Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

Screenshot-2024-10-21-125415

(Видео) Власта партиски ја киднапираше АНБ, претседателката Давковка да го запре најавеното спојување, вели Филипче

Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Аганецијата за национална безбедност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција повикувајќи за претседателката Гордана Сиљановска Давкова да регира.-Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.Сметам дека со овој манир премиерот Мицкоски потсетува на неговиот партиски претходник, кога овие институции се користеа и за пресметка со политички неистомисленици , со пресметка со новинари и не може никако поинаку да се толкува ова назначување на оваа навистина осетлива позиција, додаде тој.Филипче најави дека СДСМ ќе ги извести сите наши стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и ја повика претседателката Давковда да го запре најавеното спојување на двете клучни безбедносни агенции.-Ја повикувам и претседателката Силјановска Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агеницијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce4

(Видео) Мицкоски или не ја кажува вистина или нема никаков план за евроинтеграциите, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и пратеник, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека калкулациите и постојаните промени во ставовите од страна на премиерот Мицкоски, создаваат сериозни сомнежи за неговата искреност и за постоењето на јасен план за евроинтеграциите. Таквите променливи изјави на премиерот Мицкоски, како што кажа Филипче, отвораат сомнеж и дали воопшто премиерот ќе го прати најавуваното писмо до земјите членки на ЕУ.„Во предизборниот период видовме различни ставови за Преспанскиот договор а сега целосно други, и во однос на Договорот за добрососедство со Бугарија, исто променливи ставови. Премиерот најавува дека има поддршка од некои земји дека може да се подобри нашата позиција во преговорите со ЕУ, но министерот Муртезани во тоа го демантира, едноставно сметаме дека или не ја кажува вистината или нема никаков план“, рече Филипче.Во одговорот на новинарско прашање, Филипче посочи дека СДСМ не отстапува од барањето за итна собраниска седница на која премиерот и Владата ќе ја презентираат својата стратегија за евроинтеграциите и ќе кажат дали и каков план имаат за продолжување на процесот.„Ќе испратиме и формално барање до Собранието за одржување на ваква седница откако ќе видиме дали во јавноста премиерот ќе излезе со некаков став во однос на тоа, да сублимира неколку работи. Ќе го повторам ставот на партијата дека ќе поддржиме какво било подобрување на нашата позиција којашто премиерот и Владата ќе ја обезбедат. Но, не би поддржале ништо со што би се довеле до некаква формална блокада. При тоа имаме предвид дека за подобрување или за каква било промена на нашата преговарачка позиција потребно е со консензус да одлучат сите земји членки на ЕУ за што и евроамбасадорот во земјата господинот Рокас кажува дека тоа е многу тешко изводливо“, порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-pres-2

(Видео) СДСМ поднесува Закон за покачување на минимална плата на 450 евра

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче и пратеничката група на СДСМ, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, предложија измени и дополнувања на Законот за минимална плата. На прес-конференцијата, Филипче порача дека ваквиот предлог е поради моменталната голема економска несигурност и погрешните економски политики на актуелната власт.„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување во однос на раст на платите. Пред изборите ветуваа дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува.„Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена. Само за потсетување, Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и работеше за значително да се подобри животниот стандард на работниците. Во 2016 година, просечната месечна нето-плата изнесуваше 22.460 денари, додека во мај 2024 година достигна 41.252 денари. Ова е резултат на посветените политики кои имаа за цел да го подобрат животот на секој граѓанин, особено на работниците“, рече Филипче.При тоа, Филипче потсети дека во времето на Владата на СДСМ, минималната плата беше приоритет и се зголеми од 8.000 денари на сегашните 22.567 денари.„Оваа плата не само што го зголеми стандардот на работниците, туку влијаеше и на порастот на просечната плата во целата земја. Работниците во Македонија заслужуваат плати кои се во согласност со европските стандарди, а ние како одговорна партија тоа и го исполнивме“, порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-pres-1

Филипче: Владата нема мерки за покачување на платите, работниците се во тешка економска состојба

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ изминатиов период со погрешни економски политики донесе огромна социјална несигурност и наместо да се бори државата да остане на патот на економскиот раст и да има раст на платите, води погрешни и неуспешни економски политики, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и пратеник, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија задно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата.Филипче нагласи дека и Светска Банка во последниот полугодишен извештај нотираше дека оваа година ќе заврши со економски раст од само 1,8 проценти што е значително под очекуваните 2,5 проценти, додека проекцијата за следните две години е дека државата ќе има најниска стапка на раст во регионот.„Денес, просечната плата е намалена за 1.000 денари, мерките за намалување на цените не ги дадоа посакуваните резултати, а трошоците за живот постојано растат. Владата не презема конкретни мерки за покачување на платите, и со тоа ги става работниците и нивните семејства во многу тешка економска и социјална положба. Ветуваа дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува. Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена“, рече Филипче.При тоа, Филипче потенцираше дека сериозен проблем за македонската економија е повратот на ДДВ, односно дека долгот на УЈП кон компаниите е од 250 до 300 милиони денари, што не се има случено во последните седум години.„ВМРО ДПМНЕ ја враќа економијата во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ карактеристика и пракса до 2016 година. Сите овие индикатори потврдуваат дека Владата не создава подобри услови за стопанството и раст на економијата. Ова говори само за неодговорно менаџирање со парите на граѓаните, наместо тоа гледаме само зголемување на трошоците за живот“, порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

nov-direktor-anb-bojan-hristovski

Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик, вели СДСМ

„Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема сетрификат „Државна тајна“ и поднел барање за ваков сертификат дури откако по партиска диркетива беше назначен за директор на АНБ“, вели СДСМ.„АНБ како безбедносна служба располага со многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид се додека не го добие сертификатот.Ова ги потврдува сите сомнежи дали Христовски воопшто ги исполнува законските услови да биде на волку висока позиција.Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање.Понатаму, отворено е и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови?Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.ВМРО-ДПМНЕ брутално ги партизира институциите а со назначувањето на директор на АНБ води кон целосно уништување на безбедносните структури.СДСМ бара повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

nov-direktor-anb-bojan-hristovski

Лаже ли Бојан Христовски во биографијата?, прашува СДСМ за новиот директор на АНБ

„Назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција“, вели СДСМ и додава:Иако Христовски пријавил во биографијата пет календарски години раководен стаж недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.Законските услови за оваа позиција во делот на образованието се исполнети дури минатата година, со дипломирање на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и бизнис во Скопје. Но, претходно, тој бил дипломиран тренер по кик-бокс со што не ги задоволувал законските критериуми предвидени за оваа важна функција.Понатаму, во Биографијата објавена од Факултетот за безбедност, Христовски приложил Уверение за познавање на англиски јазик TOEFL од училиште во Пловдив – Бугарија.Но, на официјалните страници на TOEFL јасно стои дека немa TОEFL центар за тестирање во Бугарија. (https://www.toefl.givemesomeenglish.com/bulgaria-toefl-testing-dates-and-locations/)Дури и оние што не работат се наведени на оваа интернет страница. TOEFL центри за тестирање во Бугарија има во 6 градови но не и во Пловдив.Лаже ли Христовски во биографијата?Има ли Христовски вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик како што посебните законски услови бараат?Има ли 5 години стаж на раководни позиции и ги исполнува ли воопшто законските услови?Планот на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да поставува партиски кадри, да ги партизира и злоупотребува институциите значи целосно уништување на безбедносните структури.СДСМ бара итно повлекување на Трајковски и отворање нова транспарентна постапка за избор на нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми.

Македонија | пред 1 година

05062023_VRSM_BITIKI-7

Лоши прогнози на Светска банка за економијата во Македонија, тврди Битиќи

„Светска банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава. Овој извештај не е технички документ, тој е слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите. Нашата економија е во слободен пад!“, вели Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ и додава:Наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП – јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни, економијата ни е на смртна постела.Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е “топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата.Светската банка исто така посочува и на растот на цените, бавното темпо на јавните инвестиции. Но, ништо од ова не треба да е изговор за Владата да не реагира! ВМРО-ДПМНЕ не успеа да имплементира мерки кои ќе ги заштитат граѓаните од овие удари.Во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија. Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план.На крајот од годинава фискалниот дефицит ќе достигне 4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП. Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени.Ова значи дека иднината на нашите деца се продава во „четири очи“, а тие ќе го плаќаат овој ценовен товар уште многу години!Почитувани,Владата не може да ја контролира ситуацијата – луѓето едвај врзуваат крај со крај. Трошоците за живот само растат. Со повеќе пари, се купува помалку. Цените на основните прехранбени продукти само во септември се зголемија за 717,00 денари. А за прв пат, после седум години постојан раст, просечната плата се намали за 1.000 денари.Не смееме да заборавиме дека и владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи се апсолутен неуспех. Граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ.Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина.Најновиот извештај на Светската банка е јасен доказ за катастрофалните резултати на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која е неполни четири месеци на власт. Нивните економски политики, кои ги претставија како решение за сите проблеми, се покажаа како тотален неуспех.

Македонија | пред 1 година

Milievski1

(Видео) СДСМ бара да се разреши Христовски: „Тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ“

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите. Во член 10 од Законот за АНБ јасно стои дека директор на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија“, вели Методија Илиевски од СДСМ.„Наместо професионалец, на чело на АНБ власта поставува партиски човек, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активен пропагандист на власта.Бројни објави, фотографии и натписи на неговата Фејсбук страница кои целосно го потврдуваат ова. Буквално секој негов пост, е посветен на ДПМНЕ и во функција на пропагандата на Мицкоски.Христовски го има на слики во речиси сите партиски штабови на ДПМНЕ во Скопје. Може да се види многу горд со Мицкоски, со Силјановска, и како ревносно ги пропагира политиките на неговата партија.Буквално нема неполитичка, ниту некаква професионална објава на Христовски, сите му се партиски. Дури и во последните објави на Христовски се гледа тоа. На 25 септември, со слика пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ќе објави дека „ја чува организацијата“.Кога ги гледате овие објави многу смешно личат изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ дека се деполитизирал, тоа едноставно е чиста лага.Но, има и објави кои се загрижувачки и кои покажуваат какви се неговите скриени намери против самата институција на којашто е поставен.Еве ја таа објава. На 1 септември оваа година Христовски ќе напише, цитирам „Нека е честит петтиот и последен роденден на Агенцијата за национална безбедност!“Се поставува прашањето дали Христовски по партиски налог всушност ќе работи за уништување на АНБ?Со партизација на оваа важна институција, власта има единствена цел повторно да ги злоупотребува безбедносните служби за партиски цели. Исто како и во времето пред 2016 година.АНБ треба да остане независна институција која ќе работи за доброто на сите граѓани, а не за интересите на една партија и еден човек, а тоа се Мицкоски и ДПМНЕ.На политиката и на партиските кадри не им е местото во АНБ.Бараме итни мерки за департизација, односно разрешување на Христовски и назначување на нов директор на АНБ, со што ќе се врати професионализмот и довербата во оваа институција“, соопшти Методија Илиевски од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Daniela-Nikolova-Intervju-Alsat-M

Николова: За ДПМНЕ е важно само како да прибира политички поени и да манипулира со јавноста

Манипулациите со кои се служи власта се видоа уште кога најавија поддршка за општините од 250 милиони евра. Потоа велеа 100 милиони евра до крајот на годината, за денес да испаднат 65 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.- Ќе потсетам само на искуството од минатото, дека кога владеела ДПМНЕ, најмалку од се ја интересирала објективноста, туку само како да прибира дневно политички поени и секогаш тоа биле голи манипулации со информациите кои ги пласираат во јавноста, рече Николова.Прашана зошто општина Струмица не доби никаков буџет за реализација проекти, Николова рече не е исклучен и политички реваншизам.- Од искуството што го имаме наназад, може да има услови и за политички реваншизам. Сè уште немам информации дали општините кои ги добија парите ги исполнуваат условите или не, но ќе посетам, ова се случува само кога се ДПМНЕ на власт, рече Николова.Таа потенцираше дека во времето кога СДСМ беше на власт, редовно се префрлаа пари од централниот буџет за општините каде градоначалници беа од ДПМНЕ и коалицијата и немаше никаква селективност.- Еве конкретно општина Аеродром, па таму ниту еден проект немаше да се реализира ако не се слеваа пари од централниот буџет бидејќи градоначалникот, сега актуелен министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, буквално не реализира ниеден проект од нивната програма во Аеродром, рече Николова.Јасно е дека ДПМНЕ, освен манипулации со јавноста немаат ниту план ниту стратегија. Тоа се покажа во многу сегменти. Од нивата предизборна реторика, „никогаш Северна, само Македонија“, денес гледаме како го прифаќаат тоа Северна, а и Преспанскиот договор. Од нивните ветувања не видовме ништо, само лаги и манипулации.-Најсвеж пример е министерот за транспорт за врски, кој за железничката пруга со Бугарија, Коридорот 8, проект започнат во времето на СДСМ, велеше дека средстава ќе ги прнаманува затоа што проектот бил лош и завршувал во слеп тунел. Но откако доби опомена од ЕУ, сега вели дека проектот е добар и ќе се зборува за динамиката како да се гради. Ова кажува дека ДПМНЕ немаат ниту став ниту стратегија, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

„СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје. Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот“, вели СДСМ.„Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, во Бугарија или да го покани бугарскиот министер во Скопје и да ги расчисти сите дилеми околу проектот. Наместо тоа, Мицкоски продолжува да ги менува своите тези и да манипулира со јавноста.Ќе признае ли Мицкоски дека беше свесен за ова кога пред две недели отпатува во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен? На оваа средба се разговарал за Планот за раст, кој го предвидува заокружувањето на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија.Планот за раст, целосно подготвен од Владата на СДСМ, Мицкоски го потврди со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8. Мицкоски го имал овој документ со себе на 19 септември, но продолжува да ја заблудува јавноста.Дополнително, дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложи, а тој се согласи, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата? Зошто ја манипулира јавноста дека 500 милиони евра ќе потрошела нашата Влада за проектот? Дали владините претсравници во понеделникот во Брисел ја потврдија финансиката конструкција за пругата конБугарија според која државното директно учество е само 18 милиони евра?Овој капитален проект е од суштинско значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на Северна Македонија.СДСМ останува посветена на реализација на капиталните инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат поврзаноста и економскиот раст на државата“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski-a-1

(Видео) Николоски да се извини за сите лаги за пругата кон Бугарија и Коридор 8, побара Талески

„Со еден збор дебакл на сите лаги на Николовски. Со месеци трубеше Николоски лага дека дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.„Сега гледа јавноста дека ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.Она што требаше да го напрви Николовски е да излезе и да им се извини на граѓаните“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-9

(Видео) Власта оддели само 65 милиони евра за општините а најавуваше 250 милони, уште една лага на Мицкоски, рече Талески

„Иако помпезно се највуваа 250 милиони евра поддршка за општините од страна на власта, гледаме дека се доделени само 65 милиони евра“, кажа Миле Талески, пратеник на СДСМ.„Значи ниту најавените 250 милиони евра поддршка на општините ќе се релиаизра ниту пак 100 милиони за до крај на оваа година.Се покажа дека ова е уште една лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно разочарување и неисполнето ветување“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

taleski

(Видео) Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата, рече Талески

„Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.„Целта на овие законски одредби е да се избегне злоупотребата на безбедносните служби за партиски цели, како што тоа се случуваше во минатото. Со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.Мицкоски и ДПМНЕ го враќаат времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски цели.Граѓаните многу добро знаат како злонамерно беа користени како класична политичка служба за прислшкување, следење, но и дискредитирање, уценување и малтретирање на политичките противници и сите други кои не им беа по волја на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.АНБ во изминатите години се реформираше и професионализираше, а со овој чин власта на Мицкоски врши сериозен удар и врз професионализмот и врз безбедноста.Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што спроведуваат опасна партизација, ги загрозуваат стандардите на професионализмот, туку ја доведува во прашање и безбедноста на државата.Прашуваме и како Христовски воопшто ја поминал безбедносната проверка? СДСМ се противи на оваа политизација на безбедносните служби и бараме власта да го повлече ова незаконско назначување. Христовски треба да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ.За ова СДСМ ќе ги извести нашите стратешки партнери, земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади и Европската комисија.Мора да се заштити професионализмот и АНБ да биде во функција на заштита на државните интереси, а не на интересите на поединци и партиите на власта. Безбедноста на граѓаните и државата мора да биде над партиските игри и интереси!“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Итно да се врати бесплатниот пристап на новинарите до Централниот регистар

„Одлуката на актуелната власт да го укине бесплатниот пристап на новинарите до информациите од Централниот регистар претставува директен напад врз слободата на медиумите и уште еден очигледен чекор кон намалување на транспарентноста во државата. Оваа одлука е обид да се забави работата на новинарите и да се спречи нивната брза и ефикасна истрага за теми од јавен интерес. Со ова, Владата не само што ги гуши медиумите, туку и го загрозува правото на граѓаните да бидат информирани за случувањата во земјата“, велат од СДСМ.„Да потсетиме, уште од 2017 година, благодарение на одлуката на Владата предводена од СДСМ, новинарите имаа бесплатен пристап до базата на Централниот регистар, со што можеше брзо и ефикасно да се обезбедат потребните податоци за истражувачките новинарски стории. Со сегашната одлука, ова право се укинува, што дополнително го ограничува пристапот до информации од јавен карактер, кои се клучни за транспарентноста и отчетноста на власта.Актуелното раководство на Централниот регистар одлучи дека оваа одлука на претходната влада „не е во согласност со законот“, според кој бесплатен пристап имаат само корисниците на средства од Буџетот на Република Северна Македонија, но не и новинарите. Ова е неприфатливо и претставува брутален обид за замолчување на медиумите и ограничување на нивната улога во контролата врз власта.СДСМ најостро ја осудува оваа одлука и бара итно да се врати бесплатниот пристап на новинарите до Централниот регистар! Власта нема право да ги спречува новинарите во нивната работа и да ја урива транспарентноста која е темел на демократијата. Новинарите мора да имаат слободен пристап до сите информации кои се во интерес на јавноста, за доброто на граѓаните и на нашето општество.Транспарентноста е должност, а не право кое треба да се ускратува!“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-1100PM

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

„Станува се потешко да се изборјат лагите на ВМРО-ДПМНЕ во овие стотина дена откако ја преземаа власта. Најновата лага која со месеци ја трубеше министерот Александар Николоски е дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот“, велат од СДСМ.„Ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.Има ли нешто за што не излажа Николоски откако е седнат на фотелјата?СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Единствено што постигнаа е да ја окупираат јавноста и медиумите со нивните бескрајни соопштенија и прес конференции.Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.Неодамна Владата во целост го потврди и планот за раст кој СДСМ го подготви и во целост го потпиша, Мицкоски се повикува на Преспанскиот договор како добар приемр за дипломатија и бара таков договор со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ги призна сите добри политики на Владата кои претходно ги криткуваше. Лицемерието е огромно и невидено на овие владини простори“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Ljubica1

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа“, кажа Јанчева

„Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа! Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области“, рече Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.„Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај.Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз. Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено.Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје“, изјави Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Скопје | пред 1 година

MitkoTrajculeski

(Видео) СДСМ против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини, вели Трајчулески

„СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, наместо институции за сите граѓани“, рече пратеник Митко Трајчулески од СДСМ.„Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството.Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници.Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби.СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните.Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии. Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година.Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник“, изјави пратеник Митко Трајчулески од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката.-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на "етнички чисти" институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, вели Филипче.Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче.Тој изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ молчи за ова прашање, што според него значи одобрување на иницијативата и најави дека СДСМ ќе се спротивстави на ваквите проекти со сите механизми.-Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува. СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект, порача претседателот на СДСМ, Венко Филпче.

Македонија | пред 1 година

jsp

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа, велат од СДСМ

„Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед“, соопшти СДСМ.„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо.ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остави скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на јавниот превоз и на целиот град“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

02102024-Mickoski-8

Прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски, премиерот да каже која е алтернативата, прашуваат од СДСМ

„Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И како опозиција и како власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го блокираат европскиот пат на државата. Резултат на тие погрешни политики и дипломатски промашувања го гледаме денеска. Албанија продолжува напред по патот на ЕУ а Македонија влегува во нова неизвесност, без план како да понатаму“, вели СДСМ.„Наместо да биде ден кога сите политички субјекти и граѓаните заедно ќе се радуваат на нов национален и државен успех, на нова надеж за подобро утре, денеска со горчина може да контстаираме дека Македонија повеќе нема европска перспектива.Никој друг не е виновен за тоа освен Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ не може да биде параван за промашените политики на Мицкоски за ЕУ.Со визионерски и храбри одлуки СДСМ ги реши отворените прашања кои ги имавме, ја внесе Македонија во НАТО и ја донесе пред прагот на ЕУ.Последниот чекор кој ВМРО-ДПМНЕ намерно и свесно не го направи е единствено поради лични и бизнис интереси на Мицкоски и неговите соработници.Сега власта треба да излезе пред граѓаните, да им се извини и да каже која е алтернативата“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

jovanka

Тренчевска: За само 110 дена новата влада не врати назад, Албанија е веќе пред нас на пат кон ЕУ

Во изминатите 110 дена не видовме никаков оптимизам за државата, туку песимизам, за само 110 дена со новата влада на ДПМНЕ толку сме назад, што не тргнаа од патот кон ЕУ, не сме веќе заедно ниту со Албанија, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.Тренчевска порача дека СДСМ нема да биде кочничар, како што беа ВМРО-ДПМНЕ, на европскиот пат на Македонија но ќе се спротивстави на секоја манипулација на власта.Власта, додаде таа, има обврска да го претстави планот како ќе продолжи европскиот пат понатаму или да каже која е алтернативата.-Ние како СДСМ повикуваме на затворена седница да разговараме за европската иднина, да даде извештај и вицепремиерот за европрски парашања и премиерот и да видиме како понатаму, нагласи Тренчевска.Пратеничката Тренчевска потсети дека СДСМ го заврши скринингот и тоа е голем успех и ако ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период не беше кочничар на европскиот пат, да се донесеа уставните измени, сега ќе одевме напред со Албанија, сега ќе имааше втора меѓувладина конференција, на која што ќе почнеа преговорите за првото поглавје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст“, велат од СДСМ.„Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, соопштува СДСМ.

Македонија | пред 1 година

BogdankaSDSMpres

(Видео) „Коце Трајановски веднаш да го разреши Миланчо Митревски, фатен е како ја злоупотребува службената положба“, вели Кузеска

„Мора да има одговорност за сканалите во ЈПДП и злоупотребите на патарините. Веќе објавивме дека Коце Трајановски и ДПМНЕ го поставиле Миланчо Митревски за шеф на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, иако не ги исполнува условите за тоа“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Фатен бил како ја злоупотребува службената положба. На Митревски му е изречена дисциплинска санкција за тоа што наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот го присвојувал за себе.Неговиот единствена квалификација за оваа функција е тоа што е партиски кадар на ДПМНЕ и сопруг на советничка на истата партија во Велес. ДПМНЕ ја враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите како до 2016 година.Но, скандалот во ЈПДП е уште поголем затоа што за Митревски не важат прописите и законите. Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски не плаќа патарини.Ова е апсолутно недозволиво. Народот да плаќа, додека за партиските шерифи на Мицкоски и Трајановски да не важат закони и прописи и да прават што сакаат.Ова е типичен пример на партиска злоупотреба на институциите и јавните ресурси.И овие скандали се случуваат во исто време кога МВР поднесе 18 кривични пријави за неплаќање патарина, за 12 полицајци и за 6 вработени во патарините.Тошковски и МВР треба да одговорат зошто Митревски не е сакнциониран? Зошто за него нема кривична пријава?МВР има селективен пристап или за него не важат законите затоа што е кадар на ДПМНЕ?СДСМ бара итна разрешница на овој скандал и одговорност. Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Миланчо Митревски од функцијата шеф на контрола на Наплатна служба.МВР и Тошковски веднаш да реагираат, да преземат мерки сите надлежните институции за соодветна одговорност.Не може да има двојни стандарди во владеењето – еден за народот и друг за партиските шерифи на ДПМНЕ“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kocze-trajanovski

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите“, вели СДСМ.„Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините а вишокот пари си ги земал за себе.Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини.За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта.Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат.СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски“, соопшти СДСМ

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-08-at-11.48.34

Запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци - вчера изгореа четири возила, сторителите не се познати, вели СДСМ

„Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа“, вели СДСМ и додава:.Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања