Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ25

media-libraryhpie9d2osd9d85piDJG

Левица со ОБСЕ-ОДИХР за забраната за рекламирање на медиуми

Адвокатката Катерина Јовановска, како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич, правен аналитичар во мисијата на ОБСЕ-ОДИХР.На средбата, како што информираат од партијата, било разговарано за правните механизми што досега ги презела Левица во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Според Левица, со ова упатство партијата е директно оштетена, бидејќи ѝ е забрането политички да се рекламира на медиумите за време на целата кампања.Дополнително биле разгледани и идните правни чекори што Левица ќе ги преземе за заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Од партијата велат дека средбата била конструктивна и двете страни изразиле подготвеност за понатамошна соработка, со цел навремено информирање за исходот од судските постапки, но и за постапките што се водат пред другите надлежни институции во земјава, како и можната иницијатива пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Некатегоризирани | пред 6 месеци

pratenici-sobranie-levica

ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица

Адвокат Катерина Јовановска - како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич - правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, соопшти Левица.-На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување.Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ќе ја претстави програмата пред скопјани

Денеска почнува изборната трка за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со митинг во Скопје. Вечерва во 19:00 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, партијата го одржува почетниот собир.Говорници ќе бидат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и носителот на листата на советници за Град Скопје Даме Димитровски.Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarysadvjlo0adutcOr0YKo

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“

По настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, од ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение возвратија дека Ахмети и неговата партија не се „орли“, туку „врапчиња“.„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат“, се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на, како што велат, влијанието што ДУИ го имала врз поранешниот премиер Зоран Заев и тврдат дека обединувањето на албанските партии е само „седнување во скут“.„Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во партиската реакција Ахмети се нарекува „обично врапче“ кое го користи изборниот период за, како што пишува, „патетика, заплашувања и закани“.„ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмееме на тие понуди“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Ахмети наместо да оди во пензија по повеќе од две децении власт, „зборува за крв, оружје и орли“.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.Со оваа порака Ахмети го стави Мицкоски во центарот на критиката, обвинувајќи го дека со постапките ја поттикнува обединувачката енергија кај Албанците.

Македонија | пред 6 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: Се бориме и ќе се избориме за нашиот заеднички дом

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.„Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе се бориме и ќе се избориме во име на нашиот заеднички дом. Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. “, изјави Филипче.Филипче ги охрабри граѓаните да ја поддржат програмата и кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори:„Ако веруваме дека Македонија има шанса и иднина, тогаш треба да веруваме во изборот на чесни луѓе кои се грижат и се борат за нашиот дом, а не само за себе. Нашите чесни кандидати за градоначалници и советници во општините таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.Филипче, својот говор пред присутното членство и избраните кандидати за градоначалници и советници го заврши со порака за единство.„Денес застануваме пред сите граѓани на Македонија со јасна порака. Пред нас имаме момент на нов почеток. Вреди оваа борба за подобра македонска сегашност и иднина. Да живее СДСМ, да живее Македонија, да живеат македонските граѓани!“, рече Филипче на Конвенцијата.

Македонија | пред 6 месеци

izet-medziti

Меџити во кампањата за градоначалник: Невработеноста во Чаир падна од 40% на 16%

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на отворањето на локалниот изборен штаб во населбата Гази Баба изјави дека денес Чаир изгледа сосема поинаку од 2005 година, кога тој за првпат ја презеде општината.„Денес Чаир се разликува од 2005-та. Во 2005, кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16%“, нагласи Меџити.Тој потсети дека во минатото Албанците во државната администрација имале минимална застапеност. „Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија“, рече Меџити.Оценувајќи ја политичката тежина на Чаир, тој додаде дека на овие избори не е најважно што ќе се случи во Кичево, Струга или во другите градови, туку кој ќе победи токму во Чаир.

Скопје | пред 6 месеци

izbori

Почнуваат изборните кампањи: 309 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје

Од полноќ започнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Ова се осмите локални избори од независноста на државата и четврти на кои ќе се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На овие избори учествуваат 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати.Според Државната изборна комисија, во Избирачкиот список се впишани 1.832.415 граѓани со право на глас. Меѓу нив има околу 112.000 лица на привремена работа во странство, 2.162 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор и 450 лица од домовите за стари лица.Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места низ земјата. Буџетот за изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои најголем дел се наменети за медиумско покривање и политичко рекламирање.Локалните избори во Македонија се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Досега избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarybq1jv9bfc69aatkBDaw

Шукова: Скопје за сите одржливо, паметно, солидарно, се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ Каја Шукова ја презентираше својата конкретна програма и приоритети за подобрување на животот во градот.Шукова, ја претстави својата визија заСкопје за сите – одржливо, паметно, солидарно. Потенцираше дека преку знаење и реални проекти:,,Се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење".Во својот говор, Шукова нагласи дека Скопје мора да биде град со чист воздух, уредени улици, функционален јавен превоз, зелени површини и современо управување со отпадот. Таа истакна дека не ветува чуда, туку чесна и посветена работа, со транспарентна и отчетна власт.„Скопје не е експеримент. Граѓаните не се тука за некој да ‘проба’ уште еднаш. Јас нема да бидам градоначалник на партијата, ќе бидам градоначалник на граѓаните“, рече Шукова.Кандидатката презентираше дел од проекти кои вклучуваат:Воведување на 100 нови еколошки автобуси и БРТ систем за јавен превоз;Изградба на 15 нови паркови и засадување на 10.000 нови дрвја;Модернизација на комуналната хигиена, воведување подземни контејнери и редовно собирање отпад;Технолошки парк на Град Скопје место каде стартапите, иноваторите и претприемачите ќе најдат сè што им треба на едноместо: канцеларии, лаборатории, менторска поддршкаи пристап до инвеститори;Изградба на нови училишта и младински центри;Поддршка на културни настани и уметнички фестивали;Воведување отворен буџет и дигитални услуги за транспарентно управување со јавните средства.Шукова истакна дека нејзиниот тим се состои од експерти за урбанизам, сообраќај, екологија, економија, култура и спорт, младин кои ќе ја спроведуваат визијата за подобрување на животот во Скопје.,,Јас не барам поддршка ‘против некого’, туку поддршка за вас, за вашите семејства, за вашите деца. Ајде заедно да го изградиме Скопје како модерен, европски, зелен и хуман град“, заклучи Шукова.

Скопје | пред 6 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма – за разлика од противниците кои нудат гола пропаганда

На новинарско прашање за тоа каква кампања очекува и што им препорачува на другите политички чинители, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ја нагласи подготвеноста на СДСМ за позитивна и одговорна изборна трка, заснована на луѓе со кредибилитет и реална програма.„Имаме добри кандидати, имаме навистина луѓе коишто се признати во своите средини, коишто имаат легитимитет и кредибилитет да излезат да побараат поддршка од граѓаните, луѓе коишто имаат капацитет да ги спроведат тие програми“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ ќе води чесна и одговорна кампања, со фокус на програмата и довербата кон граѓаните, а не со напади и манипулации. Филипче потенцираше дека токму чесноста и отчетноста во работењето ќе бидат главниот белег на нивните кандидати.„Чесни луѓе коишто чесно ќе работат со буџетите на граѓаните, за што јас лично земам одговорност пред сите граѓани“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ, Филипче, повика и останатите политички партии да се приклучат на ваков фер и достоинствен пристап, каде во центарот на вниманието ќе биде граѓанинот и неговите реални потреби.„Ќе имаме една позитивна, фер кампања и очекувам од сите политички други субјекти еднаков таков пристап“, изјави Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

media-library7mfr2e42hmm44imXO3d

Мицкоски: Политиката е должност, а вистинскиот политичар е човек пред сè

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја отвори изборната кампања со порака дека ова не е време за празни ветувања, туку за одговорност, човечност и дела.„Кампањата не смее да биде театар на празни зборови, туку мост меѓу вистината и надежта. Народот очекува подобар живот, сигурност и достоинство. Вистински политичар е оној што знае да слуша, да разбере и да понесе товар што не е само негов“, изјави Мицкоски.Тој се обрати пред поддржувачите со отчет за реализираните проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои над 770 километри изградени и реконструирани улици и булевари, 47 километри нови водоводи и 91 километар канализации. „Ова не се зборови, ова се дела“, нагласи Мицкоски.Во говорот испрати силна порака и до политичките противници: „Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! Ќе ги поразиме сите интриги, афери и предавства. Нема назад“.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата ќе се фокусира на две клучни теми – борба против корупцијата и подобрување на животниот стандард.„Или правда и ред, или нема држава. Или корумпираните политичари, или Македонија“, порача тој.Мицкоски истакна дека следниот период ќе биде време на длабоки мерки и проекти, од здравство и образование, до инфраструктура и дигитализација.„Првата година беше година на консолидација, наредните ќе бидат години на развој“, додаде тој.Говорот го заврши со слоганот на кампањата – „Вистинскиот избор“.„Твојот човек, твоето место, твојата иднина – сите три ги поврзува Вистинскиот избор. Направете го вистинскиот избор за Македонија“, повика Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryfutera7roiol9jSwrfM

Мицкоски со порака до градоначалниците: Вашиот мандат е договор со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, испрати порака до нив, дека нивниот мандат е договор со граѓаните.„Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со резултати, а не со зборови. Вашето досегашно искуство да го претворите во предност, а вашата визија и програма да ги претворите во реални дела и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е нашата заедничка мисија и цел“.Мицкоски укажа и кои се обврски ги презема Владата кои се  спроведуваат континуирано.Нашата Влада, рече тој, се фокусира на две клучни теми.„Прво, борбата против корупцијата. Нема напредок без чесност. Нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните – и мора да ја искорениме. Ќе биде или ПРАВДА И РЕД, или нема да ја биде државата! Или корумпираните политичари, мафијаши или Македонија! Ние ќе бидеме во први редови на страната на Македонија и нејзините граѓани! И тоа ќе го видите! Второ, животниот стандард на граѓаните. Нашата должност е да создадеме услови за достоинствен живот, повисоки плати, пристоен живот за пензионерите, стабилни цени, поддршка за семејствата. Во услови на сериозни економски проблеми, инфлација која и во светот тешко може да се смири, ние имаме одговорност и обврска да донесеме мерки и чекори кои ќе бидат од корист за граѓаните и кои ќе го зголемат и подобрат нивниот стандард“, изјави Мицкоски.Според Мицкоски, не се застанува тука, со засилена динамика продолжуваат сите реформи во сите области.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryvfu9d11qimt4bwu6rYd

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ изгради 770 километри улици и патишта за време на власта на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што направија  градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за тие три години додека централна власт беше СДСМ.„Во изминативе 4 години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт, заедно градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изградија и реконструира улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се речиси 47 километри нови водоводи, изградени се канализации од должина од речиси од 91 километар. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип, 12 пречистителни станици“, соопшти Мицкоски.Мицкоски посочи дека во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од  400 училишта и дека се потавени фотоволтаици на поголем број на училиштата.„За учениците обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и еднодневна сменска настава. Реконструирани и модернизирани се повеќе 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки за оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени“, вели Мицкоски.Мицкоски заклучи дека претстои многу работа, многу труд, „но денес со чист образ стојам пред сите вас“.

Македонија | пред 6 месеци

stevco-jakimovski

Марковска Илиевска: Јакимовски ветуваше милионски проекти за Лептокарија, а жителите добија само празни ветувања

Советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска, денеска изјави дека „кандидатот на СДСМ, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски“, не ги исполнил ветувањата дадени на жителите на Лептокарија во изборната кампања од 2021 година.„Се наоѓаме на паркингот во Лептокарија. Тој е истиот каков што беше и пред изборите, без најавениот подземен паркинг и плоштад со фонтана. Ниту има подземно паркирање, ниту најубава фонтана, како што тогаш беше најавено – има само купишта ѓубре,“ рече Марковска Илиевска.Таа потсети дека проектот што го најави Јакимовски тогаш бил вреден 4 милиони евра и вклучувал и нови фасади за зградите во околината. „Фасадите се исти, стари по 20–30 години. Од новите фасади остана само видеото од кампањата,“ нагласи советничката.Марковска Илиевска го обвини Јакимовски дека ги излажал жителите на Лептокарија и Карпош и додаде дека нема капацитет да биде градоначалник. „Јакимовски лажеше во 2021, лаже и сега,“ рече таа.

Скопје | пред 6 месеци

media-library9qra9q1p129u6FkPGmI

Ѓорѓиевски: Потписот на Кодексот е обврска за фер и достоинствени избори

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, со што, како што истакна, презема јасна и јавна обврска да биде гарант за транспарентен и достоен изборен процес.„Со голема чест и одговорност го ставив својот потпис на Кодексот за фер и демократски избори. Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој се обврза дека ќе ги почитува темелните демократски принципи, ќе обезбеди еднакви услови за сите учесници, нема да дозволи притисоци, заплашувања или дискриминација, и ќе го заштити правото на секој граѓанин да избира слободно и достоинствено.„Изборите се мерило за зрелоста на нашиот народ и наша должност е да создадеме атмосфера во која секој ќе може да ја искаже својата волја без страв, со право да учествува, да се информира и да гласа слободно,“ додаде тој.Ѓорѓиевски нагласи дека чесноста, непристрасноста и отчетноста се основата врз која се гради довербата во институциите, повикувајќи на фер натпревар меѓу кандидатите:„Подавам рака на секој кандидат, со своите идеи и планови да направиме повеќе за нашето Скопје и за скопјани, бидејќи тие заслужуваат достоинствен град. Посакувам среќа на сите – нека победи подобриот.“Кодексот за фер и демократски избори беше потпишан од сите кандидати за градоначалници на Скопје, освен од претставникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

(Видео) Шукова: Ништо не е пораз за мене

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, гостуваше во „Претрес со Ландов“ каде беше отворена дебата за очекувањата и одговорноста кон граѓаните.Водителот Кристијан Ландов ја праша:„Прашувам дали е пораз ако имате под сто илјади гласови или под сто триесет илјади како што очекувате?“Шукова одговори дека таа не го гледа тоа како пораз:„Ништо не е пораз за мене. Вие треба во секој момент да застанете на здрави нозе, да погледнете што сте погрешиле и да продолжите понатаму. Во првите месеци беше многу тешко, особено во разговорите со луѓето кои беа разочарани.“Ландов реплицираше:„Муабетот ми е – нели е пораз кога ќе ја изгубите довербата на граѓаните? Тие излегуваат, трошат време, ви даваат доверба, а вие ја изневерувате и велите дека тоа не е пораз.“На ова, Шукова одговори:„Можеби другите го гледаат како пораз. Јас тоа го гледам како момент на консолидација – да видите каде сте погрешиле и да си ги подобрите политиките за да не ја изневерите довербата повторно.“Цел поткаст изгледајте го тука:

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Обвинувања за насилство и притисоци во Струмица: СДСМ на удар на критики

СДС во паника поради очекуваниот пораз на претстојните локални избори во Струмица почнала да шири насилство и страв, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.„Очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица – наместо да понудат проекти, план и визија, тие се свртеа кон насилство и заплашување.Наместо да се извинат и да се оградат од скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата следува само молк. Дали Филипче и СДС ќе се дистанцираат од насилниците? Зошто судството сè уште не реагира? Дали за СДС и нивните кадри на листата не важат законите?Ефтимов и Стојанов не се исклучок. Носителот на листата, Миле Гогов, има кривична пријава за загрозување на сигурноста, додека за Шефкет Асанов има прекршочна пријава за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Дали судството ќе реагира за овие прекршители на законот?СДС во Струмица се опкружени со насилници и луѓе подготвени да го прекршуваат законот, додека институциите не реагираат поради блискоста со Заев. На Струмица ѝ требаат лица со интегритет и визија, а не уценувачи и насилници“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Миновска: Јакимовски – човек на црната листа на САД, не може да ја води Општина Карпош

Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагира:„Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери имаат информации дека е криминалец кој ја злоупотребувал својата функција и правел криминал со градби.Во соопштението на Стејт департментот јасно стои:‘Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници’.Тоа значи дека Јакимовски местел тендери и правел детални урбанистички планови по желба на мафијата, за лична корист.Стевчо Јакимовски е криминалец par excellence. Лице кое е на црна листа на САД не смее да ја води општина Карпош.“

Скопје | пред 6 месеци

media-library3du705lct2tlbVqaZ0g

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање - Уставниот суд веднаш да се изјасни

,,Оваа прес - конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија, во случајот тоа е Левица, кога од сите вонпарламентарни и парламентарни партии за прв пат во историјата на независна Македонија само на една партија и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми", истакна на денешната прес - конференција, Претседателот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.,,Скандалот да е уште поголем - не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние ќе не можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена", појасни лидерот на Левица, Димитар Апасиев.Апасиев рече дека ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, ,,вечити" директор на АВМУ, којшто на овој начин се обидува да ù ги скратат крилата на Левица. ,,Сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда! A во меѓувреме ние се екипиравме со адвокатски тим, ќе поднесеме ,акцио популарис', односно тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство и бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете - три случаи досега вакви имало и Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние претставка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува", потенцираше тој. ,,Предосеќам, како професор по право, дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена, ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија. Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно, ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!", поентираше Претседателот на Левица.

Македонија | пред 6 месеци

merko-3

ДУИ во Струга не го поддржаа „нивниот“ Рамиз Мерко, тој сега повикува да се гласа за „независните“

Актуелниот градоначалник на Струга и висок функционер на ДУИ, Рамиз Мерко, отворено се спротивстави на сопствената партија, откако таа за локалните избори застана зад коалициониот партнер Зијадин Села. Мерко на своите поддржувачи им порача да гласаат за советничката листа на „независните“.„Ја поддржувам независната листа за советници во Струга. Тие ќе работат за доброто на општината. Заокружете го бројот 120.“, напиша Мерко на својот профил на Фејсбук.Името на градоначалникот на Струга се наоѓа на црната листа на САД од јуни 2023 година. Американскиот Стејт департмент тогаш соопшти дека Мерко е означен како неподобен за влез во САД поради, како што наведоа, негова вмешаност во значајна корупција. Истата мерка ги опфати и неговата сопруга Шпреса и нивните три полнолетни деца – Генц, Назмије и Дренуше.Во меѓувреме, Обвинителството продолжува со отворање на предмети против Мерко, а последниот се однесува на јавната набавка за осветлувањето на вливот на реката Дрим во Охридското Езеро.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryb0gkib3gnqiq1PlcPAU

(Видео) Шукова: Не се пазарам за лични интереси, Каја нема да биде кандидат за пратеник

Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје и потпретседателка на СДСМ, вечерва е гостин во Претрес со Ландов.Шукова се залага за достапност и транспарентност во работата на функционерите.Јавноста вели, има право да биде информирана.Шукова ја доби довербата од СДСМ да биде кандидат за градоначалник на Скопје, откако во јавноста се појавија имињата на Мишко Ралев и Ѓорѓи Галетановски.,,Не би рекла дека станува збор за нивно извисување. Јас се самокандитирав за градоначалник и поднесов програма.Јас не лажам, кога не знам прашувам. Никој во животот не може се да знае”, вели Каја Шукова на која повеќе и се допаѓа Скопје од пред 20 или 30 години кога немало толку многу високи згради.Подобрување на квалитетот на воздухот, вели, започна во времето на Петре Шилегов за потоа повторно да се врати старата состојба.Таа говореше за состојбата со несреќата во Трубарево. Дозволата за работа е обновена во 2021, но се бара мислење од општината. Управата за животна средина ја потпишува дозволата.Нагласи дека била министер за животна средина година и четири месеци.,,Имам доволно искуство за оваа работа.Не треба да се бега кога е тешко заради лични интереси.Нема пазар дали ако загубам на изборите ќе бидам кандидат за пратеник. Каја нема да биде кандидат за пратеник”, вели Шукова.

Скопје | пред 6 месеци

izbori-makedonija-Copy

Жрепката на ДИК ги одреди броевите на партиските кандидати за градоначалници: СДСМ е под бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ го има бројот 9

Ова е целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:Искуство за успехЗНАМДемократска партија на СрбитеНационална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИКоалиција за локални избори 2025 – СДСМЛевицаКоалиција ВленКоалиција за Зелена иднинаКоалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕНа дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите.Граѓаните на 19 октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за 2 ноември.

Македонија | пред 6 месеци

FotoJet-41

ДИК денеска извлекува редослед на листите за Локалните избори 2025

Државната изборна комисија денеска напладне ќе ја одржи жрепката со која ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025. Истовремено, на седницата закажана за 13 часот ќе се спроведе и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за изборната кампања.Според изборниот календар, кампањата започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на гласање. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.Во изборната трка ќе се вклучат речиси сите поголеми партии, коалиции и независни кандидати. До вчера во ДИК беа потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, како и 558 листи за членови на советите на општините и советот на главниот град.Од страна на општинските изборни комисии е пријавено дека за Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје дел од листите се уште се во постапка на отстранување неправилности – осум за градоначалници и 20 за советнички листи.ДИК со жрепката за билборди и паноа ќе ја утврди и распределбата на рекламниот простор. Максималниот број што може да го користат учесниците во кампањата е ограничен на 50 отсто од вкупниот број паноа и билборди на територијата на секоја општина или на Град Скопје, односно кај правните лица што стопанисуваат со тој простор.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryi0jarvhfapg978AF4Hp

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија.,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку и изминатите години наназад“, кажа Пренџов и додаде:,,После претставувањето на целокупната програма секоја општина поединечно дека граѓаните ќе се определат за поддршката на градоначалниците предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.Според него, градоначалничкото место на Скопје како главен град е значајно, но и останатите општини во земјава воопшто не се запоставени. Како што рече тој, кандидатите за градоначалници и советници во сите општини работат активно да ја објаснат својата програма и визија, а иако медиумското внимание е поголемо во Скопје, сите општини добиваат внимание и поддршка за претстојните локални избори.,,Градоначалничкото место на Скопје е градоначалничко место на главниот град коешто обединува повеќе од 10 општини, коишто се навистина значајни со број на жители. Но, истовремено сакам да апострофирам дека не чувствувам, јас барем, дека се другите запоставени бидејќи сметам дека секој кандидат за градоначалник, секој кандидат за советник во било која општина и тоа како работи со своите жители, да им ја објасни програмата визијата и во она кое што го верува, она кое што го ветува пред овие локални избори“, истакна Пренџов.Пренџов додаде дека предизборната атмосфера е присутна низ целата држава, во секој град, во секое семејство. Според него, граѓаните активно дискутираат за кандидатите и размислуваат кому ќе ја дадат довербата.,,Очекувам една голема и убедлива победа за она  што значи проекти за она што значи развој и мислам дека кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие квалитети“, заклучи Пренџов.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarycc13bg4u4j7r0n2TBmK

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво - нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна - граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања