Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител - бизнис мрежата на Мицкоски

Опозициската СДСМ обвини дека открила бизнис мрежа во енергетскиот сектор поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која, според партијата, се испреплетуваат политиката и бизнис интересите.Од партијата тврдат дека станува збор за „енергетски октопод“ кој, како што наведуваат, се протега преку регионални и офшор структури, вклучително и компании како „Rudnap Group“, и лица поврзани со владини институции.„Сè е поврзано. Сите алки се на место. Се затвора кругот од производство и увоз на струја, преку финансии, до носење одлуки за цените“, соопштија од СДСМ.Според нив, мрежата се протега и во повеќе домашни институции, меѓу кои Развојната банка, РЕК Битола и Регулаторната комисија за енергетика, каде, како што велат, се поставени лица блиски до Мицкоски.СДСМ упати и критики до Јавното обвинителство, посочувајќи дека три месеци нема реакција на, како што велат, сериозните индиции за криминал.„Време е за постапување. Очекуваме итна реакција за бизнис шемите во енергетиката. Да не чекаме уште три месеци. Време е за правда“, порачаа од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg7nvdb6p6g4e1ZP9Tjs

Пленковиќ по средбата со Мицкоски: Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел.Пленковиќ на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.Мило ми е што се сретнав со премиерот на Северна Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива - напиша Пленковиќ.Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега, нагласувајќи дека актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqlb7mrfnpo75fHGOOS9

Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ ќе биде наш главен фокус на Самитот на ЕПП

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брисел информира дека партијата учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде во фокус ќе бидат глобалните предизвици, но и процесот на проширување на Европската Унија.„Два дена сме овде во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека покрај официјалната прослава, ќе се одржи и Самит на лидери од партиите членки на ЕПП, на кој ќе се разговара за клучни глобални теми.„Ќе разговараме за економската перспектива на Европа, за глобалните предизвици, војната во Украина, состојбите во Заливот и Иран, но и за зголемување на конкурентноста“, рече Мицкоски.Како што нагласи, за ВМРО-ДПМНЕ особено важна тема ќе биде проширувањето на Европската Унија, како и презентацијата на реформите што, според него, ги спроведува Владата.„Наш посебен интерес е разговорот за проширувањето на ЕУ и постигнувањата и реформите што ги реализиравме во изминатиот период како Влада“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

СДСМ: Ристов во РКЕ е дел од бизнис мрежа на Мицкоски

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека изборот на Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) претставува, како што рече, „нова алка“ во бизнис мрежата поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Фрчкоски тврди дека со поставувањето на Ристов на чело на институцијата која ги носи одлуките за цените на струјата, горивата и другите енергенси, се отвора сериозно прашање за конфликт на интереси.„Станува збор за лице кое доаѓа од енергетскиот бизнис, сопственик на хидроцентрали, а сега треба да одлучува за пазарот во кој самиот учествувал“, изјави Фрчкоски.Тој посочи дека Ристов е поранешен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и сопруг на судијка која е член на Судскиот совет, што, според него, дополнително ја проблематизира ситуацијата.Според СДСМ, сомнително е и тоа што Ристов, како што тврдат, непосредно пред преземањето на функцијата се „ослободувал“ од сопственички удели во компании поврзани со мали хидроцентрали.„Компанија што остварува значителни приходи одеднаш менува сопственик, и тоа на лице без искуство во секторот. Ова отвора сомнеж за подготвување терен за преземање функција“, рече Фрчкоски.Тој додаде дека ова, според нив, не е изолиран случај, туку дел од поширока мрежа која, како што тврди СДСМ, се протега од енергетиката до банкарскиот сектор.„Сите алки се поврзани – од производство и увоз на струја, до продажба и финансии. Прашањето е кој ќе ја плати цената – одговорот е граѓаните“, истакна Фрчкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски во Брисел на Конгресот на ЕНП: средби со европски лидери и порака за интеграција

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со партиска делегација во состав Драган Ковачки и Стефан Андоновски, ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија во Брисел, кој ќе се одржува во наредните два дена.На Конгресот се очекува присуство на високи европски функционери, меѓу кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.Настанот во Брисел е во знакот на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, политичко семејство кое, како што се наведува, има значајна улога во обликувањето на европските политики и вредности.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека учеството на Мицкоски и делегацијата претставува потврда за, како што велат, цврстата определба на државата за европска интеграција и активна вклученост во процесите во Европа.Во рамки на Конгресот, најавени се и билатерални средби со европски претседатели, премиери и партиски лидери, со цел зајакнување на меѓународната позиција и афирмација на националните интереси.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypevrgm6u46pi4MaoyaJ

Мицкоски: Болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“, каде се потпиша и во книгата на жалост.Тој истакна дека болката и празнината од загубата на 63 млади животи се уште се чувствуваат.„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред.Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygnuttiv7l1l00qoiYTX

(Фото) Емотивен момент во Кочани: Наунова му закачи на Мицкоски беџ со скршено срце

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани.По завршувањето на молитвата, Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и се поздрави со родителите и семејствата на загинатите.Мајката на Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“.Настанот беше дел од програмата на одбележување на годишнината од трагедијата, со цел да се оддаде спомен и сеќавање на 63-те изгубени животи и да се изрази поддршка кон семејствата на жртвите.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynv3a0fcjmtlb1b7Z32l

Фрчкоски: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС, преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ја објави бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, лице кое Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија.„Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор за неговата поврзаност“, рече Фрчкоски.Тој посочи дека токму преку оваа линија се отвораат врските со енергетскиот холдинг „Руднап“.„Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“, нагласи Фрчкоски.Мрежата во Србија продолжува.„Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија. Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува. Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ?“, рече членоит на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypu0nbtm84vftfDQiVMt

Фрчкоски: Постои бизнис мрежа на Мицкоски во енергетиката

Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Јон Фрчкоски, денеска презентираше, како што рече, бизнис мрежа во енергетиката поврзана со премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека станува збор за „октопод“ од политички и деловни врски.Според Фрчкоски, мрежата започнува од името на Душан Адамовиќ, кого Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија. Тој тврди дека преку Адамовиќ, кој е поврзан со Српска напредна странка, се доаѓа до офшор компанија на Кипар од која, како што рече, започнува „одмотувањето“ на мрежата.Како дел од таа структура, според СДСМ, се споменува кипарската компанија „Алтариа рисрч лимитед“, која, како што тврдат, води до енергетскиот холдинг Руднап груп, сопственост на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ.Фрчкоски наведе дека врската со владата, според нивните тврдења, оди и преку министерката за енергетика Сања Божиновска, која претходно била извршен директор во „Руднап груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“.Во обвинувањата се споменува и назначувањето на Ефимија Димовска во Развојна банка на Северна Македонија, како и поставувањето на Иван Куковски за директор на РЕК Битола, кој според СДСМ е близок до семејството на Мицкоски.Од партијата тврдат дека РЕК Битола е клучна алка во оваа мрежа, бидејќи намаленото домашно производство на електрична енергија доведува до увоз на поскапа струја од странство.Фрчкоски најави дека антикорупцискиот тим на СДСМ ќе продолжи со објавување нови информации за, како што рече, врските на оваа мрежа во Србија, Чешка и Австрија. Од партијата порачуваат дека, според нив, токму во овие деловни и политички релации треба да се бараат причините за високите сметки за струја.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2fo3d1bl9j60dcYLNbx

Петар Огњеновиќ: Кога ќе видите сметка за струја знаете -РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски

Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор, обвинија од СДСМ.На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека антикорупцискиот тим на партијата континуирано ја открива, како што рече, мрежата на бизнис-интереси во енергетиката поврзани со Мицкоски.Според Огњеновиќ, Иван Куковски е близок до семејството на Мицкоски и претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.Тој обвини дека Мицкоски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетскиот сектор, кој, како што рече, е негов „омилен бизнис“.Огњеновиќ нагласи дека РЕК Битола има клучна улога во производството на електрична енергија во државата, посочувајќи дека кога се произведува помалку струја мора да се увезува, а увозната електрична енергија е значително поскапа.„Кога Македонија увезува струја – цената е многу повисока, а тоа на крај го плаќаат граѓаните“, рече Огњеновиќ.Тој додаде дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра. Според него, иако биле планирани околу 5.000 GWh производство на електрична енергија, реализирани биле околу 3.000 GWh.„Ова е најлошото производство во историјата на Македонија“, рече Огњеновиќ, поставувајќи прашање дали ваквото потфрлање е случајно.Тој наведе дека, покрај назначувањето на Куковски во РЕК Битола, во Развојната банка била поставена сопругата на партнер на Мицкоски во хидроцентрали, додека во Владата, според него, министерката Сања Божиновска е поврзана со компанијата Руднап груп.Огњеновиќ истакна дека, според СДСМ, станува збор за една иста бизнис мрежа која се протега од офшор компании на Кипар, преку бизнисменот Адамовиќ, до поврзаности со „Руднап груп“.„Сите блиски до оваа мрежа се поставуваат на клучни позиции во енергетиката. Сè е бизнис за Мицкоски, а најомилен му е бизнисот со струја“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека граѓаните, кога ќе добијат повисоки сметки за струја, ќе знаат зошто.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1h2kddc4bbmt0ZVXbwR

Мицкоски: Македонскиот систем и институциите реагираа подобро во трагедијата во Кочани од швајцарските во Кран Монтана

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања за системските реакции при неодамнешниот трагичен настан во Кочани, истакна дека иако е тешко да се прават споредби кога станува збор за лоши настани, институционалниот одговор во земјава бил на исклучително високо ниво.„Кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски. Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање. Затоа што ако се спореди тоа што ние како влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме. По сите параметри, во сите споредби. За жал, не постои начин како да ги вратиме тие коишто, за жал, не се повеќе со нас. Но од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан со оној настан што се случи во дискотеката во Кран Монтана во Швајцарија, неколкукратно подобро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски, реагираа подобро отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo2k9tjl6skqp6Mt3SW0

Мицкоски: Завршено проектирањето за делницата Кочани – Виница, Владата ќе продолжи да инвестира

Премиерот ристијан Мицкоски денес беше во посета на Кочани, каде во изјава за медиумите истакна дека проектирањето за првата делница од Кочани до Виница е завршено.„Таа ќе се изведува со сопствени средства, а се бара финансирање за делот од Виница до Делчево и мислам успешно ќе се заврши тој процес, проектирањето тече така што сето она за коешто сме зборувале ќе го реализираме и работиме согласно приоритетите. Градоначалникот го спомна оној доводен цевковод на геотермална вода, ние имавме пред околу недела дена состанок кај мене во Владата. Ги разговаравме приоритетите општествена одговорна компанија, јас не сум стигнал да го информирам и градоначалникот, излезе на терен направи дефектажа и таа иста општествено одговорна компанија ќе изврши санирање на тој цевковод така што некаде околу 8 или 9 места парчиња цевки треба да се пресечат и заварат нови за да се санира, исто како и отплатата за изолација термичка така што тие се нафатија како општествено одговорна компанија тоа да го направат без да биде наплатено ниту денар, еве ова е уште една добра вест бидејќи не успеавме да се видиме пред овој настан со градоначалникот да информирам. Така што мислам дека сето она за коешто зборувавме изминатава година, но и претходно ќе го реализираме и е веќе ставено на шини за реализација. Се разбира кога и да доаѓам тука во Кочани не можам да не се сетам на оној 16 март минатата година и претпоставувам тоа така ќе биде до крајот на мојот живот, но секогаш се радувам кога можам да дојдам за убави работи овде во Кочани и да отпочнеме нешто ново коешто ќе даде дополнителна енергија на градот, но и на општините коишто гравитираат во овој дел на Македонија, не смееме исто така да ја заборавиме и Општина Чешиново-Облешево и останатите општини, Виница, Штип, Карбинци, Пробиштип“, изјави Мицкоски.Тој истакна дека владата ќе продолжи да дава приоритет на Кочани.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2hj03v2e0sm8dYhB31j

Очекувам во текот на денот намалување на нафтените деривати за 2,5 денари по литар, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на намалувањето на цената на нафтените деривати и како ќе дојде до истото, изјави:„Работевме заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изминативе денови со најголемиот, би рекол снабдувач, тоа е „ОКТА“. И добра вест за македонските граѓани е што „ОКТА“ на компаниите коишто соработуваат со нејзе, од денеска ќе даде попуст, отприлика 45 до 50 долари по тон. Тоа би значело намалување некаде околу 2,5 денари по литар. А потоа разговарав и со голем дел од сопственици на бензинските пумпи коишто рекоа дека тоа ќе го пренесат на крајните корисници. Бидејќи регулаторна ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, да веќе во текот на денот, за отприлика 2,5 денари по литар бидат намалени нафтата и нафтените деривати. Што би значело тоа во средства, тоа би значело дека, да речеме литар дизел кај нас ќе биде 1 евро и 35 евро центи. Во соседството на пример, во Србија е веќе над евро и 80 евро центи, во Албанија е евро и 80 евро центи, во Косово е над евро и 50, евро и 60 евро центи. Во Европа е веќе над 2 евра, некаде во земјите на Европската Унија е 2,2 евра дизелот. Така што тоа што го кажавме, тоа и го правиме. Дека македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати и покрај тоа што сме на неколку стотици километри од воени дејства, жестоки воени дејства. Но, со добра организација, со еден конструктивен дијалог успеваме тие, би рекол предизвици, да ги надминуваме.“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

ДУИ реагира на изјавата на Мицкоски: Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е уставно право, не „наследен проблем“

Изјавата на премиерот дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик е „наследен проблем“ претставува обид да се избегне одговорноста за неспроведување на право кое произлегува директно од Уставот и од Законот за употреба на јазиците, велат од ДУИ во реакцијата на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.„Албанскиот јазик е службен јазик во Република Северна Македонија. Ова не е политичка интерпретација, туку уставна и законска реалност која мора да се почитува од секоја државна институција.Законот за употреба на јазиците беше донесен за да ја гарантира јазичната еднаквост и да го зајакне мултиетничкиот карактер на државата. Обидите овој закон да се претстави како „проблем“ или одговорноста да се префрли на други не ѝ служат ниту на вистината, ниту на институционалната стабилност на државата.Студентите Албанци не бараат привилегии. Тие бараат само спроведување на Уставот и на важечките закони.Владата има обврска да го спроведува законот, а не да го релативизира преку политички оправдувања. Секое одложување или попречување на остварувањето на ова право претставува чекор назад за еднаквоста и за демократските стандарди на државата.Република Северна Македонија е изградена врз принципот на еднаквост меѓу заедниците и почитување на јазичните права. Овие принципи не се предмет на преговори и не можат да се третираат како „наследени проблеми“, туку како обврски кои мора да се спроведуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Поранешни претседатели на ограноци на СДСМ се вмешани во трговијата со марихуана, случајот се продлабочува, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24 зборувајќи за случајот со запленетата марихуана истакна дека во интерес на истрагата не би можел да зборува, но она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на ограноци на СДСМ и нивни блиски роднини се замешани во овој случај.„Ќе дојде времето да се излезе во јавност. Ќе заврши истрагата и ќе слушнеме имиња. До сега од она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на локални организации на СДСМ, нивни блиски роднини се некако замешани во целиот овој скандал. Ќе ве потсетам дека овој скандал не е од сега, туку имаше една полициска акција уште во времето кога СДСМ и ДУИ беа во влада, на релацијата Струмица-Прилеп. Се сеќавате тогаш таа акција беше водена во содејство со американската ДЕА, се спомнуваа имиња кои се во роднинска врска со семејството Заеви“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Сето ова е многу симптоматично, индикативно и јас во овие услови додека трае истрагата би се задржал само на оние официјални соопштенија коишто доаѓаат од Министерството за внатрешни работи.“

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците

„Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20%, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој закон но еве со Законот за употреба на јазици. Јас разговарав со студентите и тие велат дека во Законот за употреба на јазиците, треба во рок од една година да се хармонизираат сите закони. Ако тоа не се направи, тогаш автоматски се смета дека законите се хармонизирани. Сега доаѓаме до дилемата. Законот за јазици е генерален закон, или во правото lex generalis. Законот за полагање на правосуден испит е специјален закон или lex specialis. Не може по автоматизам со lex generalis, да натсинхронизирате lex specialis“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Ора 24 запрашан за барањата правосудниот испит да се полага на албански јазик.„Вториот проблем е тоа што господата што го носеа законот за јазици, ги излажаа Албанците и овие деца што сега протестираат. Зошто ги излажаа? Затоа што јасно стои во мислењето на Венецијанската комисија, вика да се напушти билингвалност во правосудниот систем“, дополни Мицкоски.Тој посочи дека Владата претходно покажала дека нема проблем со употребата на јазиците и во делот на социјалната нега на децата се овозможи воспитувачки да полагаат на својот мајчин албански јазик.„Тие што ќе полагаат, утре ќе бидат судии и обвинители. Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме? Затоа ние формиравме една работна група во рамките на Владата која работи и анализира дали може законски и уставно полагањето на правосудниот испит да го одвоиме од судењето во рамките на правосудниот систем на државата. Доколку успееме да најдеме методологија и начин, со кој ќе се обезбеди еднаквост на сите кои го полагаат правосудниот испит, а воедно да немаме различни толкувања на судски пресуди поради билингвалност, односно ако прифатиме дека македонскиот е јазик кој ќе преовлада во правосудниот систем, тогаш мислам дека многу скоро од денес ќе најдеме решение. Но повторно ќе кажам, ова е наследен проблем од истите оние кои беа 20 години влада и не успеаја да најдат начин како да го решат“, заклучи премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

„Нашиот став е јасен и принципиелен од самиот почеток дека ние ќе го почитуваме законот таков каков што е. Законот мора да се почитува“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вчерашното гостување во емисијата „Подиум“ на ТВ Ора 24. Премиерот Мицкоски посочи дека согласно законот, минималната плата ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и истата ќе изнесува над 26.000 денари.„Во име на тоа, ова законско покачување на минималната плата за нешто над 1.600 денари не носи до минимална плата над 26.000 денари. И тоа ние веќе го донесовме како информација на Економско-социјалниот совет, потоа го поминавме како Информација на седница на Влада и Министерството за економија и труд ќе го објави на веб-страницата на самото министерство. Така што тој процес се заврши и ние велиме имаме принципиелен став и велиме кога ќе се договорат работодавачите со работниците, бидејќи тој е бипартитен дијалог тогаш ние како Влада, сето тоа ќе го поддржиме“, истакна тој.Во однос на барањата на синдикатот, Мицкоски нагласи дека ниту опозицијата, а ниту синдикатот имаат кредибилитет да зборуваат, бидејќи како што рече СДСМ 7 години била на власт и единствено нешто што се слушало за нив е криминал, корупција и национално предавство, додека пак синдикатот излегол на прес-конференција со него и го фалел историскиот договор постигнат меѓу владата и синдикатот, а потоа го блокирале сообраќајот и протестираат.„Тоа што поединци во еден од синдикатите се блиски до одредени политички и се влезени во тие политички мочуришта, тоа е веќе личен проблем. Јас тука не можам да навлегувам. Но стратегијата е јасна, тоа се вика стратегија помеѓу наковалната и чеканот. Од една страна опозицијата ќе бара носење на популистички мерки со којшто ќе се празни буџетот, а од друга страна преку овие неколкумина прокси коишто се дел од раководството на еден од синдикатите, ќе бара зголемување на социјалните трошоци. Тоа значи дека од една страна го трошите буџетот преку популистички политики, а од друга страна преку популистички политики ќе барате зголемување на трошоците, социјалните трансфери од буџетот и на тој начин тие мислат дека ќе ја притиснат Владата и таа ќе губи кај граѓаните. Но, не мислам дека оваа стратегија им е исправна. Зошто? Затоа што ниту едните, а ниту другите немаат кредибилитет, затоа што СДСМ беа Влада 7 години. И во тие 7 години единствено нешто што слушавме за нивната работа е криминалот, корупцијата и националните предавства. А овие другите немаат кредибилитет, бидејќи еден ден со мене излегуваат на прес-конференција и фалат дека Владата направила историски чекор во регулирање на своите односи со работниците, а потоа следниот ден ги гледаме како протестираат и го блокираат сообраќајот. И затоа велам дека оној инструмент на кредибилитет ниту едните, ниту другите го имаат“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-gruevski-141412

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата за враќање на вистинскиот газда во ВМРО - Груевски

Мицкоски е чувар на фотелјата во ВМРО, патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО - Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Фокус“.Филипче посочи дека начинот на кој ВМРО управува со партијата и јавноста се насочени кон заштита на лични и партиски позиции, а не кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните.„Дали воопшто може да им се верува на луѓе кои за вистината велеа сечено-лепено?! Јасна им е веројатно на сите целта. Наместо Идризово, од аеродромот право кон Белата палата. Затоа Мицкоски, чуварот на фотелјата во ВМРО, ги отстрани сите потпретседатели на партијата. Патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ додаде дека целата стратегија на ВМРО, преку манипулации и засилена медиумска пропаганда, е насочена кон враќање на Груевски. „Ќе видат сами кога ќе почне целиот процес за укинување на пресудите и враќање на будимпештанскиот газда на ВМРО“, посочи тој.Во интервјуто, Филипче укажа  дека ВМРО затоа и го оцрнува СЈО со цел ослободување и враќање на Груевски.„Сите овде се запознаени со сè што се случуваше, со тоа што се случува сега, па и со овој случај. ВМРО го оцрни комплетно СЈО со една цел - ослободување и враќање на Груевски, по падот на Орбан во Унгарија. Катица ја пуштија порано за да учествува во црната кампања против СДСМ и повторно да се дојде до поништување на пресудите за Груевски“, вели Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiqoko17esglp0xh5opN

Мицкоски по средбата со маркетите: Нема да дозволиме профитерство

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека одржал средба со претставници на големите трговски синџири во државата, на која било разговарано за состојбата со цените на производите.Тој истакна дека институциите активно ја следат состојбата на пазарот и порача дека нема да се дозволи профитерство.„Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа“, изјави Мицкоски.Според него, на средбата со претставниците на маркетите било заеднички заклучено дека цените треба да останат фер и дека не треба да има ново зголемување на производите.Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и дека ќе интервенира доколку се појави потреба, нагласувајќи дека најважен е интересот на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи, смета Мицкоски

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.Како што информира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, веќе се разговара на билатерално ниво со неколку држави од ЕУ кои се истовремено и членки на Шенген зоната.Во делот на решавањето на проблемот на транспортерите, тука не станува збор само за карго транспортерите, туку и за патничкиот сообраќај, се разбира, тоа е предизвик којшто е пред нас и ние ќе мораме да го решаваме. Беше тука комесарот којшто е задолжен за влез-излез системот или Entry-Exit системот, ние како држава, се разбира, тука сме проактивни, нашата дипломатија и Министерството за внатрешни работи и транспорт, заедно работат сите три институции. Веќе имаме на билатерална основа разговор со неколку држави од Европската Унија, но и истовремено членки на Шенген зоната, така што најверојатно начинот на којшто ќе се реши тоа, тој проблем ќе биде преку издавање на годишни визи со повеќекратен влез и повеќекратен излез од Шенген зоната“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Мицкоски: Ќе бидеме жестоки ако се помине Рубиконот, но пред тоа ќе се обидеме преку дијалог да дојдеме до решение

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговараше на новинарско прашање какви пропусти забележал Државниот пазарен инспекторат при контролата на бензински пумпи, кои нефер трговски практики се применувале и како истите ќе бидат казнети.Направени се околу 1000 контроли од страна на ДПИ, констатирани се триесетина. Дел од тие се од поголем карактер, дел од тие се од помал карактер, согласно закон и согласно прописи ќе се постапи, се разбира, во изрекување на глоби кон тие коишто се однесувале нефер, односно нетрговски“, изјави Мицкоски.Тој исто така одговараше на прашање и за маркетите кои во текот на изминатата година се однесувале нефер.Често пати можеби тоа ми го земаат за слабост, кога се обидувам на еден нормален начин да разговарам со луѓето и на еден нормален начин да бараме заедничко решение, да не бидеме агресивни и на таков начин да изнудуваме решение. Ние сме чесни луѓе, воспитани во тој дух и се до моментот на рубиконот, ќе ги искористиме сите алатки на еден нормален начин преку дијалог да дојдеме до решение. Но, ако некој го помине рубиконот, тогаш ќе бидеме жестоки, како што тоа сме го покажале многу пати во минатото“, вели Мицкоски.Мицкоски попладнево ќе има средба со трговците и претставници на маркетите во 16.00 часот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjpob45mseo9c5cUQdqF

Мицкоски: Ако коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање-какви се вашите коментари во однос на наодите од опозицијата по однос на темата за мигрантите дека Венко Филипче алудира на тоа дека ќе дојдат економски работници, изјави:Видете, јас се обидувам некако во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите коишто доаѓаат од СДСМ, бидејќи се изјави коишто се стихијни, дифузни и немаат никакво значење, т.е. имаат единствено значење, а тоа е преку креирање на лажна перцепција и растурање на пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата, бидејќи нивните изјави никогаш не се конструктивни. Туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи, се вика, како да нанесете штета на Владата којашто се бори во услови на криза и предизвици. Во ред, тие одбрале таква стратегија, таа е лажна, погрешна стратегија. Но, ќе се повикам на онаа позната Наполеонова изрека којашто вели дека: „можеби не треба да му се помага на противникот кога греши“. Така што ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата. Ние сме сериозна Влада. Влада којашто се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако навремето коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза кога се потребни агрегати за генерирање на електрична енергија, кога ќе треба од зоната на воени дејства да пренесеме странски држави, односно државјани на нашите соседи, тоа да го направиме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво. Така што сега гледаме поинаква Македонија од онаа којашто беше ограбена, понижена и на колена од неколку години во времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, шансата ја пропуштија, така што им треба многу време да поминат во опозиција за да сфатат дека грешат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycl110j678ql5ce0jFtP

Мицкоски: Не го познавам лично Савески, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савески, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави:Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савески, може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Јас лично не го познавам Ненад Савески, но од она кое што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно да не речам одличен нов државен јавен обвинител“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

Нема „офанзивни“ мерки за цените на маркетите, Мицкоски најави дека ќе разговара за да не ги покачуваат производите

Владата засега не донесе нови мерки за спречување евентуални поскапувања на производите во маркетите, иако цените на горивата значително се зголемија по ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга.Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе разговара со трговците и ги повика да не ја користат актуелната состојба за дополнително зголемување на цените и за префрлање на притисокот врз потрошувачката кошница на граѓаните.„Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците, како на малопродажниот, така и на големопродажниот пазар.„Врз основа на нивното однесување, така и Владата ќе се однесува. Очекуваме тие да имаат фер однос кон граѓаните, за и ние како влада да бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа е наша цел и приоритет“, рече премиерот.Тој додаде дека институциите внимателно ќе ја следат состојбата на пазарот и дека Владата ќе реагира доколку се утврдат злоупотреби или неоправдани поскапувања.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Мицкоски за мерките на СДСМ: Несериозни предлози од творците на „канабис економијата“

Опозицијата побара итно намалување на цените на горивата и прифаќање на нивните мерки за олеснување на трошоците за граѓаните. Од СДСМ предлагаат намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за четири денари, како и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.Премиерот Христијан Мицкоски, пак, оцени дека ваквите предлози се „прилично несериозни, неточни и непрецизни“.Намерно не ги прокоментирав бидејќи станува збор за прилично несериозни, неточни непрецизни предлози. Бидејќи ако ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност и така натаму, па не враќаат во едни други времиња на соцболшивизм и еден вид на таква економија, затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економијата во Македонија, луѓе коишто буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата, и понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некои прашања.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања