Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Израел најавува продолжување на нападите по иранските ракетни удари

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, најави дека Израел ќе продолжи со воени или воено-политички дејствија против Иран како реакција на ракетните удари врз градовите Димона и Арад.„Одговорот ќе биде продолжување на оваа кампања додека не го свртиме овој режим на колена“, рече Лајтер за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека Израел повеќе не може да живее покрај држава која, според него, сака да ја уништи и дека сега користи балистички проектили против сите свои соседи.На прашањето како ги објаснува овие напади по изјавите на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху дека иранските ракетни капацитети се уништени, Лајтер изјави дека „Иранците лажат“ и ги нарече „убијци кои лажат“. Тој посочи и дека Иран претходно тврдел дека нема интерконтинентални балистички проектили, а сега, според него, го негира тоа.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfsc970c520m4c76tcSO

Иран продолжува со напади врз заливските земји

Техеран изврши нови напади врз заливските земји, повеќе од три недели по започнувањето на конфликтот со САД и Израел.Граѓанската одбрана на Абу Даби соопшти дека системите за противвоздушна одбрана одговараат на ракетната закана. Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати наведе дека досега се пресретнати 345 ракети, 15 крстосувачки ракети и над 1.700 дронови. Во нападите загинаа двајца војници и шест цивили, а повеќе од 160 лица се повредени.Саудиска Арабија соопшти дека неколку дронови биле пресретнати на истокот, каде што се наоѓаат нафтените полиња, додека еден проектил бил пресретнат во близина на Ријад, а два паднале на отворени терени. Бахреин досега пресретнал над 140 ирански проектили и над 240 дронови.Во меѓувреме, Катар објави дека седум лица загинале при пад на воен хеликоптер во територијалните води поради технички проблем за време на рутинска мисија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Нова закана од Иран кон Трамп

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, порача дека Техеран ќе одговори соодветно на секој напад врз електраните и другата витална инфраструктура на земјата.Според иранската агенција Мехр, Гарибабади истакна дека заканите кон иранските електрани и „виталната инфраструктура“ претставуваат закани кон цивилни објекти кои не би смееле да бидат цели во војна. Тој додаде дека, бидејќи Советот за безбедност на ООН не ја исполнил својата должност да ја сопре агресијата, Иран ќе го искористи своето природно право на самоодбрана.„Секој напад врз виталната инфраструктура на Иран ќе биде пречекан со соодветен одговор“, изјави Гарибабади, додавајќи дека целосната правна одговорност и последиците од евентуална понатамошна ескалација ќе ги сносат оние што ја започнале.

Свет | пред 1 седмица

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Иран тврди дека ја погодил израелската одбранбена компанија

Иранската армија соопшти дека нејзините дронови ги нападнале целите на израелската компанија за воздушна и одбранбена индустрија (Israel Aerospace Industries) во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион, како и американски извидувачки авион во базата Принц Султан во Саудиска Арабија.Во соопштението објавено преку иранската државна новинска агенција нема дополнителни детали за природата на нападите. Тврдењата засега не може да се потврдат независно, а од Израел и САД сè уште нема јавна реакција.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

25 лица во Иран уапсени поради наводна соработка со Израел и САД

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во централно-западната покраина Маркази се уапсени 23 лица поради наводна соработка со Соединетите Американски Држави и Израел.Според соопштението, тие пренесувале координати на воени локации на меѓународна медиумска платформа за која Иран тврди дека е поврзана со Израел и работеле на поттикнување „улични немири“.Дополнително, уште две лица се уапсени во североисточната покраина Голестан под обвинение дека планирале напади на полициски центри. Министерството наведе дека документирало „криминални активности“ на 15 лица кои зборуваат персиски и живеат во странство, осомничени како израелски „агенти“, и ги предало податоците на правосудството.Иранските власти претходно ги предупредуваа своите граѓани во странство да не соработуваат со организации поврзани со САД или Израел, со закана дека нивната имотна сопственост во Иран може да биде запленета.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Ескалација на Блискиот Исток: жртви во Катар и Либан, нови закани и напади во регионот

Ситуацијата на Блискиот Исток продолжува да се влошува со нови жртви, напади и меѓусебни закани меѓу вклучените страни.Најмалку седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Катар, меѓу кои турски војник, двајца припадници на турската одбранбена компанија „Асeлсан“ и четворица припадници на катарските вооружени сили.Во исто време, најмалку четири лица загинаа во израелски воздушни напади во јужен Либан, според податоците на либанското Министерство за здравство.Израел дополнително ја засилува воената активност, откако министерот за одбрана Израел Кац соопшти дека заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху дале наредба за забрзување на уривањето на објекти во пограничните либански села, со цел, како што наведе, да се елиминираат заканите кон израелските заедници.Од друга страна, Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати информира дека во текот на денот пресретнало четири балистички проектили и 25 беспилотни летала, што укажува на интензивирање на нападите во регионот.Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 81.000 цивилни објекти се оштетени во заедничките напади на САД и Израел врз територијата на Иран.Во Израел, пак, Министерството за социјална заштита информира дека повеќе од 2.700 лица се евакуирани од своите домови поради иранските напади.Дополнително, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, предупреди дека секој напад врз енергетската инфраструктура на Иран ќе биде проследен со „итен“ одговор, насочен кон енергетските и нафтените објекти низ регионот.Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран влегува во нова, поинтензивна фаза, со сè поголем ризик од поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав: Војната на Блискиот Исток е скандал за целото човештво

Папата Лав остро ја осуди војната на Блискиот Исток, оценувајќи дека страдањата и уништувањето претставуваат „скандал за целото човештво“ и упати повик за итен прекин на непријателствата.Говорејќи на неделната молитва „Ангелус“ на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, поглаварот на Католичката црква истакна дека со загриженост ја следи ситуацијата во регионот, но и во другите делови од светот погодени од насилство и конфликти.„Не можеме да останеме неми пред страдањето на толку многу луѓе, беспомошни жртви на овие судири. Она што ги боли нив, го боли и целото човештво“, порача папата Лав.Тој повторно апелираше до верниците да истраат во молитвите, со цел да се стави крај на конфликтите и да се отвори пат кон мирот.Изјавата доаѓа во момент кога војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во четвртата недела, со сè поголем број жртви и разурнувања во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Иран со порака до Трамп: Прифати ги условите или ризикуваш политички крах

Иран продолжува да го користи Ормуцкиот теснец како главна стратешка алатка во конфликтот, додека од Техеран доаѓаат предупредувања дека американскиот претседател Доналд Трамп може да ја загрози сопствената политичка иднина доколку не направи отстапки.Во изјава за Си-Ен-Ен, ирански извор посочил дека земјата фактички воспоставува контрола врз клучната поморска рута, одлучувајќи кој може да помине и под какви услови.„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Израел и да воспоставиме нов правен режим во Ормуцкиот теснец“, навел изворот, алудирајќи на информациите дека за одредени танкери се бара надомест од околу два милиони долари за премин.Според истиот извор, Трамп се соочува со сериозен притисок и на домашен план, поради растот на цените на нафтата и пошироките економски последици од конфликтот.„Треба што поскоро да излезе од замката во која го вовлече Нетанјаху и да ги прифати иранските услови“, се наведува во изјавата.Во спротивно, предупредува изворот, американскиот претседател би можел да се соочи со долгорочен и неизвесен конфликт, кој би имал сериозни последици и по неговата политичка кариера.„Ако не направи отстапки, ризикува да тргне по пат без крај и да ја прокоцка целата своја политичка кариера“, заклучува иранскиот извор.

Свет | пред 1 седмица

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, уверува Мицкоски кој направи споредба со пазарите

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените.Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.„Цената на бензините ќе се движи од 1,37 до 1,44 евра за литар, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра за литар, што е убедливо најниска цена во регионот“, истакна Мицкоски.Тој направи споредба со соседните земји, посочувајќи дека во Србија бензинот достигнува до 1,83 евра по литар, дизелот околу 1,8 евра, во Хрватска до 2 евра, додека во Грција и Албанија цените се околу 1,9 евра по литар.Според премиерот, токму поради пониските цени во Македонија, забележан е зголемен притисок од граѓани од соседните земји кои доаѓаат да точат гориво, што ја зголемило потрошувачката за околу 9 проценти, односно дополнителни 150.000 литри дневно.Најголем притисок, како што рече, има во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, како и Битола и Гевгелија на југ и Куманово на север.Мицкоски нагласи дека Владата очекува стабилизација на цените, при што не се предвидува зголемување на бензините, а евентуалните корекции кај дизелот ќе бидат минимални.„Со овие мерки директно од буџетот учествуваме во подобрување на стандардот на граѓаните“, изјави премиерот.Тој додаде дека мерките ќе важат во наредните две недели, почнувајќи од понеделник, со можност да бидат продолжени доколку има потреба.

Настани | пред 1 седмица

media-librarymklnk6e5t2kjcrdLr63

(Видео) Наместо +10 денари, дизелот ќе поскапи до 3,5 денари - се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе преземе конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, по анализите кои укажуваат на значителен раст на цените.Според неговите изјави, врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.„Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.Како одговор на ова, Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.Дополнително, Владата води разговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кој го дава кон трговците, што би можело да влијае на дополнително намалување на цените.„Доколку се постигне договор, очекуваме цените да бидат и до 3 денари пониски од максималните утврдени од Регулаторната комисија“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде премиерот.Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Настани | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-05-at-12.20.53

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

Премиерот Христијан Мицкоски одржува вонредна прес-конференција на која се очекува да ги соопшти мерките на Владата поврзани со најавената кризна состојба и растот на цените на горивата.Пресот следува по итната владина седница на која се разгледуваа можни интервенции за ублажување на ценовниот удар, откако се најави ново значително поскапување на дизелот и бензинот.Се очекува премиерот да соопшти конкретни чекори, вклучително и евентуални даночни олеснувања, како и мерки за стабилизирање на цените на енергенсите:

Настани | пред 1 седмица

media-library4p59q24iphm42qndDtr

Владата подготвува кризна состојба поради цените на горивата: ќе се носат мерки за да не поскапи струјата, но и дизелот за 10 денари

Кризна состојба ќе се прогласи од страна на Владата, поради значителниот раст на цените на горивата, дознава „Скопје1“ од владини извори.Според информациите, вонредна владина седница е закажана за денеска, на која ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде објавен од Регулаторната комисија утре.Првичните проценки укажуваат дека цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека безоловниот бензин за дополнителни 6 денари по литар. Проценките се правени врз основа на цените на светските берзи.Како дел од мерките, Владата ќе разгледува интервенции во даночната политика со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните, а на маса ќе биде ставено и прашањето за евентуално спречување на поскапување на електричната енергија.По завршување на седницата, се очекува обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, на кое ќе бидат соопштени донесените одлуки.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqmtd4n65r6ea0FDKeTF

Нетанјаху: Иран намерно таргетира цивили, целта им е да убиваат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека свесно таргетира цивилни подрачја, по ракетните напади врз јужните израелски градови Арад и Димона.При посетата на Арад, кој беше погоден во саботата, Нетанјаху изјави дека иранските напади се насочени кон цивилното население и имаат за цел предизвикување жртви.„Во последните 48 часа Иран таргетира цивилно подрачје. Тоа го користат како оружје за масовно уништување. Среќа е што нема загинати, но тоа е поради среќа, а не поради нивната намера. Нивната намера е да убиваат цивили“, изјави Нетанјаху.Според официјалните податоци, во нападите биле повредени најмалку 84 лица, од кои десет се во тешка состојба.Израелскиот премиер предупреди и дека Иран располага со капацитет да изведува напади на поголеми растојанија, тврдејќи дека веќе постоеле дејствија насочени кон европски територии.„Постојано предупредувам дека сега имаат способност да погодат длабоко во Европа. Веќе пукаа кон европски земји. Сè им е на нишан“, рече Нетанјаху.Тој дополнително го обвини Техеран дека го нарушува меѓународниот поморски и енергетски сообраќај, обидувајќи се, како што рече, да врши притисок врз глобалната заедница.Ситуацијата на Блискиот Исток останува тензична, со континуирани меѓусебни напади и растечки број повредени.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Иран ја одби понудата на САД за нафта: „Жал ни е – распродадено“

Иранските власти ја отфрлија понудата од САД за привремено олеснување на санкциите за продажба на нафта, испраќајќи јасна порака дека нема намера да прифати ваков компромис во актуелниот геополитички контекст.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, реагираше на изјавите од американската администрација, која предложи ослободување на залихи на иранска нафта за да се стабилизира глобалниот пазар.„Укинување на санкциите за иранската нафта која е заробена на море? Жал ни е – распродадено ни е“, напиша Галибаф на социјалните мрежи.Претходно, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека со ваквиот потег на пазарот би можеле брзо да се пласираат околу 140 милиони барели нафта, што би придонело за намалување на притисокот врз цените на енергенсите.Санкциите за иранската нафта се во сила со години, а дополнително беа заострени откако администрацијата на Доналд Трамп во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор со Иран.Одбивањето на понудата доаѓа во време на засилени тензии на Блискиот Исток, при што енергетските ресурси стануваат клучна алатка во геополитичките притисоци и преговори.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryagqhjqr6vjlm1M5tJKB

(Видео) Снимен моментот кога проектил од иранска ракета паѓа на улица во Тел Авив

Силна експлозија одекнала во Тел Авив по ирански ракетен напад, при што се повредени најмалку седум лица, соопшти израелската национална служба за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“.Според првичните информации, едно лице се здобило со полесни повреди, додека кај останатите се констатирани посериозни повреди. На снимките од местото на настанот се слуша силна детонација, по што се издига густ чад над сообраќајницата, што предизвикало паника кај граѓаните.Од „Маген Давид Адом“ информираат дека нивните екипи интервенираат на повеќе локации по пријави за експлозии во Тел Авив и околината.Нападот доаѓа по најновата ескалација, откако Иран изврши ракетни удари врз јужните израелски градови Арад и Димона, кои се наоѓаат во близина на клучни нуклеарни капацитети. Во тие напади беа повредени десетици лица, а предизвикана е и значителна материјална штета.Израелската армија соопшти дека противвоздушната одбрана не успеала да пресретне дел од ракетите кои ги погодиле овие градови.Ситуацијата останува напната, а службите продолжуваат со проценка на штетите и евентуалните нови жртви.

Свет | пред 1 седмица

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Хутите подготвени за влез во конфликтот: „Прстот ни е на обрачот“

Јеменското движење Хути испраќа сè поостри пораки дека е подготвено да се вклучи во конфликтот на Блискиот Исток, што би можело дополнително да ја загрози една од најважните светски нафтени и трговски рути.Според анализите, Иран веќе има значително влијание врз Персискиот Залив, но неговите противници сè уште користат алтернативни маршрути преку Црвеното Море. Токму таму, доколку се активираат Хутите, би можело да дојде до нова ескалација со глобални последици.Висок претставник на Хутите, Мохамед ал-Бухаити, изјави дека нивното вклучување е „само прашање на време“, нагласувајќи: „Прстот ни е на обрачот“.САД и нивните сојузници внимателно ја следат ситуацијата, имајќи предвид дека Хутите, поддржани од Иран, веќе во минатото покажаа способност сериозно да го нарушат поморскиот сообраќај, особено во Црвеното Море и околу Суецкиот канал.Во изминатите години, ова движење успеа да изведува напади со беспилотни летала и ракети, со што значително го намали транспортот низ овие критични морски патишта. Во одредени периоди, бродските компании беа принудени да ги пренасочуваат рутите околу Африка, што значително ги зголеми трошоците и времето на испорака.Стратешката позиција на Хутите е клучна, бидејќи тие контролираат делови од јеменското крајбрежје покрај теснецот Баб ел-Мандеб – уште една витална точка за глобалната трговија, која го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив.Експертите предупредуваат дека евентуално затворање или дестабилизација и на оваа рута, паралелно со притисокот врз Ормутскиот теснец, би можело да предизвика сериозен удар врз глобалната економија и енергетските пазари.Сепак, и покрај блиските врски со Техеран, аналитичарите укажуваат дека Хутите не се целосно под контрола на Иран и носат одлуки и врз основа на внатрешните политички интереси. Нивното евентуално вклучување во поширок конфликт би значело ризик од нови разорни последици за Јемен и регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarynofr7ihpsmf97kIELUo

(Видео) Нетанјаху повика на глобална акција против Иран: „Време е да ни се приклучат и другите лидери“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати повик до светските лидери за поактивно вклучување против Иран, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Време е да ни се приклучат и лидерите на другите земји – некои веќе се движат во таа насока“, изјави Нетанјаху, нагласувајќи дека очекува поширока меѓународна поддршка за израелските активности.Неговата изјава доаѓа во момент кога конфликтот со Иран се продлабочува, со размена на ракетни и воздушни напади, како и зголемен притисок врз регионалната безбедност и глобалните енергетски текови.Повикот на Нетанјаху се толкува како обид за мобилизација на сојузниците, но и како сигнал дека Израел бара координиран одговор од меѓународната заедница во справувањето со иранската закана.Засега не е јасно кои земји конкретно се подготвени за поактивно вклучување, но дел од сојузниците веќе изразија поддршка, додека други повикуваат на воздржаност и дипломатско решение.Изјавата дополнително ја засилува неизвесноста околу понатамошниот тек на конфликтот, кој веќе има потенцијал да прерасне во поширока регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryokkusqvqc6d06m5CjEH

ОАЕ: Пресретнати три балистички ракети и осум дронови, 160 повредени во нападите

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека противвоздушната одбрана денеска пресретнала три балистички ракети и осум беспилотни летала, во рамки на ескалацијата на нападите во регионот.Во официјалното соопштение се наведува дека има повредени лица од повеќе националности, при што вкупниот број на повредени достигнал 160. Повредите, како што информираат властите, се движат од полесни и умерени до тешки.Од Министерството потенцираат дека од почетокот на ескалацијата, одбранбените системи на ОАЕ се соочиле со значителен број напади, вклучително 341 балистички проектил, 15 крстосувачки ракети и дури 1748 беспилотни летала.Властите во Абу Даби нагласуваат дека државата останува целосно подготвена да одговори на сите закани и дека ќе продолжи со мерки за заштита на безбедноста и стабилноста.„Цврсто ќе се спротивставиме на сите обиди за нарушување на безбедноста на државата, со цел да ги заштитиме суверенитетот, стабилноста и националните интереси“, се наведува во соопштението.Овие податоци укажуваат на интензивирање на воздушните напади во регионот и зголемен притисок врз системите за противвоздушна одбрана, во услови на поширока регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Украински инструктори изненадени од американската тактика: скапи ракети против евтини дронови

Украински воени инструктори испратени на Блискиот Исток изразиле изненадување од начинот на кој американските сили и нивните сојузници се справуваат со иранските напаѓачки дронови, оценувајќи дека се користат непропорционално скапи средства за нивно пресретнување.Според нивните сведоштва, во одредени случаи биле лансирани и до осум ракети од системот „Патриот“ за соборување на една цел, при што секоја ракета чини повеќе од три милиони долари. Овој пристап, како што наведуваат, значително ја зголемува цената на одбраната во однос на самата закана, со оглед дека дроновите од типот „Шахед“ чинат околу 70.000 долари.Украинските офицери посочуваат дека нивното искуство од војната со Русија довело до развој на поефикасни и поекономични тактики, вклучително и оптимизирање на бројот на пресретнувања и подобро управување со ресурсите. Тие изразиле зачуденост што нивните пресметки и оперативни искуства не се доволно искористени од страна на западните сојузници.Дополнително, критики има и за начинот на заштита на клучната воена опрема. Украинските експерти наведуваат дека во некои случаи скапи радари биле стационирани на исти позиции подолг период, што ги направило лесна цел за евтини дронови. Според нив, токму мобилноста и постојаното менување на позициите се клучни за преживување на вакви системи.Еден од примерите што го наведуваат е уништување на радар вреден околу една милијарда долари, погоден од неколку евтини беспилотни летала. Ова, според нив, покажува дека современото војување сè повеќе се сведува на асиметрични конфликти, каде што поевтините технологии можат да нанесат сериозни штети на скапи системи.Украинската страна нагласува дека нивното искуство во одбрана од дронови е меѓу најголемите во светот и дека може да биде од значајна корист за земјите кои се соочуваат со слични закани.Во меѓувреме, претседателот Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила тимови експерти во неколку земји од Заливот, со цел да помогнат во одбраната од ирански дронови и ракети, што укажува на зголемена воена соработка во услови на поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

izbori-britanija

Британски министер: Имаме одбрана што ја гарантира безбедноста, нема да бидеме вовлечени во војна

Британскиот министер Стив Рид изјави дека Обединетото Кралство располага со одбранбени системи кои ја гарантираат безбедноста на земјата, реагирајќи на тврдењата за дометот на иранското оружје и потенцијалната закана за европските метрополи.Изјавата доаѓа откако израелските одбранбени сили соопштија дека Иран поседува вооружување кое може да достигне градови како Лондон, Париз и Берлин. Овие тврдења, според британските медиуми, засега не се независно потврдени.Рид, говорејќи во утринска политичка емисија, одби да навлегува во детали за воените капацитети на Иран, но потенцираше дека Велика Британија има воспоставени системи што обезбедуваат заштита на државата.„Имаме системи и одбрана што ја гарантираат безбедноста на Обединетото Кралство и така ќе остане“, изјави министерот.Тој нагласи дека Лондон нема намера да влезе во војната, ниту да дозволи да биде вовлечен во конфликтот, но додаде дека ќе се преземат сите неопходни мерки за заштита на националните интереси, граѓаните и сојузниците.Во однос на најновите случувања, Рид потврди дека според проценките на британската влада, Иран испалил два проектила кон воената база Диего Гарсија. Едниот, како што наведе, откажал во текот на летот, додека другиот бил успешно пресретнат.Изјавите доаѓаат во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток и растечки стравувања од поширока ескалација, при што европските држави внимателно ја следат безбедносната состојба и потенцијалните закани за сопствената територија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран пред ултиматум: ќе попушти ли Техеран или следува нова ескалација во Заливот?

Иран се соочува со сериозен притисок по 48-часовниот ултиматум на американскиот претседател Доналд Трамп за целосно отворање на Ормутскиот теснец, но досегашните сигнали од Техеран укажуваат дека брзо попуштање е малку веројатно.Иранските власти веќе најавија дека евентуален одговор на притисокот може да биде насочен кон енергетската инфраструктура во земјите од Заливот поврзани со САД. Во исто време, Техеран испраќа и селективни сигнали за деескалација, порачувајќи дека бродовите што не се поврзани со „непријателите“ можат да добијат безбеден премин низ теснецот доколку се координираат со иранските власти.Отворањето на Ормутскиот теснец за Иран би значело откажување од едно од неговите најсилни стратешки средства во конфликтот. Контролата врз овој клучен морски премин, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, е главниот инструмент за притисок врз Западот и глобалната економија.Аналитичарите оценуваат дека Техеран има неколку можни сценарија. Првото е ограничена деескалација – дозволување делумен проток на бродови за да се намали меѓународниот притисок, без целосно откажување од контролата. Второто е задржување на сегашната стратегија, со продолжување на ограничувањата и индиректен притисок врз регионалните економии. Третото, најризично сценарио, е директна ескалација преку напади врз енергетски цели во Заливот, што би можело да предизвика поширок регионален конфликт.Иранската власт и во минатото покажала подготвеност да издржи сериозни економски последици, вклучително и санкции и внатрешни немири, со цел да го зачува политичкиот систем. Токму тоа ја прави непредвидлива во вакви кризни ситуации.Во меѓувреме, дипломатските канали остануваат отворени. Оман се наметнува како клучен посредник, додека дел од земјите од Заливот, свесни за економските ризици, вршат притисок за смирување на ситуацијата.Следните денови ќе бидат клучни. Одлуката на Техеран – дали ќе тестира до крај колку е сериозен американскиот ултиматум или ќе направи ограничен компромис – ќе го одреди понатамошниот тек на конфликтот, но и стабилноста на глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Иран воведува наплата за минување низ Ормутскиот теснец: „2 милиони долари по брод“

Иран воведува наплата за дел од бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец, при што надоместокот изнесува до 2 милиони долари по пловило, изјави иранскиот пратеник Алаедин Боружерди на државната телевизија.Според него, во теснецот се воспоставува нов режим на управување, при што „војната има своја цена“, што, како што додаде, го покажува „авторитетот и правото“ што го има Исламската Република Иран.Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот и зачестени инциденти на една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и енергенси.Воведувањето на ваква наплата би можело дополнително да го усложни поморскиот сообраќај и да влијае врз глобалните енергетски пазари, кои веќе се под притисок поради конфликтот во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library1d9gnhhc0vjh2pKE6hk

Иран објави карта на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го затемни целиот регион“

Иранската државна новинска агенција Мехр објави предупредување за последиците од евентуален напад врз енергетската инфраструктура на земјата, наведувајќи дека таков потег би предизвикал сериозни последици за целиот регион.Во пораката се истакнува дека и „најмал напад врз електроенергетската инфраструктура на Исламската Република Иран ќе ја турне целата регија во мрак“. На објавената графика на персиски јазик стои пораката „Кажете ѝ збогум на струјата“.Илустрацијата прикажува карта на Персискиот Залив со означени големи електрани и енергетски постројки во земји како Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, со дополнителни информации за нивниот тип и капацитет.Во придружниот текст се наведува дека 70 до 80 проценти од големите електрани во регионот се наоѓаат долж брегот на Персискиот Залив, а значителен дел од нив се оддалечени помалку од 50 километри од морето, што, според тврдењата, ги прави достапни за ирански ракетни удари.Оваа порака се толкува како директно предупредување за можни последици од понатамошна ескалација на конфликтот, особено во делот на енергетската инфраструктура во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvuaa83hvcuag6LDIYZj

(Видео) Најмалку 180 повредени: ирански удари врз јужен Израел

Најмалку 180 лица се повредени во два одделни ирански ракетни напади врз јужните израелски градови Арад и Димона, каде се наоѓа главното нуклеарно постројување во земјата, во една од најсериозните ескалации од почетокот на војната.Иранската државна телевизија соопшти дека нападите претставуваат „одговор“ на, како што тврдат, претходниот удар врз иранскиот комплекс за збогатување ураниум во Натанц.Според податоците на израелското Министерство за здравство, во Арад се повредени најмалку 116 лица, од кои седум се во тешка состојба. Во Димона се повредени најмалку 64 лица, при што едно лице е во тешка состојба.Министерството наведува дека од почетокот на конфликтот во болниците се евакуирани вкупно 4564 лица. Во моментов хоспитализирани се 124 пациенти, од кои едно лице е во критична, а 13 во тешка состојба.Нападите дополнително ја зголемуваат загриженоста за безбедноста во регионот, особено поради близината на нуклеарните капацитети во Димона.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Инцидент во Ормутскиот теснец: Проектил експлодирал во близина на брод, екипажот безбедeн

Во текот на ноќта е регистрирана експлозија во близина на товарен брод, на околу 15 наутички милји северно од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати, во зона недалеку од Ормутскиот теснец.Инцидентот го потврди Агенцијата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции (UKMTO), која соопшти дека станува збор за експлозија предизвикана од „непознат проектил“ што паднал во близина на пловилото.Според информациите од капетанот на бродот за расут товар, проектилот не го погодил директно бродот, туку експлодирал во негова непосредна близина.Од UKMTO потврдија дека сите членови на екипажот се безбедни и дека нема пријавени повредени.Инцидентот доаѓа во услови на зголемена напнатост во регионот и зачестени безбедносни ризици за поморскиот сообраќај во овој стратешки важен морски коридор.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања