Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МАНАСИЕВСКИ

media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Чуварот на фотелјата Заев, Венко Филипче ја фрла СДС во бунар без дно, слушајќи ги советите на екс советникот на Заев во владата, Башановиќ и неговиот партнер Шчекиќ.Молкот за средбите на Филипче во Ниш и во Грција со Башановиќ и Шчекиќ е чист доказ дека Заев му ги средува и ден денес работите, само за да му ја чува фотелјата, и тој да управува со него.Без двоумење Филипче за да ја спаси својата политичка кариера, каква таква, безусловно ги слуша наредбите на Башановиќ и Шчекиќ и ги презентира во јавноста.Лажни вести, манипулации и клевети се трите основни постулати на кои се води ПР тимот на СДС предводен од Башановиќ.Од некогаш големата СДС, Заев со Ковачевски и Филипче успеа партијата и со нивните лоши политики да ја тоне без да може никој да ја спаси“, додава тој.

Македонија | пред 4 дена

media-librarycve45r9fs14tckKkEST

Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција

По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Зоран Заев – Башановиќ во Грција, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Како што си ги постави Ковачевски, па Филипче за претседатели на СДС, Зоран Заев си го постави и неговиот екс советник Башановиќ за шеф на ПР тимот во СДС, заедно со неговиот соработник Милјан Шчекиќ.Човекот кој е со контроверзно минато, избркан од сопствената партија и полн со сомнителни зделки во енергетиката и вклучен директно или индиректно во промената на името на државата Македонија, со име и презиме Зоран Башановиќ, сега го советува СДС и Филипче за нивните настапи во јавноста.Односот кој Филипче и СДС го имаат спрема јавноста напишани во соопштенија или изговорени на прес-конференции, е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, односно луѓето кои Зоран Заев ги најми да му помогнат на СДС.Случајно или не случајно тие делуваат како прокси партија, а сето тоа поминува забележано од граѓаните кои се повеќе и повеќе не му веруваат на СДС и не му веруваат на Филипче.На граѓаните веќе им е јасно кој стои зад овие лоши ПР политики на СДС и кој ги води во пропаст. Лица кои јавноста не ги памети по добро, туку по афери, скандали и криминали.Но, СДС не успева да извлече поука, туку СДС продолжува да тоне во сопствената кал“, вели Манасиевски.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuo6e2atnin10cjJARvv

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ молчат, а со нивниот молк само ги потврдуваат нашите тези за нивната соработка.Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на Филипче се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само тонат се повеќе и повеќе.Лошите ПР лекции кои Башановиќ и Шчекиќ им ги даваат на СДС и Филипче, ги прави да бидат неконкурентни на политичката сцена и ги прави да бидат неконструктивна опозиција.Со ваквиот однос СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови, а Венко Филипче ќе биде запаметен како човекот кој ја уништил СДС“, вели Манасиевски.

Македонија | пред 6 дена

media-library3v70ro9tgest41slTLJ

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ

СДС да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ? Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата „Рекет“, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време се да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод.Освен овие еден и пол милион евра, да потсетиме дека имаме сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Исто така, правосудните органи кои ги штитат Заеви ова никогаш не го истражија.Од СДС треба и да одговорат зошто секогаш кога некој ќе биде „истеран“ од сопствената држава, како што беше случајот со Онишченко и овој со Башановиќ, а истите се сомничат за криминали и коруптивни случаи, Заев и Филипче ги вдомуваа во државата или во нивната партија?Почитувани граѓани,Ете кој го води СДС, и ете кој го води нивниот ПР тим. Луѓе кои се синоним за криминал и корупција се секогаш во врвот на СДС.Во СДС се потребни реформи и чистење на криминалците и корумпираните функционери. Во спротивно, на следните избори СДС ќе го достигне дното и би се нашле под 100.000 гласови“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

media-library840uca8f32jr6FayOEs

Манасиевски: Порака до СДС, Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

На новинарско прашање за обвинувањата од СДС дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, кој беше осомничен за земање мито од 50.000 евра, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека СДС се радува на секој случај на криминал ако на некаков начин е поврзан со опозицијата.Тој посочи дека, кога лица од СДС се апсени за сомнителни дела, партијата не се дистанцира и не бара правда, како што било во случајот со Артан Груби, ниту, како што додаде, со претходниот претседател и премиер, кој бил аболициран за земање симболични суми пари. Манасиевски истакна и дека сегашниот лидер на СДС има индиректна одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, за што не се барала слична отчетност.Во заклучок, тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став: секој што го прекршил законот, без разлика на партиската припадност, мора да одговара, а законот треба да важи еднакво за сите.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymudov9875v8s1SbcZtW

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче - затоа се опседнати со Србија

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ПР активностите на СДС и министерот за здравство Венко Филипче се водат од страна на Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според него, Башановиќ, кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и поранешен советник на Зоран Заев, преку својата врска со СДС ги напаѓа претседателот Вучиќ и Владата на Србија.Манасиевски го опиша Башановиќ како контроверзна личност, кој бил вклучен во естрадниот турбофолк бизнис, сопственик на телевизија во Србија и обвинет за кражба во САД. Тој, заедно со Шчекиќ, пишува соопштенија и прес-конференции за СДС, што според ВМРО-ДПМНЕ се извор на лаги, манипулации и навреди кон македонскиот народ.„Сето ова се случува по насока на Заев, а Филипче и СДС пренесуваат сè што овие ќе им напишат. Не сме вчудоневидени од нивните напади кон претседателот Вучиќ и српската влада“, истакна Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Артан Груби е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата која што седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт

„Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е притворен утрово на граничниот премин, тука во Македонија. Она за што се товари и осомничи Артан Груби како тогашен прв вицепремиер е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата којашто седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт. Тоа е само еден доказ дека кога говориме за СДС и ДУИ и нивното владеење, тоа е синоним за криминал и корупција“, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Манасиевски се осврна на денешното приведување на Артан Груби и нагласи дека конечно правдата ќе биде задоволена. Тој додаде дека во СДС владее фрустрација зошто Артан Груби е уапсен затоа што се свесни што може да сведочи во овој судски случај.„Фрустрацијата во СДС владее затоа што се свесни што може Артан Груби да сведочи во овој судски случај, а и во некои други. Така што сметам дека од таму доаѓа нивната нервоза и од таму сакаат да направат некаков дефокус како што прават изминативе година дена откако Венко Филипче е претседател на таа партија и нивниот ПР. Така што ова е уште една лага на СДС која се растура како меур од сапуница“, дециден е Манасиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library840uca8f32jr6FayOEs

Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ

Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДС и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон кој се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи, сведочи дека откако одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента поради непостапувањето бил разрешен.Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за која според Катевеновски била осудена поради политички причини, а не правни последици.Катевеновски вели дека во 2019 година, го добил случајот од поранешното СЈО, за кој требал да даде мислење, но како што вели тој немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.Откако тој оставил време да се разговара за судскиот случај со колегите, затоа што не сакал да избрза со одлуката, на него не му останало многу време, туку веќе утредента Судскиот совет го разрешува Катевеновски.Тој за неговото разрешување ја посочува директно тогашната влада на СДС и ДУИ.Почитувани граѓани,Секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои сведочат за притисоците кон правосудството во Македонија. По Лејла Кадриу, сега и поранешен Врховен судија отворено говори за начинот на кој СДС и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата.Закани, уцени и притисоци. Ако си против нив - или те разрешуваат или те пикаат во затвор. Ова не смее да продолжи, реформите продолжуваат, а одговорност ќе има“, вели Манасиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryca48c8e82vr6c0HOhzQ

Манасиевски: Трагедијата во модуларната болница во Тетово, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и доколку не го интересирале провизии, анекси и тендери, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Трагедијата би била спречена доколку Филипче имал подготвено елаборат за електрична енергија, но и доколку техничката спецификација била како што треба, а истата ја прави одговорното лице назначено токму од Венко Филипче, по негова насока, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност. Дополнително, не се почитувале ниту минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Филипче и Заев си го сменија и Законот за градење за модуларните болници да ги стават во категоријата урбана опрема и на овој начин да ги заобиколат контролите. Згора на се биле потрошени 300.000 евра од вкупно 30 милиони. Или, 1% од 100%. Каде отишле останатите 99% од парите нема одговор.Да потсетиме, за оваа трагедија осудени беа периферни ликови, а Филипче кој е единствениот потписник на модуларните болници не е повикан ниту на информативен разговор од надлежните органи.Истовремено, во време на Филипче сведочевме на обиди за набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас, сведочевме на давање физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Сведочевме и на милионски тендери во здравството, за кои до денес нема јасни одговори, кој профитирал и каде завршиле парите на граѓаните?Почитувани граѓани, Филипче е симбол на систем во кој политиката е над законот, а партиските интереси пред животите на граѓаните. Оние што треба да го гонат - шуруваат со него. Ова говори за потчинетоста на мала група судии и обвинители кон Филипче и неговиот ментор Заев.Ние нема да дозволиме вистината да се заташка. Ќе бараме целосна истрага и одговорност за секој што придонел за оваа трагедија и за сите сомнителни зделки во здравството“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово

Откако минатата година низ серија прес-конференции насловени како „Афера – Провизии кои чинат животи“ ја истакнавме инволвираноста на Филипче како тогашен министер за здравство во трагедијата во која живи изгореа 14 наши сограѓани, за која Коцевски цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во некоја од неговите фиоки, деновиве поранешната обвинителка Лејла Кадриу исто така потврдува дека работата е забошотена, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Имено, Кадриу вечерта на кобната трагедија била повикана како јавен обвинител да помогне во истрагата, а по неа дошол и тогашниот ДЈО Јовевски, кој со свои двајца обвинители се приклучил во истрагата, за кои според обвинителката Кадриу, имале обврска да ја држат работата под контрола.Имено, Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територијата на цела Република Македонија, и како што вели Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на истите овие објекти.Филипче кој инаку е познат по својот сенс за криминал и корупција, ја искористил шансата веројатно, да направи модуларни болници за кои тој лично ја скроил техничката спецификација.Во истрагата обвинителката Кадриу, вели дека во свои разговори со останати лица, градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5 до 6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат и до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници кои Филипче ги изгради чинеле околу 300.000 евра, сите заедно, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра. Каде заминале овие пари и во чиј џеб завршиле, никој нема одговор. Можеби Филипче го има и се наоѓа во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или пак некоја фирма во Бугарија.За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства.Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.Почитувани граѓани,Сведоштвото на обвинителката Лејла Кадриу, вели дека вистинските виновници не се зад решетки. Оние кои велеле дека не треба да има модуларна болница и нуделе други решенија, сега се осудени, за жал само по 3 години, а вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција.Утре продолжуваме со нови информации и за тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана баш поради овој случај“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq5pgoculp1bh1rWSqfb

Манасиевски: 4 адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор, СЈО како партиски штаб на СДС

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО бил претворен во партиски штаб на СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев и СДС во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија.Обвинителката Кадриу, во интервју сведочи дека во еден момент, дури 4 адвокати на Зоран Заев, дошле во СЈО, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од токму СЈО. Истиот овој предмет, потоа бил и донесен во СЈО, спакуван во некакви кутии и обвиен со заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Толку бил влечкан овој предмет и обвинителките не оделе на рочиштата, што според обвинителката Кадриу, овој предмет ден денес ако го најдеме некаде се уште би бил во некоја заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан.Дополнително, обвинителката Кадриу сведочи дека во уште минимум два предмети, додека таа била во СЈО, биле политички монтирани. Едниот е случајот за кој беше обвинета поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а другиот е случајот со Нешковски, случај со кој СДС излажа многу граѓани, ветуваше некаква вистина, за на крај да излезе дека нема никаква институционална одговорност.Почитувани граѓани,Заев и СДС тогаш беа спремни да направат се само за да дојдат на власт и успеаја во намерите. Го лажеа својот народ и му ветуваа приказни, кои и ден денес се потврдуваат дека се лажни. СЈО и Катица Јанева беа користени само за Зоран Заев и СДС да дојдат на власт. По нивното искористување, сите знаеме како заврши таа приказна.Затоа, го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДС, и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqaelilenrurneFXzbfX

Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа кои луѓе да се гонат, а кои да се изземат од одредени случаи

Луѓе на Оливер Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа кои луѓе да се гонат, а кои да се изземат од одредени случаи, односно СЈО работело под насока на Заев и СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во техничката влада пред околу 10тина години, во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката Кадриу, дека треба да се прошири опсегот на лица опфатени со случајот, случај кој тогаш го работела обвинителката Кадриу.  Откако ова таа не го прифатила, тој си заминал на друго место да се жали, а за кратко време обвинителката Кадриу била избркана од работа.На овој начин СДС, Заев и Оливер Спасовски, раководеле преку Катица Јанева со СЈО. Тие одлучувале кој предмет ќе треба да се работи, кој обвинител ќе го работи  и кои лица ќе треба да се опфатат и кој ќе треба да се одговара.Сите овие предмети меѓу другите обвинители ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска, додека Катица Јанева била само координатор, бидејќи немала познавање од материјата.Донесените кривични пријави, кои ќе повторам биле напишани на ливче и не биле запишани согласно закон од страна на оваа претходна четворка која ја споменав, биле пренесувани од ЈО, за да ги работи СЈО, поради желбата на Зоран Заев и СДС. Доколку некој не сакал да ги работи овие предмети, бил оттргнат од СЈО, како што е и случајот со поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која вели дека не сакала да учествува во криминалот на Јанева и затоа била избркана од работа.Дополнително на ова, истите овие материјали, во форма на прислушувани разговори, таканаречени бомби кои СДС и Заев ги пуштаа во јавноста, не можеле да бидат доказ во судски предмет, поради тоа што станува збор за вербален деликт. Но, со само една одлука на апелационен судија ова стана доказ во овие случаи. А, да ја потсетиме јавноста, дека пред само еден месец, кај еден апелационен судија беа најдени пари заѕидани во ѕид, што отвара дополнителни сомнежи.Според сведоштвото на Кадриу, ова било добро смислено за да се спреми терен за да се прифаќа во судот се што СЈО ќе измисли по насока на СДС. До толку било поврзано судството и обвинителството и СЈО како институција, да овде не станува збор за правда и одговорност, туку исполнување на желбите на поединци од СДС, како Заев и Спасовски, преку обвинителите во СЈО, кои работеле незаконито. Доколку некој одреден судија не се однесувал како тимски играч со Катица и СЈО, му се правеле одредени притисоци и закани, за да се отргне пречката, за да можат СЈО и СДС ја продолжат нивната игра.Токму поради овие работи, поранешен судија, претседател на еден од судовите во Македонија, беше и осуден на затворска казна.Почитувани граѓани,Вистината порано или подоцна излегува на виделина. Се што ВМРО-ДПМНЕ говореше во минатото, денес самите обвинители од тогашното СЈО го потврдуваат. Најголемото зло кое му се има случено на правосудниот и политичкиот систем во Македонија е СЈО и СДС, предводени од Катица Јанева и Зоран Заев. Едната личност знаеме како заврши, очекуваме ЈО да си го испита и овој случај и неселективно да постапува“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-library0pb28cn9gdrb05pzy6u

(Видео) Трендафилов да застане на страна на работникот, а не на страната на неговите наредбодавци од СДС, вели Манасиевски

На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДС, со оглед на начинот на којшто функционираат сега и во минатото, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Да ја потсетиме јавноста на едно неубаво време кога СДС насилно и спротивно на волјата на граѓаните го менуваше името на државата, поддршка за да излезат и да гласаат граѓаните даде токму ССМ.Тие во видеото кое ќе го проследиме, велат дека тоа ќе донесе голем економски бенефит, нивната социјална положба ќе се подобри и ќе имаме поголема безбедност“, вели Манасиевски.https://youtu.be/Ih7pWbBH8TY„Поврзаноста на ССМ и Трендафилов со СДС не е од денес, туку од поодамна. Впрочем СДС преку Јованка Тренчевска го постави Трендафилов за претседател на ССМ. ССМ и Трендафилов се уклучуваат како на утикач кога СДС е во опозиција, а се исклучуваат кога се на власт. Платите се големи и добри и убаво живеат граѓаните кога СДС на власт, кога имаме национални предавства, кога инфлацијата достигнуваше и до 20%, а зголемување на платите едвај околу 10%, кога јавниот долг се зголеми за 5 милијарди евра за само 7 години, кога полицајци се удираа самите од возила пајаци, кога државата беше на раб на банкрот за ССМ и Трендафилов во овој период убаво се живееше, ама денес со 3% инфлација, повисоки плати во секторите каде Владата е работодавач, со поголем дијалог и разбирање, не се живее убаво за Трендафилов и ССМ.Дволичноста и лицемерието на ССМ и Трендафилов е огромно. Наместо водење политика и работење во прилог на СДС, треба да почне да се работи во прилог на работниците“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypuaqn97gm19h0BRFutS

Манасиевски: Барањата на Трендафилов имаат политичка позадина, зад неговото раководење со ССМ стојат СДС и Левица

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица.Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДС и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци.Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДС и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl9t81oqf517fabQpDHQ

Манасиевски: Заев и Филипче преку корупција се обиделе да ја преземат болницата на др. Жан Митрев

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена.„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:“Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес.”Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library46ida5lo4ic47Qxxgmv

Манасиевски: Филипче е фатен во голема лага, должен е да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза?

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска побара јавен и јасен одговор од Венко Филипче за основата врз која ја добил т.н. златна виза за Дубаи, посочувајќи дека јавноста има право да знае дали станува збор за инвестиција, недвижност или бизнис вреден најмалку 500.000 долари.Манасиевски нагласи дека за добивање златна виза во Дубаи е потребна значајна финансиска инвестиција и дека Филипче досега не одговорил дали поседува стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за визата. Според него, наместо молк, потребни се конкретни факти и документи.Тој се повика и на сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој изјавил дека ја видел 42-катницата што ја гради Заев во Дубаи, како и становите на Заев и Филипче. Манасиевски истакна дека и на овие наводи Филипче не дал конкретен одговор.Дополнително, според Манасиевски, Филипче потврдил дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но негирал дека бил негов партнер, што, како што рече, дополнително го отвора прашањето како тогаш дошол до златна виза.Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Филипче јавно да ги објави документите врз основа на кои ја добил визата, без разлика дали станува збор за професионален ангажман, работа во болница или друг вид договор. Манасиевски оцени дека доколку такви документи постојат, нивното презентирање не би било проблем.„Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што ги нема“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, тој продолжува по стапките на својот ментор Зоран Заев и на приватен и на партиски план.Манасиевски порача дека за овие прашања мора да има одговорност.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library649377a2c8tsdwFByP5

Манасиевски: Мали Фрчко - новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска остро ја критикуваше СДС, обвинувајќи дека партијата останува нереформирана и дека во своето раководство вклучува лица со, како што рече, сериозни контроверзии.Манасиевски изјави дека на чело на СДС, според него, стои „чуварот на фотелјата на Зоран Заев“, Венко Филипче, а во партиското раководство бил вклучен и Јон Фрчковски, син на нивниот идеолог. Тој оцени дека во раководството на СДС има „различни профили на луѓе“, кои, како што тврди, се поврзуваат со криминал, корупција и манипулации.Според Манасиевски, во јавноста пред неколку месеци се појавиле фотографии од Фрчковски, за кои тој тврди дека покажуваат користење психотропни супстанции на работно место. Како што додаде, од СДС немало ниту оградување, ниту јасна реакција, а најавената оставка, според него, не била разгледана.Тој постави низа прашања, меѓу кои и зошто надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство, не постапиле доколку, како што тврди, настанот се случил во државна институција, како и од каде потекнуваат спорните супстанции. Манасиевски праша дали постои привилегиран однос кон „децата на транзициската елита“.„СДС му должи извинување на народот, наместо да ги наградува луѓето кои ја злоупотребуваат доверената функција“, изјави Манасиевски, нагласувајќи дека вистински реформи во СДС се „повеќе од потребни“.Од СДС засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjjip8s742fi74pm7qBb

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника, Владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за било какво сместување мигранти во Македонија

„Прво, сакам да констатирам дека оваа тема не требаше воопшто да се започне, бидејќи ова е измислена тема од една партија којашто има само 120 000 гласови и во безидејност и заштита на своите криминалци во партијата и криминалите коишто во изминатите 7 години ги имаа направено, најде еден начин да се произнесе во медиумскиот простор и да најде некоја тема за наводни мигранти“ рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.Манасиевски истакна дека со изгласаната Резолуција во Собранието е потврдено дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Владата преговарале, не преговараат, ниту ќе преговараат за какво било сместување мигранти во Македонија.Тој потсети дека токму оние кои денес се против мигранти, во 2018 година гласале на владина седница за изградба на мигрантски камп во Бардовци, како дел од тогашната влада на Зоран Заев.„Многу е важно исто така да се напомене дека кога имате вие демант и од премиер на држава, претседател на држава, кога имате демант и од Британска амбасада и вие упорно продолжувате да сеете страв да ширите паника низ државата, да воведувате некаква хистерија дека ќе дојдат мигранти, тоа е веќе кривично дело. Зошто? Бидејќи вие свесно ширите паника и манипулација меѓу граѓаните“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library487ogrej3djkdoLuGAX

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски три месеци не презел никакви мерки за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, иако, како што тврди, имал официјален извештај со утврдени неправилности.Според Манасиевски, со непостапувањето, Спасовски овозможил фирмата да оствари противправна имотна корист во износ од над 90.000 евра, што, како што рече, претставува злоупотреба на службената положба.„Спасовски како министер во МВР добил официјален извештај со констатирани неправилности, но три месеци молчел и не го одземал овластувањето. Со тоа директно овозможил фирмата да продолжи да работи и да заработи над 90.000 евра“, изјави Манасиевски.Тој потсети дека токму во истиот технички центар бил извршен технички преглед и на автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој во 2021 година се запали на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 македонски државјани.„Доколку Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби ќе беше спречена. Овластувањето на фирмата од Сарај било одземено дури три дена по трагедијата во Бугарија“, рече Манасиевски, поставувајќи прашања дали поранешниот министер добивал пари за да не постапи навреме.Манасиевски го нарече Спасовски „црна дамка на СДС“, посочувајќи дека, според него, заедно со други поранешни функционери, е симбол на криминал и корупција.„СДС мора да се дистанцира и јавно да се огради од овие луѓе, доколку сака да опстане на политичката сцена“, порача Манасиевски.Од СДС засега нема официјален одговор на изнесените обвинувања.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh4johjmsbii9c1d3GAh

Манасиевски со остар одговор до СДС: „Повикот за Ковеши е политичка иронија“

Валентин Манасиевски од ВМРО–ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој побара европската обвинителка Лаура Ковеши да се ангажира во истражување на наводни злоупотреби со европски средства поврзани со опозициската партија.Манасиевски оцени дека е „најиронично“ токму Филипче и СДСМ да зборуваат за борба против криминал и корупција. Во обраќањето, тој наведе повеќе имиња од СДСМ за кои, според него, постојат прашања во врска со злоупотреби, додавајќи дека „главниот извор на криминал во државата“ се структури поврзани со таа партија.Во изјавата се наведува и дека реакциите на СДСМ, како што вели Манасиевски, се обид да се релативизираат сопствените слабости преку политички напади и префрлање вина. Тој оцени дека говорењето за антикорупциски тим од страна на СДСМ е „потценување на јавноста“ и „обид да се избрише сликата за корупцискиот багаж“ што, според него, е поврзан со поранешни и сегашни функционери на партијата.Манасиевски тврдеше и дека СДСМ нема кредибилитет да отвора прашања за корупцијата и дека повикувањето на Ковеши претставува „политичка манипулација“. Тој го опиша овој настап на СДСМ како „политичко харакири“ и порача дека, според него, граѓаните препознаваат кој има одговорност за коруптивните практики во државата.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykg5esuk3ur2h3JN8VZM

Манасиевски: Уставната судијка Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата, од СДС молк

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше на барањето на уставната судијка Добрила Кацарска за укинување на последното покачување на пензиите.„Уставната судијка Добрила Кацарска, која преку ноќ стана дел од Уставниот суд со поддршка на СДС, сега, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7.000 денари на пензиите, додека истовремено инсистира на зголемување на нејзината плата за околу 100.000 денари“, истакна Манасиевски.Тој додаде дека поединци од судството и обвинителството, блиски до структурите на СДС и без кредибилитет или легитимитет, јавно бараат енормни зголемувања на платите, додека граѓаните и пензионерите се соочуваат со намалување на своите примања.„СДС, кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите“, рече Манасиевски.Според него, додека во времето на СДС пензионерите добивале само 150 денари покачување, нивните инфилтрирани кадри во судството сега бараат европски плати со доверба од едвај 2%, а притоа предлагаат кратење на пензиите.Манасиевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се грижи за граѓаните и да го подигнува животниот стандард. „Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. Бараме од СДС јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите“, заклучи тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-library61rg90bqrgoje2dwjgd

Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, упати остри критики кон раководството на СДС, обвинувајќи го претседателот на партијата Венко Филипче дека нема фокус на реформите и напредокот, туку на спроведување на, како што рече, „плановите што му ги диктира Зоран Заев“.Манасиевски оцени дека, според него, „дуото Филипче–Заев“ не се откажувало од контролата врз партијата, дури и по цена на нејзино нарушување.„Заев сè уште ги држи конците во СДС, а Филипче возвраќа на секој негов потег,“ изјави Манасиевски.Тој истакна дека изборот на Александар Трајановски за потпретседател на СДС не бил резултат на неговите квалитети, туку на неговата лојалност кон сегашното раководство.„Трајановски е лојален човек на Филипче и Заев. Со оваа одлука, Заев уште еднаш ја потврдува својата позиција како претседател од сенка,“ нагласи Манасиевски.Според него, граѓаните не очекувале ништо од актуелното раководство на СДС, а за да постои силна, кредибилна и одговорна опозиција, потребни биле темелни и итни реформи.„Реформите мора да започнат со оставка на Филипче,“ порача Манасиевски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfal8tt0uh9q97MlP3bR

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата. „Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybde59lr0ui4g88f0U1z

Манасиевски: „Познат доктор одбил функцијата во СДСМ – не го смета Филипче за релевантен политичар“

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изјави дека партијата добила информации оти познат доктор и поранешен градоначалник одбил да прифати функција во раководството на СДСМ, бидејќи, како што рече, не го смета актуелниот партиски лидер Венко Филипче за релевантен политичар.Според Манасиевски, состојбата во СДСМ е крајно нестабилна по, како што ја нарече, „катастрофалната загуба“ на локалните избори, на кои партијата освоила околу 120.000 гласови и само шест општини.„СДСМ е во тежок политички нокдаун, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче,“ рече Манасиевски, додавајќи дека поранешни активисти, функционери и поддржувачи веќе јавно се дистанцираат од раководството и не ги поддржуваат неговите политики.Тој нагласи дека од сите страни во партијата се бараат реформи, како и оставка и одговорност од сегашниот лидер, но, според него, „само Филипче ја игнорира таа реалност“.„Изгледа дека Филипче е задоволен од целата ситуација и сака да го доведе СДСМ до ниво на статистичка грешка,“ изјави Манасиевски, повикувајќи ја најголемата опозициска партија „итно да спроведе внатрешни реформи, бидејќи на Македонија ѝ е потребна силна опозиција“.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања