Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Шефот на Меѓународната поморска организација повика: Бродовите да не пловат низ Ормутскиот теснец

Челникот на Меѓународната поморска организација, Арсенио Домингез, ги повика бродските компании да се воздржат од испраќање пловни објекти низ Ормутскиот теснец, предупредувајќи дека ниту воената придружба не може целосно да ја гарантира нивната безбедност.Во изјава за „Фајненшл тајмс“, Домингез посочи дека воената заштита не претставува долгорочно и одржливо решение за нормализирање на пловидбата низ овој стратешки важен морски коридор.Ормутскиот теснец, низ кој поминуваат околу 20 проценти од светските количини на нафта и течен природен гас, останува во голема мера затворен, што веќе влијае врз растот на цените на енергенсите и ги засилува стравувањата од инфлација на глобално ниво.Затворањето на теснецот предизвикува и сериозни нарушувања во синџирите на снабдување, принудувајќи компаниите на скапи и итни алтернативи, како пренасочување на товарот, копнен транспорт и спречување на расипување на лесно расипливи производи.Домингез предупреди дека бродскиот сектор станува „колатерална штета“ на конфликтот, нагласувајќи дека причините за кризата немаат директна врска со поморството. Тој изрази загриженост и за бродовите заглавени во Персискиот Залив, каде на екипажите им недостигаат храна и основни залихи.Советот на Меѓународната поморска организација ќе одржи вонредна седница во Лондон, на која ќе се разгледуваат последиците од конфликтот на Блискиот Исток врз поморството и безбедноста на морнарите.„Апелирам до операторите да не пловат и да не ги изложуваат на ризик ниту екипажите, ниту бродовите“, порача Домингез.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран: Ормутскиот теснец никогаш повеќе нема да биде ист

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Ормутскиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта, влегува во нова фаза на нестабилност и дека безбедносната состојба повеќе не може да се врати на претходното ниво.Во телевизиско интервју, Калибаф нагласи дека американските бомбардери и борбени авиони не се способни да ги уништат иранските капацитети за производство на оружје, и покрај честите напади врз воени цели од почетокот на конфликтот.„Ормутскиот теснец повеќе не може да биде како порано, ниту да се врати во поранешната состојба. Безбедност повеќе нема“, изјави Калибаф, додавајќи дека причината за тоа е, како што рече, американското и израелското присуство во регионот на Персискиот Залив.Тој посочи дека Иран извлекол поуки од минатогодишниот дванаесетдневен конфликт и значително ги изменил своите воени системи и дизајнот на ракетните лансери.„Тие мислат дека можат да ги уништат нашите постројки со бомбардери, но не знаат дека целосно го сменивме нивниот дизајн“, рече Калибаф.Иран, според него, нема да попушти под притисок и нема да се предаде, а крајот на конфликтот ќе донесе промени во регионот кои нема да бидат во согласност со интересите на Соединетите Американски Држави.„Кога војната ќе заврши, лицето и поредокот на Блискиот Исток ќе се променат, но нема да се случи ништо што Америка го посакува“, изјави Калибаф, додавајќи дека исламските земји ќе воспостават сопствен регионален поредок и безбедносен систем.Тој исто така оцени дека единственото што го постигнале САД и Израел е убиството на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, но, како што рече, системот не се распаднал и бил наследен од ново раководство.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuqumnfftt5cq4MSIpcu

(Видео) Иранската Револуционерна гарда му се потсмева на Трамп: „Војната не се добива со твитови“

Портпаролот на иранската Револуционерна гарда, Ебрахим Золфагари, испрати порака на англиски јазик упатена до американскиот претседател Доналд Трамп, во која отворено ги исмева неговите јавни настапи на социјалните мрежи.„Исходот на војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму каде што вие и вашите сили не се осмелувате ни да се приближите, а за тоа можете само да зборувате на социјалните мрежи“, порача Золфагари. Тој додаде дека конфликтот повеќе прилега да се нарече „епски страв“ отколку „епски гнев“.Иранската Револуционерна гарда претставува елитна гранка на вооружените сили на Иран, формирана по исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура покрај редовната армија. Првично нејзината улога била заштита на револуционерната власт, но со текот на времето израсна во влијателен систем со силно присуство во безбедносниот сектор, политиката и економијата.Командантот на гардата директно одговара пред врховниот верски лидер на Иран, а организацијата има значително влијание во повеќе сектори, вклучително градежништво, телекомуникации, автомобилска индустрија и енергетика. Во нејзин состав делува и формацијата Басиж, која беше ангажирана во задушување на антивладините протести во 2009 година.Во 2019 година, администрацијата на Трамп ја прогласи Револуционерната гарда за терористичка организација. Како одговор, Иран ги означи САД како „државен спонзор на тероризмот“, а американските сили во регионот како терористички групи.Револуционерната гарда и понатаму се смета за сериозна безбедносна закана од страна на американските сојузници на Блискиот Исток. Бахреин и Саудиска Арабија ја ставија на листата на терористички организации во 2018 година, додека Европската Унија го направи тоа оваа година, по насилното задушување на протестите во Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library1n74ta7gag2r6xMwa6Q

Израел удри во срцето на иранските безбедносни сили, убиен Голам Реза Солeјмани

Израел ликвидирал командант на Басиж во Техеран, погодени и безбедносни центри и воени капацитетиКомандант на иранските сили Басиж, Голам Реза Солeјмани, е убиен во прецизен воздушен напад извршен од израелските сили во Техеран. Тој шест години се наоѓал на чело на оваа паравоена формација која делува во рамки на иранскиот безбедносен систем.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади изведени врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Според нивните информации, во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни структури, вклучително и објекти на Министерството за разузнавање и бази на Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана.Израелската армија наведе дека во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес го погоди Иран

Иран денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 10 километри и на оддалеченост од 37 километри од градот Мора.Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

(Видео) Погоден уште еден американски авион

Американски авион за дополнување гориво принудно слетал во Тел Авив по инцидент во воздушниот простор на Ирак, пренесе Тасним, повикувајќи се на ирачки извори.Како што се наведува, авионот претрпел оштетувања за време на летот, поради што побарал итно слетување на аеродромот „Бен Гурион“, каде потоа било прогласена вонредна состојба.Детали за причината за инцидентот и евентуалните последици засега не се соопштени, но на социјалните мрежи се тврди дека станува збор за авион тип KC-135.Да потсетиме, минатата недела американски авион за дополнување гориво KC-135, кој поддржувал операции против Иран, се урна во западен Ирак.Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека сите шест членови на екипажот загинале.

Свет | пред 1 седмица

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Русија му помогнала на Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија му помогнала на Иран да ги унапреди дроновите „Шахед“, кои денес претставуваат закана за земјите на Блискиот Исток.Во интервју за „Jерусалем пост“, што го пренесува Украинформ, Зеленски наведе дека овие дронови значително напредувале во однос на почетните верзии користени на почетокот на војната во Украина.Тој изјави дека Иран, и покрај претходните негирања, испорачал дронови на Русија, ги обучил руските сили за нивна употреба и споделил технологија и лиценци за производство.Според него, Русија сега возвраќа со обезбедување унапредени верзии и техничко знаење за Иран.„Ова е огромна количина знаење од бојното поле. Тоа се нови технологии засновани на иранските развои и сето тоа ќе има влијание врз други региони. Секогаш сум зборувал за Африка, Блискиот Исток и Европа“, додаде украинскиот лидер.Зеленски предупреди дека заканата од дронови се проширила надвор од Украина и сега ги погодува Израел, земјите од Персискиот Залив и американските сили во регионот, оценувајќи дека искуствата од бојното поле доведуваат до развој на нови технологии што влијаат врз повеќе региони во светот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран предупредува: Ако САД испратат копнени сили, ги чека „нов Виетнам“

Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, предупреди дека САД би можеле да се соочат со „нов Виетнам“ доколку испратат копнени сили во конфликтот со Иран. Во разговор за Sky News од својот кабинет во Техеран, Хатибзаде рече дека Иран е подготвен да се бори колку што е потребно и дека земјата во моментов не се фокусира на дипломатско решение.Тој не ја исклучи можноста за преговори, но јасно порача дека иницијативата е на САД и нивните сојузници за да излезат со предлог што би го завршил конфликтот.На прашањето за можноста за испраќање американски копнени сили, Хатибзаде упати јасна порака до претседателот Доналд Трамп: „Само прочитајте што се случи во Виетнам.“Историски, САД се вмешаа во Виетнамската војна во 1965 година за да го спречат ширењето на комунистичкиот Северен Виетнам. И покрај големата воена моќ и стотици илјади војници на теренот, САД не успеа да ја победи Виетконг и северновиетнамската армија и се повлече во 1973 година, а целиот Виетнам падна под комунистичка власт во 1975 година.Хатибзаде истакна дека американските војници во Иран можат да доживеат слична судбина. „Тие знаат дека оние што ги воведоа во овој конфликт можат да ги вовлечат и во мочуриште од кое тешко се излегува“, подвлече тој.Неговите изјави доаѓаат по две недели разорен конфликт во кој, според иранските податоци, загинале речиси 1.500 Иранци, а милиони се раселени.Во конфликтот загинале и скоро 1.000 лица надвор од Иран, вклучувајќи најмалку 850 во Либан, 30 во Ирак, 13 во Обединети Арапски Емирати, шест во Кувајт, 12 во Израел, четири во Сирија, две во Оман, две во Саудиска Арабија, две во Бахреин, како и 13 американски и еден француски војник.Хатибзаде го обвини премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, дека ги вовлекол САД во конфликтот. „Тие треба добро да размислат кога се соочуваат со Иран и да не ги слушаат советите на оние кои не го познаваат Иран и кои со децении се обидуваат да добијат војна против Иран со пари на американските даночни обврзници и крвта на американските војници. Нетанјаху и израелскиот режим имаат своја агенда да ја претворат оваа војна во своја победа, на штета на сите други“, рече тој.Во врска со здравјето на новиот врховен лидер на Иран, Мојтабе Хаменеј, заменикот министер рече дека тој е „здрав и ја води земјата“, и покрај тоа што сè уште не се појавил во јавноста.

Свет | пред 2 седмици

germanija-zname

Германија алармира: „Се подготвува голема копнена операција“

Германската влада денеска изрази „исклучителна загриженост“ поради случувањата во Либан и предупреди дека голема копнена офанзива на Израел на југот на земјата значително би ја влошила и онака тешката хуманитарна состојба во регионот.„Погледот на овој дел од воената зона нè исполнува со загриженост, бидејќи гледаме подготовки за голема израелска копнена офанзива која значително би ја влошила веќе напнатата хуманитарна ситуација во регионот“, изјави портпарол на германската влада, пренесува Ројтерс.Тој додаде дека Германија ги поздравува напорите за повторно започнување разговори меѓу Израел и Либан.Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека започнале „насочена копнена операција врз клучни цели на југот на Либан“ со цел да ја прошират тампон-зоната и да ги спречат дејствијата на либанската милитантна група Хезболах.Според Тајмс оф Израел, израелската војска распоредува дополнителни сили подлабоко во таа област како дел од проширената тампон-зона, откако Хезболах почна напади врз Израел претходно овој месец, по почетокот на војната во Иран.Претходно денеска, европската комесарка за управување со кризи Хаџа Лахбиб изјави дека Европската Унија ќе испрати хуманитарна помош на Блискиот Исток во вредност од 458 милиони евра како одговор на конфликтите во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-library9b3s09t44kcs64uTWk9

Германски министер за надворешни работи: НАТО не треба да го обезбедува Ормускиот теснец

И Германија со контра реплика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по неговото барање НАТО земјите да се вклучат во обезбедувањето на Ормускиот теснец.Како што пренесуваат светските медиуми, германскиот министер за надворешни работи, посочил оти НАТО не треба да игра улога во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Организацијата на Северноатлантскиот договор ќе се соочи со „многу лоша“ иднина ако не помогне во деблокирањето на морскиот пат контролиран од Иран.CNN објави дека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се обратил на медиумите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел и рекол дека Германија не гледа потреба НАТО да „преземе одговорност“ за Ормускиот теснец.Вадефул рече дека Германија е наместо тоа за воведување санкции врз оние кои се „одговорни“ за блокирање на клучниот теснец.Воедно и претстаавници на германската влада предупредија дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува Анадолија.„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин.„Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери. „Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.Германската влада претходно неколку пати изјави дека нема да учествува во американската војна против Иран.

Свет | пред 2 седмици

makron

Пезешкијан разговараше со Макрон: Иран ќе го брани својот територијален интегритет

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави за време на разговор со францускиот претседател Емануел Макрон дека Иран ќе го брани својот територијален интегритет и националната безбедност и дека „не се двоуми“ да им се спротивстави на агресорите.Како што денеска пренесе иранската телевизија Прес ТВ, Пезешкијан во разговорот доцна синоќа детално му ги објаснил на Макрон размерите на тековната американска и израелска агресија врз Иран, за која рекол дека е незаконска, и нагласил дека агресорите продолжуваат со напади врз различни цели, вклучително и врз цивилни центри.Тој особено ги спомнал неодамнешните напади врз два ирански острова, Харг и Абу Муса, нагласувајќи дека тие напади биле извршени од територијата на одредени земји од Персискиот Залив.„Овие напади се извршени со користење на територијата на некои земји од Персискиот Залив. Ставањето на земјата и објектите на располагање на Америка за брутални напади врз Иран е спротивно на меѓународното право и на принципот на добрососедство“, истакнал Пезешкијан.Тој додал дека, иако Иран никогаш не се стремел кон тензии или судир, неговиот одговор на агресијата ќе биде решителен.Пезешкијан го критикувал деструктивниот пристап на одредени европски земји во поддршката, како што навел, на злосторствата на израелскиот режим и на Соединетите Американски Држави во регионот и ги повикал да се придржуваат до меѓународното право и владеењето на правото на глобално ниво.Францускиот претседател Макрон синоќа, по разговорот со Пезешкијан, на платформата Икс објави дека до иранскиот претседател упатил повик Иран веднаш да ги прекине неприфатливите напади што ги спроведува врз земјите во блискоисточниот регион, директно или преку свои посредници, вклучително и Либан и Ирак.„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на пловидба и дека е неприфатливо нашата земја да биде цел“, изјавил Макрон.

Свет | пред 2 седмици

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Иранската Револуционерна гарда го предизвика Трамп: Ако имаш храброст, влези во Ормускиот теснец

Портпарол на Иранската револуционерна гарда (IRGC) го предизвика американскиот претседател Доналд Трамп по неговите тврдења дека иранските воени капацитети се уништени.„Зар Трамп не тврди дека ја уништил иранската морнарица? Ако има храброст, нека неговата морнарица влезе во Ормускиот теснец и Персискиот Залив“, изјави денеска портпаролот на IRGC.Иранската револуционерна гарда е елитна воена организација основана по Исламската револуција во 1979 година. Таа дејствува паралелно со редовната иранска војска и има клучна улога во одбраната на режимот, но и во иранските операции во странство. САД ја сметаат оваа организација за терористичка, а таа има силно влијание и во иранската политика и економија.Во последните денови Трамп повеќепати тврдеше дека американските и израелските напади ги уништиле иранските воени капацитети. Во објави на социјалните мрежи и јавни настапи изјави дека иранската морнарица и воздухопловство „исчезнале“, а дека ракетите, дроновите и другите воени средства се уништени.Во меѓувреме, Ормускиот теснец – клучен поморски премин низ кој вообичаено минува околу петтина од светската трговија со нафта – од почетокот на војната практично е затворен за танкерски сообраќај. Иран изведуваше напади врз бродови и се закануваше со минирање на пловниот пат, додека Трамп најавува испраќање воени бродови за да се обезбеди преминот и повторно да се отвори рутата.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

(Видео) Во Хамедан се слушаат експлозии и сирени

На социјалните мрежи се шири видео од иранскиот град Хамедан, на кое се гледа голема група луѓе собрано на главниот градски плоштад додека во позадина се слушаат експлозии и активност на противвоздушната одбрана. Снимката ја објави иранската државна новинска агенција IRNA, а автентичноста ја потврди CNN.Според IRNA, собраните учествувале на церемонија посветена на „петтемината маченици од Рамазанската војна“. На снимката се гледа како верски пејач, познат како маддах, ја предводи молитвата.Додека во далечината се слушаат експлозии и сирени, пејачот започнува да вика „Аллаху Акбар“ („Бог е голем“), по што присутните се приклучуваат. Потоа почнуваат да скандираат „Смрт на Америка! Смрт на Израел!“, а маддах ги повикува присутните „никогаш да не прифатат понижување“, по што започнуваат да викаат „Хајдар! Хајдар!“. Дел од присутните се придружуваат на овој повик.Хајдар е друго име за имам Али, зет на пророкот Мухамед и првиот имам во шиитскиот ислам, доминантната струја во Иран.Војната помеѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на минатиот месец по серија израелски и американски напади врз ирански воени цели. Техеран возврати со ракетни напади врз Израел и американски цели во регионот, а судирите се проширија и на Либан, каде Израел гаѓа позиции на Хезболах.Ормускиот теснец, низ кој минува околу петтина од светската трговија со нафта, практично е затворен за танкерски промет откако борбите ескалираа пред две недели. Нападите врз поморската инфраструктура, заканите со мини и воените дејствија предизвикаа раст на цените на нафтата и сериозни нарушувања на енергетските пазари.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Војната со Иран влегува во третата недела, Трамп сериозно потресен

Две недели по почетокот на израелско-американските напади врз Иран, претседателот Доналд Трамп се наоѓа во се поголема политичка дефанзива. Јавноста е загрижена поради американските жртви, растот на цените на нафта и падот на финансиските пазари, а Трамп се соочува и со критики од дел од своите приврзаници. Неговата администрација сè уште не понудила убедливо објаснување за почетокот на конфликтот и планот за негово завршување.Трамп се пожали на медиумското известување за конфликтот, изјавувајќи дека „медиумите всушност сакаат да изгубиме војна“ и заканувајќи се со одземање дозволи на телевизии кои „не го исправат правецот“. Претседателот исто така првпат сугерира дека САД ќе се потпираат на меѓународната заедница за обезбедување на пловниот пат на танкерите низ Ормускиот теснец, низ кој минува петтина од светската нафта, што сериозно е нарушено и предизвикува глобален хаос на енергетските пазари.Сепак, не е јасно дали мултинационалната акција е веќе договорена, а другите земји реагираат внимателно. Јужна Кореја и Јапонија најавија дека ќе ги разгледаат можностите, додека Британското министерство за одбрана истакна дека се во контакт со сојузниците за обезбедување на пловидбата.Економските последици на конфликтот се видливи и во одлуката на Министерството за финансии на САД за 30-дневно изземање од санкциите кон Русија за ослободување на руски танкери со нафта. Аналитичарите предупредуваат дека растот на цените на нафта користи на Русија, која ја користи нафтата за финансирање на војната во Украина.Конфликтот со Иран влијае и на политиката пред изборите во ноември. Републиканскиот сенатор Ранд Пол предупреди дека високи цени на бензин и нафта би можеле да доведат до „катастрофални избори“ за Републиканската партија. Во меѓувреме, базата на Трамп е поделена помеѓу оние кои го поддржуваат и оние кои го критикуваат, додека демократите се обединети во критиките и користат економските последици како аргумент против Републиканците.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Над 3.000 загинати во Израелско-американските напади врз Иран, меѓу нив и стотици цивили и деца

Над 3.000 лица загинале во израелско-американските напади врз Иран, при што најновите податоци од американската мрежа за човекови права HRANA покажуваат дека загинале повеќе цивили отколку воени лица. Меѓу загинатите се најмалку 1.319 цивили, вклучувајќи 206 деца.Активистичката група HRANA, која ги собра податоците преку мрежа на активисти во Иран и се повикува на извештаи од здравствениот сектор, итните служби и вработени во цивилното општество, наведува дека меѓу загинатите се 1.122 војници. Дополнително, 599 смртни случаи не може прецизно да се припишат ниту на војската, ниту на цивилното население. Во последните 24 часа е пријавен 21 смртен случај, сите цивили, меѓу кои и едно дете.Според последните официјални податоци на иранското Министерство за здравство, во американските и израелските напади загинале околу 1.200 лица, а повредени се приближно 10.000.Во меѓувреме, конфликтот влегол во третата недела. Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на минатиот месец, по серија израелски и американски напади врз ирански воени цели. Техеран одговори со ракетни напади врз Израел и американски цели во регионот, а судирите се прошириле и на Либан, каде Израел ги гаѓа позициите на Хезболах.Ормускиот теснец, низ кој минува околу петтина од светската трговија со нафта, практично е затворен за танкерски промет откако борбите ескалираа пред две недели. Нападите врз поморската инфраструктура, заканите со мини и воените дејствија предизвикаа раст на цените на нафтата и сериозни нарушувања на енергетските пазари.

Свет | пред 2 седмици

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Нови ракетни напади од Иран врз Тел Авив, најмалку тројца повредени

Иран денеска истрела нови салви ракети кон Израел, при што најмалку три лица се повредени во нападите врз Тел Авив.Според информациите, сирените за воздушна опасност се огласиле низ централниот дел на земјата, по што жителите се засолниле во засолништа. Неколку ракети погодиле делови од централниот Израел и подрачјето на Тел Авив, предизвикувајќи штета на најмалку 23 локации.Од почетокот на војната, иранските ракетни напади во Израел одзеле околу десет животи, додека поголем број лица се повредени.Во меѓувреме, Меѓународен комитет на Црвениот крст соопшти дека повеќе од 1300 луѓе загинале во Иран во американските и израелските напади.Според локални претставници, во израелските воздушни напади врз Либан загинале уште 820 лица.Во конфликтот животот го загубиле и најмалку 13 припадници на армијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иранците за ББС: Режимот врши притисок преку закани кон глобалната економија

Жители на Иран изјавија за Би-Би-Си дека не се изненадени од нападите што Техеран ги изведува во регионот, додека војната на Блискиот Исток продолжува да се проширува.Еден жител од северниот дел на земјата изјавил дека таквите потези биле очекувани, бидејќи, според него, иранскиот режим нема други механизми за притисок освен закани кон светската економија.Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави за агенцијата Фарс њуз дека Иран не таргетира цивилни или станбени области.Во земјата, како што пренесува Би-Би-Си, постои и загриженост за тоа како државите од Персискиот Залив ќе ги градат односите со Техеран доколку режимот опстане по конфликтот.Во минатото, Оман и повремено Обединети Арапски Емирати имале улога на посредници во периоди кога Западот воведуваше санкции кон Иран.„Тој однос е многу важен ако режимот ја преживее оваа криза“, изјавил еден жител за Би-Би-Си, додавајќи дека очекува „голем колапс – и за режимот, но и за обичните луѓе“.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Израелската војска: Нападите врз Иран ќе траат најмалку уште три недели

Израелски одбранбени сили соопштија дека воената кампања против Иран ќе продолжи најмалку уште три недели, а пред израелската војска стојат „илјадници цели“.Портпаролот на ИДФ, бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави за Си-Ен-Ен дека операциите се планирани барем до еврејскиот празник Песах, кој започнува за околу три недели.„Подготвени сме, во координација со нашите американски сојузници, со планови најмалку до Песах. Имаме и подлабоки планови кои се протегаат уште три недели по тој период“, изјави Дефрин.Тој нагласи дека израелската војска не работи според однапред утврден временски рок, туку според исполнување на воените цели, меѓу кои е „значително ослабување на иранскиот режим“.Според израелски претставници, воените операции би можеле да продолжат и на други фронтови. Се наведува дека Израел испраќа дополнителни сили на северната граница со Либан, со цел да го потисне Хезболах и да воспостави поголема контрола врз пограничните области.

Свет | пред 2 седмици

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Пентагон демантира: „Авраам Линколн“ е оперативен, тврдењата на иранската Револуционерна гарда – „рециклирани лаги“

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека ударната група на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ продолжува да дејствува во регионот и ги оцени како невистинити тврдењата на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) дека бродот бил „онеспособен“.Во реакција објавена на платформата Икс, од CENTCOM наведуваат дека станува збор за повторување на претходни, веќе пласирани тврдења, оценувајќи дека IRGC „рециклира лаги“ и дека со новите наводи си противречи со други сопствени изјави.Според американската страна, ударната група на „USS Abraham Lincoln“ останува ангажирана во актуелното распоредување, во време кога Вашингтон го засилува военото присуство на Блискиот Исток поради ескалацијата на регионалните тензии.Покрај „Линколн“, во поширокиот регион дејствува и носачот на авиони „Џералд Форд“, а американските медиуми известуваат и за испраќање дополнителни сили во Персискиот Залив.Во таа рамка се споменува и можноста за пристигнување на амфибиска група со неколку илјади маринци и морнари, како и приклучување на амфибискиот јуришен брод „Tripoli“ кон веќе распоредениот контингент.

Свет | пред 2 седмици

media-library9rplptrj4qqvcnucTHI

Ирански функционер: Постои заговор Иран да биде обвинет за напад како 9/11

Секретарот на Врховен совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека постојат информации оти преостанатите членови на „групата на Џефри Епстин“ наводно подготвуваат заговор за создавање инцидент сличен на Нападите од 11 септември 2001, за кој потоа би бил обвинет Иран.„Слушнав дека преостанатите членови на групата на Епстин осмислиле заговор да создадат инцидент сличен на 11 септември и вината да ја префрлат врз Иран“, изјави Лариџани.Тој додаде дека Иран принципиелно се спротивставува на вакви терористички сценарија и нагласи дека Техеран „нема војна со американскиот народ“.Овие изјави доаѓаат во момент кога, во контекст на војната против Иран, во јавноста се објавуваат големи количини документи од американската влада поврзани со контактите на покојниот финансиски посредник Џефри Епстин со влијателни личности од политичките, бизнис и општествените кругови во Соединетите Американски Држави.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во минатото го нарече Епстин „одвратен тип“, во јавноста бил фотографиран повеќе пати со него. Епстин беше обвинет дека со години злоупотребувал десетици млади жени и девојки.Според аналитичари, Техеран се обидува да ги истакне врските на Епстин со дел од американската политичка и бизнис елита, со цел да ги прикаже своите противници во Вашингтон како морално компромитирани.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Иран се закани: Американските банки во регионот може да станат цели

Иранската војска предупреди дека подружниците на американски банки во регионот би можеле да станат легитимни цели доколку продолжат нападите врз иранската нафтена и енергетска инфраструктура.Како што пренесуваат иранските медиуми, бригадниот генерал на Иранска револуционерна гарда, Али Мохамад Наеини, изјавил дека секоја нафтена, економска или енергетска инфраструктура во која има американски удел ќе биде „веднаш уништена и претворена во куп пепел“.Според неговите зборови, ваквите објекти би можеле да станат директни цели во случај на понатамошни удари врз иранската инфраструктура.Слични закани Техеран упатува уште од почетокот на војната меѓу Иран и Израел, во која се вклучени и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 седмици

media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

Ескалација на конфликтот – Израел гаѓа воена инфраструктура во Иран

Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади врз инфраструктурата на режимот во Иран.Според соопштението, нападите се насочени кон воени цели во западниот дел на земјата.„Пред извесно време започнавме бран напади од широки размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот режим во западен Иран“, се наведува во соопштението на израелската војска.Во текот на ноќта и утрото, израелските власти пријавиле и повеќе ракетни напади од Иран врз Израел.Од 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа голема воена офанзива против Иран, израелската армија соопштува дека уништила ракетни лансери и друга воена инфраструктура во западниот дел на Иран.

Свет | пред 2 седмици

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Земјите од Заливот бараат помош од Украина за одбрана од ирански дронови

Украина бара финансиска и технолошка поддршка во замена за експертска помош за одбрана од ирански беспилотни летала во земјите од Персискиот Залив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Според него, Киев испратил неколку експертски тимови на Блискиот Исток кои треба да направат проценка на системите за одбрана од дронови и да демонстрираат како може да се спротивстави на нападите со беспилотни летала.Секој од тимовите се состои од неколку десетици експерти кои ќе работат на анализа на одбранбените капацитети на земјите во регионот.Зеленски посочи дека државите од Персискиот Залив веќе потрошиле значителни количини противвоздушни ракети во одбрана од иранските дронови „Шахед“ и затоа побарале експертиза од Украина, која има големо искуство во нивно пресретнување поради војната со Русија.Украинските сили секоја ноќ пресретнуваат руски дронови користејќи различни системи, вклучително и поевтини беспилотни летала и опрема за електронско попречување.Украински тимови веќе биле испратени во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а експерти работеле и во американска воена база во Јордан.„Ние не сме во војна со Иран. Ова не е учество во операции, туку проценка како да се заштитиме од дроновите“, изјави Зеленски.Тој додаде дека разговорите за тоа каква помош ќе добие Украина за возврат сè уште траат, но нагласи дека за Киев во моментов се клучни и технологијата и финансиската поддршка.

Свет | пред 2 седмици

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Иран: Врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата.Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, шефот на иранската дипломатија изјави дека поморскиот премин е отворен за пловидба, н

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иранските напади врз нашите сојузници беа најголемото изненадување, ќе удриме врз нафтениот терминал

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон би можел повторно да изведе напади врз клучниот ирански нафтен извозен центар на островот Харг, истовремено намалувајќи ги очекувањата за брзо постигнување мировен договор со Иран.Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп изјави дека американските напади „целосно го десеткувале“ поголемиот дел од островот Харг, додавајќи дека американската војска би можела повторно да ја погоди локацијата.„Потполно го уништивме. Единствено што не ги погодивме енергетските водови, бидејќи нивната обнова би траела со години“, рече Трамп.Американскиот претседател оцени дека иранските власти се заинтересирани за договор, но нагласи дека условите за тоа „сè уште не се доволно добри“. Тој воедно изрази сомнеж дали новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, воопшто е жив, поради шпекулациите за неговата здравствена состојба.Трамп истакна дека најголемото изненадување за него биле нападите на Иран врз американските сојузници во регионот на Персискиот Залив.„Тие земји беа непотребно нападнати. Тоа е најголемото изненадување што го доживеав во целата оваа приказна“, изјави тој.Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, Трамп рече дека не е јасно дали Иран поставил мини во овој стратешки поморски премин, кој е речиси целосно блокиран од почетокот на конфликтот пред две недели.Ормускиот теснец претставува еден од најважните светски транспортни коридори за нафта, низ кој во нормални услови минува околу една петтина од глобалната трговија со сурова нафта.Трамп најави дека американските сили „одлучно ќе го расчистуваат теснецот“, додавајќи дека очекува во операцијата да се приклучат и други земји чии бродови се погодени од блокадата, но не прецизираше кои држави би се вклучиле ниту колку долго би траела таквата операција.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања