Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

media-libraryp8ge4oaborhu5jClFYo

Владата ќе ја интензивира изградбата на инфраструктурните коридори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Владата изградбата на автопатската инфраструктура претставува стратешки приоритет, оценувајќи дека ваквите проекти ја зајакнуваат поврзаноста, логистиката и геостратешкото значење на државата.Тој посочи дека географската местоположба на земјата треба да се искористи како предност и дека позицијата на раскрсница во регионот е стратешки капитал. Според него, како членка на НАТО, државата преку реализација на ваквите коридори придонесува за зголемена отпорност и безбедност во регионот, како и на јужното крило на Алијансата.Премиерот упати благодарност до вицепремиерот и министер за транспорт, заменик-министерката, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, како и до институциите вклучени во реализацијата на проектот – Управата за имотно-правни работи, Министерството за финансии и Агенцијата за катастар.Мицкоски изрази очекување дека проектот ќе донесе конкретна вредност за граѓаните и ќе ја подобри логистичката мрежа низ државата, нагласувајќи дека Владата ќе направи сè изградбата да се реализира во роковите што биле претходно утврдени.Тој најави дека во наредниот период ќе се интензивира реализацијата и на други инфраструктурни проекти од сличен обем.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryioovbm7hcgn3cjstmsc

Пожар во Трговскиот центар во Кочани, станарите избегнаа поголема трагедија оти дистрибутер видел дека гори, сведочи Крстевски

Поранешниот вршител на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, информираше дека денеска во станбено-деловниот комплекс Трговски центар, станбен блок А со 96 станови, избувнал пожар од угостителски објект, при што станарите поминале со зачадени домови и, како што наведе, огромен стрес.Според неговата објава, пожарот не се проширил благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна единица, а клучен бил и фактот што дистрибутер на стока го забележал огнот во кујната, која, како што тврди Крстевски, се наоѓа во посебен објект изграден незаконски. Во моментот на избувнување на пожарот, во кујната немало присутен персонал.Крстевски посочува дека ова не е прв ваков случај и дека во минатото имало слични инциденти во истиот објект, при што, како што наведува, повторно имало среќа што пожарите не предизвикале поголеми последици.Тој упати последен апел до кочанското обвинителство, наведувајќи дека уште на 10 јуни поднел кривична пријава поради, како што ги нарече, незаконски активности на угостителски објекти во рамки на станбениот комплекс.Од надлежните институции засега нема официјална информација за пожарот.

Македонија | пред 1 месец

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

„Иднината е во наши раце, или ќе бидеме во политичко мочуриште“, Мицкоски најави регионална иницијатива за 4 теравати нови капацитети

Развиваме иницијатива што ќе ги обедини земјите од Западен Балкан со цел да привлечеме 0,01 отсто од планираните 40 илјади теравати новоинсталирани енергетски капацитети, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Според него, тоа би значело привлекување на четири теравати, односно нови производни капацитети што, како што рече, би донеле околу четири милијарди долари инвестиции во регионот во наредните десет години.„Ова зависи од нас, дали сами ќе си ја кроиме заедно иднината или ќе бидеме во политичко мочуриште“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ваквиот проект би имал потенцијал да донесе значаен економски импулс за шесте земји од регионот.Премиерот оцени дека иницијативата претставува можност за стратешко позиционирање на Западен Балкан во рамки на глобалните енергетски и инвестициски трендови.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

ЕУ заговара „прва и втора лига“ на земји членки, а еден од говорниците таму рече „тоа што и го правите на Македонија е криминал“, посочи Мицкоски

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.„Не се цени според напредок, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето итн. И колку повеќе тоа го игнорираме, толку потежок ќе биде тој пат и толку повеќе препреки ќе имаме. Јас сум свесен дека можеби дел од политичките гарнитури од минатото имале добри политички намери, но има и такви кои од неуспехот да се справат со криминалот и корупцијата, неуспехот кој го имаа дома, беа донесени до ѕид и побараа бел лист хартија и рекоа дајте да потпишеме сѐ што треба, за да останеме на власт“ рече премиерот Мицкоски.Во однос на актуелните политички состојби, премиерот упати критики кон СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за ширење лажни вести и оценувајќи дека е во политичка криза.„Од СДСМ денеска гледаме гранапче кое се занимава со лажни вести, и е на прагот на истчезнување. Затоа оваа генерација треба да биде свесна за овој предизвик и да биде свесна за уште еден предизвик, а тоа е последната иницијатива која се зборува во Брисел“, рече тој.Мицкоски се осврна и на, како што рече, иницијативата што се разгледува во Брисел за „прва и втора лига“ земји членки на Европската Унија, предупредувајќи дека ваквиот концепт отвора прашања за идниот статус на земјите кандидатки.„Имаше многу влијателни членови на Влади, и еден од говорниците рече 'Тоа што и го правиме на Македонија е криминал'. И тоа нема никаква врска со вредностите. Затоа и добро треба да размислиме за ова прва и втора лига земји членки, со многу заштитни механизми и да донесеме одлука што мислиме и како мислиме. Треба да сме свесни со сите овие предизвици во годините што следат. Ако живееме во фантазија, нема да можеме да најдеме соодветно решение. Ова се историски моменти во политиката а тие знаат да траат со децении, а некогаш и векови. Затоа народот треба да е трпелив и мудар. А за еден народ нема полошо од корумпирани лидери на таа нација. И тие се тие кои нѐ доведоа во оваа ситуација. Наместо да гледаме во иднината, ние толкуваме чии биле учителите и нивните ученици, а меѓу нас нема некој да просведочи која била вистината“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Ќе има промена на министрите во Владата најдоцна до јуни

Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши најдоцна до јуни, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека веќе има изграден став, но дека ќе следуваат разговори со коалициските партнери пред да се финализира процесот.„Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес“, изјави премиерот, додавајќи дека одлуките ќе бидат донесени по консултации во рамки на владејачката коалиција.Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека такво сценарио нема да има. Според него, сите релевантни мерења покажуваат дека граѓаните не даваат предност на избори пред истекот на мандатот.„Сè додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има“, истакна премиерот, нагласувајќи дека приоритет се државата и реформските процеси.Тој потсети дека земјата веќе се приближува кон редовниот изборен циклус, што значи дека техничка влада би се формирала кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, и оцени дека отворањето прашање за избори во овој период претставува политиканство.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

СДСМ: Мицкоски сам одлучува дека Ленче Ристовска „не е во игра“, во живо, на телевизија

Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски, вели СДСМ.„Тој одлучува кој ќе биде назначен.Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска –независната кандидатка за државен јавен обвинител.Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност.Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија.Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот.Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо.На кого веќе не му е јасно?Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.Следува целосно погребување на правдата и правната држава.Исто како во времето на Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

lence-ristoska

Ленче Ристоска реагира до Мицкоски: Ризикуваме да испратиме порака дека подобноста е поважна од компетентноста на новиот државен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.Во врска со изјавата на Претседателот на Владата дадена во вчерашното интервју, реагираше Ристоска која вели дека кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат.“Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност.Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество”, вели Ристоска.

Македонија | пред 1 месец

media-library8jedg2nv34ri2lBu9NL

Премиерот ја исклучи Ристоска од листата за нов државен јавен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.– Апсолутно не се сите во игра и мојот став е дека тоа име не е во игра, рече Мицкоски.Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристоска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfo1403oel4rm6B1opg3

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази.Во однос на текот на досегашната истрага премиерот Мицкоски изјави дека има кривична пријава за 10 лица покрај оние двајца кои веќе се приведени и ова е само почеток, врз основа на информациите, додека за обвинувањата на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но опозицијата треба да е свесна дека истрагата води до нивни блиски и дека постојат докази за тоа.„Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Затоа што да не биде тогаш „зошто моето семејство“, сите ќе бидат вклучени, бидејќи знаат да го напаѓаат моето семејство и семејствата на луѓето од Владата, треба да се свесни дека нивните семејства за кои постојат докази посебно во овој случај ќе бидат одговорни за многу работи“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека сепак правдата ќе победи во случајот и тој кој се огрешил ќе одговара, но и не треба да заборавиме каква политика водеше владата на СДСМ и ДУИ во врска со одгледувањето на канабис, како и тоа дека се ова е последица на тие политики.„Сите забораваме колку пати претходната влада на СДСМ и ДУИ се обидуваше да го промени Законот за одгледување на канабис и да се дозволи извоз на цвет од канабис. Дури на најстроги празници свикуваа седници во Собрание. Еве самите гледаме што барале производителите. Не може вашата економска програма да се темели на производство на канабис, самото по себе е поразително“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски водено истакна дека еве сега со скандалот со дрогата гледаме како Али, Заев и Венко како министер за здравство ја развивале Македонија и дека ова се последици од тие политики, но ќе бидат казнети.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykt09nbfuitd7cWsWRC4

Мицкоски: Мекото ткиво на македонскиот идентитет се вика СДСМ, Венко ми викаше дека нема проблем со промена на Уставот

„Секој оној кој што не и мисли добро на Македонија и граѓаните ќе бара меко ткиво и тоа го наоѓа во опозицијата во моментот. Тоа го наоѓа во опозицијата, ги слушаме изјавите на челниците на опозицијата во Македонија, кои што никогаш до сега не извлекоа поука од погрешните политики што ги правеа и партијата ја доведоа на тоа ниво, на кое што ја доведоа. Нормално, тоа беше искомбинирано со многу криминал, неработење, неиспорака“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вечерашното интервју во емисијата Само интервју на ТВ Канал 5. Премиерот Мицкоски се потсети на средбата со тогашниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски каде што имал лидерска средба на која како што рече буквално го молел да не го прифати делот за историската комисија и условот за промена на Уставот да бидат дел од преговарачката рамка. „Јас не бев како сегашната опозиција, јас тогаш барав лидерска средба за да се изгради национален консензус. Дури се сеќавам како денес да беше таа моја последна средба со тогашниот претседател на Владата Ковачевски во Клубот на пратеници, кога го молев буквално да не го прифаќа ова. Дури му реков се што е на маса ќе прифатиме заедно, само немој делот со историската комисија и условот промена на Уставот да влезе во преговарачката рамка. Се друго ќе прифатиме, еве заедно ќе излеземе од овој состанок и подготвени сме ние како ВМРО-ДПМНЕ да прифатиме“, нагласи Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека со СДСМ имаат различни позиции и не можат да постигнат договор за национален консензус, бидејќи на средбата во Владата, лидерот на СДСМ Венко Филипче го информирал дека тој да може уште утре би го променил Уставот, потенцирајќи дека мекото ткиво кој што го има македонскиот идентитет се вика СДСМ. „Јас со претседателот на СДСМ имав една средба во Владата кога дојде, кога ја отворивме таа тема и тој јасно кажува дека има различни позиции и дека тој би го сменил Уставот кога би можел уште утре, за него тоа не е никаков проблем. И кога имаме такви различни позиции, јас не гледам како ние би можеле да најдеме консензус. Но, тоа е тоа меко ткиво кој што го има македонскиот идентитет се вика СДСМ. И ние треба да сме мудри и трпеливи, тие ќе измислуваат, напаѓаат со лаги, ние треба да сме концентрирани и јас да знаеме каде одиме“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

Владата демантира: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска, велат од Владата на Република Македонија„Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството. Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycb10rlnl46u34yIMWx5

Мицкоски за истрагата за 40 тони марихуана: Се зголемува бројот на лица коишто се замешани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изјави дека истрагата за случајот со запленетите 40 тони марихуана се проширува, се откриваат нови аспекти и се зголемува бројот на лица вклучени во случајот.„Не би рекол дека нема никој приведен, но да бидеме трпеливи. Да, сега за сега, тоа што е потребно да го споделиме со јавноста, го споделуваме, сепак станува збор за огромна количина, не се наoѓаат секој ден 40 тона марихуана, којшто се резултат на последиците на една несреќна влада, којашто, освен тоа што ја ограбувше државата, својата економска политика ја темелеше на производство на дрога и ја распродаваше државата пред се нејзиниотѕ национален интерес. Е, сега, ние се справуваме со тие остатоци од едно такво несреќно владеење, седум години. Дел од на тоа несреќно управување со владата е и ова што вие го споменавте, овој случај, но да почекаме, ќе споделиме многу брзо со јавноста, како е, што е, кој е, каде е и така натаму, бидејќи се отвараат нови аспекти, нови перспективи, се зголемува бројот на лица коишто се замешани, се отворат нови позиции, нови агли на тоа што се набљудува во целата оваа истрага, така да бидеме трпеливи. Министерството за натрешни работи покажа дека е прилично транспарентно, така што верувајте дека ќе ве информира“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

makedonija-sad

Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави: „Во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци, не цели, постигнавме Договор за стратешко пријателство со Велика Британија. Повторно од опозицијата настапуваа со лажни тези, дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју, ги демантираше. Нема поголем демант од тоа. Но, Договор за стратешко пријателство не е само договор, туку и порака. А таа порака, ние можеме и ефектите на таа порака да ги видиме и во нашата економија, па дури ако сакате и во условите со кои се издаде Еврообврзницата, затоа што тоа е силна порака. Тоа е еден стратешки документ. Вториот документ е документот со којшто ние имаме, за први во регионот, а тоа е заедничка усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија. Третата важна дипломатска работа којашто нас нѐ стави во друштвото на функционални демократии, зрели демократии каде што владее правото, каде што се почитуваат човековите права е стопирањето на пост мониторинг мисијата на Советот на Европа. И ние сме единствената земја во регионот. Сите коишто се дел од Западен Балкан 6 групата или се во мониторинг или се во пост мониторинг. И овој договор којшто потенцијално ќе го потпишеме со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија, помеѓу 62 и 64, отприлика царински броеви, да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5%.Инаку, вреди да се напомене дека во 2025 година, билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари. Мислам дека ближиме докај 600 милиони долари во којшто имаме благ суфицит како држава. Македонија има повеќе извоз, отколку увоз во Соединетите Американски Држави. И очекувам преку овој договор, билатералната соработка и трговија да се зголеми. Но повторни ќе кажам, самиот договор по себе  е единствен надвор од Европската Унија со тарифи исти какви што има Европската Унија и Обединетото Кралство. Но пораката е силна. Пораката е силна, односно порака на Високиот трговски претставник на Соединетите Американски Држави, кој што е на ниво на Секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија. Значи многу и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

vladin-avion

СДСМ: Очигледно за Мицкоски патувањето на море со авион е „хумано“

Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“, велат од СДСМ.„Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни.Често народот вели дека и парите може да бидат лековити.Хумано не е исто што и хуманитарно.Би било хумано да се зголемат платите на работниците на 600 евра. Затоа што луѓето едвај врзвуваат крај со крај,  не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови. Е сега не мора со бизнис класа како што е навикнат и со карти од 4.000 евра, може да патува и со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.Тука „бизнис“ главно прави тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ.Сега кога Мицкоски призна дека го водел семејството на море на трошок на граѓаните, нека каже и кај кого беше на Јадранско море! За на граѓаните да им биде сè јасно.Овие жалопојки на Мицкоски тешко се слушаат. Морало кај Орбан, читај Груевски, морало кај сестринската партија по copy-paste инструкции за кампања.Дури толку ги применува инструкциите што почна да вметнува латински изрази како Вучиќ во своите изјави. Човек не знае дали го слуша Вучиќ или Мицкоски.Шкодата не му одговара, да, знаеме – подобар е мерцедес. Сигурни сме дека Груевски може и модел да му каже кој е најдобар.Срцепарателните приказни го понесоа дотаму што кажа дека ако загине, СДСМ ќе биде виновен.Почнува да звучи како неговата сестринска партија со која негуваат односи – таму секоја недела најавуваат дека нешто ќе му се случи на Вучиќ.Вистинска филмска сцена, солзите се тука. Само нема одговор за 5-те тони дрога преку граница и зошто не се укине луксузот на власта па работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

stack-money-coin-with-trading-graph

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави: „Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата. Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library4mhc6ssfenpdcTR9R2z

(Видео) Мицкоски откри каде патувал со државното авионче, со себе не го носел семејството, а често го користел кога се брзал

„Потребите за користење на владиниот возхуохоплов е соодветно на потребите на Владата. Тоа е исто како да го поставите прашањето зошто имате службено возило и зошто секој ден го користите и кој е тој којшто одлучува дека тоа возило ќе ве пренесува од точка а до точка б“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.Мицкоски додаде дека информацијата која се пласира во јавноста е погрешна, дека тој само четири пати го користел авионот.„Еднаш на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, имав билатерална средба. Натаму патував со комерцијален лет до Виена, бидејќи еден од екипажот имаше приватни обврски, немаше можност да ме однесе до дестинацијата. За назад дојдоа ме земаа. Вториот пат бев на покана во Белград, тогаш отидов и се вратив. Третиот пат бев до Хрватска со комерцијален лет на покана на хрватскиот премиер Милановиќ. Мојот годишен одмор кој требаше да трае 3 дена го продолжив за еден ден да трае четири дена, и бидејќи го испуштив авионот, а следниот ден имав неодложни обврски, воздухопловот владин дојде ме зема од Сплит и ме донесе во Скопје. Четвртиот пат бев сега до Тирана и назад. Ви најавувам дека во јуни ќе го користам владиниот авион до Подгорица и истиот ден ќе се вратам“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

(Видео) Ако се урнеме некаде, ќе стане јасно дека оваа дебата е непотребна, рече Мицкоски и посочи дека нема да се купува нов државен авион

Во изминатите денови, опозицијата ја критикува Владата за планираната набавка на нов воздухоплов, отворајќи широка дебата во јавноста.На денешната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека, иако на лидерска средба со министерот Филипче било договорено дека опозицијата нема да ја критикува Владата за оваа набавка, сепак тие не останале на зборот.Мицкоски додаде дека воздухопловот е во возна состојба и ќе се користи и за хуманитарни цели, нагласувајќи дека дебатата за идни влади и идни премиери е одвишок и не треба да ја загрозува безбедноста на луѓето кои ќе го користат.„„Авионот е во возна состојба, можете да разговарате со лицата кои го управуваат и ти се тие кои иницираа да се обидеме да обезбедиме средства за да набавиме нов воздухоплов.Гледам од опозицијата се создава оваа тема, иако на лидерски средби со претседателот на СДСМ разговаравме и тој рече дека за ова не треба да се критикува Владата бидејќи утре ќе биде друга влада, а возухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини. Но гледам дека не си стојат на зборот, и ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок“, изјави Мицкоски.“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Владата најавува засилена борба против сивата економија и мониторинг на цените

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека борбата против неформалната економија е прашање на праведност, доверба во системот и еднакви правила за сите, оценувајќи дека станува збор за процес кој мора да биде системски, а не само инспекциски.Говорејќи на конференција посветена на формализирањето на економијата, тој истакна дека сивата економија претставува изгубен приход за државата, но и изгубена можност за повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и посигурни пензии. Според него, неформалните текови создаваат нелојална конкуренција и ја рушат довербата во институциите, додека чесните даночни обврзници се ставаат во нерамноправна положба.„Нашата цел е формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално“, нагласи Мицкоски.Тој упати благодарност до министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска за, како што рече, дисциплинираното управување со јавните финансии во услови на глобални економски притисоци и растечки трошоци. Премиерот ја истакна и улогата на Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција во засилените активности за сузбивање на даночните измами и финансискиот криминал.Во рамки на стратегијата за намалување на неформалната економија, Владата најавува дигитализација на процесите преку електронско фактурирање и поврзување на базите на податоци, намалување на административните бариери за регистрација на бизнис, стимулативни мерки за формално вработување и поддршка на микро и мали претпријатија, како и зголемена транспарентност и размена на податоци меѓу институциите.Паралелно со ова, премиерот се осврна и на цените во маркетите, оценувајќи дека глобалните движења и енергетските шокови не смеат да бидат алиби за неоправдани маржи и прекумерни профити.Владата најавува засилен мониторинг на цените на основните прехранбени производи, анализа на трговските маржи, координација со надлежните институции за спречување на евентуални злоупотреби и дијалог со трговците и производителите за стабилизирање на пазарот.„Немаме право да дозволиме нечесноста да биде попрофитабилна од чесноста. Немаме право граѓаните да плаќаат повеќе поради нечии шпекулативни практики“, истакна Мицкоски, додавајќи дека формализирањето на економијата е дел од европскиот пат и модернизацијата на државата.Тој нагласи дека борбата против сивата економија е долгорочен процес, а контролата на цените, според него, претставува заштита на граѓаните, а не популизам. Владата, како што рече, ќе остане цврста кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризи, со цел воспоставување економија со ред и пазар со јасни правила.

Македонија | пред 1 месец

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

СДСМ прашува: Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски?

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на премиерот и на неговата расипничка власт, велат од опозициската СДСМ.„До толку се опиени од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери.Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата, им кратат 40 милиони евра на земјоделците, 5 милиони евра во спортот, премиерот ужива со парите на народот, со владин авион на море.Со часовници од 60 илјади евра, и со владин авион, Мицкоски покажа дека е ист како Никола Груевски кој се луксузираше со очила од 60 илјади евра и мерцедес од 600 илјади евра.Додека недостасуваат милијарди во буџетот, додека храната, струјата и греењето се поскапени, Владата планира нови стотици милиони евра за авион – за нови туристички патувања на премиерот и министрите.Ова е врв на аздисаност и ароганција на една корумпирана и криминална власт.Мицкоски нека не се крие, нека излезе пред граѓаните и нека одговори:Колку ги чинеше граѓаните неговото лукзусно летање со авион?Кој бил со него во владинот авион“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library6pgjnjf7i9843kq2MSq

Мицкоски од Минхен: Европа и Америка мора да останат партнери во решавањето на глобалните предизвици

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од Минхен информираше за активностите во рамките на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција, каде што остварил повеќе средби и присуствувал на обраќања посветени на глобалните безбедносни и економски предизвици.Денот, како што посочи, започнал со средба со Тед Дојч, претседател на Американско-еврејскиот комитет, на која биле разгледани актуелните безбедносни прашања и потребата од зачувување на мирот како врвен политички приоритет. Мицкоски истакна дека мирот мора да остане основна цел кон која политичарите треба постојано да се стремат.Потоа присуствувал на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, кое го оцени како инспиративно и значајно во контекст на глобалните односи. Според Мицкоски, во фокусот на говорот биле светските безбедносни предизвици, како и, како што нагласил Рубио, нераскинливата врска меѓу Европа и Америка. Посебно била потенцирана потребата од продолжување на партнерството и соработката, не само во рамките на НАТО-алијансата, туку и во поширокиот контекст на справување со безбедносните и економските предизвици.На маргините на конференцијата, Мицкоски остварил билатерална средба со холандскиот премиер. Во разговорите, како што наведе, биле отворени три клучни теми за Македонија. Првата се однесувала на заедничката конституенца со Холандија во рамките на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Втората тема била насочена кон холандските инвестиции во земјава и можностите за соработка со мултинационалната компанија „Филипс“, особено во здравствениот сектор. Третата тема се однесувала на евроинтегративниот процес на Македонија и напредокот кон членство во Европската Унија.Мицкоски најави дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни средби, меѓу кои и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и со амбасадорот Ричард Гренел и претставник на финансиската групација „Голдман Сакс“. Тој порача дека активностите во Минхен ќе донесат позитивни вести и нови можности за македонските граѓани и за државата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys1co97kotqt3eCNxnaW

Јакимовски контра Мицкоски: 90 дена го држеа проектот, тие сами си го кочеа за да сега си кажува лаги дека го откочиле

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вчера беа во Oсновното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае каде се одвиваат градежни активности за изградба нова спортска сала.Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави краток исечок од изјавата на Мицкоски во која премиерот вели дека овој објект добива своја физиономија, дека била заглавена изградбата и проектот самиот по себе.„Не можам да се изначудам зошто овој човек има толкава патолошка потреба да лаже?Проектот ниту бил заглавен, ниту тие го одглавувале. Повеќе наменска спортска сала Димо Хаџи Димов со 400 гледачи е проект изработен од мене уште во 2017та година.Успешно е спроведена Јавна Набавка во Октомври и избран е економски оператор.До утре 13 Февруари 2026та година, има точно 90 дена откако тој постави свој градоначалник во Општина Карпош.90 дена го држеа проектот, тие сами си го кочеа за да сега си кажува лаги дека го откочиле.Бидејќи има многу мерак да одговара на прашања, еве нека одговори: Во што бил проектот закочен и што тие откочиле?Кога се кај откочувањето, што не си ја откочат градинката Мајски Цвет во Тафталиџе 1?45 дена откако е завршена и не ја пуштаат во употреба.Им се заблагодарува на советниците. Веројатно знае дека истиот овој проект токму неговите советници од Вмро-Дпмне не го гласаа.И не знам на кој пратеник мисли, бидејќи од Карпош има двајца.Ама кој и да е, заслуга за изградба на оваа сала има некој си пратеник, колку што има мојот шестмесечен внук“, вели Јакимовски.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryse7pcf98ve657cdeqI0

Мицкоски на средба со менаџментот на „Lidl“ и „Kaufland“

Премеиерот Христијан Мицкоски во рамки на денешната посета во Минхен оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“.Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја, рече Мицкоски.„Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!“, нагласи премиерот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj3jptii3dj8pauebTil

Мицкоски по најавата за смена на Лимани: Јас ја составувам Владата, ако некој тоа го заборавил, да го потсетам

Премиерот Христијан Мицкоски го потсети владиниот партнер од Вреди Билал Касами дека само тој како премиер е надлежен за кадровските решенија во Владата. Потсетувањето од премиерот следи откако Касами изјави дека се подготвува можна смена на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, бидејќи не е задоволен од неговата работа во извршната власт. Судирот меѓу Касами и Лимани кулминира по локалните избори откако министерот кој беше кандидат за градоначалник на Кичево ги изгуби изборите.„Јас сум задоволен со работењето на господинот Фатмир Лимани и мислам дека е додадена вредност во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам Владата, ако некој тоа го заборавил, да го потсетам“ одговори Мицкоски.Касами во гостување на ТВ21 најави дека за вечерва го свикал Централното собрание на Беса за да разговараат за ефикасноста на нивните функционерите во Владата.

Македонија | пред 1 месец

turisti

Мицкоски очекува во 2026 година раст на бројот на туристи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на движењата во туризмот, колку допринесува тој за економскиот развој, каква беше 2025 година и очекувањата од 2026 година, изјави: „Туризмот е еден од нашите приоритети. Минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6%. Но, она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10%, таа е двоцифрена бројка. Се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок. Оваа година повторно имаме организирани групи, повторно како Влада сме проактивни и работиме. И јас очекувам повторно двоцифрен број на раст кај странските туристи и генерално очекувам 2026 да имаме раст на бројот на туристи во Македонија. Работиме паралелно и во поддршка на изградба и надградба и реновирање на постоечките туристички сместувачки капацитети и угостителски капацитети. Целата наша е да дојдеме до, ако е возможно тоа, до пет милиона преноќувања во Македонија, нешто коешто ќе претставува историски рекорд. Е сега работиме во таа насока. Оваа година, чекор по чекор да дојдеме до три и пол милиона, па потоа и понатаму.“Премиерот Мицкоски во однос на очекувањата да се достигне бројката до пет милиона преноќувања во Македонија, истакна:„Па ако биде сѐ како што треба, не би се изненадил тоа да биде 2028-2029.“

Македонија | пред 1 месец

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Мицкоски: Очекувам оваа година инфлацијата да се стабилизираме под 3%

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењата на инфлацијата, изјави: „Па јас како што веќе во неколку наврати кажав дека оваа година очекувам да се стабилизираме под 3%, да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде, околу 3%, нешто можеби под или над 3%, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво. Но да видиме, претпоставувам во деновите коишто следат ќе имаме објавување на тие параметри. Така што водиме домаќински политики, водиме политики коишто се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме до сега, во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква каква што ја посакуваат сите граѓани.“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања