу 20 отсто од светската трговија со нафта, претставува „модерно пиратство“ и глобален проблем.Министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цакна, изјави дека членките на НАТО и Европската Унија се отворени за учество во мисија предводена од Соединетите Американски Држави за повторно отворање на овој стратешки пловен пат, но нагласи дека Вашингтон најпрво треба да ги разјасни своите цели и видот на поддршка што ја бара.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Зошто Европа одбива да му помогне на Трамп во војната против Иран?

Европските држави бараат што побрзо да заврши војната во Иран, додека американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на поддршка од Европа за решавање на клучниот проблем – блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран. Трамп побара европските земји да испратат бродови и воени сили за деблокада на овој важен поморски премин, но европските претставници засега одбиваат, наведувајќи повеќе причини.САД и Израел ги започнаа нападите врз Иран на крајот од минатиот месец без консултации со европските сојузници. За разлика од војната во Ирак пред две децении, овојпат немаше обид за создавање широка меѓународна коалиција. Во првите недели од конфликтот, САД од Европа бараа главно користење на воени бази. Германија веднаш се согласи, Велика Британија делумно, додека Шпанија го одби барањето. Подоцна, поради нападите во Ормускиот теснец и наглиот раст на цените на нафтата, Вашингтон побара поголема воена поддршка, без да понуди јасен план или рок за завршување на конфликтот.Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не постои заедничка одлука за војната со Иран и нагласи дека Германија нема да учествува со воени сили. Претседателот Трамп ги повика европските сојузници да се повикаат на обврските во рамки на НАТО, но европските лидери истакнуваат дека алијансата е одбранбена и не учествува во вакви конфликти. Обврските од членот 5 се однесуваат само на заедничка одбрана во случај на напад врз некоја членка, а досега се активирани само еднаш – по нападите врз САД на 11 септември 2001 година. Генералниот секретар Марк Руте изјави дека НАТО како организација не е директно вклучен во конфликтот, иако сојузниците обезбедуваат одредена поддршка.Пловидбата низ Ормускиот теснец е исклучително ризична, бидејќи и мал вооружен брод може да предизвика сериозна штета на танкери со нафта. Европските лидери се сомневаат дека нивните морнарици би можеле значително да ја подобрат ситуацијата. Во меѓувреме, растот на глобалните цени на нафтата ги погодува граѓаните и во Европа и во САД. Европските власти сакаат да ги намалат цените, но истовремено се загрижени дека продолжувањето на конфликтот може да доведе до сериозна економска и политичка нестабилност во Иран. Според неофицијални информации, европските претставници сметаат дека економските притисоци и јавното мислење во САД би можеле да го натераат Трамп да ја заврши војната, со цел да избегне дополнителен раст на цените на горивата и негативни последици пред изборите.

Свет | пред 1 седмица

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Заливот ја менува позицијата: од против војна до поддршка за удар врз Иран

Арапските земји од Персискиот Залив не го поддржаа почетокот на војната против Иран, но нивниот став значително се менува како што конфликтот ескалира. Според извори од регионот за Ројтерс, сè повеќе држави сега сметаат дека САД не треба да запрат додека Иран не ја изгуби способноста да ги загрозува клучните нафтени рути и економиите што зависат од нив.Во исто време, дипломатски извори посочуваат дека Вашингтон врши притисок врз заливските земји да се вклучат поактивно во американско-израелската воена операција, со цел да се обезбеди поширока регионална поддршка и легитимитет.„Постои силно чувство дека Иран ги премина сите црвени линии“, изјавил Абдулазиз Сагер, претседател на Саудискиот истражувачки центар за Заливот.Иран во изминатиот период извршил напади врз аеродроми, нафтени постројки, пристаништа и економски центри во сите шест заливски држави, користејќи ракети и дронови. Дополнително, блокадата и контролата врз Хормушкиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта, предизвика сериозна загриженост во регионот.Како што војната влегува во третата недела, расте стравот дека доколку Иран не биде значително ослабен, ќе продолжи да ја користи својата воена моќ како средство за притисок врз соседите.Сепак, и покрај заострувањето на реториката, земјите од Заливот се соочуваат со сериозна стратешка дилема. Од една страна, сакаат да се заштитат од иранските напади, а од друга – се обидуваат да избегнат директно вклучување во конфликт што не го контролираат.Во моментов нема јасен консензус за заедничка воена акција, а регионалните лидери претежно се одлучуваат за внимателен пристап – засилена одбрана и дипломатски притисок, без директна ескалација.Аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата во Хормушкиот теснец претставува ново ниво на ризик за глобалната економија, бидејќи Иран практично одлучува кои бродови можат да поминат, што се смета за неприфатливо од страна на повеќето држави во регионот.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

Израел: „Практично победивме во војната со Иран, но операциите продолжуваат“

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Израел практично ја добил војната со Иран, но нагласи дека не може да се предвиди кога ќе заврши конфликтот.На прес-конференција, Саар истакна дека воената кампања ќе продолжи сѐ додека не се исполнат поставените цели.„Потребно е трпение. Веќе победивме, но ќе продолжиме додека мисијата не биде завршена“, изјави Саар, додавајќи дека Иран е „драматично ослабен“ и дека ситуацијата во регионот веќе не е иста како пред почетокот на конфликтот.Тој нагласи дека главната цел на Израел е отстранување на, како што рече, „егзистенцијалните закани“, без да прецизира како ќе се утврди дека тие цели се постигнати.Според израелските власти, операциите вклучуваат воздушни напади врз лансери на балистички ракети, складишта и производствени капацитети, како и цели поврзани со иранската нуклеарна програма и безбедносните структури.И покрај ваквите тврдења, Иран и натаму изведува ракетни напади врз Израел, што укажува дека неговите воени капацитети не се целосно неутрализирани.Конфликтот трае повеќе од две недели и однесе над 2.000 животи, најмногу во Иран и Либан, но и во Израел, Ирак и други делови од регионот.Во меѓувреме, кризата се продлабочува и на регионално ниво. Израел е вклучен и во судири со Хезболах во Либан, додека Иран изведува напади врз земји од Заливот. Дополнително, блокадата на Ормутскиот теснец предизвикува сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси.Саар ја оцени блокадата како „современо пиратство“ и глобален проблем, додека дел од сојузниците на САД одбија да се вклучат во воени мисии за обезбедување на пловниот пат, барајќи појаснување на стратегијата и целите.

Свет | пред 1 седмица

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но тоа ќе се случи во блиска иднина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но дека тоа ќе се случи „во многу блиска иднина“. Одговарајќи на новинарско прашање за планот на САД по повлекувањето на силите, Трамп оцени дека во случај на моментално повлекување за обнова на земјата би биле потребни „10 години“, пренесува Sky News. „Сè уште не сме подготвени да заминеме, но ќе заминеме во блиска иднина“, рече Трамп.Ова е најновата изјава што ја покажува нејасноста околу американските рокови за завршување на конфликтот. На почетокот на месецот, Трамп процени дека операцијата би траела „четири до пет недели“.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет истакна дека Трамп има „сè слобода во светот да зборува колку тоа би можело или не би можело да трае – четири недели, две недели, шест недели“.Гласноговорничката на Белата куќа, Каролина Ливит, потврди дека американската воена кампања, која е сега во третата недела, може да трае од четири до шест недели.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Продолжува прекинот на летови: Ситуацијата на Блискиот Исток останува нестабилна

Низа европски авиокомпании одлучија да го продолжат прекинот на летовите кон Блискиот Исток, вклучувајќи дестинации како Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.Британската компанија „Бритиш ервејс“ соопшти дека ги продолжува ограничувањата на летовите кон овој регион поради нестабилност и несигурност во воздушниот простор. Летовите за Аман, Бахреин, Дубаи и Тел Авив ќе бидат откажани до 31 мај, додека летовите за Доха ќе бидат прекинати до 30 април, а потоа ќе се извршуваат по ограничен распоред. Рутата за Абу Даби ќе биде обновена на 25 октомври, како што беше предвидено. Летовите кон саудиските градови Ријад и Џеда и понатаму се извршуваат редовно.Францускиот авиопревозник „Ер Франс“ објави дека е принуден да го продолжи прекинот на летовите поради безбедносната ситуација на одредени дестинации и затворањето на делови од воздушниот простор. Летовите кон и од Дубаи и Ријад ќе бидат стопирани до 20 март, додека летовите за Тел Авив и Бејрут се откажани до 21 март.Немачката компанија „Луфтханза“ информира дека летовите за Тел Авив се прекинати до 9 април, а летовите за Ријад до 5 април. Одлуката е донесена поради значителни ограничувања во воздушниот сообраќај во регионот, додека летовите на компанијата „ИТА ервејс“ ќе продолжат според редовниот распоред.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvio7t8ddl6fs4JxK6ic

Иран дозволи транзит низ Ормут: дел од бродовите веќе поминаа

Иран одобри транзит на бродови од неколку земји низ Ормутскиот теснец, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, нагласувајќи дека премините се реализираат во координација со Техеран.Според достапните податоци за поморскиот сообраќај, низ теснецот веќе поминале бродови поврзани со Иран, Индија, Кина и Грција, со што делумно се нормализира протокот во овој клучен енергетски коридор.„Земјите во координација со Исламската Република Иран ги спроведоа своите бродови со поддршка на пилоти низ Ормутскиот теснец. Ова го покажува одговорниот пристап на Иран“, изјави Багаеи.Техеран ја презеде контролата врз теснецот по американско-израелските напади на 28 февруари, воведувајќи ограничувања за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.Поради кризата, транзитот на нафта низ теснецот е намален од околу 20 милиони барели дневно пред конфликтот, на помалку од два милиона барели дневно, според Меѓународната агенција за енергија.Меѓу бродовите што успешно поминале е и пакистански танкер со нафта, како и индиски танкери за течен нафтен гас, кои пловеле по одобрени рути и под надзор на индиската морнарица. Индиските власти посочуваат дека безбедниот премин е резултат на дипломатски активности.Во Персискиот Залив, според податоците, се наоѓаат уште десетици бродови кои чекаат дозвола за транзит, додека ситуацијата ја следат и воените сили во регионот.Ирак исто така води разговори со Иран за обезбедување дозвола за премин на свои танкери, што укажува на продолжена дипломатска активност околу користењето на теснецот.Во меѓувреме, податоците покажуваат драстичен пад на поморскиот сообраќај – во периодот од 1 до 11 март низ теснецот поминале само 77 бродови, наспроти над 1.200 во истиот период минатата година.Американските власти засега немаат приговор за транзитот на одредени бродови, оценувајќи дека делумното отворање е важно за глобалното снабдување со енергенси.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Новиот врховен лидер на Иран одбива деескалација: „Нема мир додека не признаат пораз“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолах Мојтаба Хамнеи, ги отфрли предлозите за деескалација на конфликтот, порачувајќи дека нема да има мир сѐ додека Соединетите Американски Држави и Израел не признаат пораз или не платат отштета, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на висок ирански функционер.Според истиот извор, Хамнеи го одржал првиот состанок за надворешна политика откако беше избран за врховен лидер, при што донел одлука за „многу сериозен“ одговор кон САД и Израел. Не е прецизирано дали на состанокот присуствувал лично или преку видео-врска.Во меѓувреме, две земји посредници предложиле намалување на тензиите или прекин на огнот, но без да бидат обелоденети детали за предлозите или за државите што посредуваат.Хамнеи, според изворот, порачал дека „не е време за мир“ додека, како што рекол, „САД и Израел не се фрлат на колена, не признаат пораз или не платат отштета“.Како врховен лидер, тој ја има конечната одлука за сите клучни прашања во Исламската Република.Од неговото именување пред повеќе од една недела, по смртта на неговиот татко, ајатолах Али Хамнеи, не е објавена нова фотографија од него. Дел од иранските извори тврдат дека бил полесно повреден во нападите во кои загинал неговиот татко, додека американски претставници наведуваат дека повредите биле потешки.Конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга трае повеќе од две недели, со најмалку 2.000 жртви, а крајот засега не се наѕира.Ормутскиот теснец останува во голема мера затворен, што предизвикува раст на цените на енергенсите и глобални економски стравувања, додека американските сојузници не го прифатија повикот за повторно отворање на овој клучен поморски коридор.Во својата прва јавна порака, прочитана на државната телевизија, Хамнеи изјави дека затворањето на Ормутскиот теснец треба да се користи како средство за притисок врз „непријателите на Иран“.Според извори на „Ројтерс“, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрлила и иницијативите на блискоисточните сојузници за започнување дипломатски преговори за прекин на војната.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI

Катар: Пресретнат втор бран ракетни напади, ситуацијата стабилизирана

Властите во Катар соопштија дека безбедносната закана е отстранета и дека состојбата во земјата е вратена во нормала, по пресретнувањето на вториот бран ракетни напади.Претходно беше издадено предупредување за зголемено ниво на безбедносна закана, по што биле активирани одбранбените механизми.Од катарското Министерство за одбрана информираат дека вооружените сили успешно го пресретнале вториот бран проектили насочени кон територијата на државата.Надлежните институции посочуваат дека ситуацијата е под контрола, а граѓаните можат да продолжат со секојдневните активности.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

Израел под напад: нови проектили испукани од Иран

Израелската армија соопшти дека се детектирани нови проектили испукани од Иран кон територијата на Израел.Според информациите, системите за противвоздушна одбрана се активирани и работат на нивно пресретнување, со цел да се спречат евентуални последици врз цивилното население и инфраструктурата.Од израелската војска наведуваат дека жителите на погодените подрачја ќе добијат навремени предупредувања преку мобилни уреди, како дел од системот за рано известување.Ситуацијата останува напната, со зголемен ризик од понатамошна ескалација на конфликтот.

Свет | пред 1 седмица

gaza-glad

До 45 милиони луѓе може да западнат во акутен глад поради конфликтот на Блискиот Исток

До 45 милиони луѓе би можеле да се соочат со акутен глад доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи до јуни, предупреди Светската програма за храна (ВФП) во најновата анализа.Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, изјави во Женева дека ескалацијата на конфликтот веќе влијае врз глобалните пазари, предизвикувајќи раст на цените на храната, нафтата и транспортот, што директно го зголемува ризикот од глад во најранливите региони.„Десетици милиони луѓе би можеле да западнат во акутен глад поради овие економски притисоци“, истакна Скау.Според проценките на ВФП, доколку кризата продолжи, вкупниот број луѓе погодени од акутен глад може да ја надмине сегашната рекордна бројка од 319 милиони.Организацијата предупредува дека најпогодени ќе бидат земјите кои веќе се соочуваат со нестабилност, сиромаштија и зависност од увоз на храна и енергенси.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Кабинетот на Нетанјаху објави фотографија: „Ова е моментот кога се наредени ликвидациите“

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографија за која тврди дека го прикажува премиерот во моментот кога наредува ликвидација на високи ирански функционери.Според израелските власти, во нападот врз Техеран изведен претходната вечер била таргетирана и ликвидирана клучна фигура во иранскиот безбедносен апарат. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека во нападот е убиен Али Лариџани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Израелски воен претставник потврди за Би-Би-Си дека Израелските одбранбени сили го имале Лариџани како конкретна цел на операцијата.Кратко по објавувањето на овие информации, на канал на платформата Телеграм што се поврзува со Лариџани беше објавена рачно напишана порака по повод погребот на загинати припадници на иранската морнарица.Во истиот напад е убиен и Голам Реза Солeјмани, кој шест години беше на чело на иранската паравоена формација Басиж. Оваа формација со години е обвинувана за задушување на протести, прогон на опозициски активисти и употреба на сила против цивили.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни сили, вклучително објекти на Министерството за разузнавање и бази на милицијата Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана. Според израелската армија, во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

(Видео) Систем што испукува 4.500 куршуми во минута – одбраната на амбасадата во Багдад

Небото над Багдад ноќе повремено се осветлува од густите траги на светлечки куршуми, дел од одбранбениот систем што го штити комплексот на американската амбасада од ракетни и минофрлачки напади.Во центарот на овој систем, познат како Ц-РАМ, се наоѓа 20-милиметарски топ од типот „Гатлинг“, способен да испука до 4.500 куршуми во минута. Системот претставува интегрирана платформа која комбинира радарски уреди, сензори и комуникациски модули за брзо откривање и неутрализирање на заканите.Ц-РАМ, што значи систем за противракетна, противартилериска и противминофрлачка одбрана, е поставен на мобилна платформа тешка околу 35 тони, што овозможува негово релативно брзо преместување и оперативна флексибилност на терен.Според производителот „Џенерал Дајнамикс“, муницијата што ја користи овој систем е комбинирана – пробојна и високоексплозивна, што овозможува дејствување против воздушни и копнени цели на растојание до 2.000 метри. Куршумите имаат и механизам за самоуништување во случај да не ја погодат целта, со цел да се намали ризикот од несакана штета.Копнената верзија на системот е изведена од морнаричкиот систем „Фаланкс“, кој се користи како последна линија на одбрана на воените бродови од крстосувачки ракети и други закани. Овој систем привлече внимание и во 2024 година, кога беше искористен за соборување на проектил во Црвеното Море.Според податоците, копнената варијанта на Ц-РАМ е употребена илјадници пати за заштита на американските бази во Ирак и Авганистан, а првпат била распоредена во Ирак во 2004 година.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања