Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп повторно шокира: „Пит, ти прв побара војна“

Американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи на округла маса за борбата против криминалот во Мемфис, го спомна и конфликтот на Блискиот исток, истакнувајќи дека токму министерот за одбрана Пит Хегсет бил првиот член на неговата администрација кој ја поддржал воената акција.„Ја повикав многу наши одлични луѓе и реков: ‘Мораме да разговараме. Имаме проблем на Блискиот исток. Иран е земја која веќе 47 години е извор на тероризам и е блиску до нуклеарно оружје’“, рече Трамп.Понатаму, со присуство на Хегсет, директно погледнат, додаде:„Пит, мислам дека ти беше првиот кој тоа го кажа. Рече: ‘Да го направиме тоа, бидејќи не смее да имаат нуклеарно оружје’. Сега водиме многу добри разговори. Почнаа синоќа, а и претходната вечер. Мислам дека се многу позитивни. Тие сакаат мир… се согласиле дека нема да имаат нуклеарно оружје, но ќе видиме. Тоа мора да се реализира. Реков дека има многу добра шанса.“САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Од тогаш американската администрација понудила низа објаснувања за воената интервенција, при што најчесто се истакнува тврдењето дека Иран претставува нуклеарна закана.

Свет | пред 6 дена

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Подводни мини во Ормускиот Теснец, Иран поставил најмалку десетина експлозиви, велат американски извори

Подводни мини, за кои се верува дека се поставени од Иран, се откриени во Ормускиот Теснец во Персискиот Залив, објави „Си-би-ес Њуз“, повикувајќи се на американски официјални претставници. Во меѓувреме, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го повика Техеран да овозможи непречен поморски сообраќај низ овој стратешки важен премин.Според актуелните проценки на американските разузнавачки служби, во теснецот се наоѓаат најмалку десетина поморски мини. Тие се идентификувани како модели „Махам 3“ и „Махам 7“, произведени во Иран, кои користат магнетни и акустични сензори за детекција на цели.Друг американски претставник навел дека бројот на поставени мини би можел да изнесува околу 12.Овие информации доаѓаат во момент кога Доналд Трамп се откажа од претходните закани за можен напад врз иранската енергетска инфраструктура, доколку Техеран продолжи со блокирањето на пловниот пат низ Ормускиот Теснец.Трамп изјави дека неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и бизнисменот Џерард Кушнер, веќе започнале разговори со иранските власти, изразувајќи надеж дека теснецот наскоро повторно ќе биде отворен за слободен бродски сообраќај.„Ќе биде отворен многу наскоро, ако ова функционира“, рече Трамп за најновиот дипломатски потег.Тој додаде дека протокот на нафта низ теснецот ќе биде заеднички контролиран од САД и Иран.Од друга страна иранското Министерство за надворешни работи ги негираше тврдењата на Трамп дека се одржале директни разговори меѓу двете страни. Иранските државни медиуми во исто време го обвинија Трамп дека се обидува да купи време. Ормускиот Теснец е еден од најважните светски бродски патишта за енергија, низ кој минуваше околу една петтина од светската сурова нафта пред конфликтот.

Свет | пред 6 дена

stojance-angelov

Ангелов: Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел врз Иран

Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов вели дека има проамерикански ставови во однос на ситуацијата на Блискиот Исток и смета дека Американците имаат добри причини за нападите на Иран.Ангелов го оправдува американскиот напад, бидејќи, како што вели, во Иран владее суров режим кој што ги казнува сопствените граѓани и режим кој обезбедил сериозна количина на ракети, како и подготовка на нуклеарно оружје.-Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел и времето ќе покаже што се имал Иран од вооружување. Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг дострел, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Иран: Ормускиот теснец е отворен, но не за сите

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Ормускиот теснец е отворен за бродови од земји кои не ги поддржуваат американско-израелските напади, додека е затворен за пловила од, како што рече, „агресорските земји и нивните сојузници“.Во телефонски разговор со јужнокорејскиот колега Чо Хјун, Арагчи посочил дека сегашната нестабилност во регионот и во Ормускиот теснец е директна последица од нападите на САД и Израел врз Иран од 28 февруари.Тој повторил дека Техеран решително го брани својот национален суверенитет и територијален интегритет.Од јужнокорејска страна беше изразено сочувство за жртвите меѓу иранските граѓани, како и загриженост за негативните последици од регионалната нестабилност врз глобалната економија, особено врз енергетските пазари.Во одделни разговори, Арагчи разговарал и со министрите за надворешни работи на Египет и Оман за најновите случувања и можностите за намалување на тензиите.На средбите била нагласена важноста од регионална деескалација и координација меѓу државите.

Свет | пред 6 дена

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Новиот врховен лидер на Иран подготвен за преговори со САД?

Новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, наводно се согласил да започне преговори со САД и да постигне договор, објави Ал Арабија, повикувајќи се на израелски медиуми.Официјална потврда од Техеран засега нема, а дополнително нејасно е и во каква здравствена состојба се наоѓа новиот лидер, со оглед дека беше ранет во нападот во кој загина неговиот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи.Иранскиот министер за надворешни работи потврди само дека Хамнеи е ранет, додавајќи дека се наоѓа на безбедно место. Сепак, бројни медиуми, повикувајќи се на свои извори, тврдат дека повредите се сериозни и дека не е јасно кој во моментов фактички управува со Иран.Дополнителна неизвесност создава и фактот што Хамнеи се обраќа исклучиво преку писмени соопштенија, откако претходно се појавија информации дека е во кома. Оттогаш, сите негови јавни обраќања се реализираат во писмена форма, што ги засилува сомнежите за неговата вистинска здравствена состојба.Конфузијата дополнително се продлабочи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по разговори со Иран донел одлука привремено, на пет дена, да го прекине бомбардирањето на иранските енергетски постројки. Набргу потоа, од официјален Техеран пристигна демант дека воопшто имало разговори со Трамп.Во вакви услови на спротивставени информации, останува нејасно дали навистина се водат преговори меѓу Иран и САД, како и кој носи клучни одлуки во иранското раководство.

Свет | пред 6 дена

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Си-ен-ен: Трамп заглавен во сопствената војна со Иран – речиси сите опции се лоши

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозна дилема во конфликтот со Иран, кој самиот го ескалираше, а од кој сега тешко може да најде излез, оценува Си-ен-ен.По неколку дена контрадикторни пораки, Трамп сигнализираше можност за деескалација, тврдејќи дека се постигнати „15 точки на договор“ со Иран. Но Техеран веднаш ги демантираше овие тврдења, што дополнително ја поткопува довербата во американската позиција.Анализата укажува дека и двете страни можеби се приближуваат до точка каде цената на понатамошна ескалација е преголема, но нема гаранции дека тоа ќе доведе до крај на конфликтот.Проблемот, според Си-ен-ен, е непредвидливоста на Трамп, кој постојано менува ставови – од закани за бомбардирање на ирански цели до најави за преговори. Таквиот пристап ја намалува веродостојноста на САД и ја отежнува секоја дипломатска иницијатива.Во меѓувреме, Иран покажува дека и покрај загубите, и понатаму има силен адут – контролата врз Ормутскиот теснец, преку кој директно влијае врз глобалната економија и цените на нафтата.Се отвора и прашањето дали паузата во воените активности е резултат на стратегија или обид да се стабилизираат финансиските пазари, кои беа погодени од растот на цените на енергенсите и падот на берзите.Аналитичарите предупредуваат дека речиси сите сценарија носат сериозни ризици. Ескалацијата може да доведе до поширока војна, испраќањето копнени сили би значело долг и скап конфликт, а повлекувањето би ги оставило американските сојузници во регионот изложени на засилен Иран.Дополнително, не е јасно дали Иран би прифатил услови што вклучуваат откажување од нуклеарната програма и балистичките капацитети, што го прави дипломатскиот излез уште понеизвесен.Заклучокот на анализата е дека САД се наоѓаат во ситуација без добри решенија, а кризата што ја создаде Трамп може да се претвори во долгорочен геополитички проблем со глобални последици.

Свет | пред 6 дена

media-libraryimvvolr75rb01AbP2VZ

Волстрит џурнал: Заливските земји сè поблиску до вклучување во војната со Иран

Американските сојузници во Персискиот Залив сериозно размислуваат за директно вклучување во конфликтот со Иран, по серијата напади што ја загрозија нивната енергетска инфраструктура и економија, објавува „Волстрит џурнал“.Иако засега не испраќаат свои копнени сили, заливските држави веќе преземаат чекори што ја поддржуваат американско-израелската офанзива – од логистичка помош до економски притисок врз Техеран.Саудиска Арабија, која претходно се дистанцираше од конфликтот, сега го менува пристапот. По серијата ирански напади со ракети и дронови врз енергетски објекти и главниот град Ријад, кралството дозволи користење на своја воздушна база од страна на американските сили.Извори наведуваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман е сè поблиску до одлука за директно вклучување, со цел да се врати одвраќачката моќ на државата.„Трпението на Саудиска Арабија не е неограничено“, изјави министерот за надворешни работи Фејсал бин Фархан, алудирајќи на можен поостар одговор.Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати преземаат финансиски мерки против Иран, затворајќи институции поврзани со режимот и заканувајќи се со замрзнување на милијарди долари ирански средства. Овие потези имаат потенцијал сериозно да го ограничат пристапот на Техеран до странски валути и глобални пазари.Паралелно, се разгледува и можноста за испраќање војска, додека Емиратите лобираат против прекин на огнот што би оставил дел од иранските воени капацитети недопрени.Иако официјално тврдат дека не учествуваат директно во нападите, постојат индикации дека одредени операции веќе се одвиваат од територии во регионот, што укажува на постепено вклучување во конфликтот.Заливските монархии се наоѓаат во сложена позиција – од една страна се под притисок да одговорат на иранските напади, а од друга стравуваат дека може да бидат оставени сами ако САД ненадејно се повлечат од конфликтот.Дополнителен притисок претставува и најавата од Техеран дека сака да воспостави контрола врз Ормутскиот теснец и дури да наплатува премин, што директно ги загрозува глобалните енергетски текови.Аналитичарите оценуваат дека токму овие закани ја туркаат регијата кон подлабока ескалација, со ризик од проширување на војната на повеќе фронтови.

Свет | пред 6 дена

media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd

Ројтерс: Нетанјаху го убедил Трамп дека нападот врз Иран ќе го внесе во историјата

Помалку од 48 часа пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, убедувајќи го дека тоа е историска можност за елиминација на иранското раководство.Според извори запознаени со разговорот, Нетанјаху тврдел дека ваква шанса – за удар врз врховниот лидер Али Хамнеи и неговиот круг – можеби никогаш повеќе нема да се појави. Во позадина стоеле разузнавачки информации дека иранското раководство ќе се најде на едно место, што го прави ранливо на директен напад.Во моментот на разговорот, Трамп веќе ја одобрил идејата за воена операција, но сè уште не донел конечна одлука за времето и обемот на американското вклучување.Извори наведуваат дека токму овој разговор, заедно со информациите дека „временскиот прозорец“ се затвора, бил клучен фактор што довел до одлуката за покренување на операцијата на 27 февруари.Нетанјаху аргументирал дека Трамп може да влезе во историјата ако помогне во елиминацијата на иранското раководство, додавајќи дека тоа би можело да поттикне и внатрешен бунт и пад на режимот во Техеран.Од Белата куќа не го коментираа директно разговорот, но нагласија дека целта на операцијата била уништување на иранските воени капацитети – особено ракетната програма и способноста за развој на нуклеарно оружје.Нетанјаху, пак, ги отфрли тврдењата дека Израел ја вовлекол Америка во војната, истакнувајќи дека одлуката била исклучиво на Трамп.Иако Трамп во кампањата ветуваше избегнување на нови војни, по неуспешните преговори за нуклеарната програма на Иран, неговата администрација постепено почнала да ја разгледува воената опција.Последиците од нападот се сериозни – илјадници жртви, ескалација на конфликтот во регионот, напади врз американски цели и сојузници, како и затворање на клучни поморски рути и нагло зголемување на цените на нафтата.Дополнително, разузнавачките проценки предупредувале дека убиството на иранскиот лидер не мора да доведе до промена на режимот, туку може да резултира со уште потврда власт.Со војната која влегува во четвртата недела, ситуацијата останува неизвесна, а регионот сè подлабоко навлегува во конфликт со глобални последици.

Свет | пред 6 дена

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Си-ен-ен: Трамп тешко ќе излезе од кризата што сам ја создаде со војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозни предизвици да најде излез од конфликтот со Иран, кој, според анализа на Си-ен-ен, самиот го довел до опасна ескалација со своите одлуки и непостојана стратегија .Иако неодамна сигнализираше можност за деескалација, споменувајќи „15 точки на договор“ со Иран, од Техеран негираа дека воопшто имало разговори, што дополнително ја поткопува довербата во американските изјави .Анализата укажува дека и САД и Иран можеби се приближуваат до точка каде цената на натамошна ескалација станува преголема, но истовремено постојат сериозни сомнежи дека вистинско решение е на повидок.Клучен проблем е непредвидливоста на Трамп, кој во краток временски период дава контрадикторни пораки – од најави за крај на војната до закани за нови напади. Таквиот пристап, според аналитичарите, ја намалува веродостојноста на САД и ја отежнува можноста за дипломатско решение .Дополнително, се отвора прашањето дали одлуките се водени од геополитички причини или од обид за стабилизирање на финансиските пазари, особено по растот на цените на нафтата и падот на берзите.Во меѓувреме, Иран ја задржува клучната предност – контролата врз Ормутскиот теснец, со што директно влијае врз глобалната економија и ја користи како главен адут во преговорите .Си-ен-ен оценува дека речиси сите опции на Трамп носат сериозни ризици. Ескалацијата може да доведе до поширока војна, испраќањето копнени сили би значело нов долг конфликт, а повлекувањето би ги оставило американските сојузници изложени на засилен Иран.Во исто време, не е јасно дали Иран воопшто би прифатил услови кои вклучуваат откажување од нуклеарната програма и балистичките проектили, што дополнително ја комплицира ситуацијата.Заклучокот на анализата е дека САД се наоѓаат во позиција без добри решенија, а конфликтот што го започна Трамп може да се претвори во долгорочна геополитичка криза со глобални последици

Свет | пред 6 дена

iran

САД го одредија 9 април како можен крај на војната со Иран

САД го одредија 9 април како можен датум за завршување на војната со Иран, а се очекува дека разговорите меѓу двете страни наскоро ќе започнат, јавуваат израелските медиуми. Според весникот Yedioth Ahronoth, еден неименуван израелски функционер изјавил дека „Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за завршување на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите“.Истите извори додаваат дека „разговорите меѓу Иран и САД се очекува да се случат подоцна оваа недела во Пакистан“, нагласувајќи дека Вашингтон не го известил Израел за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент.Иран ги негира преговорите со Америка, оценувајќи ги извештаите како „лажни вести“ кои служат за манипулација на финансиските и нафтените пазари.Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно во понеделникот соопшти дека наредил петдневно одложување на сите напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура, како резултат на „многу добри и продуктивни“ разговори со Техеран во изминатите два дена.Регионалната ескалација се интензивира откако на 28 февруари САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран, при што загинаа повеќе од 1.340 лица, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Техеран возврати со напади со дронови и ракети кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде се наоѓаат американски воени објекти, предизвикувајќи жртви, оштетувања на инфраструктурата и нарушувања на глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

Свет | пред 1 седмица

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Најмалку пет лица загинаа во напад врз иранскиот град Урмија

Најмалку пет лица загинаа во напад врз северозападниот ирански град Урмија, јави иранската новинска агенција Тасним.Според извештајот, воени авиони нападнале стамбен дел од градот околу 3:45 часот наутро по локално време, при што цели биле цивилни објекти.Детали за идентитетот на загинатите лица или точните околности на нападот сè уште не се достапни, а официјални коментари од Иран или од САД не се потврдени.

Свет | пред 1 седмица

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Високи претставници на Трамп разговарале со претседателот на иранскиот парламент

Највисоките претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, разговарале со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на официјални израелски извори. Калибаф, близок сојузник на убиениот командант на IRGC, Касем Сулејмани, кој бил вмешан во насилно гаснење на протести, се појавил како водечки носител на одлуки во воено време откако високите ирански функционери биле елиминирани во израелско-американската кампања против Иран, објави „Тајмс оф Израел“.Претходно, Трамп тврдел дека САД разговараат со истакната личност и лидер во Иран, без да го открие неговиот идентитет. Веднаш по овие тврдења, профил на социјалната мрежа X, кој припаѓа на Калибаф, објавил дека не се воделе никакви преговори со САД.Исто така, се наведува дека „лажни вести“ биле користени за „манипулација“ на нафтените пазари, додека иранскиот народ бара „целосна и покајничка казна за агресорите“.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп: Иран има уште една шанса

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се „многу добри“ и дека Техеран сака да постигне договор. Говорејќи во Мемфис, Трамп рече дека постои „многу добра шанса за спогодба“ со Иран. „Го отстранивме сè што можеше да се отстрани во Иран, вклучително и нивните лидери“, додаде тој, истакнувајќи дека Иран има „уште една можност да ги заврши своите закани“ кон Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.„Во моментов водиме навистина добри разговори. Започнаа синоќа, делумно и вечерта пред тоа. Мислам дека се многу добри. Тие сакаат мир. Се согласиле дека нема да имаат нуклеарно оружје. Но, ќе видиме, тоа мора да го завршиме“, рече Трамп.Претседателот исто така повтори дека Иран има уште една можност да ги заврши своите закани кон Америка и нејзините сојузници и изрази надеж дека ќе ја искористи. „Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни“, додаде тој.Трамп повтори и претходни тврдења за уништување на иранските воени капацитети, истакнувајќи дека „систематски ја разградуваме способноста на режимот да ѝ се заканува на Америка“. И покрај негирањата од иранска страна, претседателот потврди дека САД и Иран водат преговори и дека целта е постигнување договор кој ќе биде добар за сите, вклучително и за блискоисточните сојузници и Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран: Тврдењата на Трамп за разговори со нас се лажни вести

Иран повторно истакна дека не водел никакви разговори со Соединетите Американски Држави, и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете страни постигнале „клучни точки на согласност“. Трамп претходно изјави дека во изминатите 24 часа се одржале „многу силни“ разговори меѓу Вашингтон и Техеран и дека е јасно оти Иран „многу сака да постигне договор“.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, повтори дека такви разговори не се одржале. „Не се одржани никакви преговори со Соединетите Американски Држави, а лажните вести се користат за манипулација на финансиските и нафтените пазари и за извлекување од ситуација во која се заглавени САД и Израел“, рече Галибаф.Оваа изјава е во спротивност со претходното известување на израелски функционер кој за Ројтерс изјави дека токму Галибаф ја предводи преговарачката група со Вашингтон.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјавил дека „пријателски“ земји пренеле пораки дека Соединетите Американски Држави бараат преговори за завршување на војната, но Иран на тоа не одговорил.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Водиме интензивни разговори со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД водат „многу интензивни разговори“ со Иран, објави новинарот на CNBC, Џо Кернер. Трамп изјави дека разговара со „нови луѓе“ во Иран, што го прави оптимист за можноста за промена на режимот.Трамп посочи дека разговорите се „продуктивни“ и се одвиваат во последните два дена. Тој од Министерството за одбрана побарал да ги одложи сите удари врз иранската енергетска инфраструктура и електрани за пет дена, во зависност од успехот на преговорите. Претходно, претседателот најави дека ако Иран не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе започнат со уништување на иранските електрани, почнувајќи од најголемата.Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти дека ќе возврати на напади врз иранскиот енергетски сектор со напади врз израелски електрани, како и врз оние што снабдуваат американски бази во регионот на Персискиот Залив.Оваа тензија доаѓа во време кога информации од иранската агенција Fars велат дека не постоеле директни или индиректни контакти меѓу двете земји, што ја покажува сложената и контроверзна природа на дипломатските разговори.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Постојат шанси за договор со Иран, но ништо не е загарантирано

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Иран сè уште не е сигурен, иако постои реална можност за негово постигнување. Говорејќи пред новинарите на Флорида при влегување во претседателскиот авион Air Force One, тој порача дека, и покрај претходниот оптимизам, договорот не е блиску до финализирање.„Имаме многу сериозна шанса за постигнување договор. Тоа не гарантира ништо. Не гарантирам ништо“, изјави Трамп.Тој нагласи дека приоритет на разговорите е Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, посочувајќи дека ова прашање е „приоритет број еден, два и три“.Според него, САД и Техеран разговараат за 15 точки кои би можеле да доведат до завршување на конфликтот. Трамп откри и дека би сакал да се воспостави заедничка контрола врз Ормускиот теснец, при што и тој и иранскиот врховен лидер би имале одредена улога во управувањето со ова стратешки важно подрачје.И покрај можноста за договор, Трамп повтори дека поддржува „многу сериозна форма на промена на режимот“ во Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ги одложи сите напади врз иранските електрани

Американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани откако имал „добри и продуктивни разговори“ со режимот во Техеран. Како што наведува Ројтерс, Трамп ѝ наредил на американската војска да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за пет дена.Потегот на Трамп следеше по заканата од Иран дека ќе ги нападне израелските електрани и оние што ги снабдуваат американските бази низ регионот на Персискиот Залив доколку САД ја нападнат енергетската мрежа на Иран.„Сакам да известам дека САД и земјата Иран, во последните два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со потполно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток. Врз основа на тонот и содржината на овие длабоки, детални и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на неделата, му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади против иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и дискусии – напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Моџтаба Хамнеи издаде список на директиви за иранската војска

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви во кои се наведени задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со САД и со Израел.Првото од списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормускиот теснец, а второто е да се продолжат нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објави иранската новинска агенција ВАНА.Третото барање е иранските сили да ја одржат подготвеноста за отворање нов фронт доколку се смета за стратешки неопходно.Потоа доаѓа барањето да се продолжи со уништување на американските и израелските непријателски средства и воени капацитети, а потоа „да се евидентира секој маченик“ во посебна иранска датотека за воена одмазда.Шестото барање е разузнавачките структури на Иран да ги елиминираат безбедносните закани од внатрешни и надворешни непријатели, а седмото е да се поштедат некои од соседните земји од ирански воени напади.Според ВАНА, доказите од бојното поле укажуваат дека ајатолахот Моџтаба издал неколку дополнителни воени наредби, или под негов директен надзор, со негово одобрение или со експлицитни наредби.Тука спаѓаат барањата на ајатолахот да се одговори повеќекратно на секој напад врз иранската енергетска инфраструктура, да се зголеми интензитетот на ракетните напади врз израелскиот режим и, конечно, да се додадат нови цели на списокот на напади секогаш кога е потребно.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo2nhadocc3ckaEd3mAj

Ирак се повлече: Нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив

Ирачкиот премиер Мухамед ел Судани изјави дека операцијата во Ормускиот теснец нема да помогне во пловидбата и ќе предизвика реакција од Иран, поради што Ирак нема да учествува во неа.„Не веруваме во воени решенија. Оружаната одбрана на бродовите ќе предизвика реакција од Иран и нема да го олесни пловењето. Затоа нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив“, рече премиерот во интервју за италијанскиот весник Кориере дела Сера.Премиерот посочи дека ирачките сили успешно спречиле голем број напади од шиитски формации, потсетувајќи дека токму тие групи се бореле против терористичката организација ДЕАШ заедно со Американците.Бројот на земји кои се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбеден премин на бродови низ Ормускиот теснец се зголеми на 22.Минатиот четврток, шест земји објавија дека ќе се приклучат на коалицијата за обезбедување на безбедноста на бродовите: Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија. Покрај овие шест европски земји, коалицијата ја сочинуваат и балтичките држави Летонија, Литванија и Естонија и скандинавските – Данска, Норвешка и Шведска. Од арапските земји, учество најавија ОАЕ и Бахреин. Членките на коалицијата изјавија дека сите земји имаат корист од безбедноста на поморските патишта.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Предупредување до Европа: Иран распоредува ракети за да го погоди Лондон

Иран ги позиционира своите ракети за да го погодат Лондон, објави британскиот национален весник „Тајмс“, повикувајќи се на израелски разузнавачки и дипломатски извори. Причина за тврдењето се двете ракети испукани кон британската воена база во Диего Гарсија, која е на приближно исто растојание од Техеран како и западноевропските главни градови.„Иранскиот терористички режим претставува глобална закана. Со ракети способни да стигнат до Лондон, Париз или Берлин“, соопшти израелската војска.Изворите на британското издание тврдат дека двете ракети биле предупредувачки сигнал за Европа.Според еден дипломат, целта на Иран била да ги предупреди Велика Британија и европските сојузници, кои ги поддржуваат САД и Израел во обезбедувањето на Ормутскиот теснец. Изворот додаде дека веројатно претходно не било познато дека ракетата се наоѓа во арсеналот на Иран.„Доколку ракетата биде лансирана од северен Иран, нејзиниот дострел би можел да достигне низ цела Европа“, предупреди тој.Се верува дека ракетите се лансирани со најдолг дострел досега. Израелските одбранбени сили потврдија дека ракетата успеала да помине околу 4.000 км.Не е со сигурност познато дали ракетите стигнале до Диего Гарсија. Првата ракета била пресретната од американски брод, а втората паднала откако прелетала околу 3.200 км, приближно 640 км од американско-британската база на островите Чагос.Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека британскиот премиер Кир Стармер „ги става во опасност британските животи“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Ирански портпарол со порака до Трамп: „Отпуштен си“

Ирански портпарол му упати порака на американскиот претседател Доналд Трамп користејќи ја неговата позната фраза „Отпуштен си“, алудирајќи на неговото ријалити шоу и предизвикувајќи внимание во јавноста.Иранскиот воен портпарол Ебрахим Золфагари испрати порака до Трамп.„Еј Трамп, отпуштен си. Позната ти е таа реченица. Благодарам на вниманието“, порача Золфагари на англиски јазик.Золфагари е портпарол на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, иранско заедничко воено командно тело задолжено за координација на операциите меѓу Исламската револуционерна гарда и редовните вооружени сили.Фразата на која алудираше Золфагари, „Отпуштен си“, е препознатлива реченица на американскиот претседател уште од времето кога го водеше ријалити шоуто „Приправник“. Во тоа шоу натпреварувачите се бореа за деловна можност и работно место во една од компаниите на Трамп.Трамп беше водител и заштитно лице на шоуто, а стана особено препознатлив по реченицата „Отпуштен си“, со која ги елиминираше кандидатите. Емисијата со години беше многу популарна и во голема мера придонесе за неговата јавна препознатливост надвор од деловниот свет.Изразот „Благодарам на вниманието“ претседателот често го користи за завршување на објавите на својата платформа Truth Social.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата растат третa недела: кризата околу Ормутскиот теснец ја турка цената нагоре

Цените на нафтата продолжуваат да растат трета недела по ред, под силно влијание на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, една од најважните глобални рути за транспорт на енергенси.На лондонскиот пазар цената на барел нафта минатата недела порасна за 8,8 проценти и достигна 112,19 долари, додека на американскиот пазар благо опадна за 0,4 проценти, на 98,32 долари.Разликата се должи на фактот што Европа е значително повеќе зависна од нафта од Блискиот Исток, додека во САД растот на залихите делумно го ублажи притисокот врз цените.Ормутскиот теснец останува под контрола на Иран, кој не дозволува транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници. Дел од танкерите, главно од Иран, Кина и Индија, добиваат дозвола за премин, додека останатите се задржани.Пазарите дополнително се качуваат поради стравувањата дека енергетската инфраструктура може да стане директна цел на напади. Израел веќе изврши напад врз иранското гасно поле „Јужен Фарс“, по што следеа предупредувања од Техеран за одмазда во случај на нови удари врз енергетски објекти.Во обид да го стабилизира пазарот, Вашингтон најави можност за укинување на санкциите за иранската нафта што се наоѓа на танкери, како и привремено олеснување за купување руска нафта.Аналитичарите предупредуваат дека цените ќе останат високи сè додека трае кризата. Според проценките, барелот може да достигне и до 150 долари доколку дополнително се влоши ситуацијата со извозот од Блискиот Исток.Од почетокот на годината, цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за околу 83 проценти, а на американскиот за околу 72 проценти, што укажува на силен глобален енергетски притисок.

Свет | пред 1 седмица

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Си-ен-ен: Трамп со сè помалку опции и сè поголеми ризици поради Ормуцкиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сè помалку опции и растечки ризици во конфликтот со Иран, особено поради кризата околу Ормуцкиот теснец, оценува Си-ен-ен.Откако најпрво најави можност за завршување на војната, Трамп само еден ден подоцна се закани со уништување на иранските енергетски постројки, што претставува дополнителна ескалација на конфликтот кој веќе влегува во четвртата недела.Неговиот последен ултиматум – Иран во рок од 48 часа да го отвори Ормуцкиот теснец или ќе се соочи со напад – ја нагласува клучната улога на овој поморски коридор, преку кој поминува значаен дел од светската трговија со нафта и гас.Затворањето на теснецот веќе доведе до блокирање на десетици танкери, раст на цените на енергенсите и ризик од глобална економска криза која може да погоди милиони луѓе.Со поставувањето на нова „црвена линија“, Трамп се доведе во позиција во која секој следен потег носи сериозни последици. Доколку нареди напад врз иранската енергетска инфраструктура, може да предизвика силна одмазда од Техеран и дополнително да ги дестабилизира глобалните пазари. Ако, пак, не реагира, ризикува Иран да ја демонстрира својата моќ и да го поткопа американскиот кредибилитет.Американскиот претседател е изложен и на критики дека нема јасна стратегија за конфликтот. „Немаат визија, немаат план, немаат излезна стратегија“, изјави лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис.Во меѓувреме, администрацијата на Трамп го брани својот пристап, оценувајќи дека ескалацијата понекогаш е неопходна за да се постигне деескалација.И покрај притисокот, Иран не покажува знаци на повлекување. Напротив, продолжува со напади и закани, вклучително и предупредување за долгорочно затворање на Ормуцкиот теснец и напади врз енергетска инфраструктура во регионот.Цената на нафтата веќе расте, а аналитичарите предупредуваат дека светот се приближува до пресвртна точка во која нема добри решенија – само лоши опции со сериозни последици.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: САД и Израел се одговорни за зголемените тензии во Ормускиот теснец

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Ормускиот теснец не е блокиран и дека одговорноста за „растечката опасност“ во овој клучен поморски премин ја носат САД и Израел.Во соопштението се наведува дека Иран „презел низа мерки за да обезбеди агресорите и нивните поддржувачи да не можат да го искористат Ормускиот теснец за реализирање на своите агресивни цели против Иран“. Министерството потенцира дека преминот „не е затворен и поморскиот сообраќај не е запрен“.„Одговорноста за секој нарушен ред, несигурност и растечка опасност во овој пловен пат и околината директно лежи на американскиот и ционистичкиот режим“, се наведува во соопштението. За „целосно воспоставување на безбедноста“ во теснецот, потребен е прекин на воената агресија, запирање на заканите, стопирање на дестабилизирачките активности и целосно почитување на легитимните интереси на Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран најавува напади врз купувачите на американски државни обврзници

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, упати остро предупредување, прогласувајќи ги „финансиските субјекти кои го финансираат американскиот воен буџет за легитимни цели“. Тој ја објави пораката на социјалната мрежа X.„Американските државни обврзници се натопени со крвта на Иранците. Ако ги купите, купувате и удар врз вашите седишта и имот“, напиша Галибаф. „Ги следиме вашите портфолија. Ова е вашето последно известување“, додаде тој.Галибаф претходно најавуваше напади врз инфраструктура и енергетски објекти низ регионот, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе нападнат ирански електрани доколку Техеран не го отвори целосно Ормускиот теснец.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања