Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

Screenshot-2024-10-10-134313

Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект, велат СДСМ

„Министерката за финансии, Димитриевска Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените на производите немаат никаков ефект. И моментално состојбата во маркетите потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи“, велат од СДСМ.„Добро е што Димитриевска јавно кажа дека не се согласува со овие мерки на Владата и потврдува дека не се ефикасни.Но ја потсетуваме Кочовска дека веќе не е опозиција туку е министерка во Влада и води едно од најважните министерства. Ако не се сложува нека даде решение. Граѓаните очекуваат решенија за намалување на цените а не само мислења.Исто постапи и со кредитот од Унгарија кога не кажа ниту збор во Собрание.Граѓаните се оптоварени од поскапувањата, особено во делот на храна. Владата на ДПМНЕ не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот за што цената ја плаќаат токму граѓаните.За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, Владата да презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект а министерката којашто е најповикана да нема решение туку мислење.Стандардот на граѓаните опаѓа, потребна е итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати“, соопшти СДСМ.

пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДС како раштиман оркестар две недели повторува исто партиско соопштение, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение. СДС е до толку демолирана партија што се обидува да ја манипулира јавноста со теми кои се веќе анализирани, образложени и надминати. СДС се дефокусирани, расеани и исплашени од Божиновска, поради тоа што почна да открива каков се криминал правеле СДС во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС дефокусираат поради тоа што 7 години катастрофално се справуваа и не ги решаваа проблемите во енергетиката. СДС не донесе странски директни инвестиција во енергетиката.СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.Небулозни се соопштенијата на СДС, во време на СДС и ДУИ 7 години од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови.Во време на СДС и ДУИ единствени инвестиции беа фамилијарните бизниси со фотоволтаици, каде државно земјиште им се продаваше по багателни цени на членови од фамилијата на највисоките структури на власта.Заврши времето кога на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски се доделуваше државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен.Заврши времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола.Заврши времето на криминалот и корупцијата во енергетиката.Време е за инвестиции во енергетскиот сектор, време е за инвестиции во обновливи извори на енергија. За разлика од СДС владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена донесе нова инвестиција, нов ветерен парк тежок 500 милиони евра помеѓу Штип, Радовиш и Карбинци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sanja1

Лукаревска: Бараме затворена седница, ВМРО-ДПМНЕ мора да понуди решение за ЕУ интеграцијата

СДСМ бара седница за да го слушнеме лекот на власта за продолжување на европскиот процес којшто го најавуваше во кампањата, рече пратеничката Сања Лукаревска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.-Ние и јавноста сакаме да го слушнеме оној лек за евро интегративниот процес којшто го слушавме во рамки на кампањата, да видиме кој е. Да го видиме решението на власта, нивната рамка, временски рокови. Да ја видиме која е содржината на тоа писмо коешто се најавува до европските институции. Власта има обврска за тоа. Патот којшто го поминуваме за членство во ЕУ е макотрпен, еве шанса да ги откочиме тие процеси за земјата да продолжи понатаму, рече Лукаревска.Затоа СДСМ бара да се одржи една таква седница во Собранието затоа што ова е клучно стратешко прашање, за власта да ја презентира стратегијата, кој е нивниот план и дали има алтернатива ако не успее, потенцираше таа.-Кога беше актуелен Францускиот предлог ние подадовме рака и ја повикавме опозицијата на лидерска средба за да може заеднички да седнеме. Но денеска што гледаме? Едно се зборуваше пред и во рамки на кампањата друго се зборува сега. Реалноста е таа. Одложено дејство на уставните измени, подобра преговарачка рамка и слично. Но што ако не успее тоа, јавноста нема одговори која е алтернативата, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4849

СДСМ бара оставка од Сања Божиновска по серијата скандали

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерката Сања Божиновска поради серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство“, вели СДСМ.„Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство.Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и целото нејзино семејство има бугарско државјанство.Криење факти и лажење на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички принципи во политиката. Граѓаните не може да веруваат во Божиновска и во она што го говори кога избра да не им ја каже вистината.Божиновска не даде одговори ниту за информациите за долгот од 1 милион евра ниту за сомнителните бизнис зделки со „картелско здружување“.Последните информации кои се уште СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана со нејзините претходни бизнис партнери.Поради сите етички прекршоци СДСМ повикува на нејзина морална оставка и соодветна истрага од надлежните институции“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

„РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем“, велат од СДСМ

„Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Bитола не работи. Сите три блока од ноќеска на полноќ се надвор од функција“, велат од СДСМ.„Божиновска и владата на Мицкоски и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскит систем во земјата. Наместо да го зголеми производството на струја од домашни капацитети Мицкоски и ДПМНЕ го намалија.Владата во моментов прави огромен увоз на скапа струја заради нефункционирањето на РЕК Битола, што предизвикува огромни трошоци за државата и граѓаните.Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Bogdanka-1

(Видео) Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста, побара Кузеска

„Министерката за енергетика, Сања Божиновска ја излажа јавноста. Таа со недели тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и пасош, за јавноста да дознае од бугарските медиуми дека не само што не е откажана, туку и целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Во Македонија е законски да се има повеќе државјанства и се отвара голема дилема, зошто Божиновска лажеше и криеше за ова.Министерке Божиновска, двојното државјанство не е спротивно на закон, но криењето и лажењето на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички и морални принципи во политиката.Како граѓантие ќе веруваат во вашата работа и во вашите следни изјави ако уште во првата незгодна ситуација избравте да криете наместо да ја кажете вистината?Министерката Божиновска покрај овој скандал, се уште не даде одговори за долгот од еден милион евра на компанијата која таа ја водела од Бугарија кон. Мепсо. Не даде одговор дали е етички друга компанија од дејноста на енергетиката која исто така била под нејзино водство да биде обвинета за „картелско здружување“. Последните информации кои се уште не се потврдени, а СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана до Божиновска и нејзините претходни бизнис партнери.Заради сите овие скандали, јавноста нема доверба во министерката и потребно е таа да се даде оставка. Да се повлече од морални причини а сите останати сомнежи да бидат истражени од институциите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски донесоа некомпетентни, неморални кадри од чие работење и минато денес ги имаме овие случувања во јавноста“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

VFKGBista-1-6

(Видео) Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше на свеченоста по повод откривање на биста на првиот претседател на самостојна Македонија, патрон на училиштето. Говорејќи за ликот и делото на претседателот Глигоров, Филипче истакна дека тој оставил силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движел земјата.„Тој беше лидер кој ги постави основите на современата македонска држава, воден од принципите на демократија, мир и соработка. Глигоров е симбол за мудрост и визионерство, затоа и не случајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочување со предизвици во процесот на независност, донесе мудри политички одлуки. Глигоров го постигна она што ниту една Република од поранешна СФРЈ не успеа да го направи-Македонија по мирен пат стана независна, суверена и демократска држава.Тој веруваше во силата на дијалогот и помирувањето, нешто што е особено важно и денес, кога треба да продолжиме работиме на заедничката иднина на државата. Благодарение на Глигоров, Македонија стана дел од најголемото меѓународно семејство на народи- Организацијата на обединети нации“-изјави претседателот на СДСМ, Филипче.Вредностите и државнички одлуки, на Глигоров, оставија траен белег во нашето општество и се патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата, истакна Филипе.„Ние, како генерација, сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Со оваа биста, што денеска се постави во истоименото основно училиште, не само што оддаваме почит, туку и ја чуваме визијата на Глигоров жива во нашето секојдневие, инспирирајќи ја младината да се бори за заедништво, стабилност и просперитет“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

mickoski

(Видео) „Муртезани секој ден го демантира Мицкоски, бараме итна затворена седница“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во Владата има спротивставени ставови за евроинтегративните процеси на Македонија и тоа е уште поголема причина за собраниска седница на која премиерот Мицкоски треба да ги каже плановите на Владата за напредокот на земјата. Филипче смета дека спротивставените ставови на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, се потврда за неспособноста на Владата да обезбеди јасен план за евроинтегративниот процес на државата.„Многу најави има од премиерот за некаква поддршка од некои држави, за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграции. Меѓутоа сето тоа е обвиено со мистерија и не знаеме никакви детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти, прво пред Собранието, пред народните избраници а понатаму и пред граѓаните. Да знаеме, сега кога еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што сметам и ќе повторам, нема никакво право, ниту политичко, ниту етичко, морално, напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат којшто го очекува огромно мнозинство на граѓаните, и потврдено преку огромната поддршка на граѓаните на сите анкети направени досега наназад. Тоа е местото каде што се дискутира“-изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.Филипче истакна дека во Собранието треба да се расчистат овие „дисонантни тонови“, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и клучните прашања во врска со патот на Македонија кон Европската унија.„Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави и изјави дека наводно има некаква поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека воопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа. Сметам дека тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во Владата коишто оставаат впечаток дека таму владее една целосно бесперспективност, мора да се расчистат во Собранието. Мора да знаеме кој е планот на Владата ако воопшто го има и како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Тој додаде дека СДСМ секојдневно покажува конструктивност по прашањето за продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал одговор од премиерот во таа насока нема.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ: Токму заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот чини толку

„Кичево-Охрид е класичен пример како не треба да се проектира и не смее да се започне со изградба голем инфраструктурен проект. Се работи за анекс кој е направен во 2018 година токму поради неспособноста и фушерајот со кој Дпмне го започна овој проект во 2014 година без анализа на терен и лоши технички решенија“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Затоа владата на СДСМ како одговорна влада врз база на експертски мислења од надзорниот орган и фидик еспертите пристапи кон репроектирање на поголем дел од трасата со цел тој автопат да може да се реализира. Поради новите ископи од преку 10 милиони метри кубни земја и нови технички решенија се зголеми цената на чинење на проектот.Доколку не се случеа тие репроектирања дпмне немаше денеска да може да се фали со рокови за завршување на изградбата на тој автопат.Впрочем сите образложенија за нивните катастрофални грешки ги имаат и во ЈПДП, ДПМНЕ може слободно да ги побара“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bugarski-pasos-960x639

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но јавноста преку медиумите во Бугарија дозна дека не само што се уште има бугарско државјанство туку и целото нејзино семејство има бугарско држајанство и пасош“, вели СДСМ.„Божиновска исто така се уште нема одговорено ниту за долгот на фирмите од 1 милион евра.Граѓаните не може да имаат доверба во Божиновска кога таа ја крие вистината и ги лаже“, соопшти СДСМ

Македонија | пред 1 година

mickoski-ukim-2

„Сè уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција“, велат од СДСМ

„СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија“, велат од СДСМ.„Премиерот Мицкоски и Владата имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со конкретни рокови, како што беше ветено пред граѓаните пред изборите.И покрај дадените ветувањата за подобри услови во преговорите, досега од страна на Владата не се преземени никакви видливи чекори, нема никаква иницијатива ниту пак некакви рокови кога би можело да се случи тоа. Напротив, процесот е целосно блокиран од страна на Владата.На држава и на граѓаните не им требаат ниту празни флоскули, ниту митигашки пароли, им треба конкретен план во Собранието.СДСМ е подготвена да поддржи стратегија којашто ќе значи подобрување на позициите и продолжување на европскиот пат на државата, но нема да прифати празни ветувања, блокада на процесите и манипулации на јавноста“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

ungarija-59706

Политичката цена од унгарскиот заем може да е поштетна и поголема, вели Битиќи

Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.Битиќи нагласи дека извозната банка на Унгарија пред само неколку месеци доби кредит за себе од Кина од милијарда евра, и оттука се сомневањата дека може да има политичко влијание не само до Унгарија, туку и од Кина.-Секое едно задолжување треба да има поголема можност за дебата, да не се води во скратена постапка, рече Битиќи, додавајќи дека еден преседан е што ова задолжување беше предложено од пратеник на владеачкото мнозинство а не од министерот за финансии, а втор преседан е што на расправата не се појави министерот за финансии, туку заменикот министер од друга политичка партија.Битиќи нагласи дека ова е сиптоматично и запраша дали министерката за финансии не верува дека овој заем е добар за државата.-Не е вистина дека ова се најдобите пари за финансирање на стопанството, рече Битиќи, потсетувајќи дека владата со ребалансот ја скрати финансиската поддршка за компаниите, кои инвестирале претходната година, а сега ги упатува да земаат кредит.Како на 915 компании кои минатата година направиле инвестииции чекале државата да им врати пари по основ на предвидливоста, ќе им кажете, ја промашивме годината, ќе ви дадеме помалце, а вие одете земете кредит, нагласи Битиќи.Во врска со средствата од унгарскиот кредит наменети за општините Битиќи рече дека има многу нејаснотии и додаде дека се слушаат многу невистини.-Слушаме 136 евра по граѓанин, што звучи убаво, но не е вистина. Објавениот повик е 100 милиони евра, што е помалку, 70 евра по глава на жител. Е сега, јавниот повик е за 100 милони евра, а во реабалансот во таа ставка има само 75 милиони евра. Дополнително се вели дека заемот е земен за 250 мииони евра. Се даваат 100 за општините, значи остануваат 150 милиони. Владата вели нови 250 милиони ќе има следната година. Нејасно е сега, од овие 150 или ново задолжување? Бидејќи овие пари што ќе се искористат сега, влегуваат во сегашниот буџетски дефицит. Нема да ги има за следната година. Прашањето е дали ќе има нови 500 милиони евра од Унгарија?, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-07-092645

„Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника“, велат од СДСМ

„Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14-месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува. Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност“, велат од СДСМ.„Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи. СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста. Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%.Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата. Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о.СДСМ набави морени инкубатори, кои недостасуваа, како и повеќе современи апарати, опрема, микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и инвестираше во развој на соодветен стручен кадар.Оттука, крајно загрижувачки е тоа што се случува сега и надлежните мора да преземат соодветни мерки да не се дозволи зголемување на смртноста на новоредничањата повторно. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски, вели Кузеска

„Синоќа во Чаир се случи уште едно пукање. Со дури четири прострелни рани, тешко е повредено младо момче од 19 години, кое се бори за живот“, вели Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ и додава:Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче.Состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена. Тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена.Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Криминалните пресметки се во голем пораст, наместо ред и поредок се случува хаос.Неказнивоста и неефикасноста на МВР е празник за криминалците кои немаат страв од Тошковски и прават што сакаат.Со Тошковски на чело на МВР досега има над 20 случаи на употреба на огнено оружје или остар предмет, околу 10 убиства и обиди за убиства.Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство во во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица....И нема разврска на овие инциденти ниту на убиствата. Едвај еден случај е расчистен.Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.Само последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци. Такви беа случаите со запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.Од затворите кој сака бега и кога сака излегува. Избегаа 10 затвореници од затворот Шутка. Одговорност нема.Лани, 2023 година Македонија беше прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на Глобалниот индекс за мир, а сега, само 100 дена во ВМРО-ДПМНЕ состојбата е алармантно влошена.После сите скандали, после сите овие убиства, пукања, криминални пресметки без разрешница, Мицкоски веќе требаше да реагира и да го смени Тошковски, но очигледно го штити.Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.Ако Тошковски ја сака Македонија ќе си поднесе оставка.Бараме оставка од Тошковски веднаш.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР, вели Кузеска

„Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во македонската историја“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу од нив поврзани со работата на МВР и министерот Тошковски.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа ред и поредок, но фактичката состојба е тотално спротивна: скандали, неказнивост и брутална партизација на МВР.Одиме по ред.Се случи безбедносен скандал на скопскиот аеродром, каде пиштолџијата на Гаши се закануваше со пиштол и нападна полицаец.МВР најпрво се обиде да го заташка случајот и да го штити коалицискиот партнер, но под притисок на јавноста тоа не беше можно.Се случи скандал и со организирано пуштање на слобода на Блерим Рамадани, баран со меѓународна потерница. Досега никој нема преземено одговорност за овој скандал. Нема одговорност ниту од Тошковски.Понатаму, имаше серија скандали на северната граница со Косово.Коалициониот партнер на ДПМНЕ, Гаши со неговите сватови, ја поминаа границата со приватни возила и без никаква контрола.Мицкоски тврдеше дека тоа се ноторни лаги, со смешни аргументи се бранеа виновниците, но затоа беа казнети луѓето кои чесно си ја извршуваат работата. Одговорност од Тошковски нема.Скандалите продолжија како на лента. Речиси и да немаше ден, недела, кога не се случи некој скандал.Бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје Тошковски целосно го ослободи од одговорност. Политичкиот дил ги засени законите и прописите. Капак на се уште и командир на Тигрите ќе го прават.Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников, беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде команди во Ропотово.Ковачки го нема сега да држи прес конференција и да бара одговорност. Мицкоски се прави на Тошо.Изгоре 10% од територија на државата само поради неспособноста на МВР и надлежните институции. Одговорност нема.Не се расчисти ниту скандалот со генералниот секретар на Владата, кој случајно доби поклон од 325.000 евра во зграда со министерот Тошковски.Скандалот со министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на МЕПСО остана исто така нерасчистен.Почитувани, ова се само дел од скандалите во првите 100 дена а ги има уште толку.Наместо ред имаме безредие, наместо одговорност имаме неказнивост, наместо ефикасна и професионална полиција Тошковски го врати ВМРО-МВРО на голема врата.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-sdsm

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

„ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ“, вели СДСМ и додава:Граѓаните не смеат да останат без јасна перспектива, ниту ВМРО-ДПМНЕ има право еднострано да ги прекинува преговорите, без јасно да каже што е алтернативата. Тие ветуваа подобри услови во преговорите, ветуваат промена на преговарачката рамка, ветуваа мудра дипломатија. Од тоа засега нема ништо и не смеат понатаму да продолжат на овој начин, без план и без стратегија.Ако се откажани од ЕУ интеграциите, треба да кажат која алтернатива ја нудат за долгорочен развој на државата. Ако не се откажани треба да кажат кој е планот, кои конкретни чекори се преземаат, кои се роковите и што може да очекуваат граѓаните по однос на ова прашање.На затворената седница очекуваме да изложат детални информации за тоа кои членки ја поддржуваат идеајта на Владата за промена на преговарачката рамка, да кажат зошто стратешкиот партнер Унгарија гласаше за одовојување на Албанија и Македонија и кои се дипломатските стратегии со кои планираат да ја подобрат позицијата и откочат преговорите.СДСМ ќе делува контруктивно во Собранието и ќе ја поддржи секоја искрена идеја да се надмине оваа состојба на статус кво во која сме доведени. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека не е веќе опозиција и да демонстрира лидерство и визионерство наместо да ги гледа тесно партиските интереси.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

„За 100 дена, Владата на Христијан Мицкоски и коалицијата, не презентираше ниту една конкретна мерка за поддршка на земјоделството. За 100 дена видовме само тотална безидејност, непрофесионалност и незаинтересираност за секторот. Ресорниот министер е претворен во партиски мегафон. Се занимава со реваншизам кон вработените и секојднево пласира лаги за да ја задскире својата неспособност“, рече Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.„Мицкоски се фали со исплатени заостанати долгови, повисоки субвенции и откупни цени, но очигледно е неинформиран за фактичкита состојба.Да ве потсетам дека со ребалансот ги намаливте средствата за најголем дел од програмите.Закочена ви е исплатата на субвенциите. Ресорниот министер лаже дека има 1 милијарда денари заостанати долгови. Но, да повторам, СДСМ остави чиста сметка, со нула долгови. Тоа што треба да се досиплати за што и обезбедија пари со ребалансот, се субвенциите за тековната програма, за 2023 година. Зошто и по два месеци од ребалансот, се уште земјоделците немаат субвенции?Јас ќе бев среќен ако во 2017 година затекнав состојба на нула денари долг, но наместо тоа, тогаш СДСМ за 100 дена ги расчисти и долговите на ВМРО ДПМНЕ од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.100 дена ВМРО ДПМНЕ не објави ниту еден јавен повик за ниту една мерка од ниту една програма. Но, нивната безидејност оди до таму, што укинуваат мерки кои се во интерс на земјоделците, како што е авансната исплата на субвенциите. Во 2023 година, Владата на СДСМ, воведе предвремена аванска исплата на субвенциите, за која актулната власт најави укинување на овој модел.Тоа што го знае ВМРО ДПМНЕ е да се фали со туѓи перја.Ги критикуваа огласите и повиците за доделување земјоделско земјиште но денес ги склучуваат договорите, ги критикуваа ИПАРД програмите, но денес се фалат со први договори склучени за ИПАРД 3, но без при тоа да погледнат на интернет дека уште во март заедно со делегацијата на ЕУ сме ги склучиле првите договори на ИПАРД 3 како земја којашто е лидер, ја критикуваа мерката за зелена нафта денес, но делат картички.Велат се зголемила откупната цена на грозјето. Да така е , а ама не поради ВМРО ДПМНЕ, туку тоа е резултат на новиот Закон за вино, кој го донесе Владата на СДСМ, затоа што ние го слушавме гласот на сите земјоделци. Мицкоски вели ги зголемил субвенциите за јачмен. Да ве потсетам дека мерката е донесена лани, а годинава откупната цена на пченицата е многу пониска. Што е со откупните цени на оризот, црвената пиперка и другите земјоделски производи, зошто нема гарантирани откупни цени, зошто нема дијалог со земјоделците ?Како ќе им помогнете?За 100 дена дозволивте да има рекорден број на пожари во кои изгоре 9 % од вкупната површина под шума или изгоре повеќе шума од сите 12 години претходно заедно.Грижата за земјоделците не е само за избори. СДСМ за 100 дена донесе мерки колку што вие веројатно нема да успееет за цел мандат. За прв пат воведовме нов модел и ги зголемивме субвенциите на турунопроизводителите по класи и за прв пат ја зголемивме премијата од 60 на 80 денари, 300% повисоки субвенции за ориз, зелена нафта, враќање на персонален данок, 20.000 евра за млади земјоделци, успешно започна ИПАРД 2, се решија неисплатените долгови кон лизарите и друго. Ова се конкретни мерки и грижа за земјоделците, и тоа само за 100 дена мандат.Земјоделството е еден од двигателите на македонската економија и СДСМ нема да дозволи земјоделците да бидат оставени на цедило и ќе ги искористиме сите механизми како опозиција во нивни интереси. За успешна земјоделска политика потребна е конкретна стратегија и мерки, а не празни зборови“, изјави Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

MitkoTrajculeskiTV24

Трајчулески: Во овие 100 дена видовме само специјална соработка со Унгарија и стратешка соработка со ДУИ, ништо друго

Во овие 100 дена видовме специјална соработка со Унгарија и специјална стратешка соработка со ДУИ, ништо друго, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа на телевизија 24.-Историјата се повторува како фарса, ВМРО-ДПМНЕ во 1998 ги доби изборите со ветување дека ќе ја укине Времената спогодба и привремената референца, дека ќе го врати знамето од Кутлеш и такви романтичарски ветувања, од кои ветувања, после не се виде ништо. Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите со главно ветување дека ќе ја поништи територијалната организација и дека Струга и Кичево ќе ги врати во старите граници и од тие ветувања не се виде ништо. Во 2024 година клучни ветувања во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ ни се дека Преспанскиот договор не е завршена работа и дека ќе се обезбеди подобра преговарачка рамка со ЕУ. И од овие ветувања нема да видиме ништо, нагласи Трајчулески.Во однос на економските ветувања, Трајчулевски истакна дека има целосно, класично потфрлање на економските политики на владата.-Немаме покачување на минималната плата за работниците, просветните работници добија срамни 0,7% покачување, наспроти 12% кои требаше да ги добијат. За прв пат после повеќе години имаме намалување на просечната плата, што јасно ја опишува економската состојба на компаниите и како главно прокламирање, како главно достигнување на владата е кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, рече Трајчулески, додавајќи дека СДСМ има сериозна загриженост дека со овој кредит нашата држава ќе биде ставена во политички подредена положба.Пратеникот Трајчулески нагласи дека главните очекувања се едно големо потфрлање, а наспроти мерит систем, кој го прокламираат владините претставници се гледа силно партизирање на институциите, политички реваншизам во многу институции, како МВР, УЈП, катастар царинска управа и други институции.Во врска со евроинтеграцијата на државата и раздвојувањето од Албанија на европскиот пат, Трајчулески порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги обезбеди гаранциите, кои им беа предизборно ветување-Знаеме дека владина делегација отиде во Брисел со предлог плус, не знаеме што значеше тој предлог плус, но знаеме дека беа одбиени од ЕУ. Не може ние до навек да ја имаме блокирано нашата европска перспектива. Ако ВМРО-ДПМНЕ има друг план, треба да излезе и да каже каков е тој план, со кого е тој план и дали тоа ќе значи драстично менување на нашата надворешна политика, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа на телевизија 24.

Македонија | пред 1 година

mickoski-idadija-1

СДСМ: Мицкоски стана комедијант, задоволен бил дека во првите 100 дена нема афери и скандали

„Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега накомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно решил да се мајтапи со граѓаните или мисли дека никој не памти што се случуваше.. Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во историјата, реагира СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски.„Бидејќи не го држи помнењето еве да го потсетиме само неколку клучни скандали. Скандалот на скопскиот аеродром каде пиштолџијата на неговиот коалициски партнер Гаши се закануваше со пиштол, а Мицкоски се правеше на Тошо. Скандал со организрано пуштање на слобода на Блерим Рамадани од МВР и Наим Рамука, за кој повторно тој ништо не знаеше.Скандал е Силјановска да оди да се слика без знаме а потоа сите други да бидат криви освен таа и нејзиониот протокол. Скандал е и да се лаже дека се донела нова инвестиција а таа да била целосно на СДСМ па Мицкокси се пофали со неколку такви. Ова не само што е скандал туку потврдува колку Мицкоски е малодушен и не сака да признае ничив успех. Скандал е и да нема пари за повисоки плати за граѓаните, ама да има за бизнис карти од 20.000 кои се криеја од јавноста.Дали Мицкоски исто не го виде скандалот со неговиот генерален секратр кој случјано на поклон доби 325.000 евра имот, или министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на Мепсо?Дали случајно не знае дека неговиот телхранител кој тепаше полицајци на службена должност не само што е ослободен, туку ќе биде и командант на тигрите? Скандал е да се поставуваат лица со криминално минато на директорски позиции, скандал е да се поставуваат луѓе без лиценци за ревизори, скандал е да се поставуваат три директори во Царина за подобро да се краде на границите. Скандал е и професор по физичко да биде заменик министер во МВР, ама па за Мицкоски тоа е нормално ако може бивш затвореник да биде директор на затвор. И тоа за него не е скандал.Скандал е да нема одговорност за десетици нерасчистени убиства, скандал е да нема одговорност за 10% изгорена територија на државата, додека тој убедуваше дека ќе се среди се два до три дена.Скандал до скандал е Владата на Мицкоски, па можеби затоа не може да се сети, бидејќи скандалите за нив се секојдневие. Оваа коминчна интерпретација на Мицкоски повеќе делува несериозно или покажува дека тој не живее во реалноста.Секако аферите и скандалите нема да исчезнат од вицкастите изјави на Мицкоски“, се додава во реакција на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

zaklina

(Видео) Лазаревска: Прекинат е растот на платите во образованието, се нудат срамни 0,7% усогласување

„По само 100 дена, новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и коалицијата покажа дека образованието не им е приоритет. ВМРО ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата за поголеми плати туку и ги урна и надежите за развој на образованието. Наместо конкретни мерки, сведоци сме на скратување на постојните. Дури ниту Мицкоски во обраќањето по повод 100-те дена не спомена конкретни мерки за развој на образованието. Единствената мерка што ја спомена беше набавката на учебниците, но намерно не кажа дека ресорното министерство започна со набавка и докомплетирање на учебниците уште од почеток на 2024 година, со што се овозможи печатењето на учебниците да се случи уште во мај 2024 година, односно пред конституирање на новата влада“, рече Жаклина Лазаревска.„Ја прекинаа планираната низа на раст на платите и донесоа одлука за дегарадирачко, срамно усогласување од само 0,7%, што е минимални 200-300 денари. Толку ли за ВМРО-ДПМНЕ вредат наставниците?Од овој септември, платите на наставниците требаше да се зголемат за 12%, односно дополнителни 4.300 денари. Ова зголемување беше дел од новиот колективен договор за основно и средно образование. Но, благодарение на неспособноста на министерката Весна Јаневска, наставниците сега губат повеќе од 4.000 денари секој месец.ВМРО ДПМНЕ лаже дека нема пари за повисоки плати, бидејќи средствата беа проектирани во буџетот на Министерството за образование за 2024 година. Но, со ребалансот, ВМРО ДПМНЕ одлучи да ги прераспредели парите за свои приоритети, што резултираше со кратење на средствата за инвестиции во образованието, подобрување на инфраструктурата, програми за децата од социјално ранливите категории.Ова е уште една од низата лаги на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи во нивната програма стои раст на плати и подобрување на инфраструктурата. Но, затоа има пари за зголемување на платите на директорите на училиштата за 40-50%. ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува спирата на раст на плати во образованието што Владата на СДСМ ја започна и ја спроведуваше со долгорочен план.Така, обезбедивме наставниците во основно образование денеска да имаат плата од 33,646 денари + минат труд за разлика од 2016 та кога имаа 21.100 денари, а во средното образование платите на професорите се 35.200 денари + минат труд за разлика од 2016та кога беше 21.950 денари.Во овие 100 дена, ВМРО ДПМНЕ покажа дека е ненародна власт, која не работи во интерес на квалитетното образование и наставниот кадар.Нема нови мерки за студентите, туку во нивни стил ВМРО излажа дека започнуваат со реновирање на 9-те студентски домови во државата, нешто што беше започнато уште пред две години од Владата на СДСМ.Нашите просветни работници заслужуваат почит и поддршка од секоја влада. Образованието не е само буџетска ставка, туку инвестиција во нашата иднина, и затоа мора да биде приоритет. Како конструктивна опозиција, силно ќе се спротиставиме на политиките на оваа влада, која свесно сака да го маргинализира овој важен сектор“, изјави Жаклина Лазаревска, членка на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-03-122059

(Видео) Трајчулески: За ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот, па место да ја продолжи постапката за носење закон за основање Агенција за безбедност на патиштата, ним поважни им се кадровските промени во составот на советот, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница.- За какви реформи зборува ДПМНЕ, кога законот за изменување и делување на безбедност во сообраќајот на патиштата, кој го предлагаат, има единствена цел-промена на персоналниот состав на советот. Овој начин на кадровски промени стана пракса и мантра на владејачката коалиција. Во образложението на законот е наведено дека една од причините за оваа измена е уредување на бројот на членови на советот како и условите за именување на претседател, без притоа да се наведат соодветно образование или пак, работното искуство од областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата, рече Трајчулески.Јасно е дека за власта поважни се политичките калкулации одошто безбедноста на граѓаните во сообраќајот. И со донесувањето на вакви законски решенија, објасни Трајчулески, се прави опасен преседан со големи последици.- Ако зборуваме за безбедноста на сообраќајот на патиштата, зборуваме за човечки животи и тука најмалку тука треба да тераме политика. Она што очекував од новата влада е да ја продолжи постапката на СДСМ, за носење на законот за основање на Агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата. Реформски закон кој долго време беше работен во рамките на министерството за транспорт, каде беа вклучени сите релевантни институции и со поддршка на експерти од ЕУ и за кој остана да се завршат финалните усогласувања. Тоа е реформата за која сите треба да се залагаме. А, не главна цел да бидат кадровските промени во составот на советот за безбедност на сообраќајот на патиштата и политичките интереси и калкулации на власта“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски – Нема покачување на минималната плата

„Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците. И покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки“, велат од СДСМ.„Нема покачување на минималната плата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Владата на Мицкоски не само што не го исполни своето ветување, туку и продолжува да ја игнорира потребата на работниците.За време на овие 100 дена, не се одржа ниту Социо-економскиот совет. Ова е показател за недостатокот на интерес на актуелната влада за решавање на проблемите на работниците.СДСМ неколкукратно ја зголемуваше минималната плата преку социјален дијалог. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а СДСМ ја зголеми на 22.000 денари и оваа година минималната плата требаше да порасне повторно.Денеска гледаме дека Мицкоски и ДПМНЕ ја враќаат политиката на евтина работна сила и понижување на работниците“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

slavjanka-petrovska

Петровска: Освен коруптивен кредит од 500 милиони евра, ДПМНЕ не испорача ништо во првите 100 дена

Во првите 100 дена ВМРО-ДПМНЕ не испорача ништо од она што ветуваше, освен коруптивниот скандал на владата, со задолжувањето од 500 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.- И, по 100 дена, од кој не видовме ништо, жално е што повторно се враќаме во времињата кога владееше ДПМНЕ и кога партијата им беше пред и над се, а потоа сè останато. ДПМНЕ и ВЛЕН не ги поврзува државниот туку личниот интерес, рече Петровска.Таа го коментираше и заглавувањето на европскиот пат и рече дека нема да се случи ништо, затоа што власта има други интереси.- Иднината на државата кога ДМНЕ е на влсат е секогаш во втор план. Па власта во Брисел отиде да бара уставни измени со одложено дејство, а оттаму се вратија како попарени без да и кажат на јавноста дека предлогот им е одбиен, односно дека не е тоа опција. Иако ветуваа Преговарачката рамка не може да се промени и тоа е ставот на Европската унија. Се е само замајување на јавноста и давања изговори, рече Петровска.Таа потенцираше дека граѓаните не сакаат да слушаат изговори туку план, особено што пред избори ДПМНЕ велеа дека имаат план како да ги променат за засилено да продолжат на патот кон ЕУ.- За време на изборите тврдеа дека имаат план, за сега кога сте на власт, да дадете онаква дрска и кафеанска изјава, ’Не благодарам за ЕУ‘, па апсолутно никој не им го дал тоа право на ДПМНЕ, објасни Петровска.Оваа власт не покажува никаков капацитет, и не видовме ништо од она што ветуваше. Поверојатно е дека до крајот на годината ќе се случи реконструкција на власта, од каков било потег кој би бил корисен за граѓаните, додаде пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Македонија | пред 1 година

pulevski-aerodrom

СДСМ: Општина Аеродром официјално молчи за труењето на учениците во „Ѓорѓија Пулевски“

„И по пет дена од случајот на труењето со храна на учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром остануваат отворени многу прашања од граѓаните. Општина Аеродром официјално молчи. Освен информациите дека е извршена вонредна инспекциска контрола од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје, дека се земени брисеви од примероци од храната, површини и персонал, дека се изречени времени мерки од ДЗСИ за затворање на училишната кујна и дека ИЈЗ откри токсини од бактерија во примероците од храна, ниту една дополнителна информација во насока на целосно разоткривање на случајот не е излезена во јавноста“, велат од СДСМ Аеродром.Од таму велат дека родителите на учениците имаат право навремено и детално да бидат информирани за одговорите на следните прашања:- Колку редовно се вршат контроли и кој е задолжен за одржувањето на хигиенските услови во кујните на училиштата на територија на Општина Аеродром?- Какви се хигиенските услови во просториите каде што учениците ја консумираат храната и условите во тоалетите каде што учениците и персоналот одржуваат лична хигиена?- Колку често се вршат контроли на исправноста и квалитетот на храната и каде се произведува храната за учениците? Во какви услови се чува храната пред и по подготвувањето до моментот на послужување на учениците?- Колку често и на кој начин се вршат контроли на процесот на реализирање на јавни набавки и јавни повици за избор на доставувачи на храна во училиштата во Општина Аеродром?- Кој е задолжен за составувањето на дневното мени за храна и дали се консултирани стручни лица при утврдувањето на критериумите за избор на доставувачи на храна и избор на дневно мени прилагодено на возраста на учениците?- Дали е точно дека во недостаток на средства за хигиена, родителите често сами се организираат за прибирање на дополнителни средства за набавка на течен сапун, влажни марамчиња, тоалетна хартија и слично? Потсетуваме дека ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе ги укине овие трошоци за родителите преку набавка на доволни количини на средства за хигиена.- Конечно, колку време е потребно за утврдување на одговорноста за контаминирањето на храната и кои се мерките кои во таа насока ќе бидат преземени од страна на училиштата во Аеродром?„Недозволиво е Општина Аеродром по пет дена официјално да молчи за случајот. Освен одговорот на советничкото прашање на СДСМ кој в.д. градоначалникот Дејан Митески го даде на седница на општинскиот Совет за првичните мерки преземени на денот на откривањето на случајот, ниту една дополнителна информација не е пласирана во јавноста, ниту едно официјално соопштение, прес конференција, објава на интернет страницата на општината и слично.Родителите на учениците имаат право да ги знаат овие детали поврзани со труењето на нивните деца. До кога Општина Аеродром ќе молчи за случајот?“, се додава во соопштението на СДСМ Аеродром.

Скопје | пред 1 година

perinski-otcet-3

СДСМ: Перински се кити со наследени проекти

„100 дена Влада на Мицкоски и ДПМНЕ е период во којшто не беше реализиран ниту еден конкретен проект. Освен враќањето на оградата пред Владата и споменикот на Ќосето, друго нема“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на министерот Златко Перински.„Затоа денеска Перински мораше да се кити со тековни и наследени проекти од времето на СДСМ кои се реализираат на годишно ниво. Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата на Мицкоски се најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, кои оваа година нема да се реализираат.Бидејќи парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите а не преку општините, оваа година реализацијата на средствата е речиси невозможна или ќе биде минимална.За разлика од ова, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин.Освен неспособноста којашто ја манифестираше во изминатите 100 дена Владата на Мицкоски изврши директен удар и врз децентрализацијата и автономијата на општините“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања