Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

protest10072022

Вечер одново народ на улици, објавена маршутата за протестот

Денес продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација.Да се обединиме под македонското знаеме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме.Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието.Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија.Да кажеме НЕ на Ултиматумот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-10-at-10.59.59

(Видео) Мицкоски јавно прифати внесување на Бугарите во Уставот

„Христијан Мицкоски со години ги лаже своите сопартијци и граѓаните глумејќи лажен патриот, и еднаш зборува едно, друг пат друго за односите со Бугарија“, вели СДСМ.Тие додаваат:Тоа се потврдува и со контрадикторните изјави што Мицкоски ги дава.Истиот тој Мицкоски велеше дека тој и ВМРО-ДПМНЕ јавно прифатија Бугарите да бидат застапени во Уставот, за денес тој да е прв противник на тоа.Мицкоски заедно со неговиот партнер проруската Левица имаат само една цел, да наштетат на државните позиции и евроинтеграцијата, одработувајќи за туѓи интереси.Тоа се фактите и тоа е вистината, се друго е лага и лицемерие на Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.54.20

Насилството го покажа вистинското лице на анти европската коалицијата ВМРО ДПМНЕ - Левица, вели Кузеска

„Протестот е уставно и демократско право. Но, насилството и сликите коишто вчера ги видовме, повредени полицајци, насилници со качулки на виделина ја покажа вистинската цел на деструкцивната анти-европска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Тие додаваат:СДСМ најостро го осудва насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија во земјата, нови поделби и раздор и да се закочи целата држава.Тоа е вистинскот лице и вистинската цел на анти европската коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица.Во период кога траат широки и инклузивни консултации ВМРО-ДПМНЕ и Левица, наместо дијалог и конструктивност, одбраа да организираат насилни протести, да шират лажни вести измислуваат црни сценарија со кои ја плашат јавноста.Тоа е уште еден доказ дека Мицкоски и Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мислат добро на државата, не им мислат добро на граѓаните.СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози иднината на државата.Сакаме јасно да порачаме на сите деструктивни сили дека нема да дозволиме да се загрози стабилноста на државата. Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април.Тоа нема да го дозволиме. Ние сме членка на НАТО и продолжуваме по евро-атланскиот пат.Пред нас е предлог кој е согласност со нашите црвени линии, предлог кој содржи чиста формулација на македонскиот јазик, кој гарантира дека историските прашања со Бугарија нема да бидат дел од преговарачката рамка.По години чекање, конечно имаме можност сосема заслужено да започнеме со преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица и нивните деструкции нема да ја загрозат европската иднина на државата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.47.06

„Овие не бранат јазик и идентитет, овие сакаат да убиваат“, вели пратеничка на СДСМ

Откако демонстрантите ја пробија заштитната ограда пред Владата на Република Македонија, се огласи пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.„Зарем ве личи со терористи и злосторничко здружение да сте во ист собир?ОВИЕ не бранат јазик и идентитет, овие сакаат да убиваатВакви бандити терористи влегоа во Собрание на 27.04.2017 да убиваат пратеници па после ВМРО ДПМНЕ СЕ ОГРАДИ ОД НАСТАНИТЕ НА 27“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

05-01-2021-Kostovski

Јавно да се објават политичарите кои имаат бугарски пасоши, бара пратеник на СДСМ

Како пратеник од редовите на СДСМ јавно предлагам сите политичари, пратеници, функционери и креатори на јавното мислење да се проверат и објават јавно кој има двојно, кој само македонско државјанство , предлага во објава на својот Фејсбук профил пратеникот од СДСМ Мартин Костовски.-Јавно да ги објавиме сите политичари своите анкетни листови и народот да види кој што поседува. Посебно тие со бугарски пасоши.Да знаат граѓаните со кого си имаат работа, кој им продава патриотизам,а има резервна држава.Доста лажни патриоти продаваат патриотизам и сеат магла-ЈАВНО ДА ВИДИМЕ КОЈ Е ЧЕСЕН А КОЈ НЕ, пишува Костовски.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата, вели СДСМ

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, вели СДСМ„Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега“, се вели во соопштението

Македонија | пред 3 години

2-2

Најголемите 4 лаги на Мицкоски, објави власта

СДСМ објави соопштение, кое ви го пренесуваме во целост:Лага број 1 на МицкоскиСпоред него, Ковачевски би направил огромна грешка ако ја одобри оваа рамка бидејќи во тој случај Македонија би влегла во Европската унија асимилирана и бугаризирана.Вистина:Ова е ноторна лага и средство за заплашување на граѓаните. Република Северна Македонија никогаш нема да биде ниту асимилирана ниту бугаризирана. Тоа не и успеало на Бугарија за време на на Втората светска војна, а не па денес кога сме независна држва и членка на НАТО. Не може да стане збор за бугаризација кога имаме чист македонски јазик.Рамката за преговори за членство во ЕУ е рамка за разговори меѓу двајца рамноправни партнери со посредство на ЕУ. Во текот на преговорите околу сите отворени прашања ќе прифатиме само она што сметаме дека е достоинствено и праведно како и до сега. Го заштитивме јазикот и идентитетот и во тој дух треба да продолжиме понатаму но за тоа да се случи и процесот треба да продолжи.Лага број 2 на МицкоскиАко нас ни значи Македонија, ако ни значи делото на нашите предци, ве повикувам утре како граѓанин обичен, да излеземе пред платото на владата и да кажеме едно големо НЕ во 19 часот.“Вистина:На Мицкоски Македонија му значи само за него личен и партиски интерес. Неговата партија е таа која суштински го менуваше идентитетот на нашиот народ, која ги потценуваше великаите на нашата литература, лустрираше поети и наметна лажно античко минато. Партијата на Мицкоски е таа која ги слави крвниците на македонските реовлуционери, која дигна споменик на Ќосето со нож во рака, која во својот статут го има Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ е партија на лицемери кои ги користат и злоупотребуваат националните чувства за своја политичка корист. Никогаш ниту ги интересирала државата ниту Македонците туку како да го ограбат. Вистински патриотизам значи грижа за граѓаните, развој на државата, обезбедување сигурност за децата, обезбедување мир и заедништво. Тоа го прави и ќе го прави СДСМ како државотворна партија.Лага број 3 на Мицкоски:Со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот.Ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои револуционери биле Бугари. Дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата и Ковачевски, Османи и Маричиќ ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име дека не ја говори вистината – или да бидам подиректен и вулгарен: ве лажатВистина:Ова е уште една бесрамна лага од страна на Мицковски. Токму заради тоа што ништо од таквите барања не е прифатено бугарските националисти бараат да се поништи одлуката за симнување на ветото од страна на Бугарскиот парламент.Ниту имаме обврска за тоа да разговараме ниту да прифатиме било што без наша согласност. Лага е дека некој има право да ги менува нашите учебници, лага е дека ќе се прифатела бугарската интерпретација на историјата. Лага е дека ќе сме прифатиле дека, македонските револуционери и јунаците од нашата химна биле Бугари.И лага е дека ќе сме прифателе дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, што и за него да мислата во Бугарија или да кажуваат.Историската комисија има долг мандат пред себе да најдат соодветни решенија за сите отворени прашања кои во нема да бидат навредливи или недостоинствени за било која од страните. Вака комисијата работи веќе неколку години и така ќе продолжи да работи. Се што ќе биде одлучено ќе биде предмет на транспарентна расправа, токму како оваа сега за францускиот предлог.Мицкоски и неговите советници или не знаат да читаат или се што ќе прочитаат погрешно интерпретираат. Тоа се политичари кои околу себе гледаат само национални предавници, бидејќи во основа поинаку не може да водат политика. Мицкоски само знае да шири страв и го плаши македонскиот народ со некакви предавници и меѓународни заговори.Лага број 4 на МицкоскиАпсурдно да се бориме за иднината ако преговараме за работи кои се случиле пред десетина векови и затоа, како што посочи, сега е моментот народот да биде гласен.ВистинаНема иднина за еден народ ако не го одбрани своето историско минато колку и тоа да биде од некого негирано и фалсификувано. Ние не преговараме за него туку го браниме. Но и не го фалсификуваме како тоа што го правеа Груевски, Мицковски и нивната партија. Најголемиот фалсификат на македонската историја и идентитет го правеше токму ВМРО-ДПМНЕ. Целосна конфузија и нови идеали изгради нивната партија под превезот на патриотизмот а со една цел - криминал наречен Скопје 2014. Минатото си го знаеме и ќе го одбраниме, ова што го правиме е за навек да имаме јасни позиции, но и државата да напредува. Напредокот му пречи на Мицкоски, не историјата.

Македонија | пред 3 години

Mickoski

Мицкоски нема чувство за државност и одговорност, вели СДСМ

„Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат дека имаме чист Македонски јазик во ЕУ, идентитетските прашања се заштитени, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес“, велат од СДСМ.Ова Мицкоски упорно не сака да го види и заради политички интерес се обидува да претстави нешто различно.Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како што беше ветено, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Со ова јасно потврдуваме дека нема ништо ниту тајно, ниту скриено во овој процес, а овој предлог е вреден за широка дебата и добра можност за кончено отпочнување на преговорите со ЕУ.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.Тоа Мицкоски ниту го имал ниту ќе го има.Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.Повеќе од јасно е дека Мицкоски никогаш не сакал и немал интерес за конструктивен дијалог, туку го интересирал само личниот интерес. Тој не сака јавноста, политичките партии, експертите, граѓанските организации да го искажат својот став за предлогот, туку да го наметне својот недржавнички став.Неговата цел никогаш не била државата ниту иднината на граѓаните. Неговата цел никогаш не бил македонскиот идентитет, македонскиот интерес. Единствено Мицкоски сака да предизвика некоја штета, ако може да за закочи државата, да доживеа некаков неуспех, да биде заглавенаОттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.Сметаме дека сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа и дека токму процесот на широки консултации ќе ги демантира и овие наводи кои денеска ги изнесе Христијан.Повикуваме сите општествени чинители, сите политички партии, да продолжат со својот придонес, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.Деструкциите на Христијан Мицкоски не се ништо ново и граѓаните уште еднаш ќе ги поразат.

Македонија | пред 3 години

hristijan-mickovski-mickoski-28

Мицкоски се уште покажува дека нема државнички капацитет, време е политички да созрее, смета власта

„Христијан Мицкоски одново покажа дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност, особено за прашања од највисок државен и национален интерес“, смета СДСМ.Тие велат:Досега, низ целиот процес, сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа.Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на разговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет.Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме, кои се усвоени во Собранието и тоа го исполнуваме целосно.Чист македонски јазик и историски прашања надвор од рамката, тоа беше државен став кој е содржан во новиот модифициран предлог.Детали за предлогот што беше доставен вчера попладне веќе денеска ќе бидат целосно објавени, го остваруваме она што го ветивме, дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата.Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излезе во јавноста и сето тоа е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски.Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации.Ги повикуваме сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.

Македонија | пред 3 години

sdsm-44

„ВМРО-ДПМНЕ да се извини а потоа да побара одговорност од Мицкоски за рушењето на државните позиции“

„Откако пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, прво што треба да направат е да се извинат кон јавноста за тоа што влеваа страв и несигурност“, вели СДСМ.Од партијата додаваат:„Потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Мицкоски за тоа што ги рушеше државните позиции во спорот со Бугарија, лажејќи дека се продавал идентитетот, јазикот и историјата.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции.Таквиот однос е неодговорен на штета на државните позиции и национални интереси.Крајно време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се променат и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржат државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

ВМРО ДПМНЕ да побара одговорност од Мицкоски за поткопување на државните позиции со Бугарија, порача власта

„ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Христијан Мицкоски затоа што со денови ширеше лаги и невистини за процесот со Бугарија“, велат од СДСМ.Тие додаваат:Мицкоски лажеше за наводна асимилација и бугаризација и ги поткопуваше државните позиции во однос на Бугарија.За таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ да побара одговорност од Мицкоски а потоа да престане со деструкциите.ВМРО-ДПМНЕ мора да се промени и наместо за туѓи интереси да почне да работи за интересите на граѓаните и државата.

Македонија | пред 3 години

vmro-dpmne-2

ВМРО-ДПМНЕ жестоко одработува за странски интереси, свесно шират невистини за отворените прашања со Бугарија и францускиот предлог

„Во изминатиот период целата јавност, сите граѓани, се сведоци на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој се уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции“, вели СДСМ.Тие додаваат:Ова крајно неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е штетно за државните позиции и нашите националните интереси.Очигледно Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не и мислат добро на нашата земја, диригирани од анти ЕУ и анти НАТО центри на моќ.Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на Македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура.Знаеме дека многумина тоа го посакуваат тоа, посакуваат и политичка дестабилизација и држење во неизвесност на цел еден народ, но ништо од тоа нема да се случи.Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи:Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања;Секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски е ист како Груевски, тврди Костовски

„Христијан Мицкоски е ист како и неговиот ментор, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.Тој додава:И Мицкоски исто како Груевски ВМРО-ДПМНЕ ја гледа единствено како алатка за лично богатење.Мицкоски прв застана во одбрана на криминалот во неговата партија, наместо истиот да го осуди и да се огради од него.Јавноста деновиве слушна како актуелни градоначалници и бизнисмени сведочат дека Мицкоски вршел притисок, упатувал закани за одредени тендери.Тоа е само продолжение на праксата на Груевски кој 11 години контролираше се во државата.Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската матрица на неговиот претходник.Деструкции, блокади, закани кон градоначалници и бизнисмени, тоа се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Судски потврдената криминална партија ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски дејствува на штета на граѓаните и сака државата да ја врати назад во режим, сиромаштија и неизвесност.Тоа нема да им успее. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ново заложинштво на државата под режимот на ВМРО-ДПМНЕ.Деструкциите, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат поразени.

Македонија | пред 3 години

crvenkovski11-696x462

Ковачевски со пораки до Црвенковски

Ги ценам изјавите и интервјуата на Бранко Црвенковски, тој има големо искуство како поранешен премиер и претседател, би сакал почесто да го гледаме и слушаме во јавноста, рече актуелниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Ал Џезеира.-Ние сме членови на иста партија, кога тој бил претседател јас сум бил обичен член и сум учел политика од него, сега јас сум претседател на СДСМ и премиер и за многу работи со него имаме исто мислење, а за многу работи не се согласуваме.Договорот со Бугарија е основа за решавање на проблемите со Бугарија, историските комисии не се нешто ново, имаме таква со Грција но таму нема проблем затоа што историчарите не тераат политика туку тераат историска дебата.Ако историската комисија од бугарска страна не ја политизира својата работа туку си работи според она што е фактичка состојба за минатото нема да има големи проблеми, мораме со Бугарија да наоѓаме решенија кои не задираат во националните интереси на двете земји и двата народа – рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-10-01-at-11.20.55

„На повидок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?“, прашува СДСМ

„По информациите во медиумите градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило?“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат:„Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ.Според информациите на медиумите Аросвска била повиканата на разговор во политиција станица поврзано со случај со закани и опожарување на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори.Како што се наведува, извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат:Каквва е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото?Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?“

Македонија | пред 3 години

120190420_222336

Талир 2 значи правда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец, вели СДСМ

Пресудата за случајот Талир 2 е последната потврда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.Низ судски процес базиран на докази и сведоштва се докажа дека биле злоупотребени милионски суми на пари, дека грубо биле прекршени законите за ВМРО-ДПМНЕ денес да биде една од најбогатите партии во Европа.Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери, но со последната пресуда исправена е уште една неправда.И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој упорно останува во одбрана на криминалот.Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-08-at-15.31.37

Шилегов нуди простор за ново сеедиште за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ конфискацијата на белата палата а правично

„Пресудата за Талир 2 е потврда за епските криминали на ВМРО ДПМНЕ и победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи воопшто во историјата на правото во државата“, смета СДСМ.Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник вели дека ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.„Со судска пресуда е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Криминалната шема за Белиод дворец е драстична, безобразна, епска. Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. А претходно, оваа партија „за џабал’к“ го откупила земјиштето кое било во државна сопственост. Белиот дворец како симбол на криминалот и корупцијата ќе остане запаметен засекогаш, изграден преку безобразно кршење на Законите и рушење на Уставната поставеност на партиите. Исправена е уште една неправда. По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните. Ова е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните. Освен заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за виновни се прогласени Никола Груевски и Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата во тоа време. Јавноста знае дека Христијан Мицкоски исто така му беше советник на Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. До ден денеска Мицкоски не само што се нема оградено од криминалот на неговиот ментор Никола Груевски, туку истиот по секоја цена го брани. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси. ВМРО-ДПМНЕ партија за која што е докажано дека криминално го стекнала своето седиште, од денеска веќе нема образ да зборува за ништо друго, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните“, кажа Каевски.Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пак, напиша: „Издавам под закуп станбено/деловен простор. Погоден за седиште… Цена во инбокс“.Никола Груевски е осуден на шест години затвор за предметот „Талир 2“ кој се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Божиновски доби условна казна која нема да се активира ако во следните пет години не направи исто кривично дело. Казните ги изрече судијката Даниела Алексовска Стојановска, која во детали ја образложуваше одлуката. Пресудата доаѓа само на ден откако обвинетите и нивните адвокати дадоа завршни зборови.Судијката еден саат ја образложуваше одлуката која ја донесе во името на граѓаните на Македонија. Таа додаде дека противправно е обезбедено пратиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и имотот ширум Македонија. Ова значи дека обвинителот Љубомир Лапе, според судот, го докажал тврдењето за незаконско постапување на двајцата обвинети.

Македонија | пред 3 години

sdsm-485

СДСМ за ги врати парите од „Рекет“ и можеби со нив ќе изгради Клинички центар

„СДСМ да ги врати парите од РЕКЕТ и можеби со нив ќе ја изгради најмодерниот клинички центар кој Македонија го чека 5 години“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ додава:„СДСМ да ги врати парите од тендерите во четири очи затоа што нивниот криминал кој сега ја носи Македонија во нови долгови не чини сите нас 900.000 милиони евраСДСМ да ги врати парите кои ги бараа за провизии од вакцините и може немаше да имаме најголема стапка на смртност.СДСМ да ги врати парите од „мекиците“ на Рашковски и можеби ќе имавме нови градинки во општините и ќе беше решен еден од најгорливите проблеми на граѓаните.СДСМ треба да ги врати 1.4 милиони евра кои му ги даде на Заев во време кога на земјоделците се уште не им се исплатени субвенциите, нема пари за оштета од невреме за период и до 3 години.СДСМ да ги врати парите кои Заеви ги украдоа во Струмица, тргнувајќи од Глобал, завршувајќи со продажбата на плацеви за згради.СДСМ да ги врати парите кои 5 години им ги зема на пензионерите.СДСМ да ги врати парите за кои ги осиромаши граѓаните. Над 20 милијарди од 5 буџети, кои ги потроши, а не направи ништо“.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

За СДСМ, Мицкоски е очаен политичар оти блокира Собрание во време на криза

Само очајни политичари како Христијан Мицкоски блокираат Собрание во време на криза и газат државни позиции во спорот со Бугарија во клучни моменти, вели СДСМ.„Мицкоски не е само неодговорен, тој е лажен патриот кој дома зборува едно а надвор на Конгрес на ЕПП поддржива Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.Со денови Мицкоски молчи и бега од одговор на прашањето зошто и го прави ова на сопствената земја, на сопствениот народ.Во време на најголема светска економска криза Мицкоски ја блокираше работата на Собранието, ги кочеше законите на сметја на граѓаните.Само во едно е константен Мицкоски, по секоја цена го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

darko-kaevski

Поткопани се државните позиции во однос на Бугарија од страна на Христијан Мицкоски, алармира Каевски

„Поткопани се државните позиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.Тој додава:На Конгрес на Европската народна партија каде што учествувал и Христијан Мицкоски усвена е Резолуција која во еден дел го поткрепува ставот на Бугарија.Иако повикува на почеток на преговори во Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“Мицкоски кој присустваше на Конгресот на којшто е усвоен овој документ воопшто не реагирал за овој дел од Резолуцијата со ставои на Бугарија.Ако не реагирал, значи се согласува со напишаното. Прашање е дали гласал Мицкоски за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?Наместо да ги брани државните позиции утврдени и со Резолуција во македонското Собрание, Христијан Мицкоски ги поткопа во клучни моменти.Додека дома блокира се што е во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски надвор ги поткопува државните позиции.Го повикуваме лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?За волку важно прашње, ваков недржавнички чекор презема само очаен човек.Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Република Бугарија.Тоа е факт признаен и потврден од сите, дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите.Ова е срамен, неодговорен однос на Мицкоски кон сопствената држава и наместо да молчи Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да објасни зошто.

Македонија | пред 3 години

2-2

„Мицкоски дома прави блокада на Собранието, а надвор предавство на државните интереси“, децидна е власта

„Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивно, антидржавно и антинародно однесување“, велат од СДСМ.Тие додаваат:По налог на Мицкоски пратениците во Собранието блокираат се што е во интерес на граѓаните и државата.Десетици важни закони се блокирани со месеци во Собранието заради личните интереси и хирови на Мицкоски.И додека дома блокира и глуми патриот, Мицкоски надвор ги поткопува државните интереси и врши предавство.Европската народна партија каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.Мицкоски кој беше дел од Конгресот каде се усвои Резолуцијата молчи и неодговора дали ја поддржал резолуцијата и кој бил неговиот став по однос на тоа прашање.Со немањето став по резолуцијата, Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, нанесувајќи штета на националните интереси.Освен да блокира важни процеси, да носи штета врз државата и да брани криминал, Мицкоски нема никаква друга агенда, уште еднаш самиот се потврдува како најнеодговорен политичар.

Македонија | пред 3 години

sobranie-kovacevski

Ново обвинување за вмровските пратеници доаѓа од СДСМ

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работат на развој и унапредување на земјоделството па затоа во континуитет покажува неодговорно и деструктивно однесување.И во услови на најголема економска и енергетска криза во кој се наоѓа Европа и светот, со СДСМ субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции.Сите закони за земјоделството се во насока на унапредување на стандардот и условите за работа на земјоделците.Меѓу нив секако е и Законот за земјоделство и рурален развој чии измени се на дневен ред во Собранието.Овој Закон е важен за навремена исплата на субвенции на околу 20.000 тутунари за кои има обезбедено средства во висина од една милијарда и 300 милиони денари.Откако Законот со месеци беше закочен во Комисијата за земјоделство во Собранието сега кога е на пленарна седница, сите пратеници да ги поддржат измените кои значат олеснет пристап до субвенции и повеќе пари кај земјоделците во период кога тие им се најпотребни.Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделците, продолжува да инвестира во земјоделството кое е една од најважните стопански гранки.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Донатори на ВМРО-ДПМНЕ проневериле 1,6 милиони евра во „Криминални парцели“, вели СДСМ

Аферата „Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ„Последните информации објавени во медиумите покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска.Христијан Мицкоски, како прв човек на оваа партија треба да одговори каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ?Овие сомнежи се базираат на информациите кои излегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.Меѓутоа, неоспорен факт е дека речиси сите осомничени и обвинети во оваа афера имаат поврзаност со ВРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО-ДПМНЕ.Орце Тодоровски е негов партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра.Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата.Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митроски, син на екс градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Во аферата „Криминални парцели“ направена е проневера на околу 1,6 милиони евра.Клучно прашање е каде завршиле овие 1,6 милиони евра? Дали со нив е финансирана кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори или со нив бил спроведен поткуп?Очекуваме истрагата да ги даде одговорите на овие прашања“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

crvenkovski11-696x462

Се појави Бранко Црвенковски

На дебатата која денеска се одржува во Клубот на пратеници организирана од Советот на амбасадори е и поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски.Ова е неговово прво појавување во јавноста по долго време. Тој се осврна на Македонија и патот по кој таа чекори.„Во моментов се однесуваме како почетокот на преговорорите цел да е сама по себе,а не само една етапа која води до конечната цел членство во ЕУ“, изјави Бранко Црвенковски.Тој зборуваше и за процесите внатре во ЕУ, додавајќи дека тоа можеби е и разбираливо поради негативните моменти при проширување кои ги имаше Романија и Бугарија.„Односите со Бугарија се полоши по потпишувањето отколку пред потпишувањето на договорот“, додаде Црвенковски.

Македонија | пред 3 години

51826955455_428e5125a5_k

Маричиќ ја испофали Владата

Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со полседиците од светската економска и енергетска криза, порача секретарот за меѓунардона соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во гостување на Телевизија 21.Маричиќ истакна дека Владата покажала подготвеност и капацитетност за надминување на последиците предизвикани од глобалната економска криза.„Владата прави се за ублажување на последиците од светската економска и енергетска криза. Ние и во тие услови на криза успеавме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари, имавме успешни преговори за зголемување на платите во одредени сектори. Секако дека ќе продолжиме со справување со последиците, усвоивме ребаланс на Буџетот со кој правиме сериозни заштеди, кој ќе ги пренасочиме кон она што е најпотребно за да ја дочекаме зимата подготвени“ посочи Маричиќ додавајќи дека Владата ќе ги искористи сите ресурси а на располагање стојат и механизмите на ЕУ за помош во време на светска економска криза.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања