Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

Уапсени 13 лица во Скопје

Во координирана акција спроведена на 11 и 12 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град лишија од слобода 13 лица поради поседување и трговија со наркотични средства, соопштија од Министерството за внатрешни работи.Приведените се Б.И. (49), Ѓ.П. (30), Љ.Ш. (40), А.Х. (34), Е.Н. (40), С.Х. (23), М.К.П. (38), Н.М. (32), Г.П. (35), Џ.И. (30) – сите од Скопје, П.М. (24) од село Брњарци – скопско и К.С. (23) од Охрид со престој во Скопје.При претресите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дробилка, потврдуваат од полицијата.Од МВР информираат дека се работи за повеќе одделни случаи, но дека акцијата е дел од континуирана операција за спречување на нелегална трговија со дрога во скопскиот регион.„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarymuc7ujo03okl2ZXXuaP

(Видео) Детали за вооружениот грабеж во Гостивар: украдени 18 килограми злато вредно 1,8 милиони евра

Четворица маскирани и вооружени разбојници вчера вечер извршиле филмски грабеж во златарница во центарот на Гостивар, одземајќи приближно 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, разбојниците, вооружени со автоматско оружје, влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле персоната да им го предаде златниот накит. Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.По извршувањето на грабежот, сторителите побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Само половина час подоцна, околу 19:00 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет, што укажува дека станува збор за добро подготвена и организирана група.Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот, кој предизвика големо внимание во јавноста поради дрскиот начин на извршување и високата вредност на украденото злато.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Малолетник натепан па удрен со возило во Сарај, скопјанец пријавил обљуба врз неговата ќерка, маж претепан од жена - низа инциденти пријавени во МВР

Во изминатите два дена, во Секторот за внатрешни работи – Скопје биле пријавени повеќе случаи на насилство и кривични дела, меѓу кои семејно насилство, обљуба на малолетничка и физички напади на различни локации низ градот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 9 октомври вечерта бил физички нападнат во својот семеен дом од сопругата, на возраст од 53 години, која употребила различни предмети при нападот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во друг случај, 46-годишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува кривична пријава.Околу 2:10 часот утрово, 24-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат пред ноќен клуб во центарот на градот. Напаѓачот, според пријавата, бил едно лице чии идентитет и мотиви се предмет на истрага.Дополнително, малолетник од село Сарај пријавил дека бил физички нападнат пред средно училиште во општината од 18-годишен жител на Глумово и уште едно лице, при што еден од нив користел тврд предмет. Подоцна, според пријавата, истите лица со патничко возило „Сеат Леон“ го удриле малолетникот пред трговски центар во Сарај.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за нивно целосно расчистување и санкционирање на сторителите.

Скопје | пред 5 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Тетовец пријави измама: исплатил 64.000 евра по лажен договор за купопродажба

Педесет и едногодишен жител на тетовско село пријавил во полицијата дека бил измамен од две лица – С.Р. и Б.Р. – за износ од 64.000 евра.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот, по претходно склучен преддоговор кај адвокат, на 16 јуни 2021 година им ја уплатил целата договорена сума на сметката на второпријавената Б.Р. Сепак, по извршената исплата, пријавените не се појавиле за склучување на конечниот договор за купопродажба, како што било претходно договорено, по што оштетениот сфатил дека бил измамен.„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Mалолетничка натепана во Карпош, снимката објавена на социјални мрежи

Триесет и деветгодишен жител на село Бардовци пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две други малолетнички на игралиште во скопската општина Карпош.Според пријавата, инцидентот се случил на 9 октомври околу 13 часот, а нападот бил снимен со мобилен телефон и потоа објавен на социјалните мрежи.„На 10.10.2025 година во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М. (39) од с. Бардовци, скопско, пријави дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички на игралиште на подрачјето на Карпош. Настанот бил снимен и споделен на социјалните мрежи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryvm77dd5okg0u8uH0jX1

(Видео) 450 евра казна за возачот по лудото возење со министерскиот автомобил на Паризанска

Казнето е лицето кое го управуваше службеното возило со кое се превезува министерот за здравство. Од МВР велат дека нему му се изречени две казни и тоа за вградување на флешери во износ од 250 евра и навлегување во спротивна лента на движење во износ од 200 евра. Доколку ги плати во првата недела, тогаш казната се преполовува.„Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди" управува службено возило „шкода" со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, велат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-library29a2h0ln7ft17XnyxxV

(Видео) Разбојници со автомати и џип без таблици ограбија златара во центарот на Гостивар

Вчера вечерта во центарот на Гостивар се случила организирана разбојничка кражба во златара, при што неколку маскирани и вооружени лица со автоматско оружје однеле значителна количина злато и пари, а потоа побегнале со црн џип во непознат правец.Според информациите од СВР Тетово, пријавата за грабежот била поднесена во 18:45 часот, од страна на В.П. од Гостивар, кој соопштил дека четири маскирани лица упаднале во златара во близина на малиот пазар.„Разбојниците биле вооружени со автоматско оружје и по нападот побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.Според очевидци, разбојниците, во обид да го забават движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе улици во централното подрачје на градот.Од Основното јавно обвинителство Гостивар потврдија дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издавал повеќе наредби и насоки за истрагата, со цел што побрзо да бидат идентификувани и приведени сторителите.Според првичните информации, нападот бил изведен професионално и за кратко време, што укажува на добро координирана криминална група. Засега нема информации за повредени лица.

Настани | пред 5 месеци

operacija-2

Лажен лекар ја убедил битолчанка да даде 27.000 евра за ‘операција на ќерка ѝ’

Во Битола е пријавен нов случај на измама со класичен телефонски трик. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена за околу 27.000 евра, откако лице ѝ се јавило телефонски и ѝ се претставило како лекар во здравствена установа.Според пријавеното, измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка имала сообраќајна несреќа и се здобила со тешки повреди, а за итна операција биле потребни пари. Во паника, жената ги собрала парите и ги однела на договорено место, каде што ги предала на лице кое ја чекало.Подоцна, кога се јавила на вистинскиот телефон на нејзината ќерка, сфатила дека таа е здрава и дека станала жртва на измама.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за идентификација на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

МВР соопшти детали за тепачката во познатиот скопски локал: Шест лица се приведени

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна. Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

МВР: Пронајдени седум лица мигранти од Египет и од Ирак, лишени од слобода двајца криумчари

На 09.10.2025, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак).По преземени мерки констатирано е дека В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот.Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

policija-2457

Случај во Тетово: вознемирувал малолетничка, мајката нападната кога побарала објаснување

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на тетовско село, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „полово вознемирување“ и „телесна повреда“, соопшти МВР.Според пријавата, осомничениот вербално вознемирувал малолетничка и ѝ упатувал недолични зборови. Откако за тоа дознала мајката на девојчето, таа отишла во домот на осомничениот за да разговара со него, но тој ја нападнал со дрвен предмет, нанесувајќи ѝ повреди.Полицијата го привела осомничениот, а по документирањето на случајот против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Серија инциденти во Скопје: Тепачки во парк, семејно насилство и физички напади

Полицијата во Скопје во текот на изминатите два дена регистрирала неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир и пријавено семејно насилство.Според информациите на МВР, вчера околу 12:40 часот во парк на подрачјето на Центар, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца мажи од Тетово, на возраст од 47 и 36 години. Случајот е документиран, а по целосно расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во Кисела Вода, во 09:18 часот, 50-годишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот брат, исто така малолетен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Неколку часа подоцна, во општина Аеродром, 51-годишниот С.Ј. пријавил дека бил физички нападнат од две лица, по претходна расправија. И овој инцидент е под полициска истрага.Ден претходно, во вторник наутро, 68-годишен маж од Кисела Вода пријавил дека бил нападнат од својот 35-годишен син, кој во нападот оштетил и дел од покуќнината.Полицијата информира дека сите случаи се под истрага и по нивното целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешка несреќа кај Р’жаничино: „БМВ“ удри во паркиран автомобил и пешак

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 19:30 часот на регионалниот пат Скопје – Свети Николе, во близина на селото Р’жаничино.Според информациите од МВР, патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот М.К. од село Црквено, велешко, удрило во паркирано возило „Смарт“, кое било оставено покрај патот од 25-годишниот А.Ш. од село Долно Коњари.По првиот удар, возилото продолжило и удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата, возачот М.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетниот пешак е полесно повреден, и двајцата се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот, а причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Тешко повредено 11-годишно дете во пад од велосипед во Прилеп

Во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска по полноќ во Прилеп, тешко е повредено 11-годишно дете, додека 15-годишникот кој го управувал велосипедот на кој се возеле двајцата се здобил со полесни повреди.Според информациите на МВР, инцидентот се случил на кејот „4 Јули“ во 00:03 часот.11-годишниот малолетник, се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница во Прилеп, додека возачот поминал со полесни повреди.Полициска екипа од ОВР Прилеп извршила увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryti42sjtni8iu7J4roMs

(Видео) Момчето и девојката кои го поставуваат куферот пред ВМРО-ДПМНЕ се „фатени “ на надзорната камера

Во Скопје вчера, на плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, беа забележани двајца странски државјани кои оставија сомнителен празен куфер.Според МВР, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) и женското лице Вивиан С.Х. (родена 1985), влезени во Македонија на 1-ви октомври со летови од Цирих, се идентификувани како лицата од видеонадзорот.Од МВР соопштија дека куферот бил оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“.По пријавата се преземени сите потребни мерки, а проверките покажале дека куферот бил празен.

Настани | пред 5 месеци

media-libraryvh5un24vqnrqerRfsHY

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

На 07. 10. 2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство,  по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така  ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybp51a73sbks98jJfdHH

(Видео) „Актив“ и „Арија“ се домовите на ужасот кои се истражуваат, тие сега се под клуч

Македонската јавност е длабоко вознемирена по откритието за шокантни злоупотреби и малтретирање на стари лица во два приватни дома во Скопје. Според добро упатени извори на „Скопје1“, станува збор за домот за стари лица „Актив“ во Центар и за „Арија“ кој се наоѓа во Бутел. „Скопје1“ проба да исконтактира со одговорни лица преку оставените телефонски броеви – но никој не одговори на повиците.Токму на адресите „Козара“ во Центар, поконкретно во Капиштец и „Рудо“ во Бутел, каде Министерството за внатрешни работи извршило претрес, се наоѓаат овие домови. „Арија“, има и своја официјална веб-страница и со години се рекламира како квалитетна установи за згрижување на стари лица.Обвинителот кој го води случајот тврди дека имаат докази дека внатре во домовите се случувало физичко и психичко насилство, во целосно нехумани услови. Во домовите биле сместувани повеќе лица од дозволениот капацитет, дел од нив биле заклучувани во посебни простории, а други добивале лекови што не биле препишани од лекар. Некои спиеле на троседи во дневните простории, а по две лица делеле еден единечен кревет, додека им биле служени оброци со храна со изминат рок. Наместо грижа и човечност, штитениците на домовите биле изложени на суров третман и запоставување. Овие домови, не исполнувале ниту еден критериум за работа, тврди и Обвинителството, но функционирале од 2022 година.Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лицаМинистерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.„МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица. Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади“, велат од МВР.Дополнително, има и недоследности во делот со финансиското работење, кои се испитуваат.При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата „Рудо" во Бутел, а другата на улица „Козара" во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри.Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар.По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

Скопје | пред 5 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Полициска акција против мрежа за трговија со дрога во Скопје – претреси во Ѓорче, Хром и Нерези

Неофицијално, во тек е голема полициска акција на територијата на Скопје, насочена кон разбивање на организирана мрежа за трговија со дрога, дознава „Скопје1“.Според информации од извори блиски до истрагата, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези, со цел апсење на лица осомничени за продажба и дистрибуција на кокаин.Првичните сознанија укажуваат дека се работи за нова група која делувала во поширокото подрачје на главниот град, со воспоставена структура за снабдување и препродажба на наркотици.Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека акцијата е во тек и се спроведува во координација со обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).„Во координација со предметниот обвинител, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје. Со оглед дека акцијата сè уште трае, повеќе информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден,“ соопштија од МВР.Според засега непотврдени информации, приведени се неколку лица, а од локациите биле запленети и помали количини наркотични супстанции, мобилни телефони и пари.

Скопје | пред 5 месеци

122233-620x350

Напад со нож во кичевско училиште, 17-годишен тинејџер повредил помлад ученик

На 06.10.2025 во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

nafta-696x465-1

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело!

Полицијата го привела 41-годишниот А.Ш. од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето било лишено од слобода синоќа околу 21:25 часот од страна на припадници на СВР Скопје.Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, каде од резервоарот на училиштето одземал нафта.Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето, а по извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryuh1f422rajlj1bEfRI9

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку повици.Бркотницата завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот. Во брканицата, полицијата испукала и неколку предупредувачки истрели во воздух. Во џипот биле осуденици кои биле на отпуст од затворот Идризово.„На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода“ соопшти МВР.Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија.Кога полициските службеници се обиделе да го престигнат „ренџ ровер-от“, возачот во два наврати удрил во полициското возило.Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но џипот не застанал туку продолжил да се движи и во близина на Нова Колонија излетал од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се уапсени и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Татко со нож се заканувал на целото семејство, маж физички ја нападнал поранешната сопруга: Насилства во Ѓорче Петров и во Центар

На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ.(50) од Скопје, а потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25-годишниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 05.10.2025 во 18:10 часот во Полициската станица Кисела Вода е извршен службен разговор со Д.С.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Скопје дека околу 12:00 часот во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Загина 25-годишен патник во тешка сообраќајка кај Кичево

Еден млад човек го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата изутрина на магистралниот пат Кичево–Охрид, над селото Попоец. Во судар меѓу „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки и „бмв“ со албански таблички, загина 25-годишниот Е.Б. од кичевското село Грешница, кој по несреќата бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Кривична пријава против висок функционер во МВР – осомничен за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лице со иницијали Љ.Р., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, осомничениот, кој бил помошник на министерот за внатрешни работи и раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја злоупотребил својата службена функција со тоа што во повеќе наврати незаконски си исплатувал средства од буџетот на МВР.Во текот на месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, тој одобрил списоци за евиденција на прекувремена работа и бонус плати за вработени во Одделот, при што и самиот фигурирал на тие списоци. Притоа, не постоеле писмени наредби со кои бил задолжен да извршува работни задачи подолго од полното работно време.Со таквите дејствија, според внатрешната контрола, се стекнал со противправна имотна корист во износ од вкупно 116.748 денари – од кои 80.134 денари на име прекувремена работа и 36.614 денари како бонус плата за 2023 година.Средствата биле исплатени на штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштуваат дека предметот е доставен до Обвинителството за понатамошна постапка.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Прегазени две девојчиња на 12 и 13 години: тешка несреќа во Скопје

Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години се здобиле со тешки телесни повреди откако синоќа биле удрени од автомобил на улицата „Товарник“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила на 4 октомври 2025 година околу 20:30 часот, кога патничко возило марка „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, управувано од 76-годишниот П.Н. од Скопје, удрило во двете малолетнички.Повредените девојчиња биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања