Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САД

SeKXr-

Американците се обидуваат да заземат танкер кој го следи руска подморница

САД се обидуваат да запленат танкер поврзан со Венецуела по повеќе од две недели потера преку Атлантикот, според извештаи.Американски официјален претставник изјавил за Ројтерс дека заплената ја спроведуваат Бреговата стража и војската.Руската државна новинска агенција RT исто така јавува дека хеликоптер, за кој се верува дека превезува американски воени сили, се обидува да слета на танкерот.Заплената, која би можела да ги зголеми тензиите со Русија, следува откако танкерот, првично познат како Bella 1, ја избегнал американската поморска „блокада“ на санкционирани танкери и одбил претходни обиди на американската Брегова стража да се качи на него кај Венецуела во декември.Промена на идентитетот на бродотКако што веќе беше објавено, танкерот го променил името од Bella 1 во Marinera и истакнал руско знаме, според компанијата за поморска аналитика Windward. Windward наведува и дека на танкерот е насликано руско знаме на трупот на бродот за да избегне пресретнување од американската Брегова стража.Според меѓународното право, пловилата кои го стваат знамето на одредена земја се под заштита на таа држава.Претходно пристигнаа информации дека Русија го следи танкерот со подморница.

Свет | пред 2 месеци

media-library45u48gk628ql433HmOL

САД ја укинаа препораката за задолжителна вакцинација на децата против грип и уште три болести

Соединетите Американски Држави ја укинаа долгогодишната препорака сите деца да се вакцинираат против грип и уште три заразни болести, што претставува значаен пресврт во американската здравствена политика и чекор кон реализација на долгогодишните заложби на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди.Со новата одлука се повлекуваат универзалните препораки за вакцинација на децата против ротавирус, грип, менингококна болест и хепатитис А. Наместо тоа, родителите се повикуваат да донесуваат одлуки по консултација со здравствени работници, во рамки на таканаречено „заедничко клиничко донесување одлуки“.Одлуката ја одобрил вршителот на должноста директор на Центар за контрола и превенција на болести (CDC), Џим О’Нил, без вообичаената надворешна експертска рецензија што традиционално ја применува агенцијата. Според критичарите, ваквиот пристап е директно продолжение на кампањата на Кенеди за намалување на детската вакцинација.Американскиот претседател Доналд Трамп уште во декември минатата година изјави дека САД треба да се „усогласат со другите развиени земји“, а по објавувањето на новиот календар на вакцинација оцени дека тој е „втемелен во златниот стандард на науката“. Во објава на платформата Truth Social, Трамп му честиташе на Кенеди и на здравствените функционери за, како што рече, „реформите на здравиот разум“, повикувајќи се на движењето „Да ја направиме Америка повторно здрава“.Кенеди, познат како еден од најгласните критичари на вакцините, претходно веќе предводеше иницијативи за укинување на универзалните препораки за вакцинација на децата против ковид-19 и хепатитис Б, тврдејќи дека вакцините се поврзани со аутизам – тврдење што научната заедница повеќепати го има отфрлено како неосновано.Предупредувања од стручната јавностЕкспертите за јавно здравје предупредуваат дека повлекувањето на препораките може да доведе до појава на болести, хоспитализации и смртни случаи што досега биле успешно спречувани со вакцинација.Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување на заразни болести при Универзитетот во Минесота, оцени дека ваква одлука требало да биде предмет на јавна расправа, со темелна анализа на ризиците и придобивките.Претседателот на Американската академија за педијатрија, Шон О’Лири, истакна дека споредбите со други развиени земји се проблематични, бидејќи тие имаат поинакви здравствени системи и ризици. За разлика од САД, повеќето од нив имаат универзална здравствена заштита финансирана од државата.„Секоја промена во американскиот календар за вакцинација на децата мора да се темели на докази, транспарентност и воспоставени научни процедури, а не на поедноставени споредби што ги игнорираат клучните разлики меѓу земјите“, порача О’Лири.Според Џеси Гудман, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен главен научник на FDA, секоја од вакцините за кои сега е укината препораката спречува болести што во минатото предизвикувале сериозни компликации и смрт кај децата.Грипот, според податоците на CDC, во сезоната 2024–2025 година однел 288 детски животи во САД. Ротавирусот, кој предизвикува тешка дијареја и дехидрација, порано испраќал десетици илјади деца годишно во болница, но вакцинацијата речиси целосно го елиминирала тој ризик. Менингитисот, иако редок, има висока смртност, а хепатитисот А може да предизвика трајно оштетување на црниот дроб.И покрај измените, американските власти нагласуваат дека задолжителната имунизација останува за 11 болести, меѓу кои сипаници, заушки и овчи сипаници, додека останатите вакцини ќе се применуваат кај високоризични групи или по индивидуална одлука, соопшти Министерството за здравство и социјални услуги.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп упати остри закани кон пет држави ширум светот

По апсењето на венецуеланскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили за време на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација упатија серија остри пораки и предупредувања до повеќе држави, меѓу кои Колумбија, Куба, Мексико, Иран, но и Гренланд – автономна територија на Данска, објави CNN.Трамп порача дека САД имаат задача да обезбедат „одржливи и успешни земји“ во своето опкружување, каде што нафтата ќе може „слободно да тече“, додавајќи дека „американската доминација на западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“.Гренланд и ДанскаАмериканскиот претседател повторно истакна дека на САД им е потребен Гренланд „од аспект на националната безбедност“, наведувајќи дека островот е од големо стратешко значење и дека е опкружен со руски и кинески бродови. Според него, Данска не е во состојба сама да ја гарантира безбедноста на територијата.Гренландскиот премиер Јенс Фредерик Нилсен остро реагираше, оценувајќи ја реториката на Трамп како „целосно неприфатлива и непочитувачка“, нагласувајќи дека Гренланд не е објект, туку народ, земја и демократија. И Данска и Гренланд и претходно јасно се спротивставија на идејата за анексија.КолумбијаТрамп упати навреди кон колумбискиот претседател Густаво Петро, обвинувајќи го за поврзаност со трговијата со кокаин и наговестувајќи можност за американска „операција“ во земјата. Петро возврати дека неговата влада ја има спроведено најголемата заплена на кокаин во историјата и дека се води борба против вооружените нарко-групи, иако податоците на ОН покажуваат рекордно ниво на производство на кокаин во Колумбија.КубаТрамп оцени дека воена интервенција на Куба не е потребна, бидејќи земјата, според него, е пред економски колапс поради губењето на приходите од венецуеланската нафта. Државниот секретар Марко Рубио изјави дека кубанската влада е „во сериозна неволја“. Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, пак, порача дека Куба и Венецуела нема да се откажат од својот сојуз без борба.МексикоАмериканскиот претседател повторно го обвини Мексико дека не прави доволно во борбата против нарко-картелите и откри дека и понудил воена помош на мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. Мексико засега не реагираше на изјавите, но беше меѓу земјите што го осудија апсењето на Мадуро, оценувајќи го како кршење на меѓународното право.ИранТрамп упати и ново предупредување до Иран, каде што продолжуваат антивладини протести. Тој порача дека САД ќе реагираат „многу силно“ доколку иранските власти повторно започнат со убиства на демонстранти. Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи возврати дека земјата нема да се предаде и дека протестите мора да бидат задушени.Низата изјави и закани на Трамп дополнително ја заоструваат глобалната политичка клима по драматичните настани во Венецуела и предизвикуваат реакции ширум светот.

Свет | пред 2 месеци

media-library4r8ehr5livejfMakdJG

(Видео) Снимки од срцето на венецуелскиот воен комплекс по нападите на САД

На социјалните мрежи се појавија нови фотографии кои ги прикажуваат последиците од американските воени напади врз Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела. Автентичноста на снимките ја потврди американската телевизиска мрежа CBS, објавувајќи дека фотографиите навистина потекнуваат од локацијата погодена во нападите.Фуерте Тиуна е клучен воен и безбедносен центар на венецуелските власти, а според изјавата на челникот на владејачката партија во Венецуела, Нахум Фернандес, токму таму биле уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, во нивниот дом во рамки на комплексот. Информацијата ја пренесе Associated Press.На фотографиите се забележуваат целосно изгорени возила, како и сериозно оштетени објекти, што укажува на интензитетот на нападите врз комплексот кој со години се смета за симбол на воената и политичката моќ на венецуелскиот режим. Снимките дополнително ја засилуваат неизвесноста околу безбедносната состојба во земјата и отвораат прашања за понатамошниот развој на настаните по американската интервенција.

Свет | пред 2 месеци

media-library5cdeb1qcb21d6WqqSgb

По Венецуела, Трамп најавува дека Куба ќе биде следна тема: Хавана има причина за загриженост

Американскиот државен секретар Марко Рубио испрати јасна порака до властите во Куба, изјавувајќи дека доколку живеел во Хавана и бил дел од тамошната влада, „би бил загрижен“. Коментарот следуваше по завршувањето на прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на која беа разгледувани последиците од американската воена операција во Венецуела.Одговарајќи на прашање од новинар кој се претстави како кубански државјанин, Трамп рече дека Куба е тема „за која допрва ќе се зборува“. Тој нагласи дека САД сакаат да им помогнат на граѓаните на Куба, но и на оние кои биле принудени да ја напуштат земјата во изминатите децении.Во тој контекст се надоврза Рубио, истакнувајќи дека изјавите на американскиот претседател не треба да се сфаќаат симболично или декларативно.„Кога претседателот зборува, треба сериозно да се сфати“, рече тој, додавајќи дека значаен дел од обезбедувањето на уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро бил составен од кубански безбедносни структури.Според Рубио, токму таа поврзаност ја прави позицијата на кубанската власт почувствителна во актуелниот геополитички момент.„Ако живеев во Хавана и бев дел од власта, барем ќе бев загрижен“, изјави американскиот државен секретар.Овие пораки доаѓаат во момент на нагло зголемени тензии во Латинска Америка, по директната интервенција на САД во Венецуела и апсењето на Мадуро, настан што веќе предизвика остри реакции од повеќе држави и меѓународни организации. Изјавите на Трамп и Рубио отвораат простор за шпекулации дека Куба би можела да биде следната точка на политички и дипломатски притисок од Вашингтон.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfi9ck3q6mna1avIKWBh

Објавено обвинение против Мадуро и неговото семејство: „Испратил илјадници тони кокаин во САД“

Американското Министерство за правда објави нова, опсежна оптужница против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а сега обвинети се и неговата сопруга Силија Флорес и синот Николас Мадуро Герра. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде ќе се соочи со тешки обвиненија за „нарко-тероризам“.Според оптужницата, Мадуро и неговите сојузници го претвориле врвот на државата во жариште на корупција која се движи од трговија со дрога, користејќи ги институциите за лична корист. Американското правосудство тврди дека венецуелските власти со децении биле вклучени во масовен шверц на кокаин, што „ги полни џебовите на државните службеници и нивните семејства, додека истовремено помага на насилни нарко-терористи да дејствуваат без казна и да учествуваат во производство, заштита и транспорт на тони кокаин кон САД“.Оптужницата ја опишува улогата на Мадуро како главен организатор на системот, кој од почетокот на својата политичка кариера, прво како пратеник, потоа како министер за надворешни работи и на крај како претседател, овозможувал транспорт на дрога под заштита на државата, издавал дипломатски пасоши на нарко-дилери и овозможувал непречен проток на авиони и бродови со дрога.Според американските власти, Венецуела години наназад била клучна точка за трговија со кокаин, со годишен проток од 200 до 250 тони. Дрогата се пренесувала кон САД преку морски рути низ Карибите и воздушен пат од тајни и официјални аеродроми под контрола на корумпирани државни и воени службеници.Оптужницата посочува дека режимот на Мадуро соработувал со низа нарко-терористички групи, вклучувајќи колумбиски герилски единици FARC и ELN, мексикански картели како Синалоа и Зетас, како и венецуелската криминална мрежа Tren de Aragua. Во замена за финансиска, оружена и политичка поддршка, овие групи имале слобода на дејствување на територијата на Венецуела.Неговата сопруга Силија Флорес се товари дека примала мито и учествувала во организирањето на шверцот, додека синот Николас Мадуро Герра бил директно вклучен во испраќање пошиљки кокаин, вклучувајќи планови за транспорт во Њујорк и Мајами. Американското правосудство ги товари за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување тешко оружје, вклучувајќи автоматски пушки и експлозивни направи. Во оптужницата се бара и заплена на имотот стекнат преку трговија со дрога и оружје.САД веќе не го признаваат Мадуро како легитимен претседател на Венецуела, а оваа оптужница ја продлабочува меѓународната изолација на неговиот режим. Американските власти најавуваат дека ќе продолжат со прогон на сите одговорни, без разлика на нивната политичка позиција.

Свет | пред 2 месеци

Нема фотографија

Мадуро се упатува кон строг федерален затвор – САД со сериозни безбедносни предизвици

Иако сè уште не е познато каде точно американските власти ќе го држат Николас Мадуро до почетокот на судскиот процес, обвиненијата против него се подигнати во Њујорк, што отвора можност тој да биде сместен во строго чуваниот Metropolitan Detention Center (MDC) во Бруклин.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро моментално се наоѓа на воениот брод USS Iwo Jima, кој плови кон Њујорк. Според американските медиуми, токму поднесувањето на обвиненијата во овој федерален округ овозможува негово задржување во еден од најобезбедените затвори во земјата.Metropolitan Detention Center е познат како објект во кој, пред да биде осуден на доживотен затвор, престојувал и озлогласениот водач на картелот Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Во истиот затвор привремено биле сместени и Шон „Диди“ Комбс, Гислејн Максвел, Р. Кели, како и Сем Бенкман-Фрид.Иако MDC е специјално опремен за притвореници со висок безбедносен ризик, тој денес е единствениот федерален поправен центар во Њујорк, откако Бирото за затвори го затвори комплексот на Менхетен по самоубиството на Џефри Епстин. Токму тој случај ја насочи јавноста кон сериозните проблеми во американскиот затворски систем.За сместувањето на Ел Чапо, кој претходно успеа да избега од затвор во Мексико, биле преземени исклучително строги безбедносни мерки. Во истиот објект бил притворен и Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија, коосновач на картелот Синалоа.

Свет | пред 2 месеци

maduro-696x418-1

Извори тврдат: Заробувањето на Мадуро било договорено заминување

Според извори на американската телевизиска мрежа CBS News, венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен рано изутрината од припадници на Delta Force, елитната специјална единица на американската армија.Американски официјални претставници, кои зборувале под услов на анонимност, потврдиле дека токму Delta Force ја спровела операцијата за приведување на Мадуро, во рамки на пошироката воена акција на САД во Венецуела. Станува збор за истата специјална единица која во 2019 година ја предводеше операцијата во која беше ликвидиран поранешниот лидер на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.Во меѓувреме, извори од венецуелската опозиција за Sky News изјавиле дека постои уверување оти приведувањето на Мадуро било резултат на „договорено заминување“, а не класична воена елиминација. Според тие тврдења, операцијата била изведена со минимален отпор, што дополнително ги засилува шпекулациите за претходен договор меѓу дел од внатрешните структури и странските актери.Американските власти засега официјално не соопштуваат детали за локацијата каде се наоѓа Мадуро, ниту за правниот статус под кој ќе биде третиран, додека Белата куќа и Пентагон сè уште немаат издадено формално соопштение.Настанот претставува еден од најдраматичните пресврти во венецуелската криза во последните децении и отвора сериозни прашања за идниот политички поредок во земјата, но и за последиците врз регионалната и глобалната безбедност.

Свет | пред 2 месеци

iran

Иран: Нападот врз Каракас е очигледно кршење на суверенитетот

Иран остро реагираше на воените удари врз Каракас, оценувајќи ги како „очигледно кршење на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“ на Венецуела.Во соопштение на иранското Министерство за надворешни работи се наведува дека ваквите дејствија претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право и директна закана за регионалната и глобалната безбедност. Техеран предупредува дека употребата на сила без меѓународен мандат создава опасен преседан и може да доведе до неконтролирана ескалација.Иранските власти истовремено упатија повик до Совет за безбедност на Обединетите нации итно да преземе дејствија со цел запирање на, како што ја нарекоа, „незаконската агресија“ и да ги повика одговорните страни на отчетност. Во пораката се нагласува дека молкот или одолговлекувањето на меѓународната заедница би значело соучесништво во нарушувањето на основните принципи на Повелбата на Обединетите нации.Реакцијата на Иран доаѓа во момент кога светската јавност со голема загриженост го следи развојот на настаните во Венецуела, а сè повеќе држави бараат итна дипломатска интервенција за да се спречи понатамошно продлабочување на кризата.

Свет | пред 2 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп тврди дека Мадуро е заробен и изведен од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем напад“ врз Венецуела, потврдувајќи ја ескалацијата на воените активности што утринава го потресоа Каракас и поширокиот регион.Во своето обраќање, Трамп тврди дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен за време на операцијата и дека, заедно со неговата сопруга, бил изведен надвор од земјата. Американскиот претседател не соопшти детали за локацијата каде Мадуро е префрлен, ниту под кои услови е извршено неговото приведување.Засега нема официјална потврда од венецуелските власти за овие тврдења, ниту независна потврда од меѓународни институции или медиуми. Претходно, владата во Каракас соопшти дека земјата е изложена на „американска воена агресија“ и прогласи состојба на надворешна закана, повикувајќи на целосна мобилизација.Развојот на настаните дополнително ја зголеми неизвесноста во регионот и предизвика силни реакции на меѓународната сцена, при што повеќе држави и политички актери повикаа на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации и побараа разјаснување на фактите околу наводното апсење на венецуелскиот претседател.

Свет | пред 2 месеци

media-library5snerhcu18q0aEwaOS7

Американски сенатори ја оспоруваат законитоста на ударите врз Венецуела

Набргу по воените удари што Соединетите Американски Држави ги извршија врз цели во Венецуела, во американскиот Конгрес се појавија сериозни критики од двете политички партии. Демократскиот сенатор Рубен Галего од Аризона јавно порача дека станува збор за „незаконска војна“, оценувајќи дека интервенцијата нема уставна основа.Галего, кој е ветеран на Американскиот марински корпус и учествувал во војната во Ирак, напиша на социјалните мрежи дека ова е „втората неоправдана војна“ што ја доживеал во својот живот. Неговата изјава предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за законитоста на американските воени интервенции без формално одобрение од Конгресот.Слични сомнежи изрази и републиканскиот сенатор Мајк Ли од сојузната држава Јута, кој нагласи дека со интерес очекува објаснување што, доколку воопшто постои, би можело уставно да ја оправда оваа акција во отсуство на официјална објава на војна или одобрение за употреба на воена сила.Во изминатите месеци, демократите во Конгресот, но и дел од републиканците, отворено се спротивставуваа на зголемувањето на американското воено присуство во регионот. Како резултат на тие несогласувања, во Претставничкиот дом и во Сенатот беа иницирани гласања за мерки со кои на САД ќе им се забранат напади врз Венецуела без претходна согласност од Конгресот. Сепак, овие предлози на крајот не добија доволна поддршка и беа отфрлени.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryevuahsvt4dm68juy3O3

САД забранија летови над Венецуела за американските авиокомпании

Американската Федерална управа за цивилно воздухопловство Федерална управа за цивилно воздухопловство (ФАА) донесе итна одлука со која им забрани на сите американски комерцијални авиопревозници да летаат над воздушниот простор на Венецуела, поради, како што е наведено, сериозни ризици по безбедноста на летовите поврзани со тековните воени активности во земјата.Наредбата била издадена во саботата во 2 часот по локално време во Каракас и ќе остане на сила до недела во 1 часот наутро. Во документот се посочува дека одлуката е превентивна мерка донесена врз основа на проценка на безбедносните ризици за цивилниот воздушен сообраќај.Забраната се однесува исклучиво на американски комерцијални авиокомпании и не ги опфаќа странските цивилни превозници, ниту воените летала. Од ФАА не прецизираат дали мерката може да биде продолжена, нагласувајќи дека ситуацијата ќе се следи континуирано и дека дополнителни одлуки ќе зависат од развојот на безбедносната состојба во регионот.Одлуката доаѓа во услови на засилени тензии и пријавени воени дејствија во Венецуела, што дополнително ја зголеми загриженоста кај меѓународните воздухопловни регулатори за безбедноста на цивилниот авионски сообраќај над оваа јужноамериканска држава.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Извори на CBS: Нападот врз Каракас се разгледувал и за Божиќ, Трамп дал зелено светло денови претходно

Претседателот Доналд Трамп ѝ дал зелено светло на американската војска за спроведување воздушни удари врз Венецуела неколку дена пред самата операција, тврдат двајца американски функционери кои за CBS News зборувале под услов на анонимност.Според нивните наводи, воени претставници дури разгледувале можност нападот врз Каракас да се изведе за време на Божиќ. Сепак, приоритет во тој период имале американските воздушни напади во Нигерија, насочени кон цели на Исламската држава.Како што потсетија изворите, токму на Божиќ Трамп објави дека САД извршиле воздушни удари врз милитанти на Исламската држава во северозападна Нигерија, поради напади врз христијанското население во регионот. Американската команда за Африка тогаш соопшти дека операцијата била изведена на барање на нигериските власти и дека биле убиени повеќе припадници на екстремистичката група.По Божиќ, според CBS, се појавиле повеќе потенцијални можности за напад врз Каракас, но операцијата била одложена поради неповолни временски услови. Истите извори нагласуваат дека американската војска инсистира на временски услови кои ќе обезбедат максимален успех и безбедност на мисијата.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygie705f4vi0fbRAkwFd

Венецуела ја обвини САД за воена агресија: Мадуро прогласи состојба на надворешна закана

Откако во Каракас се слушнале авиони и експлозии, а над делови од градот бил забележан густ столб чад, венецуелската влада соопшти дека „остро ја отфрла и осудува“ наводната американска „воена агресија“.Во официјалната изјава, властите во Каракас ги обвинија САД дека имаат за цел да ги преземат „стратешките ресурси на Венецуела, пред сè нафтата и минералите“, со намера насилно да ја нарушат политичката независност на земјата. Според соопштението, ваквите дејствија претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и директно ги загрозуваат животите на милиони луѓе.Претседателот Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешен упад на целата национална територија“, со образложение дека мерката е неопходна за заштита на правата на населението и непречено функционирање на државните институции.„Целата земја мора да се мобилизира за да ја порази оваа империјалистичка агресија“, се наведува во пораката од венецуелското раководство.Засега, нема независна меѓународна потврда за тврдењата за директен воен напад, додека ситуацијата во Каракас останува напната и неизвесна.

Свет | пред 2 месеци

putin

ЦИА: Украина не ја таргетирала резиденцијата на Путин

Американската Централна разузнавачка агенција проценила дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотни летала, и покрај тврдењата што самиот Путин му ги соопштил на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор. Проценката, за која директорот на ЦИА Џон Ратклиф го информирал Трамп, директно го доведува во прашање официјалниот наратив на Кремљ, пренесуваат американски медиуми.Русија во понеделникот јавно ја обвини Украина дека се обидела да ја нападне резиденцијата на Путин, по што Трамп пред новинарите потврди дека рускиот претседател лично му го изнел тоа тврдење. Во тој момент, Трамп изјави дека наводниот напад го вознемирил, нагласувајќи дека „не му се допаѓа“ и дека „не е добро“, додавајќи дека бил „многу лут“. Иако призна дека е можно тврдењето да е неточно, тој истакна дека Путин му рекол оти нападот навистина се случил.По брифингот од страна на директорот на ЦИА, ставот на Трамп очигледно се променил. На социјалната мрежа Truth Social, тој сподели линк до уреднички текст на „Њујорк пост“ во кој се оценува дека Русија е таа што го попречува патот кон мир. Во текстот се наведува дека е иронично Путин, кој води војна со огромни човечки жртви речиси четири години, да очекува посебна осуда за наводен напад врз него, а дополнително се посочува дека таков напад најверојатно воопшто не се случил.Во уредничкиот коментар се потсетува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ги негирал обвинувањата, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков признал дека Москва не може да обезбеди докази, повикувајќи ја јавноста „да му верува на зборот на Кремљ“, нешто што, како што се наведува, медиумите не се подготвени да го направат.Белата куќа не даде коментар за информациите што ги објавија американските медиуми, додека од ЦИА одбија да ја коментираат проценката.Тврдењата на Путин и американската разузнавачка проценка доаѓаат во чувствителен момент, кога администрацијата на Трамп интензивно работи на обиди за постигнување прекин на војната во Украина. Обвинувањето за напад беше изнесено само еден ден по средбата меѓу Трамп и Зеленски во Мар-а-Лаго, на која американскиот претседател изрази оптимизам за можноста од мировен договор. Дел од европските претставници оценуваат дека изјавите на Путин претставуваат обид да се нарушат мировните напори без директна конфронтација со Трамп. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Каја Калас оцени дека станува збор за намерно одвлекување на вниманието.Од Москва, пак, Министерството за одбрана соопшти дека 91 беспилотно летало биле лансирани од северна Украина кон резиденцијата на Путин во близина на Валдај, во Новгородската област. Според нив, повеќе од половина од дроновите биле соборени на стотици километри оддалеченост, без притоа да биде објаснето како е утврдено дека нивната крајна цел била резиденцијата на рускиот претседател. Министерството тврди дека останатите дронови биле пресретнати над регионот Новгород во раните утрински часови и објави мапа со наводни патеки на леталата.Сепак, жителите на градот Валдај не пријавиле никакви звуци од дејствување на противвоздушната одбрана во ноќта меѓу 28 и 29 декември. Аналитичарите посочуваат дека бројка од 91 беспилотно летало би подразбирала масовна и интензивна противвоздушна активност, што би било тешко да остане незабележано од локалното население.

Свет | пред 2 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен: Постигнат е добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави „добриот напредок“ постигнат денес во мировните преговори за Украина.Нејзината изјава следуваше по „добар, едночасовен повик“ во кој учествувала заедно со Доналд Трамп, Володимир Зеленски и други европски лидери.„Постигнат е добар напредок, што го поздравивме. Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и со нашите американски партнери за овој напредок да се зацврсти“, порача фон дер Лајен.Таа нагласи и клучен услов за понатамошните чекори: „Најважно во овој напор е да се има цврсти безбедносни гаранции уште од првиот ден.“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Откриени над милион нови документи поврзани со случајот Џефри Епстин

Американските власти откриле повеќе од еден милион дополнителни документи кои можат да бидат поврзани со случајот на починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, соопшти Министерството за правда на САД.Како што информира Министерството во објава на платформата X, Обвинителството за јужниот округ на Њујорк и федералната истражна служба ФБИ идентификувале „повеќе од еден милион дополнителни документи кои можеби се поврзани со случајот Џефри Епстин“. Адвокатските тимови, според соопштението, работат „деноноќно“ на нивно разгледување и на законски задолжителното цензурирање на чувствителни делови со цел заштита на жртвите.Од Министерството најавуваат дека документите ќе бидат објавени „што е можно побрзо“, но поради обемот на материјалот процесот може да потрае уште неколку недели.Според Законот за транспарентност на досиејата Епстин (Epstein Files Transparency Act – EFTA), сите поврзани досиеја требаше да бидат објавени најдоцна до 19 декември. Законот беше речиси едногласно усвоен од Конгресот во ноември и потпишан од претседателот Доналд Трамп, но рокот не беше испочитуван. Заменик-министерот за правда Тод Бланш го оправда одложувањето со потребата од внимателно отстранување на идентитетите на жртвите, додека опозициските демократи ја обвинија администрацијата за кршење на законот.Џефри Епстин, финансиски советник и милионер со врски во највисоките кругови во САД, беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во Њујорк во 2019 година. Според официјалните информации, тој извршил самоубиство. Пред неговата смрт беше обвинуван дека злоупотребил повеќе од илјада девојчиња и жени, а дел од нив наводно ги проследувал на познати личности.Меѓу неодамна објавените документи се појави и наводно писмо на Епстин во кое се тврди дека Доналд Трамп „сакал да допира млади, атрактивни девојки“. Американското Министерство за правда го оцени писмото како „фалсификувано“ и предупреди на ширење „невистинити“ тврдења за претседателот.

Свет | пред 3 месеци

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Дипломатска напнатост меѓу САД и Европа по санкциите за дигитална „цензура“

Британската влада соопшти дека е „целосно посветена на почитување на правото на слобода на говор“, откако на директорот на Центарот за сузбивање на дигитална омраза, Имран Ахмед, му беше забранет влез во Соединетите Американски Држави. Ахмед е еден од петтемина европски државјани санкционирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, под обвинение дека водат активности насочени кон ограничување на изразувањето на американските дигитални платформи.Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека санкционираните лица предводат напори за „присилување на американските платформи да казнуваат ставови со кои тие не се согласуваат“, најавувајќи дека ваквите мерки би можеле да бидат проширени и кон други политичари или функционери.Имран Ахмед, кој доаѓа од Манчестер, е познат по своите блиски врски со високи функционери на британската Лабуристичка партија. Во минатото работел како советник на поранешниот министер за надворешни работи во сенка, Хилари Бен, кој сега ја извршува функцијата министер за Северна Ирска. Центарот за сузбивање на дигитална омраза претходно го водел и Морган МекСвини, актуелен шеф на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.Портпарол на британската влада порача дека Обединетото Кралство е цврсто определено за заштита на слободата на изразување, но истовремено ја поддржува работата на законите и институциите чија цел е интернетот да биде ослободен од најштетните содржини. Според него, социјалните мрежи не смеат да се користат за ширење содржини поврзани со сексуална злоупотреба на деца, поттикнување омраза и насилство, како и за ширење дезинформации.Независниот британски рецензент за законодавството поврзано со тероризам, Џонатан Хол, оцени дека американските санкции претставуваат „значаен чекор“, нагласувајќи дека вакви мерки вообичаено се резервирани за сериозни прашања од надворешната политика. Тој предупреди дека ваквата одлука може да има застрашувачки ефект врз сите други што активно дебатираат за регулирањето на дигиталниот простор.Во октомври 2024 година, милијардерот Илон Маск јавно го нападна Центарот за сузбивање на дигитална омраза, нарекувајќи го „криминална организација“, на што Ахмед одговори дека ќе продолжи неуморно да ја врши својата работа. Меѓу санкционираните е и Британката Клер Мелфорд, која раководи со Глобалниот индекс за дезинформации.Од американска страна беше порачано дека администрацијата на Трамп нема да толерира, како што ја нарече, „екстериторијалната цензура“. Рубио на социјалните мрежи напиша дека САД ќе се спротивстават на обидите странски актери да влијаат врз слободата на изразување на американските платформи. Заменичката државна секретарка задолжена за јавна дипломатија, Сара Роџерс, додаде дека иако санкционираните лица не се актуелни функционери на Обединетото Кралство или Европската Унија, постојат сознанија дека странски владини актери активно ги таргетираат Соединетите Држави.Покрај Ахмед и Мелфорд, на списокот санкционирани се и поранешниот европски комесар Тиери Бретон, како и Ана-Лена фон Ходенберг и Жозефин Балон од германската невладина организација HateAid. По овој повод, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порачаа дека Европската Унија ќе ја брани слободата на говорот, оценувајќи ја одлуката на Вашингтон како неприфатлива меѓу сојузници и партнери.Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги осуди санкциите, обвинувајќи ги Соединетите Држави за застрашување и притисок со цел поткопување на европскиот дигитален суверенитет. Тој нагласи дека правилата за дигиталниот простор на Европската Унија не се носат надвор од Европа и дека заедно со Европската комисија и европските партнери, Франција ќе продолжи да ја брани регулаторната автономија на Унијата.

Свет | пред 3 месеци

ursula-1

Ново заострување меѓу Брисел и Вашингтон по забраната за влез на европски државјани

Европската унија ќе ја штити слободата на говор и правото на изразување, порачаа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, откако Соединетите Американски Држави воведоа забрана за влез за пет европски државјани, меѓу кои и поранешниот еврокомесар Тиери Бретон.Забраната беше воведена од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги обвини засегнатите европски граѓани за ограничување на слободата на говор и за, како што наведуваат, прекумерна регулација на американските технолошки гиганти. Реагирајќи на одлуката, Урсула фон дер Лајен на социјалните мрежи порача дека слободата на говор е темел на силната и жива европска демократија и дека Европската унија е горда на тие вредности и ќе продолжи да ги брани.Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја оцени одлуката на Вашингтон како неприфатлива меѓу сојузници, партнери и пријатели. Тој нагласи дека Европската унија цврсто стои зад одбраната на слободата на изразување, правичните дигитални правила и сопствениот регулаторен суверенитет, додавајќи дека ваквите потези само го продлабочуваат недоразбирањето меѓу двете страни.Забраната за влез се очекува дополнително да ги влоши односите меѓу САД и дел од европските престолнини, особено околу чувствителни прашања како слободата на говор, одбраната, миграцијата, односот кон крајната десница, трговијата и војната меѓу Русија и Украина.Одлуката доаѓа неколку недели по објавувањето на американската стратегија за национална безбедност, во која се наведува дека Европа се соочува со, како што е формулирано, „цивилизациско бришење“ и дека мора да го промени правецот доколку сака да остане сигурен сојузник на САД. Потегот на администрацијата на Трамп беше осуден и од францускиот претседател Емануел Макрон, како и од германското Министерство за правда, кои предупредија дека ваквите мерки го нарушуваат духот на сојузништво и демократските принципи.

Свет | пред 3 месеци

sergej-lavrov

Русија повикува на обновување на односите со САД, но под сопствени услови

Рускиот Совет на Федерацијата денеска му препорача на Министерството за надворешни работи на Русија да продолжи со напорите за обновување на полноправните односи меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, водејќи сметка за руските национални интереси. Ова е наведено во резолуцијата што беше усвоена по обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред членовите на горниот дом на рускиот парламент.Во текстот на резолуцијата се истакнува потребата од продолжување на работата на обновување на односите на заемно корисна основа, како и изградба на дијалог со САД кој ќе ги земе предвид интересите на Русија и значењето на одржливо решение за состојбата во Украина. Притоа, се нагласува дека решавањето на конфликтот мора да ги адресира, како што наведуваат руските власти, „основните причини“ за украинската криза.Советот на Федерацијата, исто така, упати апел до земјите што Москва ги дефинира како дел од „глобалното мнозинство“ да се дистанцираат од, како што се наведува, конфронтациската политика на Советот на Европа кон Русија.Резолуцијата доаѓа во услови на продолжени тензии меѓу Москва и западните земји, при што руските власти сè почесто нагласуваат дека евентуалната нормализација на односите со САД мора да се темели на рамноправност, почитување на суверенитетот и признавање на руските позиции во однос на безбедносните прашања и конфликтот во Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Епстин-списите повторно го отворија прашањето за Трамп и принцот Ендрју, додека институциите вадат деманти и нови детали

Американското Министерство за правда објави нов, најобемен пакет материјали поврзани со случајот на Џефри Епстин, а со него во јавноста излегоа низа нови фотографии и електронска преписка што повторно ги отворија старите сомнежи, но и донесоа директни деманти од институциите за дел од најексплозивните тврдења.Во фокусот се најде спорна разгледница која, наводно, Епстин ја испратил до осудениот спортски лекар Лари Насар и во која се споменува „нашиот претседател“. Министерството прво соопшти дека ја проверува нејзината валидност поради низа нелогичности, а потоа објави дека документот е лажен, откако ФБИ утврдил дека ракописот не одговара на Епстиновиот. Министерството јавно предупреди дека фактот што документ е објавен во официјална архива не значи дека и неговата содржина е фактички точна, најавувајќи дека објавувањето на материјалите ќе продолжи, но со законски пропишана заштита на жртвите.Паралелно, во новите материјали повторно се појавува името на Доналд Трамп, овојпат преку непотврдена изјава на возач на лимузина кој тврдел дека во 1995 година слушнал разговор во кој се споменува „злоупотреба на девојка“ и името „Џефри“. Министерството за правда реагираше дека дел од документите содржат „неистинити и сензационалистички“ наводи против Трамп доставени до ФБИ непосредно пред изборите во 2020 година и дека тие се „неосновани и лажни“, оценувајќи дека доколку имале кредибилитет, одамна ќе биле употребени против него. Во истиот пакет се споменува и интерен е-маил од 2020 година во кој се наведува дека Трамп бил наведен како патник на најмалку осум летови со приватниот авион на Епстин во периодот 1993–1996, од кои на дел, според преписката, била присутна и Гислејн Максвел, а на одредени летови се појавуваат и женски имиња што би можеле да бидат потенцијални сведоци.Еден од поинтересните сегменти е е-маил што се поврзува со 2017 година и во кој се тврди дека при преглед на телефонот на Стив Бенон биле пронајдени фотографии, меѓу кои и фотографија од Трамп и Гислејн Максвел. Пораката, според објавеното, е со затемнети адреси, без потпис и без податоци кога е настаната фотографијата, што ја прави нејзината интерпретација неизвесна. Во ист контекст се потсетува дека Бенон бил истражуван и обвинуван во друга постапка поврзана со кампањата „We Build the Wall“.Во документите има и нови елементи околу принцот Ендрју. Објавена е преписка што укажува дека лондонската Метрополитен полиција оваа година водела тајна, кодирана проверка („Операција Dawnchorus“) поврзана со медиумски наводи за неговите активности и можни дополнителни материјали што ги поседуваат британски медиуми, вклучително и списоци на патници од летови на Епстин. Истовремено, се појавуваат стари е-маилови од 2002 година за патување во Перу во кои се отвора тема за „девојки“, при што лицето потпишано со „A“ сугерира дека организацијата ја препушта на домаќините и на Максвел, а дел од текстовите го поврзуваат „Неевидливиот човек“ од преписката со принцот Ендрју. Одделно, објавена е и преписка од 2020 година што покажува дека американските власти барале правна помош и контакт со принцот Ендрју како „материјален сведок“ преку механизам за меѓудржавна правна соработка.Покрај кореспонденцијата, јавноста доби и визуелни докази од затворските записи: фотографии од надворешноста на Епстиновата ќелија во њујоршкиот „Metropolitan Correctional Center“, направени два дена по неговата смрт во август 2019, со полициска лента на вратата и идентификациска картичка. Објавени се и фотографии од ќелијата по првиот можен обид за самоубиство во јули 2019, како и интерни е-маилови што отвораат прашања за затворските пропусти, меѓу кои и планови за потенцијален цимер, што дополнително ја храни јавната дебата за условите и надзорот во последните недели од неговиот живот.Севкупно, најновата објава ги засили контроверзиите околу тоа што е доказ, што е непроверено сведочење и што е фалсификат во масата материјали. Институционалните деманти, особено за разгледницата и за дел од наводите поврзани со Трамп, ја поставуваат границата меѓу документарното и манипулативното, но истовремено објавените преписки и логистички траги повторно го враќаат во фокус прашањето за мрежата на контакти околу Епстин и степенот на одговорност на системите што со години го пропуштале да ја пресечат.

Свет | пред 3 месеци

media-library18i26ga29ta675rNxAu

САД забрануваат нови странски дронови: кинеските DJI и Autel исфрлени од пазарот

Федералната комисија за комуникации на САД, Federal Communications Commission, во понеделникот објави забрана за пласирање нови дронови произведени во странство, одлука со која од американскиот пазар практично се исфрлаат кинеските производители, меѓу кои и водечките компании DJI и Autel. Како причина се наведуваат „неприфатливи ризици за националната безбедност“, објави Euronews.Одлуката е во согласност со законот за одбрана што американскиот Конгрес го усвои минатата година, со кој беа засилени сомнежите и загриженоста околу дроновите од кинеско производство. Тие во изминатите години станаа доминантни на американскиот пазар и широко се користат во земјоделството, картографијата, филмската индустрија, како и во полициските служби.Компанијата DJI, со седиште во Шенжен, е најголемиот светски производител на дронови и, според податоците на Drone Industry Insights, контролира речиси 80 проценти од американскиот пазар на комерцијални дронови. Нејзиниот најблизок конкурент Autel има значително помал пазарен удел.Во образложението на одлуката, американските власти наведуваат дека ревизијата на Владата утврдила оти сите дронови и клучни компоненти произведени во странство, не само во Кина, претставуваат „неприфатлив ризик за националната безбедност на САД, како и за безбедноста и заштитата на американските граѓани“. Сепак, FCC остави можност за исклучоци, доколку Пентагон или Министерство за внатрешна безбедност на САД проценат дека одредени дронови или компоненти не претставуваат таква закана.Како дополнителен аргумент за итноста на мерките, ФЦЦ ги наведе претстојните големи настани, меѓу кои Светско првенство во фудбал 2026, прославата на 250-годишнината од независноста на САД (America250) и Летни олимписки игри 2028, предупредувајќи на можноста за злоупотреба на дронови од страна на криминалци, непријателски странски актери или терористи.Од компанијата DJI реагираа дека се разочарани од одлуката, наведувајќи дека не се презентирани конкретни докази врз основа на кои е донесена. Според нив, тврдењата за безбедносни ризици не се поткрепени со факти, туку претставуваат протекционизам спротивен на принципите на отворен пазар.Одлуката предизвика поделени реакции и кај корисниците во САД. Професионалци кои во својата работа користат странски дронови предупредуваат дека новата политика може сериозно да им наштети на бизнисите. Џин Робинсон од Тексас, кој обучува полициски служби и користи флота од девет DJI дронови, изјави дека ограничувањата ќе создадат проблеми, иако признава дека САД сами ја дозволиле зависноста од Кина.Од друга страна, Артур Ериксон, коосновач и директор на американската компанија Hylio, смета дека заминувањето на DJI ќе создаде простор за раст на домашните производители. Сепак, тој проширувањето на забраната на сите странски дронови и компоненти го оцени како изненадувачко и претерано, изразувајќи надеж дека правилата ќе бидат дополнително појаснети.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Трамп: Разговорите за мир напредуваат, но меѓу Путин и Зеленски има огромна омраза

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека мировните разговори меѓу Украина и Русија се во тек и дека се одвиваат „нормално“, но оцени дека меѓу рускиот и украинскиот претседател постои длабока омраза. Според него, токму тој личен антагонизам е една од клучните пречки за побрзо завршување на војната.„Меѓу овие двајца лидери, Владимир Путин и Володимир Зеленски, постои огромна омраза. Разговараме, сè оди добро, но оваа војна мора да престане“, изјави Трамп пред новинарите на својот имот Мар-а-Лаго во Флорида. Неговата изјава беше објавена на Јутјуб-каналот на Белата куќа.На прашањето дали ќе инсистира Божиќ да биде краен рок за постигнување мировен договор, Трамп одговори дека се надева оти конфликтот ќе биде завршен што е можно побрзо. Во исто време, тој жестоко го критикуваше својот претходник Џозеф Бајден, тврдејќи дека неговата администрација потрошила 350 милијарди долари за војната во Украина без јасна сметка каде завршиле тие средства. Трамп нагласи дека неговата политика е поинаква, посочувајќи дека САД сега продаваат оружје и воена опрема на НАТО, наместо директно да „фрлаат пари“, како што рече, за време на администрацијата на Бајден.Во истото обраќање, Трамп предизвика нови реакции и со изјавата дека Гренланд е неопходен за националната безбедност на САД. Тој истакна дека Вашингтон „мора да го има“ Гренланд, не поради минералите, туку исклучиво поради стратешката и безбедносната важност. Оваа изјава доаѓа по неговата одлука да го именува гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, за специјален пратеник за Гренланд, потег што предизвика остра реакција од Данска.Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, во заедничко соопштение порачаа дека националните граници и суверенитетот на државите се заштитени со меѓународното право и дека анексија на други територии е недозволива, објави The Guardian.Покрај геополитичките теми, Трамп се осврна и на неодамна објавените досиеја поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Тој изјави дека му било „непријатно“ што видел фотографии од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во тие документи. Коментарот го даде по објавувањето на илјадници документи од Министерство за правда на САД, пренесе Sky News.Трамп истакна дека со Клинтон секогаш имал коректни односи и дека смета оти објавувањето на ваквите материјали е поттикнато главно од демократите и, како што рече, „неколку лоши републиканци“. Тој додаде дека многу луѓе биле во контакт со Епстин, кој се движел во кругови на влијателни личности во Палм Бич и на други места, нагласувајќи дека темата и понатаму ќе предизвикува силни политички и јавни реакции.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo30vgcikpufrdiUaNct

Америка одобри прв лек во форма на таблети кој е за слабеење

Американската Управа за храна и лекови на САД официјално ја одобри таблетарната форма на лекот за слабеење Вегови, производ на фармацевтската компанија Ново Нордиск.Со ова одобрување, „Вегови“ станува првиот лек од класата GLP-1 што се пласира на пазарот за слабеење во орална, односно таблетарна форма. Досега ваквите терапии беа достапни исклучиво како инјекции, што за многу пациенти претставуваше практична и психолошка пречка, објави NBC.GLP-1 лековите делуваат така што го намалуваат апетитот и го продолжуваат чувството на ситост, а во последните години станаа глобален фармацевтски хит поради нивниот ефект во намалувањето на телесната тежина, но и поради дополнителните бенефити кај пациенти со дијабетес тип 2.Според најавите, во наредните месеци се очекува и одобрување на слична таблетарна терапија од конкурентската фармацевтска компанија Ели Лили, што дополнително ќе ја засили трката на пазарот на лекови за слабеење.Одлуката на ФДА се смета за значаен пресврт во третманот на дебелината, бидејќи таблетарната форма може да ја прошири употребата на овие терапии и да ги направи подостапни за поширок круг пациенти.

Свет | пред 3 месеци

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Кина и Русија застанаа зад Венецуела по американската блокада на нафтени танкери

Милиони барели венецуелска нафта останаа закотвени на танкери откако САД воведоа блокада врз бродовите поврзани со Каракас, предизвикувајќи застој во пристаништата и нова геополитичка ескалација во Карипското Море. Потегот на Вашингтон веднаш наиде на реакции од Кина и Русија, кои застанаа зад Венецуела и ги осудија американските акции како незаконски и опасни.По одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ги блокира сите санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, активноста во пристаништата нагло се намали. Според податоци на Ројтерс, најголем дел од танкерите сега превезуваат нафта само меѓу домашни пристаништа, додека бројот на натоварени бродови што не тргнале кон странство расте од ден во ден. Клиентите бараат поголеми попусти и измени на договорите поради зголемениот ризик од пресретнување.Американскиот претседател повторно го повика венецуелскиот лидер Николас Мадуро да се повлече од власта и порача дека САД ќе ја задржат или ќе ја продадат нафтата што ја заплениле покрај венецуелскиот брег во последните недели. На прашање дали целта е смена на режимот, Трамп оцени дека за Мадуро би било „паметно“ да ја напушти функцијата, предупредувајќи дека натамошниот отпор ќе има последици.Ескалацијата доби меѓународна димензија откако САД пресретнаа танкер што се упатувал кон Кина. Пекинг реагираше остро, оценувајќи дека ваквите дејствија претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, истакна дека Венецуела има право да развива односи со други држави и дека Кина се спротивставува на сите еднострани и нелегални санкции.Иако Белата куќа тврди дека пресретнатиот брод припаѓал на таканаречената „флота во сенка“ на Венецуела, танкерот во моментот не бил под американски санкции. Панамските власти, пак, соопштија дека супертанкерот „Сенчерис“ ги прекршил поморските правила, го сменил името и го исклучил транспондерот додека превезувал нафта од Венецуела.Кина е најголемиот купувач на венецуелска сурова нафта, која сочинува околу 4 отсто од нејзиниот вкупен увоз, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата.Подоцна, министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела ги осудија американските акции во Карипскиот регион. Москва предупреди дека ескалацијата може сериозно да го загрози меѓународниот поморски сообраќај и безбедноста во регионот, потврдувајќи целосна поддршка за венецуелското раководство и народ.Во меѓувреме, сателитски податоци покажаа дека празниот супертанкер „Бела 1“, кој американската крајбрежна стража се обиде да го пресретне, се движел североисточно од Бермудите.Вашингтон тврди дека приходите од венецуелската нафта се користат за финансирање криминални и терористички активности, вклучувајќи трговија со дрога и луѓе. Од септември наваму, американските сили извршија низа напади врз бродови за кои тврдат дека се вклучени во шверц на дрога, иако без јавно презентирани докази. Според семејства и влади, во тие операции загинале повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и рибари.Каракас, од друга страна, предупредува дека станува збор за обид за промена на режимот и ги опишува потезите на САД како меѓународна пиратерија.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања