Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

media-library9pkshdkkqt4i5Rhg0VY

„Очекувам земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед“, Мицкоски со реакција за црниот печат на адвокатот Менкиноски

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.На денешната прес-конференција, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека е запознает со она што се случува и дека телефонски разговарал со Менкиноски.Јавно го осудувам тоа, тоа е лоша порака и лоша порака за самата ЕУ, и очекувам дел од земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи нема да биде прв пат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати до сега откако не ги примени пресудите од судот за човекови права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата. Не зборуваме за човек кој е криминалец, туку за зборуваме за чесен граѓанин, којшто единствен грев му е тоа затоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот за човекови права во Стразбур. Тоа е единствениот грев и заради тоа добива црн печат. Навистина, бескрупулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку Европската Унија не излезе со осуда на ваквото однесување.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh2ad4tnfqttidy79UxG

Мицкоски: Македонија има најниска цена на дизел во регионот, очекуваме притисок, но имаме доволно количини

Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека македонските граѓани и економијата се обезбедени со доволно количини на нафта и нафтени деривати, и покрај притисокот од поскапувањето на горивата во соседните земји. Тој посочи дека цената на дизелот и бензинот во земјава останува меѓу најниските во регионот„ДПИ е континуиран на терен, нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид, ако е кај нас, после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторна комисија за енергетика, дизел горивото литар 1,39 евро центи, да речеме во соседна Албанија е 1,79 евро центи литар, односно околу триесетина проценти поскапо е. И логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така, во Србија е, да речеме, 1,73 евро центи, што е отприлика некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово варира цената, но достигнува до 1,52-53 евро центи, што е некаде околу 15%. Во Грција е 1,59 евро центи, односно кошта отприлика 10%, а во Грција е 15%. Во Бугарија е 1,41. Така што, граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот, 95-октани, 98-октани. Очекуваме притисок во периодов којшто следи, но имаме доволно количини. Разговараме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментот нема опасности од било какви, било каков недостаток. Така што, ние како влада продолжуваме да ја следиме состојбата.Можеби, условно кажано, добра вест е што утринава од она што можев да го видам, и брендот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долари за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Така што, ја следиме целата состојба. Многу внимателно и, во зависност од развојот на настаните, така и ќе реагираме“, вели Мицкоски.Тој додаде дека утре има состанок со ланците супермаркети и хипермаркети„Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок да веднаш се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците. На производи на мало и на големо, и врз основа на нивното однесување, така и владата ќе се однесува. Така што, очекуваме тие да имаат фер, однос кон граѓаните, за да и ние како влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

benzinska-benzin-nafta-

(Видео) Има притисок од странство на бензинските пумпи, но деривати има доволно,државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.„Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини“, рече Мицкоски.Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непречено се снабдуваат со гориво.„Од она што сум информиран од страна на ДПИ, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати“, нагласи премиерот.Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.„Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarye50kj36i7q5l2SbRaY1

(Видео) Семејната трагедија во Карпош, СДСМ ја претвори во политичка платформа, никој нема право на тоа, вели Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагедијата во скопската населба Карпош се користи за дневнополитички напади.Мицкоски изјави дека на прес-конференцијата претседателката на Форумот на жени на СДСМ била опкружена со млади жени со црвено обоени дланки, што, според него, требало да асоцира на Шарената револуција, но и на трагедијата во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка.„Во пресрет на 8 март, претседателката на Форумот на жени на СДСМ одржа прес-конференција опкружена со млади дами кои со црвени обоени дланки сакаат да нѐ потсетат на Шарената револуција, а да нѐ потсетат и на трагедијата во Карпош, каде животот го загубија мајка и нејзината ќерка. Ова беше повод за дневнополитички напади. Никој нема право семејна трагедија да ја претвори во сцена за политички поени, особено не во денови кога целото општество треба да зборува за достоинството и безбедноста на жените“, рече Мицкоски.Тој додаде дека начинот на кој СДСМ настапува во јавноста во последните денови, според него, наликува на затворен круг кој постојано ги повторува истите наративи и напади.„Кога една политичка структура функционира така и репродуцира исти приказни, станува јасно дека проблемот не е само политички. Сериозно сме загрижени за состојбата во која се наоѓа врвот на СДСМ. Гледаме паника и очајнички обиди трагедијата да ја претворат во политичка платформа“, изјави Мицкоски.Премиерот посочи дека државата се соочува со сложени глобални околности и повика на одговорно политичко однесување.„Живееме во тешки историски времиња. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ја даваат својата поддршка и ги одбиваат овие хистерични обиди од СДСМ. Економиите се под притисок, стабилноста на многу држави е на тест. Во вакви времиња државите мора да бидат одговорни, а најмалку што ни треба е паника“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrikvisido9ld3PXfRkd

Јас би се чувствувал засрамено да седам на маса со Бугарија, ако тие му забраниле влез на адвокатот кој ги брани Македонците таму, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на информацијата дека адвокатот Тони Менкиноски добил забрана за влез во Бугарија во траење од десет години, оценувајќи дека доколку тоа се потврди, станува збор за сериозен удар врз демократските принципи.„Доколку е точно, тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите кај нашиот источен сосед. Јас би се чувствувал засрамено да сум човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите кај источниот сосед. Тука мислам на земјите членки на Европската Унија кои треба да реагираат, ако ова е така“, изјави Мицкоски.Претходно адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години. Тој ја оцени одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.Менкиноски кажа дека забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

Мицкоски разговараше со премиерот на Катар за регионалната стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, при што размениле мислења за актуелните регионални и глобални предизвици и ја потврдиле заложбата за зајакнување на пријателските односи и економската соработка.„Денес остварив телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Неговата Екселенција Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток.Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката.Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_5515

Што е планирано за годишнината од трагедијата во „Пулс“ од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе присуствува на настаните по повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Тој изјави дека за време на пратеничките прашања бил информиран од пратеници дека во Собранието ќе се одржи комеморативна седница, а дека во Кочани исто така ќе има одбележување на трагедијата.„Знам дека за време на пратеничките прашања ме информираа пратениците дека ќе има комеморативна седница. Со луѓето од мојот кабинет организираме настан на кој ќе поканиме дел од медицинските екипи кои помагаа и ќе бидат тука“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека Владата обезбедува транспорт и сместување, како и организација на настан кој ќе има форма на конференција.„Комеморативна седница, како што ме информираше градоначалникот, ќе има и во Кочани. На сите овие настани ќе присуствувам“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym4im80oeu3pid1hk8hk

Треба да им се провери деловната и медицинска состојба, вели Мицкоски за СДСМ откако бараа оставка од Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека опозицијата секојдневно бара оставки и изнесува, како што рече, „лажни конструкции“.„Не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден од секого. Министерот Панче Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека не сака дополнително да ја коментира, како што ја нарече, „безидејната и мекотелна опозиција“.Според премиерот, СДСМ претставува „најголема опасност за македонскиот идентитет и македонската држава“ и ги повика граѓаните со резерва да ги примаат соопштенијата што доаѓаат од седиштето на партијата на Бихаќка.„Ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние конструкции што доаѓаат од Бихаќка, бидејќи имаат само една цел – да го разнебитат македонското ткиво и да нанесат удар врз македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.Премиерот исто така обвини дека раководството на СДСМ во минатото било поврзувано со, како што рече, „криминални и неморални скандали“, како и со случаи поврзани со консумирање наркотични средства.„Од таков тип луѓе мислам дека треба да се провери и нивната деловна и медицинска способност дали се подготвени да ја вршат работата што ја вршат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9sp3cg860mq040oJiGZ

Мицкоски: Безбедносната состојба во државата е стабилна, можни се економски притисоци од цената на нафтата

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека безбедносната ситуација во државата е стабилна и мирна.„Ние имавме Совет за безбедност што го организираше претседателката. Направивме анализа врз однова на информациите коишто ги добивме од лужбите и соодветните иминистрства. врз основа на тие податоци можам да кажам дека состојбата безбедносно е стабилна.Можеби ќе имаме економски предизвици, повеќе тука мислам на притисок на цената на енергенсите, на нафтата и гасот, повеќе на нафтата бидејќи ние немаме голема зависност во делот на гасот. Полека завршува и грејната сезона, така што од тој аспект, а и македонската индустрија нема прилично развиена мрежа во делот на гасот, можеби во делот на нафтената индустрија ќе имаме притисоци, ќе треба да се зголемува цената но и тука разгледуваме со министерстото за финансии, да намалиме во делот на акцизата, во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните.Инаку МНР организира превоз за македонските граѓани кои сакаат да се вратат, веќе сме во завршна фаза и мислам дека веќе денес ќе почне евакуацијата. Така што веќе сме во насока на обезбедување се она што е потребно за нормално функционирање како на институциите, така и на граѓаните кои сакаат безбедно да си дојдат дома“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydfrj51asnva31Yfw9DI

(Видео) Ердоган оваа пролет ќе дојде во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оваа пролет треба да ја посети Македонија и да дојде во Скопје на прв заеднички состанок. Тој ова го соопшти на седница на Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати за билатералните односи меѓу двете земји.Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се реализира, во моментот не можам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, дипломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје“рече Мицкоски“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryl7cvpis2jr0ge3jUaXL

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, исплатата од април

Минималната плата ќе се зголеми согласно закон и повисоките примања ќе почнат да се исплаќаат од април, најави премиерот Христијан Мицкоски на седницата на Економско-социјален совет.Тој информира дека на дневен ред е информацијата за висината на минималната плата за 2026 година, која, како што рече, очекува да биде усвоена и на следната владина седница. Според најавата, новата минимална плата ќе почне да се исплатува од април, за месец март.Мицкоски посочи дека Владата досега регулирала 95 проценти од односите со синдикатите преку колективни договори со рок на реализација до 2028 година, нагласувајќи дека не презема обврски што би важеле по истекот на мандатот.„Се однесуваме одговорно во рамките на мандатот што сме го добиле од граѓаните и не преземаме обврски за период по 2028 година“, изјави премиерот, додавајќи дека актуелната Влада има обврска да ги решава, како што рече, наталожените проблеми од минатото.Тој потсети дека во изминатиот период бил постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати во администрацијата, а во процесот биле вклучени и други синдикални организации кои првично не учествувале во преговорите.Премиерот изрази очекување дека ќе продолжи и ќе се интензивира бипартитниот дијалог меѓу работодавачите и работниците, нагласувајќи дека институционалниот дијалог е единствениот начин за изнаоѓање конструктивни решенија.„Вон-институционални механизми постојат, но искуството покажува дека решенијата се носат во рамките на институциите“, порача Мицкоски, додавајќи дека Владата останува отворена за соработка во рамките на своите надлежности.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап  директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби.Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука, рече Мицкоски во гостување на Дневникот на ТВ Сител.Како што рече, прокси ботови на СДСМ се обидуваат да го искористат револтот на граѓаните за пуштањето на Груби во домашен притвор откако претходно воделе кампања дека Владата го пуштила Груби да избега пред 14 месеци, кога се појавил на ГП Блаце - дека Владата ја спасува ДУИ, а дека куќниот притвор е по налог и пакт со Владата.Мицкоски рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.Како што рече,  „ќе го држи за збор Венко Филипче“ за она што завчера го кажал на ТВ Сител за наводно постоење политички договор со ДУИ.Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде по политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува.... Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав - дека големите одлуки се носат во тишина, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysrkcs13atg9eeynKjWg

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт истакна дека Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина.„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „Иск“ лице или кон „Ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, преземање непријателски на бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

Македонија | пред 1 месец

media-library42drt5l26hf87Q22kS2

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци

„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, на уште неколку на следна владина седница ќе им бидат одземени лиценците, бидејќи не постапувале согласно закон, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во дневникот на Сител телевизија за темата на пронајдените количества на нелегална марихуана во Македонија.„Се сеќавам дел од поранешната Влада одеше и чекор понапред, па сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија. Таа развојна канабис стратегија на претходната Влада ќе има последици и во наредните десет години. Јас сакам да упатам јасна порака до граѓаните, и за првиот случај со Груби и за вториов, да бидат спокојни. Работата е под контрола. Исто како што улиците се исчистија од криминал, така доаѓа времето кога ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци кои оставиле голема трага во минатото, но за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

mickoski-filipce

Филипче е исплашен од тоа што следи по исказите на Артан, после да не биде да плаче дека е политички реваншизам, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е „исплашен од тоа што следи по исказите на Артан“, алудирајќи на поранешниот функционер Артан Груби.Мицкоски рече дека и тој и македонската јавност ќе го „држат за збор“ Филипче за ставовите изнесени во медиумско гостување, во кое, според него, биле пласирани обвинувања за наводен политички договор меѓу Владата и ДУИ.„Кога ќе дојде до тој момент, имам чувство дека ќе дојде, да не биде потоа дека станува збор за политички реваншизам. Ќе биде соочување со правдата“, изјави премиерот.Тој додаде дека, според него, во СДСМ постои страв од потенцијални правни последици и дека обвинувањата за договори се обид за дефокусирање на јавноста.„Да не биде после дека некој политички му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови – исплашени се од тоа што ќе следи“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library7o22dt4ld9budZU1LOl

(Видео) Пратеник беше искаран од Мицкоски оти се појави само со албанско знаме на собраниска говорница, па му донесоа да стави и македонско

Пратеникот од Алијансата на Албанците, Ријад Шаќири, се појави на собраниска седница со албанско знаме закачено на реверот од костумот, без истакнато македонско знаме, што предизвика реакција од премиерот Христијан Мицкоски.Мицкоски од говорницата изјави дека очекува следниот пат, покрај етничкото знаме, да биде истакнато и државното, посочувајќи дека пратениците добиваат плата од буџетот на државата и ги претставуваат сите граѓани.Шаќири возврати дека го носи својот национален симбол и дека се гордее со својата етничка припадност, додавајќи дека значката ја добил од премиерот на Албанија и дека ќе носи и македонско знаме доколку му биде обезбедено.По оваа размена на реплики, на говорницата му беше донесен брош со македонското знаме, кој Шаќири го прифати, се заблагодари и го постави на костумот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

(Видео) Мицкоски: Мислев ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ, Филипче му врати: Тоа е кафански муабет

На почетокот на пленарната седница во Собранието, лидерот на СДСМ Венко Филипче ги критикуваше политиките на Владата посочувајќи дека размислува што прашање да постави за да добие конкретен одговор по што го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул и дали има лична релација со него.Мицкоски во одговорот рече дека за Душан Адамовиќ треба да се праша поранешниот министер за правда во претходната влада.На забелешката од Филипче дека размислува што прашање да постави за да добие конкретен одговор, премиерот му одговори:Кога велите не знаете кои прашања да ги поставите, јас мислев ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ за следниот пат кога ќе отидете во Дубаи таа да ја нарачате. Или ќе го поставите прашањето дали бевте добро исончан на една јахта која крстареше на егејските плажи, но очигледно сте ги заборавиле тие прашања. Или, пак, можеби ќе сакате да ве потсетам која е компанијата што требаше да ги набавува вакцините додека бевме држава со најголема смртност во Европа од ковид, или можеби ќе ми поставите прашање зошто не бевте во обвинителниот акт за Модуларната болница кога гореа живи луѓе во Тетово“, рече Мицкоски.На ова, Филипче му порача на Мицкоски дека тоа се кафеански муабети.Луѓето очекуваат поддршка од вас, а не Харис Џиновиќ, Дубаи и така натаму. Не сакаат тоа да го слушаат. Тоа е кафански муабет. Еве сега гледаме сакате да бидете експерт во сè, ама ако сте експерт во сè, слушнете ги луѓето, слушнете ги нивните барања и најдете им решенија, затоа што се друго е импровизација, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo6gdiq5k6pejDDU6O

Агонијата за одредени лица допрва почнува, не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми, вели Мицкоски за Груби

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека власта постигнала договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без логика и основа.„Ги забораваме проски ботовите и актуелната опозиција СДСМ кои ставаат равенство и велат дека власта се договорила со Артан Груби. Ова е политичка теза во изминатите денови. Ајде да видиме што е суштината, а што е политичкиот инженеринг“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека токму Груби, според него, бил еден од најгласните негови политички противници, потсетувајќи на јавни напади, како и на случајот со дронови над куќата на неговата сестра, кои биле претставени како негов скриен имот.„И по некоја чудна логика излегувам како претседател на Владата и се договарам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека нема никаква логика“, рече премиерот.Според него, тезите на опозицијата се менувале од ден на ден – од тоа дека тој лично „пуштил“ некого, до наводен договор меѓу него и Груби по судската одлука.„Бегалецот е обезбеден од органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – судската власт. Тоа нема врска со Владата“, нагласи Мицкоски.Тој додаде дека во јавноста се создава хистерија, слично како, според него, во други случаи кога се ширеле сценарија за економски колапс или мигрантска криза.„Процесот сам по себе ќе даде одговор. Времето работи на нивна штета“, изјави премиерот, додавајќи дека ја разбира револтираноста на граѓаните, но дека извршната власт нема надлежност да се меша во одлуките на судството.Во контекст на промените во обвинителството, Мицкоски изрази очекување дека со новото раководство ќе се гарантира независност и заштита на правдата, оценувајќи дека за одредени лица „агонијата допрва почнува“.

Македонија | пред 1 месец

media-library8la67381l1q44af4fKJ

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика

За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав“, му рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната седница за поставување на пратенички прашања. Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и се додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој што бил мекото ткиво и партијата која што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа.  Знаете што значи да останете запаметен во историјата од Охрид сте, знаете кој ги предавал и како ги предавал моштите“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryajncii48m4lpervlVlP

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

„Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време на транзицијата некои ваши претходници во СДСМ ги оставија на улица, а денеска се пензионери, и голем дел од нив со времето станаа транзициони херои, ограбувајќи го народниот имот, а стотици илјади луѓе тогаш останаа на улица како технолошки вишок. И за жал, пред доаѓање на оваа Влада, нивните пензии беа, би рекол, катастрофални. А со доаѓањето на оваа влада нивните пензии сè уште не се во најдобра кондиција, односно онакви какви што заслужуваат да бидат. Но, еве колку што можевме во рамките на можностите, имајќи во предвид дека наследивме празен буџет кој што претходната влада на СДСМ и ДУИ го испразни и немилосрдно го истроши, успеавме да заштедиме средства и на пензионерите да им ја зголемиме пензијата“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на пратеничко прашање. Мицкоски истакна дека Венко Филипче и СДСМ ги напаѓаат пензионерите и нивните покачени пензии, но како што рече Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите и на сите граѓани. „Така што јас навистина жалам што ги напаѓате пензионерите и мислам дека тоа не е добра тема. Ние ќе продолжиме да работиме во интересот на пензионерите, исто како што ќе продолжиме да работиме во интересот на сите работници. Последните податоци на ДЗС велат дека просечната плата за минатата година е зголемена за 9,6 проценти. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба повеќе? Да. Но тоа се можностите кои што во овој момент македонската економија ги има и тоа се можностите кои што ние како Влада ги имаме во смисла на тоа да се договориме со нашите колеги во образованието, во Министерството за внатрешни работи, во Министерството за одбрана, во здравството каде што и вие добивате плата, и во останатите сектори, вклучително и последниот договор што го направивме со УПОЗ и САДУ и да постигнеме договор за примањата на нашите колеги до 2028 година, до кога оваа влада има добиено мандат од граѓаните“, рече Мицкоски и додаде: „После тоа ќе видиме. Но, иако уште сега ви кажувам дека и после 2028 година ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ќе ја формираат следната влада. А за жал со вакви политики што имате ненародни и претставувате мекото ткиво на македонскиот идентитет и на македонската политичка сцена и со вакви мекотелни изјави и прашања кои што сега ги поставувате, за жал не гледам како да повратите барем малку од онаа супстанца, која што ја изгубивте кај македонските гласачи. Но, тоа е ваш проблем, не е мој проблем“.

Македонија | пред 1 месец

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека граѓаните од власта не можат да очекуваат ништо, ниту подобрување на животниот стандард, ниту економска стабилност, ниту пак стопанството може да очекува поддршка.Филипче предупреди дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски ја туркаат државата кон сериозна економска неизвесност.„Не може да се очекува ништо. Може само да се очекува да тоне стандардот на граѓаните, не го изгласаа Законот за минимална плата. Може да се очекува банкрот на државата, затоа што веќе 2 милијарди е дупката во Буџетот. Може да се очекува компаниите само да пропаѓаат, заради тоа што ниту имаат поврат на ДДВ, ниту имаат поддршка од страна на владата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата не работи во интерес на граѓаните, нема слух за покачување на платите ниту на социјалната помош, се крати од земјоделците, од сите граѓани, само повеќе да има за личните интереси на власта.„Може да се очекува да нема никакво зголемување на платите ниту во образованието, ниту во здравството. Може да се очекува да нема зголемување на социјалната помош. Може да се очекува да нема никаква поддршка, напротив намалување на парите во земјоделството, како што има сега, за 20 до 30 пати им се намалени. Од оваа влада не може граѓаните, ниту државата, да очекува ништо. Единствено нешто што може да очекуваат се нивни лични финансиски интереси“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjc969la2ohkj9rzWe1A

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

„Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем.„Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем.“ рече Филипче.Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста.„Се појави бегалец кој што е на листа, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка… единствено нешто што недостасуваше беше Црвен Килим.“Во однос на одлуката за домашен притвор, Филипче укажа на контрадикторностите меѓу институциите.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот кој што кажа дека ниту АНБ, ниту МВР, кои се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле проценка. Тоа не се случило. Очигледно е дека договор има. На кој насмеан сте виделе да и му ставаат лисици?“ рече Филипче.Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ нема страв од никакви постапки и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.„Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем.“ потенцираше претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека со партизирано судство не може да се обезбеди вистинска правда.„Не се прави тоа со партизирано судство… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrhk49169gjo49gDjC6W

Мицкоски: Создаваме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места

Денес е значаен момент за нашата држава. Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, ја потврдуваме нашата јасна и силна определба Македонија да се позиционира како земја на знаење, наука, истражување, иновации и модерна, конкурентна економија, вели Христијан Мицкоски.„Како Влада преземаме целосна одговорност да ја водиме оваа трансформација. Овој Совет не е само формалност, тој е инструмент на стратешка промена. Тој е механизам преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.Денес светот се менува со огромна брзина. Дигитализацијата, новите технологии и истражувањата го дефинираат напредокот на нациите. Нашата цел е јасна – да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните.Самата структура и состав на Советот, кој ги обединува клучните министерства и ресори, академската заедница и експертите од различни области, гарантира интегриран и стратешки пристап во носењето одлуки. Ова тело ќе обезбеди координација помеѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики. Нашата цел е мерките да бидат конзистентни, транспарентни и ефективни, со јасни индикатори и мерливи резултати.На оваа прва седница го усвојуваме клучниот документ за следните четири години – Четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Оваа програма не е само административен акт. Таа е визија за развој заснован на наука, истражување и дигитализација. Таа создава рамка за поддршка – од првата идеја, преку истражувачки развој и пилотирање, до целосна комерцијализација.Со оваа политика создаваме основа за отворање нови, квалитетни и добро платени работни места. Поддржувајќи ги стартапите, технолошките компании, истражувачките центри и иновативните мали и средни претпријатија, директно инвестираме во подобра економија – економија што создава вредност, извезува знаење и гради долгорочна стабилност.Во координација со Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за економија и труд како креатори на политиките, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА е главен имплементатор на програмата. Но успехот нема да биде резултат на една институција – туку на заедничка работа. Владата, ИНОВА, универзитетите, истражувачките институти, приватниот сектор и претприемачите мора да дејствуваат како единствен екосистем.Овој Совет испраќа јасна порака: Македонија избира економија базирана на знаење. Избираме инвестиции во наука и истражување. Избираме дигитална трансформација. Избираме нови работни места, повисока продуктивност и подобар стандард за сите граѓани.Време е идеите да ги претвориме во конкретни проекти, истражувањата во решенија, а визијата во реални резултати.Ви благодарам на посветеноста. Како претседател на Владата, силно верувам дека заедно ќе изградиме посилна, поиновативна и поразвиена држава, држава што создава можности за сегашните и идните генерации.“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Наместо ЕУ интеграција, Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ нудат само изолација

СДСМ денеска ја обвини опозицијата ВМРО-ДПМНЕ дека наместо реформи, ја води земјата кон изолација со секојдневен анти-ЕУ наратив. Од партијата нагласуваат дека опозицијата го блокира европскиот пат, измислува нови конфликти со соседите и не спроведува неопходни реформи за членство во Европската Унија.„После две години владеење на Мицкоски, реформите стојат, а европската перспектива на земјата е загрозена. Наместо независно правосудство, слобода на медиуми и борба против корупција, гледаме контрола врз институциите, задушување на медиумите и секојдневни црни кампањи“, велат од СДСМ.Партијата потсетува дека со државнички политики, СДСМ ја внесе земјата во НАТО, го одблокираше закочениот пат кон ЕУ и обезбеди признавање на македонскиот јазик. „Европската Унија не врши булинг, таа бара исполнување на реформите, а ВМРО-ДПМНЕ сака да остане во изолација за да контролира институции и да избегнува одговорност“, нагласуваат од партијата.Според СДСМ, неодамнешната европска перспектива за членство до 2027 година за земјите од Западен Балкан покажува дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија заостанува поради политика на изолација и сопствена саботажа од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања