Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

media-library8khkrb86jarldN2KuPy

(Видео) Мицкоски најави нови апсења: Битангите кои се занимаваа со криминал се зад решетки, има и уште некои кои ќе се најдат таму

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неколку правни субјекти се под постојан надзор во рамки на активностите поврзани со производството и контролата на канабис, нагласувајќи дека очекува да бидат откриени уште значителни количини.„Неколку други правни субјекти се под постојан надзор. Не случајно кажав дека неколку десетици тони ќе бидат откриени и дека може до сто тона да дојдеме“, рече Мицкоски кој што го повтори ставот дека одгледаната марихуана не може да се употри за изработка на масло од канабис кое ќе биде со квалитет за да може да се пласира на пазарот.Тој додаде дека лицата кои, како што рече, се занимавале со незаконити влијанија веќе се процесуирани и се наоѓаат зад решетки, а најави дека ќе следуваат и нови постапки.„Оние битанги кои се занимаваат со овие незаконити влијанија се зад решетки. Има уште некои кои ќе се најдат таму. Работата со криминалот е неисплатлива професија и ќе биде жестоко процесирана. И нема да има пардон. Знаете до пред 4-5 години какви битанги и бараби, и банди, хараа низ Македонија, фала Бога сега тоа го нема и тие се таму кај што се“, додаде Мицкоски прашан дали ќе се реактивира телото кое е веќе формирано и функционирало до 2017 година за контрола на дроги.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygmv2mfakq6c6fWJ0V58

(Видео) Мицкоски застана во одбрана на Дафина Стојаноска, смета дека Трендафилов треба да се извини и дека децата не биле прикажени децата на снимката

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавите на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, оценувајќи дека неговиот настап бил премногу нервозен и исполнет со навреди, и дека со тоа испуштил можност да биде над ситуацијата.„Јас го видов тоа што го кажуваше Трендафилов. Видов еден човек кој беше премногу нервозен, истури навреди, но ние сме јавни личности и навикнати сме на тоа. Жалосно е што други јавни личности не се навикнати на јавна критика“, изјави Мицкоски, додавајќи дека јавната критика понекогаш е вистинита, а понекогаш не, но дека, според него, најголемиот дел од обвинувањата кон него на социјалните мрежи и од одредени медиуми се невистини.Тој се осврна и на оправдувањето на Трендафилов во врска со користењето на службено возило, оценувајќи го како „бледо оправдување“. Премиерот нагласи дека повеќе е загрижен за нивото на јавна култура и речникот што бил употребен во реакцијата, особено затоа што, како што рече, станува збор за жена и мајка. Мицкоски посочи дека на видеото не биле прикажани малолетните деца на Трендафилов и дека било внимавано на тој аспект, но смета дека Трендафилов требало да покаже поголема воздржаност. Според него, пратеничката Дафина Стојановска треба да добие извинување.Претходно, Трендафилов на прес-конференција остро реагираше на видеото кое Стојановска го објави на социјалните мрежи, а во кое, според нејзините тврдења, тој ги вози своите малолетни деца со службено возило на синдикатот. Во својата изјава, Трендафилов упати тешки квалификации, оценувајќи дека станува збор за недозволиво објавување на содржина поврзана со малолетни лица и побара институционална реакција од Министерството за внатрешни работи и од обвинителството.Тој го повика и претседателот на Собранието да поведе постапка за одземање на имунитетот на пратеничката, најавувајќи дека ќе ги информира и дипломатските претставништва и синдикалните организации на меѓународно ниво.Случајот предизвика остра јавна полемика и нова размена на обвинувања меѓу политички и синдикални претставници, при што фокусот се префрли од прашањето за користење на службено возило кон начинот на комуникација и границите на јавната критика.

Настани | пред 1 месец

media-libraryf1fesf9aaf81cuZHfaq

(Видео) Владата ќе формира тим за истрага по заплената на 40 тони марихуана

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот.„Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи, значи незаконски е истата третирана од страна на фирмите од каде што беше одземена“, рече Тошковски.Тој кажа дека марихуаната привремено е складирана во простории на МВР со цел да се користи во доказната постапка. Тошковски кажа дека истрагата продолжува.Мицкоски кажа дека акцијата за заплена има за цел да покаже дека никој не е над законот.„Ова нешто зад мене е дел од 40 тони марихуана, нешто што претставува резултат на погрешна политика што не сакаме да ја повториме. Очекувам дека денес на владина седница ќе биде донесена одлука да се формира комисија и тим кој ќе ја испита работатата на неколку правни лица и ќе утврди кој работи во согласност со законот, а кои се оние што не работат според законот. Сè што се случи во изминатите неколку дена има за цел да покаже дека нема компромис со неправдата и беззаконието и дека никој не е над законот и дека МВР со сиот капацитет ќе се справи со предизвиците кои ги има“, рече Мицкоски.Тој испрати порака дека криминалот не се исплати и дека сите криминалци ќе бидат фатени и жестоко казнети.„Сакам да испратам порака до сите кои одлучиле дека криминалот е исплатлива работа, можеби така било во друго време, но денеска криминалот не се исплати, ќе бидете пронајдени и ке бидете жестоко казнети“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf9gi9e312e8geutlewf

Не е возможно правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека не се променат законите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, нагласувајќи дека со постојната законска регулатива тоа не е возможно.Мицкоски посочи дека Уставот јасно утврдува оти официјален јазик во државата и во меѓународната употреба е македонскиот јазик, но истовремено признава и официјален јазик на заедницата која е повеќе од 20 проценти, односно албанскиот јазик. Според него, во Уставот е наведено и дека комуникацијата во државната управа може да се одвива и на јазикот на заедницата, но само откако тоа ќе биде утврдено со закон.„Ние мораме овој процес на полагање да го утврдиме со закон. Ваков закон каков што е сега – не дозволува. И тоа не само за албанскиот јазик, туку за сите јазици споменати во преамбулата“, изјави премиерот, потенцирајќи дека не станува збор за политичка волја, туку за јасна правна процедура.Тој додаде дека доколку постои иницијатива за вакво решение, неопходно е да се изработи нов закон и истиот да се испрати на мислење до Венецијанската комисија, која треба да оцени дали е во согласност со Уставот. Мицкоски потсети дека и во минатото, при носење закони од областа на правосудството, Венецијанската комисија давала негативни мислења, што, според него, укажува на потребата од внимателен и правно издржан пристап.Изјавата на премиерот доаѓа по ставовите кои беа изнесени во јавноста од страна на министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит не може да се полага на албански јазик.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv20bb6gepsal0JNGG97

Индициите упатуваат на многу поголем криминал, ова е само почеток, рече Мицкоски најавувајќи проширена истрага

Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека актуелната акција е само почеток на многу поширока истрага.„Не би се изненадил ако дојдеме до сто тони заплена“, изјави Мицкоски.Прашан дали марихуаната што завршила во Србија поминала преку граница како пломбиран товар, пријавен во документацијата како друг производ, Мицкоски одговори дека засега нема такви информации.Тој посочи дека со правилник донесен од претходната власт било овозможено производство на цвет од канабис со квалитет под стандардите, кој потоа би се користел за производство на масло што се пласирало на пазарот, што, според него, отворило простор за сериозни злоупотреби.„Потребна е сериозна истрага. Ова е само почеток. Од индициите што ги имаме и од она што МВР го работи – телефонски комуникации, разговори и друг вид докази – јасно е дека случајот ќе биде многу поголем“, нагласи премиерот, додавајќи дека институциите ќе одат до крај во расчистувањето на целиот синџир на одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-library5um6bd0ato5dfMVHU0z

Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски, вели СДСМ

Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, вели СДСМ„За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се потребни околу 200 милиони евра. Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците.Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и поддршка на приватните компании без да им се загрози ликвидноста.Но Власта го избра својот луксуз наместо егзистенцијата на работниците и не го прифаќа ова јасно и одржливо решение.Груевски купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра со пари на граѓаните.Мицкоски носи часовници вредни над 60 илјади евра, или 150 минимални плати, и сега сака авион од стотици милиони евра.Нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа што Владата планира купување нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

avion

СДСМ: Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, Владата планира купување луксузен авион

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос, вели СДСМ.„Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра.За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања.Ученикот сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот.И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма?Малку да не им се 161 тендер досега?Сè е бизнис во ВМРО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynq9m0g4a2cq3bkGCXkB

Околу 11.000 административци ќе добијат повисоки плати – договор постигнат со Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денска оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата. На средбата е постигнат договор со кој околу 11.000 административци ќе имаат покачување на платата до 40% до 2028 година.„Денеска остварив средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата.Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година.Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година, очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов Општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците.Нека е со среќа и очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму, а им благодарам на двајцата претседатели, на гранковите синдикати и на УПОЗ и на САДУ што после долго време во еден конструктивен разговор изминатава недела успеавме да дојдеме до заедничко решение“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library3i063c944hf50x9VYO9

Нови лица во врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес на прес конференција информираше за новиот состав на Извршниот комитет на партијата.„Денес заседавашее ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата. ЦК донесе одлука за избор на нов Извршен комитет. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конткретни и одговорни решенија за граѓаните.Најавувам дека во наредниот период ќе имаме избор на претседатели на партиските Општински комитети како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Составот на ИК е следен: Генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки. Членови на ИК се: Александар Николовски - министер за транспорт, Владо Мисајловски - миистер за одбрана, Гордана Димитриеска Кочоска - министерка за финансии, Тимчо Муцунски - министер надворшни работи, Никола Мицевски - координатор на пратеничката група, Луке Галевски - дел од кабинетот на владата и шеф на центарот за комуникации, Антонио Милошоски - потпретседател на Собрание, Дафина Стојаноска - пратеничка, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков - градоначалник на Општина Охрид, Марија Андоновска - директор на ИЈЗ, Ели Панова - пратеничка, Игор Јанушев,Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски - градоначалник на Град Скопје, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски. На овие ќе им се приклучат новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.Огранизационен секретар Ивица Томовски, а за шеф на мојот кабинет продолжува Владимир Неловски“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 1 месец

media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски открива за запленетата марихуана: Полицијата интензивно работи, ќе се запленат десетици тони дрога

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.„Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада којшто ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека се ќе биде поинаку, економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тоа што ќе го слушнат граѓаните деновиве за тоа што се случувало ќе биде навистина катастрофално и дека креаторите на ваквите политики од минатото треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто станале жртви на ваквиот начин на функционирање.„Граѓаните ќе бидат сведоци на една многу тешка ситуација и мачна којашто се случувала. Оваа е акција која што трае, не е само од сега, само не сме можеле сега секогаш јавно и транспарентно да објавуваме бројки и податоци, но тоа што ќе го слушнат и видат овие денови граѓаните, па мислам дека вклучително уште денес ќе биде навистина нешто катастрофално и сите оние креатори на тие политики треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто за жал станале жртви на ваквиот начин на функционирање на одредени политики од минатото“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library33cqj83ps5ddemhjLwD

Мицкоски: „Сејф сити“ ги дава резултатите, во однос на протестот за нерегистрирани возила законот мора да се почитува и да има ред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.Премиерот Мицкоски нема дилема дека ќе се издржи и притоа заблагодари на македонските граѓани што ги почитуваат правилата и возат побезбедно, појаснувајќи дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје е помала отколку кога би имало организирана акција на МВР.„Ако таа бројка сега движи под 500, а во минатото статистиката вели дека кога МВР би имало организирана акција во сообраќајот тогаш се констатираат околу 1.000-1.200 прекршоци, тоа значи дека сега, навистина возачите го почитуваат сообраќајот и ги почитуваат правилата. Во вообичаен ден кога нема организирана акција, сообраќајните припадници на МВР санкционираат помеѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое зборувам и претставува редовна работна рутина на МВР, а разликата е што имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, преполовен е тој број, нема жртви од почетокот на официјалната примена од почетокот на февруари. Мислам дека од сето ова најголем бенефит имаат самите граѓани и возачи и истото се случува во Тетово и Куманово, не се забележани повеќе од 20-30 сообраќајни прекршоци дневно и 50-80 на коридорите 8 и 10. Генерално се движиме меѓу 500 и 600 прекршоци на територијата на која функционира системот“, потенцираше премиерот Мицкоски.Во однос на протестите и заканите за возење без возачка и за нерегистрирани возила, премиерот Мицкоски истакна дека има конкретни акции и дејства од страна на МВР за оние кои ја преминале границата, и дека нема да се толерира дивеење и се што не е мирен начин на протест.„Реков дивеење и начинот на кој одредена група протестираше можеше да се сфати како закана по животите и слободата на други лица без разлика дали се цивили или припадници на МВР, а од друга страна имаме уништување на државен имот. Секаде каде што тоа е констатирано, ќе биде поднесена пријава против сторителите на сето тоа. Ако некој мисли дека тоа ќе остане така неказнето, тогаш мислам дека се лаже. Така што секое изразување на револт на демократски и мирен начин е во ред, секој има право, оваа група вели ние сакаме да управуваме патнички возила или друг тип на возила без да поседуваме легална возачка дозвола. Ние велиме дека тоа не може“, нагласи премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека ако вие на мирен начин се изразува револт, тогаш ние како држава може да го обезбеди тој мирен начин, но ако тоа ја помине границата, државата мора жестоко да реагира и државата ќе реагира доколку некој ја премине границата односно Рубиконот.„Побарав од МВР жестоко да реагира против сторителите кои тоа го прават, го загрозуваат правото на слобода, животот на без разлика дали се цивили или припадници на МВР и уништуваат државен имот или нанесуваат друг тип на штета, тие мора да бидат одговорни за сето тоа, ние сепак сме правна држава, дел од НАТО, држава која претендира да биде дел од ЕУ и ова година кога се воведува ред, во сообраќај и други сфери во општеството и мора да имаме ред ако сакаме да бидеме држава. Додека сум јас претседател на Влада мора да се почитуваат законите. Законот вели дека за да управуваш патничко возило мора да имаш важечка сообраќајна дозвола, ако немаш нема да управуваш, ако немаш нема да управуваш, а ако управуваш без важечки документ ќе бидеш одговорен пред закон. Тука нема компромис“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е покачување на платите на административците за 40%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата. „Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме, и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе започне исплатата на платите во април, за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за 2 години и 2, 3 месеци од сега, административните службеници, тие кои што не добиле, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

Мицкоски најавува заплена на десетици тони марихуана: Разоткривање на криминалната мрежа

„Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи масовна полициска акција која, според него, ќе ги разоткрие вистинските размери на криминалот со нелегалното производство и трговија со марихуана во државата.Тој посочи дека во текот на денешниот ден и во наредните денови јавноста ќе биде сведок на заплена на, како што рече, „десетици тони“ недозволени супстанции, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите акции досега.Мицкоски остро ги критикуваше политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека создале лажна слика кај граѓаните и инвеститорите дека преку бизнисот со марихуана може брзо да се дојде до богатство и економски напредок.„Тоа беше економската политика на претходната влада која ги натера луѓето да веруваат дека преку ноќ ќе станат милионери. Наместо трансформација, добивме тешка и мачна состојба која директно ги загрозува младите генерации“, изјави премиерот.Според него, акцијата на Министерството за внатрешни работи, која веќе е во тек, има за цел целосно да го пресече нелегалниот промет, складирање и извоз на марихуана. Тој истакна дека се работи за огромни количини кои биле пласирани на незаконски начин, со вклученост на правни субјекти и од земјата и од странство.„Не станува збор за неколку килограми, туку за десетици тони материи. Констатирани се незаконски односи меѓу домашни и странски фирми“, нагласи Мицкоски.Премиерот побара целосна одговорност од креаторите на, како што ги нарече, погрешните и опасни политики од минатото, потенцирајќи дека последиците од ваквиот систем се катастрофални за целото општество.Според најавите, граѓаните наскоро ќе имаат увид и во официјалните бројки и податоци од Министерството за внатрешни работи, кои, како што рече Мицкоски, ќе ја потврдат „катастрофалната состојба“ што актуелната власт ја наследила.

Македонија | пред 1 месец

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Попладнево клучна средба за платите: Владата и УПОЗ ќе преговараат за покачувања

Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.-Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo6t200pvub8cagzXVWK

Мицкоски ги повика да излезат „од партиската прегратка неколкумина од раководството на ССМ“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на утрешната средба со УПОЗ и очекувањата од истата, изјави:„Па очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700-7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат. Така што со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии што работодавач директен или индиректен е Владата.“

Македонија | пред 1 месец

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Oколу 25 милиони евра ќе бидат распределени во културата, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави:„Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryudhg867h5flfdqXFLJB

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија

Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска, за жал прерано го загубил својот живот на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеел, но за жал не успеал повеќе од 31 година да живее и го положува својот живот повторно со идеалите за македонската држава. Така што уште еднаш денес да си го спомнеме неговиот лик и дело, да го чествуваме и да го сеќаваме и тоа нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија“, додаде Мицкоски

Македонија | пред 1 месец

media-librarygpsjqjjgpfhk4GfGY0B

Мицкоски за случајот со транспортираните мозоци: Да почекаме истрагата и Обвинителството да дадат одговор

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не добие поконкретни информации во врска со објавите дека мозоци на починати македонски државјани со психијатриска дијагноза биле транспортирани како чекиран багаж на комерцијални летови во САД и Канада за медицински истражувања.„Не би коментирал јавно додека не добиеме поконкретно. Ова е состојба која се случувала пред неколку децении. Да оставиме истрагата и Обвинителството да дадат одговор на многу прашања“, рече Мицкоски.Во одделна изјава, одговарајќи на прашање што очекува од новиот јавен обвинител кој допрва треба да биде избран, Мицкоски истакна дека приоритет мора да биде расчистување на сите случаи кои со години биле запоставени.„Прво што треба да направи е сите оние документи и случаи кои стоеле во фиока да се истражат. Каде што има дело и докази – да има случај, каде што нема – да се затвори“, изјави премиерот.Тој додаде дека од идниот јавен обвинител очекува да биде „заштитник на правото, генератор на правда и правдина“.

Македонија | пред 1 месец

media-library7efnc1dq4rhedkld1Xc

(Видео) Мицкоски најави жесток одговор за заканите и нарушувањето на јавниот ред на протестите организирани од тие кои немаат возачки дозволи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал решителна и силна реакција од полицијата за сите кои го прекршиле законот, упатувале јавни закани и го загрозиле мирот и безбедноста на граѓаните за време на вчерашните протести поврзани со одземањето на возилата на лица кои управувале без возачка дозвола.„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи“, рече Мицкоски.Изјавата на премиерот доаѓа по серијата протести и блокади на патишта, при што дел од демонстрантите палеа и гуми и отпад и влегуваа во вербални конфликти со полициските службеници. Протестите се реакција на примената на измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидено задолжително одземање на возилата на лица затекнати како управуваат моторно возило без положен возачки испит.

Настани | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Мицкоски: Над 50 случаи на висока корупција се во постапка, украденото мора да се врати кај народот

Денес ја одржуваме конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.„Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите. Јасно и гласно сакам да порачам: Нема селективна правда. Нема заштитени. Нема недопирливи. За таа борба да биде успешна, потребно е јакнење на судството и обвинителството, институционално, кадровски и функционално. Само силно, независно и професионално судство и обвинителство можат да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде спора, ниту селективна, туку ефикасна и правична. Јас сум за засилени мерки во борбата против корупцијата. Но борбата не завршува со кривична постапка. Борбата мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот. Затоа што криминалот не смее да се исплати. Украденото мора да се врати кај народот. Токму затоа ги воспоставуваме овие механизми и токму затоа денес го конституираме овој Совет. Конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и имотната корист не е едноставен чекор, таа е повеќедимензионален и комплексен процес, кој опфаќа повеќе фази, меѓусебно поврзани и условени, во кои се вклучени повеќе институции со јасно дефинирани надлежности и одговорности. Следејќи ги фазите на постапката за поврат на имот, Стратегијата за периодот 2025 – 2028 година јасно ги дефинира трите приоритетни области на дејствување: Прво, пронаоѓање, идентификување и следење на незаконски стекнатиот имот и имотната корист, не само во земјата, туку и надвор од неа, преку меѓународна соработка и современи финансиски истражни механизми. Второ, привремено обезбедување и конфискација на имот и имотна корист, брзо, ефикасно и во согласност со законот, без простор за манипулации, одолговлекувања или злоупотреби. И трето, ефикасно управување со одземениот и конфискуваниот имот, вклучително и неговата повторна употреба за социјални цели, затоа што одземениот криминален имот мора да добие нова, општествено корисна вредност и да се врати во служба на граѓаните. Овој Совет, под водство на потпретседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, има клучна улога во координацијата, надзорот и стратешкото насочување на сите овие процеси. Очекувам од вас професионалност, храброст и интегритет, но пред сè резултати. Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци. Ова е борба за правна држава. Ова е борба за доверба. Ова е борба за достоинството на граѓаните. И во таа борба, нема да отстапиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library6otgqj7fqj7q8SjEP8s

(Фото) Започна изградбата на булеварот Македонија во Скопје, ќе се реши сообраќајниот метеж

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од почетокот на нов инфраструктурен проект во Скопје, кој, како што истакна, значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и ќе го олесни сообраќајното движење во централното градско подрачје.„Сакам да изразам задоволство што денеска, заедно со градоначалникот, односно градоначалниците, со луѓето од јавните претпријатија на Градот Скопје, но и со останати граѓани, отпочнуваме еден проект којшто многу ќе значи за скопјани и ќе додаде вредност во квалитетот на живот“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека нема да навлегува во техничките карактеристики на проектот, но посочи дека е убеден оти неговата реализација ќе придонесе за полесно и поефикасно движење низ центарот на градот.„Амбициозен е планот овој мандат целосно да биде завршен, амбициозен е и планот во 90 дена да биде завршен овој дел. Но, сигурен сум дека, имајќи предвид дека имаме амбициозен градоначалник и амбициозни градоначалници, сето ова ќе се заврши и скопјани ќе можат да се движат по овој коловоз многу скоро“, истакна премиерот.Проектот, според најавите, треба да донесе конкретни придобивки во секојдневното функционирање на градот и да придонесе за подобра урбана поврзаност и проточност на сообраќајот во Скопје.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryas9r1eq4aghqdRntHDm

Прагот на толеранција за брзо возење ќе се намалува со тек на време, проблеми од утрово нема, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на првиот ден од почетокот на казнувањето преку системот „Сејф сити“ нема евидентирани поплаки од граѓаните и дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи.Тој појасни дека Владата и Министерството за внатрешни работи одлучиле на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем и да не бидат казнувани веднаш. Според него, во моментов прагот на толеранција изнесува 15 проценти, што е над европскиот стандард од 10 проценти, но најави дека со текот на времето ќе се враќаат на тие европски прагови.„Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки. Но суштината не е казнувањето, туку да нема сообраќајни незгоди и загубени човечки животи“, истакна Мицкоски.Премиерот изрази очекување дека со целосната примена на „Сејф сити“ ќе дојде до драматично намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и изречени казни, нагласувајќи дека проектот е насочен кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, а не кон полнење на буџетот.

Македонија | пред 1 месец

media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП Комунална хигиена Скопје, најави премиерот Христијан Мицкоски.Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените.„Со овие 40 камиони значително ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје. Хигиената ни е прв приоритет и ова е конкретен чекор за решавање на проблемот“, рече Мицкоски.Тој најави дека процесот на набавка се очекува да биде заокружен до доцна пролет, а испораката на возилата да започне до крајот на годината. Според премиерот, новата механизација ќе овозможи поефикасна работа на Комунална хигиена и видливо подобрување на чистотата во градот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryag70lrms86u80RiAsJi

Мицкоски за протестот „Стоп за Усје“: Секој има право да го искаже незадоволството

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека протестите се легитимно демократско право и дека секој граѓанин има право јавно да го искаже своето незадоволство, коментирајќи го денешниот протест под мотото „Стоп за Усје“.„За денешните протести многупати сум кажал дека секој има право да го изнесе своето незадоволство преку протест. Ние како Влада правиме сѐ за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е правено – немам што да кажам“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека актуелната Влада презела конкретни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, меѓу кои и потпишување договори за изградба на когенеративни централи и системи за далечинско греење, како и донесување одлуки за набавка на електрични автобуси, кои, како што нагласи, не се наменети само за Скопје.Според Мицкоски, институциите работат на сите можни начини за да им се обезбеди на граѓаните поздрава и почиста средина, потенцирајќи дека граѓанските реакции и протести се составен дел од демократското општество.„Тоа што сега група граѓани излегува да протестира, јас го поддржувам секој протест, и тоа мора сите да го правиме“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека правото на протест е клучен механизам преку кој граѓаните го искажуваат својот став и бараат промени.

Македонија | пред 1 месец

media-library0r5mopp3lokh6tgB8Ve

Мицкоски ја осуди пресудата за новинарката Вејсели оти споменала судија: Ограничувањето на слободата на говор е неприфатливо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најостро ја осуди пресудата со која новинарката Љиридона Вејсели е казнета поради спомнување на името на судија во новинарско известување, оценувајќи дека станува збор за недозволиво ограничување на слободата на говор и напад врз новинарската професија.„Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Најостро ги осудувам ваквиот тип на ограничување на слободата на говорот. Новинарите треба етички да се однесуваат, да ја информираат јавноста и за тоа да служат, и било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам, без разлика дали е од политичар, јавна личност или судија“, изјави Мицкоски.Претходно, Обвинителството ја гонело новинарката, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пресудата е донесена затоа што во новинарско известување било спомнато името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово.Вејсели за Скопје1 изјави дека пресудата се однесува на тема што ја обработувала за сериозен кривичен случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало. Во тој предмет, како што наведе, судијата Илјази изрекол казна од три месеци ефективен затвор.„Осудена сум затоа што го спомнав името на судијата во контекст на судска одлука за сериозен кривичен случај. Казната е 700 евра за наводна злоупотреба на лични податоци“, изјави Вејсели.Во писменото образложение на пресудата, судијката Мишоска наведува дека на 28 октомври 2024 година новинарката, без согласност на судијата Назиф Илјази, ги користела неговите лични податоци – име и презиме – преку објави на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, со што, според судот, му била нанесена штета на честа и угледот во неговата професионална дејност, која ја извршува повеќе од 37 години. Судот заклучил дека со ваквите дејствија се исполнети битните елементи на кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ од Кривичниот законик.Од Обвинителството беа побарани одговори за тоа кој обвинител го поднел предлогот за издавање казнен налог и зошто е покрената постапка против новинарка која објавила име и презиме на судија, носител на јавна функција. До објавувањето на овој текст, одговор не беше доставен.Пресудата предизвика остри реакции во јавноста. Меѓу оние што реагираа е и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој оцени дека случајот е сериозен показател за состојбата со слободата на говор и довербата во судството.Според Исени, сведочењето на Вејсели покажува дека полицијата ѝ била на располагање за заштита во моментите кога била изложена на притисоци, но дека денес се случува, како што наведе, „најголемиот парадокс“, при што судството, кое со години било политизирано и деградирано, се прикажува како жртва. Тој оцени дека довербата во правдата паднала на историски минимум, како последица на политички влијанија и континуирани вмешувања, додавајќи дека истите актери кои денес зборуваат за слобода на медиумите, во минатото молчеле или вршеле притисок врз критичките гласови.Во продолжение е објавено и видеото во кое е споменато името на судијата, а кое е основата врз која новинарката е осудена.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања