Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

IMG_6780

Tречевска: Цените не се намалени, мерките на владата немаат ефект

Цените на производите по маркетите не се намалени, иако Владата тоа помпезно го најавуваше. На ова реагираа и граѓаните, освен еден вид леб, чија цена е намалена за 1 денар, на останатите производи нема намалување, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Отворено“ на 24 телевизија.-Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животниот стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Трнчевска.За време на изборите слушавме како ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја покачат минималната плата, а денес слушаме изјава на премиерот, кој вели дека платите ќе се покачат, тогаш кога ќе има можност, додде Тренчевска.-Во изминатите години имавме постојан раст на платите, тргнувајќи од минималната плата и просечната плата. Во изминатите години, СДСМ ги покачи, минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, а просечната од 20.000 на 41.939 денари. Сега наместо покачување, за еден месец, откако ДПМНЕ е на власт, имаме пад на просечната плата за илјада денари., рече Тренчевска.Таа потенцираше дека власта ги извиси и наставниците и за првпат тие не ја почнаа годината со повисоки плати, а ниту пак ќе добијат покачување, иако им следува согласно колективните договори. За разлика од сега, со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.-Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се погрешни, и не придонесуваат кон подобрување на стандардот на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Зголемени се цените за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

,,Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, цените на основните производи продолжуваат да растат.Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари.Ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните.Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните.Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи.Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.”, реагираат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Мицкоски ги остави наставниците без покачени плати, иако им следуваат

,,После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори.Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата. Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза.Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието.Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници.Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.СДСМ бара власта да ја смени оваа погрешна политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е нејзина обврска.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Додека ние ги поддржувавме граѓаните во време на ковид кризата ДПМНЕ опструираше

,,Владата предводена од СДСМ не само што успешно менаџираше со здравствената криза предизвикана од Ковид – 19 туку успешно се справи и со економските последици кои ги предизвика.СДСМ вистински ги поддржуваше граѓаните и компаниите. На почетокот на Ковид-19 кризата, веднаш одговоривме со директни мерки за поддршка на секое работно место и нарушен бизнис и спасивме над 120.000 работни места.Со неколку пакети и директни мерки ефикасно и успешно реализиравме помош од над 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, а со дополнителните субвенции помошта за целата економија достигна 1,1 милијади евра или 10% од домашниот БДП.Сите сегменти кои беа погодени од кризата беа опфатени.А што правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на Ковид кризата?Седеше на страна и опструираше, спроведуваше блокада на помошта за граѓаните и компаниите во македонското Собрание. Ништо друго.Дури не се ни срамат денеска од тоа. Па шест години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат.Зад таа лага со години сведочеше оградената парцела со лимени тараби.Не поминуваат овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ.“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6762

Петровска: Наместо писма ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да закаже Комисија за Законот за бранители

,,Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, по скратена постапка се пораз за демократијата, демант на сите изјави на истите тие политичари кои велеа дека сме свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односни, но и најголем доказ дека некои политичари не ја сфатиле суштината на интеграцијата во Европската унија и не ја сфатиле својата улога во нашето општество.Предлог законот има една единствена цел, а тоа е да се допрецизира право кое е веќе утврдено во законите и да се предвидат одредби кои ќе значат правилен и правичен надоместок за жртвите и настанатите последици.Но, наместо дебата, наместо дисусија за подобрување на текстот на законот, изјавите се сведоа под секое ниво и за жал, партиите на власт наместо да покажат државнички капацитет, покажаа незрело однесување и се впуштија во натпревар за тоа кој ќе го има последниот збор или кој ќе излезе со некој досетлив предлог.Почитувани колеги пратеници од власта, овој предлог закон не е шаховска игра, не е ниту провокација, ниту обид за дестабилизација. Овој предлог закон е одговор на барањето за правда и правичност и тоа се мотивите заради кој овој закон е поднесен. И овој закон не се однесува само на припадиниците на безбедносните сили кои учествувале во воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес и заштита на Република Северна Македонија.Ако денес мене како предлагач ме обвинувате за дестабилизација и скриени намери, тогаш значи ли тоа дека и во ноември 2023 година кога ДПМНЕ го поднесе предлог законот правеше провокација? Дали тогаш нивниот предлог беше предизборен маркетинг и злоупотреба на ова прашање за изборни цели? Не сакам да помислам дека ова е така.Затоа што јавноста има право да ја знае вистината, ќе соопштам дека предлог-законот кој тогаш беше поднесен како иницијатива од Достоинство беше подготвен во мојот кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов.Но, заради неговата одлука да направи предизборна коалиција со ДПМНЕ, тој предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. И тој предлог-закон СДСМ го поддржа.Наместо од ДПМНЕ да уценуваат со писма кои постапката ја враќаат чекор назад, нека го задолжат Претседателот на Собранието да го примени Деловникот, исто онака како што тоа го направи за задолжувањето од Унгарија и согласно член 126 став 3 нека ја закаже седницата на комисијата за труд.Во спротивно, изјавите на првиот вицепремиер Меџити дека ставот на владејачката коалиција е дека овој закон нема да се донесе ќе биде потврда дека ДПМНЕ во Собранието се само бројка и немаат капацитет да ги реализираат ветувањата.Колеги од власта, ви изгореа сите лаги и лицемерието и немањето капацитет да обезбедите услови овој закон да биде донесен ви излезе на виделина.”, вели Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Проектот Александропули е доказ за визионерството на Владата на СДСМ

,,На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули, проект во кој претходната Влада предводена од СДСМ, визионерски учествуваше од самиот почеток.Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот.Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија.Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година.Кога Владата на СДСМ ја презеде иницијативата за овој проект ВМРО-ДПМНЕ беше против. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека “Најавата на Владата за инвестирање во Грција е штетна од неколку аспекти и тоа: политички, финансиски и економски“.“Намерата и постапките за инвестирање надвор од Македонија во енергетскиот сектор во овој момент, најблаго речено, се знак или за тотално неразбирање на проблематиката и економската состојба на Македонија, или намерно уништување на енергетскиот сектор“ беше ставот на ВМРО-ДПМНЕ.Денеска се покажува дека СДСМ била во право.СДСМ е горда на својата улога во обезбедувањето на енергетската иднина на земјата и на значајниот придонес кој го направи за енергетската безбедност и економскиот развој на Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека нашата партија секогаш работи во интерес на граѓаните и на долгорочната иднина на нашата земја.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

„Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување“, велат од СДСМ и додаваат:Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните.Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите.Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард.Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари.Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила.Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите.

Македонија | пред 1 година

petrovska-krupen

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.-Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања, да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се до заминувањето. Одеднаш ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што 7 години зборуваше и лажеше дека сме ги продавале националните интереси, вели дека СДСМ кревала галама затоа што немало државното знаме. Државното знаме е симбол. Должност на претседателот на државата е да ги штити симболите и интересите на државата. Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата. За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска.Петровска порача дека ВМРО ДПМНЕ треба да се разбуди од сонот дека е се уште опозиција, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, а не за се и сешто да ја обвинува СДСМ.-СДСМ е виновен за знамето што го немало во Софија? Зарем СДСМ е виновен и затоа што Мицкоски отиде неспремен во Брисел? Секако не, потенцираше Петровска.Петровска посочи дека благодарение на Владата на СДСМ, Северна Македонија сега е земја членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ.-Тоа што СДСМ 7 години правела во делот на меѓународна политика е јасно. Седум години СДСМ ја враќаше државата на маса со земјите членки и на НАТО и на Европската унија со таа меѓународна политика. Благодарение на меѓународната политика на владите на СДСМ, денеска сме земја членка на НАТО и започнати преговри со ЕУ, за кои патем Владата на ВМРО ДПМНЕ назначи главен преговарач, рече пратеничката Славјанка Петровска.

Македонија | пред 1 година

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Кузеска: Потребна е деескалација на односите меѓу Бугарија и Македонија

,,Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните интереси на нашата држава.Неодамнешниот инцидент за време на посетата на Силјановска во Бугарија е пред се грешка на протоколот на претседателката. Ова незнаење на нашата дипломатија, кое очигледно Бугарија успешно го искористи, не смее да биде понатаму злоупотребувано од Владите во Скопје и Софија за ескалација на односите.Уште поопасно е доколку оваа ескалација на односите се прави тенденциозно за да се намали штетата која предизвика скандалот врз рејтингот на владеачката партија. Ако ова е целта, тогаш тоа е погрешно и ја води земјата кон уште поголеми проблеми.Бугарија исто така мора да сфати дека нејзината политика кон нас е од клучно значење за зачувување на дијалогот и дека пораките со кои се заоструваат односите не се во интерес на ниедна од страните.СДСМ апелира да се задржат конструктивните тонови и соработка. Веруваме дека преку дијалог и одговорна политика терба да се градат и продлабочуваат односите. Многу е лесно нешто да се скрши а далеку потешко да се залепи.Со жалење констатираме дека она што до сега го гледаме во надворешната политика на Владата е само во функција на одалечување на земјата од европскиот пат и враќње назад во време на конфликти. Оваа политика нема да донесе ништо добро. Затоа, повикуваме на разум, одговорност и посветеност кон реформите кои ги започнавме, бидејќи тие се единствениот пат за подобра иднина на нашите граѓани и нашата држава.", вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Kuzeska

Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите, прашува Кузеска

,,Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски.Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.Доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно.Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена.Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира.Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија.Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид.Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата.Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски.Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните.”, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kuzeska

Кузеска: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

,,Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР.Јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ.Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата.Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност.Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога.Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави.Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски.Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност.За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци.“Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија“Вака зборуваше Тошковски на 19 февруари како технички министер, веднаш по инцидентот.Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци.Покажавте дека ниту за правдата, ниту за одговорноста, ниту пак за тепаниот полицаец кој изеде ќотек пред кафе барот Мош воопшто не ви е грижа.Го повикуваме Панче Тошковски да излезе пред јавноста и да одговори?Дали оваа срамна одлука е донесена под директен налог на Христијан Мицкоски?Која е вистинската причина за која е ослободен Бисовски?Доколку Тошковски не одговори, СДСМ ќе ги даде одговорите пред јавноста.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите

,,Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат.Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста.СДСМ во време на сите кризи во изминатите години имаше конкретни и ефективни решенија. Цените беа намалувани за преку 500 производи за исхрана, но се држеа под контрола и цените на оснататите производи и на енергенсите. Ова е вистинска грижа и концепт за заштита на стандардот на граѓаните, а не половични решенија кои нема да имаат никаков ефект.Ако Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конректен предлог закон со кој проверено ќе заштедат сите граѓани и ќе се амортизира ценовниот шок, додека компаниите нема да сносат штети.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

,,Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука.На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6605

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо домашните. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Собранието на која се расправа за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка.Битиќи во своето обраќање појасни дека заемите, како овој, кои доаѓаат од ЕКСИМ банки, независно дали тоа е од Унгарија или од друга земја, наметнуваат и услов, парите да се користат за фирми кои доаѓаат од матичната земја.„Но, каде е овој услов во образложението, во предлог законот за задолжувањето или во самиот договор? Зошто никој јасно не кажува дека средствата можеби ќе одат директно за одредени унгарски компании, а не за поддршка на македонскиот бизнис!? Зошто македонските компании не се споменуваат? “, праша Битиќи во своето обраќање.Давајќи осврт на образложението на предлог-законот за задолжување Битиќи посочи дека во него како примарна цел се наведува е унапредување на постојаната и воспоставување на посебна економска врска со Унгарија, а никаде не се споменува најавуваната директна поддршка за македонската економија.“ Никаде, апсолутно никаде, не се споменува тоа што премиерот го најавуваше – 250 милиони евра директна поддршка за македонската економија под истите услови што се споменуваат за заемот, 3.25 проценти камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата, или вкупно 15 години. Ако ова беше толку голем успех за македонската економија, зошто нема ни еден збор за тоа во официјалното образложение? Наместо тоа, се наведува една генерализирана цел за „унапредување на економската соработка со Унгарија,“ што не кажува ништо конкретно за тоа како и на кој начин овој заем ќе ја поддржи македонската економија. Ова создава сериозни сомнежи за вистинските намери зад ова задолжување и за тоа како средствата ќе бидат распределени“, рече Битиќи.Битиќи посочи и на опасностите кои ова задолжување ги носи за јавниот долг и создавањето на долгорочни обврски кои може да доведат до повисоки даноци и кратења во јавните услуги.„Ова ново задолжување од 500 милиони евра директно ја загрозува макроекономската стабилност на државата и дополнително ќе го оптовари јавниот долг, кој веќе се движи на опасни нивоа. Како што кажав при ребалансот на буџетот, кога некои 400 милиони евра од овие пари беа сокриени, со додавање на овие средства, јавниот долг ќе надмине 68%, а ако продолжат со истата пракса на редовно задолжување, ќе достигне дури 75% од БДП, што ќе претставува алармантна граница за економска криза, а кон која Владата има очигледна намера да не доближи. Ова не само што ќе го ограничи просторот за идни фискални политики, туку ќе создаде долгорочни обврски кои ќе мораат да се финансираат преку повисоки даноци или кратења во јавните услуги“, рече Битиќи.Пратеникот Битиќи предупреди дека преку вакви заеми се ризикува државата да падне во замка на економска и политичка манипулација.„Ова е типична стратегија на авторитарни држави кои користат финансиски средства за да поттикнат долгови и да наметнат политички и економски услови, како што сме виделе во многу други држави. Недостигот на транспарентност околу условите на овој заем, заедно со неговата геополитичка природа, укажува на намери кои не се само економски, туку и политички мотивирани, ставајќи ја државата во директна зависност од надворешни актери со ерозивни агенди“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни

,,Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите.Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие тоа го паметат. Во 2017 , а не денес, субвенциите за земјоделците се исплаќаа на два дена пред избори и се доцнеше 4, 5 па и 6 години. Пример во 2017, Владата на СДСМ исплаќаше субвенции и огромни долгови за 2012 и 2013 година.Лага е дека ќе се исплаќаат субвенции од претходните 4 години. Денес , со една милијарда од ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по тековни барања од 2023 година.Агенцијата задолжена за исплата јавно нека ги објави и информира за која програма односно година се потрошени парите од овој ребаланс.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-15-at-12.24.43

СДСМ: Гордана Сиљановска е недостојна за Претседател

,,По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на дравата. По скандалозната посета на Софија, таа сега информираше дека свесно решила да се слика без знаме за наводно да не направела скандал. Свесно се сликала и свесно ја објавила фотографијата, па според ова таа свесно предизивикала понижување на државата и граѓаните.Силјановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско.Во услови кога Северна Македонија има исклучително важен период и одлуки кои треба да ги донесе, ваквиот аматеризам во дипломатијата е недозволив. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директно одговорни за овој срам, заедно и на чело со Тимчи Муцунски кој исто како Силјановска, вчера немаше ниту еден конкретен одговор на ниту едно прашање при неговото гостување. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

,,Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.Му е гајле на Мицкоски за граѓаните.Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените а платите продолжија да растат. Во Србија на пример поевтинија над 700 производи.Кај нас Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.",вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

,,Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија?Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.", вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Сиљановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

,,После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во скандалот.Силјановска свесно прифатила, се сликала а потоа и самата објавила средба без ниту едно државно обележје, без македонско знаме. Истото го направиле и министрите во Владата на Мицкоски.Овој скандал ќе поминеше незабележан доколку јавноста бурно не реагираше на него и затоа обидите да се покаже некава сила после овој дипломатски дебакл е само јалов обид да се оправда дилетантизмот и наивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.Зар Силјановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ?Муцунски ли е тој што треба да се бори за македонските позиции во меѓународни рамки а не успеал една средба во Софија достоинствено да ја организира?ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа, вели СДСМ

„Од ден во ден станува се појасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат во скратена постапка да го донесат овој закон. Вчерашните инфомрации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески. Па го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова?“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес.Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.Јасно е дека со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.Очигледно власта сака да ја сокрие корупцијата и политичките интереси кои се основа на овој закон.Без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истуркаат скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка.Мицкоски на овој начин си испиша корупција на чело.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

,,Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена.За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри. Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција.Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра?Корупцијата којашто ја подготвиле и ја договориле, заедо со провизиите и скриените трошоци.Законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.Мицкоски едно зборува во говорите а друго прави. Со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.Мицкоски си испиша корупција на чело.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Се потврди дека шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наум Рамука

,,МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта.Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин.За шестмина полицајци, МВР предлага постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе.Ова е брука и срамота.Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука.Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3514

Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

СДСМ и коалицијата го искажа својот став за овој Закон за локална самоуправа во македонското Собрание, со гласање против потребата од носење на законот по скратена постапка, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во одговор на новинарско прашање.-Ние сме против носењето на ова законско решение. Сметаме дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи на функционирањето и на поделбата на власта во државата. Носењето на вакво законско решение, е спротивно на уставните начела со кои граѓаните ги носат одлуките за локалната власт исто како и за локалната власт. Носење на вакво законско решение, без одлука на граѓаните, ќе може да се врши промена на градоначалници во одредени општини и на тој начин им се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Од овој аспект сосема исправно е да кажеме јасно и гласно пред јавноста дека ваков закон нема да добие поддршка од СДСМ и од коалицијата, рече Спасовски.Кога станува збор за избори, последниот збор мора да го имаат граѓаните, додаде Спасовски.-Ќе се соочиме со состојба во којашто веднаш после одржување на локални избори, повторно ќе се создава пракса да може од било која причина на некој од градоначалниците да му престане функцијата и без при тоа да одлучуваат граѓаните, до крајот на мандатот да раководи некој што е одреден за заменик градоначалник, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Спасовски: Го осудувам приведувањето за црквата во Галате, институциите преку дијалог да најдат решение

Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето на било кој во еден ваков случај и секако дека не треба да се посегнува на таков начин на однесување кога станува збор за верски објекти, институциите треба преку дијалог да најдат соодветно решение, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска.-На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи, апсолутно не смееме да се играме со правото на вероисповед. Се што треба да се решава треба да помеѓу институциите на системот, дали е тоа МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, локалната власт и централната власт. Преку дијалог мора да се дојде до решение, рече Спасовски.Како и на кој начин се однесува полицијата и што е она што се прави не сакам повеќе да кажам, ќе ги напоменам случувањата на аеродромот во Скопје, на граничниот премин Блаце, она што се случува во Галате и уште низа на други примери во државата. Нема оправдување од типот сегашни или поранешни структури. Не може во македонската полиција да има сегашни или минати структури, таа треба да им служи на граѓаните, додаде Спасовски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Нема одговорност, Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски

,,Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши.Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на граничниот премин, иако немаат никаква одговорност.Со добро познатите методи на ВМРО-МВРО се казнуваат невини и чесни луѓе, кои си ја работат својата работа професионално а се штити вистинскиот одговорен за скандалот. Кога се политичките дилови на коалициските партнери нема одговорност од функционерите.Тошковски и Мицкоски обезбедија партиско-политичка заштита за нивниот омилен началник Рамука. Нема одговорност за фунцкионерите од власта.Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски?Да се местат луѓе да одговараат иако ништо не згрешиле, само за ДПМНЕ да си ги покрие скандалите?Ова е неправда од надолен вид. Брука и срамота.Обвинителството не смее да молчи, мора да постапи по овој случај, невините да се спасат а да одговараат вистинските виновници.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања