Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

(Фото) Автомобил ,,покоси” цело семејство на тротоар

Вчера околу пладне, возач со автомобил излетал од булевар во скопската населба Ново Лисиче и буквално покосил четворица пешаци, членови на семејство, пред да се забие во семафор, соопшти полицијата.Во ударот од автомобилот „опел астра“, возен од Т.Н. од Скопје, повредени се Г.К. (40) и М.К. (39), како и две девојчиња. Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди.Сведок на ситуацијата за „Скопје1“ вели „Дедото влета со кола во паркот, удри во жена со деца и го удри семафорот, кој се откачи и падна. Овде не дај Боже, требаше да поминам јас со малиот.Полицијата извршила увид на местото на несреќата, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryu8vvrfsbaib583RWv8d

(Видео) Голема полициска акција во Скопје: Перење пари и лихварство од над 2 милиони евра – уапсени единаесет лица, еден во бегство

Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, извршени се претреси на повеќе локации низ Скопје. При акцијата, лишени од слобода се 11 лица, а едно лице, идентификувано како Б.К. (35), е недостапно за органите на прогонот.Сите се осомничени за кривични дела „Лихварство“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, а според истрагата, од 2022 година до денеска тие делувале како организирана криминална група која давала пари на заем со незаконски високи камати.Според истрагата, групата на оштетени лица им позајмувала пари со месечна камата од 5 до 15 проценти, а за секое задоцнување пресметувала дополнително зголемување. Кога должниците не можеле да ги вратат средствата, осомничените барале да им предадат или оптоварат недвижен имот, кој потоа го префрлале на свое име или на име на соработници.Наплатата, како што стои во пријавата, се вршела директно во готовина или преку банкарски сметки, а потоа парите се префрлале на други сметки, во сефови или се користеле за купување имот и луксузни добра.Според проценките на полицијата и обвинителството, групата нелегално стекнала имотна корист од најмалку 125 милиони денари (над 2 милиони евра).МВР наведува дека дел од парите биле користени за лични потреби, дел за купување станови, возила и други вредности, со цел да се создаде привид на легално потекло на средствата.Против дванаесет лица и едно правно лице е поднесена кривична пријава, а истрагата продолжува во насока на утврдување дали има и други вмешани лица и институции што им помагале во незаконските финансиски трансакции.

Скопје | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи денеска изврши претреси на повеќе локации низ Скопје. Претресите се спроведени по обезбедени судски наредби и се дел од истрага за кривични дела лихварство и перење пари, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според обвинителството, отворена е истрага против 12 лица и едно правно лице. Деветмина од осомничените се товарат дека, како соизвршители или помагачи, организирале криминална група која од 2022 година давала заеми со високи камати од 5% до 15% месечно, барајќи од жртвите враќање на долговите со имот или пари, често под закана или притисок.Полицијата утврдила дека паричните средства добиени од лихварството биле внесувани во банкарски и готовински текови, со што се прикривало нивното нелегално потекло. На тој начин, осомничените стекнале противправна имотна корист од над 125 милиони денари, кои ги користеле за луксузен живот, купување имот и трансакции со други физички и правни лица.Јавниот обвинител најави дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе предлози до судот за мерки за обезбедување присуство на осомничените лица.

Македонија | пред 5 месеци

apsenje-ubistvo-mavrvoka

Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на Министерството за внатрешни работи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје.Според Обвинителството, станува збор за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари, при што акцијата се одвива истовремено на неколку адреси.„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата“, информираат од Обвинителството.Акцијата е во тек, а по нејзино завршување се очекуваат официјални информации за бројот на приведени лица и запленетите материјални докази.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Кривична пријава против пироман од Скопје, со запаливо средство опожарил патничко возило во Скопје, одреден притвор

СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје и предизвикал материјална штета од 200.000 денари.„На 20.10.2025 тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото, по што по насоки од јавен обвинител поднесена е пријавата по брза постапка, а од основен кривичен суд одредена му е мерка притвор во траење од осум дена", велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_2107

МВР влегува во Град Скопје и „Комунална хигиена“ поради алармантната состојба со отпадот

Владата на денешната седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР), во координација со повеќе инспекциски и здравствени институции, веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради сериозните проблеми со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад.Според владините заклучоци, Државниот комунален инспекторат (ДКИ), Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се задолжени, во соработка со МВР, веднаш да почнат координиран надзор на целата територија на главниот град. Целта е да се утврди реалната состојба со отпадот и да се преземат итни мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.Паралелно, МВР е задолжено — во соработка со градските и државните инспекции — да ги испита постапките на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“, како и улогата на градоначалникот Данела Арсовска во ситуацијата со несобирање на отпадот. Според МВР, несобраниот отпад претставува директна опасност по здравјето на граѓаните.„Состојбата е алармантна и, иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да дејствуваат по заклучоците на Владата“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.Со оваа одлука, Владата практично воведува државен надзор над градската хигиена, откако со денови улиците на Скопје се преплавени со отпад, а јавното претпријатие и градските власти меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за кризата.

Скопје | пред 5 месеци

soobrakjajka-izletano-vozilo

Трагедија кај Гостивар: 69-годишен маж загина во сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на регионалниот пат Гостивар – Србиново, животот го загубил 69-годишниот Т.Ф. од селото Беловиште, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на влезот кон селото Лакавица, кога патничко возило марка „Даеву Ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од починатиот, излетало од коловозот.Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гостивар, во координација со јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција со цел утврдување на точната причина за смртта.Полицијата работи на расветлување на околностите под кои се случила несреќата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryechuksfts1nt38Db6nD

(Фото) Полицајци спречија самоубиство во Куманово – спасено 34-годишно лице од „Искрин мост“

Полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица, денеска спречија обид за самоубиство во Куманово.Според информациите на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил утрово (21 октомври 2025) околу 10:40 часот, кога во полицијата била пријавена интервенција за лице кое се обидувало да скокне од „Искрин мост“ во градот.„По преземени мерки, полициските службеници успеале да го убедат 34-годишниот кумановец да се откаже од намерата,“ соопштуваат од МВР.По успешната интервенција, лицето било пренесено во Општата болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош.

Македонија | пред 5 месеци

45378819_869472936776676_5451244269576650752_n

Осуммина кавадарчани насилно влегле во дом и нападнале брачен пар

Група лица ги искршила вратите и покуќнината во дом на сограѓанин и физички го нападнала сопружничкиот пар.Во периодот од 22:05 до 01:25 часот во Кавадарци, полицијата извршила разговор со осум лица осомничени дека ја оштетиле влезната врата и нападнале брачен пар во нивниот дом. По документирање ќе бидат поднесени пријави, информира МВР.

Македонија | пред 5 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Тешка сообраќајка кај Струга – четворица со сериозни повреди

Судир меѓу два автомобили кај селото Подгорци заврши со повеќе повредени лица, меѓу кои и тешко повредени патници.На 18.10.2025 околу 16:10 часот на локалниот пат кон с.Подгорци, струшко, се судриле два автомобила – „цитроен берлинго“ и „цитроен саксо“. Со тешки повреди се здобиле возачот А.Д.(41) и тројца сопатници, а со полесни возачот А.О.(45). Повредените се хоспитализирани во Струга, Охрид и Скопје. Извршен е увид од јавен обвинител и полициска екипа, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Дронови ја надлетуваат Македонија за време на изборниот ден

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на локалните избори презема континуирани активности со цел изборниот процес да се спроведе безбедно и без нарушувања.Според МВР, полициските службеници денеска се распоредени во близина на гласачките места и на клучните сообраќајни точки за да се обезбеди јавниот ред и мир. Во соопштението се наведува дека безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку стандардни мерки, мобилни тимови, пунктови и современа технологија, вклучително и употреба на дронови за воздушна контрола и навремена реакција во случај на инциденти.„Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато од 6:00 до 19:00 часот, како и по затворањето, за време на броењето на гласовите и предавањето на изборниот материјал“, наведуваат од Министерството.МВР апелира до граѓаните и политичките субјекти да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат насоките на полицијата и да се воздржат од активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.Полициските службеници имаат обврска да реагираат на секое нарушување на редот и, доколку е потребно, да ги отстранат неовластените лица во објектот каде што се гласа и во радиус од 100 метри околу него.Во случај на инциденти, временски непогоди или други непредвидени околности, избирачките одбори можат привремено да го прекинат гласањето, кое потоа ќе продолжи за истото време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Покрај безбедноста на гласачите, полицијата ќе обезбедува и доверливост и сигурност на избирачкиот материјал до неговата предавање на општинските изборни комисии.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3885nnvun00b0833Qig

Нова тешка сообраќајка на „Партизанска“ — повредени две лица, реакција: „Булеварот стана писта на смртта“

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Од полицијата велат дека во несреќата учествувале четири патнички возила – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде им се укажува лекарска помош.Инцидентот се случил во близина на местото каде што пред неколку месеци загина младата Фросина Кулакова.Причините за судирот сè уште се утврдуваат. Полициски екипи извршиле увид, а сообраќајот на делницата бил привремено блокиран.По несреќата, нејзината сестра Росица Кулакова на социјалните мрежи објави емотивна реакција:„На истото место каде што пред нецела година ја убија сестра ми… се вози со 80, 90 километри како ништо да не се случило. Јас гледам сè тоа од прозор, секој ден поминувам од тој проклет пешачки премин каде што Фросина згасна засекогаш. Ни трагедија, ни гроб, ни свеќа не ја разбудија свеста. Полицијата е фантом, а Партизанска станува писта на смртта. Треба ли пак некој да загине за да светне ламбата? Ако не е законски да се постават лежечки полицајци – смени го законот!“Нејзиниот апел повторно ја отвори дебатата за безбедноста на булеварот „Партизански одреди“, кој во последните години стана едно од најопасните сообраќајни жаришта во Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryurah8c4foiim0RxyUaJ

(Видео) Снимка од заплена на марихуана во Скопје, се трага по еден од осомничените

Полицијата во Скопје изврши претрес во дом на лице од населбата Гази Баба, при што е пронајдена марихуана, пари и дигитална вага, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 17 октомври 2025 година, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по добиена судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Д.Г. (33).Во моментот на претресот во станот бил затекнат неговиот брат, С.Г. (32), кај кого биле пронајдени недозволени супстанци и пари. С.Г. е лишен од слобода, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на неговиот брат Д.Г., кој не бил присутен за време на акцијата.„По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираа од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

nasilstvo-vrz-deca

Сексуален инцидент меѓу штитеници во установа во Скопје

Во установа за згрижување деца во Скопје е пријавен случај на сексуални односи меѓу малолетници.На 16.10.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година, во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуални односи пред 12-годишен штитеник, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

krazhba-na-kola

Кражба во Центар – обиен мерцедес и украдена актовка со пари и документи

Непознат сторител украл актовка со пари, печати и документи од службено возило паркирано во центарот на Скопје.На 17.10.2025 во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, од патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, била одземена актовка со пари, документи, печати и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Скопјанка го нападнала партнерот и со нож ги оштетила гумите на неговото возило

44-годишен маж од Тетово пријавил дека во Скопје бил физички нападнат и му било оштетено возилото од неговата партнерка.На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Пукање од возило кон дом во Ѓорче Петров

Маж од Скопје пријавил дека бил испукан огнен оружје кон неговиот дом, но за среќа нема повредени.На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје, по што во дневната соба забележал скршено стакло од прозор, оштетување на ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица нема, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

vozilo-pozar

Опожарен е мерцедес во Кисела Вода

Во Скопје, повторно е запален автомобил. Опожарен е мерцедес во Кисела Вода.На 16.10.2025 во 01:30 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје е пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје е опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Сведок пронајден мртов во тоалетот во скопскиот Граѓански суд

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.-Според информациите на Скопје 1, З. Д. бил пронајден мртов во тоалетот во судот. Требало да го повикаат да сведочи на закажаното рочиште.

Скопје | пред 5 месеци

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Жител на Челопек истепал лекар во Клиничката болница во Тетово, полицијата го привела

Полициски службеници го лишија од слобода М.М.(28) од с.Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово.Оттаму пријавиле дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с.Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи лекарска помош.-Исто така, по пристигнување на полициските службеници, М.М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

Македонија | пред 5 месеци

diler-veles

Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје во Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога во Отсек за недозвоилена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик, извести Министерството за внатрешни работи.„Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215,  му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода. Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата“, соопшти МВР.Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од  нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка.Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygbpgjfncpij263iV4eZ

Прегазено седумгодишно дете во Скопје, има тешки повреди

На 12.10.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшто МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-library6iekelhid5ol8SqwJb8

(Видео) МВР ги бара извикувачите на навредливите и шовинистички пароли во Тетово

По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија, кој предизвика бурни реакции во регионот, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Тетово и Гостивар немало пријавени инциденти, но потврди дека ќе се постапува по навредливите скандирања што беа снимени и споделени на социјалните мрежи.Според официјалното соопштение, на 11 и 12 октомври 2025 година, во периодот од 22:40 до 00:30 часот, по завршување на натпреварот, во Тетово и Гостивар се зголемил бројот на граѓани на градските плоштади, а со тоа и сообраќајната фрекфенција на централните улици.„Движењето на граѓаните по улиците во Тетово и Гостивар, како и движењето на возилата, заврши без проблеми, и во тој временски период во СВР Тетово не се пријавени инциденти или поплаки. Полициски службеници беа на лице место, и во врска со навредливите скандирања ќе бидат преземени соодветни мерки,“ соопштија од МВР.Потсетуваме, видеа објавени на социјалните мрежи покажаа групи навивачи во Тетово кои по натпреварот скандирале навредливи и шовинистички пораки, меѓу кои и „каурски пи**и“, „умри Србија“ и „УЧК“.Како што објави „Скопје1“, полицијата во Скопје превентивно забрани движење во центарот на градот за да се спречат можни инциденти, додека во Приштина прославата беше проследена со пукање со пиштол и еден приведен.Порталот „Скопје1“ испрати прашања до институциите и очекува одговори дали е поведена постапка во врска со говорот на омраза и јавниот ред и мир нарушен за време на прославата.

Македонија | пред 5 месеци

soobrakajka-obikolnica-3

Автомобил „Хонда“ излета од автопатот кај Неготино – повредени три лица, меѓу нив и дете

Синоќа, околу 23:10 часот, на автопатот Демир Капија – Неготино, кај местото викано „Јела“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која патничко возило „Хонда“ со кумановски регистарски таблички излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.Возилото го управувала 32-годишната И.П. од Куманово, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзината сопатничка В.П. (58) од Куманово и малолетен сопатник од Скопје. Возачката И.П. се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и во Општата болница Кавадарци.По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Неготино, која ги истражува околностите под кои дошло до излетувањето на возилото.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања