Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-librarysmn3cqcilvd52A4WLNo

Израел повторно го отвори преминот Рафа за евакуација на ранети од Газа

Израел повторно го отвори граничниот премин Рафа кон Египет, по речиси три недели затворање, со цел да им се овозможи на дел од ранетите Палестинци да добијат медицински третман надвор од Појасот Газа.Според Палестинската Црвена полумесечина, дозвола за излез добиле осум ранети лица и 17 членови на нивните семејства, кои ќе заминат на лекување во Египет. Засега не е познато дали и кога ќе им биде дозволено враќање назад во Газа.Отворањето на преминот доаѓа по дипломатски разговори во Каиро, во кои учествувале претставници поврзани со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и функционери на Хамас, со цел да се зачува кревкото примирје во Газа.Преминот Рафа претходно беше отворен на почетокот на февруари, но во најголем дел остана затворен од мај 2024 година, во екот на израелската воена операција против Хамас.Иако отворањето носи одредено олеснување за цивилите, состојбата на теренот останува нестабилна. Во последните напади во градот Газа загинаа најмалку четири лица, а неколкумина се повредени, според локалните здравствени власти.Интензитетот на нападите, кој беше намален по почетокот на американско-израелските операции против Иран, повторно е во пораст, што дополнително го загрозува примирјето.И Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за негово кршење, додека хуманитарната ситуација во Газа останува критична.

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Аналитичар: Растот на цените на нафтата и гасот нема да биде краткорочен

Наглиот раст на цените на нафтата и природниот гас, предизвикан од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, нема да биде привремен, туку може да прерасне во подолгорочен тренд, предупредуваат економските аналитичари.Цената на „брент“ нафтата утринава надмина 115 долари за барел, што е највисоко ниво во последната недела, додека цените на гасот пораснаа за околу 30 проценти. Причина за ова се нападите врз енергетската инфраструктура и сериозните нарушувања во снабдувањето.Клучен проблем претставува и отежнатиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, преку кој се транспортира значителен дел од светските енергенси.Џејмс Мидвеј, заменик-директор на британскиот тинк-тенк „Вердант“, оценува дека станува збор за многу посериозен шок од очекуваното.„Ова не е краткорочен скок. Пред неколку недели постоеше надеж дека пазарите ќе се стабилизираат, но сега ситуацијата е суштински променета“, вели Мидвеј.Тој посочува дека, покрај проблемите со транспортот, сега се јавуваат и директни удари врз производството на нафта и гас, особено гасот, што дополнително ја намалува глобалната понуда.Според него, ваквиот развој укажува дека ценовниот раст ќе има подолгорочни последици и ќе продолжи да врши притисок врз економиите ширум светот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Хегсет најави најсилни удари врз Иран: „Денес ќе биде најголемата операција“

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави нова ескалација на воените операции против Иран, посочувајќи дека денес ќе бидат изведени „најголемите удари досега“.„Денес ќе изведеме најголеми удари досега“, изјави Хегсет на прес-конференција, нагласувајќи дека операциите се одвиваат според планот и дека досегашните цели се постигнати.Тој тврди дека иранските противвоздушни системи се значително ослабени, а делови од одбранбената индустрија се „системски уништени“.Според Хегсет, американските сили досега потопиле повеќе од 120 ирански воени бродови, како и 11 подморници, што, како што рече, претставува сериозен удар врз воените капацитети на Иран.Оваа најава доаѓа во момент кога конфликтот дополнително ескалира, а меѓународната заедница предупредува на ризик од поширока регионална дестабилизација.

Свет | пред 1 седмица

media-library0tv2sf09hclh73fKQOC

САД ги таргетираат иранските подземни бункери со специјални бомби

Американските сили ја интензивираат кампањата против иранските воени капацитети, фокусирајќи се на уништување на подземните бункери во кои се складираат ракети и дронови – клучниот адут на Техеран во актуелниот конфликт.И покрај тоа што досега биле погодени околу 8.000 цели, иранските напади со балистички ракети и беспилотни летала продолжуваат, што укажува дека значителен дел од арсеналот останува функционален.Поради ограничените воздушни и поморски капацитети, Иран својата стратегија ја темели токму на ракети и дронови, кои со години ги складира во длабоки подземни комплекси и планински засолништа. Оваа инфраструктура го отежнува нивното уништување и бара употреба на специјализирано оружје.Во нападите се користат таканаречени „бункер-бастер“ бомби, меѓу кои и ГБУ-72 „Advanced Penetrator“, тешка околу 2.270 килограми. Овие бомби продираат длабоко во земјата пред да експлодираат, со цел да ги уништат засолнетите цели.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека иранскиот капацитет за производство на балистички ракети е „функционално уништен“, вклучително и фабрики и производни линии. Сепак, постојните резерви очигледно сè уште се користат во нападите.Поради тоа, САД и Израел се насочуваат и кон мобилните лансери, користејќи разузнавачки податоци и прецизни воздушни удари за нивно лоцирање и уништување.Овој пристап потсетува на тактиките од Заливската војна во 1991 година, кога американските сили спроведуваа таканаречен „лов на Скад“ ракети во Ирак, обидувајќи се да ги неутрализираат заканите кон Израел.

Свет | пред 1 седмица

plin

Нагло пораснаа цените на плинот во Европа

Цените на природниот гас на европските пазари бележат остар раст по нападите врз катарскиот индустриски комплекс Рас Лафан, еден од клучните центри за глобално снабдување со гас.Во раното тргување, цените на големо во Европа и Велика Британија пораснаа за повеќе од 25 проценти, пред да се стабилизираат. Сепак, и покрај краткото смирување, тие остануваат повеќе од двојно повисоки во споредба со периодот пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.Нов бран поскапување беше забележан утринава, кога цените скокнаа за над 20 проценти, директно под влијание на нападите врз енергетската инфраструктура, вклучително и главното гасно постројување во Катар.Според катарската државна енергетска компанија, две серии ирански напади предизвикале „обемна штета“ врз главниот гасен јазол во земјата, што дополнително ја засили загриженоста за глобалното снабдување.Паралелно со гасот, расте и цената на нафтата, која се зголеми за околу 5 проценти и достигна приближно 113 долари за барел.Аналитичарите предупредуваат дека енергетските пазари влегуваат во нова фаза на нестабилност, а секоја нова ескалација на конфликтот може да предизвика дополнителен ценовен шок што директно ќе се одрази врз европските економии и граѓаните.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата достигна нов врв поради конфликтот на Блискиот Исток

Цените на нафтата продолжуваат да растат, достигнувајќи нов највисок праг од почетокот на воениот конфликт во Иран, што дополнително ги зголемува глобалните стравувања за стабилноста на енергетските пазари.Цената на барел „брент“ сурова нафта утрово накратко достигна 118,74 долари, ниво што не е забележано од јуни 2022 година. Овој раст се случува во услови на интензивирани напади врз енергетска инфраструктура и сериозни нарушувања во транспортот на енергенси.Клучен фактор за поскапувањето е и состојбата во Ормутскиот теснец, преку кој минува околу една петтина од глобалната трговија со нафта и гас. Поради зголемената несигурност и ризиците за танкерите, снабдувањето е доведено во прашање.Паралелно, цената на природниот гас во Европа порасна за 28 проценти. Најголемо влијание врз ова имаат последните израелски напади врз ирански гасни полиња, како и иранските напади врз гасна инфраструктура во Катар.Иако цените сè уште не го достигнуваат максимумот од периодот по почетокот на војната во Украина, аналитичарите предупредуваат дека доколку конфликтот продолжи да ескалира, можно е дополнително нагло поскапување на енергенсите.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysglnvqmhqpe25uoj0cx

Техеран ги обвини Емиратите за соучесништво во нападите

Иран официјално побара обештетување од Обединетите Арапски Емирати, обвинувајќи ги дека дозволиле американски напади врз иранска територија да бидат извршени од нивна територија.Во писмо до генералниот секретар на Обединетите нации, иранскиот амбасадор при ОН, Амир Саид Иравани, наведе дека ваквата одлука на ОАЕ претставува прекршување на меѓународното право и повлекува „државна одговорност“.Техеран смета дека Емиратите имаат обврска да ја надоместат целокупната материјална и нематеријална штета предизвикана од нападите.Паралелно со дипломатската офанзива, Иран продолжува со напади во регионот на Персискиот Залив. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, изјави дека нападите во близина на урбани подрачја се последица на преместувањето на американските сили од воени бази во хотели во градските средини.Тој призна дека земјите од регионот се вознемирени и дека има жртви, но одговорноста за почетокот на конфликтот ја лоцираше кај Соединетите Американски Држави.Според податоците од емиратското Министерство за одбрана, земјите од Персискиот Залив се соочиле со повеќе од 2.000 напади со ракети и дронови, насочени кон дипломатски мисии, воени бази, нафтена инфраструктура и цивилни објекти.Само кон Обединетите Арапски Емирати биле истрелани 189 балистички ракети и 941 дрон, од кои поголемиот дел биле пресретнати, но најмалку 71 дрон погодил цели на територијата на државата.

Свет | пред 1 седмица

Kina

Кина: Шокирани сме од таквото тврдење

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Ѓан, изјави дека е „неприфатливо убиството на ирански лидери и нападите врз цивилни цели“ и додаде дека Кина секогаш се противи на употребата на сила во меѓународните односи.На прашањето за убиството на Али Ларијани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, во израелските напади, и информациите дека израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, тврдел дека тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху овластиле IDF да елиминира било кој висок ирански функционер без дополнително одобрување, Ѓан рече:„Кина е шокирана од таквото тврдење. Доследно се противиме на употребата на сила во меѓународните односи. Убиството на ирански државни лидери и нападите врз цивилни цели се неприфатливи“, додаде Лин.Тој посочи дека во моментов на Блискиот исток беснее војна и дека тензиите ескалираат и се прелеваат.„Брз прекин на огнот и престанок на непријателствата се заедничка цел на меѓународната заедница. Кина ги повикува страните да ги прекинат воените акции и да спречат регионалната ситуација да излезе од контрола“, заклучи Лин.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

22 загинати и 3.924 повредени во Иранските напади врз Израел

Речиси 4.000 Израелци се повредени и однесени во болници од почетокот на војната со Иран, соопшти Министерството за здравство на земјата.Министерството на платформата Икс соопшти дека се регистрирани 3.924 повредени луѓе од кои 79 се хоспитализирани со потешки повреди. Исто така ресорното министерство наведува дека од иранските напади починати се вкупно 22 лица, објави Анадолу.Во изминатите 24 часа, болниците примиле 177 повредени луѓе, вклучувајќи едно лице кое било во сериозна состојба, соопшти Министерството.Рано утрово, израелските служби за вонредни ситуации објавија дека уште едно лице настрадало, а петмина други биле повредени кога иранска ракета го погодила регионот Шарон во централен Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvi1inp2lgubn6JO8gp2

Омански министер: САД ја изгубија контролата

Во авторски текст за магазинот „The Economist“, оманскиот министер за надворешни работи Бадр Албусаиди предупредува дека САД ја изгубиле контролата над својата надворешна политика, повикувајќи ги сојузниците да помогнат во завршување на војната со Иран.Албусаиди истакнува дека во последните девет месеци САД и Иран двапати биле на работ на постигнување договор за најосетливото прашање кое ги дели – иранскиот нуклеарен програм и американските стравови дека тој може да има воена намена.Затоа, како што наведува, не било изненадување, но било шок кога на 28 февруари, само неколку часа по најконкретните преговори до тогаш, Израел и САД повторно започнале воена акција.Иранскиот одговор, кој вклучува напади на цели што Техеран ги смета за американски на територијата на соседните држави, Албусаиди го опишува како неизбежен, но длабоко жалосен и неприфатлив.Сoочен со војна која Израел и САД ја опишале како обид за завршување на Исламската Република, иранското раководство, според неговото мислење, немало многу избор.Последиците од таквата ескалација најмногу ги чувствуваат државите од јужниот дел на Персискиот Залив. Земјите кои се ослонуваа на безбедносната соработка со САД сега таа соработка ја доживуваат како извор на ранливост, што ја загрозува нивната безбедност и економската иднина.Албусаиди предупредува дека е загрозен и развојниот модел на заливските држави, кој се базира на глобален спорт, туризам, авијација и технологија.Последиците од иранскиот одговор веќе се чувствуваат и глобално, особено преку сериозни пореметувања во поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, што доведува до зголемување на цените на енергијата и закана од длабока рецесија.Според него, најголема грешка на американската администрација била тоа што воопшто влегла во војна. Албусаиди нагласува дека ова не е американска војна и дека не постои реален сценарио во кое Израел и САД ќе ги остварат своите цели.Израелското раководство, тврди тој, отворено се стреми кон соборување на иранскиот режим, додека американската реторика за промена на режимот можеби не е толку цврста.Албусаиди смета дека Израел ја убедил Белата куќа дека Иран е ослабен поради санкциите, внатрешните поделби и претходните напади на нуклеарните постројки, и дека брза победа би била можна.Но сега е јасно дека остварувањето на таквите цели би барало долгорочна војна и ангажман на американските копнени сили, што би отворило ново поглавје во долготрајните војни кои претседателот Доналд Трамп порано ветуваше дека ќе ги заврши.Албусаиди го поставува клучното прашање до американските сојузници: Што можат да сторат за да помогнат САД да се извлечат од овој непожелен конфликт?Тој понатаму нагласува дека американското раководство мора јасно да ги дефинира сопствените национални интереси, кои треба да вклучуваат запирање на ширењето на нуклеарно оружје, безбедност на снабдувањето со енергија и нови инвестициони можности во регионот.Сето тоа, според него, е можно само ако Иран е во мир со своите соседи.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран со порака до Американците со чиста совест: Одречете се од воената агресија

Иран ги повика сите американски граѓани и функционери со „чиста совест“ да се „одречат од тековната американско-израелска воена агресија против земјата“.Таа порака ја пренесе портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, на својот профил на мрежата X, по оставката на директорот на американскиот Национален центар за борба против тероризмот, Џозеф Кент.Кент поднесе оставка во знак на протест против војната.Кент на социјалните мрежи наведе дека „не може со чиста совест да ја поддржи војната против Иран“.„Оваа војна не е војна на американскиот народ. Да се оттурне овој нелегален конфликт е најмалку што секој граѓанин и функционер со чиста совест може и треба да го направи“, наведе Багаеи на својот профил на мрежата X, пренесувајќи објава од висок американски функционер кој признал дека „Иран не претставува непосредна закана за САД“ и дека конфликтот е поттикнат поради „притисок од моќното израелско лоби“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи: Иран нема да прави компромиси кога е во прашање безбедноста

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран под никакви околности нема да ја загрози безбедноста на својот народ.Арагчи во телефонски разговор со шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард ја осуди „жалната поддршка“ на Шведска за лице осудено за шпионажа во корист на Израел против Иран, пренесе порталот „Прес ТВ“.Станува збор за Курош Кеивани, агент на израелската разузнавачка служба Мосад, кој пренесувал фотографии и видеоматеријали од важни ирански безбедносни локации, а бил погубен претходно овој месец по спроведување на пропишаните законски процедури.Кеивани бил регрутиран од агент на Мосад по име „Бен“ во Шведска во 2023 година.Неговото апсење во јуни минатата година го спровела Разузнавачката служба на Корпусот на исламската револуционерна гарда, во период кога Иран и Соединетите Американски Држави воделе 12-дневен судир.Арагчи истакна дека последиците од овој инцидент предизвикале најмалку 63 одмазднички акции кон стратешки цели на Израел и САД во регионот, додека иранскиот народ значително придонел во операциите насочени кон спречување шпионажа и саботажа.

Свет | пред 1 седмица

873x400-1-16

Цените на нафтата пораснаа на 112 долари за барел

Цените на нафтата пораснаа на 112 долари за барел, откако иранските медиуми известија за воздушен напад врз постројка на најголемото светско наоѓалиште на природен гас.Референтната цена на суровата нафта од типот Brent crude достигна 112 долари за барел во раните утрински часови во Азија, што претставува пораст од повеќе од 5 проценти во однос на цените од вторникот, пренесува BBC.Наглиот раст следуваше по извештаите дека бил погоден ирански петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс.Неколку часа подоцна, Катар соопшти дека на индустриската локација Рас Лафан е предизвикана значителна штета, по заканите кои доаѓале од Иран.И покрај наглиот раст на цените на нафтата и гасот, тие сè уште се под нивото на максимумот забележан претходно за време на конфликтот. Како што наведува Би-Би-Си, цената на нафтата достигнала 116,78 долари за барел на 9 март.Иранското Министерство за нафта соопшти дека пожарот во петрохемискиот комплекс е ставен под контрола, пренесе новинската агенција Tasnim, која е поврзана со Корпусот на исламската револуционерна гарда.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI

Катар ги протера иранските воени и безбедносни аташеа

Катар ги прогласи воените и безбедносните аташеа на иранската амбасада и нивниот персонал за непожелни лица и ги протера од земјата, се вели во соопштението објавено синоќа.Министерството за надворешни работи на Катар во соопштението споделено на социјалната мрежа Х наведува дека на иранските претставници им е даден рок од 24 часа да ја напуштат заливската држава.„Министерството појасни дека оваа одлука доаѓа како одговор на повторените ирански гаѓања и очигледната агресија врз Државата Катар“, се продолжува во соопштението, нарекувајќи го тоа кршење на „нејзиниот суверенитет и безбедност“, како и на резолуциите на ОН, меѓународното право и „принципите на добрососедство“.Катар соопшти дека ги предупредил иранските власти дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки за да ги заштити својот суверенитет и безбедност, во согласност со одредбите на меѓународното право“, пренесе ДПА.Во текот на американско-израелските напади врз Иран, иранските вооружени сили во повеќе наврати со ракети и беспилотни летала ги нападнаа Катар и другите држави во Заливот кои се сојузници на САД.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjt1u6hcuirnt4d1EVop

Берни Сандерс: Мора да се прекине американската воена помош за Бенјамин Нетанјаху

Американскиот сенатор Берни Сандерс ги критикуваше трошоците за воените напади на Вашингтон врз Иран, истакнувајќи дека огромните средства потрошени за војна можеле да се пренаменат за клучни домашни програми. Според него, досегашните трошоци достигнале 22,8 милијарди долари.Во објава на социјалната мрежа X, Сандерс ги наведе трошоците од војната:„Со 22,8 милијарди долари можевме да обезбедиме здравствено осигурување преку Medicaid за 6,8 милиони деца, да изградиме 2,6 милиони станови, да финансираме предучилишна програма Head Start за 1,3 милиони деца, да вработиме 240.000 наставници и да отпишеме 20.000 долари студентски долг за еден милион корисници“, порача Сандерс.Тој повика јавните услуги да имаат предност пред воената потрошувачка во услови на ескалација на регионалните тензии.Во друга објава, сенаторот нагласи дека во услови на војна со Иран не смее да се заборави состојбата на Западниот Брег.„Во една година, повеќе од 36.000 Палестинци се присилно раселени на Западниот Брег, 240 се убиени, а регистрирани се повеќе од 1.700 напади од израелски доселеници. Мора да ја прекинеме американската воена помош за Нетанјаху“, изјави Сандерс.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.19

Венс: Имаме проблем со цените на горивата, работиме на решенија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс призна дека САД се соочуваат со сериозен проблем поради растот на цените на горивата, во услови на актуелниот конфликт со Иран.„Бензинот поскапе. Знаеме дека поскапе и знаеме дека луѓето страдаат поради тоа“, изјави Венс за време на обраќање во производствен погон во Мичиген.Тој отворено призна дека администрацијата е свесна за состојбата.„Имаме проблем, знаеме дека имаме проблем“, рече Венс, додавајќи дека се работи на повеќе мерки.Според него, конкретните чекори што ги подготвува администрацијата ќе бидат соопштени во наредните 24 до 48 часа.Венс не откри дополнителни детали, нагласувајќи дека не сака да излегува пред официјалните најави од претседателот Доналд Трамп.Растот на цените на горивата доаѓа во контекст на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, кој влијае врз глобалните енергетски пазари.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Обединетите Арапски Емирати: Ирански напади нѐ туркаат кон Израел и САД

Висок советник на претседателот на Обединети Арапски Емирати, Анвар Гаргаш смета дека иранските напади врз државите од Персиски Залив ги приближуваат овие земји кон Израел и САД.„Иранските напади со полн интензитет врз државите од Заливот всушност ја зајакнуваат улогата на Израел во регионот, а не ја намалуваат“, рече Гаргаш на настан на Совет за надворешни односи.Тој посочи дека во моментот се соочуваат со 2000 ирански проектили и дронови, а не со израелски, нагласувајќи ја важноста на односите со САД во актуелниот конфликт.„Во оваа војна гледаме колку е важна поврзаноста со Америка. Иако понекогаш можеме да ја критикуваме за одредени одбранбени системи или недостаток на реакција, воопшто мислам дека иранската грешка, нападот на регионот, во никој случај не ја намалува улогата на САД. Напротив, ја зајакнува“, додаде Гаргаш.Тој исто така изјави дека иранската стратегија може да го зголеми влијанието на Иран како закана, додека истовремено ќе го зајакне присуството и улогата на Израел во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysptingq7js6c3DxdE6C

(Видео) Напад на иранско гасно поле ја крена цената на нафтата на 110 долари

Цените на нафтата на светските пазари силно осцилираат поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Откако претходно паднаа поради договор меѓу Ирак и Турција за продолжување на извозот, тие нагло пораснаа по извештаите за напад врз иранското гасно поле Јужен Парс, пренесува Гардијан.Цената на нафтата се приближи до 110 долари за барел, додека поскапе и гасот, откако Иран соопшти дека американско-израелски воздушен напад погодил дел од неговата енергетска инфраструктура. Ова е прв напад врз иранското производство на фосилни горива од почетокот на конфликтот.Иранските медиуми јавија дека биле погодени постројки на огромното поле Јужен Парс, кое Техеран го управува заедно со Катар. Дел од петрохемиските капацитети биле исклучени за да се спречи ширење на пожар.Како одговор, Иранска револуционерна гарда се закани со напади врз енергетски објекти во Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Катар, што дополнително ја зголеми загриженоста за снабдувањето со енергенси.Референтната цена на нафтата Брент порасна за околу 5 проценти, додека европскиот гас поскапе за повеќе од 7,5 проценти. Неизвесноста е засилена и од проблемите во Ормускиот теснец, клучна рута за транспорт на нафта.Во обид да ги намали цените, САД привремено го суспендираа Џоунс акт, дозволувајќи транспорт на стоки меѓу американските пристаништа и со бродови под странско знаме во наредните 60 дена.Во меѓувреме, Банка на Канада предупреди дека конфликтот ја зголемува нестабилноста на глобалните пазари и носи ризици за економскиот раст.И покрај алтернативните рути, како обновениот извоз на нафта од Ирак преку Турција, аналитичарите предупредуваат дека долготраен конфликт може да доведе до недостиг и дополнителен раст на цените.

Свет | пред 1 седмица

SeKXr-

САД привремено ги укинуваат ограничувањата за превоз на нафта поради војната со Иран

Белата куќа привремено укинува клучни ограничувања за транспорт на нафта, гас и други стоки низ САД, во обид да го ублажи растот на цените на енергенсите предизвикан од конфликтот со Иран.Со изземање од т.н. Џоунс акт, на бродови под странско знаме ќе им се дозволи во следните 60 дена да превезуваат стоки меѓу американските пристаништа. Одлуката ја потврди портпаролката Каролин Ливит во објава на X, наведувајќи дека мерката треба да го олесни протокот на енергенси додека траат напорите за повторно отворање на Ормускиот теснец.„Оваа мерка ќе овозможи клучни ресурси како нафта, природен гас, ѓубрива и јаглен непречено да пристигнуваат во американските пристаништа во наредните 60 дена“, напиша Ливит.Укинувањето на ограничувањата е една од неколкуте опции што администрацијата ги разгледувала за да ја ублажи кризата со снабдување, која доведе до нагло зголемување на глобалните цени на нафтата и поскапување на горивата во САД.Според Џоунс акт, транспортот меѓу американските пристаништа вообичаено мора да се врши со бродови под американско знаме. Енергетските аналитичари оценуваат дека привременото укинување може краткорочно да ги намали цените, но предупредуваат дека САД не може целосно да го надомести недостигот од Блискиот Исток без целосно повторно отворање на Ормускиот теснец.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryofgo6famjggo8xn1yn9

Ескалација на Блискиот Исток: Напади во Бејрут, Техеран, Ирак и Заливот

Серија напади во текот на ноќта и утрото дополнително ја влошија безбедносната состојба на Блискиот Исток, со удари во повеќе држави и нови жртви.Во либанската престолнина Бејрут, израелските воздушни напади продолжија во текот на ноќта, при што делови од центарот на градот се претворени во урнатини. Според либанското Министерство за здравство, загинале најмалку 10 лица, а 27 се повредени.Израелската армија издаде наредба за евакуација на јужен Либан, најавувајќи нови напади врз премините преку реката Литани.Во Иран, медиумите јавуваат дека е погоден петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс. Израел, пак, тврди дека во напад во Техеран е убиен министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, но засега нема официјална потврда од иранските власти.Тензиите се зголемуваат и околу Ормускиот Теснец, клучна рута за транспорт на нафта, каде американската војска соопшти дека извела напади врз ирански ракетни позиции. Овој регион е особено чувствителен по серијата инциденти со трговски бродови од крајот на февруари.Во земјите од Заливот – Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија – пријавени се одбранбени реакции на напади. Саудиска Арабија соопшти дека соборила два дрона насочени кон дипломатска зона, додека во Бахреин биле активирани сирени за воздушна опасност.Во Ирак, според снимки потврдени од Би-Би-Си, регистрирана е експлозија во близина на американската амбасада во Багдад, за која Ројтерс јавува дека била предизвикана од дрон.Во Израел, во нападите загинале две лица во седмата деценија од животот во град во близина на Тел Авив, додека израелската војска соопшти дека Иран лансирал нови проектили кон нивна територија.Ситуацијата на теренот останува крајно нестабилна, со ризик од натамошна регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Израел ликвидира ирански функционери „еден по еден“: откриена стратегијата на ударите

Израел спроведува систематска кампања на ликвидации и прецизни напади врз иранското раководство и безбедносни структури, со цел да го ослаби и дестабилизира режимот во Техеран, објавува „Волстрит журнал“.Во последните напади убиени се високи ирански функционери, меѓу кои и еден од највлијателните безбедносни претставници, кој бил лоциран за време на состанок во периферијата на Техеран и ликвидиран со ракетен удар. Истата ноќ, според извештаите, бил убиен и лидер на паравоената формација „Басиџ“, по дојава од цивили за неговата локација.Според анализите, Израел не се фокусира само на врвот на власта, туку систематски ги таргетира и пониските структури – од командни центри до поединечни единици на терен. Целта е нарушување на командната хиерархија и создавање хаос во функционирањето на безбедносниот апарат.Израелските сили, според податоците, досега извеле илјадници напади, при што биле погодени над 2.200 цели поврзани со Револуционерната гарда, „Басиџ“ и други безбедносни служби. Се проценува дека илјадници припадници на овие структури се убиени или ранети.Во операциите значајна улога имаат разузнавачките информации, вклучително и дојави од ирански граѓани. Нападите се прошириле и на алтернативни локации каде се собирале безбедносните сили, како спортски објекти, откако нивните бази биле уништени.Паралелно со воените акции, се спроведува и психолошка кампања. Според извештаите, израелски агенти контактирале ирански команданти и им упатувале закани, предупредувајќи ги да се дистанцираат од режимот.На терен, нападите довеле до пад на моралот и дезорганизација. Дел од безбедносните сили, според извори, се принудени да се кријат во цивилни објекти, додека полицијата во некои делови од Техеран има ограничено присуство.И покрај интензитетот на нападите, експертите предупредуваат дека рушењето на режим исклучиво преку воздушни удари е исклучително тешко. Доколку режимот опстане, постои ризик да излезе дополнително зацврстен.Во меѓувреме, расте притисокот врз иранското општество, но дел од граѓаните стравуваат од отворен бунт, проценувајќи дека исходот од конфликтот е неизвесен и дека последиците би можеле да бидат уште потешки.

Свет | пред 1 седмица

peskov-putin1

Кремљ: Се шират лажни вести за улогата на Русија во Иран

Кремљ остро ги осуди нападите врз иранските власти и предупреди на ширење дезинформации во врска со улогата на Русија во конфликтот, откако беа објавени информации за наводна засилена воена соработка меѓу Москва и Техеран.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „недвосмислено осудува“ какви било акции насочени кон ликвидација на политичкото раководство на суверени држави, коментирајќи ги извештаите за убиството на Али Лариджани, советник на врховниот ирански лидер.„Осудуваме акции насочени кон нанесување штета или елиминација на раководството на суверена и независна држава, како и на раководствата на други земји“, рече Песков.Москва, која е близок сојузник на Техеран и учествува во функционирањето на иранската нуклеарна електрана, повторно повика на прекин на огнот и дипломатско решение на конфликтот.Воедно, Кремљ ги отфрли тврдењата дека Русија ја проширува размената на разузнавачки информации и воена поддршка за Иран. Според Песков, станува збор за „лажни вести“ и дезинформации кои се појавуваат во услови на интензивен конфликт.„Во моментов кружат многу различни извештаи за оваа војна. Голем дел од нив се ништо повеќе од дезинформации, па затоа не сметаме дека е потребно да коментираме секоја од нив“, изјави тој.Песков додаде дека и официјални претставници на САД изјавиле дека немаат информации кои би ги потврдиле ваквите наводи.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

(Видео) Најмалку 10 загинати во израелски напади врз Бејрут, уништена зграда

Најмалку 10 лица загинаа во израелските воздушни напади врз централниот дел на Бејрут, соопштија либанските власти, откако претходно беше потврдено дека има шест жртви.Според најновите информации, во нападите целосно е уништена една десеткатна зграда, а повеќе објекти се сериозно оштетени.Нападите траеле во текот на ноќта и раните утрински часови, при што небото над главниот град на Либан, особено над јужните предградија, било осветлено од експлозии.Јужните делови на Бејрут се сметаат за упориште на Хезболах, кој е поддржан од Иран и веќе подолг период е цел на израелски напади, откако се вклучи во конфликтот на страната на Техеран.Во меѓувреме, Хезболах соопшти дека во текот на ноќта извршил масовни ракетни напади, како и напади со дронови и артилерија врз цели во Израел, што се оценува како едни од најинтензивните од почетокот на конфликтот.Ескалацијата на насилствата дополнително ја продлабочува безбедносната криза во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

„Стратешката автономија“ како празна фраза: војната против Иран ја разголи зависноста на Европа

Масовната американско-израелска воена офанзива против Иран, започната кон крајот на февруари 2026 година, отвори поширока рана од самата блискоисточна ескалација: разоткри колку Европа, и покрај сите декларации, останува политички и безбедносно врзана за одлуките на Вашингтон. Во текст што се чита како дијагноза на континентална слабост, се тврди дека „европската стратешка автономија“ во практика е далеку од реалност – особено кога кризата се префрла од дипломатски соопштенија во воена логистика, санкции и енергетски шокови.Во срцето на критиката стои распадот на европската дипломатска самодоверба, градена со години врз концептот на „мека моќ“ и преговарање. Како симбол на тоа се наведува нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, што долго време се третираше како доказ дека глобалните кризи можат да се решаваат со договори, а не со бомби. Но, по американското повлекување од договорот во 2018 година и по воздушните удари на 28 февруари 2026 година, европската улога се сведува на набљудувач – со ограничена способност да ја наметне сопствената агенда.Клучниот парадокс, според анализата, е дека европските лидери јавно покажуваат отпор и дистанца од американската линија, оценувајќи ја војната како проблематична од аспект на меѓународното право, но истовремено немаат ниту институционални механизми, ниту воена сила, ниту внатрешна кохезија за да се спротивстават кога притисокот ќе се претвори во конкретни барања и последици.Во таа рамка, се издвојуваат различни национални позиции што ја кријат и ја откриваат европската неединственост. Шпанија и Италија, според наведувањата, излегуваат со најдиректни пораки против користење национални капацитети за офанзивни операции, додека Франција инсистира на дистанцирање од учество во ударите. Велика Британија, пак, се обидува да балансира – дозволувајќи употреба на бази само за „одбранбени“ цели, без отворено навлегување во напади врз иранска територија. Спротивната линија ја демонстрира Германија, каде стравот од руската закана и потребата од американскиот безбедносен чадор, според текстот, ја туркаат владата да даде широка логистичка поддршка и да прифати улога што ја релативизира европската принципиелност.Економската димензија ја заострува поентата. „Секундарните санкции“ на САД, се нагласува, ги принудуваат европските компании и банки да се повлечат од било каков однос со Иран поради ризикот од губење пристап до американскиот пазар, при што европските заштитни механизми излегуваат како немоќни. Потоа доаѓа енергетскиот удар: падот на прометот низ Ормускиот теснец, скокот на нафтата над 100 долари за барел и растот на цената на гасот за 70 отсто – комбинација што ѝ се заканува на Европа со нов круг рецесија и инфлација.Особено остро е оценет потегот на Вашингтон да суспендира дел од строгите санкции за продажба на руска нафта, со цел да се намалат светските цени на горивата. Во анализата се тврди дека тоа, индиректно, ја засилува руската финансиска моќ и ја остава Европа во позиција да плаќа висока цена за конфликт што политички не го поддржала – додека во исто време се соочува со последиците на сопствените источни граници.На крајот, воената слабост се прикажува како структурен проблем: пренасочувањето на американски логистички ресурси и системи за противвоздушна одбрана кон Блискиот исток ја стеснува поддршката што е клучна и за Украина. Европската одбранбена индустрија, иако во раст, според текстот не може брзо да го надомести тој јаз. Дури и најавените европски иницијативи за вооружување и одбранбени фондови се опишуваат како проекти со ефект „по неколку години“, а не решение за денешните потреси.Пораката што останува, според ова читање на кризата, е дека Европа сè појасно говори дека не сака да биде соучесник во „превентивни“ војни, но сè уште нема сила да го претвори тој став во самостојна политика. Војната против Иран, во тој смисол, не е само надворешна криза, туку и огледало за недовршениот европски проект – помеѓу амбиција и реална зависност.

Свет | пред 1 седмица

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иран тврди: Уапсени 111 лица, меѓу нив и „американски шпиони“

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во обемна безбедносна операција се уапсени 111 лица во 26 покраини, меѓу кои и четири лица осомничени за шпионажа во корист на САД.Според државната новинска агенција, акцијата била спроведена во текот на една ноќ, при што, како што тврдат властите, биле разбиени десетици опозициски ќелии и запленета „значителна количина“ оружје.Во соопштението се наведува дека четворицата осомничени шпиони биле уапсени во покраините Хамадан и Западен Азербејџан, и дека наводно собирале чувствителни информации за безбедносните структури.„Овие лица доставувале податоци за локации на командни центри, опрема и распоред на безбедносните сили“, соопшти Министерството.Иранските власти ги опишаа уапсените како „предавници“ кои соработувале со странски служби.Независна потврда за наводите засега нема, а ваквите тврдења доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Иран и САД.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања